Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чекање на сè....па потоа брак

Дискусија во 'Брак' започната од Snow-Queen, 9 мај 2012.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Кога ќе го најдеш правиот човек до тебе и на 50 не е касно да се створи семејство, брак и се остало.
    Постои и посвојување, инвитро и што се не, фала богу науката е напредна до таа мера да овозможува тоа што порано беше невозможно.

    Чекање за мене на тоа СЕ` е правиот човек за една личност, зашто ако се има слога, љубов и разбирање ќе дојде се по себе. Нормално да се има некоја финансија сигурна зашто од љубов само не се живее, нели :D

    Знам многу случаи на бракови после 40тата, и жени кои после 40 родиле дете и се среќни, ма пресреќни.
    Љубовта нема граници и не познава право или не право време, сите сме различни личности со различни потребни и размислувања и не смее НИКОЈ ама никој да кажува кога е право а кога не право време за дете или семејство, секој таа брачна зрелост ја дожуваа на различна воздраст.

    За себе лично дека сум премлада и не искалена сега на свои 22 години за брак и деца, неискусна и неизживеана, прво и прво не го има достигнато уште врвот во моето обазование, а без тоа јас не се дрзнувам ни да помислам на брак. Башка што и мажот не е најден уште. Мислам најден е ама не знае он дека е најден :rofl:
     
    На Lovely93, ilipili, Gocaa и 7 други им се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    И јас веќе ги превземав првите чекори кон наоѓање на правиот маж за мене. Еве, ако има осамени како мене
    http://mailorderhusbands.net/love/order/

    Можете да си ги додавате во корпата. Ти Џеј на пример, изгледа секси :rofl: ама бара девојка што се викала Џули (направил некогаш таква тетоважа, па да не му пропадне). Срцка :D Oд толкав избор, тешко ми е да се одлучам на кого да му пишам прво љубовно писмо :D

    Шала на страна... не можам да најдам овде никој од Канада :(
    Пардон... Рубен бил од Канада...и сакал да ме носи на Карибите! Бинго!!! :rofl:
     
    На ilipili, Hipica, mimiiiii и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Бракот не смее да биде нешто кое се планира. Вистинска трагедија е за сите девојки што животот си го поставуваат на тие темели, брачните.

    По ѓаволите, многу од вас живеат во Скопје и најверојатно никогаш нема да се вратат во своите мали градови ако не се родени во Скопје. Комшиското „леле, за греота девојчето“, веќе не постои, освен ако умот не го вклучите на тројка и се натерате себеси така да размислувате.

    Бракот е кулминација на една љубов која двајцата партнери сакаат да ја потпишат пред закон и пред Бог, не е обврска за која треба да се мисли и претураат факти од шише у чаша.

    Сите вие кои бракот го сфаќате како дестинација до која треба да се дојде кога-тогаш, знајте дека нема да уживате во него.
     
    На De-lovely, Mishela, SuperGirl24 и 12 други им се допаѓа ова.
  4. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Убави ви се размислувањата,прво чекате коцките да ви се наредат па потоа брак..хм па зарем има некој таков што се му е совршено?
    И ако имаш се факултет,работа,стан,кола и го немаш вистинскиот покрај тебе џабе е се!! Затоа сметам таа работа е најважна, ма колку и долго да се чека.
    Речиси сите имате амбиции факултет,работа што е добро за еден млад човек, но што да прават оние кои поради немање финансиски средства не успеале да се запишат на факултет или нашле пристојна работа со средно,па и оние што имаат пониска функција..не се ли тие луѓе? не треба ли тие да основаат семејство и пред се да бидат почитувани поради нивните морални вредности?
    Денес секој може да се запише на факултет и не мора да значи дека е попаметен од некој без диплома..за жал многу такви примери кај мене на факултет и шуто и рогато се запишало ќе студира :puke:
    Јас пак мислам добро е партнерите да се средени до некаде , а потоа заедно да се борат за да имаат за пристоен живот.. мислам дека може да се постигне се доколку цврсто се сака..порано или подоцна :)
     
    На Lovely93, Snow-Queen и Nati.P им се допаѓа ова.
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Основни работи, како на пример соодвенти услови за живеење и редовна плата, да. Инаку според мене не треба да се претерува затоа што секогаш по нешто ќе излегува и никогаш нема да се почувствуваме доволно спремни и одлучни. Најбитна е желбата, друго се ќе си дојде отпосле, здравје пополека. :rofl:
     
    На Cacuvche му/ѝ се допаѓа ова.
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски
    Се сложувам и со едните и со другите:
    Ако чекаме се да ни се нареди за да оформиме семејство... останавме стари моми (а и мажите ергени) :D Навистина е дека треба основни услови да се исполнат, како на пример завршено образование, и по можност работа, ама тоа е маргинално, според мене. Побитно е да се има постигнато зрелост во размислувањата, и постапките. Има многу парови кои почнале од нула, па со тек на време си обезбедиле услови за убав живот. Нели заедно сме посилни?
    1. Во нашата државичка не постои нешто како - стабилна работа!!!
    2. И се има ''стабилна'' работа, а родителите не ви обезбедиле стан/куќа, ќе треба да плаќаш кредит 20-30 години. Алал нека му е на кој му се чека толку. На 60 години џабе ке се земаш со некој.
    3. Сите го забораваат биолошкиот часовник. Чекајќи се да ти се нареди во животот, со тек на годините, се намалуваат шансите за бременост. Џабе си чекал работа и стан, ако веќе ти е доцна за бременост. (нели колку повозрасни, толку поризична е бременоста).

    Од друга страна пак, 18 годишни, уште зелени во мозоците, не се донашетале доволно по диска и кафичи, не искусиле ништо во животот, ќе избрзаат, и после си ја чукаат главата. Не знаат како да се справат со проблеми, (едниствен проблем до тогаш во животот бил како да ја поправам единицата по математика), не се ни потрудиле некогаш да побараат работа. Јаделе само мама шо ќе зготви итн итн. И тоа не го бидува, ма да имало и такви успешни бракови, секоја чест.

    Наравоучение: Поживејте ја младоста, уживајте во нејзините убавини со друштво, пријатели, дечко/девојка, искусете ги лошите и добрите страни на животот. Така се постигнува зрелост! После тоа, не му ја мислете многу, ако ја имате саканата личност покрај себе. Ќе си стекнете тоа што ви треба заедно, со љубов. желба и разбирање.

    P.S.
    Да имаме повеќе деца, ни паѓа наталитетот :P
     
    На Cacuvche му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Што направивте вие што чекавте на СЕ ...па потоа брак?? Бидна ли нешто, купивте ли станови и коли или можеби куќа изградивте??? :lol: :lol: :lol:
     
    На Saricko и Nati.P им се допаѓа ова.
  8. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.522
    Пол:
    Женски
    Да.
     
    На De-lovely, cocoa28, baby-star и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.986
    Допаѓања:
    12.685
    Тешко дека ќе имаме се, ама барем плати редовни и после може да се планира брак, семејство.
     
  10. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Факултет, плати па потоа може брак, секако сега сме млади за тој чекор.
     
  11. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Ние завршивме факултет и двајцата, за една година направивме карабина, свадба и бебенце, ама од сигурна работа во која сме подолги години (бевме колеги) јас работев додека студирав, сега и двајцата сме без работа. За среќа неможат мене да ми дадат отказ поради бременост ама откако ќе ми заврши ме чека отказ како што доби мојот сопруг. И сега што да се разведеме?? Ништо не е сигурно во денешно време затоа подобро да се размисли на време. Сега правиме дом за нас и нашето бебе со помош од моите инаку се сами си постигнавме со платите, ако бевме под кирија незнам навистина како ќе завршевме. Не се предаваме со слога и љубов се се постигнува и ние не потклекнуваме одиме само напред. :)
     
    На SV1911, Hipica и lealealea им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.260
    Допаѓања:
    113.614
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Секоја чест за напишаново :)
     
    На nene88, Hipster, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    67.497
    Брак со вистинскиот човек покрај тебе е бесконечна среќа. Кога - тогаш, каj некои порано, каj некои подоцна... Ние со маж ми за брак не чекавме додека изнакупиме стан, автомобил и сл., но за деца ќе почекаме баш од овие причини. И тоа.
     
  14. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.442
    Нормално дека не, само добро е да се заврши тоа што се почнало. Пример јас сакам да го завршам факултетов па да се мажам, а за работа кога ќе ми се посреќи тогаш.
     
  15. vivi.davvero

    vivi.davvero Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    24
    Ја читам темата од почеток и видов многу различни мислења... Ај и јас да го кажам своето. Јас мислам дека доколку човек е сигурен во партнерот, го познава добро и е спремен да остане со него/неа цел живот треба да се одлучи на тој чекор (и притоа да се прифати партнерот таков каков што е). Јас кога се омажив не работев, имав уште дипломска за правење. И тоа бидна и потоа се вработив. Никогаш не може човек да има се, никогаш не е задоволен и колку повеќе се размислува и се навлегува во работите толку понесигурни стануваме. Уште немаме дечиња,а стамбеното прашање не ни е решено. Се одлучивме на брак и тоа не е толку страшно како што изгледа :D . Меѓутоа јас би почекала за дечиња... само поради стамбеното прашање. Многу се грижам за тоа. Кажете како купувате станови? :D
    Со оглед на тоа какви се работите овде кај нас, којзнае дали ќе стигнеме да купиме стан. Овде мислам на договори на определено време на работа и се останато што буквално виси на конец. Ама се бориме! :muscle: Па здравје изгледа, за некое време сигурно и јас ќе се појавам во трудничките муабети, нема кај да бегам. :D Само едно ќе кажам во брак не е едноставно треба многу разбирање, поддршка и слога! Не се оптеретувајте со годините, одлучете се на брак кога ќе бидете спремни, тука нема грешно и точно, секој со својот фестивал. Некој Сан Ремо, некој Цветници :D :*
     
    На Lovely93, Chupe, Bozica1980 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Е тука е грешката. Грешката е во тоа што 95% од луѓето се задоволуваат со Цветници. Секој човек треба да се стреми кон Сан Ремо, зашто сечиј живот заслужува да биде најдобар што е возможно. Исто и сечиј брак.

    Бракот не е нешто кое е задолжително, особено во 21 век кога во модерниот свет, каде и Македонија се стреми, има огромна стапка на разводи. Свадбата и веридбата се денови со многу радост и уживање, зашто се убава свеченост, но самиот брак, е само заменето име за „сериозна врска“.

    Ако веќе се мажите и жените, направете го тоа како да е Сан Ремо или не го правете воопшто.
     
  17. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.280
    Допаѓања:
    147.161
    Пол:
    Женски
    и по твојава логика ако не се достигне сан ремо бракот не е вреден и не треба да постои?!
     
  18. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Па да, извини што се ценам доволно за да го сакам најдоброто за себе. Ти ако сакаш да имаш клошар, без пари, без два грама памет и да му родиш деца кои ќе личат у главите на кофи за ѓубре, оние зелените што стојат пред двор за комуналец да ги собере, АМА ДА СИ ВЕНЧАНА, тоа си е твое право. :hai:
     
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.306
    Пол:
    Женски
    За секого неговата свадба е Сан Ремо, да се разбереме, за мене мојата свадба беше најубава на цел свет, имав најубава музика, најубаво мени, најубава венчаница, најубава торта... Сан Ремо? Ма Евровизија бре :rofl:

    Еј дај искулирајте, секој си знае до кај му е чергата и си ги пушта ноџињата, па дури и на чергичето наречено брак. Јас се одлучив сама да си ги подредам работите, ама заедно со него, затоа што и двајцата сакаме сами се да си подредиме, е такви сме, така ни е послатко ;)
     
  20. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.280
    Допаѓања:
    147.161
    Пол:
    Женски
    и по твојава логика ако не се достигне сан ремо бракот не е вреден и не треба да постои?![/quote]
    Па да, извини што се ценам доволно за да го сакам најдоброто за себе. Ти ако сакаш да имаш клошар, без пари, без два грама памет и да му родиш деца кои ќе личат у главите на кофи за ѓубре, оние зелените што стојат пред двор за комуналец да ги собере, АМА ДА СИ ВЕНЧАНА, тоа си е твое право. :hai:[/quote]


    :x цццццц кои исфрустрирани ,пореметени и себични суштества дремат и коментираат по форуми.е богами и заслужуваат да бидат и останат сами.се грозам од коментарот :puke: што те навредив па вака да пишуваш.деца ко кофи за ѓубре ,бреееј????!!!култура!!!!и не треба да се мажиш душо,чекај си го сан ремо.а јас и со мојот цветници -брак си сум доволно срекна веке 10 години :rock:
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.