Чив проблем е? Како бабите и тетките сте станале, оговарате `стари моми`. Може па девојките оговарани во постот и да не сакаат воопшто некогаш да се мажат, нивен живот, и што ако на 30 години шетаат и возат нови коли? Берете им гајлето вие. Едно е да се дебатира на темава со свое мислење, вака и така кој на што е спремен да чека додека се мажи, некој повеќе некој помалку, некој ич, убедувања и разубедувања помеѓу, ама друго е ова оговарање индивидуи за кои ништо не знаете а уште малку и стројници ќе им пратите само за да не им избега возот
Гледано од моја перспектива, многу поголем проблем е да не останеш млад во душата. Не знам, можеби затоа што имам такви родители, кои и покрај тоа што биле во врска долго време, брак склучиле подоцна. Шетале, патувале, планинареле, освојувале врвови, запознавале различни култури и луѓе од сите краеви во светов, иако тогаш не постоело интернет. А замислете, живееле во многу поинакво време од денешново, па ако сега вие вака размислувате, можам да замислам колку многу тогаш ги осудувале затоа што немале абер да се земат. Иако денес се средовечни луѓе, авантуристичкиот дух го немаат изгубено. Никогаш не чувствувале притисок од годините за многу работи во животот, вклучително и за бракот и основањето семејство. Така било и тогаш, а така е и денес. Јас не гледам ништо лошо во тоа, баш напротив. Ќе ми биде мило да го имам тој нескротлив дух на нивни години и да не чувствувам никаква тежина заради бројката на роденденските свеќички.
Ловли чинам ти рече дека убавината е во различноста и дека не треба да осудуваме ? Зошто сега осудуваш луѓе со поинаква перспектива од твојата ? Јас не осудудувам ако некој решил да се мажи на 20 ако смета дека е правилно , крај краева мене тоа воопшто не ме засега сите имаме различен поглед за исти работи и нема јас да се носам со одлуките на таа личност туку самата таа . Па и 30 години не се многу или мене ми се чини така . Кога бев 20 ми изгледаа премногу ама сега со 24 па и не толку многу. Убаво рече имелда , не им го берете гајлето на "старите моми " . И младоста е многу повеќе од заглавување во дискотеки , мене таа фаза ми е помината (тоа е повеќе тинејџерска фаза според мене )ама има уште многу поважни работи и поинтересни работи те оние што ги наброја АнаКаренина да не се повторувам. Така да многу погрешно е мислењето дека ако некоја не е мажена дека заглавува во дискотеки како некој тинејџер.
Тоа беше само пример, не само одење по дискотеки туку и тоа да бидеш свој и само за себе да мислиш, а тоа во брак е невозможно. Инаку, признавам дека има парови кои и во брак си живеат како дечко и девојка, одат и по дискотеки и секаде каде што оделе и пред тоа. И не осудувам никого и најмалку е мој проблем, сакав да кажам дека е проблем за партнерот доколку сака да премине на повисоко ниво, а личноста до него е незаситена од слободата. Инаку во никој случај не реков што е правилно а што не, јас можам да кажам само мене како ми е убаво и што посакувам, а како и што треба не пишува никаде.
Можеби имам пишано во темава, не се сеќавам. Јас од секогаш мислев дека доколку и јас и партнерот не сме вработени, нема шанси да стапам во брак. Ама во последно време сфаќам дека тоа и не е така лесно, барем во нашата ситуација. Заедно сме 4ипол години, по 23 имаме и двајцата. Не се чувствуваме спремни за брак, ама бидејќи сме од различни градови се' почесто се споменува темата брак. Е сега, јас се вработив на струката во мојот град, а тој во неговиот, и колку-толку задоволни сме од работата и платата (иако пола од неа ја трошиме на патување 2пати месечно). Од лани од октомври функционираме на далечина и се гледаме на 2-3 недели. Ама не е доволно. Сакаме повеќе и потребно ни е повеќе. Веќе ми стана јасно дека нема да имам работа уште одма кога ќе одам да живеам во неговиот град, ама се надевам дека ќе најдам набрзо. Ама се прашувам што до тогаш? Дали ќе успееме да живееме и двајцата само со неговата плата? Тој живее со неговите родители и сестра му во стан. Сестра му кај и да е ќе се мажи, со дечкото си го спремаат нивниот стан. Имаат уште еден помал стан кој го издаваат под наем, а планот на дечко ми е дека кога ќе се жени здравје, родителите да се преселат во помалиот стан. Тоа значи дека иако има простор, ништо не е опремено. Ќе треба да вложиме многу за да имаме основни услови за живот, овде мислам на мебел, електрични апарати, купатило, завеси и се по ред. А тоа нема шанси да го направиме сега, бидејќи немаме доволно финансии. И двајцата сме на почетокот на кариерата. Викендов кога бев кај него повторно се отвори таа тема, што и како да направиме за да бидеме заедно. Реално да зборуваме ниту неговите а ниту моите родители не се во можност да ни помогнат финансиски, значи не очекуваме ништо од нив од таа страна. Сега за сега, единствена можност да бидеме заедно е да живееме во станот сите заедно со неговите родители. Ама не сакам да дојде до караници и расправии, бидејќи навистина ги почитувам неговите. А секако дека ќе има такви работи ако живееме во стан и делиме една кујна и едно купатило. Имам ептен лошо искуство од баба ми - свекрвата на мајка ми, додека живеевме со нив и уште од мала имам одбивност кон таа заедница. Би сакала да ги слушнам вашите мислења за ова, некој совет од поискусните.
Штом сте сега вработени и двајцата, почекајте уште малку. Една година на пример штедете што е можно повеќе од вашите плати, дотогаш сестра му ќе се омажи и ќе излезе од станот, а вие ќе соберете некој денар за да опремите барем најосновно за почеток. Знам дека за млади заљубени година дена е многу ама верувај ако сега откажеш работа и заминеш во неговиот стан со неговите таму и без пари да се одделите, нема ништо да решиш. Ќе треба да чекаш работа, а не се знае кога ќе ја најдеш. Ако родителите не се во состојба да ви помогнат се останува на вас, затоа треба паметно и реално да се гледа.
На твое место не би брзала, нема потреба од толку жртви кога си млада, кога со тек на време ќе добиете тоа што сакате. Битно е дека сакате да бидете заедно, сега уживајте во младоста
Рано е многу за мене но еве би дала мое мислење. Ја лично по прашањево би почекала да завршиме факултет и двајцата прво, да се вработиме барем некакви примања да имаме-да не зависиме комплет од родителите. Е тука веќе би била спремна на брак. Секако дека би сакале и двајцата на страна-но колку ќе можеме толку. Додека да најдеме нешто би се согласила со неговите привремено. Е сега и децата се тука. Би планирала 25-26 веќе прво, 28 отприлика второ. Тоа е моето размислување, јас не би чекала се да биде стокмено како живот готов да купувам. Никогаш не знаеш каков ден е утре и што може да се случи, затоа користи го секој момент со него и не си тупете мозок со предлабоки мисли. Сеге не викам дека моиве желби ќе се остварат ама ете чисто едно размислување од моја страна.
Може јас сум мутава и сум грешка, ама јас лично никогаш не би заменила ова болдираново погоре за што побргу да трчам да се омажам, да не немам време гаќи и чорапи да перам и со свекрвата да се расправам цел живот, ќе трчам побргу таа авантура на животот да ја направам. За мажење секако има време, ама за да прошеташ да видиш нешто повеќе од ова назадно место со назадни мислења и предрасуди (што во темава навелико се докажаа), нема два пати да размислам кое да го одберам. И кој е ризикот не разбрав? Стари моми да не останат? Барате да не ви се суди за вашите мислења „дрш-не дај, трчај побрзо да се омажиш“ а вие судите и тоа како.
Не ми е јасно тоа, како завршува животот во брак? Сопругот ланци ви става? Не можете повеќе да патувате како порано, да се журкате како порано? Зошто? Сопругот треба да ве прави само подобри луѓе, а не да ве смени и оттргне од работите што ги сакате. Журките, клубовите, кафињата, патувањата, се тоа треба да си остане. Освен пиењето во бременост де Но, нечекањето на се, однсно мажење со семејството на маж ви, место со него, да, ке ги ограничи сите овие работи. Веќе имам пишано дека ако живеете со свекрва, нема враќање во 5 пијани. Ако сте со сопругот, можете двајцата кога сакате да си дојдете. И никој да не замери. АКо сте сами со сопругот, ке вечерате во 2 ноќе, ке имате секс од 5-7 наутро и ке одите на работа, а после работа ке спиете колку сакате. Ако деверот спие во кујната, тешко дека љубениот ке го разбудите со појадок во кревет. Ако собата на свекрвата е до вашата, стенкање на увце нема. Или расклатување на креветот. Нема ни загорен грав фрлен во ѓубре и после частење пица за неуспешниот ручек. Сите дома ке разберат дека ви загорел гравот. Не мислам дека треба да се чека на се да биде совршено, оти човечко око е лакомо, секогаш сака повеќе, но хеј, па жени сме. Ние ја водиме куќата, семејството. Ние треба да бидеме посилни и посамостојни. Треба да сме свои, пред да помислиме дека треба да сме туѓи. Зошто да не се обезбедиме сами, па после да се мажиме?! Зошто е побитно да се омажиш отколку да си го средиш животот? Зошто мислиме дека свадбата ке смени нешто?! Знаете колку фрустрира немањето приватност? Зошто од мајка на свекрва се оди? Зошто од мајка, на свој живот не се оди?
Јас се омажив на 28, а родив прво дете на 29. Мислам дека млада сум се омажила И двајцата сме ситуирани, сами живееме, јас си имам кола(што сама си ја купив на кредит од 5 години !!!), што си ја донесов во брак како мираз И сега можам да кажам дека со две плати нас пари не ни стигнуваат за ништо!!!! Така да мора прво да се застане на свои нозе, а не ај ќе се мажам и деца ќе раѓам а немам ни за пелени ни за улошки пари. Е од мајка ми не ми беше срам да барам пари пари за улошки, ама од свекрва ми ќе ми биде. Иако јас работам од 18, само што завршив средно. И во кафичи, и во дискотеки, и во туристичка агенција, па успеав да завршам и факс и магистирав и се вработив на нормално место. Така да на 28 години си бев спремна да се мажам без да бидам зависна од него, (ни финансиски ни психички). И сега не дозволувам да имам нездрав однос со неговите, пошто нели ако ме ранат ќе може да управуваат со мене. Кујната ако сакам да ми е бомба, бомба е. Јас ако сакам до 2 саат гледам филмови на телевизија, или читам книга, или сурфам на нет. Ама жени, мора прво да пораснете, и созреете па да стварате семејство!
Убаво кажано. Мора тој пат на созревање да се помине, да научи човек да заработува и управува со парите за да биде комотен. Во спротивно ако мама и тате или свекор и свекрва ве ранат ќе ви се мешаат во животот.
Колку и да сакаш и да се трудиш да се обезбедиш и плата од 50 000 да земаш, денешно време НИШТО НЕ Е СИГУРНО !!! Денес имаш, утре немаш. Кој ти гарантира дека секој пат ќе имаш пари за влошки и пелени (пошто сте запнале за нив) и дека неа да побараш од никого ? Како велат, да не даде Господ да треба да бараш ! Животот не е предвидлив, а ние сме луѓе, треба да научиме да си помагаме, а не да судиме само околу нас и вечно да сме незадоволни. Во ред е човек да си планира, да работи, да си го олеснува живеењето, се тоа е супер, но треба да сфатиме дека плановите не секојпат се остваруваат и не е се така едноставно. ** Цка - се тоа што си го напишала е супер. Само понекогаш забораваш каде живееш. Ова е Македонија !!! А, ние пред се со менталитетот сме многу назад за многу работи. Запекол гравот. И што дека ? Се случува, луѓе сме, да сме живи и здрави... Но, постои стравот од раскажување по комшивки дека на невестата и запекол гравот? Или што ? Значи, сепак зависи до луѓето... А, тоа што ние одвај чекаме да озборуваме тралала муабети, е друг муабет. И молим те кажи каква плата земаш ти, колку што знам земаш солидна плата, на убаво место си, па затоа ти е лесно да пишуваш. Дојди со 10000 да те видам оствари си ги соништата. Пак ќе кажам, ова е Македонија, и затоа пишувам вака. Иначе секако дека и јас сум за секој да си е осамостоен.
Кај нас во ова време кога работа има се помалку треба многу напор за да човек се осамостои. Блазе си им на тие што овде им е убаво, ама мене ми станува се потешко. Кратам од едно, друго, не знам крајот кај ќе ми е. А што да кажат луѓето со деца, а со 1 или 2 мали плати? Стресови се тоа.
Се согласувам со Cka, меѓутоа од друга страна и Silver.E е целосно во право. Да, треба сите да се стремиме кон осамостојување, ама ова е Македонија. Денеска имаш добра работа, убава плата, за буквално еден ден, утре, може да го снемаш сето тоа. Никој не ти дава гаранција дека ќе останеш во истата положба цел живот. Порано било така, да, цел живот на едно работно место, со добра плата и крај, денеска луѓето во животот менуваат по сто пати работа. Можеш многу пати да се најдеш во ситуација да бараш од некого нешто. Тука да сме на чисто. Ама, тоа па не значи дека треба ние да се откажеме од осамостојувањето и да се мажиме на 20. Како и да е, треба што повеќе да се трудиме. Па можеби на почетокот од бракот ќе живееш една, две, години со свекрвата ама после можеби ќе имаш нешто свое. Многу се поголеми шансите да успееш во тоа кога си зрела личност, со искуство во животот и колку, толку некакво образование, отколку да дигнеш раце и да се мажиш на 20. Треба да се трудиме, па сега тоа е тоа, како биде, нека биде. Туку јас друга работа би рекла, што според мене е многу поважна. Некогаш не е толку важно дали имаш факултет и кога ќе најдеш работа. Важно е личноста што е до тебе да е вредна личност, да е амбициозна личност, да знаеш дека би работел се' само за да си го прехрани семејството, а не да бира. Џабе ми е мене маж со факултет кога утре нема да сака да работи обична работа (иако би ни била премногу потребна) само зашто човекот е со факултет, има дипломирано. Не фала. Таков мене лично не ми треба. Пред се' сакам до мене да имам човек, што не бира работа, што не се срами од работа. Зашто денеска можеби има добра работа, добра плата, се решаваме да се земеме, ама доаѓа до пресврт на работите (зашто ова е Македонија, јасно) и утре ја нема таа работа, не може да најде иста, мора да работи било што, а тој не сака. Што правиме тогаш? Знаете колку семејства вакви познавам? Најмалку пет. Жената работи, зашто нели мора да се прехрани семејството, а маж и' седи дома, пие кафиња по кафичи, зашто не сака да работи било што. Порано имал добра работа, ама пропаднало сето тоа и толку. Затоа, пак ќе кажам, важно е да знам дека до мене имам човек, човек во вистинска смисла на зборот, е кога го имаш тоа, се' се постигнува. За тоа се пример моите дома. Почнале од нула, имале само еден кревет каде ќе можат да преспијат. Целата облека и храна им стоела на под. Ете така почнале моите. Ама со заедничка поддршка, со заеднички договор, со многу работа и труд, дошле таму каде што се. Е сега, денеска велат дека сега им е супер, ама тогаш во тоа време само они си знаеле како им било. И мене ми зборат, дека да, се постигнува, ама потешко, посебно кога ќе стапиш во брак многу рано и на млади години. И самите велат, сме можеле да почекаме барем уште 3, 4 години, многу ќе ни било полесно тогаш да сме стапеле во брак. Велат дека кога има почит и поддршка можеш се' да постигнеш, да, ама зошто да си правиме да ни биде потешко, кога можеме барем малку да си олесниме со тоа што прво ќе се изградиме како свои личности, ќе се стекнеме со образование, работа па после на крај брак. Не сум за она да чекаш цел живот, секогаш нешто ќе фали, ама па од друга страна нема потреба ни од брзање. Сум рекла дека пред 27 години не ни помислувам, ни на дел од секунда за мажење. Некогаш не излегува како што сакаме, единствено што може да ме предомисли е грешка да направиме, тогаш ок, ама онака од чиста мира да ми текне, нема шанси. Како дома никаде не е, моето креветче се' уште не го давам. Ете многу пати ќе седиме со дечко ми кај него ама пак си сакам на крајот од денот да се вратам дома и да си заспијам во мојот кревет.
Silver, едно од најнепристојните прашања, ако сакаш гуглај, ке видиш дека е „колку плата земаш“. Јас не заборавам кај живеам, очигледно ти премногу се потценуваш. Не знам колку години имаш, па ке и простам на твојата младост. Никогаш не сум живеела наддвор од Македонија, а секој денар кој сум го заработила, сама сум го сработила. Секогаш со чесна работа, колку и да не можеш да поверуваш. Правев правилни избори - не секогаш избори кои ги сакав, но секогаш праавилни. Можеби сакав да учам друго, да правам други работи, но гледав 2-3 години, и повеќе понапред. Изборите ми беа со една цел - да имам пристоен живот, читај независен од никој. Како се разборев, слободно отвори и тема за мене, ако uште нешто сакаш да дискутираме. АМА, ако јас успевам да се снајдам, без помош на тате, бате, дада, со ниту еден изостанок во животот, со ниту еден паднат испит, со ниту еден ден боледување на работа, со неплатени саботи и недели, тогаш може секој. И жал ми е, ако мислите дека среќата во животот е да се омажиш, да се скрасиш до свекрвата и да родиш дете. Среќата е да си свој. Да имаш свое јас. Да си независен од никој. Да вложуваш во себе, да учиш, да читаш, да се интересираш. Да бараш повеќе од себе, не од другите. И знаеш како викаат, и Господ дава, ама треба да работиш. Факт е дека имав среќа за некои работи, но многу повеќе труд и жртва. Многу повеќе книги, отколку шминки, купечки нокти, надградба на коса, кафани и третмани за помека и свилнкаста кожа. И на крај, свој човек. Свој, во смисла никој денеска не може да ми каже каде и кога да одам. Ниту сопругот, ниту свекрвата, ниту мајка ми, ниту татко ми. Никогаш не сакав да се најдам во ситуацијата на една пријателка - жена која немаше каде после разбодот и сопругот и ги зема децата, бидејќи имаше свој дом, а таа не. Бидејќи тој имаше работа, а таа не. Сакате да се најдете во ситуација во која мажот ве изневерил со некој и по разводот ги губите децата само оти сте комплетно зависни од него и свекрвата?! И на темата, доста одговарав лични прашања. Да, работата се губи, ама затоа и по некое време се наоѓа нова. Полоша, или подобра. Битно е што правите со парите кога ги заработувате. Акате по одмори, трошите за депилации со чоколада или фризер мимимум еднаш неделно? Не трошите ни денар за надграба на мозокот, туку за надградба на косата и ноктите? Жени сме, убави сме по дифолт, треба да се трудиме да сме паметни и силни. Во брак се влегува со мозок, размислувајќи на сите последици и привилегии. Жената е столбот во бракот, жената планира семејство, жената е онаа која дава љубов, храна, живот, сози и прегратки во семејството. Зарем жената треба да влезе во брак во кој таа е најслабата алка? Каде столбот на семејството е рaководен од желбите на свекрвата?! Каде столбот седи дома и пегла коси, а мажот кажува што и како ке биде? НЕ! Жената треба да влезе во брак ослободена од стеги, а не да ја удават потоа. Никогаш потчинета, секогаш почитувана. Отвори ја темата Снаи и свекрви, ке видиш како свекрвите ги ду*ат снаите само заради тоа што оние се неспособни да бидат самостојни. Една од тие снаи да е силна и самостојна жена, прво, нема да стапи во брак со свекрвата, а дури и да ја направи првата грешка, ке стане и ке отиде на друго место. Оти дом е онаму каде има љубов, макар и плаќал 150 евра за гарсоњера, или земал кредит на 20 години. Не каде што се плашиш да ја преместиш фотељата или да имаш секс на секое коше од станот. Бидете прво свои, после туѓи. Не дозволувајте друг да ви го управува животот. Ако до 30 години не успеете да се осамостоите, да пробате да имате свои приходи, да бидете свои луѓе, ако уште мајка ви ви ги пере гаќите, а татко ви ги плаќа сметките, прашајте се дали сте за мажење или за карање. Мојот став никогаш нема да се смени, додека не се осамостојам, не влегувам во брак. For the sake of my family. Не толку за мене, туку за да си го заштитам детето и семејството. Примери за уништување заради несамостојност во прилог.
Cka, се согласувам со тебе. НЕ МОРА ПО СЕКОЈА ЦЕНА да си омажена-оженет. И што ако не си, па не е крај на светот. Што ке ми е мене бракот ако немам нормални услови за живот и 10 денари да му купам сокче на моето дете. Детето не прашува дали имаш пари или немаш, едноставно како и секое дете си има свои потреби. Не мора да правам свадба по секоја цена и после тоа да трпам и скратувам од многу работи. Како и да е изборот е наш, ние одлучуваме како ке живееме. Мажењето и свадбата не мора да се најголемите достигнувања на еден човек. Треба да се има некој баланс во животот. Не бараме некакви луксузи и фантатично добри животни услови. Како во бајките. Секој тежнее кон некоја нормала т.е нормален живот. Значи животот не е шаблон, од толку до толку ова, понатаму она и се по ред, распоред. Не одат тие работи така. Нема правила и точка. И што ако еден ден имам 30-35 и не сум мажена, нема да сум нормален човек или...? Секој за себе, секој со среќата своја. Јас имам фамилија блиска, двајца браќа со нивните семејства живеат во двособен стан. Едниот има две полнолетни деца, машко и женски, а другиот три девојчиња кои се на возраст од 13-18. И сега замислите четворица возрасни и пет деца големи. Па кај го има тоа, немаат никаква интимност и приватност. Чекаат прво едната жена да скува ручек па другата, едната да пушти машина па другата и се караат нон-стоп. Зошто, што мислите? Зошто не се трпат веќе толку лица во еден тесна прострорија која е недоволна за сите нив. Немаат никакви услови за живот. Едната вујна т.е едната жена се омажила на нејзини 16 години, другата малку подоцна. Плус тоа на почеток живееле и со свекор и свекрва, но кратко било тоа. Денес едната работи како хигиеничар, а другата е домаќинка. Ете тоа самите го одбрале, а сигурно имале можност за средно образование или факултет. Можност да си бидат луѓе со свое јас, тие избрале тоа што избрале. Тоа време ке речам така било, а денес како е?Сами избираме како ке живееме, но кој како размислува. Некогаш сме заслепени од љубовта и не мислиме што понатаму, што во иднина. Но, не е баш и така. Како е поубаво да се омажиш по секоја цена, колку да се здомиш и да немаш никаков нормален живот, интима и приватност или да си омажиш кога ке имаш нормални услови за еден обичен, нормален живот кој не зависи од другу луѓе и живот кој сам ке си го креираш. Јас бирам живот исполнет со љубов и хармонија со човекот кој го сакам. Верувам дека секој човек може да си ги исполни своите соништа доколку верува во нив и се труди да ги изгради со свој труд. Тоа е успехот во животот. Успех не е да чекам од свекорот и свекрвата пари за кафе и секогаш кога ке се вратам од тоа кафе по нос да ми се удрат тие 100 денари што ми ги дале и да се покајам што сум ги зела. Такво кафе не ми треба. Сите проблеми од ваквите односи произлегуваат, свекрвата ке се плаче и кука од снаат вечно. Синчето осетливо на мама, после се кара со женичката и се така во круг. Ова се најчести примери, но има и исклучоци. Онаму каде е вистинската љубов и слога, таму ке има и успех и напредок. Некои работи на сила не бидуваат, секоја работа по својот природен тек. Најдобро е така.
Јас, како да ви кажам, може не сум чекала сè да ни се среди пред бракот, станбеното прашање не ни е средено, може живееме во дупка сега за сега, ама нема посреќна од мене кога ќе се вратам дома во неговите прегратки, многу ми е гајле кај живееме. Полесно е кога сте двајца и заеднички се борите да изградите дом. Никогаш за ништо тоа не би го сменила. Нити пак мојата одлука да се омажам млада, што би се рекло. Пак да се вратам назад истото би го направила. Заедно ќе се средиме, на овој или оној начин, тука или таму. Важно се имаме еден со друг.
Се се врти околу снаите и свекрвите, мене ме интересира машко мислење оваа тема. Ете, кога они носат снашка дома што си мислат, како си го замислуваат животот ? Имаше некои коментари за девојките кои рано се омажиле на 18-20 години, а што е со мажите, па ни они не биле многу постари ?! Дали мажите чекаат се да се среди...па потоа брак или ?