1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чекање на сè....па потоа брак

Дискусија во 'Брак' започната од Snow-Queen, 9 мај 2012.

  1. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Срамота :x тие со пари и со повеќе од два грама памет нема воопшто да погледнат такви кои имаат исти мислења со твоево, зашто за мене тие што бараат маж со пари и што се „жртвуваат“ за да имаат физички убави деца (а не е се во физичката убавина), за мене се спонзоруши. Некој ќе чека да купи стан, ама ете некој и без работа се мажи/жени. Не можеш вака да делиш, секој има различни сфаќања и различни можности и секој ќе прави онака како што сака и може. Или како што му е пишано, оти од судбината нели не се бегаше?
     
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.461
    Пол:
    Женски
    Не знам само компарацијава од каде ја најде во муабетов да ја ставиш .Едно е да чекаш да ги оствариш своите соништа и цели ако тоа сакаш да го направиш пред да влезеш во брак а сасвим друго е да дрзнеш со ваков поган и безобразен јазик некого да карактеризираш без разлика дали станува збор за дете или возрасна личност. И напразно се цениш чак и се преценуваш,бидејки достоен дечко ,кој што не е КЛОШАР и малоумен без 2 грама памет во главата ,вакво нешто НИКОГАШ не би кажал.Па во целиот муабет испага дека ти си клошарот без 2 грама памет. ;)
     
  3. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.399
    Допаѓања:
    33.691
    Пол:
    Женски
    Не мора да направиш свадба или веридба за да бидеш во брак. И бракот не мора и не треба да биде по дефиниција законски одреден кај двајцата партнери. А сериозна врска што е? Сериозни луѓе во сериозна средина? Никогаш не можев да го сфатам значењето на овој збор,зашто умот е срча и на денешницава ни утрешниот ден не е сериозен затоа што не нзаеме што не чека. Во брак сум веќе 2 год и слободно можам да кажам дека функционираме одлично, дури и подобро од 5 годишната врска што ја имавме, па и еве ќе речам нашата врска е сериозна, ние сме едно, работиме за заедничка цел, имаме задничка визија за животот, градиме цврсти идеи заедно. Секој животот го замислува од своја перспектива, но никој не влегува во брачни води за да живее со клошар, и за децата да личат на не знам што. Клошар, пијаница, човек пусти - куќа не мора да биде само сиромавиот, туку повеќе оној кој славата и парите му се во глава и друго ништо не му е важно.
     
  4. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    327
    [/quote]
    Ме изнасмеа да не пукниш :D Дојде се изразвика и си отиде џоа Цезар си :D
    Туку друго ќе ти викав, сакај си се ти, цени си се, убаво е тоа, ама додека се обожуваш сам себе, најди време и да ги почитуваш туѓите мислења ;) Различни луѓе, различни приоритети. Некој има амбиции за кариера, некој амбиции за семејство, кој како сака. Се е тоа во ред. Немој само да се ограничувате со рокови од типот: премлада си за брак, треба да бркаш кариера. После некоја година: ајде остаре, остави кариерата мажи се. Убаво е да си ги нареди човек коцките пред брак, ама па не секогаш одат работите по план. Ако сите бракови беа институции меѓу зрели луѓе, одговорот на прашањево ќе беше многу лесен.

    Фор д рекорд, споредбава со сан ремо не ви држи вода, одамна е гола вода тој фестивал, уште само во Македонија е популарен. Прочепкајте по нетов, имаше дури и петиции да го затворат, италијанците не го сакаат ама ич, информации од прва рака :lol:
    .
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.555
    Во комшии се мажи една девојка, одвај средно има, не знам ни дали успеа да заврши. Има 19 години, и веќе имаат веридба направено. Сеуште ја слушам како вреска по мајка и, кај ми е ова, кај ми е она, а се одлучила да создаде семејство со 22 годишен дечко. Двајцата се невработени, ама битно, си се сакале. За почеток (читај додека не умрат страите) ќе живееле во заедница.
    Јас ова не го сфаќам, за жал. За да создадеш семејство, треба барем едниот да е вработен, а другиот да е работоспособен, во најмала рака. И секако да имаат место за живеење и завршено образование. Факт е дека нашите родители поради транзицијата, а и делумно поради традицијата синот да си остане да живее со мама и тато додека не умрат, а ќерката мора да оди да живее во куќата на мажот, не ни купиле и не не обезбедиле со дом настрана.
    Според мене, ако си неспособен сам да се снајдеш со работа (барем да се трудиш со волонтерска, привремена) или да имаш завршено перспективно образование (читај, да не е филозофија на антички народи) да имаш место за живеење, и секако, да знаеш гаќи да си испереш, а не по мајка ти да се дереш, не смееш ни да помислиш на брак.
    За жал, имаме девојки со основна цел во животот да се омажат, па не им е битно ништо друго не не вложуваат енергија во ништо друго, туку пошто-зашто да се омажат за некој, колку да се мажени. Без разлика што се неспособни за брак.
    Сите мои другарки се омажија откако дипломираа и се вработија, и уредија место за живеење (некој зема стан со кредити на 20 години, некој опреми посебен спрат во куќата на старите) и родија деца откако средија се по дома. Ниедна нема проблеми од типот, свекрва ми ми смета, неам пари за млеко за детото, или маж ми ме изневерува. Една пред месец доби и второ дете, ама за ништо не се пожалила. За разлика од оние кои се нервози од свекрвата, кукаат како се навработени со средно образование и се комплетно неизживеани со другарките, па се караат со мажот да ги пушти до покасно.
    Затоа, прво се (мислам на тоа да се оформи жената како самостојна и независна личност ) а потоа брак. Бракот не е цел во животот, туку начин на живот.
     
    На Hipica, galijan, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Де па ти, не се неработоспособни сите со средно, па кога им се фатите, потупи од варија ги правите, како баба оти е неписмена немој неработоспособна била? Некој треба и пипер да сади, и да копа, да нарива, да обере, да продава на пазар, оти утре факутетлиите ќе нема од дека ајвар да спремаат. За физичка работа не ти треба петка ни десетка на тефтер, туку шестка на стомак :D |(

    За млеко за детето - една крава во двор :!:
     
    На confused и tessie им се допаѓа ова.
  7. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    цка не се согласувам со тебе делумно... не зборувам значи за твојата комшивка, по шо не знам ни што е ни како е :D ете пример се зимам јас самата, се омажив на 19 години, на 20 станав мајка, маж ми има 25 години, и работи, зима плата од 11.000, јас уште учам и гледам дете, и потенцирам си го гледам сама секогаш кога сум слободна, т.с кога немам за учење. Бремена одев на факултет, и откако се породив пак сум редовен студент, и ете ме станав апсолвент :) значи во ниеден момент не се откажав од моите сништа. Никогаш досега не сме побарале од старите пари за млеко или што и да било потребно за бебето се сами, ние му купивме се што му требаше, и ете нема што нема и тоа од парите што ги собравме од веридбата, можеби не е се нај, ама битно го има и се уште гледаме да му овозможиме се да има... живееме на посебен спрат, моите само плаќаат некои сметки, сами си готвиме и се сами, па ете некако издржуваме, можеби е тешко да, ама не се жалам воопшто и кога би имала можност да бирам би го избрала пак овој пат... знам дека сега на лето ќе се вработам, дали по моја струка или не, битно ќе работам и знам дека ќе дојдеме на многу подобро, а воедно планирам и да ги продолжам студиите... така да се е индивидуално, можеби ако сум чекала ќе сум имала се свое, но ете се случило и тоа е тоа и како возрасна личност јас бев спремна да се носам со тоа...
     
    На Nati.P и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  8. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.242
    Допаѓања:
    146.527
    Пол:
    Женски
    степенот на образование не е мерило ни на зрелост ни на култура
     
    На mal.ecka и fifi16 им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.555
    Нормално дека степенот на образование не е мерило, а особено со оглед на сите новокомпонирани факултети приватни каде ако кивнеш, 6ка ти ставаат, НО шансите за поголема плата, унапредување, вработување, стучност, се далеку поголеми отколку ако немаш диплома, макар и од оние купечките. Јас повеќе би вработила магистер по науки, кој покажал дека се труди и кој вложил време и енергија и ресурси во себе, отколку некој на истата возраст како него, среднист, кој ке ми каже дека не му требало факултет и магистарска, паметен бил роден.
    Зботуваме за шанси и можости, а факт е дека се поголеми ако се вложива повеќе во себе. Со пониско образование и платата е пониска (не напнујте сеа со исклучоци, секаде ги има).
    Затоа сметам дека некој треба да се подготви сам, да ги исполнува некои услови, па потоа да мисли на семејство.
    А особено да се подготви ментално дека се одвои од родителите. И мажите и жените исто. Не за секој проблем со партнерот, да биде, ке си одам кај мама, или мајка ти види ја што рече. Мене ми е пример мојата мајка, која иако во ист град,одеше кај мајка и најмногу 3 пати годишно, за Божиќ, за Прочка и евентуално ако е болна мајка и. Според мајка ми, сето слободно време треба да им се даде на мажот и децата. Побитно и беше сопственото семејство, отколку мајка и и татко и . Затоа можеби и мислам дека мамини керки и синчиња, треба навреме да сфатат дека треба сами да се борат со животот, особено брачниот, а не за секој проблем да одат кај мајките. Оти мајка ми така се однесуваше кон мајка и. И даваше помош ако и е потребна, ама семејството и беше пред неа.
    А за мажиња кои повеќе ја сакаат мајка им отколку жената и уште од попчна врска не се одвоиле (срам ми е да речам од циц*а) ми е незгодно да зборувам. Тие прво треба да станат свои луѓе, а потоа да се женат и да решаваат брачни и семејни проблеми.
    Се распишав, а уствари целта ми беше да кажам дека треба прво да станат самостојни, а потоа да влетаат во брак.
     
    На galijan и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  10. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Најважно прашање овде е ШТО СЕ ПОДРАЗБИРА ПОД СЕ?
     
    На Dentina и darcy им се допаѓа ова.
  11. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    312
    Мажење на 19 години??? Освен ако причината не е бременост ова чиста глупост. Одете учете факултет, мажењето не ви бега, лесна работа... Освен ако на некоја целта во животот не и е да стане домаќинка :!:
     
    На galijan и Glasna им се допаѓа ова.
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.025
    Пол:
    Женски
    Се согласувам ,јас на 19 размислував за брак ама после факултет се разбира.Не верувам некој-а на 20 години да е спремен за брак,а не пак за одговорностите кои ги носи,но се почесто гледам девојки кои приближно на таа возраст се мажат.Што викаат,малите се лажат ,после им иде паметот :P .
    Најважно е да си зрел за брак,значи изградена личност карактерно и подготвена психички и физички.Финансиите исто така имаат голем удел,па младите си сакаат свој дом,а за тоа треба стабилност и финансии,ако не црно им се пише со нашиов менталитет,и за жал,често познатото,немање доволно финансии за живот одвоено од родителите.
    А најважен фактор е љубовта,ако меѓу двајца нема љубов ,почит и разбирање,ако се темели на страст и избрзаност,пиши пропало.
     
    На galijan му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Мажење на 20 години кај нас е рамно на невозможно да успее бракот. Не дека нема исклучоци, ете моите родители се едни од нив, иако тоа било друго време, за сега во нашево време, јас за жал па и не можам да дадам конкретен пример на успешен брак. Не мора да се разведуваат, ама доволно е тоа што го кажува Cka, што секој ден дремат кај мајките и трчаат со децата де натака, де навака. Тоа за мене не е успешен брак, а во 90% од случаевите тоа се случува само на оние по 19. Јас барем во моево опкружување не сум видела брачен пар што се земале на 30 години и прави такви циркузи. Пак ќе кажам, има исклучоци секаде ама збориме за оние да кажам нормални работи.

    Мислам без навреда, има многу и на форумов што се мажени мали, не мислам на тие што убаво си живеат. Јас гледам во околинава моја што се случува.

    И не, не мислам дека не се созреани само затоа што имаат по 18, 19 години, мислам дека не се созреани зашто од дома така ги лигават. Не ги пуштаат да се осамостојат. И на 19 години ги третираат како да имаат 10 години. Тоа е тоа.

    Во странство повеќе може да функционира еден брак помеѓу помали партнери. Уште од мали се самостојни, уште од мали сами заработуваат, учат и работат во исто време, само кај нас е тоа страшно напорно |( , сами живеат, сами готват, сами се хранат, сами се издржуваат, сами перат, чистат, пеглаат итн, плус тука да ги додадеме и големите можности за вработувања, кога и да посакаат можат веднаш да работат, посебно па дека се млади. И тука веднаш се посозреани за своите години, и дури и да влезат во брак, можат полесно да се носат со обврските.

    А колку 19 годишни девојки се спремни за брак кај нас? Уште мајка и' ја враќа од врата назад за да се облече потопло. Мислам, да бидеме реални и родителите кај нас се така воспитувани и си ги лигават децата па после ќе имаме мажи што не се одлепиле од сукњата на мајка му и жени што за се' трчаат кај мама, божем лижавчето им го земал некој. Тоа да го кажеш некаде во странство ќе те направат луд.

    Според мене се' зависи прво од самото воспитување дома. И тоа е факт. Џабе е и факултети и магистратури, и не знам ти какви работи, и 2 000 евра плата да зема и се' да им е скоцкано, средено и по 30 години да имаат, кога не знае да се носи со проблемите и за се' мама ја прашува, за мене таа личност е рамна на бебе. И тука на форумов сме имале вакви случаеви. Се' имаат ама мама е проблемот. Тоа премногу тешко се искоренува.

    Затоа јас ќе кажам, прво гледајте што имате до себе, каква личност имате до себе, дали има барем една карактеристика на ова горе што го набројав.
    Единствено нешто што МОРА да се чека е психичкото осамостојување, да се одвикне од навиката "мама знае најубаво" и да почне да мисли со сопствена глава. Е тоа е неминовно да се чека. Ако го имате тоа, се' друго се постигнува. Потешко, не викам не, многу потешко, ама се постигнува и тогаш може да се каже дека заедно можете се'.

    Да се дополнам. Ова беше мое гледање на работите доколку некој ете цврсто решил да се мажи или жени на 19, 20 години. А инаку, секако дека најубаво е се' да си биде на свое место па да се направи таков чекор. Под ова "се' да си биде на свое место" мислам дека знаете на што мислам да не се повторувам.
     
    На galijan, Marossa и Dvolicen им се допаѓа ова.
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Ска-добро бе жено немам ништо против тебе,ама мислам дека претера со твоето попување околу образованието и со твоите достигнувања во животот,(и јас сум образована и уште се дообразовам па не го потенцирам тоа во секој 2 пост) мислам за све си има граница дури и кога коментираш и на оваа тема чуствувам како твоите достигнувања и твоето образование и статус на брак е морално секој да го има пред да стапи во брак,како све индирекно да споредуваш со себе милам све има граници...
    Во ред и јас не одобрувам брак на 19 години и не одобрувам брак за луѓе кои не се вработени, и кои во брак првата година ги трошат парите од свадбата па потоа ќе се испоубијат дома,во ред сето тоа, но не го ставај образованието во мерило за све како тоа да е клучот за све дај ти се молам.
    Луѓе зрели кои имаат врвни достигнувања магистри се и на убави работни места кои јас ги знам се разведиле со деца со све а притоа ги гледаш наконтени излезени во ресторани пари имаат све и си велиме STO IMA FALI?секој има проблеми во бракот сите така да немој да ми кажиш дека твоите пријателки кои се во брак немаат проблеми цвеќиња му цветаат бидејќи дипломирале се мажиле бал бла бла како тие тебе сите проблеми да ти ги кажуваат или ти нив немој ти се молам во ова никој ни вервал ни пак ќе верува...
    Секој си има поинаква замисла во бракот и истиот како да се води колку да се вложува,секој си има замисла кога сака да стапи во брак и со каков партнер без разлика на све кога се сака некој безусловно се сака и кога има слога како вели поговорката VO SLOZNO SEMEJSTVO SREKATA SAMA DOAGA...
    Нумкото мој се ожени на 20 години а женатаму имаше 17 брво свадба па матура правеше остана бремена и то е то,на сите 3 метра устата отворена вакви се такви се од нив ништо не бидува све зборуваја,но таа и си заврши образование,и детето си го роди и се вработи во бутик и шминка приватно настрана си зема пари плус значи на чупето очите во главата му играат што дека не е факултетски образована?мажотму исто така работи дома чисто средено таја поубави јадења од свекрваму прај, мажотму во раце ја држи си живеат убав модерен живот,не велам дека ништо не им фали но им се восхитувам додека ги гледам TIE USPEJA,и самите велат затоа што имаја разбирање и слога нормално...
    А ако чекаш све све да ти биди совршено па да стапиш во брак ни тоа го нема секогаш нешто ќе стрчи никогаш све не е погодено така да не попуваме овде напразно...
    На прво место и од едната и од другата страна е важно домашното воспитување и зрелоста на човекот,има луѓе кои и на 30 години не се зрели и не пораснале уште,има луѓе кои на 20 години се позрели од било кој,кои научиле самите да се снајдуват во животот борат со проблемите и ред други работи кои биле фактор за да созреат побрго од некои други...
    И како ги нарекуваш луѓето со средно образование SREDNIST мислам стварно непријатно...
     
    На Dvolicen, callmyname и duffi им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.555
    Mime, Јас неам ништо против среднистите. И не е срамота некој да го наречест, срединст, дипломец, магистер...тоа му е школото. http://www.makedonski.info/show/%D1%81% ... %82/%D0%BC
    И основно да има, и да зема плата со која може да си го издржува семејството, нека се мажи слободно која сака. Ама ако знае дека во државава е претшко да најдеш добро платена работа и дека ако вложуваш во себе ке имаш повеќе шанси, треба да се учи. Според мене, сите треба да го дадат својот максимум, па ако максумумот е основно или средно, тоа е.
    И јас никаде не пишав ЈАС. Ти сама ме нападна. Извини ако ти смета што имам амбиции за докторски, ама хеј, па јас и со ова образование не сум мажена. Мислам дека деца не треба да чуваат деца, дека недозреани не можат да чуваат и одржуваат брак, и дека ако сакаат убав живот не трба да трчаат да се омажат. Освен, ако мажењето не им е цел во животот, а рака на срце, судејќи по месечната возбуда за еден фустан и бонбончињата за масата, сериозно сметам дека некои живееле само да се омажат. Ама мажењето не значи дека целта е реализирана, бракот треба секој ден да се гради. Колкава и да е љубовта, ако нема леб, ако нема греење, ако зависат од тоа дали ке имаат струја ако свекрвата им плати и да се плашат дали ке го прехранат детето, за мене не е брак и семејство. Факт е дека парите не прават некој да е разумен ( и богаташите си ги претепуваат жените) ама барем да се потрудат да се реализираат како личности, па да се мажат.
    Брак на 18 не поддржувам никако, освен ако не знаеле за заштита при секс, па жената е бремена. Не поддржувам брак на двајца невработени. Не поддржувам брак со услов заедничко живеење со свекор, свекрва и девер во две соби (една се жалеше дека деверот им тропал на ѕидот оти кога имале секс им крцкал креветот па го буделе). Не поддржувам брак во кој не пробале сами да се исперат, испеглаат и да си зготват. Не поддржувам брак каде треба да чекаш свекорот да ти донесе влошки за менструација.
    Сите тие фрустрации, не прават добар брак. Затоа, треба да пораснат емотивно (за физички ми е срам да пишам, ама ај и на 15 имаат секс сега па...), да знаат сами да преживеат, а потоа да се мажат и да чуваат дете.
    Исклучоци има, факт е. Ама целта е да е полесен, не потежок животот.
    А пред 30 години, сите се вработувале, жените по завршено средно образование, а мажот по војската. Денеска не е така. Нас мајките не родиле на 20, ама во други услови. Ние треба да сме поинакви, живееме во поинакви услови. Мажачката не е цел во животот, ама на кој му е, нека му е со среќа.
     
    На Glasna, Waka-waka, nesa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Cka-потенцирав дека немам ништо против тебе напротив не те нападнав но како што забележваш не само јас туку и др.девојки ти имат забележано за твојот став околу форсирање со образованието имај си ти претензии и амбиции да станеш доктор на науки PEKI за тоа но испаѓа како за све да потенцираш образование образование образование...мислам нешто треба да зачуваме и за себе без разлика колку е форумот интимен,мн мислења твои имам прочитано и све 90% се вртат околу твојот став или достигнувања во образоваието,јас ќе ти препорачам да се опуштиш малку навистина,не мора да се согласуваш со мене,извини ама мене ми имаш оставено ваков впечаток пак ќе речам немоа да сум во право...
    И јас потенцирав дека не се согласувам со ваков брак,напишав еден успешен пример за брак кој упспеал без разлика на години и образование,само да дадам пример,еве сега ќе напишам и за еден кој воопшто не функционира од самиот почеток,мој близок роднина се ожени во летото н 24 години NEVRABOTEN во еднособен стан со мајкаму и таткому запна ќе се жанам неговите се спротиставија чекај немаме услови,ама на крај попуштија оти мислеа дека таја е трудна(што не беше)и се гледаја само 1 месец таја има мислам 22 години,по просто нешто немам видено вика се дери,збора глупости,не почитува никој сега дома (а на почеток така не беше глас не и се слушаше)како и да е крајно безобразна и невоспитана судејќи по нејзините кога ги видов немал ни кој да ја воспита простотилок на ниво,ок бракот не функционира воопшто незнам ни зошто се зедоја меѓу нив нема никакво разбирање и немало никогаш,во брак навистина незнам зошто стапија,сметки плаќа дедото леб купва тој,а тие само јадење пиење и то е то и ред др.глупости да не редам сумасумарум KATASTROFA...
    Но и на него и на неа им беше BITNO само да стапат во брак демек дошло време |( ама тоа е... Муабетот ми беше дека без разлика на образование статус и све ако нема слога, разбирање и почит ниту еден брак нема да опстани ниту еден...
     
  17. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    А мене ме интересира дали некоја од вас ги има наредено сите коцки која си ги замислила и планирала,па да стапи/ла во брак???И кои се тоа сите коцки,баш ме интересира,дали има таква,м ?! :^) :!:
     
  18. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    А зошто да нема??Можеби 100% тно остварување на плановите е тешко,но во голем дел се исполнува верувајте ми.Кои се коцките?-за кого како.Финансиите се секогаш потребни,тоа е фиксно.Станбеното прашање доколку немааат од родителите исто,доколку имаат полесно за нив.
    Иако не во целост, но во голем дел ја подржувам Ска.Не е муабетот дали некој има факултет или не,но ако сте почнале не си го запоставувајте образованието.Тоа сум го утврдила и од моите родители,иако подоцна стапиле во брак,со успешни професии ни овозможиле се во животот и која помош ми сето тоа сега.
    Нормално секој од своја страна и како е растен,што му целта во животот.Има луѓе кои се задоволуваат и со просечни примања и тоа е ок.Убаво рече Ска дека бракот не е целта во животот,тоа е начин на живеење. Треба да ти е комотно а не да живееш во затвор.Благодет е да имаш свое домче и платичка во џеп,негирале или не.На 18 или19 год тешко дека ке најдеш созреани личности,но нели не се сите исти.Јас ги одобрувам и вонбрачните заедници,доколку си има хармонија нека си уживаат.
    На крај не мора со сила да се стапува во брак зашто општеството им врши притисок и накрај резултираат со дисфункционални бракови.
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Годините немаат врска со тоа колку ќе бидеш среќен и успешен во бракот. На мој другар родителите се зеле кога мајка му имала 17, а татко му 20 години. Се разбира, причината била бременост. Но тие денес имаат две деца, уживаат во животот и се сакаат како и пред 20 години. Има примери кои се зеле на 30 па се развеле по 10 години. Се е до компромисот, љубовта и трпението. Исто така, не можеш да чекаш се во животот да ти е подмачкано за да основаш семејство, сепак не знаеш што те чека утре, денес имаш се, утре ништо. Живејте го животот онака како што сте најсреќни, никогаш не се знае утре што не чека. :)
    Некој го прави среќен друштвото и скитање до ноќните часови, некој пак брак. Сите сме различни, во тоа е и убавината. :)
     
  20. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Добро бе луѓе, зошто така зборите? Зошто глупост? Јас имам познанички, колешки од факултет мажени и со деца, па еве ги, дипломираа. А во меѓувреме и работеа. Зошто толку предрасуди?
    Никогаш не можеш да ги наредиш коцките, никогаш. Секогаш нешто излегува, секогаш се јавува некој проблем. Ако чекаш да се вработиш, да купиш стан, да го опремиш, да се мажиш... кај ти е крајот? За деца ќе дојде ред на 30-40 години. Ама тогаш оди малку потешко. Па ќе го родиш, ќе си велиш самата на себе зошто не порано? Наместо сега да му менуваш пелени, си можела да го учиш да пишува :)
    Во секој случај јас сум за тоа да се стане помлад родител и да се формира семејство на околу 25 години. Иако годините не се мерило за зрелост. И иако секогаш не излегува според планот :)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.