Несакав никој да цитирам ( погоре напишав ) ама Гласна немој уште повеќе да ја лутиш Нана крв може да падне ... бидејќи со постот во СДК ме изреволтира толку многу ... па ако несакаш да те коментираат немој да ја гледаш темава, и немој овој форум да го ставаш во реалноста на твојот живот, твојот живот се сосотои од твои одлуки, ставови и перспективи, а оваа овде воопшто не е важно Поздрав Нана и немој да се нервираш за форумов сите имаме право на свое мислење !
таа си е мажена одамна и си живее убаво но за жал е во друг град далеку е од нас и таа не живее со нас, збориме за куќата каде живее дечкоми , сега дали треба да објаснам и баба му и дедому каде живејат
Nana нема потреба да се докажуваш. Нема логика Ако вие двајца се чувствувате доволно зрели за заеднички почеток, тоа е најважното. Кој што мисли и кој што рекол овде на форумов не е важно. Важно е двајцата да го сакате тоа Секој треба да си го искаже мислењето, ама не вака како што прават некои. Уживај мила, и не се сеќирај
Мислам дека секој треба да си придонесе во заедничкиот живот,за тоа се бориме во животот нели? Нана ,не сакам да напаѓам и јас но ти мила ниту финансиски ниту станбено не си придонела во таа заедница,ниту пак си инвестирала во образование во меѓувреме.Овде зборуваме за пожртвуваноста која ние како ЖЕНИ ја правиме во животот,за да можеме да постигнеме во се ,се разбира и во семејство.Супер за твоето момче створило голема куќа и има добри примање,но тоа е негово,А што ти?? Не е овде темата дали може да се стапи во брак на 19 или 20години?Еве јас ке ви одговорам дека може,како што всушност и ми одговори една феминка претходно.Може и на 16,но што сте направиле во животот? Јас лично иако имав имот од моите родители(и тоа доста атрактивен),со момчето штедевме неколку години и си купивме наш дом.Со години пазевме колку да трошиме.Доучувавме,мислам цел вид го изгубив од читање и читање.Точно е дека тоа од родителите ке ми остане мене,но ние си створивме наше.Животот е борба,а не пиење на кафе со свекрвата.Се извинувам но не можам да го сватам тој калибар на личности.
Не сакам повеке да коментирам тука , бидејки и така нникој не разбира и сваќа...Секој си сваќа по свое...оние кои што немале некоја среќа цврсто се уверени во тоа дека ни друг нема да ја има...Така да правете ми вие планови слободно колку сакате, и коментирајте онакака како сваќате сепак вашите коментари и злобни совети не ми значат ништо...Јас како сакам така ке правам !
Де, де полека сега, не е убаво таква нервоза на вака, со бога напред убава тема. Нема лутеш, некој дели, мое, твое, негово. Некој сака сам да си застане на нога пред да стане одговорен за повеќе, ама не секој има волја или таква гордост да рече јас сама сакам да обезбедам, и да пее https://www.youtube.com/watch?v=PJKze_ukrXY ... додека џогира по кујната со џогерот што сама го купила Нема ништо страшно ни во тоа да си чувана жена, ако така ти е арно.
Прави што сакаш со твојот живот, вери се, мажи се, тоа е твој живот и немој никој од тука од форумот да слушаш. Само научи дека сФаќа се пишува со Ф, а не со В. Сваќа како роднина се пишува со в. Срамота е да се верите, мажите, а уште да грешите со правописот.
А кој тоа немал среќа??????Наводно по ова ние сме ти завидувале зашто ти си имала среќа,а ние не. Ти се молам,таква срека не ни треба и чувај си ја комотно за себе. Јасно е дека коментарот не дојде од интелектуалец,поинаку не ни очекував.
Значи тие што цел живот грешат со правописот никогаш не треба да се земаат. Forever alone. Туку, сме се фатиле сите за возраста, мали, па мали, а што правиме со оние позрелине, касните 20ти, одат накај 30тите, што уште бараат работа, што на пример не можат да најдат, до кога тие ќе чекаат сè да им се нареди во животот? А ете, имаат партнер. Тоа е целта на темата, не е возраста, туку колку вие би чекале за до брак и кои коцки сакате да ви се наредат прво. А не дали биле мали или големи, ко божем возраста е некакво мерило.
Оваа морав да го прокоментирам Значи Нана пак ќе ти напоменам дека безпотребно избувнуваш за ситници и се нервираш за туѓите мислења т.е мислењата на феминките кои овде ги пишале за себе па и во врска за тебе ... Никој овде не ти прави планови ни па се замара со тебе верувај,само го делат своето мислење со тебе и кажуваат како тоа би требало да биде според нив Ова е форум каде што секој може да си каже што мисли а ти доколку сакаш да го ценат твоето мислење почитувај ги и другите. Мислам дека за едно обично мислење ти си создаде многу негативности на форумот за краток период,секако тоа и не е важно но каде ако секогаш вака избрзуваме Остави секој да си каже што има и верувај дека немора на секој да објаснуваш што и како,кој бил столб,колку спрата била куќата ,каде сте живееле и со кој ... Тоа нас не не интересира (еве јас оваа го кажувам во име на сите затоа што знам дека е така) Кажи што мислиш и уживај... И нормално дека ќе правиш така како што ти сакаш,па тоа е твој живот твое право секако дека нема да послушаш никоја од овде што те прокоментиравме,но можеби некој совет некогаш ќе искористиш.
eте некој да се расправа темата ја дотера до правопис И тоа девојката која што не ги почитува правилата на темата што полоина мислења и се напишани на латиница а не на кирилица ќе наоѓала маани некој што имал буква погрешено но тоа е СЕКОЈ СВОЈОТ СРАМ ГО КРИЕ НА ДРУГ ДА СЕ НАСМЕЕ !!! ДЕВОЈКО да ти го пребарам мислењата па да ги споредиме моите и твоите да видиме кој ке излезе неписмен ??? сакаш ? што си тти тука ? Некој за грешки да бара...БРАВО БЕ
Нана бе смири се , треба да си со различен ментален склоп за да сфатиш како на некој му е кеф да си направи нешто свое И не значи дека ти љубомори , јас знам многу парови кои имале имот во наследство и секако нивен ќе си остане ама се решиле и тие да створат нешто нивно . И дајте имотите не треба да не спречуваат во тоа дали ќе влеземе во брак , млади и способни луѓе кои сакаат да работат евентуално ќе спечалат . Нема и ништо лошо да си начекаш на готово напротив нема да се стискаш во најубавите години ,посебно ако ти тоа го перцепираш како џек пот . Важно е тебе да ти е удобно во твоја кожа , а вие ја убедувате дека треба да сака и она да придонесе па што ви е гајле крај краева , нејзин живот , нејзин маж. Ајде нека ти е со среќа во брачниот живот и смири живци . Тука сме само форумски ликови под ник кој што и како кажал нема влијание во реалниот живот .
Не, туку оти мене секогаш ме опоменуваат за правопис и голтнати букви со следниов коментар „Внимавај на правописот, голема си, кај да е ќе треба да дипломираш, да се вработиш, да се мажиш, срамота е да грешиш во правопис.!! Неписмена ќе те мислат!! Срамота е!! “ И едно големо извинување до Нана ако се навреди, ама гледам иста возраст си со мене па ајде да ти излезам во пресрет, поарно јас отколку некоја позабегана од форумов за истото да те направи подолу од ајде да не кажам што . И смири се оти луѓето обожаваат уште толку да нервираат веќе изнервирани луѓе. Честито нека ви е веридбата и свадбата!
Nana, не се замарај. АКо ти мислиш дека услоите за да имаш убав брак ти се исполнети, мажи се. Не може некој да ти рече да седиш со мајка ти, кога сакаш да се мажиш. Не е битно колкава ви е куќата и дали е од мајка му и татко му, или сам ја изградил или ти си учествувала во градбата. Битно е дека ИМАТЕ каде да живеете. За разлика од некои што се мажат и живеат во двособен стан, вкупно петмина. Условот за кај да живееш, и кога ке мочаш да не те слуша свекорот, и да можеш да стенкаш за време за секс и да се шеташ гола во лето, го имаш. Повеќе во тој дел, не ти треба. Не си луда покрај обезбедено место за живеење, да речеш, а не, фала, ама јас кредит ке се задигам за стан, ако имаш куќа. Второ битно ти е парите, односно дали имаш за да јадеш и да се облечеш, и за не дај Боже, да се лечиш ако се разболиш. АКо имаш пари за се и земаш плата, што е проблемот? Ако само тој зема плата, а ти не, помисли што би направиле во тој план. Размисли дали си конкурентна на пазарот. Што правиш во таа насока? Оти ако маж ти оди по странсто за да работи и да носи леб, еден ден ке му пукне филмот со тоа дека тој не е спиен ко човек, а ти само спиеш по дома. Затоа, потруди се да работиш, да се надградиш, за да не бидеш никогаш погледната лошо и замерена дека си - седи лебу да те јадам. Да не бараш 50 денари од маж ти за влошки, сама да ги купиш. Да не објаснуваш оти такви штикли а не поефтини. Треба да си самостојна максимум. Треба во бракот да си помагате, а не некој да е издржувано лице. Затоа, ако не работиш, пробај да најдеш работа. АКо си способна сама да „вртиш“ куќа, односно да испереш, да зготвиш повремено, да исчистиш, кој може да ти рече да не се мажиш? Ако ги исполнуваш условите, нема што да чекаш. Мажи се. Твој живот. АКо е се обратно, ако живееш во две соби со свкрва ти, ако бараш 50 денари од друг за да јадеш, ако не знаеш една манџа да направиш, ако кивнеш и трчаш со топломер кај мајка ти, е тоа е веќе друг муабет. Ама тебе ти е се средено, така што, мажи се. За веридба, свршавачка, збор давање и свадби, е друга тема. Иако, за 7000 евра јас и тој 7000 евра, место да храниме баби и тетки, ке одиме еден месец низ Европа или Русија.
А кој денес прави веридба???Мене пологично би ми било вака формулирано прашањето. Младите престанаа да фрлаат пари по свадби,а камоли по веридби.Подобро да одите на меден месец со тие пари. Но како што рече Ска,тоа е друга тема.И ако до сега не сте се земале заради тоа,е грешка ви е
Jaс на мајка ми постојано и префлувам кога ќе паднеме на муабет кога е времето да оформиш семејство.Таа на 22 години остана трудна и на исто толку се омажи со татко ми.И мое гледиште е дека јас во иднина нема шанси на толку години да влезам во брак па и дете да гледам, па побогу дете сум сеуште, а замислете мајка ми од 22 години и со маж, и со дете и со свекор, золва и свекрва се расправала во еден стан. Каде и бил мозокот и жифците само не ми е јасно.Девојче била, девојче.И она упорно ми тврди дека тогаш и било врмето, дека не и било битно ништо, само љубовта, и убедена е дека не згрешила, добро и јас сум али ипак не можам да се помирам со тоа.. Како и да е, имам две наставнички кои имаат околу 30 години, млади, паметни и со сериозни врски.Досека бевме на екскурзија беа седнати скорз на почеток на автобусот, а јас успана дремев на првите седишта и сакаш нејкеш ќе ги слушнеш што збораат.Двете зборуваа дека нема шанси да се мажат уште од сега(а кога сакаат не знам,сигурно на 45 ) нешто као демек немале пари, не му стигале пари за ништо, а отвори им профил нема меесто во светот што го немаат прошетано, и секој викенд постираат слики од местата што ги посетиле.Клубови, пијачки ,храна, брендирана облека ова она, со најнови автомобили доаѓаат на работа.Јас не дека ги судам или пак се замарам со нив, али ја видов темата и ми текна на нив.Некои едноставно сакаат да исцрпат се' што можат од младешкиот живот , изгледа сметаат дека нив бракот и децата би ги затворил скроз, и послатко му е секој викенд да менуваат дестинации за шетање , отколку дома да му готват на мажот и да чуваат дете.Голем му е ризикот, што знам.
Има луѓе што не се заситуваат никогаш од младешкиот живот, е тоа е веќе проблем. Да сакаш да прошеташ па после да се мажиш не е ништо лошо, но 30 години и им било рано..... На 22 години инаку не си дете, туку веќе оформена млада девојка која може сама да одбере по кој пат ќе продолжи. Индивидуална работа, некоја е спремна на 20, а некоја на 40 уште сака да заглавува по дискотеки до 5 саат сабајле. И извини вака ама не можев да не те поправам за првата реченица во која си напишала „мајка ми на 22 години остана трудна и на исто толку се омажи со татко ми“. Не си била ти присутна таму за да пишуваш во сегашно време. Не ми замерај, но не останувам рамнодушна на вакви грешки, што да правам.
Малку офтопик ама многу ми е чудно како со учителска плата менуваат најнови автомобили и носат брендирана облека . Да не претера малку ?
И јас по некоја случајност ако останам бремена со човекот што го сакам и ме сака, би се омажила на 22, али сигурно не би одбрала да живеам соо цела војска луѓе во еден стан.Би барала поприкладно решение.Тоа беше она што ми боде очи во случајот на мајка ми, како трпела толку луѓе само на 22 години.А баба е злобна на моменти, а тетка ми беше и остана права флегма.Мајка ми со солзи ми има кажувано како и било. За првото си сосем во право да, а за второто, ете не обрнувам многу внимание на таквите грешки хаха. Иначе мимии,безврска би било да лажам на анонимен форум, си кажувам што како е.На крај краева мене не ме интересира воопшто од каде им доаѓаат парите, само си кажувам што гледам.