Чај од Комбуха

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од vodolija123, 23 април 2014.

  1. vodolija123

    vodolija123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Имам многу слушано за оваа габа, печурка не знам како да ја наречам, за нејзината лековита моќ, за јакнење на имунитетот, за чистење на организмот од токсини, за лечење на повеке болести и сл. и за сите витамини кои ги содржи. Дали вие сте запознаени со кобухата и доколку сте кои се вашите искуства? Многу сум заинтересирана да ја пробам па би сакала ваши мислења.
     
  2. simona26

    simona26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2014
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    136
    Дури сега ја видов темава. Јас од неодамна почнав да ја одгледувам оваа габа и не можам да кажам ништо за нејзината моќ бидејќи сеуште е рано, но лугето кои ми ја дадоа да ја одгледувам се многу задоволни од неа. Инаку таа се става во претходно сварен засладен и изладен зелен чај и се остава да одстои една недела. После се прецедува и постапката се повторува, а чајот се пие и има вкус на боза. Не е некоја голема филозофија и не бара мн. голема грижа. Толку знам за сега а понатаму како ке биде ке ви пишам. Поздравче
     
    На vodolija123 му/ѝ се допаѓа ова.