Јас мислам дека тоа се предодредени работи, кога, со кого, како ќе се омажиш. Еве јас имам 27 и сега не можам да планирам - аахаха за 6 месеци наоѓам некој и се мажам. Не може, не испаѓа по план. Еве моја другарка така планираше по свое и за 27 год има 2 брака зад себе, не стигна ни до свабда ја шутира кој стигне, ја користат за пари, дека има добра плата, на крај ќотек и трудна дома. И што постигнала што 2 пати се мажела за 27 год кога нема ниту дете, ниту е среќна, ништо. Еден ден психички ќе ослабне заради сите тортури, а се тоа во очите на другите да изгледа како среќа омажена жена и на крај не бива. Јас верувам дека кога ќе дојде вистинскиот човек работите ќе си легнат на свое место, кога нешто сака да биде се редат коцките. Моја колешка од факс повозрасна беше од нас се омажи на 31, на 32 роди прво, а сега на 35 второ дете. Има добар брак, се е во ред. Годините се важни, ама важен е и квалитетот на живот. Не е точно дека по 30 те бираат. Еден куп жени знам се омажија на 30, 31 и се наредија по свое. Е како не знам, треба формула да кажат. Како ем се изнашетаа, ем изживеани, ем добри мажи земаат баш фини, колку толку ситуирани. Се е до среќата луѓе...Или ја имаш или ја немаш, па ако сакаш на 15 мажи се.
Секој си прави свои избори, секој си знае за себе, ама сепак златната средина е најубава, не за џабе се рекло. Не значи дека ако некоја омажила на 20 е заостаната или ако некоја се омажила на 35 и' било касно. Ама ни тоа ни тоа не е убаво. Кој како сака нека каже, не може да ми каже некоја дека на 20 години е убаво да си со дете и маж. Тоа е премногу за тие години. Треба се во свое време. Ама па и на 35 не е соодветно. Можеме колку сакаме да се убедуваме тука ама релноста е таа. Нервите на 25 и на 35, 40 не се исти. И тоа праксата го кажува. Не ме интересираат и не зборам ни за комшии, ни роднини, ни тракатанци. Гледам од лична перспектива. Не треба многу рано ама некогаш не треба ни премногу чекање. Како може здрави прави, зрели личности, со сигурна плата и работа, решено станбено прашање, со над 30 години, да не можат да се решат за брак? Е ова не ми е јасно. Ајде да чекаш за да се средиш барем со сигурна работа, сфаќам. И јас тоа би го направила. Ама ова другово не ми е јасно. Тука нешто не е во ред. Не дека ако не се земат дека ќе останам немажени/неженети, ниту пак за комшиите ми е гајле што ќе речат туку не ми е јасно како не се пројавува желбата за свој сопствен дом, да се будиш до личноста што ја сакаш, како не се јавува мајчинството во нив.. сепак сме сите жени, девојки, природата ни е таква. Кога тогаш се буди тоа во нас. Како и да е најубаво е да си оди се со ред. Барем според мене. Јас лично повеќе од 27 години не би чекала, нормално ако сум си сеуште со дечко ми како што и си планираме. Мислам дека до 27 е сосема солидно време да се заврши факултет, да се најде каква-таква барем сигурна работа (не мора да биде по струка), да се прошета, да се оди по одмори итн се што си носи младоста со себе и на крај брак. Тоа е тоа. Е сега тоа е моја пресметка што не мора да значи дека ќе излезе така, сепак ние се стремиме за тоа. Иако секој си знае за себе. Кај секого различни фактори имаат влијание на нивната одлука.
Исто размислуваме. Јас се омажив на 24 години. Бев бремена. Бременоста беше планирана. Со маж ми ги имавме сите услови за да бидеме заедно. Што требаше да направам? Да чекам до 30 години, затоа што можеби на 24 години е уште рано да се мажам?
Ах, читам млади луѓе со еден куп предрасуди и се чудам, а и жал ми е да ви кажам право. Јас мислев барем малку сте понапредни од мојата генерација, ама не Еве јас имам скоро па 38 години и замислете не сум мажена ниту пак имам деца Според вашите размислувања јас да немав партнер, требаше со стројници да ме мажите или како што кажа некој погоре, да ме бираат. Па не сум бре јас лубеница па да ме бираат на тој начин. Навистина не знам до каде со ваквите размислувања. Од една страна ве разбирам и јас кога имав 18 години мислев дека тие над 35 се со една нога во гроб, ама не било така. И нема врска тоа со немањето нерви за деца чување на овие години, баш напротив. Се е до карактерот тој што си е нервозен по природа ќе биде нервозен и на 18 и на 40. Единствена пречка е можеби намалената плодност, ама и за тоа има решение. Така што, уживајте си и мажете се кога сакате и кога ќе се чувствувате подготвени а не притиснати од околината.
Прва работа кога ке се мажам нема да ми одредуваат годините и некои застарени критериуми што е многу а што малку години за рак. 2, Да, треба да се чека да се сложат сите коцки и ако е вистинска љубов ке опстане и без тој документ бидејки жените се тие кои повеќе губат со влегување во бракот. Мажот откако ќе те венча се опушта и многу потешко можеш потоа некои работи да ги доведеш во ред особено ако не е стамено ситуиран. Ке ви рече ај ке поживееме малку со моите па потоа ке најдеме некое станче, тоа малку ке потрае во наредните 50 години. Значи треба да се почека па дури и тогаш кога 100% си сигурна дека е тоа, тоа. И незнам зошто девојкиве толку летаат кога е во прашање бракот. знам дека и мајките влијаат на тоа со постојано инсистирање ајде најди некој да те земе да не зборат комшиите, но не ми е јасно зошто е она тресење и солзи кога ќе ви предложи брак. Зошто толкава драматика како да сте верувале дека никој нема да ве земе па ете пресреќни сте што некој се нашол и вас да ве земе. Зошто секогаш мораме да чекаме мажо да ни предложи, зошто не седнема како луге и поразговараме за тоа нема потреба од церемонии или како што во последо време е модерно пред публика. Јас мислам дека треба да се склопат сите коцки и кога ќе влезеш во брак да знаеш дека ќе можеш нормално да живееш а не само удала се мома да не седи дома.
ДОМА да седиш сигурно нема да ти дојде мажот да те побара, ти треба да ја бараш среќата. Ако не се организираш во животот нема да имаш ништо се си има свое време и ред. За жена срамота е на 35 години да се мажи. Освен ако сака да шета по мажи наместо да си изгради здрава врска со нормален човек, па после 4,5 години да си зе земат кога ќе се запознаат подобро.. Не е работаат да ги изнараќаш набрзина и така после 35 се смета за ризична бременост и баба нема ни да дочекаш да бидеш. По ново над 25 се смета за стара родилка значи се поместува границата. Сега сите имаа пружено секс секоја вечер па зашто да се мажат на 25 кога може секоја вечер да има секс со различна жена. Невина девојка на 13 нема а не па на 25. Порано тоа се гледало и те ценеле мажите, сега се женат мажите ради реда, ќе им дојде 35тата па мора да сежени од срам инаку не би се женел.
^Ако не се омажи пред 35 значи дека шета по мажи и ради тоа е немажена ?!? Од кај знаеш ти зошто една жена на 35 години би била немажена па да судиш на таков начин. Ако на некој единствената цел у животот му е да се омажи и да роди деца на другите може не им е тоа. Некој сака и факултет да заврши, и да си прошета после тоа по бел свет без да има обврски, и да си најде каква таква работичка и најбитно од се ДА НАЈДЕ НОРМАЛЕН МАЖ покрај себе а не некој ради реда колку да рече дека го има. Некој тој маж го нашол на 20 години, некој на 30 некој на 35. И кое ти е ова дека по ново на 25 се смета дека е стара родилка.Баш напротив по ново веке ни 35годинишните не се стари родилки,сведок за тоа се многуте жени кои се решиле на потомство после 30та година.Медицината иде напред ,само нашиот менталитет очигледно иде назад. У село некое затуцано да,стара си веке престарена пошто за нив таму нормално е на 18 години веке 2 деца имаш а не па немажена да си. И ова за ЗА ЖЕНА Е СРАМОТА ДА СЕ МАЖИ НА 35, тропна глупост и жива остана.Алал нека ти е што ги усрами сите повозрасни немажени жени на форумот пошто очигледно ти си дете за гордост кое нема да чека 35 години за да навлезе во брачните води.
Имаш многу предрасуди. Ете ти ја погоре приказната за другарка ми што сама си ја бара среќата. На крај е искористена, не еднаш 2 пати, и сите од страна и се смејат, а таа за секој следен мисли дека е принц на бел кољ. Се е тоа заради притисокот од дома, девојчето го скренаа од 22 ја тераат со сила да се мажи и ете сега кога е упропастена се чудат. Треба на секој фин дечко да му се даде шанса, никогаш не се знае, ама очите 16, гледате ли како бракови се рапаѓаат. Што ако мајка ми ме родила на време на 19 год кога цел живот трпеше пијаница покрај себе, еднаш во живот на одмор не отишла. Се е релативно, ама тие што имаат 35 и не се мажени не занчи дека легнуваат со кој стигнат. Тоа што го кажуваш е смешно. Јас гледам една колешка која има брак и деца се смее на друга која има 33 и не е мажена. А што е правата подобра од вторава?Па таа избегала млада дасе мажи, ама среќа налетала на мирен човек и си проживеала. Немојте да се смеете на ништо, како колешвака се смее на туѓи, а нејзина ќерка има 16 и уште не се длеи од скуќњата на мама и тато и во зима на снег се лизга уште. Утре и нејзината ќерка може на 33 нема да биде мажена.
Ау, леле, сега од памет ме извадивте, па дај ако не да раскинам со дечко ми на кој му значам се на светот и кој ми значи се на светот, пошто нели 33 години имам.....јбг, ми отишло времето, оде воз у кукуруз Не е битно што сме 7 години заедно, не е битно што јас нему и тој мене сме си љубовта на животот, не е битно што за овие 7 години не дозволил влакно да ми падне, што ме почитува максимално, што ми е поддршка за се во животот, што е спремен на буквално се само да бидеме среќни......не е битно што имаме исти погледи на животот, исти цели, желби за заедница и деца....Не е битно што напорно работиме да си го оствариме сето тоа, што сакаме да дадеме нешто повеќе на децата, да проживееме барем малку повеќе од нашите родители кои можеби немале можност за тоа......Не е битно што сакаме да постигнеме нешто повеќе во кариерата, да се надградуваме во образованието, да прошириме видици (топло ви го препорачувам последново ), да видиме други места и луѓе.....едноставно, да живееме. Ете, човек учи додека е жив. Да, да. Треба и гинеколозиве да пролистаат некој форум и да сфатат дека медицината не напреднала и дека ако до 25 не родиш, црно ти се пишува Богами, сум требала да размислам со бившиот. Он сакаше да се земеме, јас не сакав. 25 имав кога сакаше-ете совршеното време сум го пропуштила! Додуше, зелен беше прилично иако бевме врсници, така средношколец во душа си беше, не работеше тој, само јас, ама имаше идеја да живееме од мојата плата под кирија и да имаме деца Не работеше, немаше ни амбиција ни желба за такво нешто во животот. Ама ете, требаше да се омажам за него, глупа и јас......Битно имаше план човекот, не е битно каков, нели. Не е битно што ќе бев во брак со недоквакано мажуле кое плачеше на секоја ситница и оставаше јас да ги решавам неговите проблеми, битно тајмингот ќе си го запазев Тоа ми е, сама сум си крива, знам. Останете ми со здравје, одам јас да му раскинам на дечко ми. Додека е време да си ја поправам грешката п.с. Се извинувам на оф-топик, ама ме револтираат вакви генерализирања. Бришете ако сакате
Ги прочитав последните неколку страници во темава и според вашите мислења можам слободно да кажам дека повеќето овде имаат страшно многу големи предрасуди. Читам за некакви возови, рокови, некакви шеми и планови, небаре е ова упис на факултет па има дедлајн што не смееш да го пропуштиш! Луѓе, секој си гради свој живот според своите желби и можности. А за оние кои ги спомнуваа тие рокови - баш ме интересира како реагирате кога ви се случува нешто сосема неочекувано во животот што не е дел од вашата агенда.
Секој со својата среќа. Не постои идеална возраст. Моја блиска пријателка идеше со дечко и скоро 6 години, значи од средно до 2ра на факс. И дојде време почна да ја напиња за брак од околку. А он ни завршено образование ни сигурна работа. И полека ја спукаа работата, сега он е верен или во брак. Не му требаше мн време за година дена си најде жена, си ја изреализира намерата. А исто и другарка ми е среќна две годишна врска. Според мене не е битно дали на 25 или на 35 години ке се омажиш, битно е да се осеќаш сигурно во чувствата спрема партнерот, да имаат двајцата колку толку стабилни приходи и после се само по себе ќе си дојде во ред
Како прво ако целта е да заврши факултет тоа се завршува на 22 год. + магистерска 24год. имаш време и за шетање, учење и работење. Јас сум пример за тоа, работам од 18 паралелно излегував секоја недела,одев на редовни студии, се гледав со моето тогашно момче(сегашен вереник).Додека другите лежеа јас работев, додека некои спиеја јас учев, дипломирав, запознав различни луѓе, научив ред и дисциплина, изградив стил и карактер.Бев Париз, Рим, Барселона,Верона, Венеција, Виена, Монте Карло, Монако итн.На неколку места слушнав и прочитав за родилки јас не го измислив тоа. Медицината оди напред ама ние не остануваме засекогаш млади за да растеме и уживаме растејќи деца.Се во свое време, By the way која жена може да има 35 години а да нема маж за секс, тоа ти е потреба.На 23 години секоја вечер бе срам го прават со различни,а не после десетина години, сигурно нема да се чува на 35 невина. Алал за исклучоци кои се реткост во денешно време ама јас сум многу негативно изненадена од денешнава младина која е резултат на немањето време родителите да им посветат внимание бидејќи се презафатени обезбедувајќи им услови за тие да се расипуваат. Има многу кои го делат моето мислење.
Да но не секој завршува факултет во рок иако го дадов тоа како пример не мора да значи дека стриктно за образвоанието треба некој да се држи и според тоа да го води својот живот. На апсолвентска ексурзија повекето биле верувам местава што си ги набројала се од апсолвентската.Ти си нашла работа но колкумина од тука се без работа?!? На некој не му е тоа битно си вели ок и да не работам ако сопругот работи тој ке носи пари дома ке скрпиме крај со крај,но некој си вели Зошто само тој да работи сакам и јас да работам. Секој сам си ги поставува правилата на игра во својот живот и не ни моја а богами ни твоја работа да солиме памет дали нивните избори се паметни или не . Некој има цел во животот да ги достигне звездите,да го најде лекот за рак и сида,да стане генерален директор ...Исто како што за некој најголемата желба во животот му е да го гушне своето бебе и животот да му го посвети на него.И едните и другите го прават тоа што го сакаат и тоа што ги исполнува и и едните и другите немаат должност никому да полагаат сметка за своите избори. Никој нема право да навлегува во интимата на останатите.Никој нема право да ги суди изборите и одлуките на останатите,а ти се дрзна да кажуваш дека некоја е немажена затоа што со проштење се еб**а со кој стигне .Ма немој молим те. И зирна во креветот па што си толку сигурна во тоа ?!? Научени сме да живееме со предрасуди,со желба за омаловажување и навреда. Желбата за супериорност во поглед на другите не залепува и не отупува. Ако тебе ти смета да бидеш постара мајка некому не му смета. И боље што не му смета.Наместо за 10 години да ги исфрла своите фрустрации заради неостварените соништа во младоста врз детето,боље нека почека колку и да треба . Доволно ми е тоа што неодамна имав прилика да седам во друштво за женет маж кој жив срекен збореше како таа вечер жената му дала излаз до 4 саат,се начука во први 30мин ,се надува со џоинти во наредни саат време а остатокот од вечерта го помина во солење памет од типот на -Никогаш не се женете. Ете го го завршил своето на 26 години,напраил дете на 27 за да на 30 го прави овој муабет. Не фала.Ниту ми треба некој таков а ниту па јас сакам да бидам како него после некое време. Возот мој споро се движи никаде не брза,својата дестинација ке ја стигне кога ке му дојде време без да го ставам у 4та брзина. Џабе не рекле-Брза кучка слепи кучиња рага. Секоја чест на оние кои се избориле за својата срека .Без разлика дали таа срека ја нашле на 20 години или на 35 години.
Која пракса докажува дека нервите на 25 и на 35, 40 не се исти???? Еве моите нерви се исти како на 25 така сега на 33, ниту еднаш не сум повишила тон на малиот, без проблем се носам со неговата хиперактивност, ништо не ми е тешко да направам за синот или сопругот. Нервите ми се зачувани затоа што ништо не ми фали, сите (повеќето) коцки ми беа наредени па после се одлучив на брак и деца, не чекам ни од мои, ни од негови, никој нема право да ми се меша во животот, го живеаме онака како што сакаме со сопругот. Нервите се кинат и на 20 години ако си мажена имаш дете а немаш ни памперс да му купиш а камоли нешто друго и чекаш од неговите или твоите да ти подадат. Јас сум 33 очекувам секој ден да се породам со второ дете, ако поминам добро со ово второто до 35 ќе родам и трето. Не размислувам од аспект на тоа дали ќе дочекам внуци или дали ќе бидам најстара мајка на родителска такви размислување ми се безвезе затоа што мајка ми беше млада мајка па не дочека ни полнолетство на сопствените деца а камоли внуци. Никоја не знае што носи денот утре а не тек да знае дали ќе биде млада баба или не. Мене ми е важно дека на децата како финансиски независни и зрели личности можеме со сопругот да им пружиме првенствено многу љубов, време затоа што не морам да се брзам да се вратам на работа и се што мислиме дека им е потребно, за ништо да не се стискаме. Време за брак и деца (за тие што сакаат деца) е кога ќе се почувствуваш спремна самостално да се носиш со сите обврски кои ги носи бракот и децата, кога ќе почувствуваш дека е тоа, тоа, не сакаш ништо повеќе од тоа да го поминеш животот со избраникот, без обзир на тоа дали си 25, 35 или 50 go for it. Постара родилка се рачуна жена првородка со над 40 години, границата е поместена, да ама нагоре не надолу, порано беше 35 сега е 40 според СЗО
Абре вие нормални ли сте, села, стројници, бирање, стари моми и што ти уште не сте испотрескале во темава. Дотолку ли не сфаќате дека упатувате многу ниски навреди, со ептен глупи зборови и тези. Плус, јас не сфаќам од каде вам правото овде јавно да обелоденувате туѓи животни приказни, па макар и на ваши блиски, не мислите ли како тој некој доколку случајно се пронајде како бедно и изневерно би се почуствувал. Споделувајте ваши лични искуства, туѓи споменувајте, ама не раскажувајте цели животни стории-крајно глупаво е. Не можете туку така да се расфралте со зборови од типот дека ако жена роди на 35 години, ќе била стара мајка, немала да дочека да биде баба и слични бабини деветини. Срамота е. Јас сум за тоа да се чека пред превземање конкретни животни одлуки, иако и сама сум исклучок од тоа, сепак подржувам, особено кога станува збор за деца. За брак ајде, може и леб и сол да јадеме и ќе преживееме, ама деца се друга приказна, други одговорности, повеќе финансии и сл. Воопшто не ги оправдувам, дури и до одреден степен ги осудувам оние млади родители кои иако не можат самите себе да си пружат нормален и лагоден живот, се одлучиле да створат дете. Па тоа дете треба да се згрижи, да се храни, да се облекува и најбитното да се воспитува и расне. Јас не би се одлучила да раѓам до оној момент додека не осетам дека сум психички и финансиски спремна за тоа. Не сакам да мислам дали ќе имам доволно памперси да го поминам денот, ниту едно јаболко да го делам на четвртини и да го чувам во фрижидер, а од друга страна не сакам мојата моментална недозреаност која ја чувствувам во моментов да ја надополнувам за сметка на моето дете. Незнам, можеби за одредено време ќе бидам финасиски спремна да имам дете, но ако и тогаш како и сега чувствувам дека не сум способна да се носам со одговорноста мајка, ќе чекам до оној момент кога ќе можам да се остварам и целосно посветам на мајчинството, зошто за мене да се биде мајка или родител, не е само раѓањето, менување пелени и хранење, баш напротив тој моментум го доживувам многу подлабоко, посериозно и почуствително. Па додека тие две точки не ми се поклопат нема да раѓам, можеби тоа ќе биде на 25, можеби на 30 а не гледам зошто да не и на 35 или 40. И никој, ама апсолутно никој нема право да ги осудува, навредува и исмева моите одлуки. На крајот на краишта, ако никогаш не се почуствувам спремна да бидам нечија жена и мајка, помирна ќе ми биде совеста ако останам сама, отколку силум да си го загорчам својот а и туѓите животи. Подобро ќе ми биде и воопшто да не се реализирам во улогата на мајка, отколку да пробам и да не успеам, тоа за мене е најголемата казна и грешка која никогаш не би си ја простила. Апсолутно просто ќе ми биде оправдувањето дека сите тие глупости сум ги направила само за да бидам млада мајка на родителска и да исчекам внуци. И наместо да си ги оговарате и осудувате вашите вујни, тетки, стрини по форумов подржете ги, никогаш не е доцна човек да си ги исполни своите сништа. Не ми се верува дека за 38 годишен човек велите дека имал уште малку време за живеење, малку глупо ми е, ама ќе ве прашам колку години имаат вашите родители?
За мене е срамота девојче на 18 да се мажи. Сериозно, срам ми е кога слушам такви приказни, во ова време кога жената има можност да се еманципира, образова, да се прошета, самата да заработи. Дадена ни е слободата на избор, а ние упорно се враќаме назад. Кога ве читам вака, сфаќам дека вие не сакате да одите ниту на факултет, ниту да видите што може да сторите со себе, кој ви е максимумот, освен да се омажите и да раѓате деца. Не дека тоа е лошо или погрешно, што има лошо во тоа да се биде нечија жена и мајка, но вам приматот и фокусот ви е фиксиран само на таа мисла и жално е што сметате дека животот ви пропаднал или е за срам или смеа, ако тоа не ви остварено. Мислам дека повеќе од половина сте во состојба да трпите неуспешни бракови, одвратни сопрузи, немаштија и фрустрации, едноставно несреќен живот, само за пред светот да се претставите како млада мајка и сопруга. Значи да повторам, мене ми е срам девојче - неизживеано, мутавко, неискусно, незрела краставица да изигрува возрасна жена и мајка. Некоја се најде навредена? Веројатно не повеќе од сите оние 35 годишни за кои е изјавено дека „За жена срамота е на 35 години да се мажи“. Ако прерано стапување во брак по секоја цена и инстантно раѓање на детенце по секоја цена исто не е раѓање набрзина, не знам што има побрзинско од тоа. И Најубава е во право, преку таквото од туѓи приказни и туѓи стории и судбини. Не попусто се рекло - секој нека си гледа за себе. Мојата и твојата приказна не се исти. Нема мојот живот да го темелам на туѓи среќни или горчливи искуства, да се угледувам на нив, да ме заплашуваат или мотивираат.
Во глобала се согласувам со постов, никој никого не може да го присили на брак, никој никого не смее да му рече-ајде земајте се, време Ви е, што чекате....секој сам си ја креира својата иднина. Туку само онака да прашам, чисто колку за дискусија, а не за навреда или осуда. ...кога си значите толку еден на друг, кога се почитувате, имате заеднички цели, идеали, соништа....вработени сте и двајцата, мислам дека имам прочитано и дека заедно живеете и ете 7 год. сте заедно....Па онака да прашам што Ве спречува заедно да ги проширувате видиците и да живеете ете баш во брак. Зарем во брак нема да можете да напредувате во кариерата, нема да можете да се надоградувате, нема да шетате, да видите и запознаете други места и луѓе итн. итн. ....зарем бракот до толку ќе Ви ги скрати крилјата и нема да можете да го постигнете она што сте го наумиле, зарем еден лист хартија толку многу ќе Ви ги смени плановите.... Ете на Вас според ова напишаново можеме да речеме дека ако не целосно, тогаш делумно (пр. решено станбено прашање, двајцата вработени и сл.) коцките Ви се наредни, па ајде она глупо прашање бидејќи и насловот на темата е таков -што чекате?
Леле Лолита, жити бога не ми се обраќај на Вие, те молам За наредени коцките не се баш, мене работата не ми е по струка, и сакам да ја сменам, ама не оди некако....не е ни нешто најсигурна, овде кај мене во рок од неколу саати се менуваат некои работи. Станот не е наш, ни мој, ни негов, така што со тоа имаме проблем. Освен тоа, не сме нон стоп таму, одиме и по дома некој ден, заради одредени причини, да не замарам непотребно со детали. Иако, во последно време не размислуваме многу околу тоа, зашто и онака работиме на заминување од државава. Листот хартија во случајов многу ќе ни помогне Секако, со „решен статус“ ќе заминеме Веќе сме зборувале многу пати за тоа, си знаеме што и како треба да се направи. Инаку, едвај чекам да ги проживеам набројаните работи во брак со него Нормално дека и во брак може да се напредува, да се надоградуваме и шетаме итн ин....имам таков пример, сестра ми ми е доказ дека сите тие работи во брак се уште поубави Одамна расчистив дека бракот како брак нема нешто значајно да ми промени во однос на тоа Се надевам дека не бев погрешно разбрана-воопшто не осудувам ако некој се омажи на 20 години, или пак остане сам цел живот. Секој со својата замисла како сака да го помине животот, па дали тоа вклучува посветување на семејство уште од многу млади, секој сам си го прави изборот кој мисли дека е вистинскиот.
Zelenooka Vie bese nameneto za vas dvajca, ti I decko ti, kako mnozina ete znaci ima uste shto da se ceka, ama sekogash ima Zalam shto nemozam da prodolzam so diskusija sega, maliov mi stana....posle kje se docitame
Епа ме збуни со големата буква Секогаш има уште нешто, тоа е.....изгледа за најубавите работи секогаш се чека, а за ова знам дека вреди да почекам уште малку