1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чекање на сè....па потоа брак

Дискусија во 'Брак' започната од Snow-Queen, 9 мај 2012.

  1. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    А зошто воопшто се мажиш со план да се разведеш???? :^)
    Не сакав да коментирам до сега ама ајде, баш тоа е чекањето за брак, да најдеш некој во кого ќе имаш доверба и со кого ќе сакаш да го поминеш остатокот од животот. Но тоа не значи дека треба да живееш на терет на некого. За во врска требаат финансии а камо ли во брак, две солидни плати се идеално нешто, а барем една е и те како потребна за живот. Со љубов и разбирање се постигнува се, ако ги нема во врската ќе ги нема и во бракот. Нема ништо лошо во тоа да им се помогне на почеток, дали тоа ќе е стамбено или финансиски, но и тоа како е побуаво чувството кога нештото ќе го постигнете сами.
    Јас бракот го подразбирам како и САМО КАКО ЗАЕДНИЦА ВО КОЈА СЕ ДВАЈЦА. Се друго е семејство. Стамбеното прашање е најголемиот проблем кој треба да се реши во таа заедница и за кое што сопружниците треба да имаат исти став, а не едниот сакак кај мама, а другиот сам. Уште веднаш се гледа дека нешто тука не штима. А финансиите се релативно променлива категорија, посебно кај нас. Денес имаш работа, утре не. Ама поддршката од партнерот, довербата и љубовта се она СЕ за кое вреди да се чека.
     
  2. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Никој не рече дека ќе планираш, ама никогаш не се знае, тоа е најлошото сценарио, што во последно време многу е во мода разводот. Исто така многу жени се принудени доброволно да останат заробени во својот дисфункционален брак, бидејќи не се обезбедиле,во случај не дај Боже да дојде до ситуации каде разводот е најдобро решение. Фактот дека многу жени така инцидентно влегуваат, бремени во брак,(крајно време е да ги намалат цените на кондомите), па и не е така лоша идеата да си се обезбедиш што во случај за зашкрипи во бракот и да испадни дека господинот бил многу добар глумец. Сите кои зборувате дека не мора да си обезбедена и дека љубовта е најважна и дека родителите требале да помогнат, си ја имате очигледно мувата на капата. Јас како релативно млада и рано ми е да се мажам, ќе се потрудам да си заработам и максимално да си се обезбедам и да си платам пола од свадбата. Родителите во иднина доволно ќе е да ми помогнат со по некој денар како поклон за родендените на децата и толку. Бидејќи ако треба да ми помагаат уште на самиот почеток, значи не е право време да стапам во брак.
     
    На Glasna и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  3. galijan

    galijan Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    260
    Не е план, туку е превентива за секој случај, луди времиња се.
     
    На Glasna и babyblond им се допаѓа ова.
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Се што кажа се согласувам, но сепак на 23 години не можеме да зборуваме за потполна зрелост и иживеаност. За мене иживеаност е да имаш доволно излегувано, да си се дружел со секакви, да си се справил со секакви ситуации, да се запознаеш целосно себеси, да знаеш која си и зошто си, да знаеш да уживаш со сама себе, да си себичен и да ја фрлиш цела плата на облека барем еднаш и многу други слични ситници. Папочната врвца ја сечат и цел живот си прво жена, па после родител, сопруга итн., ама на прсти се бројат мајките што ќе остават 5годишно дете на една недела, за да отидат на одмор со другарките. Никој не и забранува, има право, ама грижата на совест нема да дозволи и несвесно ќе одложуваш, па после оп, годините летнале. Има еден тон мислења на мајки по темиве како не стигнуваат да издвојат време на фризер да отидат и на едно кафе со другарките, а не па нешто повеќе.

    Браво за оние што на млади години се земале и успешно изгледале деца и оствариле се што сакаат, но на крајот на краиштата секој има различни желби и очекувања од животот. Некои девојки имаат за цел да се омажат и им е нормално да им помине младоста само фамилијарно и мирно, и тоа е ок. Секој различно ја сфаќа иживеаноста и зрелоста.
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Мене сте ми најсмешни со тоа „Ова е Македонија„ , и што ако е Македонија, што треба да значи тоа? Цел живот ли ќе се вадиме на тоа дека државата ни е крива за се? Менталитетот е таков да, мама и тато цел живот ќе те гледаат и помагаат, додека на запад стануваш полнолетен и си одиш од дома, снаоѓај се, работи по кафичи, плаќај си го студирањето сам и киријата па ќе видиш како ќе созрееш за една година и ќе станеш независен и самостоен. Ама кај нас никој нејќе да се стегне така, сите сакаат да си седат дома на грб на мама и тато се до мажачка па после на товар на свекорот и свекрвата и на мажот секако. Да не кажам сите од средно и основно што ми се испомажија си живеаат така, односно си ја исполнија животната цел: затрудни, омажи се и вегетирај цел живот така, па после државата ти е крива што мораш да работиш било што за 10000 плата, ама си требал да мислиш пред тоа. Одкако ќе родиш дете веќе е многу тешко да учиш факултет, секоја чест на тие што успеале ама се ретки.
    Друга категорија се тие што ете завршиле некој факултет и сеа им е крива државата дека нема работа, па не им се чека да најдат прво работа па после да мислат на заеднички живот и брак, оти ако едниот работи доволно е, пак на друг грб ќе се потпираме. Сите сакате правници да бидете или јазици да учите, а на техничкиве факултет што едвај се пуни квотата што правиме? Да најлесно е педагошки да завршиш ама има милион невработени со педагошки. Конкретно на Технолошко металуршки на еден смер што е многу многу значаен и баран има само двајца студенти кои сеа кај и да е треба да завршат, и знаете што? Уште незавршени имаат понуда за работа зошто на Алкалоид им треба таков човек, на Макпетрол им треба, на Џонсон Мети има треба, затоа немој да кукате дека нема работа кога незнаете што да одберете во животот, не е доволно само да го учиш тоа што го сакаш, да сите сакаме да учиме јазици и да бидеме учителки ама треба да се мисли и на тоа каде ќе ја гледаш егзистенцијата после и на кои полиња има потреба од стручен кадар. И кога сме веќе кај факултетот сто испити имам паднато и ми фали нешто сега? Или со врски да не сум вработена? На крај ако мсилите дека се е со врски и ако сметате дека едниствена шанса да се вработите ви е да се зачлените во апртија тогаш направете го тоа. Што чекате?
    Ако имате минимални потреби и амбиции тогаш слободно не чекајте ништо стапете во брак, тогаш ништо не ве спречува. Ако не сте спремни да живеете со свекрва, ако немате доволно финансии за издржување едно домаќинство и ако едноставно сакате повеќе во животот одколку една просечна плата тогаш може да си го дозволите луксузот и да почекате, со вистинскиот човек ако сте верувам дека и тој би прифатил да почека и би се потрудил. За се треба да сте тим, ако не се согласувате во овој поглед не верувам дека и понатака би се согласувале за битни работи. Незнам ете јас таква сум, додека не се обезбедам несакам да влегувам во брак па после да му ја мислам, подобро ќе мислам пред да стапам во брак.
     
    На mimiiiii, bittersweet, baby-star и 7 други им се допаѓа ова.
  6. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Зошто ако некој почитува нечија друга одлука или мислење одма го сместувате во тој круг :) . Пак ќе се повторам, не е само љубовта најважна, тука се почитта, довербата, поддршката и секако љубовта. Јас влегов во брак релативно млада со полни 28 години :lol: и не пола од свадбата туку скоро цела си ја плативме сами со сопругот. Родителите си го платија само она на што тие инсистираа ( бовчи и дел од порциите) се останато си го плативме сами. А да не заборавам само да споменам дека ние воопшто не сакавме свадба :!: И да си ја тргнам мувата од капа :D ќе си кажам за себе јас го чекав човекот со кого сакам да се будам до крајот на животот. Знаев само дека не сакам да живеам во заедница со свекор и свекрва и тоа беше еден од факторите поради кои раскинав долгогодишна врска. Кога не можеме да се договориме за место на живеење, што останува за понатаму во животот. Со сопругот се знаеме доста време и се дружевме многу пред да бидеме во врска, имавме и сеуште имаме слични гледишта и ставови. Немаме живеено ниту еден единствен ден со неговите иако тие му имаат дадено цел спрат од куќата кој тој самиот го средил и опремил. Уште пред да се вериме почнавме да живееме сами под кирија. Јас тогаш одев на работа и земав добра плата, а неколку месеци после веридбата останав без работа (нели сега ќе се мажам па кој ќе ме држи трудна на работа |( и баш од таа причина до ден денес не можам да најдам работа со супер CV за таа област и еден куп обуки како во земјава така и во странство :!: ) Живеевме под кирија малку повеќе од 1 година, и пред два месеци си купивме наш стан. До душа на кредит, ама ќе биде наш кога ќе го отплатиме. Сакам да кажам дека и во брак можеш станбено да се обезбедиш, не мора да значи дека ако претходно не сте обезбедени нема никогаш да се случи тоа. Во секој случај е тешко, ама вреди. Со една плата се плаќаат сметки, кредит, храна и во очекување сме на бебушко, значи се пропратно што оди под трошоци за контроли, апчиња и за бебе. И не се омажив трудна, туку бебето го направивме после свадбата (моја желба беше кога ќе се венчам во црква да не сум трудна). Ниту моите ниту неговите не се во можност да ни помагаат финансиски, па сето она што досега го имаме направено сме си го створиле сами. Месец дена живеевме како на градежен објект и освен еден ден што беше свекор ми да му помогне на сопругот, друго се сам правеше, за да не плаќаме мајстори.
    Кај нас нема мое или твое, се е наше заедничко :inlove:
    п.с. Живеам сама од моја 18 година, и од тогаш заработувам. Значи 10 години плаќав кирии и работев за да можам да си го платам студирањето. Јас не сум чекала од моите, а камо ли да треба од свекрвата да барам пари (недај Боже) ама ете сега ме издржува сопругот што воопшто не ми пречи бидејќи знам дека тоа е само привремено. Тој ме чува мене јас него и се така во круг :D
     
    На DELFIN-15, Glasna, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^
    Значи и покрај тоа што си живеела и заработувала сама од свои 18 години, и покрај тоа што си била сигурна дека не сакаш да живееш со свекор и свекрва, сега си трудна, имаш претпоставувам повеќе од 30, без работа, сопругот те издржува. Ако само малку помала му била платата, веројатно ќе сте завршеле со неговите или твоите родители и покрај твојот цврст став дека со стари не сакаш да живееш. Оти да бидеме искрени со една плата не се плаќа ќирија или рата за стан, сметки и трошоци за живот, па и бебе на пат освен ако не е голема.
    Затоа збориме Ова е Македонија, затоа збориме да не се ударате многу во гради затоа што не знаете што ве чека. Колку од вас имаат заштедено или можат да заштедат доволно финансии од плата за да се обезбедат пред брак во случај на развод? Што значи тоа, да купиш стан независен од оној во кој живееш со сопругот за да има каде да се вратиш? Заштеда со која ќе можеш да живееш неколку месеци или години дури да застанеш пак на нозе? Или пак во криза ќе се трча кај мама и тато?
    Не си ишкам мува од капа, ја немам моментално, ама сум свесна дека може да ми застане.
     
  8. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    И што постигнавте кога од две мои реченици направивте роман? :^) Секој ќе си прави во живото како му одговара и си мисли дека му е најубаво. Некоја ќе чека да си заработи стан, некоја ќе гледа што побрзо да се омажи , секоја на свој начин :)
     
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Мене само едно ме интересира: сите вие што се удирате во гради дека САМИ мора да направите и обезбедите се' пред брак, за не дај Боже, КАДЕ живеете во моментов? Чија храна јадите? КОЈ ве студира? Им плаќате ли кирија? Работите за свој џепарац? Кој ви дава пари за одмор, облека, козметика?
    Ај сега направете математика сето ова, што друг ви го обезбедува, како би било ВИЕ да го плаќавте сите овие години + уште до мажачка, па кажете ми колку станови се тоа.

    Значи, ова Е Македонија, и уште долго ќе остане ваква. Тие што имаат среќа да наследат нешто од фамилијата, секогаш ќе бидат на страната дека "треба да се обезбедиш целосно пред брак", другите проживеале и живеат нешто што првите никогаш нема да го разберат, затоа - кажете им Фала на родителите за се', и гледајте зголемете го имотот што ви го оставиле, зошто и тоа се смета за успешно исто така :)
     
    На Lovely93, Silver.E, butterfly4 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Имаше од другата тема едно размислување дека друго било ако родителите ти дадат еднократна помош како стан, а друго ако ти помагаат за основни работи додека си останала без работа. Види скромност, не си паразит ако некој ти го реши станбеното прашање и ти даде стан од неколку десетици илјади евра, а паразит си и неспособна ако останеш некое време без работа и си на грбот на сопругот или родителите.
    Кажете отворено, не се мажам додека не најдам маж со сопствен стан подалеку од неговите родители.
     
  11. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Моира ,да си жива и здрава,супер кажано .Обично оние што се удираат во гради,добиле 'малецка' помош во вид на работно место во администрација од партијата,или станче од баба и дедо ,или мама и тато,и нормално во такви прилики е суперизи да се изиграва кариеристка и независна жена..Лесно е на другите да им се спушта заради животните (не)прилики,кога еве тие "самите" се успеале..так нормално.. :clap:
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Мене би ми било срам да треба да барам од моите, од сопругот не ми е. Да немаше можност во брзо време да си купиме наш дом, тогаш најверојатно немало ни да се омажам толку рано. Сега имам 28 год ( неполни 29). Откако останав без работа, подработував онака по нешто за некоја смешна сума од 7 000 ден, ама пак работев не за друго туку за да не бидам дома :) . А сопругот е самиот свесен дека нема поубаво од сами и не ни помислува за тоа дека треба да живееме со неговите или со моите. Да, платата му е добра за македонски услови ( не одлична, туку добра :!: ), ама се труди, работи и знае за што работи. Нема одбиенио смена, нема паднато на проверки или тестови, Ова му е трет курс што го праќаат годинава надвор од Скопје, да не зборувам за смени на празници, дежурства и сл. Ама тоа е. Убаво кажа некој погоре, а во која категорија спаѓаат тие што живеат кај родителите и не плаќаат сметки ни храна??? Јас платата си ја давав за преживување. Плати кирија, сметки храна, облека и ете ти ги парите, отишле. Сега сум скоро 7 месец трудна и немам купено ниту едно парче трудничка облека. Не дека до толку се немам поправено, ама имам неколку широки маички што можам да ги носам, едни панталони, тренерки мои и стари од сопругот и поминувам. Дома уште не ни е досреден станот. Уште немаме купено се што ни треба и работите ни се по кутии, ама не ми е тоа приоритет во животот да ме видат другите колку сум дотерана или како ми е средено дома. Битно ми е што ќе си го донесеме бебето ДОМА. Не е страшно и да се има помош од родителите, доколку се во можност зошто да не. Да можеа да ни помогнат моите или неговите сигурно немаше да речам - НЕ, ќе јадам леб и маргарин, ама не ми треба помош од вас. Ама помош, а не постојана издршка :!: .
    Не ми беше целта да кажувам за мене, чисто се ставам како пример за да не наведувам други примери кои ги има насекаде околу нас. Муабетот ми е дека секој си го живее животот како што мисли дека е правилно и не мора секој кој има поинакво гледиште од нас одма да го напаѓаме и да го убедуваме дека не е во право. Дали и како ќе се вклопат коцките кај секого е индивидуално. И да, не мора да значи дека ако почитуваме нечие друго мислење по автоматизам и се согласуваме со истото
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Според мене треба да чекаш да созрееш, да го најдеш вистинскиот човек, а не да чекаш да стекнеш се. Од друга страна, пак, и со ништо не се почнува.

    Честопати го кажувам следново:
    детето: Мамо гладен сум.
    мајката: Те сакам сине.
    детето: Ама мамо, мене ми се јаде!
    Мајката: Ама јас тебе многу те сакам!.

    Од љубов не се живее. Со пари без љубов, пак не е тоа-тоа.
    Не треба да се чека се‘, затоа што човекот е ненаситен, никогаш нема доволно. Не треба ниту да се брза, треба барем да вадите некој денар сметките да ги покриете и да се прехраните.
    А дали ќе живеете на куп или сами, тоа и подоцна се решава.

    Ние кога решивме да се земаме,ни на крај памет не ни беше живот во заедница. Двајцата работевме, и имавме одлични примања, па планот беше да одиме под кирија. НО! Во рок од 2 месеци останавме без работа ДВАЈЦАТА! Веридба закажана, се‘ спремно. Што требаше, да ја откажеме веридбата и да чекаме подобри времиња? Или да дремеме верени додека не најдеме добра работа, купиме стан, да се изнашетаме па некогаш, таму, кога ќе поминеме се‘ да се зимаме.
    Решивме да ја истераме веридбата. мислевме секој да си живее по дома додека не најдеме работа. Тогаш свекор ми рече дека кога ќе си ја зел снашката, немало да ја враќа и решивме да се преселам кај нив. Во заедница живеевме година ипол. Сметките ги делевме и функциониравме супер.
    Една недела после веридбата јас се вработив, два месеци подоцна мм си најде една работа, па од таму си замина и сега работи во друга компанија. Јас си отворив плус фирма за организирање на свадби. Се преселивме, но пак не сме сами. Живееме со баба ми. Да не не‘ викнеше таа кај неа, ќе живеевме уште со неговите, зошто ни беше и таму убаво.Свадбата си ја истеравме. Си шетаме на викенди, одмори, си добивме синче...
    Сакам да кажам дека се‘ ќе си се нареди доколку сте упорни и сигурни дека ја имате вистинската личност покрај себе. Со почит и разбирање може да се створи се‘.
     
  14. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Јас за мене претхдно се имам изјаснето.Годините немаат врска со зрелоста.
    Кога се омажив,на 22,бетер од малоумна сум била според некои од вас,(маж ми 25)немав завршено ни факултет,ни светот го имав прошетано,ни па за стан сопствен имав заштедено(не размислував за развод ич).

    И еве ме после 12 год.,ништо не ми фали.Имам сопствен дом,семејство,големи деца,постојана работа,изнашетана сум(имам у план и уште да шетам),со завршено образование за мене доволно,мада нешто ми се увртело у глава и повеќе од ова сега, со свекрва ми збор не сме си пререкле,маж ми не ми триел сол на глава(не сум побарала пари за улошки).Тоа што е мое, е негово и обратнo.Нема тука делби,па за брак се работи(незнам вие како го сваќате бракот).И знам да излезам со другарки,да се зборавам со саати,ама притоа децата ми се дома згрижени,најадени,напиени и со домашни напишани.Не ми завршила младоста со раѓање деца и со мажачка.Одговорноста е поголема,но таа те прави да созрееш уште побргу,зашто не мислиш само за себе,туку и за плус уште двајца,најмалку.

    Си ги гледам децата како ми растат секој ден,се соочуваме со секакви проблеми....Куќата е најмалку дом.Домот е она што секојдневно се гради.Економската стабилност денес ја имаш,утре не.Во какви непредвидливи времиња живееме,никогаш не знаеш што те чека.

    Помош сме имале во решавање на стамбено прашање и сум(сме)преблагодарни за тоа.

    И јас се стремам кон тоа на моите деца да им обезбедам сигурна иднина,да им оставам нешто,да не почнуваат од нула.И утре да ми речат,А не фала ти мајко и татко,ние под кирија ќе идеме да живееме,не сакаме помош од вас,ќе го сметам за личен неуспех како родител.

    Јас не чекав.И да се врати наназад времето и пак да можам да бирам,повторно би го направила истиот избор.
    Ја знаете онаа старата...,,Камилата барајки рогови и ушите си ги изгубила."
     
    На Serafima, Bozica1980, kate21 и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Чекајте малце другари... познавате ли вие девојки кои не се од Скопје, ама го поминаа животот со цимерки? Нормално дека да. Тато и мама им плаќаа кирија, нормално... ама нивните тато и мама, како и моите, како и на сите, зимаат македонска плата и со таа плата, плаќаат сметки дома, кирија, сметки, книги, школарина и храна на ќерките и синовите и плус имаат за јадење за себе.

    Ми личи како вашите родители да се Супермен, ама вие сте им криптонит, чим тие се способни за сето тоа, а вие не сте способни со мажот да живеете од две плати, сами. :?:
     
    На Glasna, Cka, mimiiiii и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    И јас сум секогаш за тоа да не се брза, ок, да, самата имам кажано дека пред 27 години не планирам брак, треба да се стекнеме со посакуваното образование, нормално, работа, немора одма по струка и да земам илјада евра плата, ама една солидна работа е секогаш добро да се има, да се прошета и патува таму каде што сте посакувале, ок и тоа е добро, нормално додека сте сами со дечкото е убаво да шеташ, после во брак, со деца е малку потешко да одиш каде ќе ти текне, АМА јас лично не ве сфаќам што сакате да кажете со тоа дека не се мажите додека САМИТЕ не си купите/направите сопствено живеалиште.
    Е сега мене ми е прашањето, како воопшто мислите тоа да го направите? Ќе почнете да градите сами куќа? Ќе купите сами стан со парите од плата? Ќе земете кредит за стан, па ќе го отплаќате на 20 години? Дури и кредит за стан да земете ви треба прво пари за учество, прво треба тие пари да ги собереш па после да размислуваш за кредит, додека самите ги соберете тие пари ќе поминат 10 години (+/-). Дури и да се сложите со тоа, тие години додека штедите ќе треба ни една година на одмор да не отидете, ќе треба еднаш годишно да купуваш патики, ете нека биде и два пати годишно, патувања не доаѓа во предвид зашто штедиш, епа нели пред брак требаше да сме изживеани, нели треба да си ги оствариме желбите кои сме ги сакале, нели треба пред брак да поминеме доста работи кои подоцна ќе ни бидат скратени (или делумно скратени). Епа како ќе се изживеете и прошетате ако штедите десет години?
    Значи, не збориме за тоа тато и мама ми дадоа пари за стан, па сега имам каде да живеам. Збориме САМИ да створите, значи целосно сами. Без ни еден денар од страна.

    Еве сакам некој да ми одговори на ова, можеби јас грешам, некаде нешто не рачунам како што треба. Можеби може, нека ни ја открие некој тајната.

    Да се разбереме, илјада евра плата е преголема реткост во Македонија (во случај некој да рече дека со голема плата и добар факултет се постигнува ова погоре што јас го напишав). Дури и со факултет, просек е 500 евра. Барем на почеток, дури ни толку, познавам луѓе со факултет и за 200 евра што работат или работеле на почеток, ама ете ајде ќе речам просек 500 евра. За да дојдете до голема плата и убава позиција ќе треба да поминат повеќе години, зборам за тие без врски и партиски книшки, сами.

    Не знам, некако математикиве не ми одат. Луѓе без врски и партиски книшки не можат ни солидна работа да најдат од 10 000, дома седат со големо образование, ни работа нема, чека до 30 години по струка да работи, а не па сами куќи да градат или станови да купуваат. Така се купувало и градело. Единствено да отидеш во странство, да работиш едно 5, 6 години, да штедиш како луд, па да дојдеш тука и да изградиш некаква куќа признавам, а со нашиве плати дека некој сам ќе купи стан или куќа, тешко богами. Освен ако не ви се чека до 40 години, па после да се мажите.
    Туку лесно е да се збори кога има некој што да ви даде и остави. Прашај ги тие што ништо немаат и вистински сами ствараат дали така се купува и гради.
     
    На Lovely93, Tanjamm и Bridget им се допаѓа ова.
  17. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Не читаш убаво,или мора да се убациш заради претходен мој коментар на друга тема?
    Еве баш јас сум од тие што не се од Скопје ,и студиите ги поминав со цимерки со кирија која ја плаќаа мама и тато.Се омажив и со сопругот живеевме во мојот роден град под кирија замисли ,која сами си ја плаќавме со две плати.Се преселивме во Скопје и моите се понудија да купат стан за нас.Најкултурно се заблагодаривме ,не го одбивме и живеевме во него неколку години,пред да се преселиме во странство пред некое време.И тука живееме под кирија,нормално драстично поголема од таа во мк која guess what,сами ја плаќаме.
    Значи и со станот и без станот ,далеку сме од криптонит и сами се издржуваме,што мене ми е многу нормално во триесеттите..Муабетот ми беше,во случај да не го сфати,дека луге готовани немаат кредибилитет да зборат дали некој направил или не погрешен избор што стапил во брак.Who cares?Секој сам си ги сноси последиците од своите одлуки..Појасни сме сега?
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Кај нас попрво човек ќе остари отколку од плата сам да купи куќа или стан. И тие што земаат кредити душата им знае. Имав колешка што кредит преку кредит земаше. Имаа добри плати со мажот и пак секој денар го сметаше кај и оди. Штедење невидено. Беше опседната со тоа како да заштеди. И гласно збореше на работа “ахаа, вчера јадев кифла од 20 денари, денеска од 15“. Со толку и доаѓаше на работа, колку за кифла. Лесно ли е да земете кредит па после да јадете што се вели леб и маргарин.
     
    На makedonkamak и Silver.E им се допаѓа ова.
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Сме зборувале: Ова е Македонија.... :o

    Па, како да зборуваме??? Ова е Швајцарија ???? :tmi: :rofl:

    Во Швајцарија куче скитник нема, а не пак бездомник. :^)
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Комплетно сме јасни цело време. ;) И, можеби некој нема кредибилитет, ама ова е форум и намената на темиве е да си го каже некој своето мислење, макар колку и да има кредибилитет или не. Овде ќе најдеш илјадници лажговци кои ќе тврдат дека се Богови, а всушност не се ни шеширџии. Затоа е убаво на форумот, you get to be who evah u wanna be. 8)

    Инаку, кога те цитирав, пишував во множина. Твоето мислење го искористив како повод, зарем мислеше дека те персирам? :) И која друга тема, извини ако сме се скарале некаде и сум те навредил, знам по некогаш да бидам идиот. :^)

    Ама тука лежи целата суштина на муабетот. За ова истово и пишував на АngelofArh во темата со снаите па се љутеше. На страна муабетот со кредитите, ама луѓето никако не можат да сфатат дека ова веќе не се 70-те и 80-те. Не сме веќе сите богати иако тато работи како бравар, стругар или лимар. Сиромашни сме, не сме богати, немаме за одмор секоја година како порано, немаме за кафана секој месец, немаме за патиките на Daydream два пати годишно. Сиромашните луѓе не се возат со такси. Не се возат ни со аутобус освен ако не работат предалеку. Се штеди на СЕ... да, на кифли се јаде, за да се обезбеди живот.

    Тоа никој не сака да го прифати како реалност, сите сакаат кафе шема, Санторини, Охрид, нови штиклици на први, афтерворк парти и селфи со другарките и коктелчиња навечер да го прифатат како реалност. Не е тоа реалноста, освен ако не сте ќерки на Штерјо, а Штерјо нема ќерки. :x

    Кога ќе прифатите дека сме сиромашни, тогаш ќе сфатите и дека треба да си ја планирате и сегашноста и иднината поинаку. Ќе се лишите од многу материјални нешта, ама знаете тогаш што ќе добиете? Гарсоњера со мажот, со поглед на Водно и ќе седите покрај прозор и ќе читате книги зашто немате пари за компјутер, смартфон и ЛЦД телевизор. Ама знаете уште што плус? Нема ни да ви требаат, пошто љубовта и бракот не се гарсоњера и флетскрин ТВ.

    Ама ко што вика Дентина, секој сам си ги сноси последиците од своите одлуки. ;)
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.