1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чекање на сè....па потоа брак

Дискусија во 'Брак' започната од Snow-Queen, 9 мај 2012.

  1. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.179
    Ziti sve :geek: ...ne e ni chudo shto so vakvo razmisluvanje spremna si za brak,ama drug da ti go bere gajleto.
    Ete zashto nie kako poedinci nad triesetata godina sme chekale da sozdademe familija,poradi ovaa prichina,za da si go napravime shto polagoden zivotot so nashiot POSTAR UM i nashite deset prsti.
    Dete znaesh li ushte kolku furni leb treba da izedesh za da ja svatish celta na zivotot :emo:
     
  2. peterpan30

    peterpan30 Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    6
    секоја шанса треба да се користи и првата посериозна шанса одма брак потоа се игра да не се повредуваат чуства но тоа е невозможно ..и тогаш почнува лудилото на досада превара невера и слично пазете и бидете воздржливи сакајте се
     
  3. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    10.554
    Пол:
    Женски
    Па баш се дека чекам, не , ама дека дел од работите треба да бидат средени, тоа да. Неможам да си замислам и двајцата не вработени и ние да се залетиме ајде БРАК, ма немој |( . Што е брак ? Само да си спиеме заедно, и да си се тешиме дека не е се во парите бе |( . Барем едниот според мене мора да има стабилна работа колку-толку. Најверојатно со моите 26 години, од кои краток период работев, не дека не сакав ама едноставно не можам да најдам работа, нема да можам да обезбедам сопствен стан. Знам барем дека кај мене и дечко ми на почетокот ќе живееме под ќирија. Не дека толку немаме кров над глава, но сепак за да си ги сочуваме нервите и почитта со родителите најдобро е така. Во една куќа две жени не бива а камоли повеќе.
    Друга битна ствар, годините не ми играат некоја си улога, ајде јас 26 и морам да побрзам оти нели возот ми истекува. Ова за рагањето го напнаа навистина. Мојата матична првото дете го роди на 40 години, второто на 43. Нервите, кој си е нервозен на 20, е нервозен и на 40.
    Никогаш не сум барала партнер кој е со стамбено прашање решен. Искрено, за некој може сум шлапната но јас од секогаш се замислувам дека нашето гнездо треба да го изградиме јас и сопругот. Секогаш имав замисла за вреден партнер, кој нема се на готово од своите мама и тате . Со дечко ми сме долги години заедно. По завршувањето на факултетот тој се вработи, работеше и по две работи. Сега фала му на Господ почнаа работите полека да се средуваат и покрај тоа што не е се како што треба, но оди по нагорна линија. Затоа што тој премногу се труди и знам дека ако не дај боже останеме без работа, такви сме и двајцата нема да грицкаме нокти и да се кцаме во гради еј па ние имаме факултет, не можеме тоа да го работиме, а дома децата ни гладуваат. Кој кога е спремен за брак тогаш. Сите тие што на 30 години се омажиле мислам, за женските, ја избрале најубавата средина. Некој ќе каже еј стари мајки. Има некој на 20 личат како на 30 години да се, а уствари тоа е и најмал проблем дали јас ќе изгледам како мајка или баба, моето дете ќе знае што сум му јас :) .
    Секој си донесува одлуки кога е финансиски и психички спремен. Имам другарка која се омажи на 23 години, за после еден месец да ми вели - ''Немој да брзаш да се мажиш, ниту да рагаш деца, биди сигурна во тоа што го сакаш, немој да избрзаш како мене, незнам што си мислев кога решив да се омажам '' :| . Затоа одлуката нека биде сопствена а не наметната, од партнер или средината како налага. Своите постапки нека бидат наши цвртси одлуки, кој како сака нека прави, да не се осудува. Мене искрено уво не ми чуе ако некој ми вели дека возот ми одминува, тој чекор ќе го направам кога ќе решиме со љубовта моја :) .... ќе ве известам ;)
     
    На galijan, Sweetheart87, imelda и 7 други им се допаѓа ова.
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.461
    Пол:
    Женски
    На муабетот за старите мајки денес една колешка на мајка ми ,ми го стопи срцето.

    Жената има некои 50години најмногу. Се омажила млада и млада станала мајка.Синот и беше моја генерација. За жал ради несрекен случај почина пред 7-8 години. Жената била во многу тешка состојба и депресија до тој степен што тргнала да се самоубие бидејки не можела да го носи товарот на тагата по изгубеното дете. Постојано била под лекарства а што вика мајка ми,не личела но човек туку на жив мртовец. После некое време со сопругот решиле да посвојат дете,бидејки им требало светла точка во животот и причина за будење секое утро. Пред 5 години посвоиле девојче,куклата денес има 5 годинки. Кога ја сретнав денес жената ,таа беше најсреќното суштество што сум го видела во својот живот.
    Вистина е дека е доста постара како што кажав има најмногу 50години но на тоа дете му пружа неизмерна љубов и топлина. Да не е куклата во нејзиниот живот,јас мислам дека таа повторно би се обидела да си го одзеде животот затоа што не би имала за што да живее.

    Утре на родителска сигурно ке биде најстара мајка,но сјајот во нејзините очи кога зборува за керкичето ја затнува устата на секоја злобна реч во врска со нејзините години. Ете останала млада бремена и имала дете и верувам тој бил бил најголемиот благослов во животот што го добила,што ни едни пари работа и материјално добро не можат да го заменат но го загубила. Зарем нејзиниот живот требаше да запре со смртта да момчето?!? Зарем е грев што посакала да биде мајка па макар и на 45 години?!?

    Така да нареден пат пред да се дрзнеме да осудиме некоја повозрасна жена за своето мајчинство првин треба убаво да размислиме што ја натерало таа мајка да стане мајка на 30 или 40 години.Пред да кажеме-Види ја оваа може баба да му биде на детево, попрво треба да и се восхитиме на одлуката да биде родител бидејки не секој го може тоа и го посакува тоа.

    Има секакви животни приказни. Лошо и според мене безобразно е кога се генерализира. Кога се осудува нечија одлука и постапка. Секој има право на срека без притоа да дава отчет. Секој има право да ја зграби таа срека кога ке му куцне на врата и себично да ја чува за себе. Кај некој ке дојде порано кај некој покасно.
     
    На Lovely93, Hipica, The-Queen и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    ^никој не осудува некого ако и на 40/45 пак посака да стане родител, но родител на второ трето четврто дете....НО таа жена не по прв пат станала родител на 40.
    За мене искрено е многу да се чека 35/40та година а да нема дете (не збора ако се има здравствена пречка)
     
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    ^Добро а што ви менува на вас во животот тоа дали некоја чекала до 30, 35 или 40 години да стане прв пат мајка.
    Да не се повторувам ете јас станав мајка за прв пат на 31 што ви сменило тоа на било која од вас тука што се залагате за тоа дека треба млада (20-25) да се роди, за да станете млади баби |( итн.
    Онака најискрено не ве разбирам од каде таа негативност кон оние кои се решаваат подоцна во животот а некои и никогаш да станат мајки.
    Децата не се единствената причина за да се живее, животот и пред децата а и сега со децата ми имал смисол ;)
     
    На Anne.B, galijan, anuskaNESTLE и 9 други им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Многу "напредно" мислење. Посебно болдираниов дел. Како би се чувствувала ти кога јас сега би ти кажала дека сеуште неиспилена ќе раѓаш дете? М? Мислам... навистина. Не знам кој и како ги поставува тие "правила", ама за мене се неважечки. Како што кажав претходно, без разлика колку години имате, се додека не се чувствувате подготвени за чинот да бидете родители, не го правете тоа, па макар имале и 50 години, или обратно, ако на 18 години сте подготвени, само напред. Не дозволувајте никакви "правила" да ве условуваат.
     
    На green.eyes, Annath, Glasna и 3 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.061
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Подобро да родам дете на триесет, триесет и нешто години, откако ќе бидам психички и финансиски спремна, детето да ја добие љубовта и поткрепата која ја заслужува, отколку да го родам порано, само затоа што подоцна било касно, а детето да има мајка која се уште не била спремна за него, и да пати, да гледа дека другите деца имаат нешто тоа да нема.
     
    На anuskaNESTLE, Hipica, The-Queen и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    bittersweet и An-na ја си кажав мислење....ниту напаѓам некого ниту вреѓам....ништо од тоа. Си пишав свое мислење и толку. А вие сватете го како сакате. :emo: :)

    п.с. а тоа што мислиш дека на мои 22 јас сум неиспилена за да бидам мајка е твое мислење и воопшто не ме засега
     
  10. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.461
    Пол:
    Женски
    ^Да но ете ти не би знаела дали таа жена е по прв,втор или трет пат бремена или можеби во случајов преку посвојување мајка станата. Аналогно на тоа според ваквиот став-Не треба многу да се чека, излегува дека ти утре доколку би сретнала жена на улица од 40 години како шета дете за рака првата помисла би ти била-Види ја оваа што чекала волку за да стане мајка,а без при тоа да ги знаеш побудите за таа нејзина одлука.

    Сите теми се за дискусија тука,за развивање различни ставови. Ти имаш 21 години си бремена и сметаш дека тоа е најдобрата одлука во твојот живот,исто како што ја сметам дека најдобрата одлука во мојот живот е тоа што немам моментално деца и сум сконцентрирана кој други работи. Како што останатите не ги осудуваат оние кои решиле да станат млади мајки, сметам дека и другата страна треба тие свои ставови да ги задржи за себе. Затоа што многу глупо би било кога некој упорно би трубел и би ги осудудал оние кои на 20 години решиле да се омажат и да родат дете.

    Генерално на темава најгласни беа оние кои се или во брак од помлади години или наскоро ке влезат во брачните води. Разбирам дека ве води еуфоријата на брачниот живот и родителството,но исто така вие без да осудите треба да разберете дека некој друг го води еуфоријата на шетањето, напредувањето на работното место и сл..

    До сега немам видено негде да пишува дека е срамота или дека е грев да се стане родител на 35 години,или дека е срамота или грев да се сака да се работи на себе пред да влезеш во брачните води,или најбанално да сакаш да шеташ да учиш или да си го праиш кејфот на душичето без разлика што за тебе претставува тој кејф.
     
    На galijan, Hipica, The-Queen и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Потпис на ова. Никој никого не осудува туку си пишува свои размислување. И тоа е тоа.



    ...инаку да се надоврзам на муабетот за кога ќе сум видела постара мајка со дете....не никогаш не сум помислувала такво нешто ниту ќе помислам зошто никогаш не ја знаеш приказната на таа жена. Затоа да не си ставаме приказни и реченици во уста едни на други. ;)
     
  12. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.461
    Пол:
    Женски
    Воопшто не ти ставив туги зборови во уста затоа што кратко и јасно сама кажа дека за според тебе е многу да се чека да се стане родител на 35-40 години оствен ако не станува збор за некој здравствен проблем. А сигурно кога ке видиш некој на улица од 40 години со мало дете не идеш првин да го прашаш-Извини ти да не имаше некој здравствен проблем што волку касно стана мајка или така ти беше кејф. Не за друго пошто ако е ради здравствен проблем тогаш ти е оправдано, во спротивно Многу си чекала.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.148
    А зошто во оваа држава по дифолт мора да сакаш деца и да мечтаеш за брачен живот?? Ако не сакаш ништо од овие две работи, по автоматизам не си нормален, немаш ништо постигнато во животот и џабе си живеел!! ова многу ми иде на нерви затоа што во последно време е се поизразено... Слушам прееска разговор на две жени пред мене на каса; - Аа, епа добро, чим има 27, сигурно мисли да си оформи фамија, сите луѓе го сакаат тоа!
    Е што ако ама па ич не сака, и на крај памет не му е да оформи фамилија? Ај да се откажеме од човекот.
    Ама добро, влијаат и рекламите на владава очигледно...
    Значи, во ред е што сакате деца и брак, ама има луѓе кои не сакаат да раѓаат или пак не сакаат да се омажат/оженат. И барам да го сфатите тоа и да не ги осудувате луѓето за начинот на кој живеат.
    Сите тука се правиме дека нас ништо не не засега за другите, а први сме во етикетирање.
     
    На hermosa, Trnche, thinkerbell и 7 други им се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Јас никаде не споменав дека мислам така, напротив реков дека ако се чувствувате подготвени, слободно. Тоа за неиспилена го кажав бидејќи има и такви кои што размислуваат на тој начин и кои што во првата прилика би ти го кажале тоа. Како би се чувствувала ти тогаш? Некој да ти ровари во приватниот живот, без притоа да ги знае (а и не мора) причините зошто и како си се одлучила на тој чекор?
    Поентата ми е, пред да кажете дека за некого е касно или рано да раѓа деца, размислете кои сте вие да критикувате нечиј туѓ живот?
     
    На Hipica и Glasna им се допаѓа ова.
  15. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Обидувајќи се да добијам бебе моментално, последно што ми паѓа на памет како проблем е дека ќе бидам можеби најстара на родителската :D Искрено, додека не прочитав на фемина, и не знаев дека некој на тоа мисли :?:
    Мојот свекор на 43 години се женел (прв и единствен пат, а бил здрав, прав, високо образуван, ситуиран), денес има два возрасни, воспитани, образувани, средени сина, дочека да се радува на внуци од едниот, се надеваме и од другиот. За жал, многу слушам за луѓе кои многу порано стапувале во брак, а не го доживеале тоа. Уште повеќе за луѓе кои не чекале, се женеле/мажеле, па после децата им ги гледаат бабите и дедовците.
    Секој има своја приказна, свои желби (кои се менуваат во различни периоди од животот) и бесцелно и нефер е да се осудува било која страна.
     
    На Hipica, Bozica1980, galijan и 2 други им се допаѓа ова.
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073

    Па со вакво мислење секој би рекол дека си „неиспилена„ и недоволно здрела и возрасна жена за да бидеш мајка и да воспитуваш дете. Утре ќе го учиш да размислува вака малограѓански како тебе? Сите знаете само да покажувате со прст, а не знаете што носи во себе таа жена на 40 години која прв пат станала мајка, можеби едноставно така сакала, а можеби долги години се обидувала да добие дете. Не, не е многу да се чека до 40 години за дете, многу е да се избрзува само што побргу да се истресе и донесе на свет дете, а после да се кука што да јаде, што да облече за во школо. На крај краева секој си има свои причини, што осудувате бре многу ли било или не, роди кога сакаш и бркај работа.
    Познавам луѓе што се здрави, прави, среќно мажени/женети па несакаат да имаат деца, некој несака деца едноставно и тоа е тоа. Ама не е тоа тоа ако не е проследено со коментарите: сигурно неможат да имаат, не се нормални што несакаат деца, вештерка несака дете да роди... бла бла блаааааа |(
     
    На De-lovely, bittersweet, GordanaL и 13 други им се допаѓа ова.
  17. galijan

    galijan Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    260
    Во темата „Сакам да се омажам“ сум напишала:
    „Нема да пропадне светот ако некој воопшто не се омажи/ожени.Јас лично ќе стапам во брак бидејќи веќе се чувствувам спремна, го имам вистинскиот човек до мене и сакам да го направам тоа.Ако некој не сака да се мажи/жени веднаш е стигматизиран од околината.Навистина не ми е јасна потребата на луѓето да кажуваат како некој треба да живее.Ако не се вклопиш во тој општествен калап наречен брак, едноставно ти фали нешто, тераш кариера, се правиш наудрен.Едноставно го почитувам правото на избор на секој човек.Никого не осудувам.Можеби некој не сака брак, можеби сака да живее без тоа парче хартија.Не мора да биде осудуван заради тоа.Треба да се почитува индивидуалноста, посебноста, оригиналноста на една личност, а не да се оценува низ призмата на општествено прифатеното однесување.„
    Во надополнување ќе кажам дека еве јас се верив пред некое време, со партнерот сме одличен спој на другарство и љубов.Се познаваме долг период и функционираме супер.Инаку јас сум 28 тој 32 години.Е сега сеуште го немаме решено станбеното прашање заради некои причини кои не зависеа од нас, и одлучивме да не создаваме семејство пред тоа.Таа одлука е само наша и никој нема право да ми се меша дали, кога и колку деца ќе имам.Како да кажам а да не бидам погрешно сфатена, јас сум исполнета и среќна жена, имам прекрасен партнер, здрави и живи родители, многу пријатели, добра работа која можеби не ми обезбедува се што сакам но доволно е, добро образование.Ако господ сака да ми подари и потомство ќе бидам благодарна, ако не пак ќе бидам благодарна со се друго што имам.
     
    На Thallia, imelda, julie77 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    mims-89 :x :x :x :x :x :x :x :x :x
    Очигледно мене или не ме разбираш ти и уште неколку феминки, или не сакате да ме сватите.....ама нема врска и не се замарам. Не сакам да навлагам во мајчинството и кој каков родител е или ќе биде.
    Едноставно забегувате со темата.

    Сепак темава се вика: Чекање на сè....па потоа брак; така да оваа дискусија тука ја завршувам :)
     
  19. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Добро брее девојкии нели ова е демократска држава !? Нели секој може да си го каже мислењето ?! И зошто толку галама дигате затоа што некој сакал да роди на 20 а друг пак сакал на 40 . Па кој кога сака нека си роди бре !! Мене ич не ме интересира а и другите сигурно ;)
    И како демкратска држава ти ќе го почитуваш мислењето на другиот
    Нема потреба да го цитираш , ти пиши си друго мислење со твојот став и крај , завршен панаѓур.
    Е така ајде останете ми со здравје :hai:
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Нема потреба сега да се убедуваме кој што не сфаќа или не сака да сфати кога напишаното е многу јасно:
    Тоа НО кажува многу, ок е да се има дете на 40 години НО ако е второ или евентуално трето. Е фала многу за одобрувањето, да знам ако не ми е одобрено од одредена маса на жени да си го родам порано, ццц. :x Не бе, никој не осудува зашто. Огромна контрадикторност во една реченица.
     
    На Hipica и Hipster им се допаѓа ова.