1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чекање на сè....па потоа брак

Дискусија во 'Брак' започната од Snow-Queen, 9 мај 2012.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    Кравче,коа реков либерална,го доживеав ко слободоумна,а не забулена у дизниеви бајки,а уствари да ти прави една подпросечна свадба. Кад је бал нек је бал,свадбите сами по себе и онака се лоши. А за амбициите...па јебеш жена на која и се менува амбицијата од жена со кариера (а тука не спаѓаат само крупни ѕверки,шо немаат за заготват и зачистат,бидете умерени)за домаќинлук,брак и љубов(аха,љубов,особено ако направат БЕЉА,колку во поодмината бременост е,толку поголема е љубовта). У мојот свет тоа се вика ЛУДОСТ ако ЈАС тоа го направам,а што се однесува до другите,можат да прават како год сакаат и што год сакаат.
     
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.380
    Допаѓања:
    42.006
    Пол:
    Женски
    Јас сум прилично млада за разлика од повеќето кои имаат коментирано на темава, како и да е за ова прашање веќе одамна имам оформено мислење.

    Јас имам долга врска, впрочем и двајцата бевме мали кога се запознавме и кога станавме пар.Но мене, а и на него ништо не му недостасувало од животот, од забави, дружби, излегувања, па и други врски, ние созреавме заедно, ја поминавме фазата тинајџерство, сега веќе повозрасни, но уште не целосно зрели, имаме уште многу за учење.Ќе рече некој како со 20 год знам дали сакам некој и како можам да бидам толку долго со некој баш во овие да речам луди години.Можам, доволно сум зрела да знам да сакам, да донесувам одлуки, да знам што е добро, а што не.И знам дека кога за некоја година ќе стапам во брак веројатно со него тоа нема да биде само затоа што долго сме заедно, туку затоа што јас се чувствувам целосно покрај него, но нема да стапам во брак додека не бидеме спремни прво сами да се издржуваме.
    Нема да чекам да моите или неговите да ни ги плаќаат сметките, да ни ставаат храна на масата.Во ред е да се има помош и од нив, ама не до толку.Моите се земале млади, немале работа, ни стан, па знам низ што маки поминале, посебно мајка ми и до ден денес неможат да застанат цврсто на нозе.Финансиската сигурност според мене е многу битна работа и тоа како не треба да се запоставува.
    Сфаќам дека можеби нема да ги исполнам исте зацртани цели, пошто за некои ми требаат доста години, а знаеме сите колку е тешко денес со одминување на годините да се стане родител, а јас сакам деца.
    Ама основните, да завршиме факултет и јас и тој и да најдеме работа, доволно за да можеме да започнеме здрав брачен живот.
    А мислам исто и дека не значи дека ако си во брак животот завршил, можеш и во брак да градиш кариера, да проживееш некој сон, да исполиниш некоја зацртана цел, дури може и е полесно кога имаш подршка од друг.
    Јас не ги сфаќам оние кои се мажат и женат на мои години, како бе луѓе може да бидат спремни, не се спремни колку и да велат, јас сега не сум подготвена да се справам со некои проблеми и нервози од факултет, а не па да се справував со тоа од каде да најдам пари за живот, а плус па и ако имам дете.Не е тоа тоа, кај нас во градот има доста такви, мада некои веќе и разведени, јас не сакам да сум дел од толпата.И не го сфаќам и тоа дека ако останат бремени мора да се женат, 21 век има милион начини за се реши тоа, со тоа што стапуваат во брак мислам дека прават многу поголем проблем од тоа што останале бремени, непланирано.Не велам дека неам среќни парови женети на 21, 22, 23, ама сметам дека и 1 година има големо влијание во нечија зрелост.
    Јас нема да стапам во брак додека не сметам дека сум доволно стабилна како личност, пошто само така можам да бидам стабилна и како брачен партнер и како родител.

    A и да дополнам прв пат не се согласувам со дел од мислење на Лилит, сметам дека не мора да значи дека ако си во долга врска, се губиш како личност.Јас знам која сум, јас со него сум среќна 100 пати повеќе одколку некои кои одат од еден на друг за да видат да не згрешат случајно, не осудувам, некој сака слобода и повремено дружење и тоа е во ред, некој сака да види што повеќе да искуси што повеќе.Јас во овие 4 години врска се немам почуствувано загубено, знам која сум, знам што сакам.Не велам дека нема и такви, ама исклучоците се чести, верувам.
     
    На CrazyStupidLove, Divinebutterfly, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Барем денешнава одвратна реалност не ни дозволува да се осеќаме дека сме во бајка :)
    Промена на амбиции мислев во текот за созревањето (едно време сакав да бидам адвокат на пример, се одлучив сепак да студирам маркетинг, а работам сметководство и уз пат трговија, ел. банкарство и посредство при транспорт и баш ми е добро :) (мултитаскингот ме забавува, досадно ми е да работам едно нешто)). Понекогаш и судирот со реалноста и околностите ни креираат промена на амбиции, поготово кога тоа што ти толку го сакаш може да ти донесе само минимум плата и никакво самопоштовање. Од друга страна пак, за да си ја исполниш таа амбиција ти е потребно стварно време. Не дека ти (не мислам конретно на Лилит, овде авторот се обраќа на читателот :D ) не си доволно добар или неможеш тоа да го постигнеш за побрзо време, но ниеден газда денес нема на лепо газе да те стави одма да работиш тоа што си завршила на факултет (освен ако немаш покритие зад себе). Така да, за да станеш тоа што би сакал/а ќе ти требаат повеќе години. Од старт ретко кој ќе најде работа одма после факултет, а друга ствар е што ако чекаш само на таа работа што тебе ти одговара, можеш и до 30год. да останеш дома, а тоа е исто толку себично како имање на дете и мама ти купува пелени за него, зашто во тој случај мама ќе ти дава пари за шетање, курсеви, храна и т.д. (пак ќе си на товар на домашните).
    Е сега, за она што ти кажа (овој пат Лилит :) ) промена на амбиција од деловна жена во домаќинка, јас мислам дека не станува збор за промена на амбиција туку на промена на приоритети. Процесот на создавање на успешна деловна жена е долг, не бидува преку ноќ. Зошто таа жена да не створи и семејство во меѓувреме. За мене тоа не е успешна деловна жена, туку е успешна жена во комплет. Жена што си ја работи работата што ја сака, си има семејство и постигнува колку толку и на двете полиња (реално за ова баш имам примери околу мене, за навистина феноменални жени што ова го постигнуваат). Дека има и обратни примери од сето ова, има...ама тоа се случаеви на нискоинтелигентни суштества за кои не вреди да се зборува (и вакви познавам)
    А јас пак ќе кажам, убаво е високо да се цели, и нека ви се исполнат сите очекувања од животот, се надевам на ниедна од вас животот нема да и покаже дека погрешила.
     
    На Nastjaaa4 и 1209 им се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.157
    Допаѓања:
    138.711
    Кога човек ќе тргне по еден пат, не може истовремено да оди по другиот. Значи ако се земеш рано, не можеш да знаеш дали би ти било подобро да се земеш подоцна. Или ако станеш млада мајка, не можеш да знаеш како би било да станеш мајка подоцна, и кој избор би бил правилен. Фаќаш еден пат, и го одиш. А каков е другиот пат можеш само да претпоставиш кога ги слушаш приказните на оние кои оделе другиот.

    И склопувањено на коцките може да биде различно за секого, зависи кој какви коцки има :). За некој тоа може да се стан, работа, образование, за друг овие работи може и да не се неопходни, и воопшто не ги очекува. За мене склопувањето на коцките беше момент. Да ми кажеше некој дека ќе се мажам три месеци пред да одлучиме да живееме заедно, ќе му удрев две заушки. Додека студирав, дури и на крај, кога ќе слушнев некоја колешка дека ќе се мажи, се запрепастував како тоа толку рано. Факултетот ми беше цел, и ништо друго. А никогаш не сум правела планови кога ќе се мажам. Ама откако дипломиравме, ни стана кристално јасно дека сакаме заедно да живееме, и дека тоа е вистинскиот избор. И тоа многу брзо се случи, нецели три месеци по дипломирањето. Значи нас тогаш ни се склопија коцките.

    Секој случај е посебен, и не верувам дека може да се генерализира. Се зависи од очекувањата. Важно е секој да е среќен со својот избор.
     
    На lolyta777, AIT, Moira и 10 други им се допаѓа ова.
  5. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Мене пред неколку години изгледа многу ми се брзаше за мажење,ама кога размислив поубаво си реков уште многу години не планирам да се мажам. :D
    Едноставно сакам прво да завршам факултет,да се вработам,да се обезбедам со стан,кола,да прошетам низ светов малку бидејќи ако не го направам тоа сега кога сум без обврски во брак сигурно нема.Така да цврсто стојам на тоа дека уште едно 4-5 години сигурно не планирам да стапам во брак.За живеење заедно пред брак може ама година две пред брак. :lol:
     
  6. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Прочитав неодамна за една баба на 70 години која е се уште девица и која сфатила дека е спремна да ја изгуби невиноста... На прашањето како останала девица цел живот, одговара дека едноставно не се поклопиле работите, не сакала секс пред брак, а до брак не дошло... И сега, на 70, спремна е да се откаже и од тој принцип по кој се водела цел живот. Каква е врската со темава? Секаква :) Некогаш чекањето може да стане начин на живеење, постојано да се одложуваат работите од Х или У причини, а животот си има други планови, и дури да се свестиме... И не залудно рекле дека „Додека човекот прави планови, Господ се смее...“ Не дека Господ е злобен, туку животот е премногу непредвидлив. Ако станува збор за чекање на се додека да се совпаднат ѕвездите од емотивен аспект, јас сум секако за, ама чекање да се оствари човекот целосно и материјално, мислам дека може да биде контрапродуктивно. Чекањето на СЕ е чекање на невозможното. И исто така, многу е важно дека тоа СЕ секој човек различно ќе го дефинира.
    Од друга страна, на секој пример од животот на пар кој чекал да стекне што повеќе пред брак и бил потоа успешен, може да се наведе пример на пар кој не чекал на се, а сепак е успешен и има добар брак. Во секој случај, важи и обратното, односно, за секој позитивен пример може да се најде соодветен негативен, секако, зависи што сакаме да докажеме :). Животот на секој човек е оригинална и неповторлива креација и не може да биде успешно пресликување на туѓ модел на живеење. Она што за мене е непојмливо, за некој е прифатливо, она што за мене е нормално, за некој може да е шокантно. Тука секако спаѓа и бракот и посебно, создавањето семејство. Секој сам си го креира својот пат и не само што е одговорен за своите постапки, туку и последиците се само негови. Ако некоја смета дека е спремна на 20 години да стане домаќинка, јас секако немам (и немам право да имам) проблем во врска со тоа. Демократија :) . Секој има право на избор и слобода, се додека тоа не го нарушува правото на избор и на слобода на другиот. Никако не би се осмелила да навредам некого само затоа што има различни очекувања за животот од мене. И не мислам дека сум супериорна затоа што мислам поинаку од некои рандом луѓе. И така, некој сака факултет, работа, кола, стан, шетање и потоа брак, некој сака брак во кој ќе стекнува се заедно со партнерот. Некој партнерот го бира според емоциите, некој е способен емоциите да ги стави на втор план и да направи добар есап претходно... Ако човек остане среќен од својот избор и 5 и 10 години подоцна, значи, правилно постапил, како и да избрал. Ама за тоа треба прво да поминат тие 5 или 10 години...
     
    На MSkorpionka, kravce, ph.orhideja и 12 други им се допаѓа ова.
  7. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    22.505
    Пол:
    Женски
    Иако сум на почетокот на 20тите, ја читам темава и интересна ми е за дискусија.
    Ги прочитав сите мислења, и ги почитувам истите, зашто нели, секоја од свој агол си кажува.
    Имам врска од 2ипол години, дечко ми ми е истовремено и колега од факултет. Сега сме 3та година на крај, здравје за една година и ќе завршиме. Од различни градови сме, јас Кочани, тој Кавадарци. Сме правеле муабет на темата ако се уште сме заедно догодина, што ќе биде после завршувањето. И на двајцата приоритет ни е да најдеме работа, и со тоа колку-толку да ги олесниме родителите за сите овие години што даваа се за нас. Знам дека кај нас многу тешко се наоѓа работа на струката, луѓе чекаат и со години и на крај пак не го работат тоа што го студирале. Имам таков пример дома. Баш поради тоа, не се надевам премногу дека кога ќе завршам ќе имам веднаш и работа и дека така брзо ќе ми се среди првата коцка :)
    За станбеното прашање, ако останам со дечко ми, пола е решено. Но, сметам дека ми е премногу рано за стапување во брак на 21 година. Јас се уште се чувствувам како дете на моменти, и не можам да замислам да имам дете сега или за 2-3 години. Не можам уште од сега да понесам толкава одговорност.
    Значи, сакам да имам работа и да бидам самостојна во тој дел кога ќе стапам во брак. Сигурно нема да му се обесам на сопругот (тогашен) или на моите дома за основните работи кои ќе ми требаат. Тоа ми е број 1 и ќе гледам како знам и умеам да го постигнам :)
    Плус, сакам да го прошетам светот доколку ми се укаже таква можност, па и да работам надвор од Македонија. Додека немам опашки зад мене, ќе се трудам што повеќе да постигнам.
    Иако сакам да останам со дечко ми, сепак не сум спремна психички веднаш после факултетот да се омажам, без разлика што ете, нема да се гледаме толку често и ќе имаме врска на далечина. Тоа не го гледам како доволна причина за да се решам на нешто толку сериозно како бракот. Ако треба да биде, ќе биде. Дали догодина, или за 6-7 години, тоа времето ќе покаже :)
     
    На Annath и mims-89 им се допаѓа ова.
  8. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Ајде и јас да го кажам своето и покрај тоа што сум машко и имам 15.
    За брак не сум размислувал досега никогаш. Нели,има време...
    И морам да кажам дека се додека не најдам стабилна работа и не се средам нема шанси да стапам у брак.
    Прво и основно,за мене како машко би било понижувачки жената да биде таа која ќе ме одгледува мене. Таа да ринта како коњ и да носе пари а јас да седам дома да го јадам лебот и да си го прчам.
    Можеби звучи шовинистички од моја страна ама сепак,колку и да е една жена независна,моќна и финансиски стабилна,сепак сметам дека не би било во ред таа да биде таа од која се зависи.
    Секако,и таа може да носи свој придонес,не велам дека треба да седе дома и да гледа деца и да прави ручек,ама сепак сметам дека мажот треба да биди тој кој ќе се бори најмногу за семејството да опстане.
     
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Кога почнавме со сопругот тој си имаше приватен бизнис, јас си работев. После некое време почнавме да живееме заедно, и нормално - заеднички ни беа средствата, без разлика кој колку носи/заработува. Е, после неколку месеци фати рецесијата.....почнаа да му опаѓаат проектите, а со тоа и приливите, и останавме да живееме само со мојата плата и другите приходи што ги имам. Мислам дека скоро 2 години немаше приливи и тек тук носеше пари, дури се мислеше и да се врати во старата фирма каде што работеше порано. Нормално не му дозволив, оти знаев дека е роден и кадарен за многу повеќе, а и немавме толку голема потреба од аспект на пари, па продолжи да се бори за својот бизнис. Ете го денес, работи како никогаш до сега (пу пу) и пак носи пари дома, ама периодот кога мажот ми не носеше пари иако немавме потреба од истите, неговиот дух беше толку скршен, да секој ден посакував ЈАС да ја имав изгубено работата само и само да не го гледав таков.

    Сакам да кажам - супер што имаш такво размислување, мислам дека до некаде е и оправдано (со оглед на традициите и менталитетот кај нас) меѓутоа не се задојувај со таа филозофија и не си ставај непотребно притисок....

    Еве, и мојата приказна е доказ дека ниедни пари и работни места на светот не ви се гаранција дека ќе имате мирен и среќен живот....за жал, најголемите „проблеми“ ни доаѓаат од умот и ретко кој некогаш ќе рече „Да, среќен/а сум со ова што го имам, не барам ништо повеќе“.
     
    На Annath, kravce, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  10. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    незнам зошто е тоа општо мислење дека кога ќе се омажиш се пропаѓа дека во брак неможеш да шеташ дека неможиш да купиш стан или кола.. мислам не ми е јасно до каде овие идеи ви паѓаат на ум?

    туку да не бидам офтопик , мое мислење на кратко дека неможе се да се чека. кога има љубов разбирање и доволно услови за да споделиш заедничи живот нема потреба да се чека, се она материјално се стекнува во текот на животот заедно со љубениот а не пред бракот и многу се послатки спомените како заеднички сте го стекнале тоа отколку самата материјална ствар.
     
    На LaDyDoLl, hunny-bunny, kate21 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    ^^Нe,не мислам јас дека сите мажи кои не се вработени по дифолт се мзрливи говеда кои чекаат се на готово.
    Например,доколку под некои околности тој ја загубил работата и е немоќен да стори нешто против тоа разбирливо е жената да биде таа која привремено ќе го превземе кормилото и ќе помогне во егзистенцијата.
    Ама јас мислев на оние кои чекаат од жената да му соџвака се а тие и покрај тоа што се способни за работа седат дома.
     
    На lolyta777, Annath, AIT и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Таквиот братче нема ни за маж да го земам, затоа не ги ни коментирам :lol:

    Мојот пост се однесуваше на твојата изјава и цврста определба дека како маж мораш да создадеш доволно за да створиш семејство, и после да работиш доволно за да го издржуваш истото....сето тоа е супер, само сакав да ти кажам од личен пример дека, како жена, потешко ми беше што мажот ми беше (ај да кажам) во депресија заради неработењето отколку фактот што тој не придонесуваше во тој период во домот и што имавме помалце пари.

    Мора да се ослободи умот од ваквите спреги, иако јасно ми е дека полесно е да се каже отколку да се направи....
     
    На Annath и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  13. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Луѓе бе доста полемизирате. Така ако се редеа лесно коцките се ќе беше совршено и ништо немаше да ни фали и немаше тука на форумов да пишуваме и постојано да се плачеме од разни ситуации во животот. Факт е дека не може се да имаме за многу краток период, но тоа не значи дека треба да престанеме да се бориме во животот за да постигнеме нешто повеќе. Факт е дека без пари и покрив над глава нема живот. А за да дојдеш до тоа треба да имаш изградено некаква кариера, да има од кај да заработуваш. Е сега за сето тоа да го стокмиш ти треба буквално цел живот и пак нема да речеш е готово јас ќе престанам нема повеќе да работам имам пари. Има таков некој што наредил се во животот на време и што ништо не му фали и не му недостига? Ако има некој таков веднаш нека се јави да знаеме како и ние да наредиме се. Значи немој да се лажете напразно дека се ќе стокмите пред да стапите во брак. Дај боже да е така ама не е. Животот ќе ви помини без да трепнете и потоа ќе жалите за изгубеното време а можеби и за неоформеното семејство. Половина овде од вас имате родители кои нема да ве остават да гурате така. Сигурно ќе ви помогнат. Која ја заминавте 30тата годината немате многу време за чекање. Можете само напразно да си надевате и надевате и надевате........... нели надежта последна умира???
     
  14. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Имам соништа, имам зацртано цели, планови, сакам да бидам нешто, да постигнам нешто во животот, да успеам во истиот. Сакам нешто по што копнеам денес да го имам утре, тоа се моите соништа..
    Но.. не ретко заборавам дека живеам во Македонија.

    Сум за некои работи дека треба да се стокмат, барем оние најосновните.
    1. Станбено прашање,
    Ако не ни е решено станбеното прашање тогаш ни под точка разно нема да облечам Бело и опа - иха на свадбата и ке се молам да соберам повеке пари за да можам да одам на меден месец во Охрид.
    2. Да имаме и двајцата каква- таква работа. Да заработуваме, да заработуваме доволно за да ги покриеме основните трошкови , бидејки немислам да се мажам па потоа да барам пари од родителите за корка леб. Реално во Македонија нема „стабилна„ работа. Денес работеш а утре ти дава отказ.
    3. И двајцата да сме психички подготвени да запловиме во брачните води.

    Ако чекам „сите„ коцки да се наредат , тогаш најверојатно и никогаш нема да се омажам. Совршенство не постои. Не секогаш е така како што сакаме ние, како што сме планирале.

    Хммммм .. а јас пак се чудев зошто во Македонија секоја година расте бројот на немажени девојки и момчиња. до ова ќе да е. Чекале, чекале , ама од многу чекање аир не виделе. :wasntme:
    Мислам со кој памет ова го пишувам... Ама АЈ!

    Ке бидам среќна и задоволна ако бар успеам 30% од она што ми е зацртано, а реално, ако сакам баш во „се„ да успеам тогаш ке ми требаат уште најмалку 5 живота, бидејки како што наведов погоре, - живеам во Македонија!

    Ама само не ми се јасни младите кои што стапуваат во брак на 16-17-18 години. Ке речам млади се, им лета умот, ама пак и старите не се ништо поарни, многумина и им пикаат во глава дека е подобро млада да се омажиш, да имаш време деца да раѓаш, па да си дочекаш внуци.... па незнам што, па незнам ова-она.
    Јас од такви родители и си заминав од дома, не сакам да паметувам тука, ама не се можеше веке. Арно рекле некои паметници, со стока се разбира а не со човек бе!

    Ако нешто можам сама да го направам тогаш можам и со партнерот, можеме заедно. Не е и бракот затвор.
    Ама, ке се мажам јас кога ке мислам дека е дојдено време.
    Ако се одлучам некогаш за дете ке биде моја одлука и на парнерот.

    Ако го имам крај себе човекот со кој што мислам дека тој е тој, ако ги имаме стокмено барем 3те точки што ги наведов погоре, сигурно не би чекала да дојдам до 30ет год па да се мажам. Можеби и утре, на 20-21 ке биде , ама сепак, треба да се мисле на најосновните работи, не е само да рипнам во тавче, па после крши глава од зид.

    Нити годините (добро, мислам после 19-20 г) нити дугогодишните врски не се гаранција за добар, среќен и хармоничен брак.

    Мешање од страна на родителите и некој од пм, не сакам, и непаре ке влијаат на моите/нашите одлуки во иднина.
     
  15. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Не оцекувај сите коцки да ти бидат средени ред брак,мислам дека тоа е реткост а мозеби не постои,јас сум за д абиде барем несто средено а потоа заедно ке се потрудиме да средиме...
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
  17. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.457
    Пол:
    Женски
    Kај нас е баук после 30 да рагаш а не па после 40.Да родиш на 40 одма ке ти го пуштат муабетот ете стара си баба си ,ти коа ке треба да го чуваш да го шеташ ке нема да можеш па место ти него ке треба оно тебе да те чува и негува,па внуци коа ке дочекаш ако упоште ги дочекаш.,Зашто да чекаш толку коа можеш да рагаш на 20 и да студираш притоа дали да мислиш на материјата што треба да ја научиш или на бебето што плаче,зошто да градиш кариера коа можеш да бидеш домакинка ,зошто да шеташ со друштво сам по одмори па и по дискотеки и од време на време па и да се поднапиеш коа можеш да седиш дома и да думкаш бебе....И така .. :)
    Д-р Сатклиф вели: „Откривме континуитет кој ни ги покажува поврзаноста помеѓу постарата возраст на мајките и подобрите исходи. Тоа пред се е ефект на возраста. Прашањето сега е зошто е тоа така? Излегува дека повозрасните мајки имаат подобри вештини на родителствување, дека може да бидат помалку импулсивни и посмирени, и да имаат поголемо животно искуство што ги прави посоодветни за нивната улога.
     
  18. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    286
    ^
    напротив јас мислам дека баш постарите се понервозни кога станува збор за родителство. точно дека имаат поголемо искуство за се во животот ама не се исти нервите на 25 и 40. кога децата ќе стасаат до пубетрет ти веќе ќе имаш 50+ ќе те стигне и менопауза епа тогаш се прашувам со кој живци ќе се справиш со децата кои ти се во пубертет. и 30 се веќе многу за раѓање деца не па 40 :!:
     
  19. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    Е не размислуваш само ти така,не се секирај :D . Јас те разбирам во целост што сакаш да кажеш! Не можам да се одлучам на брак,а при тоа да знам дека нема каде да живееме,не сме вработени едноставно немаме никакви услови за заеднички самостоен живот! Не е целта само омажи се,па потоа ќе чекаме судбината да ни се намести како што сакаме ние и ќе ги чекаме пензиите или платите на родителите! Јас се можам да разберам,ама не можам да разберам кога некои парови ,невработени,без ниту посебна соба за живеење во станот на родителите,ќе дигнат кредити и ќе се позајмат за да направат свадба и тоа луксузна свадба со времетаење од 6 саати,а наредниот ден немаат ни каде да живеат,ни што да јадат! Е потоа настануваат финансиските проблеми и проблемите од типот на "колку напавија моите,а колку не направија твоите"! E па за да се поштедам од таквите нервози,сакам да си заработувам,неважно колку,ама да не треба да ја чекам пензијата на свекор ми за да си купам дезодоранс!
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Нема потреба да се чека се да биде средено. Дури и со години кога средуваш, секогаш ќе има нешто што фали и за што ќе се тргаат пари на страна. Најважно е двајцата да имаат работа, за да не бидат на терет на родителите, другото се ќе се среди.