Ок те сфаќам и се согласувам. Секој си има некаква логика и некаков план по кој се води, не само за ова туку и за се друго во животот. Ете твојот излегол одличен. Ама јас во мојот пост си зборев за себе. Јас сум поживчана, не сум толку смирена и затоа тоа го наведов само како еден пример за мене лично, а не општо дека за сите важи. Смешно би било да генерализирам. Секој си има свој карактер. Кажав јас како замислувам или имам план да биде. Ама кажав и дека тоа е само план и не мора да значи дека ќе биде така. Како и да е, пак ќе кажам зборев за мислењето и планот мој сопствен, не сакам недоразбирања да излезат. Инаку кажав и претходно на претходниот пост и сега пак ќе кажам не се мешам кај никого. Зашто секој си знае за себе. Секој сам си ги крои плановите, кај секого различни фактори влијаат на неговата одлука. Не можеме да знаеме ние кој, како, зошто и кога. Не ме ни интересира. Не сакам ни да помислам да се мешам, осудувам или солам памет на личности кои се возрасни и кои самите можат да носат одлуки.
Kako i predhodno taka i sega Se vo svoe vreme. Ama mnogumina neznaat da napravat se vo svoe vreme pa gi pomestuvaat Normalnite granici na ziveenje. Toa ti e isto kako vozac na 30 i vozac na 60.Koj e podobar? Mnogumina ke kazat toj na 30 epa normalno koga fizicki se ti otkazuva na 60. Ne bidete bukvalisti, godinite i sluckite se otprilika napisani e sega ako ve pogodile godinite a ne ste mazeni togas . Rabotete na celite vo zivitot, za da imate nervo posle 45 za raganje na deca samo prirodata da ne ve pobedi so menopauza
Првобитно, само по насловот, темата ја разбрав како чекање на заокружување на сите материјални и формално образовни процеси па потоа тек брак. И дали да се чека комплетно да се средат па да се влегува во заедница од брак. Но , кога прочитав неколку последни постови, не се зачудив, кај нас очекувани се и знам дека владеат милион предрасуди и анахрони размислувања, само не ги очекував и под капата на овој наслов. Јас не чекав 35 за да се омажам, тоагаш го направив тоа зошто тогаш се појави човекот со кој јас сакав да го започнувам и завршувам секој ден. Дали ќе се одлучев на 22 години да се омажам одма за него незнам ама сигурно ќе си уживавме во љубовта и ќе чекавме да си го дооформиме образованието, да си се вработиме, да си поуживаме заедно но и поединечно со пријателите.. Незнам.. Јас сега знам да му кажам често, зборејќи си за некој настан на кој двајцата оделно сме биле кога не сме се ни познавале, да му речам што не ми мафна тогаш. И исто ,,е да се запознавме пред 10 години сега веќе ќе си имавме посредена материјална состојба, вака допрва решавање на станбено прашање, па сушалка за алишта, па фалела и метла и лопатче за ѓубре..,, Значи правило е дека нема правило, но не во брак по секоја цена и не со главата во зид. Навистина се што е наше си доаѓа, на некој на 18, на некој на 52. А мајчинството е прифатливо за секоја жена која е зрела и сака да се реализира како мајка. Зрелоста може е физички по слаба, но затоа носи спокојство, и далеку појака трпеливост. Не е точно дека помладите се посмирени, зрелоста носи мудрост а мудроста смиреност. Така да повозрасните родители, може физички потешко се носат со обврските околу одгледувањето на децата, но затоа нивната иживеаност и смиреност е благодет во оформувањето на карактерот на децата. Е сега не за џабе рекле е роди де баба дете, е неможе. Значи сепак биолошкиот часовник си работи, но бракот не секогаш априори значи и заедница и со деца. Јас би сакал да се реализирам наскоро како мајка, и ете помалку работиме веќе на темата бебче. Се надевам дека годините нема да ми бидат пречка брзо да си го оплодиме нашиот труд. Несме многу ажурни за сега, се е опуштено, без калкулации ама ќе видиме. И млади феминки 35 не се ,могу години, не, не.. Гледате и јас пишувам на форуми.
The 30's are new 20's! Кажано и докажано, во глобала. Од ограничено размислување полошо нема, животов не можете да го осетите убаво и во цела негова смисла размислувајќи така. Луѓе, жени ... дојдено е време на сопствен избор. Еманципација, образование, независност, индивидуалност ... Без предрасуди ве молам, не назадувајте, размислувајте подалеку од вашето ограничување и правете избори. Живејте го животот пред се за себе ... Не за другите. Најважно е кога и да си ги поредите коцките, важно е вие да е чувствувате исполнети, а не празни. И едно да се знае, не се оди по вашите желби, очекувања и вашиот сопствен план. И не секој може да има се подредено во животов.
Морам. Јас кога бев момичка (ете ја старата досадната тетка), немавме ни кабелски ни интернети ни тракатанци, и растени бевме со тоа што општеството ти го покажува. Пикчр озгора на тоа и селски живот = идила. Ретки беа тие млади што одеа на факултет во Скопје, и за нив немаше гаранција за вработување, ама за разлика од сега, многу млади остануваа само со средно. Збориме нешто пред 15-20 години, кога повеќето на форумот сте биле бебиња. Лично моја школска од осмо заврши со образование до осмо, ниту средно не одеше а не да збориме за факултет. Како стоеја работите, која како завршеше средно беше спремна за мажачка. Имаше и такви што не завршија ни средно, ама, нормата беше од прилика таа, завршиш средно и имаш фора од година две да се омажиш. Да. Ако не успееш да ги превариш другарките, сето друштво ти се испомажи, не ти личи да си бараш помлади другарки за излегување кои веќе зреат за мажачка и некои те претркнат дури, па се затвориш дома и седиш со мама, и така официјално станеш стара мома на 20 години. Почнат тетките да те викаат на гости оти имаат некој ергенин од маалото нивно кој останал и он така сам, стар сиромав на некои 28 години, па „случајно„ се најдете на кафе кај тетка, да ве здружат(наместат) . Мислите дека се зафркавам? Кога денес толку е на тасна таа слобода на една млада девојка, наместо да ја граба со двете раце и да живее бира да се врати две декади наназад... ај да не типкам повеќе оти ме заболе палецот. Артритис, стари години, што да се прави
И мене не ми е јасно На 22 факс на 23 работа на 24 мажачка , стигнав ли 25 ми отиде возот Кога немаш соодветен партнер и 40 да имаш не е важно , најважното го немаш ... Но како што разбрав темата е за двајца што веќе се во врска , доволно зрели но чекаат некоја финансиска стабилност да влезат во брак . Нормално е да чекаат бе луѓе , од што ќе живеат ? Барем да имаат да платат сметки и храна а за натаму заеднички ќе градат ... А и двајцата седиме дома и ќе се бутнеме во собче со мама и тато и ќе бидеме среќни оти нели иде возот Дури и врската да е идеална , може да се распадне под тој притисок , кој влетувал во соба , кој направил ручек кој зачистил ... За млад брачен пар е потребно некоја си интимност и заедничко катче .. Дали би чекала се од тоа што сум зацртала да ми се оствари ? Искрено не , но да имаме доволно за да можеме заедно да градиме живот , некоја стратна точка . Гледам се коментира и за долги врски , каде дечкото нема абер од женачка Јас пак не ги осудувам девојките , кои сакаат да бидат на чисто и да знаат каде стојат .. За брак се потребни двајца кои имаат заеднички ставови , желби и планови . И најважано слични замисли како би го живееле животот .Ако кај вас се пробудил мајчински инстикт и желба за свое катче каде ќе живеете со љубениот и ќе градите фамилија , а пак на друга страна вашиот партнер на тоа гледа како на ропство и сака да живее ергенски живот , тоа значи дека тој партнер не ви одговара , немате исти желби и замисли за животот .. Еве и јас ќе се послужам со пример не ме карајте Моја роднина раскина 5 годишна врска , вели врската им почнала несериозно се заљубиле убаво им било и не мислеле на иднината , во тој период имале слични желби , да се прошетаат и да се љубат затоа и си одговарале .. Но луѓето и приоритетите се менуваат , кај неа се појавило желба за заеднички живот кај него не , дури и се изјаснил дека за 10 години не планира брак , со тешко срце му раскина со зборовите дека многу го сака но дека имаат различни желби и патиштата повеќе не им се исти И тоа е тоа , таа сега е мажена а тој уште не е , и сеуште си живее ергенски живот и негова работа , кој како сака ќе си го живее животот . Не гледам ништо лошо во тоа , сериозно да се разговара со партнерот и да се види дали имате исти желби а не само да се вртите во круг .. А за тоа дека е срамота да се мажиш на 35 Кој како ќе си ги намести коцките сите имаат различни животни приказни .. Не можеме да живееме по шема и да сакаме , животот е непредвидлив
И јас мислам така. Јас и маж ми имавме исти желби и сфаќања, па кога бевме подготвени решивме да се венчаме. Ако немавме услови, ќе чекавме уште. Не велам дека тие што имаат над 30 години, не се способни да раѓаат. Не знаеш што ти носи животот. Пред да се запознаам со маж ми, постојано велев дека нема шанси да се омажам пред 30 години. Ама, се случи спротивното. А приказната на другарка ми ја наведов како пример. Ако партнерите немаат исти цели во животот, не знам зошто би биле заедно. Секој си знае за себе.
СИТЕ ШТО САКААТ ДА БИДАТ ДОЦНИ МАЈКИ, ИМА МНОГУ СТАТИИ НА ФЕМИНА, АМА ЈАС ЈА ИЗДВОИВ ОВАА: http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2 ... 1%82%D0%B5 Ако жените имаат по 35,40 години во современиот свет е ок и вие ако сте (не се палете како шкорче). Ама тоа не е природно. Се оди против природата. Современиот свет во кој владее жената не е еднаков на природниот процес на телото. И вие несакате, ама го правиме ние самите таков(жените). А за посветување внимание и да си ги воспитаме децата за тоа нема ни минута време затоа ретко е денес да сретнеш културно дете воспитано. Затоа работете задоволете си ги потребите, а децата во училиште ќе ги воспитаат.
^Што ли ќе правиш ти ако случајно не можеш да останеш бремена и бидеш една од тие доцни мајки Нема да го родиш ако си преку 30 години или ??????????
Не знам, повеќето мои другарки родија деца после 30тата (а и јас планирам сега после 35), и некако уште ми се гледаат нормални и тие и децата. Мора да е до мене проблемот.
Тие на 35 се мажат а на 40 раѓаат. Најчесто го прават тоа за да не останат сами после 50.А од љубов ретко.
Зошто трескате глупости Факт е дека повозрасните мајки имаат повеќе време за децата а не обратно . кога си млад не е само мајчинството , не си докажан на работа ,па мора да се преокупираш и со тоа , одиш на обуки и семинари ..Ако не е работата ги мачат други бубачки .Колку и да викаме дека годините не се битни за зрелост , некои работи доаѓаат само со животно искуство . Жена над 30 која е остварена професионално и обезбедена материјално ,може целосно да се посвети на одгледувањето дете бидејки нема други дистракции .. Мајка ми тврди дека мене најубаво ме воспитала може има влијание тоа што не сум прво дете и имала искуство веќе но ме родила на 34 години , на работа била средена и имала време за мене . И демек најпаметна сум била дека сум дете од стара мајка И нервите биле други на 25 и 35 , не знам за вас јас сум сеуште млада ама со годините станувам мудра и смирена не хистерична и лабилна не би требало да оди обратно Јас не сакам да кажам дека сите млади мајки не се добри мајки , туку дека реално е дека кога си среден со се имаш повеќе време за детето . Раѓајте деца кога вие ќе посакате бидејки тоа е интимна одлука и ич да не ве интересира другите кога ќе родат , и демек нема да ги воспитале оти биле постари
Годините носат животно искуство кое не се купува со пари. Тој што видел повеќе, прошетал повеќе, знае повеќе.
Знам дека сум офф топик, ама морав нешто да кажам - Cacuvche, искрено по твоиве коментари помислив дека си некоја средовечна жена, па до некаде и можев да го разберам твојов начин на размислување. Ама сега откако видов дека имаш 24 години, се што ќе кажам е дека жал ми е што некои млади кои израснале во малку поинакво општество, имаат толку закоравени предрасуди.
Не се предрасуди туку тоа е природата. За мене тоа не е природно. А според мене природното е нормално.Нема повеќе што да се коментира и да се оценуваат личности, јас сум постигнала многу повеќе отколку тие-вие на 35год. И моите родители се горди на мене а не на тоа дека ќе имам 35 па среден живот.Животот е тркало еднаш имаш после немаш и никогаш ама баш никогаш нема се да ти биде средено ама НИКОГАШ,секогаш во животот нешто фали затоа е брачниот другар со него да изградите заеднички живот,тоа е убавината ама вие сте современи и не го разбиирате тоа,тоа може да го разберат само затуцани како мене. Јас не се плашам од животот имам човек со кој ќе изградам иднина ама заедничка, наша, а не моја или негова и ред други работи,за кои некои незнаат да си ги споделат. Размислете реално а не само на години и УЖИВАНЦИЈА.
абе која природа тетка ми на 36 го роди братучед ми, една комшика сега бремена е на 40 второ дете да, ама видиш забременила на 40 години оно дека опага плодноста точно е не викам не али не е до толку како што ти го правиш, па недај боже се дешава некои жени се лечат за да забременат и поминало време и што сега дошла таа до 30 и више готово стара е
Почнете да читате од страна 1 да не се повторуваме. Веќе е кажано тоа дека на 40 алал да им е на тие што долгу години се обидуваат за дете ама тоа не е природно на 90 да биде баба па нема да дочека да се порадува на внучиња или пак да им помогне осве ако вие современите имате толку големи плати па од 2 или 3 плата да си купите стан, а од 4 кола и така натааму да не се повторуваме.