Сосема те подржувам истомисленици сме во ова,во бракот ако има љубов,разбирање,се надополнуваш,се предаваш целосно иако максимум ќе дадеш од себе сепак ќе се исплати.Воедно многу ми се допадна и размислувањето на Ариел со кое сосем се согласувам Поздрав
Како што прочитав по коментарите претежно сте млади девојки кои дефинитивно сте во право дека образованието и независноста на жената имаат голем удел во успешеноста на еден брак(ова знам од искуство) меѓутоа годините се релативна работа и оние кои мислат дека жена со 30 години е стара мома и ќе биде баба кога ќе оди на родителска е сепак субјективно размислување и лично убедување, кое нема врска со реалноста. Па земете ги во предвид холивудските звезди, ако не можеме да се споредуваме во статусот и финансиите, барем во мајчинството сме сите исти и Џенифер Лопез и Никол Кидман и Хали Бери и било која друга мајка... Еве јас се омажив на 30 и сега на 31 година го очекувам моето прво бебе и да слушнете и поинакво искуство, бидејќи сите зборувате како треба да биде по некое непишано правило, а ретко прочитав сопствено искуство. Дипломирав на 23 години и веднаш се вработив во странска финансиска институција еден месец после дипломирањето. Имав врска од 9 години,која ја започнав на 17 години,во меѓувреме завршивме средно, факултет, се вработивме и кога дојдовме на 25-26 години, време за брак, врската беше веќе бајата работа со многу недостатоци.Наместо брак, со големо разочарување и многу размислување ставивме крај, додека сите од заедничкото друштво на големо се спремаа за заеднички живот, без разлика каква им беше врската и сеуште им е до ден денеска. Многу бргу поминаа 2-3 години во потрага по нови љубови, разочарувања во љубовта, напредок во кариера, шетање по светот,магистерски студии, дружење со пријатели, ручеци со колешки,пијанки со другарки ... и се додека еден убав ден се не појави мојот сопруг,адвокат од солидно семејтво и наеднаш коцките се наредија како на филм.Се она што изгледаше далечно и тешко со години, за неколку месеци беше реалност. Јас и сопругот воопшто не се чувствуваме ниту стари ниту патиме од мислата дека ќе бидеме стари родители, нашето бебе ќе ги има сите идеални услови, ние како родители сме целосно реализирани и сме ја изнауживале младоста во секоја смисла. Бебето е сега круна на нашата среќа и идила, кое btw дојде одма без посебен труд(за оние кои мислат дека после 30 години потешко се забременува). Фала богу што не го почнав ова на 25 со тогашниот дечко бидејќи многу тешко ќе поминев во животот, а богами и некое детенце што сега би било прво одделение. Некои работи кај некои луѓе доаѓат порано, кај некои луѓе покасно, битно е само изборот да е вистински и се друго, кога -тогаш ќе дојде на свое место.Немојте годините да ви бидат притисок за да одлучувате за животни прашања кои во нашава земја тешко се решаваат.Животот не е како рекламата: моите ќе купат количка, твоите креветче и со илјадарката за кафана ќе купуваме пелени.
Чекам, не дека не...Еве дечко ми треба уште да дипломира...Стан ќе имаме. За да го опремиме нај неопходното го имаме. Останува уште да се вработи барем едниот од нас. За сега немам шанси да го продолжам факултетот. Ете таква ми била судбината, не сум јас виновна. Тоа може да се случи и следната година, или потоа. Не можам на мојот факс да чекам зошто може и да не се случи. Живеам само со мајка, која има проблеми со нозете и кога тогаш ќе морам да се грижам јас за неа. Замислете да чекам, ќе треба да гледам и дете и стара жена. Во некои ситуации кога имаш избор можеш да се ослониш на чекањето, но понекогаш не....
Постојат работи кои според мене задолжително треба првин да се завршат, а потоа да се стапи во брак. На пример, ако девојката е амбициозна и сака да заврши факултет, да најде убава работа и сл.колку и да е сопругот човек кој ќе ја поддржува - самиот брак си носи свои обврски и не можеш да се посветиш на учењето тогаш, како кога си дома кај твоите. Исто така, за мене страшно важна е финансиската независност и не би препорачала на никоја девојка да влезе во брак ако не е барем маааалку финансиски независна (да чекаш од друг да ти даде пари за кафе?). Се се случува, може подоцна да остане без работа - но не е добро да се влезе така во брак и да се чека од другиот од самиот старт (самата нема да си се осеќа убаво), освен ако не станува збор за таков брак со таква цел . Но, може и се да ти е подредено и да го имаш човекот до тебе, па пак да сакаш да си почекаш... Еве го моето искуство: завршив факс, магистрирав, најдов супер работа, дојдов до 30 години, имав 5 годишна врска а сеуште не се осеќав спремна за брак. Едноставно, не мора да значи дека ако ти е се средено, дека си спремен емотивно и психички. Јас едно сабајле се разбудив и веќе не ја гледав поентата на животот каков што го водев до тогаш. Бев спремна за чекор плус и тогаш се омажив Не знам точно каква е ситуацијата, но те поддржувам под итно да го продолжиш и завршиш факултетот. Ако треба за пари земи некоја било каква работа за да стигнува некој динар, бидејќи таа диплома утре ќе ти отвори други врати
Ситуацијата е тешка со оглед на тоа дека живеам само со мајка, која не знам уште колку ќе биде способна да работи, на факултет неможам вонредно....работам, ама не стига...Не знам за што попрво...сега сме во криза...за 1 те две години факс уште должам пари....Не е се така лесно....Но, прва прилика продолжувам.
Ах душо моја, јас знам како е да не можеш да помислиш да го завршиш факултетот како твоите пријатели, за среќа јас стигнав до една точка, земав некаква диплома но претходно веќе си работев, па се беше поинаку. Јас плаќам кирија, сметки, сама се издржувам и морам да заштедам за иднина, мојот факултет остана на половина, морав да застанам и да работам, ама не се жалам, кога тогаш ќе го довршам и ќе можам да застанам рамо до рамо со моите колеги магистри инжинери. Е сега што се однесува до чекањето и слични работи, јас честопати знаев да му подспомнам на дечко ми, па дури и да му се подналутам, но едно нешто ми беше нејасно, јас сакам да започнам со него заеднички живот а тој не сака ни да чуе, мислев овој не ме сака, но не било така, во еден разговор сфатив се, тој едноставно не сака нашите деца да мора да го прекинат факултетот и да започнат да работат за да ни помогнат, да можеме да ги однесеме на одмор без да мора од Скопје да понесеме пола фрижидер, туку да си седнеме како луѓе и да си каснеме во ресторан, да не мора тогаш да чекаме ќе почекаме сега, сеуште ми е нешто нејасно, но почнувам да сфаќам, па и ние не сме престарени нели, сеуште немам ни 25 полни. Ах а јас моите соништа, кои верувам се и на секоја девојка, некој да и клекне на коленце и да ја побара ќе морам да си ги посонувам уште малку, можеби ќе се деси и чудо од кај да знам па јас
Никогаш не можеш да знаеш дали ќе имаш за факултетот на твоите деца...Моите имале, имале многу, и за вила, и за кола, и за се....ама ете, брат ми починал, се трудела да го спасат потрошиле се.......останале само платите..потоа татко ми се разболе а мајка ми отиде под стечај...Ете чекале, створиле, па пак нема за мене...Никој од нас не знае што ни носи животот. Но дека треба да се има услови, барем некои треба.
Не зошто да се чека, ако има љубов и сте сигурни дека сте еден за друг. Нормално дека е убаво прво да се заврши факултет да се најде работа, но знаеме каде живееме и реално е многу тешко се да средиш, за тоа уште поубаво е кога со заеднички сили ќе се борите и ќе ги остварувате Вашите соништа. Секој сака да се тргне на страна и најубаво е кога не зависиш од никој, но како се може, во животот ништо не се знае додека се качуваш нагоре, многу лесно можеш да се слизнеш и да почнеш да паѓаш, а кога сте заедно сите паѓања полесно се пребродуваат и сите искачувања се поубави. Секако не мислам на мажење на 18 години, треба прво да се созрее и да се знае што се сака, но тоа чекање на СЕ ми е некако . И знам многу примери од мои блиски кои со маж со деца завршиле факултети, нашле убави работи, па дури веќе постигнале повеќе од некои од нас кои чекавме прво факултет па ова па она. За тоа што тие веќе родија деца ги израснаа, во меѓувреме завршија факултет најдоа убави работи и сега може да и се посветат на кариерата а ние што чекавме, сега треба да го минуваме патот што тие одамна го изодеа. Јас демек чекав, па видов дека ако продолжам така секогаш нешто ќе фали... Со разбирање и поддршка во бракот, бракот не е ропство и крај на животот, баш напротив се продолжува само со малку повеќе одговорности.
И јас и дечко ми сме од они чекачите, односно работиме на тоа да стокмиме некои работи пред да влеземе во тие води, па потоа да рипнеме во тавче. Посекако, и двајцата знаеме дека работите не секогаш течат како што сме ги замислиле, животот понекогаш е суров, па знае да си поигра со нас. Не чекаме Се да биде под конец, бидејки така ке остареме,ке се изначекаме, секогаш по нешто ке фали. Моментално дечко ми е во странство, на печалба. Ке биде уште 6 месеци, потоа , официјално сакаме да се вериме, да се земеме. И двајцата имаме по нешто заштеда ,И двајцата сме доволно созреани личности, изградени, знаеме што сакаме. па нема што и повеке да чекаме. Станбеното прашање не ни е решено, можеби во почетокот ке живееме под кирија, бидејки со неговите родители нити јас, нити дечко ми немаме намера да живеме. Настрана, најубаво.
Ете баш деновиве со дечкото се договараме околу тоа кога да ни биде веридбата,а кога свадбата и јас сум спремна и можам уште сега иако немам работа,но имам факултет завршено и во неговиот град можам да најдам и работа.Тој веќе е вработен во државна институција каде што зема солидна плата,но за жал отплаќа кредит кој што не е ни негов,туку на мајка му и чекаме да се исплати па да планираме свадба и се.Зборот ми е дека се сакаме и сето тоа,време е да направиме свадба,веќе 5 години кај што сме заедно,но што ќе биде понатаму?ОД што ќе живееме додека не го исплати цел кредит,тука се неговите и моите Ок,но јас не би барала од свекрвата пари за влошки да си купам ко можам мирно да си почекам уште малку па потоа да се средиме полека ,полека и да си заработувам сама за моите потреби,односно нашите.Сепак не е толку едноставно да се стапи во брак туку така.Тоа е една заедница каде што треба да влезиш свесен дека си во нова средина во која што треба да си спремен психички за да се соочиш со се што носи бракот.
Темава ја отворив...и многу ми беше мило што убави дебати се развиваа. Ете ние со мм бевме едни од тие што чекваме на се, и планот ни беше за година и пол/две да се земем. Но некои работи не претекнаа, така да сега отвараш нови опции, мислиш многу повеќе, се трудиш и бориш повеќе....ќе ви пишам како е за одреден период. И дали побрзо ни успеаваат плановите.
Има многу што чекаат подобри времиња, ама на таквите возот им поминува. Моја братучетка имаше такво размислување. Прво работа, па да се обезбеди со пари, и сл. Така чекајќи, се омажи на 33 години. И сега и е криво. Јас не сакав да чекам толку и затоа се венчавме со маж ми. Ако прво сакаш да се обезбедиш со финансии, тоа може и да не случи.
и мојот изгледа чека да дојде некое подобро време ама 29 год е ,има одлична работа има фирма само јас го кочам пошто не работам година време(поради здраствената состојба се откажав од работата), постојано ја префла топката на мене дека не работам и неможеме да се жениме, еве сега постојано барам работа па ке видиме што ке испадне дали е до мојата работа или до нешто друго
Да се чека да се обезбеди се па да се стапи во брак е лудост. Никогаш нема да имаме се, секогаш нешто фали. Меѓутоа исто така е лудост другата крајност да не си затворил буквално ни едно прашање од егзистенцијална важност. Некоја златна средина е потребна за мирен заеднички живот. Незнам, барем едниот да е вработен, значи ако едиот уште студира, другиот да работи. Или да се знае каде ќе се живее без разлика дали е тоа во заедница со некој од родителите или сами. Значи да има од што да се почне, а понатаму целиот живот ќе се работи на постигнување на целите.
Татко ми еднаш ми рече: Да чекавме јас и мајка ти да се осигураме со работа за да стапиме во брак, ти и брат ти немаше да сте овде.
Пред некое време некој да ме прашаше,ќе одговорев дека прво ќе чекам работа,обезбеден кров над глава ова она па потоа брак... Ама додека човек чека и си поминуваат годините,многу непредвидени работи се случуваат и плановите пропаѓаат. Затоа сега си велам ако ми е убаво,веднаш штом некој спомне за брак прифаќам. Ако ми одговара човекот секако.Ако многу пребирам на крај сама ќе останам. Од грешки се учи ама касно.
Pa pametno od nejzina strana,shto e tolku toa loshoto,za da si go sredi zivotot pred da navleze vo brachnite vodi????Zarem,da ne prestarela so 33godini ,bash naprotiv sozreana,stabilna,realizirana-podobro zdravje
Лошото се годините. Она имаше можност и пред тоа да се омажи, ама не сакаше. Велеше дека и е рано. А 33 години не се баш малку. Не е само брак. Треба да се раѓаат и деца. Она ги роди децата на 34 и 35 години. Наместо на тие години да праќа деца во школо, таа ги раѓаше. Секој има право да одлучува за себе. Ако јас и маж ми чекавме подобри времиња, можеби немаше да ги дочекаме.
Pa kako da se omazi,ako ne bila spremna za brak,a ako taa ne e spremna za brak,zarem treba nekoj drug vo nejzino ime da kazhuva dali trebala ili ne trebala da se mazi??? Zivo me interesira kade i koj ja postavil taa starosna granica???Za kogo e kasno???Vidish TAA pak mozhela da rodi deca i na 35godini ,ondak shto e problemot???A za toa deka trebala(spored tebe)na tie godini da ispraka deca u shkolo no comment .Toa e isto kako nekoja klinka shto rodila ushte na 15 god, da vika eeee mesto sega na fakultet da gi isprakavte vie u osnovno..mislam nAli ....
Jaс кога сум се родила татко ми имал 34 години мајка ми 32 па никому ништо.Ете ги имаат и дете и они се имаат професионално реализирано и пак годините не им сметаат. Не гледам што толку лошо гледате на тоа што некоја жена се одлучила место на 20 години да рага на 30. Едноставно на пријателката моментот тогаш и дошол. И ете пак има се што имаат и останатите кои помлади од нејзе се омажиле и родиле дете. На човек да му се стужи животот од тие муабети престарена си кога ке се мажиш кога ке рагаш. Кога сакам тогаш бе. Комшијата сигуно нема да ми каже кога да офромам семејство само затоа што тој смета дека сум престарена или дека не е убаво на родителска да бидам најстара мајка пошто ете на 30 и кусур сум родила дете.