Прво,не сум трол Не се секирајте...стварно го имам овој проблем. Имам 17 години,не сум лезбејка,значи најнормална девојка сум. Сакам машки,имам дечко. Ама секогаш кога имам лист хартија пред себе одвнатре ми доаѓа да нацртам гола жена..зошто? Сите тетратки ми се со голи жени на кориците и задните листови...
Можеби затоа што потсвесно си на некој начин ,,опседната'' со женското тело, ама воопшто не во сексуална конотација, него во општа, во однос на убаво, одржувано, пропоционално женско тело... И тоа го пренесуваш на хартија... Многу често знаеме дел од она што највеќе на засега во моментот, да го изнесеме од нас на различни начини.... Психолог апсолутно не е потребен тука, апсурдно е...
Онака насловот, како од топ, пау, цртам голи жени. Легнав Не мислам дека е кој знае кој проблем и дека треба да му даваш некоја голема важност. Се додека можеш да се воздржиш да не чкрташ по нешто што не треба, позајмена книга/документи итн. Јас дај ми лист и пенкало и цртам од оние во еден потег фигури. Од разни тријаголници и испадне бродче или човече. Не едно туку повеќе на едно место, посебно ако сум на телефон и при забелешки никне и по некој брод(а не сум морнар). Тебе очигледно друг предмет ти е на навика, во случајов женското тело, така ти лета раката оти тоа си навикнала да црташ. Од навика.
Мислам дека не е ништо страшно.И јас цртам, поточно актови ми се едни од омилените уметнички слики...и јас сум женско па никогаш немам нацртано машки акт.Многу уметници се опседнати со женското тело, како што кажа анабела, поради порпорција, желба за совршено тело итн.Јас мислам дека нема потреба од грижи.
Jas mislam deka treba da si posetish Psiholog sonce ne zatoa sho si imash tabiet goli zeni da si crtash po doma tuku poradi faktot sho si ja postavila temata na forumov...kao da barash odogovor od svetot na prasanjeto dali si normalna.... znaci se somnevash a somnezot e prv cekor do pekolot ...( a pazi gi kolegive kao opusti se be maco sve e u redu..i ja crtam goli zeni nije shtetno )...Ja mislam deka si ti Budukja lezbejka...Tolku
Прашање до Аристотел погоре, дали тоа што цртам цветичи кај ќе стигнам по листови, значи дека сум будуча цвеќарка?! Како онаа од бушава азбука на пример.
И срциња цртам душо,ама за медицина и за природни науки воопшто не ме бива,така да тешко дека ќе станам кардиолог Инаку,ви благодарам на одговорите на сите.
Ти си феномен сите цртаат цртки глупости, може имаш уметнички афинитети а може и си опседнат со секс еротика нешто такво па тоа ти се излегува на хартија
Каков психолог бе луѓе, зошто? Дека црта жени Јас на инстаграм повеќе гледам жени голи отколку мажи, а стрејт сум.
Цртањето е еден начин на изразување . Психолог не е потребен , но ако сака некој да се посоветува ( не знам членката дали чита сеуште на форумот ) зошто да не . И тој е доктор како и сите други , можеби ќе ти помогне да се запознаеш себеси подобро , да се пронајдеш и сл . Не е лошо одењето на психолог повремено , особено во време кога реткост е искреноста на луѓето .
Навика, изгледа тоа најдобро знаеш да го црташ, затоа. Продолжи да ги црташ, или потруди се да се усовршиш во цртање нешто друго. Знам дека е одамна напишан постот, ама 100% има и ќе има други со овој "проблем", кои цртаат едни исти работи.
Имав школски, постојано си црташе џамии, симболи на исламот, сите тетратки му беа со тоа шкртани, а никогаш не зборувал за религијата да речеш претерано религиозен човек да бил.. Мислам дека потсвесно им доаѓа да си цртаат одредени работи, не е намерно..
Ништо не се секирај. И јас многу цртам и тоа од секогаш. Од најмала возраст па до денес еве често цртам жени и девојки. Некогаш е акт, некогаш е портрет, а некогаш беа модни креации. Жената е вечна тема во уметноста. Тоа што често црташ акти јас го сфаќам како вежба. Не можеш да научиш како правилно се црта облечена фигура и како стои/паѓа облеката ако не знаеш прво како да ја нацрташ таа фигура гола или да ја нацрташ основата под облеката. Тука има и малку потреба да се знае човечката анатомија. (Види ги анатомски прецизните скици од делови од човечко тело на Микеланџело на нет). Кога ќе совладаш акт и ќе бидеш задоволна од нацртаното, или кога едноставно ќе ти се здосади, мозокот ќе побара друга стимулација и ќе ти иде да вежбаш нешто друго