1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чекање на сè....па потоа брак

Дискусија во 'Брак' започната од Snow-Queen, 9 мај 2012.

  1. andrijance90

    andrijance90 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    8
    Стварно со тие години па години, е не ајде ке рагаме на 20 кога уште сме недоквакани, ее мои другарки неколку родија , дечишта се уште и на изглед и во памет, па дури и смешно ми е кога ке ги видам со бебе у рака не им личи бе :tmi: моја соседка еве ја бремена на 40 години, со второ дете да, ама поентата ми е дека нема врска, друга познаничка прво дете роди на 38, може имаат годините врска не викам не али не се пресудни, кој како му дојде време така. Али да се мажам и родам на 19-20-21-22 заради тоа да не останам стара мома е смешно и патетично ! :hai:
     
  2. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    E od vakvi stereotipni razmisluvanja deka na 35 treba da prakas deca na skolo stvarno mi se losi. :puke:
    Ama :!: Ima luge na koi EDINSTVEN i GLAVEN prioritet vo zivotot im e samo da se mazat i da rodat deca.
    Spored taa matematika mislam deka najdobro e da pocneme so raganje od 15-16 pa na 38 ke bideme mozebi i babi :lol: :rofl:
     
    На london-girl, lepadama и miss.ella им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Твојот случај е сличен како тој на моја другарка. Таа со дечкото оди скоро 5 години. Ги имаат сите услови за да се земат. И двајцата работат, а имаат и каде да живеат. Дечко и има куќа, а таа има стан. Арно ама, проблемот е во дечкото. Не сака да се жени. Другаркава многу сака да се мажи, а дечко и не сака ни да слушне за брак. Многу пати ми има напоменато дека и е време да се мажи. Не знае до кога да го чека дечко и. Страв и е да не се разочара како нејзина браучетка. И таа иамше долга врска со дечкото. Тој цело време и велеше дека уште им е рано за брак. На крај, ја остави заради друга девојка. Таа тогаш многу се разочара. Сега е мажена за друг и има дете со него. На другаркава и рекла - колку бев глупава што го чекав. Тоа е доказ дека не знаеш на каков ќе налеташ.
     
  4. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    богами исто е ,јас имам две куќи и тој има куќа на 3 спрата,значи има фирма добро ситуиран можам да кажам али некако за брак кога се спомне тој како змија да има во устата :D,пред недела дена ми спомна да одиме за месец два да закажеме свадба за наредната год па ќе видиме што ке испадне,дали ќе се веселеме или ќе плачеме како другаркати,тмн јас ќе бидам 24 год а тој 30 полни :D
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Ама ти вршиш притисок и тоа не е во ред ниту од машка , ниту од женска страна. А инаку за ситуирани, ситуирани сте како што кажуваш и не би требало да имате пречки. Јас се ужаснувам кога ќе видам 2 невработени, млади се земале и кој ќе им плаќа сметки, кој ќе ги храни, смешно е, ама за зрели луѓе не треба бракот да биде проблем ако се знаат добро и имаат услови за смаостоен живот.

    Јас лично не гледам ништо страшно ако партнерите се земат нешто по 30 год, ама да се зрели и да знаат што сакаат.
     
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Навистина е исто. Дечково има куќа чија што изградба ја финансираа неговите. Куќата треба само да се опреми. Освен тоа, тој е добро ситуиран. Другаркава има стан кој што и го препиша мајка и. И двајцата земаат солидни плати. Ама дечково не сака ни да слушне за брак. И рекол - ќе се земеме за 2-3 години. Другаркава не знае дали да го чека до тогаш. Се плашам да не се разочара како братучетка и. Јас ништо не сум и рекла околу оваа тема. Да сум на нејзино место и дечкото да ми рече дека ќе ме земе за 2-3 години, веднаш ќе го откачам.
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    И јас имам таква колешка , имаат станбено прашање решено, две коли, плати добри, шетаат кај ќе им текне, се знаат 10 год, а немаат абер од брак. Таа има 32, тој 34 год. Живеат заедно, ама венчавање не сакаат ниту дете планираат. И девојкава кога ќе чуе дека некоја друга колешка на 27 год едно по друго родила 2 деца, озборува „еееј јас на 32 не можам за 1 да се решам, а таа 2“. Сигурно партнерот и е себичен, не сака брак, деца, а таа се плаши да ризикува да го остави.
     
  8. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    јас не сум му вршела никаков притисок за свадба или било што тој сам ми спомна,секако дека моментално сум невработена и дека барам работа,неможам да дозволам тој да ме издржува,а што да каже братучед му што ја зеде девојката со 2 кредита и целата плата и оди за кредитите,значи исто како да е невработена,секако дека ќе чекам да се вработам прво па после брак а и моите не се должни да ми даваат пари ниту па да и барам,значи 5 денари да земам да знам дека се мој ,не утре другиден на нос да ми излегуваат :!:
     
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Сигурно многу го сака штом не сака да го остави. Штом има 32 години веќе треба да се одлучи што сака. Ако сака брак и деца, нека бара некој друг. Инаку, ќе и помине возот.
     
  10. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.459
    Пол:
    Женски
    ^А зошто да го откачам ако ми рече дека ке ме земе за 2-3 години. Зарем треба со сила да го натерам јас кога ке сакам тогаш.Може ја сакам сега одма веднаш да се омажам со него,но ете тој нејке. Ако вистински го сакам ке го почекам,ако било пишано да сме заедно ке бидеме и после 3 години ако не боље и да раскинам со него во текот на тие 3 години ако не друго ке знам дека не е тој вистинскиот за мене.

    Понекогаш девојкиве толку се опседнати да се омажат што на моменти делуваат и налудничаво. И јас не знам што ми носи иднината и дали и во иднина ке останам со сегашнот дечко. Факт е дека е постар од мене има 30 год и до негде му се дојдени годините да размислува за брак ,но јас него отворено му кажав дека во блиска иднина немам намера да се мажам. Гледам не ме откачи ради тоа,него заедно сме па оставаме иднината да покаже дали сме створени еден за друг или не.
     
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    А што ако и после 2-3 години и го каже истото. До кога треба да го чека? Додека не наполнат 30 и кусур години? А што ако и се случи истото што и се случи на братучетка и? Да го чека толку време и на крај тој да ја остави заради друга девојка? Не знам дали би го чекала толку време. Самата треба да си одлучи.
     
  12. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    до 25 село те жени,до 30 маало те жени ,над 35 веќе ни господ не те жени,имам вујко кој веќе е 38 год и сега кога ќе му спомнеме за женење само вели еееј да бе за малку сега да се женам нема шанси,значи возот на него му отишол и сега да се жени жена му да роди наредната година децата кога ке пораснат треба дедо да го викаат,затоа што на времето не мислел,дај боже да се жени не велам не да не ме сватите погрешно,ама уште малку уште малку и времето си лета
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Ист случај како вујкото на маж ми. Тој има 45 години. Кога му било време да се жени, не сакал ни да слушне за тоа. Сега му е криво што не реагирал на време.

    Убаво велат - до 30 години можеш да бираш. После 30 години тебе те бираат.
     
    На Cacuvche му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.179
    Kako pa da ne :D ..za ushte malku dedo ke go vikale so 38 god :x ... Navistina chovek da se chudi na vakvite izjavi :geek:
     
  15. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    ах бре буквалисти,епа кога децата ке му бидат 10 год тој ке биде 48 год,и што е тоа зар нема да е веќе дедо,наместо да има внучиња тој енос деца треба да чува зар не е така?
     
    На Cacuvche му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.459
    Пол:
    Женски
    ^A тие на 30 и кусур години не се мажат не рагаат деца ?!? Или мора да се омажат на 25 и во очите на околината бидат супер пошо не чекале 100 години за мажачка ?!?
    Ако некој не е спремен за брак од било која причина а најбитно од се емотивно не е спремен на таков чекор 90% од тука присутните се сложни дека на сила не треба да влезе во брак.
    И боље во врска да ме отави за друга,отколку во брак да ме вара и да ме остави за друга.А тој штом во врска решил да ја вара и да ја остави истото ке го сторел и во брак затоа што едноставно НЕ БИЛ СПРЕМЕН ЦЕЛОСНО ДА И СЕ ПОСВЕТИ НА ТАА ЛИЧНОСТ.
    Братучетката треба да биде срекна што така се десило,пошто нит е етикетирана како разведена нит има дете да го мисли како сама ке го издржува. Едноставно врската пропаднала и тоа е тоа.
    Крај краева ако на таа толку и гори под нозе да биде мажена жена нека биде фраерка бе нека го остави и нека најде некој што ке сака да ја ожени.Не да глуми потресена па ете него го сакам со него сакам да се земам ама тој нејке да ме земе. Зошто да се држам за некој ко слеп за стап ако гледам дека нешто мегу нас не е во ред,дека немаме исти идеали и цели , дека не сме на иста бранова должина...

    А за тоа возот дека ке ми помине мислам дека ни баба ми веке така не размислува. Ако помине еден воз ке дојде друг.Не гледам до сеа некоја да останала немажена.Некоја порано некоја покасно ама на крајот сите завршиле со некој.Разликата е во тоа што на некој желбата му е да се омажи на 20 години на некој на 30. И никој не е помалку човек од останатите само затоа што неговите животни одлуки не се поклопуваат со одлуките и размислувањата на останатите.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    И јас сакав да го пишам тоа. Таков е примерот мој зет. И тој имал исти сфаќања како вујко ти. Има 48 години, а децата имаат 6 и 7 години. Самиот вели - престар сум за деца.
     
  18. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Не си го трошете времето на луѓе без цели во животот.Тој - таквите гледаат да си проживеат најубаво САМО ЗА СЕБЕ.Според мене остави и барај нормална личност за соживот.Неможеш некој (за мене никој е тој вид на човек) за натераш на брак. Се знае 25 е идеално за брак до 27 прво дете па до 33 второ. Ем факс ќе си завршиш работа ќе си имаш и плус имате можност и куќа да си правите. ( ова е мојот случај) Правиме куќа, живееме и штедиме кај моите, свадба не чека, факс си завршивме, а имаме стаж 6 години и двајцата. АКО САКАШ СЕ ЌЕ МОЖЕШ!!!
     
    На a.c.k.a му/ѝ се допаѓа ова.
  19. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    ама на некој луге неможеш да докажеш тоа е тоа,значи не е исто на 30 и 40 год да се ожениш,што значи и зет ти се осека дека е престар енос за деца со тоа што не размислувал на време да створи фамилија ,исто што и мојот вујко
     
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Браво за постов. :clap: Другаркава има 25 години и самата е свесна дека и е време за брак. А сака и деца да роди. Ама дечко и е себичен. Гледа само за себе.
     
    На a.c.k.a му/ѝ се допаѓа ова.