Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чекање на сè....па потоа брак

Дискусија во 'Брак' започната од Snow-Queen, 9 мај 2012.

  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    А што па толку се запнавте за Nana, не ми е јасно.

    Јас колку што знам дечко и' работи и одлично заработува, самата си кажа дека имаат своја куќа која дечко и' ја направил или ја реновирал (овој дел не го сфатив баш) и што? Одлучиле да се земат. Треба нас овде да не праша? Или па на сите да ни поднесе по еден извештај за тоа каде, со кого и од што ќе живее? Ај малку смирете страстите. Одма сценарија изнакажавте. Зошто морало свадба од 400 гости. Мислам, толку сте некогаш смешни и контрадикторни тоа да се чуди човек. Абре може си имаат пари луѓето и си сакаат свадба од 500 гости. Што се испаничивте вие ја не знам.

    И од каде тоа дека она на друг чека? Јас колку што ја прочитав Nana пред некоја недела во СДК се пофали дека си нашла работа и дека ќе си работи девојчето. Значи сепак размислувале. Па и да не работи, па што? Доколку дечко и' или веќе иден маж заработува доволно и нема потреба она да работи, тоа си е нивно и е сосема во ред. Зарем за тоа треба да ја класифицираме во оние што од други чекаат.

    Многу испоскокавте без потреба. Нејзиниот случај е баш во ред. Не се битни годините, ете си решиле да си се земат и добро. И двајцата работат и имаат каде да живеат. Нит ќе бидат на терет некому, нит па ќе бараат пари од некого за сметки. Што е тука спорно?
     
    На Nati.P, mimiiiii, Nana19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.307
    Пол:
    Женски
    Nana се дур не седнеш во таа куќа, додека не добиеш црно на бело дека е ваше, бар на дечко ти, не викај дека е твое, ни ваше, не е, на неговите е. За несреќа имам мал милион случаи во околината моја кои “имале“ се, само да се решат младите, па живеат во соба само. Рипни па речи ОП, многу ме нервираше реченицава кога ми ја кажаа ама реалност е.
    Е сеа, да чекаш да се среди се нема да се среди, никогаш нема да се среди се, да бидеме на чисто, поготово во нашава околина. А дека и на 19 може да се биде одговорен и семејство да се основа може итекако, што им фали на нашиве родители, пола и поише се зеле на рани 20ти, па фала богу гледам по форумов сме исшколувани, одомени веќе некои од нас, со здрава иднина, а тие што се сеуште деца фала богу од дома добиваат се што им е желба, одмори, телефони, читам и за поголеми луксузи ама не е мое да коментирам нели. Јас лично почнав за себе да се грижам на 15, еве ме 11 години подоцна фала богу што ми дале моите шанса во животот, додуша малку насила ја земав ама тоа е што е сега. Не ми е мака за прошуштеното во детството, во тинејџерските години, фала богу сум вложила за да добијам многу повеќе. И не сакам да речам еве јас можев можете и вие, ама малку повеќе давајте си кураж, можете и тоа сами не знаете колку многу, само на мака да се најдете.
     
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.992
    Допаѓања:
    12.689
    Не дека на 18, 19 луѓето не се способни за работа, ама нема работни места, нема кај да се работи. Јас на тие години преку лето барав работа и почнав на кратко кај едни подалечни роднини, во продавница да работам. Арно ама по една недела сфатив дека човекот газдата спие со другата продавачка и таа ем работи, ем спие со него за да зема плата. Мене ми вртеа некои муабети демек - “па млада си без искуство, кај и да одиш 3 месеци ќе работиш за без пари“. Си отидов уште истиот ден. Уценуваат сегде. Вие мислите дека ако на 18 год отидете да барате работа некој одма ќе ве прими? Ако е маж газда во приватен сектор дека нема да ве уценува ? Моја братучетка со две деца отишла на интервју за работа и газдата и рекол “да одиме надвор од град да се договориме за плата, ако не сакаш да знаеш има многу помлади и поубави од тебе што бараат работа“. И сега жената тоне во долгови и си вика “ее кога бев млада што не си учев“. Тешко на 40 години да градиш кариера, како со прво вработување во конфекција? Јас не барам кариера бидјеќи кариера имаат 20 жени во Македонија и толку, ама сакам да кажам сите се бориме за опстанок, за плаќање сметки и прехранување. Не дека не се делат откази, ама таа жена што има квалификации побрзо ќе најде нова работа и нема да дозволи да ја уценуваат затоа што нуди квалитет.
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.307
    Пол:
    Женски
    Јас па немам такво искуство, еве ќе кажам, сум работела кај двајца мажи, и тоа повеќето опкружена со мажи и колеги и шефови и газди, никогаш не ме уценувале со секс за плата. На третото работно место во приватна фирма во фирмата повеќе беше мажот на газдата него ли газдарицата, па иста ситуција никогаш не ми се случило слично нешто. Да бидеме реални, постои нешто такво, имаше една феминка која кажуваше да уценувале со тоа ќерките да дојдат да работат за неа, ама јас не сум се сретнала лично со таква работа. Е сеа да бидеме реални, работа многу нема, ама има и доста млади кои за 10 000 денари од дома нема да мрднат за да најдат работа. На една 22годишна девојка јас и најдов работа, абе сто пати на мајка и меил и пратив да оди да си ја проба среќата и не отиде и не отиде, а демек бара работа. Туку кажи бара работа моли бога да не ја најде ама ајде. Јас работам од мои 14 години, по кафичи, по пицерии, по маркетинг агенции, никогаш не сум имала слично искуство, на страна од овие три работни искуства по струката значи. И да се разбереме, од воспитувачки и негователки, учителки по англиски и банкарки, од такви ни е преплавен пазарот на трудот, на никој не му се учи архитектура и машински, медицина и електро, епа сеа... Не сакам да потценам некој факултет ама да бидеме реални, се помалку млади луѓе ќе учат полесен факултет наместо да се потрудат и да си ја осигураат иднината со некој потежок факултет. Епа мене ми беше полесно да завршам архитектура и да си ја осигурам иднината наместо да си поминам полесно на факултет па да си ја чукам главата после за работа. Иначе во изминативе 5 години не сум останала без работа подолго од една недела. Еве ја терам и петата веќе асално, мислам дека најбитно од се е да направиме вистински избор.
    Малце забегав од темата ама мислам дека ако самите не ги превземеме конците во свои раце нема да ги превземе никој за нас, тоа да ни биде јасно. Само така се редат коцките на ред и се доаѓа и до посигурна иднина и до брак и до стабилност.
     
    На babyblond и kate21 им се допаѓа ова.
  5. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Без навреда за никоја, можеби некои ќе се пронајдете во моето излагање ама сепак тоа е само мое мислење. Пред 50-60 години ретко која девојка имала можност и одела на факултет. Сите се мажеле рано и главна цел на жените било да седат дома, да се грижат за домот и за децата. Ги мажеле со стројници со мажи што еднаш или два пати во цел живот ги виделе. И со срам се мажеле тие што веќе биле бремени.

    Сега секоја девојка има можност да заврши факултет. Да одбери самата со кој ќе се омажи и ќе го помине остатокот од животот и да се омажи кога сака не кога ќе сакаат нејзините родители. Ама најнова мода е да се мажиш бремена.

    Е сега покрај оваа слобода, да одбериш да бидеш домакинка уште како тинејџерка, без да имаш звање , завршено факултет и најдено работа, кои и тоа како се дел од твојот идентитет е малку неблагодарно кон целата таа борба на жените за еднаквост со мажите и дека жените не се само домакинки туку многу повеќе од тоа. Од друга страна каков брак е тоа да се омажиш бремена? Толку не се плашите дека еден ден при некоја брачна криза нема вашиот сопруг „да ви го тресни од глава“ тоа што сте биле бремена и дека ако не сте биле никогаш не би стапил во брак со вас и да ви го проколнува детето секој ден за време на таа брачна криза? Што ќе си речи детето? Јас сум причината што мама и тато не се среќни? Јас сум причината што имаме финансиски проблеми?Зарем до толку поскапеле кондомите или до таму сме дошле за 100 ден, да не можиме да си дозволиме? Брачни кризи имаат и тие што веќе биле во брак кога им се родиле децата, ама барем децата нема да бидат посочувани како виновници за склучувањето на бракот.

    Ќе ве разочарам ама искусни жени над 30-40 години не можат да пронајдат работа. Секаде скоро бараат помлади од 30 , ама со искуство на 40 годишни. 90% од огласите се местени. Ако сте спремни да си извадите партиска книшка и најнеписмени да сте можеби ќе најдете работа и бесплатно ќе завршите факултет, ама ако сте неутралец, па посебно ако немате факултет и уште помалку ако немате завршено факултет од областа од која навеќе се бараат сега кадри ,шансите ви се минимални да работите нешто без голема физичка активност или за пристојна плата, освен ако не отворите приватен бизнис(а тоа како што кажуваат старите е како одеш со скршена нога) и не е баш лесно во оваа држава, самите можете да видите колку дуќани се издаваат, колку бизниси пропаѓаат.

    Да многу работи во животот не се планираат. Ама она што е од ваша страна испланирајте го колку можете и исполнете го колку што можите. Внимавајте при изборот на факултет, видете дали е просперитетен. Кога ќе фаќате дечко распрашајте се добро кој е што е , што има што нема. Не е само, ама го сакам и толку. :!:
     
    На WORRIED.BT му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.992
    Допаѓања:
    12.689
    AngelOfArh се согласувам дека има мрзливи луѓе, но секој треба да се труди за подобро. Сите тоа го сакаме, најдоброто за себе, но не оди секогаш така посебно не во нашата држава. Важен е и партнерот што го имаш до тебе, инаку ако само едниот работи за да обезбеди се, а другиот чека на готово пак е утната работата. Јас не се жалам од работа, дај боже да има, ама сакам утре на моето дете да му обезбедам услови за нормален живот, а не да немам за едно смоки. Има мајки кои се невработени и сега на детето екскурзија триденвна му чини 8000 денари. Од каде таа мајка да му даде 8000 ако не работи или ако зема минималец? Има многу лоши случаи на сиромаштија во наша околина само некои луѓе вешто се прикриваат.

    А за коментариве многумина летаат во облаци и на крај ќе ме убедат дека со 8000 денари и куќа може да се направи и семејство да се гледа.
     
    На Orthophill, Glasna и babyblond им се допаѓа ова.
  7. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам, прво затоа што бракот не е нешто за кое треба да се бара виновник при првата брачна криза (која во секое нормално семејство од време на време ја има), а уште помалку да се земало детето како кривец. Во повеќето случаи каде што се мажат бремени веќе имало љубов и планови за заедничка иднина, па се зеле малце порано поради ситуацијата и тоа мислам дека воопшто не е за осудување. И не, никогаш не би ми било поважно дечкото што има, отколку да го сакам. Бидејќи јас нема со неговите пари да легнувам и да се будам до крајот на животот, туку со него. :x
     
  8. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.162
    Допаѓања:
    17.651
    Лелее по коментариве имам чуство како да е најголем грев да живееш во куќата на родителите па дури и на посебен спрат. :x Зарем не е тоа целта на секој родител да се грижи за детето и да му ги овозможи сите услови од образование до дом. Ако е така како што тврдат повеќето од вас зошто ги прифаќате нивните пари за школување? Зошто не си најдете работа напоредно со студиите? Јас ќе ви кажам зошто. Ова е Македонија а не Америка.
    Сите сме свесни во која сиромаштија живее повеќе од пола население, зарем тие луѓе немаат право на брак? Јас и дечко ми сме двајцата факултетски образовани јас кај и да е ќе магистрирам. Ако не најдам работа со добра плата која би ми овозможила добар живот под кирија не треба никогаш да се омажм? Сега ако дечко ми не е ситуиран да има друг стан или куќа треба да му раскинам?
    Стварно многу се летате.... Ако е реалноста е таква како во вашите мислења никој во нашата ни мизерна држава немаше да стапува во брак и да се бори.
     
    На Lovely93, Nati.P, Nana19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Во афект луѓето се и сешто можат да кажат и да обвинат било кого за било што. Пред да го засакаш сигурно ќе се потрудиш добро да го запознаеш. И под тоа што има не се подразбира само пари и недвижнини туку и образование, знаење, способност да се снајди и заработи, дали е здрав и прав, дали е од нормална фамилија, дали има зависности и фамилијарни болести и сл.
     
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.433
    Допаѓања:
    91.609
    Пол:
    Женски
    Ќе си пишувам за себе и како јас и дечко ми гледаме на ова.
    Уште кога се запознавме како да знаевме дека ние сме Тие еден за друг. Почнавме многу скоро со планови, те во мај, па септември, па декември, па ајде јануари, но коцките не ни се редат. Ние сме постојано заедно, не дели буквално едно спиење, се почесто и тоа не, и некои обврски кои мораме да си ги завршиме сами.
    Тој има една работа, но од пред скоро реши да почне и со друга работа. Сака да стигне до одредена позиција, која после би ни обезбедила пристоен живот.
    Јас од пред неколку месеци почнав да се фокусирам на една желба која ја имам од поодамна и сакам конечно да ја реализирам, за да се реализирам себе си, затоа што не се гледам како женичка која треба да ја издржува мажот.
    Има тој куќи во кои му живеат родителите, јас имам куќа, плац, но двајцата одлучивме дека не сакаме да живееме со нашите, туку сакаме сами да создадеме.
    Затоа и работиме, тргаме нешто на страна, но и многу трошиме на нас.
    Тој малку повеќе се расфрла со пари, но за среќа се помалку во непотребни работи. Порано знаеше и да дава на заем пари, но сега гледам дека ние и нашите задоволства му се пред се.
    Јас сум поштедлива, па најчесто кога сака да тргнеме пари на страна ми ги дава мене.

    За среќа убаво сфати кога му објаснив под кои услови јас би почнала заеднички живот и под кои услови би создала семејство. Иако е доста постар од мене нема никакви притисоци. Секако уживаме во времето кое го поминуваме заедно, кроиме планови, но чекаме убави услови за да можеме да ги реализираме.


    Мајка ми и татко ми се земале на нивни 35 години, ме родила мене на 36, сестра ми на 38 години. Додека била сама си купила плац и се за градење на куќа, им помагала на нејзините, кога се земале со татко ми реновирале се по дома, шетале каде ќе им текнело, еден викенд не биле во Скопје. За жал татко ми починал многу млад, после 4 години брак, но секогаш кога збори за да би го вратила времето, вели дека пак би го правела истото, пак би го "чекала " него, само да не починел, за да можеле да уживаат како во тие неколку години.

    Доколку нема услови за почнување на нешто, не гледам зошто би се правело со сила. Старите убаво велат кога сиромаштијата влегува од врата, љубовта бега од прозорец.
     
    На Glasna, SuperGirl24 и babyblond им се допаѓа ова.
  11. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Ни најмалку не ви се правдам но еве ке ви кажам....ДА НЕ ЛЕТАТЕ СО ФИЛОЗОФИИ
    Во кучата на дечкоми одамна е тој единствен маж во куќата да не речам тој е столб на куќата...Неговата мајка сама го исчувала цел живот , му овозможила се , имаат навистина голема куќа а жената живее само за нејзиниот син да не речам , тој и е се што има затоа и мене премнгу ме сака знаејки колку се скааме...
    Има огромна куќа на 4 спрата цела куќа скоцкана бидејки си заработува одамна, значи се е средено има и сплна и кујна и детски соби , и трпезарија и дневна , башка мајкаму му рече дека кога он ке се омажи таа ке се симне на 1 кат да си живее , мада ние тоа нема да го дозволе....
    ДЕЧКОМИ САКАШЕ САМО НЕКОИ РАБОТИ ДА ИЗМЕНИ , А НЕ ДА ПРАВИ КУЌА...Но му реков дека имаме се и немора веднаш тоа да го праввиме, затоа што одамна сакавме да се земеме, но сакавме да си трнеме некој денар на страна за утре недај боже да имаме ако затреба...
    И ние нема да бидеме на никаков терет кога имаш куќа мислите дека ке ни бидат малку 700 е месечно ????? ЕПА ДЕВОЈКИ МЕНЕ ТОА МИ Е ПРЕМНОГУ ДОДЕКА НЕМАМЕ ДЕТЕ...Јас секој момент треба да појдам на работа и тоа сигурна работа ми е за еден временски период...
    ние на никого не се тупнавме да не рани и да ни плаќа сметки , ние ке бидеме тие што може да помагаме на нашите....ПРВО ПРАШАЈТЕ ПА ТОГАШ ФИЛОЗОФИРАЈТЕ.....

    СЕГА ЈАСНО ВИЕ ?
    или треба уште нешто да ви појаснам ?
    кој денеска не прави веридба ?
    и ние сакаме да си направиме затоа и до сега не се земавме , бидејки сакавме барем нешто да си направиме макар да е со 10 души но да си го направиме редот како што треба ...А НЕ ДА ВИКНАМ 400 ДУШИ И ДА ИМ СИПАМ САМО СОК ДА ПИЕ.
    Колку ми е долга чергата толку ке си ги испружеме нозете...А НЕ СМЕ ДЕЦА НИЕ И ДВАЈЦАТА СИ РАЗМИСЛУВАМЕ ЗА СВЕ,,,
    да не размислувавме ние за сите овие работи одамна ке се земевме ...Но сакаме да си имаме услови за убав животт и утре да им пружиме убав живот на нашите деца....
    НЕ ЏАБЕ ИДЕ ЦРНЧИ ПО ТУГИНА , туку за да имаме убав и комотен живот утре...Тоа што ние сме го можеби немале да го пружиме на наши деца
     
  12. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.162
    Допаѓања:
    17.651
    Нана не се нервирај за џабе. Штом со на форумов не треба да дозволиш да земаш при срце сечие мислење. Всушност за тоа служи и форумот за секој да си ги искаже своите ставови што нормално е да се различни.
    И јас не сфаќам како може да се направи од влакно руно. Ти кажа дека не сакаш да реновирате во моментов затоа што мислиш дека имаш добри услови за живот , а работава искочи дека немате кај да живеете. Ти пиша дека сакаш свадба и одма ти ги изброија гостите дека ќе ти се околу 400 :D . Значи секој нека си каже мислење ама не се расфрлајте со претпоставки затоа што така се создаваат тензии и кавги .
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752


    ТОЧНО НО ТИЕ ПРЕТЕРАА...
    они кажаа дека немам каде да живеам , ми кжаа колку гости ке имам за свадба , кој ке ми ги плаќал сметките и кој ке ме издржувал,,,
    АЈДЕ СЕГА КАЖЕТЕ МИ КОЛКУ ДЕЦА КЕ ИМАМ ? ЗНАЕТЕ ЛИ ????? нема шанси да не знаете
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Не би цитирала ничиј пост самао би дала свое мислење за мојата состојба , по шп јас и дечкоми решивме тој да си го уреди неговиот спрат ( бидејки брат му има куќа која мора да ја реновира за да се всели ) да реновира што може, а јас и тој да има каде да спиеме .. доволно е . Ние си планираме наша сопствена куќа бидејќи куќата каде што ние ќе живееме не е нова, тнеговиот дедо ја градел,а за да се уложува во неа многу и не вреди, по што коа би се почнало се нешто ке излегува, а така барем започнато нова имаш и колку толко , и кога ке можеш ке градиш. Јас секако во таа куќа ке бидам 3 недели годишно доволно кога ке си одиме дома. Ние сме доста време заедно и решивме да он го среди малку спратот па да се вериме, и потоа овде да си правиме наш дом ( без разлика што ке живееме по кирија, такво е странството сите знаете) и да штедиме, да заработуваме пари з анаш дом . Несакам да зависам од никго, секако доколку и неговите и моите Имаат :!: и сакаат да ни помогнат во изградбата, помошта би била добредојдена. Порано многу паничев за се и сешто, а сега веќе сум така опуштена , битно ми е дaима љубов, слога и разбирање а останатото самао ке си дојде постепено . Имајќи да уживаме заедно во убавите моменти ... мислам дека не би планирала кавги и глупости околу куќата . На неговите родители им поткажавме дека сакаме нова куќа да си правиме, се согласија и рекоа вие како сакате така правете, немаат ништо против, а ни пак моите ... Да имам јас каде да преспијам, да ми додје еден гостин доволно е, а се другото... како е пишано така ке биде, и само ке си дојде ( а кога би биле двајца кои работат земаат плата... би можел да заштедиш доволно .. се додека немаш дете секако )
    . Убав ден на сите :*
     
  15. galijan

    galijan Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    260
    Јас сум од тие што почекале малку со бракот за да си обезбедам некои работи кои сум сметала дека се потребни.Значи образованието на прво место.Завршив Правен факултет, дечко ми Економски.И двајцата работевме од наша 18 година.Јас во Грција како студент преку лето, тој по други земји.Стажирав кај адвокат и за 3000 ден.Ќе немав пребиена пара додека студирав, ако не работев.Моите ми помагаа додека стажирав, колку можеа, бидејќи не сум од Скопје и плаќав кирија.Се трудевме и двајцата.Не знам можеби сум си поставила високи цели.Еве ме сега мажена, правевме свадба пред месец дена.Што да кажам, убавини.Самостојни, вработени, се изнашетавме по одмори, журки и секакви доживеалици што навистина сметам дека се одлика на една младост.Не осудувам никој, а не сакам и некој мене да ме осудува што ќе родам на 30 години.Така бев воспитана од родителите, самостојно да чекорам, така што не можев поинаков пат да изберам.Кај и да е сега и станбеното прашање ќе го решиме, се разбира со кредити и тоа што сме го заштедиле.Од самостојност нема поубаво.
     
    На Anouk, WarriorAngel, drugarka и 10 други им се допаѓа ова.
  16. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    нана без нервози, воопшто немој да се замараш... ти си знаеш како е и што е, сигурно девојките тука нема да те премислат ако ти сакаш да се мажиш ;) ако имаш од родителите, зошто да не се искористи? ете јас пример сум единка, моите имаат куќа на 3 спрата, 2 целосно спремени, и еден не е уште готов, но затоа сме ние тука младите, за да со тек на време полека полека си го средиме... и што треба сега јас? да им кажам јас нема да живеам со вас, јас сакам свое, па дај боже во животот да имам пари и да си купам стан или куќа, ете ако не за мене, за моите деца што сакам да ги имам... и не е точно дека ако сиромаштијата тропне на врата, љубовта бега, во тоа сум најубедена, сум го искусила тоа, не сме имале со маж ми што да јадеме, буквално секој ден сме јаделе компир и јуфки, и тоа 2-3 месеци, бидејќи маж ми тогаш зимал помала плата, и требало се да има за син ми... ама ете помина и тоа, сега фрижидерот ми е полн, така да девојки, не се битни годините, битна е желбата, зрелоста, барем едниот да биде вработен, и најбитно од се како што вели татко ми слога и само слога, каде што има слога има и бога :) не велам дека во мојот брак цветаат рози, но има љубов, син ми има се, здрави сме, среќни сме, и тоа е тоа што ми е најбитно, другото си доаѓа само по себе :)
     
    На Lovely93, Luna91 и lovely-girl им се допаѓа ова.
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Нана, не знам дали си информирана, ама во виртуелниот свет пишувањето со големи букви значи дека се дереш.

    И ако не се лажам мислам дека те имам читано дека дечко ти има и сестра, така што не е убаво да кажеш дека мајката живее само за твојот дечко, секако дека нема да си ги дели децата.

    Инаку јасен ми е твојот профил на личност, па не се возбудувам како другите феминки да ти објаснувам некои работи што никогаш не би ги сфатила.
    Ти си пиреј, тешко да те искоренат од тоа семејство- толку ти е удобно таму, не се стегаш за ништо, немаш осет и си спиеш без гајле кога мајка му си доаѓа од пауза за работа за да ви направи појадок, велејќи си дека тоа е затоа што многу те сака жената и тоа никогаш нема да се смени кај тебе.
    Те читам и за работата, сигурно тоа е некоја сезонска работа од неколку месеци, ама тоа не ти е ни битно, тебе и онака не ти се работи долгорочно, ти само сакаш да си се удомиш и тоа е се.

    Можам само да ти кажал алал ти вера, оти човек мора да се роди таков, таков не се станува- да не те урочам, ама ти ќе си живееш до 101 без проблем.
     
    На De-lovely, mims-89, do-re-mi и 11 други им се допаѓа ова.
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Mене само ми е смешно тоа напнување за брак земи ме па земи ме :D
    Сметам дека тоа е одлука на двајцата партнери и грешка е некој да се убедува и избрзува . Ова зборам од примери кои ги гледам околу себе и не ми е јасно :^)

    Инаку темата ми личи на 2 табори , и секој си се фали и му плеска на е другиот што нема тој поради неговата одлука .

    Мислам не личи на ништо , толку е тешко да прифатите дека има различни луѓе од вас и со различни гледишта . И јас мислев дека е глупост една девојка да се мажи без факултет или да речеме на 20 години ама откако запознав 2-3 такви девојки и видов колку поразлична перспектива имаат од мојата .
    Или пак овие што се омажиле млади се тешат со тоа ех па што ако имаш пари и образование не си мажена :^)
    Гледајте си го своето ,каква и одлука да направите секогаш ќе ви најде некој замерка .

    И кога ќе стапите во брак нема да престанете да живеете па мора се да биде обезбедено па да легнете и да речете готово :D
    Ќе творите и тогаш можеби со поголема мотивација бидејки имате семејство и сопруг кој ве подржува , нели заедно сме посилни.

    Јас мајка ми пак ке ја дадам на пример која завршила факултет се вработила па се омажила родила деца па на 36 години отиде на специјализација која траеше 4 години , а таа амбиција си ја имала зацртано одамна , ако чекала прво да стане специјалист па брак нас немаше да не има :D

    Сакам да кажам дека не застанува животот во брак , напротив ама без основни средства не е паметно да се влегува во него .
     
    На Lovely93 и babyblond им се допаѓа ова.
  19. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Nana,а што се случи со золва ти од пред некој ден што ја пофали негде низ темиве :$ ???
     
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Јас не би рекла дека стапувањето во брак на повозрасни години е чекање да се средат некои работи.Многу е битно животот да ни биде наклонет за да успееме.Не е само да најдеме некој и да се приклучиме на групата брачни парови.Не значи дека тие што подоцна стапуваат во брак изгубиле нешто.Не треба да подлегнуваме на притисоците на средината и да ни пречат нивните етикетирања.Сами си одлучуваме за себе и затоа го избираме тоа што не прави среќни.
     
    На Hipster, Lovely93, mimiiiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.