Хммм па не гледам ништо лошо во тоа некој да е домаќинка и не знам зошто се употребува во негативен контекс па нели е можно сите да не се створени за студии ? Или ние тука сме сите екстра паметна нација Може и некој така си го замислува животот , едноставно сака да си го посвети целото време на домот и децата .. Замисли девојче на 19-20 години кои пека да се омажи и да роди дете па за неа студирањето и пролонгирањето би било измачување.Важен е квалитетот на животот и да се почитуваат сопствените желби а не наметнатите од општеството . Исто како што порано со негодување се гледало на жените кои одлучувале прво да студираат ,да оформат кариера па да формираат семејство денес работите се сменети па со негодување се гледа на оние кои избираат семејство и можеби и не се заинтересирани за понатомошно образование па ајде оти сите учат и тие да не бидат покуси , од кал да е факултет да е . Но тука круцијална улога играат нели финансиите ако еве да речеме сопругот има доволно средства и сакаат да си се земат зошто да не ? А трчање и молење по мајки и шајки за пари за пелени не е брак ами играње куќа . За мене лично тој избор е неразбирлив(на 19 години бев детиште и мрсулка ) ама поради тоа што тоа не е мој избор не значи дека треба да го осудувам . Сите ние имаме различни желби и приоритети и тоа е тоа . За брак е важно прво личност која те исполнува од секој аспект , созреаност и независност финансиска и духовна нормално .Едноставно не сме сите исти и секој си има свој пат и нема правилно или погрешно се додека си среќен . Јас лично ќе почекам поради некои мои причини и цели кои сакам да си ги остварам и ветувања кои сум си ги дала сама на себе , не се чуствувам доволно спремна не е дека сум зависна од моите туку си имам мои бубачки кои сакам да ги надминам пред да влезам во брак .И нормално да се средиме од финансиски аспект. Ама нели ништо не се знае - "People make plans and God laughs "
На 19 години е тешко човек да се осамостои. Сепак не сме Америка, знаеме како е во нашата држава. Треба зрелост, разбирање, компатибилност меѓу партнерите во секоја смисла. Брак не значи да имаш во џеб 3000 денари месечно колку за џепарлак, туку треба да плаќаш сметки, да се прехраниш, да си купиш облека, да одгледуваш дете, да готвиш, да издржуваш куќа (ако си во 2 соби ќе треба да мислиш за проширување, детето кај ќе живее утре). Тежок е животот во Македонија, ама се снаоѓа кој како знае и умее. Блазе си им на тие што имаат финансиска стабилност. Ако се ти е наредено, зошто да не се омажиш на 24 па да одиш на 25, туку да чекаш 30? Ама во животот не е се така како што ние сакаме.
^Постот го напишав имајки ја на ум девојчето што работи во една книжарница каде што често копирам , шармантно младо девојче 19 тина години ,дечко и е постар и тој работи и скоро се вериле и ја баш и спомнав за факултет а таа ми рече дека за тоа време дете на школо ќе пратела . И што да и речам глупости оди учи не се занесувај . A таа нема ни желба за такво нешто . Па и платата и е слична и со некои со факултет . Не се сите исти и бројки и туѓи мислења не треба да влијаат на одлука за брак . Кај нас има дефицит од работници од тоа сите на факултет . Инаку да се сложувам финансиите се клучни и мора да ги има колку толку за хармоничен брак напоменав и претходно . Мене лично не ми е јасно како се нафаќа некој на брак а да нема сметките да си ги плати .
Мими јас не сум воопшто со предрасуди, но реалност е дека на 19 години ти размислуваш само кај да излезеш навечер или колку срциња да му купиш на дечко ти за роденден... Јас сум воспитана дека жената не е ништо помалку од мажот и треба да биде образована самостојна и успешна. Не сум за концепт на домаќинки, тоа не можам да го разберам. Да може еден пар да размислува како заеднички живот од каде пари сметки храна па планирање семејство и сл. На 19 ми е незамисливо. Што ќе им пружиш ти на твоите деца ако не заработиш и не знаеш да им помогнеш кога се во школо??? Треба да идеме напред со мислите а не назад. Нормално, за се има исклучоци, може има парови кои имаат успешни бракови
И јас сум така воспитана и растена во такво семејство мајка ми ми е пример дека една жена може да биде образована ,да има убава кариера а во исто време да биде и домаќинка( иако во тоа време сите роднини и го береле гајлето дека ќе остане стара мома ) , и мене ми е незамисливо и не би знаела што да правам со себе . Но само поради тоа што јас и ти мислиме така значи ли дека е погрешно ако некој друг гледа уживање во тоа и приоритет му е формирање дом ? Јас велам дека не убаво да ги наметнуваме нашите гледишта на друг, секој со својот избор .
Tешко дека на толку млади години се има можности,за сам да си формираш свој дом,освен на туѓ грб да се провлече,па да рече ете се осамосталил...реално гледано тешко е и во поодминати години,да се обезбеди стабилен живот,не пак без основни финансиски средства да се гради семејство.
Не дека сите мора да бидеме кариеристки, но со една плата не се живее и од тука е потребата повеќе да работиме и да придонесуваме, да бидеме поуспешни, пообразовани. Познавам луѓе се земаа и двајцата невработени и по 1,5 год во брак добија и дете. Уште се невработени. За мене не е среќа секој ден да бараш од свекрва пари за пелени, за влошки, за влажни марамици посебно што и таа малку заработува. Тоа се стресови и самите си знаат како им е . Затоа таква жена кога ќе ме види на улица ми се ѕвери во ташната, чевлите, облеката мислејќи дека по гардеробата ќе оцени колку заработувам. За да ги задоволиме основните потреби свои ни треба работа, а за издржување на семејство ни треба многу, многу работа и секако да се штеди и мисли за “црни денови“. На 19 год тешко. Сите знаеме што е убаво, добро, сите сакаме, ама нема.
Зошто сметате дека на 20 години некој не е работоспособен? Не може продавачка да биде, во фабрика да работи, фризерка, некој занает да научи за некој месец, година, па да си заработува? Или тие плати нема да се доволни за семејство? Па како постари жени кои ги работат овие работи издржуваат семејства? Можеби не се со најнови телефони и одмори на море секоја година ама некој си е среќен со тоа што го има. Или човек не може да биде среќен без да има се? Тоа што овие генерации се учени до 30 години од мама да чекаат јадење да им направи, и новиот тренд секој да студира оти комплексите се големи, е друго. Многумина пак завршиле со работните места кои ги набројав уште повеќе несреќни бидејќи студирале а не им се исплатило. Секој со различна визија за животот. Амбициозните нека студираат, нека збираат дипломи, но потценување на се што не е како нив не е одлика на особа каква што се стремат да бидат. Оние кои се одлучиле млади да се мажат, задоволни со скромни примања, веројатно е тоа што го сакаат. Веројатно ќе имаат проблеми во бракот како и многу други, посебно на почеток и ако живеат во заедница, но се се надминува и со упорност си доаѓа на свое место. Проблеми немаат само тие, имаат и оние кои студираат, посебно нивните родители кои финансиски ги издржуваат некои и по десет години студии. А тука се потсмевате на младите кои се земале со мали примања и кои имаат помош од родителите. Вас кој ви ги купува влошките? Или оправдано е оти сте студенти, ако имате повеќе од 26 години. Веројатно се ретки оние кои се земале без никакви примања и останале така долго време, бар јас не познавам такви и нема зошто секој втор пост да е за нив, и да ги ставате во ист кош сите кои решиле млади да се мажат.
Се согласувам... Ако некој решил да се осамостои и да основа семејство, да работи и да може да размислува за иднината, тогаш секако дека може. Ако некој успеал тоа да го постигне до 19 години тогаш и јас сум за такви бракови... Но не верувам дека има многу такви... Јас лично не познавам ни еден...
Bridget не велам јас дека е лошо некој да работи во фабрика и на крај и со факултет одат во фабрика за да земат некој денар. Реално со плата од 8000 денари може ли фамилија да се издржува? Една другарка работеше во чевларство и си дала отказ. Ми вика “месец ќе помине јас ништо не можам да купам, друг месец исто“, а што ќе купи возрасен човек со тие пари? Која дупка попрво да ја закрпи. Жените што работат во фабрика имаат еден пар фармерки, една кошула за лето, една блуза за зима и така одат цела година. Кога ќе земат плата си одат накај дома со полни кеси и толку, а некој секој ден оди со полни кеси гардероба, не храна што е основно нештжо, потреба. Не купуваат облека за да заштедат. Не ги исмевам, напротив работат тешка работа, и прекувремено и пак не можат ништо да си приуштат. И треба ли младите сега да се решат на таков живот, да се мачат и пак да бидат без денар во џеб? Подобро да завршиш некој курс плус, да научиш јазик и да се спасиш отколку цел живот да те експлоатираат во фабрика. Ги малтретираат многу и нормално е што секој млад човек сака поубава иднина за себе. Во нашава држава нема услови човек да се осамостои на 18 год. И да има тоа се многу ретки случаи.
Tanjamm мислиш ли дека ако завршиш факултет загарантирана ти е повисока плата? Токму ова е потешко, затоа што си учел, си трошел пари, умствено си се трошел и на крај пак ќе мораш да работиш во фабрика за 8000 денари. Секоја чест на исклучоците што веднаш ќе се вработат на струката и ќе земаат поголема плата. Точно е дека со 8000 денари не се издржува фамилија. Ама барем имаш нешто. Јас на пример, не ги оправдувам оние што не сакаат да работат, без разлика на која возраст се. Има млади луѓе по 18-20 години што веќе работат. Тие можат да си дозволат да стапат во брак. Ама секако, треба и умствено да бидат зрели, а не да им лета паметот. Затоа, годините не играат никаква улога. А кариеристките што чекаат факултет, па магистратура, па докторат, па кариера да градат, ќе им текне за брак на 30-35 години. Тогаш ќе им текне да формираат семејство, ама не ретко се случува да се јават проблеми. Кога да видиш, коцките никогаш нема да се наместат како што сакаш. Јас си имам поставено цел да се вработам и до 25 да станам мајка. Дипломирана сум. Дали ова мене ме става во таа група на жени кои единствена цел им е да станат домаќинки? Мене во прв план ми е семејството, а потоа кариерата. Со ова не велам дека не сакам да работам. Кариера можам да градам и подоцна. И на 40 можам. Ама да родам дете на 40 не иде. На крајот, секој со својата среќа
Проблем се јавува кога девојките гледаат на бракот како најзначаен дел од нивната сопствена реализација. Оставаат статусот мажена да ги дефинира како личност. Склучувањето брак и создавањето семејство зависи од други фактори и не може секогаш да се планира во одредена временска рамка. Што е со оние луѓе кои сродната душа ја нашле во поодминати години? Зарем тие немаат право на среќа? Зошто со толку големи предрасуди гледате на таквите бракови и семејства и веднаш им лепите етикета кариеристка? Среќата не е нешто кое може да го диктирате. Не функционира на копче. Од друга страна, од аспект на образованието и надоградувањето, имате поголеми слободи. И затоа е убаво енергијата, работната навика и слободата која си ја носи младоста сама по себе, максимално да ја искористите. Кариера може да градите и на 40 години - точно. Ама за тоа треба да имате основа. За да добиете, мора и да вложите. Едно без друго не оди.
Да не се налутите што ќе контрам, ама многу полесно ќе родите на 40(имам другарки во оваа група) отколку да градите кариера на тие години(не познавам никој таков). Да работите да, и да се вработите некаде....ок, и тоа да, а каде и за каква плата, е тоа е друг муабет. Ама дека ќе изградите нешто од себе на работното поле почнувајќи толку касно, мало морген. Кој не ја осетил реалната компетиција на пазарот, кога и со тон искуство, кое каде сте се истакнале и зад вас стојат луѓе да потврдат кои сте, што знаете и колку умеете, нешто што вреди повеќе од книже со печат од школо, искуство релевантно во фирми со репутација, со име, а на ново интервју баш се фатат да ти ја бараат маната дека си била невработена четири месеци во одреден период од тие десет години, е тој нема да разбере, туку ќе верува дека ќе ја дувне дваесет годишната прашина од дипломата и договор за работа паѓа на маса. Онака, чисто информативно, за да не се тресе од ракав при ентузијазам, не е само биологијата која ограничува животни планови, во смисла на старосна граница на раѓање. Сум била и од едната и од другата страна на таа маса, ме бирале и сум бирала. Деца читаат, пожелно е да си знаат како е во реалниот свет, не теоретски.
Никогаш немојте да чекате.... и јас и дечкоми мислевме така . усвари дечкоми но јас не го подржав во тоа , сакаше нај прво да ја изреновира цела куќа мада нема потреба од тоа се му е средено и ред други работи. И така си планираше после една година и незнам колку но јас го премислив... Му реков дека ако почне да реновира никогаш повеке нема да собере пари за веридба , за свадба и сл, зашо знам како е да се реновира после тоа никогаш неможеш да бидеш слободен со пари како што и бил пред тоа..Фала богу ме послуша ке си се земем а после тоа постепено здравје колку имаме толку ке купуваме ново и ново. Мој совет до сите нека биде ПРВО БРАК А ПОСЛЕ СЕ ДРУГО...
А па ако не се праи веридба и свадба со 400 гости ќе пропадне светот . Дај молим ве А утре како ќе го истераме денот , како ќе платиме сметки не е битно? Нана како планирате понатака во иднина со дечко ти ... Како/каде планирате да живеете? Или што си има врска , ке си се тупнете кај неговите и ќе си живеете среќно ... сите на купче дечко ти планирал да го прави спратот, нешто паметно ето ... Како бе како не разбирам , како ви е прво на ум да се омажите , а после да гледате дали ќе имате основни средства за живот. Утре дете ќе родите , како ќе го истерате на пат , свесни ли сте или ...
Нати,никому не му е загарантирана,но да бидеме реални,поголеми се шансите за подобра плата нели?Можеби за почеток ке почнеш и со поскромна работа,но по неколку години ке си најдеш соодветна работа. А што се однесува на кариеристките,не значи дека ако некој има 35 год автоматски е кариерист.Можеби се уште не го нашла својот партнер кој и одговара,можеби се уште не е спремна да настапи во таа улога,не е секогаш кариерата крива.За проблемите кои настануваат после триесетата,ме чуди фактот што во последно време срекавам луѓе во дваесетите а имаат проблем со зачнувањето и одат на инсеменации.Стресот и загадувањето си го направиле своето. Ако живееш со свекорот и свекрвата во еден стан,земате со момчето по 8000д,расправајте се по сто пати на ден и остани бремена де!Знаете колку е зголемена стапката на спонтани како последица на секојдневен стрес?Мирот нема цена верувајте.Ние можеме да се лажеме дека некој на 19г е емоционално зрел,но кои се реално тие проценти ?И финансиски да е обезбеден психички уште созрева.Всушност сите студии кои сум ги читала алудират на тоа дека предноста на формирање на семејство од страна на повозрасни е токму емоционалната зрелост и формирање на поцврсти темели на заедницата,а од друга страна најголемата предност на помладите е токму полесното зачнување.Сепак сметам дека растењето дете во една сигурна и зрела заедница е најбитна.Како што рече некој претходно:секое дете заслужува родител,но не секој заслужува дете. И не знам зошто да споредуваме како било во времето на нашите родители,како тие не гледале во скромни услови итн.Тоа време било и поминало.Поминало времето кога сите деца биле еднакви,денес на детето треба да му овозможиш многу повеке.Не можеш да го лишуваш од технологијата или екскурзија,времето оди напред,имаме нови потреби и трошоци и тоа е реалноста,ни се допаѓало нам или не.И мајка ти имала 2 пара чевли на твои години,но погледни колку имаш ти сега во ормарот ?Како им било на нашите баби и дедовци нека остане во минатото,затоа што тоа и е. И Нати,најдобронамерно,на на 40 години тешко допрва ке почнуваш кариера,пак ке речам други времиња се,конкуренцијата е голема,времето лета.Една година да паузираш не можеш да се вратиш во редот,а не пак повеке.Сурово или не тоа е реалноста.Не дека ми се допаѓа,но така функционира светот и еве пополека и ние. Крајно колку и да зборуваме ние,не се јави успешна млада “мама“ да не убеди во обратното.
надја ете јас се јавив како млада мама која уште некој ден ќе полни 21 година, а во брак е од 19 години, а малото ми се роди на 20... прочитај некоја страница понапред