според мене никогаш не треба да се чека на се, бидејки ако се чека на се никогаш нема да се одлучите на овој момент, ке чекате да завршите факлутет, потоа ке чекате да се вработите, па ке чекате да најдете работа, па ке чекате да запечлите ама животот не чека !
А што има врска современоста со големите плати или што има врска тоа со купување стан со 2,3 плати а од 4 кола Конфузна си ми нешто И сепак не добив одговор што би правела ти доколку ете животот не ти тече според твојот веќе впишан план и останеш бремена на над 30 години??? Лесно е да се омажиш, тешко е без работа, образование итн да го одржиш тој брак и да си го прехраниш семејството без да чекаш од родителите (негови, твои ) да ви купуваат памперси.
Лесно е да се омажиш, тешко е без работа, образование итн да го одржиш тој брак и да си го прехраниш семејството без да чекаш од родителите (негови, твои ) да ви купуваат пак КАКО ПРВО НИКОЈ НЕМОЖЕ ДА ЗАСТАНЕ НА СВОИ НОЗЕ САМ МУ ТРЕБА ПОТКРЕПА. ВТОРО НЕ СУМ КОНФУЗНА ТУКУ САРКАСТИЧНА И ЦИНИЧНА ВИЕ ТАКА ПИШУВАТЕ ПА И ЈАС ТАКА НАПИШАВ. ТРЕТО СЕ МАЖАТ НА 30-35-38 А ЗА ДЕТЕ ПЛУС 1-2 ПА И 3 ГОДИНИ ЗА ПРВО А ТОА СЕ 32-36-40 НА ТИЕ ГОДИНИ РАЃААТ.А ЗА ВТОРО ПОСЛЕ 47ГОДИНИ.СПОРЕД ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ,А БИДЕЈЌИ НЕ СУМ ТИ ОДГОВОРИЛА НА ТВОЕТО ПРАШАЊЕ ЕВЕ ТИ ОДГОВОР ИМАМ 24 ЗА ДО 40 ИМА УШТЕ 16 ЦЕЛИ ГОДИНИ ВО БРАК АКО ЦЕЛИШ НА ДЕТЕ.ЈАС ЦЕЛАМ НА ЗЕМАЊЕ НА МАЖ И ЖЕНА ВО БРАЧНА ЗАЕДНИЦА.МЛАДИ СМЕ, НЕ СТАРИ СО ИН ВИТРА.
^Нема потреба од толку нервоза и напнатост, смири живците ќе ти требаат за гледање деца Или не разбираш или така ти чини Ете ти ќе се мажиш на 24,25 што ќе правиш ако ете не останеш бремена веднаш туку ти се потребни повеќе години за тоа, ќе се откажеш од потомство за да не бидеш доцна мајка или сепак ќе си родиш без обзир на годините. За поткрепата од родителите не знам што да кажам ако на тоа уво си влегуваш во брак браво за тебе, повеќето нормални парови посакуваат да бидат барем финансиски независни ако ништо повеќе, секој со своето видување. Искрено не можам да те разберам од каде толкава омраза наспрема тие што одлучуваат подоцна да се омажаат и да родат, каква врска имаат тие со твојот живот?? Јас се омажив на 31, на 31 го родив првото дете, на 33 ќе го родам второто а до 40 можам да родам уште 2-3 ако имам желба зашто секако финансиски можности имам без поткрепа од родителите и плус сум без еден јајник и пола од другиот ми е отстранет така да тука нешто утната ти е математиката
Cacuvche немој бре со математикиве на колку се мажеле по за колку време деца правеле. Зошто теоретски се се уклапа , ама реалниот живот знае да биде чуден. Читам скоро ќе се мажиш, па сигурно и детенце планирате и да ти даде бог се како што си сакаш . НО биди спремна на изненадувања. И јас пред некој си десетина години имав некоја идеална слика што на колку години ќе правам и замисли ништо не испадна од мојата математика. Животот ми отиде во друг правец. Еве ти и еден пример од моето најблиско семејство. Мојот прв братучед се ожени на 24 години. И некој му велеа ууууу рано ти е за женачка машко си рано е. И тој знаеш како им одговараше " јас сакам млад татко да бидам, несакам на моите деца на дедо да им личам" истите твои муабети на колку години он кога ќе бил детето кое одделение ќе му било. И знаеш што се случи. Денес он има 34 години и уште нема деца, снаата стерелитет лечи и веќе две ин витра има правени и за жал уште не се родители. И уште се борат, сега не викаат аааа стари сме веќе, туку работат на случајот. Значи треба да се планираат работите, но како ќе се наместат коцките никогаш немажеме од напред да знаеме. Секој за себе си знае како му е правилно.
Сите сте во право, од една страна некои работи во животот не требаа да се чекаат, од друга страна, не треба ни да се избрза... Конкретно за брак, лично не би сакала да се омажам додека немам и јас и идниот сопруг работа со која ќе имаме за сметки и за храна. За деца, нели, ако се оди по план, уште веднаш по свадбата би имала, се разбира, ако сметам дека можем да ги издржувам. Сега сигурно ќе речите дека никогаш нема да се омажам, ама верувајте, и на тоа сум спремна, само да не носам цел живот на душа некое кутро детенце на кое ни пелени ни пристојно детство нема да можам да му обезбедам. Од други не ни размислувам да чекам, освен во случај да се екстремно богати.
Зимајте се, раѓајте деца, треба да расте наталитет или не? Не може да се осудат тие кои сакаат рано да родат и чувствуваат дека реализирале цел во животот само затоа што имаат маж и деца. Не треба пак, и да се осудат оние кои чекаат се да им биде средено, па да се омажат... Најмалку треба да се судат тие кои решиле дека не сакаат да се мажат, или не сакаат да раѓаат. (да не заборавиме дека секогаш може сингл жена која може да посвои дете, или да роди на покасни години, дури и да не се омажи. И да, знам прекрасни лица кои се вака израснати). Колку луѓе, толку карактери. Кој смее да каже кое решение е правилно? Правете сите како мислите дека треба и уживајте во Вашата одлука и живот, без да им судите на другите. Никогаш нема правила. Мајка ми ме родила на 24, па ја загубив кога имав 15. Друга мајка што родила на 38, ќе дочека внуци... Кое е правилото по кое се водите, па викате „Нема да дочека внуци“?.
Мразам математика ама упорно ме напнуваат со тие 40 вечерва ќе ги сонувам па претераа а што ако вака, а што ако така па аман веќе живејте си сами ако ви е убаво ееееее кога не знаете што е вистински живот. Браво за твојот братучед секоја чест се заедно прават со снаа ти. Браво за нив тие веќе се во брак и со години се обидуваат тоа е љубов. Заедничка иднина за тоа зборам цело време дека се треба да се прави заедно цел живот.А не оделно па да се мажат мнооогу подоцна(да не спомнувам години).Имаш многу право ама по форумов има личности кои се палат одма и не разбираат што сакам да кажам 100 пати им напишав за заедничка иднина во која се заедно ќе си создаваат со партнерот тоа е љубов,а они упорно прво да си завршиле факс,па потоа работа стан да купиле па на ??год на се мажеле.ЕПА УП* ЖИВОТОТ ТАКОВ ЗАШТО САКАТЕ ТАКОВ ЖИВОТ СТВАРНО НЕ РАЗБИРАМ??? Што е поентата сами да живеете и создавате без цел и волја ??? Не ми е јасно да чекате некој принц на бел коњ а да ви дојде само коњот.Сите се тепаат по добри момци на 20 години да ги зафатат и имаат долги врски си живеат живот.
А знаеш ли колку врски започнале во 20 тите со надеж и верба за брак и доживотна љубов ? Многу бе девојче , се надевам со дечкото ќе се сакате доживотно и ќе си изродите многу дечиња но не кај сите е така , колку боли кога ќе видиш блиска личност како е разочарана и скршена оти врската не успеала па ќе гледаш да ја бодриш да продолжи понатаму а не да му солиш математики како треба да побраза оти возот иде .. Човек после долга врска има потреба од опоравување за да си ја поврати вербата во себе , замисли дека ти поради некоја причина раскинеш со дечко ти дали веднаш ќе трчаш по нов оти нели ќе бидеш престарена или ќе си дадеш време и ќе се посветиш на себе ? Не сакам ништо да ти докажувам туку да си ги отвориш видиците и да сватиш дека има луѓе со различни приказни , јас сум 23 заљубена во долга врска планираме здравје и брак но никогаш не знаеш што може да се случи и во каква ситуација може да се најдеш затоа не брзај со осудите и етикетите ..
Moite vidici se daleku pogolemi od tvoite, jas imam poveke vrski edna i podolga 4 godini pa posle toa se bese vo red se se sredi ne cekav 4 godini da se oporavam placejki na drugo ramo, mi bese mnogu tesko ama te molam da ne odime do beskrajnost te molam bez preteruvanja.
Вака без да ме знаеш си заклучи се Па не знам колку си ти широкограда личност , кога секој твој збор е осуда и се ти знаеш како треба На Валето ме потсетуваш (ај да ќутам немој да се приклучи и она на темата ) Многу луѓе не брзаат веднаш да скокнат во нова врска онака ради реда за да не бидат сами , си бараат човек што им одговара и , а некогаш тој процес трае долго .. Некои немаат доволно финансиски средства и чекаат да се средат , искрено од што би ранеле деца ако немаат за нив .. Некој не е створен за брак , некој тешко наоѓа сродна душа , некој нема услови да стапи во брак , некој веднаш си ја наоѓа среќата , некој се мажи на 18 некој на 28, 38 , кој како му е желба и можности ... Која си ти да диктираш , ајде планирај свадба и не им се замарај многу на другите
до пред некое време немаше кој да коментира на темата,ќе фрли некој некоја рака буи и ој па да видеш како напнавте како муви на г значи секој си кажува свои мислења не мислиме секој исто,на кој кога ке му дојде време нека си се жени/мажи не само тензии стварате во темата ,мислам дека нема потреба !! кој кога ќе си се осеќа спремен нека си го стори тоа,а овде се наведоа неколку примери и одма караници,не требало/требало на 20 год,не требало/требало на 40 год и оп ајдеее ,темите се за дискусиии а не за кавги затоа споделувајте мислења а не да се расправате тука!!!! толку од мене ај чао
Баш така. Секој има право да си го искаже своето мислење. Што има бре одма сите да се карате? Колку што имам забележано, во темава никој не е навреден, за сите да избувнувате. Кој кога сака, тогаш нека се мажи.
Ама на некои луѓе им е интересно да се караат а да ги прашаш незнаат што сакаат да кажат ниту пак знаат што мислат и што правилно да направат.
^Ама вистина ја напна со тоа твое мажење. Ете ти ќе се мажиш,што толку си забрала гајле кога ќе се мажат другите Ми личиш на опсесивна личност
Е блазеси ти, си имала повеќе врски, една дури и 4 години Дали фактот што досега сум имала една ТИПИЧНА врска од неколку месеци во раниот пубертет, а од тогаш ете не ми се посреќило па упорно талкам барајќи си го своето поклопче, дали тоа значи дека видиците ми се со големина на зрно грашок и дека нема да биде ништо од мене? М? Да си се збогувам и од мажење и од раѓање деца?
Сакав да се повлечам, ама не можев да одолеам на прекраснава дискусија Зошто па само бракот да е заедница?? Вака додека сме во врска не создаваме заедничка иднина?? Од каде сега ова?? Зошто воопшто би биле заедно ако она што го правиме и се трудиме да го постигнеме не е за во заедница?? Не се трудиме за заедничка иднина, во заедница, како сопружници, па не се рачуна??? Мора да сме со тапија од матично, иначе не важи заедништвото, нели?? Не знам за други невенчани парови, не се мешам, но знам дека она што моментално јас и партнерот го правиме за нас двајцата и за децата кои планираме да ги имаме наскоро, здравје. Познавам и други кои истото го прават. Не можеш да знаеш зошто некој не влегува во брак, и тоа од старт веднаш да го осудиш. Нормално дека не можеме се сами да направиме во оваа наша земја, мора да се има помош од родителите, зашто ако ја нема не можеме да мрднеме, тоа е јасно, ама мораме (а богами и сакаме) дел и од нас да имаме, и ние да допринесеме барем малку за својата иднина. Ние одамна сме сфатиле дека сме еден за друг, дека тоа е тоа и она што го правиме моментално е за нас двајцата. Да не беше така, немаше да ми стои тикеров долу. Јас лично за мене си зборувам, другите сите си знаат како си прават за нив. Во врска со болдираното од твојот пост, разбираме ние и тоа многу добро, ти едноставно не сакаш да прифатиш дека некој има различни ставови и мислења, а со тоа и различен концепт за животот од тебе. Ја немал секој таа среќа, рано да го најде вистинскиот човек, и да има услови да влезе во брак. Ти си го постигнала она што си го сакала-со среќа, многу ми е мило за тоа, ама остави не и нас на раат да го постигнеме она што го сакаме-кога сакаме и како сакаме Немој да не' осудуваш кога не ни ги знаеш докрај приказните. Биди сигурна дека многу добро знаеме што правиме за себе И пред да прашаш-да, планирам да се омажам за партнерот, многу сакам. А негови деца сакам најмногу од се' на светот.
Всушност, токму во оваа тема на форумов (особено во последните страници) ќе прочиташ најмногу осуди и навреди за тоа кој како си го живее животот.
убаво е се да излезе како што си планираме но планот секогаш не излегува како што сакаме прво - годинките ќе ни отидат додека ние сакаме да -завршиме факултет -заработиме -имаме свој стан -автомобил -да си иживееме како што сакаме-одмори,излегувања итн. -да си собереме некој денар на страна -да го пронајдеме вистинскиот но годинките не чекаат -ќе бирате и вие и вас ќе ве бираат (ќе викате овој келав не ми се допага,овој ваков-таков-онаков...) а оние со непланирана бременост или на 16-17 што стапуваат во брак? сигурно имаат потешкотии како и во секој брак на почеток-золви,девери,баби,свекрви,сметки,па треба да готвиш,чистиш а не како дома принцес-таму многу не прашуваат-зависи и од личностите најдобро е да има барем едниот стабилна работа-но ретко ,во оваа држава земјоделие ќе мора...или странство да фатиш ако можеш..... јас сум и ЗА предбрачно живеење да се види што како ќе оди-нема да оди сепак секој има право на избор и да повторам не секогаш планираноо излегува како што сакаме,сепак и секој брак си носи тешкотии на почеток....
Морав ова да го издвојам - ние што не сме ги нашле партнерите во раните 20-ти години од нашите животи не живееме? Чмаеме под стаклено ѕвоно додека да ги најдеме? Дремиме по дома? Ништо што ќе постигнеме сами не ни се важи зашто не е постигнато во заедница? И како бре, без цел и волја создаваме? За кого ако не за нас самите, и зошто тогаш да биде бесцелно? Се што може со партнер да правиш, може и сам - не секој има среќа рано во животот да го најде вистинскиот човек, некому порано ќе му се посреќи, некому подоцна. Тебе ти се посреќило, а можеби и само мислиш така, времето ќе покаже. Затоа не осудувај, никогаш не знаеш што може да ти донесе животот. И да, сосема во ред е да поминеш сам некој период од животот меѓу две врски, колку сака нека биде долг. Ако ништо друго, тотално ќе си го посветиш времето себеси, и ќе знаеш што конкретно сакаш. А тоа многу значи кога бираш доживотен партнер.