Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чекање на сè....па потоа брак

Дискусија во 'Брак' започната од Snow-Queen, 9 мај 2012.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Чекање на се....па потоа брак

    Значи се согласувам - не може се' да биде подредено и подмачкано за да се стапи во брак, освен во приказни од типот децата на Фиат и Велија. :D

    Ама ве молам - некои имаат решено станбено прашање. Тука реално и не е најважно двајцата да имаат работа, кога најпотребното им е обезбедено.
    Некои пак имаат солидни работни позиции, па можат да си дозволат и да одат под кирија. И тоа е ок.
    Кај некои мажот заработува колку за двајцата, или обратно, што секако е добра основа за отпочнување заеднички живот.
    Некои парови знаат дека родителите им се во можност да ги крепат во секој момент, од двете страни или некои богати роднини да речеме, па ајде, и тие ги сфаќам на некој начин, што се решиле на луда брачна авантура.

    А некои пак (најголемиот дел) немаат ништо: ниту завршено факултет, ниту работа, свесни дека домашните не им се од којзнае колкава помош, нерешено станбено прашање... и решаваат да стапат во брак.
    Од љубов. Со надеж дека се ќе се среди, Господ гледа, кога се решиле на таков божествен чин, животот ќе ги награди за смелоста и храброста.
    Па и дете ќе склепаат успат.
    И сега?
    Кој е тука ненормален?
    Само јас ли размислувам вака? Можеби јас сум се акнала од паметов, можеби па вака треба да биде, кажете, бидете искрени...
     
    На CameliaMiller, 1209, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Чекање на се....па потоа брак

    Mи се допаѓа што читам квалитетни постови од созреани девојки/жени, а не од дечурлии :lol:

    Чекањето многу време за се да си дојде на свое место не е показател дека бракот ќе биде успешен.
    Стан, кола, убави работни места, вкупни примања над 1000евра. Неполна година и бракот заврши со развод. Мм ми е голем доказ дека и кога имаш СЕ, ако немаш љубов и слога-немаш ништо.

    Пред да почнеме да живееме заедно, јас веќе бев вработена. Тој исто. Доста сигурни работни места. Станбеното прашање ни беше решено. Јас на почетокот на 20тите, а тој на крајот. Секој би рекол-ех млада е она, се излажа.НЕ! Зошто не се излаже Трајанка што животна замисла и е да лудува по дискотеки до 5 наутро? Или Стојанка што ја сака куќата од соништата, а потоа се останато? Или пак Голубица, која и е битна музичката кариера?
    Лесно ко 2 и 2, си ги кажавме своите животни замисли и се пронајдовме заедно таму. Јас бев при крај со факултетот, тој само што започна со магистерските студии. Ни беше страв, но цврсто си бевме решени во своите намери. Сеуште немаме се што посакуваме, но го имаме најважното за нас.

    Зрелост жени, зрелост! И без непромислени и брзоплетни одлуки. Најголемите грешки се прават тогаш кога што велат старите:"Што на ум-тоа на друм".

    И еве по година и пол пауза, сега го дозавршувам факултетот, тој е при крај со магистерскиот труд, пари сеуште собираме за колата што ја посакуваме... Сеуште заедно сонуваме, но со мало ангелче меѓу нас гушнато.

    [​IMG]
     
    На 1209, kate21, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  3. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Чекање на се....па потоа брак

    Разбирам да се почекаат некои основни работи, да се потсредат, ама па не можеш на се да чекаш.

    Чекај, чекај и поминал животот.

    Јас немам познати родители, никогаш нема да најдам високо платена стабилна работа со врски (ако најдам е лото 7), не верувам дека ќе можам да возам скапа кола и да живеам во лускузна куќа наместена по сите стандарди.
    Не сум песимист, туку сум реалист.
    И што треба сега, јас 50 години да чекам за да ми се средат работите?

    Па не мора да спиеме на Дормео душек, не мора детето да го возиме во Чико количка, не мора да имаме најнов плазма тв итн. Може да живееме поскромно, ама посреќно.

    Крај краева е најбитно какви се младите во умот и дали се спремни на брак. Ако се сакаат и разбираат и се спремни на институција брак, за нив нема ништо нерешливо, и малку по малку ќе си ги средат животите.

    Ех, да беше животот така розов....Ама не е....

    А, ако треба сите да чекаме на се, тогаш 90% ќе си седат дома, немажени, неженати.

    И џабе е планирање. Колку пати планираме банални работи и не се остваруваат, не па ќе предвидиме вака големи работи.

    Пред се да сме здрави. Ако сме здрави, во се можеме да успееме. Кој повеќе, кој помалку, најбитно е да има љубов.
     
    На anastasijaki, srcekrsacka и al-vik им се допаѓа ова.
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Чекање на се....па потоа брак

    Дефинитивно тие :D само ме интересира, чисто информативно, пошто јас во мојата околина немам ниту еден ваков пример - Што се случува понатаму со ваквите парови? Како преживуваат, дали преживуваат, каде живеат, каков ум носат после доаѓањето на бебето? :D
     
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Чекање на се....па потоа брак

    На мои 24 години сметам дека ми е прерано да стапам во брак. И да сеуште сметам дека ми е време да лудувам по дискотеки до 5 сабајле, да излегувам и да се дружам.
    Незнам некој преска спомна за местење на коцките, да коцките се местат, но само тие кои што јас можам да ги контролирам. Дипломирав, уште малку и ќе магистрирам, што си е до мене си завршив, но не работам и не зошто јас не сакам и сакам да си седам дома и да си земам пари од моите. И јас сакм да работам и да се осамостојам е таа коцка потешко ми е да се нареди. И тој дипломира, работи, но сепак сметам дека има ште многу работи да се средат па потоа брак.
    Можда никогаш нема да најдам работа ( скрај да е ), но додека ми дозволува младоста до тоагаш вака ќе си седам и ќе пробам нагласувам ЌЕ ПРОБАМ што значи може и нема да успеам да ги наредам коциките.
    Просто и се чудам,а богами и восхитувам на оние кои од жива мира како на шала ќе направат бебе и ќе се оженат, ни тој ни таа не работи и што е најтрагично едвај имаат по 20 и некоја година.
    Треба да се проба да се колку толку среди животот пред брак барем најосновните работи!
     
    На bittersweet, SuperGirl24, srcekrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  6. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Чекање на се....па потоа брак

    Барате пример? Еве една комшивка овде се омажи на 18години, бремена остана потоа откако си направија веридба. Младоженецот на свадбата имаше 17 год :tmi: , мораа родителите да одат да потпишат во матичното дека даваат согласност да се жени :lol: Неколку дена пред да стане полнолетен стана татко. деца неизживеани се и двајцата. Ајде комшиката до некаде е созреана, ама тој... Тој сеуште лудува по кафани, дискотеки додека оваа седи дома и се грижи за детето. Кој е виновен овде??? Родителите и на двајцата, бидејќи никој не се обиде да ги спречи или пак да поразговара да ги разубеди малце. Сите им дадоа веднаш поддршка.
    Да напоменам, ниту тој ниту таа работат. Неа родителите сеуште и даваат пари секој месец, тие купуваат памперси за малото, а додека тој со неговите родители не е во најдобар однос поради тоа што тие решија да не му дават пари-сакал жена нека си ја гледа како знае и умее, нека се соочи со реалноста. Првата година живееја од парите од свадбата, а сега? Е сега се жалат тешко им било, малолетниот младоженец оди работи што ќе фати за да земе некоја пара. А невестата? Ужива во домаќинството и во ноќите поминати сама во кревет, без сопругот.


    Срамота :fubar: :x :x
     
    На CameliaMiller, Eleonorastrumica и eli25 им се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Чекање на се....па потоа брак

    блонд, навистина ме насмеа со сликата :rofl: :bow:
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Чекање на се....па потоа брак

    Јас познавам неколку вакви парови и од тоа најмногу ме фаќа страв и сум ужасната.
    Признавам дека дури сум и малку истрауматизирана искрено. :D
    Двајцата без факултет, батален на средина, или при крај, он менува работни места постојано, за плата не повисока од 200 евра, она седи дома, во станот на неговите родители, кој едвај ги собира сите, детенце и уште едно на патот... со девизата - да сме само живи и здрави.

    А родителите, немоќни да помогнат. :( Не дека не сакаат, кој родител сака да го гледа детето да се мачи така? И тоа не е живот, ма ни преживување не е тоа. Поим немам што е, шарада на поимот брачен живот.
    Ама никој не им противрече кога ја изнесоа одлуката за брак, и кога дознавме дека намерно останала трудна, само јас погледнав зачудено и ме стрелнаа со поглед - зачепи.
    :D
    Аргументот на невестата беше тој - е да бе, ќе чекам јас се' да ми се среди, тоа не е никогаш можно, не сакам да останам стара мома. Плус сите другарки ми се испоомажија, само јас ли да останам?
     
    На Moira, eli25 и Srekicka им се допаѓа ова.
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Чекање на се....па потоа брак

    Бракот, натурлих, најчесто завршува со развод. Споменав дека во фамилија имаме два такви случаја, едниот сме ние, другиот моја братучетка. Јас сум дете на такви родители, млади и заљубени, па гледам на крај што испадна. |( Ни на братучеткава не и љубоморам, тие па ептен помлади заедно, од 16 години, абара џубара, бебе, пелени.... кавги, ајт после, по судови ќе се тегнеме, со полиции и глупости. Па трауми после кај децата, е не бе, нема да имаме.

    Ама тоа е и до луѓето, Моира. Татко ми, саканиот и ценетиот господин, еве го, до 40 и кусур години стаса и не успеа да најде салам работа, не чинеле сите. Изгледа тој не чини, ама тоа друга тема.

    Него мислам дека поентата на оваа тема не е дали рано да се стапи во брак или не, туку дали да се чека прво диплома, па магистратура, па стан, па кола, па докторат, па куќа, па викендичка во Охрид, па, па, па... :D
     
    На CameliaMiller, srcekrsacka, MacenceEna и 2 други им се допаѓа ова.
  10. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Чекање на се....па потоа брак

    Tренди, сега додека си правев кафе ми текна нешто- ти се смееш за баба ти ама може да испадне супер работа од ова.
    Кога би отишле тие кај твоите (или твоите кај нив), а ти и дечко ти во станот, би било супер, знаеш рокада, како во шахот :P

    Сноу Квин, сигурна сум дека твоите коцки одамна се наместени, знаеш дека цел форум ти пуштаме среќа да се омажиш веќе, нели ;)

    На темата- треба да се чека, да, ама да не се одолговлекува ако се имаат веќе услови за заеднички живот (сигурна работа, шанса за сопствено живеалиште и сл.).
    Ако тоа е исполнето а уште се одложува работата, тоа е затоа што некој не е сигурен дали е со вистинската личност, и така ќе ја влечка со години, и потоа ќе се земат оти што ќе каже народот :) .

    Што да правиме кога штркот не оставил во Македонија, така функционираат работите овде, еден чекор напред- два назад, реалноста е таа, мозаикот никогаш нема да се заврши целосно.

    А некој пак ги има сите камчиња, ама не може да ги склопи во целина, клучот е во импровизацијата изгледа :)
     
    На ludoto19, LilBaby, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Чекање на се....па потоа брак

    Апсолутно се согласувам - сум слушнала за примери каде бременоста ги фатила неподготвени (колку што може де, знаеме сите како се останува трудна :D ) ама се избориле и двајцата и имаат прекрасен живот. Точно дека се помачија, ама битно се бореа и имаа визија до каде сакаат да стигнат, без разлика на непредвидените ситуации.

    Проблемот лежи во паровите кои сакаат да го јадат лебот лежечки, ама кај нив драги мои, нема ништо да се смени во брак да влезат и на 30 години - исто легачки ќе го поминат, цел живот туѓи пари ќе трошат и тоа е тоа....
     
    На kravce, srcekrsacka, blond и 2 други им се допаѓа ова.
  12. macigv

    macigv Активен член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    12
    Чекање на се....па потоа брак

    барем едниот од партнерите да има постојана работа. а другиот некако ке се снајде; за машко ке се снајде некаде такси некаде ова она; за женското и тоа може да се снајде како миење садови во кафани, одење на грав ова она.
    ама пак ке повторам барем едниот од двајцата да има постојана работа. а ако двајцата се невработени и двајцата е многу тешко, замисли на свекорот и свекрвата да им бараш пари и за едни влошки тоа стварно не е згодно. а да чекаш двајцата да се вработите...
     
  13. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Чекање на се....па потоа брак

    Се ежам од овој ,,аргумент,, |( Сите се фрлаат во Вардар, епа ај и ние...да не останат покуси или ќе им избега тенџерето.
    Мојот партнер заработува солидно, да речеме дека имаме решено станбено прашање, но ние пак не се нафаќаме на свадба. Како прво немам факултет завршено, ниту па работа. Платата на дечко ми оди во станбен кредит и во сметки и од што би живееле ние кога немаме пари ниту за основи средства за живот?
    Некоја претходно кажа дека зависи и од карактерите и потполно се сложувам. На некој единствена цел во животот му е да се омажи/ожени, други пак размислуваат поинаку и ни едните, ни другите не ги осудувам. Секој со своето...
     
    На Lolo5, srcekrsacka и Hellen им се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Чекање на се....па потоа брак

    Грешка си разбрала Сеси :D , она сака да живееме заедно со нив. :D
    Мојот желудник реално не е доволно силен да истрпи толку турски серии во денот.
    Некаде сум напишала, ама еве пак, за илустрација, кога дојдовме ние во Скопје, зградата не беше направена, фалеа уште некои 6 месеци до финализирањето на изградбата.
    Во станот имаше доволно место за моето семејство, а мајка ми одби да живее со сопствените родители значи, и отидовме под кирија, дури и за толку краток период.
    Не е дека ни врнеа пари од небо, секогаш сме биле во средната класа и многу скромни, ама по секоја цена сакавме да го зачуваме мирот и хармонијата која со години сме ја граделе. Сами.
    Значи до карактерите е, до луѓето, некој можеби едвај чека ваква "понуда од соништата" и ќе се задоволи со ова, друг сака да испроба се' што е можно додека е млад, за да заработи и на раат да си планира живеачка.
     
  15. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.061
    Пол:
    Женски
    Чекање на се....па потоа брак

    Се согласувам до некаде дека треба да се почека да се средат прво некои работи, како место за живеење и бар едниот да работи, но да чекам додека се вработам и се средам целосно нема шанси, може тоа ќе биде за 4-5 години , со оглед на тоа што тешко се наоѓа работа знам дека нема одма да најдам |( Догодина ова време го завршувам факултетов, додека да дипломирам сигурно ќе поминат и уште неколку месеци плус, и не, не ми се чека, со дечко ми сме од различен град, се гледаме преку сила 2 пати неделно, зашто да чекам уште :?: Имаме место за живеење, тој моментално работи на негово средување, си има работа , така да ќе имаме за скромен живот додека се вработам и јас, ама да седам дома уште со изговор..чекај да се вработам па ќе се земеме..за мене е глупост, ќе ми помине младоста чекајќи :lol: не планирам на 30 години да стварам допрва семејство и да раѓам, сакам помлада додека сум :) Имам прочитано и тука на форумов многу феминки се каат зашто чекале за работа, да изградат кариера, и сега кога имаат над триесет години пробуваат да створат потомство и не им успева, па се измачуваат со помислата дека годините им се проблем , не би сакала и мене да ме снајде тоа, искрено џабе ми е плата, кариера, не знам што се друго, ако немам семејство со кого ќе го споделам тоа, имам многумина такви личности во моја билизина, и покрај се што постигнале и имаат, сепак чувствуваат празнина :|
    сума сумару најискрено јас едвај чекам да се омажам :rofl: :wasntme:
     
    На Nastjaaa4, srcekrsacka, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Чекање на се....па потоа брак

    Анастасијаки, без навреда ама и твоево размислување ми е типично неќам да сум стара мома.
    Јас не сум слушнала во денешно време, со сепак напредна медицина, да не може да затрудни жена во 30тите, само заради годините. Најчесто проблемот е друг, кој ќе бил присутен и да се обидувала на 25 да затрудни.

    Сепак, на крајот секој е со своите желби и ставови, точно е дека не може се да биде средено, ама не можете да ме убедите дека ќе има хармонија и мир доколку се живее од една скормна плата или уште полошо, ниедна или пак ако живеат 5 луѓе во двособен стан. На почеток ќе се сакаме, ќе викаме здравје, а на крајот ќе ти пукне филм и ќе избијат нервозите на површина. Па оди после средувај ги односите.

    И точно, постои ризик дека некој од нас или пак двајцата во одреден момент ќе останеме без работа, ама барем ако сте имале некаква подлога кога сте се земале, би значело дека имате и некаква заштеда со која ќе го истуркате тој период.

    Секако дека има исклучоци, за тоа се доказ многуте мажени девојки овде кои се изјаснија дека не баш се било средено кога се мажеле, ама сепак сите имале некаква подлога-дали добра плата на едниот, дали место на живеење.
     
    На Lolo5, Blanca, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.061
    Пол:
    Женски
    Чекање на се....па потоа брак

    А зашто би чекала уште кога имаме услови за зимање? А и дечко ми не е во цутот да младоста така да..и да, напредна е медицината ама и годините си имаат улога, тоа секој лекар ќе ти го каже, и ако веќе се има некој проблем додека е човек помлад многу побрзо ќе се реши и има поголеми шанси :) Жената е најплодна до 30тата година, потоа плодноста опаѓа , како старее таа се намалува :worried: Како сакате сфатете го моето мислење, ама јас не живеам за пари и за кариера, живеам за да створам семејство со оној кој го сакам :angel:
     
    На Nastjaaa4, srcekrsacka, jas.mina79 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. jas.mina79

    jas.mina79 Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    9
    Чекање на се....па потоа брак

    Чекање ДА, но не чекање се до последен детал да се среди...и не премногу долго.
    Јас со мојот сегашен маж бевме во врска скоро 9 години, и на наши 27 години се одлучивме на брак.
    Веќе сме 5 години во брак...двајцата по 32-33 години , 2 деца, уште se занимаваме со пелени, памперси и сл....а имаме пријатели чии деца веќе се во школо :D
    Тие се слободни со големи деца, а ние спиеме по 3 саати преку ноќтта :D Е па ни тоа не е фер !!
    Сакам да кажам дека колку си помлад полесно се чуваат децата т.е. бебињата...
    се на се кога ќе ја разгледам оваа математика....требаше малку порано да се решиме за семејство :)

    Порано или подоцна -доколку постои емотивна зрелост и стабилност....се си доаѓа на свое место.
    Не секогаш само парите и сл.проблеми се главната причина ЗА или ПРОТИВ бракот..
     
    На srcekrsacka, blond, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  19. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Чекање на се....па потоа брак

    Од леб се живее, а не од љубов. И од љубов не се умира, али од нервози ради свекрви, неплатени сметки и кирии ...
     
    На Lolo5 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  20. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.511
    Пол:
    Женски
    Чекање на се....па потоа брак

    Искрено еве за мене ке си кажам јас не би се мажела сега бидејки лично психички не се осекам спремна за брак.(уште ми е убаво со мама и тато дома) :D :D Не дека сум со мисла дека треба да скитам по цели ноки и да се прибирам дома во 5 саат наутро пошто и онака не го правам тоа него едноставно треба јас лично да осетам дека за себе си ги имам постигнато повекето ако не сите цели што ги имам замислено за мојот живот.Како прво ми е дипломирањето и здравје боже идењето во странство на постдипломски.Мислам дека ако не го сторам тоа пред брак цел живот ке осекам тегоба и ке ми биде мака .Не викам дека во брак не можеш да учиш и да се надградуваш себе си ама сигурно не е како дома кога тато носи мама меси а ти се што треба да напраиш е да седнеш да загрееш столица и да положиш некое испитче :D :D :D
    За станбено прашање срека ми е решено бидејки и да нема мојот иден сопруг јас имам "стан одвишок" па што би рекол он ти дај го станот во него да живееме а ја како сакаш цел ке ти го уредам :D :D :D
    Бидејки дома долго време живеев со баба и дедо и навистина имавме премногу проблеми со нив поготово со баба ми си имам ветено себе си дека доколку одма не сум во можност да живеам сама со сопругот па макар и негде под кирија подобро би штедела и би тргала на страна по некое евро извесен пероиод додека собереме ако не поише за да идеме под кирија негде скромно отколку такви нервози и стискања во веке сопствена кука да трпам.
    Нормално тука е и работното прашање . Не викам дека денес има сигурна работа ама сакам барем кога ке влезам во брак па макар да станува збор и првите година дена или месец дена да имам сопствена работа и сопствен приход со кој ке учествувам во домакинството а не да трба да ги молам моите дома да ми даваат колку можат или од мажот ми да барам пари за улошки или цигари. Јес да во брак се е заедничко и нема мое- твое ама сепак сакам некои работи сама со сопствен труд со сопствена пот од сопствена плата да си ги приуштам. Секако доколку некој во текот на бракот остане без работа сигурно нема да остане да пита на улица ама сметам дека е многу подруго коа тоа се случува понатаму во брачната заедница отколку коа 2ца улетани од љубов без покрив над глава и леб на маса стапнуват на лудиот камен само затоа што многу биле вљубени еден во друг.
    Сигурно нема да чекам до брак додека не добијам 100 собен стан и ферари и ламборџини да ги мењам и викендица ха Хаваи ама додека јас самата за себе не си обезбедам средства за живот никогаш не би отишла да живеам на туг грб само затоа што многу го сакам.
    Така да според мене сметам дека човек пред да стапи во брак треба да се оствари себе си ако не во целост барем делумно за да нема после каење што би било кога би било или кога би постапиле поинаку во младоста :) :):)
     
    На Trendafilka и femina90 им се допаѓа ова.