Се сложувам дека е така. Потполно. Но, исто така непристојно е кога на некој му кажуваш бајки, а тој зема мизерна плата (но од култура не прашуваш, па не знаеш, нели) ????? Со ова исто така се сложувам во целост (и со сето подолу напишано). И затоа често влегувам во спор со останатите, бидејќи за нив мажење и деца се идеал и совршенство во животов, а без нив си бил изгубен случај. Но, таков ни е менталитетот, тоа е... Потполно неточно. Прво, ти си - ти. Ако ти си се снашла, не може секој да се снајде исто. Не можеме сите во државава да бидеме облечени во костум и со пенкалото в раце. Мора да има пекари, чистачи, шивачки, работници во маркет, кои за жал земаат ниски плати. Без ден боледување - за жал има луѓе кои се болежливи, склони кон болести, и никој не сака да е болен, но болниците се полни !!! Господ нека ти даде здравје, ама ако ти немаш ден боледување, за жал некој открил рак, детето му завршило в болница...!!!! Со ниту еден паднат испит - за жал јас бев огромнааа бубалица и секогаш седев во прв ред и никогаш не сум отишла неспремна на испит. Но паѓав некогаш ! И на консултации одев, џабе. Значи ова е Македонија, земја каде можеш да не појдиш на испит и да се најдиш положен и да се скиниш од учење, ама да се најдеш паднат !!! Без помош на никој - јас помош сум добила, помош и давам. Мојата смисла во животот е помагањето, а не живеењето на сопствената себичност. Не дај Боже да треба да бараш, ама луѓе сме, ако не си помогнуваме меѓусебно не сме ја научиле сопствената лекција на човечност. Ако јас имам многу, а брат ми нема за леб, јас нема да уживам во моите пари. Ќе поделам. И обратно. Поделената среќа е поголема среќа. Пс. И постои еден збор што се вика среќа. Некогаш некој ја нема во ништо, а некој ја има. Има и карма, судбина. Некогаш Господ ги врти патиштата. Не зависи секогаш се од нас.
Цка ајде те молам објасни ми како се наоѓа платена работа како твојата. Јас завршив факултет без да паднам на испит, дури последниот испит го полагав прва па и ден денес се шегувам дека дипломирав прва во генерацијата. Сега имам напишано магистерска, чекам термин за одбрана. Работа по струка не сум видела. Не знаеш какви работи сум работела, непријавена, неплатено по 3-4 месеци, немаш ни недела слободна во месецот, а не слободен викенд. Знам јас како е во исто време да работиш и да студираш, и тоа да работиш неплатена работа со некој кој нема завршено ни основно образование. Доста се удираш во гради дека си учела, си работела. Не има такви многу. Мислиш дека сум помалку вредна од тебе затоа што не можам да најдам пристојна работа како твојата. И друго, и ден денес читам книги, се надоградувам, сум била на курсеви, но резултати нема. И сега работам непријавена, немам ни здравствени картони. Кажи ми каде да го пријавам газдата што одбива да не пријави веќе 2 месеца. И ако сакаш викни ме кај тебе на работа - ако треба и на докторски ќе се запишам, можеби тогаш ќе бидам успешна како тебе.
^ Не знам за Чка, ама ја имам да ти одговорам нешто... Знаеш како викаат, ситиот на гладниот не му верува, ама интересно е што тоа оди bothways. Сите невработени тука имаат некој друг да обвинат пред да се обвинат себеси за ситуацијата во која се наоѓаат. Ако немаш работа, не ти е крива ни Чка, ни јас, ни државата, единствено ти. Не викам дека има работа за сите и дека работодавци има на Јужен булевар кој чекаат да дојде некој да работи за нив, викам дека оние кои се невработени вината треба да ја бараат во себе. Познаваш ли програмер без работа? Познаваш ли доктор специјалист без работа? Познаваш ли земјоделец без работа? Познаваш ли механичар без работа? Како може да биде државата крива за тоа што сите сакавте да студирате на КГФ и да бидете правници и економисти? Сите сакате да играте солитер на работа, ама никој лопата да фати. Лошиот избор во животот не е вина на никој друг освен на самите себе. Мислам, луд е оној кој отворил 40 места за биохемичари, за појма немам, географи или нешто такво... ама никој со сила не ве терал да се запишете на таква глупост. Ја студирав еден таков шупачки факултет без иднина, ама јас имав среќа у животот, небитен сум за муабетот, ама знам дека ако ја немав таа среќа, сега ќе кукав исто како вас обвинувајќи некој друг, а не себе, зашто во времето кога се одбираа факултети, ја бев детиште без визија. Малку ми отиде офтопик муабетот, па да се вратам на темата, за личниот избор и стапувањето непромислено во брак, не ви е никој друг крив, освен самите вие.
Прочитав неколку страни наназад и се сложувам со повеќето мислења. Кога сум веќе тука да си го кажам и своето мислење. Другарка ми неодамна се омажи. Таа има 22, а мажот и 24 години. Тој е вработен и зема плата од околу 20.000 денари, а таа не го дозаврши факултетот и плус е бремена, што значи дека нема ни да го заврши за брзо. Моментално живее со свекорот, свекрвата, деверот и јатрвата, а за подоцна не знам што планираат. Е сега, очигледно е дека тие ја "издржуваат". Како би се чувствувале вие да сте на нејзино место? Мене би ми било непријатно. Утре, да дојде до недоразбирање, низ расправија ќе ти спомнат дека тие те хранат и те издржуваат. Ти всушност не си придонела ништо во тоа семејство, а нема ни да придонесеш за брзо. Сакам да кажам дека можеше да почека барем факултетот да го завршеше, ако не нешто друго, за утре ако испадне прилика за работа, да може да си се вработи и да не ја боли глава ако утре некој и префрли за нешто. Вака, џабе и е и факултет, џабе и се и парите кои нејзините ги потрошиле сите овие години за да ја школуваат, за сега ништо да не работи и да поврати барем дел од парите кои ги дала за школување. Еве и јас имам 22 години и сеуште не можам да се одлучам на таков чекор. Сакам прво да си го средам животот, колку ќе можам толку, па после да се омажам и да не зависам од никој. Од друга страна, познавам луѓе со по 30-35 години кои абер немаат да се женат/мажат. И тоа до некаде е неправилно. Зборувам за веќе осамостоени лица, со добра работа итн. Ако на тие години не створиш семејство кога? Сакаш на твоите деца да им бидеш татко/мајка или баба/дедо? Овие вториве, искрено, сметам дека се "збеснати" и од што пробале веќе се` во животот и виделе се` не знаат уште што да прават, и се стремат кон повеќе и повеќе и кон поголема слобода, бидејќи се плашат дека со бракот истата ќе им биде скратена. Но, не мора да значи. Бракот не е ропство. Сето тоа што сте го правеле и го правите сега, можете да го правите и со партнерот, во бракот, но само доколку сте самостојни и не зависите од никој и ништо.
Се сложувам со Ска.Гледам некои и приговараат дека се тоа бајки,повекето не земаат солидна плата како неа и сл.Но,баш поради тоа.Ако ти и со магистарска не можеш да најдеш солидно работно место неколку години,нели е посоодветно да почекаш уште малку пред да влезеш во брак,да почекаш да средиш нешто?Како пак во таква ситуација ке стапиш во брак? Самото влегување во брачна заедница и новонастаната ситуација е голем стрес за организмот,а не пак и секојдневно за пари да се нервираш или караш со свекрвата,колку и да се сакате ке си го уништиш бракот.Е,сега некој на 25 а некој и на триесет и некоја ке најде работа,кој како ке се снајде,еве и кому како среќа да речеме,затоа не треба да се брза. Крајно никој не вика дека платата треба да е голема,ако имате решено станбено прашање и со две плати ,ке успеете. А,емоционаланата зрелост е индивидуална,кај некои порано кај некои подоцна.Како и да е ,едуцирајте се ,уживајте,шетајте по светот додека можете,цел живот ке си го паметите тоа,нахранете си ја душата а потоа скрасете се и уживајте во бракот. И како Ска,и јас верувам дека животот треба однапред да се планира и со голема одговорност пред се ,не е лесно но верувајте остварливо е . Секоја етапа во животот е убава во свое време.Не ги претрчувајте,уживајте во нив.
Ах, до кога ке ме анализираш мене, ако сакаш и натална карта ке ти дадам. И блна сум работела, читај. не дека не сум болежлива. И јас ко секој нормален човек сум имала температура, болни менструации, женски болести, настинки, ама сум работела. АКо моето дете има рак, не дај Боже, нема да работам, ке го гледам детето. Споредбава ти е мизерна. Господ напомомош, ни мене ни тебе да не ни даде такво нешто. Доказ си жив дека бубалиците не секогаш успеваат. Мислам дека грешката ти е што си седела на прв ред од лево, не од десно. Мислам...што е битно бе девојче во кој ред си седела?!?!? Да умрев вчера немаше да видам вакво нешто. И очигледно, ТИ не си никогаш крива за паднатите испити твои, крива е Македонија, државата ни е таква, не си ти крива... Мислам дека коренот на твојот проблем е што мислиш дека не е проблемот во тебе, туку во другите. Ајде малце интроспекција па види што грешиш. Не можат секогаш другите да се криви. Ах, на очиве не можам да поверувам, седела у прв ред и затоа сега треба да е вработена. Боже. На темата, омажи се слободно, Твој живот, твоја свекрва твои деца. Само не ме убедувај дека сите други ке ти бидат криви кога свекрва ти ке го лечи детето со мочка, а свекор ти ке те буди наутро со тропање на вратите, а нема да имаш кога да имаш секс. Секој со својот крст. Некој сака заедница, некој приватност. Џабе зборувам дека жената треба да е силна, коа вас сите ви се криви освен вие. Кога работите на туѓите место на вашите проблеми.
Не мора да значи ако имаме над 27 год. завршен факултет, добра материјалната состојба дека сме спремни за брак и дека се ке ни биде нај нај и ке бидеме пресреќни. Но исто така не мора да значи и ако се омажиме на 20год и немаме завршено факултет дека ке имаме беден живот. Читајќи ги мислењава сакам да кажам една случка како пример, дека ако се омажиме на млади години не значи дека потоа не можеме да станеме усшпешни во животот , да се трудиме и да градиме кариера. Женава денес има 30 год. Јас пред извесно време ги запознав и се запознав со целата приказна. Девојкава се омажила на 20-21 год и потоа нормално одма станала мајка. Инаку имала завршено средно училиште, и била од скромно семејство. Се омажила рано , да, можеби тогаш ја критикувале, озборувале и сл.но што е тука е. Се омажила за некој побогат од неа, човекот живеел на центар на убаво место и сл. Нормално тогаш немале којзнае што ова било пред 10 год. но замислете со текот на времето колку стекнале. Двајцата биле млади но имале планови, желба за подобра иднина, секако ризикувале додека го постигнале она што го имаат денес. Денес имаат неколку локани под кирија и тоа големи кладилници од кои земаат огромна пара, сопругот работи во државна институција, девојкава си има отворено фризерско-козметички салон , кој е еден од најознатите во местово, има вработени, а таа е газдарица. Има 2 деца кои одат на училиште, јас сум останала ваква кога сум видела колку културно и убаво се воспитани. Таа има само 30 год , да ја видите ќе речете оваа не е мажена, а камо ли да има деца. Нормално ако имаш пари имаш се, најмодерно се облекува, а има тело ремек дело . Е сега сите тие што можеби ја озборувале зошто толку рано се омажила, не завршила факултет , нема работа... сега најверојатно и завидуваат. Можеби работела на почетокот како обична продавачка за 150евра, но сакам да кажам дека не застанала тука кога се омажила, туку продолжила понатаму и станала самостојна. Сакам да кажам дека животот е непредвидлив, можеби денес немам, но од кај да знам што носи утрешниот дел или обратно.. Секако многу битна е среќата, таа ете ја имала Затоа пак ќе речам секој со својата среќа. Не секогаш излегува онака како што планираме и замислуваме
^ Можеби до некаде си во право, но не секој ја има таа среќа да се омажи за богат човек и после бракот да стане успешна жена,со добар живот, добра работа и плата, без разлика на образованието. Нормално дека со тек на време се стекнува и богатство и се` друго, но мора да имаш некаква основа. Кажа дека сопругот и бил од побогато семејство, што и те како влијае на понатамошниот развој. Ако и сопругот беше посиромашен не ќе можеше да и го овозможи сето она што таа го има денес.
Јас па со никој не се согласувам, а посебно што во неколку навреди прочитав, има 30 години абер нема да се мажи. Еј, па може нема против кого Дур не најдам некој ќе чекам, што и да е. ТОЧКА. И кога ќе најдам, бар некои работи да ми се средени, има време, нема да се брзам. Проблемите со љубов полесно се решаваат, но не по секоја цена. Кога има љубов ќе има и немажени, нели. А да, тие што викаат, млада се омажила се исти со тие што викаат стара мома била. Во еден ќош, сожалувања и озборувања на кило делите тука по форуми. Срамота. Јас имам мое мислење, ти твое, никад не научивме да се согласуваме дека не се согласуваме.
Спојлер за да правиш пари,ти требаат пари .... примерот Cавана што го наведе не го сватив како успешност,бидејќи колку разбрав имале уште од самиот старт на заеднички живот,финансиско-материјална поткрепа,понатаму само го дуплирале тоа.Bака секој би се класифицирал дека е успешен,меѓутоа суштинското значење на успешност кај еден човек е кога од ништо нешто ќе создадеш и тоа сам.Tогаш човек може да каже со полна уста,дека успеал во живот
Спојлер Од каде е очигледно дека тие ја издржуваат? Сопругот и е вработен, платата не му е толку лоша кога делиш сметки, плус ако и треба финансиска помош од каде знаеш дека нејзините родители не ја помагаат? Вас ако ве студираат до 30, неа бремена без работа не смее никој да и помогне оти се омажила, така? Денешните свекрви не се како постарите генерации, секоја само за свој задник си гледа, па малку ми е тешко да верувам дека ќе издржува снаа, барем немам такви примери околу мене. Ако жената е невработена моментално, си живеат скромно од платата на мажот, ако има потреба за нешто повеќе обично од нејзините бара помош не од свекрвата. И ако таа останала бремена не значи дека животот завршил за неа. Можеби не им е по план, факултет па брак па дете, но не значи дека така ќе остави и ќе чека цел живот некој да ја издржува. Како оговарате како стари баби на чешма, примерите толку површно ги земате, па и другарка велиш дека си и. Мене ми е во ред тоа што многу чекаат добра работа, финансиска сигурност, станбено прашање, но толку многу примери околу мене имам на луѓе што заеднички граделе и се труделе во брак, а според мене не се омажиле многу рано (ама изгледа во денешно време 26 години се новите 1 што на памет не ми паѓа да предвидувам нечии судбини врз основа на една моментална ситуација. Ќе видите и сами колку е интересен и непредвидлив животот.
Читам и не верувам. Сите до еден од моите пријатели со кои сме студирале сме имале случаеви каде си сигурен дека 100% си напишал и се наоѓаш паднат. И криви се професорите, кои чекаат да им фрлиш некое евро, или студените кои со врски поминуваат, па поради тоа тие да се положени, некој невин мора да е колатерална штета, да падне ! Не коментирам веќе, повеќе од трагикомично стана ова. офтопик: За урината, ако си толку образована, ќе знаеш дека постои поим уринотерапија. Спојлер Која навидум вака кажано звучи гадно. Но, знаеш какви состојки содржат кремите, лосионите, итн.? Ако ги детализираш ќе се уплашиш што ставаш на лице. А, ако составот го споредиш со урината, ќе видиш колку урината е поздрава. Па, ќе размислиш дали попрво ќе се мачкаш со лепило за гуми, или со урина. Пример најсоодветен е кога јас лично се мачкав со урина на лицето и потоа го одмивав. Ми се јави некоја инфекција за која одев по секакви кожни лекари, фрлив преку 20 000 ден. во рок од 5 месеци, но ништо не ми поминуваше. Еден дечко (костумосан, богат, ако тоа нешто значи некому, значи не бајач) ми кажа за урината, бесплатно е, пробај. Ми ја кажа постапката. За само 2 дена се се повлече од лицето, и лицето ми се направи стакло чисто. И баба ми ми кажувала како дете дека сите рани ги лечеле со урина. Сепак и старите знаат нешто. Не значи дека ако е стар е тупав.
Примери има милион. Млади мажени со супер брак, постари со неуспешен итн., и џабе е да се раскажуваат примерите кога секој е приказна за себе. Пред се сум против брак на млади години, затоа што за да бидеш родител на место треба да бидеш иживеана, прошетана, самоуверена и се со ред, да си направил и пробал се што си сакал, а не личи да го правиш како мајка. Брак на млади години, па и без услови за мене не доаѓа предвид! Никој не вика дека треба да го стекнам богатството на Бил Гејтс, ама можам барем да се потрудам прво да обезбедам пристоен живот-да имам каде да живеам комотно, да имам редовни примања, да не се плашам дали ќе имам за сметки или екскурзија за детето. Е сега секој со својот труд и среќа, некој тоа никогаш нема да го постигне и ок, ќе дојде 3тата деценија, ќе се омажи, ќе разберам. Ама на 23 години, своеоволно да се изложува девојка на стресови и нервози со сметки, свекрви итн., никако не ми иде, дури ми е извинете вака, малоумно. Ако сте сигурни дека тој е тој, нема да ви избега ни за некоја година, а дотогаш има и те како убави работи за правење во врска.
Ќе го кажам примерот за брат ми кој е лекар. Замислете, лекар е, татко ми е лекар во пензија, но за брат ми немаше работа. Во болниците се буквално испопикани, а еден куп се без решение. Одеше долго време за 4000ден. ама решенија даваа на нови, дотогаш непојавени лица во болницата. И човек стварно да се разочара. Спасот брат ми го најде во странство. И сега зема огромна плата. И веќе е во брак. Ама ако чекаше самиот да се среди, ќе дочекаше можеби на 50 години !!! Нему најреално, татко ми му помогна. Му даде потребни финансии за да може да се исели. Ако немаше кој да му помогне немаше ни да замини. Без пари никаде не се оди. Ама, еве таа инвестиција таму одма ја врати, значи му се исплати. Да успееш сам, со 0 е претешко денес. Умре тоа време. (Барем кај нас е тешко, иначе во други места, ти даваат пари ако си невработен, па имаш додека си најдиш работа) ** Морам да си го пофалам татко ми дека како свекор ниту еднаш не и пререкол на снаата колку троши, што и дал, дали и дал, итн. Татко ми знае за празници на двете да ни даде, баш со љубов. Тој е човек кој дава, ама никогаш нема да ти спомене за даденото. Значи се зависи до човекот.
Да бидеш созреана за да станеш родител и како е важно. Но тука стариот добар аргумент стапува дека некој не созрева ниту на 30 или и покасно. Шетаноста не е по дефолт мерка на самостојност и созревање. Сега, што не личи да правиш од младешките работи кога си мајка? Дроги најверојатно. Оти и со деца се шета по светов, кога шетањето во повеќе постови е ставено на број еден. Едино ако планираш Килиманџаро да го искачиш не бива со дете да тргнеш, ама ако си мајка, не значи ни тоа дека не можеш да го оствариш за себе ако сакаш. Папочната врвца ја сечат на пораѓај. Овие работи во смисла, треба да се изживееш муабети. Ти живееш за себе и откако се омажиш. Откако станеш мајка од тебе зависи уште еден живот најмалку, но твојот живот не престанува(не во биолошка смисла нели, збориме за изживеаност на која рачунате да се има една декада фора, да се штиклира на листот се што сакате да направите за себе и крај, деца сега имаме). Па боже утре да ве прочитаат вашите деца каква жртва од себе сте дале за нив, грев ќе ги фати за вас.
мислам дека требит да си спремен психички за тој чекор,да си сигурен дека тоа е таа вистинската личност,а не да чекаш да се вработит он,па да се вработиш ти,па 100% си сигурна дека нема утре да им текнит отказ да ти дадат??и шо послем ке се разведиш??? глупости. Нека живејт љубовта,се друго со време си се средвит
Доста комплексно прашање кое бара и комплексен пристап на гледање на нештата..односно гледање на нештата во контекст а,не само од една перспектива или еден пример. Најпрво треба да се разграничи материјалната од духовната димензија на ова прашање.Под духовно тука подразбирам на чекање на личноста која ќе ме сака во секое мое издание,која ќе ме почитува а, не потценува,кој ќе ме разбира а, не критикува кој ќе ме поддржува и ќе се радува на моите успеси а,не да си набива самиот комплекси на инфериорност.Дури кога би ја пронашла опишаната личност тогаш би почнала да размислувам за заеднички живот .За жал постојат и примери на моми околу 30 год.кои не можејќи да го издржат притисокот на околината ,на родителите,оговарањето на комшиите дека ќе остане стара мома, гледаат што побргу да забременат со некој и да склучат брак Звучи страшно но,сведок сум на ваков пример.Мислат ли дека со бракот го достигнале зенитот на својот живот?Одговорот е да! Навистина жално...подготвени се да се земат со било кој само за да се мажени и прифатени од мнозинството..мотивот на стадо. Гледано од материјален аспект се додека самиот не си способен да си обезбедиш покрив над главата,средства за еден солиден живот и зрелост самостојно да одлучуваш и носиш одлуки за својот живот..ете дури тогаш си подготвен за брак и сите предизвици на брачниот живот.Верувам дека нема поубаво чувство од тоа да бидеш свој на своето,самостоен и независен без надворешни диригенти во твојот живот кои секогаш најдобро знаат што е најдобро за тебе и како треба да го живееш животот.Буквално да те контролираат во секој сегмент од животот од интима,начин на пазарење,па како да ја држиш метлата кога чистиш,коментари како твојата другарка испушила премнугу цигари кога последниот пат била на гости.Секој нормален човек би полудел! Сума сумарум...пред брак би го чекала вистинскиот..пристојна работа и можноста за свој дом било под кирија или пак на кредит.Па подобро така отколку мизерен живот во заедница каде ќе бидете третирани како роб.Сите 3 наведени компоненти се многу битни.Е тоа што кај нас се измешани многу работи,Што повеќе има нелуѓе отколку луѓе е друга приказна а,за стандард пак да не кажувам.Но тоа не значи дека треба да се откажеме од борбата за поубав живот. Значи прво биди силен да застанеш цврсто на свои нозе не само во однос на родителите твоите и неговите туку и во однос на сопругот..ете дури тогаш ќе бидеш комплетно слободен и среќен.
^ Bridget како прво никој тука не оговара. Ова е форум и секој има право да си го каже своето мислење и да наведе пример, исто како и ти. Јас го кажав она што сигурно знам дека е така, бидејќи им ја знам моменталната состојба. Како второ кој рече дека мене моите ќе ме школуваат до 30 години? За информација- дипломирав на време и во очекување на решение за работа сум. И сакам да се вработам и барем малку да им помогнам на моите што ме школувале, а не на 22 да се мажам и уште да барам пари од нив. Се разбира дека тие ми се родители и би ми помогнале во секое време, ама штом веќе сум решила да стапувам во брак треба да знам сама да си ги обезбедам работите кои ми се потребни, а не цел живот да чекам на мама и тато.
Кратко и јасно, обезбеди се стамбено и финансиски, во случај да се разведиш, па потоа мажи се. Кратко и јасно.