Во денешно време младите се повеќе имаат причини за нерешителност за стапување во брак. Многу млади парови чекаат факултет па потоа работа, па да решат стамбено прашање, па да реновираат...па ќе излезе уште нешто.Едноставно речено чекаат сите коцки во живото да се наредат па потоа да стапат во брак. Што сметате вие, дали треба да се чека сите коцки да се наредат па потоа брак или пак треба основно нешто да се среди и да се превземе чекорот за брак.Имам слушано различни ставови, некои велат има време за брак прво мора се да се среди, е некои од нив средиле-имале среќа, а некои сеуште средуваат и никако да средат. Други пак велат треба само некои основни работи, и треба да се превземе чекорот, зошто не можело да се чека се во животот да било под конец, дека некои одредени работи сами отпосле доаѓаат...е тие пак што отишле на таков чекор некои набрзо се средиле,а некои сеуште се средуваат и маки мачат. Што мислите вие, дали треба да се чека, или пак што се треба да е обезбедено пред да се стапи во брак?
Чекање на се....па потоа брак Темава е доста актуелна. Ние младиве имаме доста различни ставови во врска со бракот за разлика од нашите родители кои стапувале во брак без некои посебни размислувања. Да не бидам погрешно сфатена, не чекале да се осамостојат, туку живееле со своите родители и ред други работи. Ние денес сакаме се да ни е стокмено,од работа на двајцата партнери,па до среден стан или куќа и по можност одделно живеење без родителите. Јас сметам дека чекање на се, буквално се, е невозможно. Доволно е само партнерите да се осамостоени,да се вработени и да имаат каде да живеат.
Чекање на се....па потоа брак Јас сум за тоа дека прво треба да се наредат коцките, а потоа да се размислува за брак. Најпрвин зрелост, потоа факултет, стабилна работа, наше место за живеење, а после може да збориме на таа тема. Не ми се кинат живци на млади години за тоа со кои пари ќе ги платам сметките месецов, ниту пак дали свекрвата ми влегувала во спална или кафето намерно ми го направила шербет. И да не заборавам уште една битна работа, што е подмножество на зрелост-изживеаност. Тоа значи, нема да ги чекам само материјалните, туку и оние неопипливи работи кои се клучни за еден успешен брак.
Чекање на се....па потоа брак И јас сум од оние цврстите верувачи дека треба да се стокмат неколку работи пред да се стапи во брак. Барем најосновното - двајцата партнери да бидат психички подготвени за брачна заедница и да имаат И ДВАЈЦАТА стабилни работи. Нормално, пожелно е да се има и план каде ќе се живее. Сигурно не играм на картата да се тутнам некому дома, или нам да ни дојде домазет. Поголем дел од младите денес стапуваат во брак ко од шега, "еј, ајде ќе се земеме, па што, се сакаме бе." "Ќе си живееме во двособниот стан на твоите, плус брат ти и девојката која доаѓа секој ден, па што ќе ни фали, они плаќаат сметки, ручек на маса, си имаме своја соба, ма гајле си немаме. И едно дете да си направиме поскоро, додека сме млади..." Позагрижени се каков ќе им биде фустанот и китенките за свадбата, отколку местото на живеење или работата. Се молат да соберат што повеќе пари од свадбата, за да си купат кола, отколку да се ангажираат за сопствен покрив над главата. Секоја чест на вакви глави и оние кои затруднуваат без никаков план, мислејќи дека ако е бебе во прашање сите овие битни работи ќе се средат along the way. Мислам - со кој памет? Со кој?
Чекање на се....па потоа брак Леле СноуКуин, да не го читаше мојот коментар од темата за прерано стапување во брак. Шала на страна, ние чекаме се да се намести, искрено јас можеби и не би чекала, спремна сум, но дечко ми не сака да направиме грешка, да избрзаме и потоа да немаме од што да живееме. Јас имав еден период пред година дена кога бев решена да се мажам, односно напнував ептен, но седнав со ладна глава размислив и навистина е така, со која плата ќе оформам семејство, со 500 евра одвај да купам храна и да платам сметки, а каде е заштедата, каде е одморот, па живеалиште, се расипал бољер, рикнал шпоред, дошло пролет за кречење, дрва за огрев доколку се грееме на традиционален начин, па непосредно ќе дојдат дечиња, па пелени, па вакцини, па сите пластики и потребштини околу нивното одгледување, па недај боже болести.....Охохооо...претерав малку, но моите за ништо не оставале заштеда на страна, за се подигале кредит, барале позајмици и дополнителни главоболки, не би да ја игра нивната игра.Подобро да ми биде мирна главата отколку во заедница да создавам грижи, така се распаѓаат и најголем дел од браковите, од неразмислување на време за оние работи кои навидум небитни создаваат тешки проблеми. Сега си се смеам на мојот памет да се мажамод пред некоја година, но навистина се гордеам на себе што не потклекнав на моменталната слабост и што размислив повторно убаво.
Чекање на се....па потоа брак Се лажете ако мислите дека се ќе оди по оној редослед кој сте го замислиле. Од лично искуство ви кажувам дека не е така воопшто. И јас сакав се да оди како подмачкано, прво факултет, па работа, па свој дом, кола. Од наведеното, само првото се оствари плански, на другото уште се чека. Ама не можев повеќе да чекам, годините летаат, нема да бидеме вечно млади. Зошто да не бидам среќна додека можам, со она кое во моментот го имам, а тоа е гооолема љубов. Џабе ти е факултет, работа, пари, куќа, кога нема да имаш доволно љубов и согласување, разбирање, слобода. Можеби немам решен работен статус, можеби немаме своја куќа, скапа кола. Но имаме љубов и тоа за сега ни е повеќе од доволно. Малку сме во брак, нема ни недела дена, но се надевам дека работите ќе почнат да се решаваат кога ќе престанам да очекувам и да се нервирам. Мој совет, немојте да чекате на се, за да не остарите . Па и ако затрудни на 19, 20 години, па што, ако се сакаат можат да поместат и планини. Ако премногу се планира, може да испадне обратно од очекуваното. Затоа уживајте во животот и во тоа што тој ви го пружа, без разлика на квантитет, туку на квалитет!
Чекање на се....па потоа брак јас лично сметам дека коцкичките треба да се поклопат за да се стапи во брак *стабилен партнер *завршени студии *вработени да бидат и двајцата-како што кажа Трендафилка што е многу важно *обезбеден покрив над глава па после да се размислува за брак, иако јас сум ЗА предбрачен заеднички живот, најдобро да се види, ако оди оди, ако не оди секој по својот пат
Чекање на се....па потоа брак Да ме прашаше некој за ова минатата година ова време, како од пушка ќе одговорев - КАКОВ БРАК ако немам работа, ако немам мој стан, ако немам моја кола, ако немам ова, она... Арно ама, откога баба ми ми сврте еден муабет што многу, ама многу држи вода, ме подзамисли. Ми вика, ти ако чекаш се во животот да ти биде совршено па да стапиш во брак, тогаш никогаш нема да дочекаш. За да имаш стабилна работа, ти треба многу искуство, треба да се маткаш со години и години за да си го најдеш местото. Да бидеме реални, од прва мајка, во Македонија, асална работа е мишн импосибл, едино ако ти се посреќило нешто, па ти се наредиле коцките од прва. Станбеното прашање е друг проблем. Да, фала Богу, нема сите заедно да живеете со девери и золви, ама ако чекаш да отплатиш станче некое или да направиш куќа, никогаш нема да се венчаш. Тоа сам, овде, многу тешко ќе го направиш. Колку девојки познавате што сами си го отплатиле кредитот за стан или куќа, или дечки што си изградиле сами куќа со поштена работа? Јас николку. Ми вели, за се во животот има време и период кога треба да се направи. Не можеш само на една работа да се концентрираш, пример, сега ќе бркам кариера. И ајдеееее години и години поминуваш во работа, кога ќе се свестиш дека се друго си запоставил... е глупичко малку. Никој не рекол дека е лесно и семејство, и кариера и се, ама па кога си посветен секаде по малце, и ќе се помачиш некој период, после некако мислам дека се редат коцкичките. Не е муабетов дека треба на 17 години да се жениме и мажиме и да живееме во бутурче простор од 40 квадрата со сите роднини до второ колено, тоа фала Богу, ретко испаѓа успешно. Муабетов е дека никогаш нема да биде се како што треба. Секогаш нешто ќе фали. Ќе се штеди некоја година, нема да се оди на одмор, ќе се седи и под кирии и во сопчиња, само тоа е тоа. Ако чекаме со години сите, кај ни е крајот. Мислам дека тоа е малку проблем, што сите сакаме се да ни дојде лесно и се наеднаш да ни се нареди, а работиве во животот не одат така. Барем не кај нас. Прост пример, еве, тетка ми дури пред 2-3 години успеајаа да најдат добра работа, со стабилни луѓе, со убави плати. Двајца со добри факултети, веќе по 40 години а тек пред 2-3 години се средија делумно. Ако чекаа дотогаш се да се нареди, многу ќе се изначекаа. Сега вака си имаат и семејство и фамилија и пријатели и убави работи... Им беше тешко на почетокот, ама сега им е океј. Се исплатела маката тогаш.
Чекање на се....па потоа брак е јас бе затруднев без план и за 24 часа ми се смени светот. Отидов во куќа кај што ме чекаше стара баба, свекрва, золва и маж кој не беше дома туку на работа надвор од државата. И што требаше, да абортирам, да го откачам и да го живеам својот живот (не дека и ова ми пролета низ мозокот тој период ама бев во потполн хаос). Тукуу, друга беше мојата приказна. И двајцата имавме заштеди на страна кои планиравме да ги активираме кога ќе се сплотиме во државата. Се сложија сите коцки подоцна не да не, и мојот стомак до заби (подоцна и бебе) и куќата што ја правев....Во тој период кога бркав 1 000 0001 работа не ја ни запазував околината, туку отпосле ја запознав Некогаш не излегуваат работите како што планираш, животот си поигрува со тебе. И јас сум од тие да се средат некои работи на време па потоа зрело да се чекори по тие води. Најбитно е да работиш и да си самостален да не чекаш утре од свекор/свекрва/мајка/татко да ти дава месечен надомест. Едно е да те помогне со нешто ако сака и ако има а друго е да те издржува кога си во брак. Најбитните прашања се решаваат додека си млад и сеуште немаш склепано деца. Не дека и после не бива туку малку потешко е. Најбитно е да си зрел и да постои вистинска љубов. Парите се заработуваат и се трошат за материјални добра. Друго е што ни е сјебана државата и тешко се наоѓа работа и не се цени трудот. На крај краева на кого колку му сече и со свои размислувања без право на жалба после ,,оф туго леле,,
Чекање на се....па потоа брак Јас ќе речам, зависи од човекот. Некој сака порано, некој подоцна, а некој ич. Тргнувајќи од себе, мислам дека и претходно имам спомнато некаде - не мислев дека некогаш ќе се мажам. Едноставно, не наидував на вистински луѓе, не бев спремна, имав зацртани цели и планови. Сакав да се средам, да созреам, да се осамостојам - да завршам факултет, да најдам работа, да имам свое место за живеење, евентуално и кола, да си се изживеам, па после, ако дојде вистинскиот човек, ќе си дојде и бракот, семејството, потомците. Кои планови и амбиции сум ги имала. Ама заборавив дека живеам во Македонија. Го сретнав човекот со кој би можела да го поминам животот - бонус ни беше што и двајцата сме зрели и изградени личности со доста искуство зад себе. Тој ситуиран, среден, со куќа која родителите му ја оставија и се преселија во своја куќичка која самите си ја изградија за да не му пречат на синот и неговото семејство. И, требаше ли да се мислам и да чекам уште? Ако чекаме целосно да се оствари сето она што сме го замислиле, зацртале, испланирале - можеби бракот никогаш нема да дојде на ред. Никогаш не велете никогаш - искуството ме научи дека не може секогаш да биде како што сакам и планирам. Факт е дека животот не можеш да го планираш. Ако чекав да се вработам, сега немаше да бидам мажена, ниту пак да имам дете. А годините си ги имам. Најверојатно ќе најдам работа, подоцна, и тоа голема веројатност да не работам во струка. Тоа што не работам, си го признавам како личен неуспех... ама од друга страна, имам многу
Чекање на се....па потоа брак Славица, ти барем го кажа моментот - двајцата сте имале заштеди. Некои го немаат ниту тоа. И мажот твој барем имал работа со која сте знаеле дека ќе ја креирате заедно иднината. Па си стиснала заби и си издржала, знаејќи дека исходот нема да е негативен. И мене баби и дедовци и стринки и мајка ми ме убедуваат како во животот не оди се' подмачкано, нема секогаш се' да е средено, секогаш ќе фали нешто... да, нешто, а не се'. Постојано го слушам тоа ѕвонење во главата, тој притисок како годините си летале, младоста не се враќала. Мене искрено не ме тангира многу. Јас си имам замисла и работам на тоа да ја остварам. Не барам којзнае колку, сакам сопствена работа, па понатаму ќе кројам планови за дом. Баба ми дури се дрзна да ми предложи да живееме кај нив , зашто станот им е навистина голем, а целата нејзина пензија ќе ми ја давала (што не е реално мала), само јас да затруднам и да се омажам. Мислам луѓе... би прифатиле? Се заебаваме или што? Не барам којзнае колку и што, нема сигурно да го одложувам стапувањето во брак заради тоа што не сме купиле бесна кола од 20.000 евра. Ама... без работа и од нигде никаде да ги тресам родителите да подигнуваат кредити за да ја покријат свадбата и да трчаат ко луди, оти околината вика дека ми дошло време за мажачка или имам очајна желба да заиграм во бело... нема.
Чекање на се....па потоа брак баба ти нешто ко најка ми кога скоро ми рече дека мене ми требало некој асолен човек до мене а во македонија, каква што ни е ситуацијата, речиси сите се мажат/женат после 30тата година секој со својата срека
Чекање на се....па потоа брак Трендафилке, не е бракот само свадбата, па проблемот да се парите за истата. Може и да имам пари на страна во моментот, ама да решам да земам кредит, оти ете, за друго сакам да ги чувам парите - дали тоа значи дека ние немаме добра основа за стапување во брак? Сакам да кажам - свадбата е една НУЛА во споредба со она што доаѓа понатаму (а доаѓаат многу МНОГУ работи, и убави и неубави), и џабе ти се прекрасни и стабилни работни места, куќа и кола, ако не си го „погодила“ моментот за брак Предвременото влегување можеби е ризично, ама и одложувањето некогаш знае да сјебе еден прекрасен однос. Јас сум за златна средина - тоа да се направи во ВИСТИНСКИОТ момент, за да одолговлекувањето не создаде непотребни фрустрации и дилеми. И на крај - тој што не сака да се мажи/жени ќе најде 1000 причини. Никогаш ама никогаш не е се` под конец, а и случајно да Е во моментот, никој не ти гарантира дека така ќе е и во иднина, па да бидеш мирна дека во право време си рекла Да
Чекање на се....па потоа брак Напротив, баба ми никогаш не би ме убедувала дека ми е време за мажење. Ако ви кажам дека се омажила близу до 30ката, тоа стара мома била бе пред толку години. А знаете зошто? Чекала да си најде убава работа со голема плата. На крај работеше скроз друго од тоа што го сака (многу сакала да биде проф. по француски или германски), а заврши како сметководител, работејќи со омразените си бројки, само за да има убава плата. Кај нас во фамилија сите касно се венчани, има два исклучока кои се земале пред 20 години и од тие два и двата завршиле со развод. Поентата нејзина беше да не го изгубам асалниот човек а со тоа и семејството, и сите радости понатаму ако чекам се да биде совршено, зошто никогаш ништо нема да биде совршено. У скраја да е, ќе ги мавне срцето ако им речам дека ќе се мажам сега.
Чекање на се....па потоа брак Почитувам тоа што младите сакаат да си го организираат животот, што сакаат да планираат, да се средат, најпрво секој на свој личен план, а потоа да се венчаат и да прават семејство. Убаво е, да застанеш на нозе како самостоен човек и сам да си ја градиш иднината. Но, реално, прашањето е колку е овозможено тоа во нашава земја и колку младите брачни парови имаат услови и можности? Најбитното, станбеното прашање е најпроблематично. И покрај тие владини прокети, чуда и врагови, еден млад брачен пар, треба да работи во просек по 20 години, за да може да стекне капитал да си купи стан. Не зборувам за купување стан со учество, живеење под кирија и сл. туку баш за купување на сопствен стан. Јас не би сакала да живеам со баби и дедовци како што е случај со половина и повеќе од семејствата во државава, па веројатно би чекала најмногу за да се реши ова прашање. Работата е фатор што може да се менува брзо. Денес ја имаш, утре не, флексибилна категорија. Ако станува збор за чекање на двајцата партнери да изградат кариера, мислам дека чекањето тука баш и не е исплатливо. Секако дека е важно и двајцата парнери да имаат примања, ама немањето работа може да е само моментален проблем. И нормално, постојат и други работи што влијаат врз стапувањето во брак, лични причини , што варираат од човек до човек. Секој си знае кога му е времето, кога е спремен и кога сака да почне заеднички живот. Имам сестра која си живее три години под кирија со дечкото, има работа, тој постојано менува работни места(затоа велам дека работата е доста флексибилна категорија, денес работи едно, утре нешто друго), се сакаат и сите пропратни работи со тоа, ама сеуште не сака да се мажи. Ете, смета дека е рано, иако и се врши притисок од сите страни во фамилија. Нејзино право е, нешто чека, иако не знам што чека. Само на крај да нема негативни последици тоа чекање. Чекањето е во ред, ама не по секоја цена.
Чекање на се....па потоа брак Јас да си кажам за мене. Се омажив релативно млада,На 22 год.без еден месец.Се уште студирав,но маж ми работеше.Во врска бевме 4 год.И не се каам воопшто.Ме кочеше малку тоа дека немам никакви приходи,но маж ми сакаше без разлика на се.Ми велеше,ти сакаш учи,сакаш не учи,јас те сакам и сакам да бидеме заедно.Бевме во фаза во која неможевме да дишиме еден без друг. Станбеното прашање ни беше од старт решено,па околу тоа и немавме пречки.Тој заработуваше доволно за нас и фала богу немав осетено дека ми трие сол над глава. Имавме и голема поддршка од нашите родители. Откога се земавме ни се родија децата,син ми кога имав 23год,а ќерка ми на 25 год. Во меѓувреме завршив факултет,потоа и се надградував,и во ниту еден момент не помислив,дека можеби сум избрзала.Бидејки имаше моменти,кога децата беа мали,па се разболеле,а ти трчаш на вежби на факултет,па молиш да ти преместат испит во друг ден,затоа што бебето примало вакцина, маж ти е на пат. Но со огромната подршка од Љубовта моја и и од несебичната безрезервна подршка од свекрва ми и мајка ми,немаше да успеам. Денес резултатот се гледа.Јас сум на почеток од 30-тите,Децата подпораснаа,имам работа,а најважно од се е љубовта која е уште посилна и после сите премрежја на кои сме наишле во животот. И со овој памет,Пак би го направила истото да се врати времето.
Чекање на се....па потоа брак Море, порано дали му ја мислели дали ќе имаат ова или она. Денес се е сменето, дури и животот е потежок. Не е работата само земи се, па после свири. Знаеме сите дека парите и финансиите во семејството се најчеста причина за караници меѓу сопружниците. Кога добро ќе подразмислам има различни ситуации. Имав другарка која само што заврши факулет нити таа нити дечкото немаа работа и се зедоа зошто долго оделе и веќе им било време. Јас просто се чудев на глупаштината.Си велел од што ќе живеат луѓево,од воздух . Јас одам веќе 7 години и си имам ветено дека нема да се мажам додека не си средам некои работи што јас ги имам зацртано. факултет имам завршено, при крај сум со магистратура, но најголем проблем е работата. не сакам утре кога ќе се мажам уште да им барам на моите. Море ние жениве сме доста комплицирани, де ова де она. Јас мислам дека маживе поинаку ги анализираат работиве.
Чекање на се....па потоа брак Убаво е кога двајца би биле средени со работа и стан и сл, па би стапиле во брак. Ама во нашава држава се можеш да планираш освен стабилност. И денес да имам работа овде, не значи дека утре ќе ја имам уште. Јас во брак стапив без работа, ако ја чекав веројатно уште немаше да бидам мажена. Потоа ми излезе прилика и најдов работа, не на мојата струка ама сепак сум задоволна. Не сум и за тоа само ај да се земиме, мама ќе не гледа. Се на се е различно кај секој пар, па сами нека си преценат дали е време или не.
Чекање на се....па потоа брак Во овие неколку год. што сме во брак коцките неколку пати се изместиле, ќе се растурат па пак ќе се наместат... Сме биле и двајцата на работа со ок плати-така почнавме, па едниот останал без работа, подоцна се вработил, па на другиот му дале отказ Живеење во заедница, па сами, па моментално со планови за сосем трето во иднина...Финансиите постојано варираат, уште не сме на стабилно и сигурно, уште сме во неизвесност за многу работи, а тек до прва кој знае што не чека... Јас не чекав се' да ми биде стокмено, имав некоја основа-тоа да, но за останатото имав верба дека ќе се среди, и со љубов, нада и вера вистина се' ќе се среди...
Чекање на се....па потоа брак Секако дека е најдобро да имаш услови за да изградиш семејство, затоа што тоа си бара претходни темели. Не само релативна финансиска добросостојба, туку зрелост пред се’. Јас би рекла дека е најдобро прво да се има барем некаква реална визија за добра иднина што почнува од сегашните услови за да се реши човек на чекорот брак. Како и да е, има многу примери кои ненадејно го презеле тој чекор од различни причини, без никакви услови, па семејството било поттик да напредуваат во животот. Има и спротивни примери кои постојано велат "има време" па тоа ги прави пасивни и ги спречува да преземат чекор напред. Идеалната ситуација е индивидуална - не чини да е прерано без никакви услови, но не чини и да се одложува премногу. И шо реков сега? Кажав а не одговорив никако. Комплицирано е прашањето, но ете да дефинирам мој став - не може да се гради семејство ако нема барем минимални услови за тоа, па подобро е да се почекаат неколку години отколку да се избрзува во нешто сериозно за кое не сме сеуште спремни.