Не си ме навредил,не се вреѓам од постови на форум.Муабетот со пукањето во колено на модни критики,ми се виде невкусен,па искоментирав,двата не избришале.. Овде консензус не ни може да има,сите сме со различни ставови,потекло,образование,имотна состојба ,со и без разноразни трауми,и нормално дека светот со различен диоптер го гледаме.. На памет не ми паѓа да очекувам од некој да биде скромен за своите успеси,а и да ми паѓа-повторно,who cares? Ама кога ќе почнат приказните за неверојатните постигнувања на партиски потрчковци,и слични wannabe's па солење памет на другите на кои не им ги знаеме животните приказни и околности,и зошто одлучиле како што одлучиле,заедно со симпатична доза на злоба и некултура--> ,и се присетувам и на една или две стории од овде,кога на особи кои себе се воздигнуваа до небо,а без посебно покритие,животот,како што само тој знае,им ували тешка шамарчина,и магично станаа поскромни.До наредната епизода.Не дека во приватниот живот тоа го нема.
^ Ааа, се сетив на твојот коментар. Ама сериозно, шо беше со тоа чворчето?!? Па како ќе научи дека не чини ако не се најде некој форумски сноб како мене да и` укаже на тоа дека е мета на потсмев? Батали тоа. Мене ми се допаѓа многу твојот стил на изразување и топење мисли во реченици, ама не ми се допаѓа твојата лажна незинатересираност. И правописот, дефинитивно правописот. Не ми кажувај дека ти е сеедно и who cares, кој што напишал, зашто ако ти е сеедно, нема да ми реплицираш, а додека ми реплицираш, забавно е. И не ми кажувај дека секој има право на свој став додека укажуваш на тоа дека некои овде некогаш се фалеле па животот ги удрил. Тоа е злобно, а не моите обиди за пристојна провокација и очајна иронија. Не се сити на туѓа мака жити све, а погоре да ми кажуваш дека било страшно шо сум и` кажал на дебела тинејџерка дека е дебела. Заземи став!!! И кога ќе заземеш, објасни ми зашто е таков. На пример, кажи ми дали си била партиски „поттрчко“ за да знаеш колку е тоа лесно или тешко и да знаеш колку мака, труд, пот и работа тоа бара. Успехот во животот доаѓа по различни улици, ама сите тие улици треба да се изодат. Битно е дали си успеала со нокти или со заби? Битно е да бидеш човек. Туку, ај заземи став, па да ти удрам лајк или да ти се спротиставам, не биди волку blend...
Велите погоре успеси ??? Имам образование, квалификации, работам и сум успешна во својата работа, ама јас не сум соодветно платена. Џабе е успехот на работа кога од тоа бенефит има газдата, јас скратувам и скратувам и се помалку имам. Убаво кажа некој погоре. Сиромашни сме и тоа многу. Јас не сум оптимист дека доаѓаат поубави времиња за Македонија.
Секогаш имате можност да отидете на страна, што чекате тогаш? Ако е полесно да успеете во странство што тогаш ве спречува? Иди поработи некоја година и врати си се, еве баш гледав огласи во Дубаи во Катар се бараат и инженери, собарки, келнерки и тоа за јака пара. Е и бебиситерка бараа за вип фамилија со плата до 1500 евра месечно, тоа го нема во Македонија точно, ама ете го има во Дубаи па секогаш има можности. Секогаш нешто ќе фали, секогаш нешто ќе биде малку, секогаш од нешто ќе бидеме незадоволни, ама затоа има многу можности што треба да се направат, а ако сакаш да заработиш пари во странство тоа го можеш само ако немаш маж и дете кои што ќе треба да ги оставиш тука додека ти одиш да работиш на страна. Силвер кажа ова е Македонија не е Швајцарија, точно, Швајцарија е поголема, понаселена, побогата, поголеми можности за работа ама и поголема конкуренција така да исто ќе му дојде.... Што чекаш што не си одиш во Швајцарија? Ако сте толку работоспособни и тука не ви цени тоа одете негде кај што ќе ви се цени, знам и такви примери, дигнаа раце тука и си отидоа во Германија, топ им е сега. Доста веќе со тоа ова е Македонија. Доста со тие партиски потрчковци што ги викате, абе снајдете се и вие ако сте толку способни. Партиските се знае каде се во државна администрација, ама има приватни фирми кај што не ги интересира кој си, што си, затоа престанете да се вадите само затоа што не сте можеле да успеете. Ако е ова Македонија и мизерно е за живеење и гледање семејство што се мажите на 20 години и раѓате деца тогаш? И тогаш е крива државата? Тие што си се спремни да живеат во заедница со свекор и свекрива супер, и тоа е сосема ок, се додека сте доволно здрели и способни да го прифатите тоа без да си ги кубете косите. Сосема е ок и родителите да помогнат на двата пара доколку имаат услови за тоа и ако е нивна добра волја, ама тоа се повеќе се злоупотребува и не треба да е така, штом си спремен бе дете да праиш и да родиш па биди способен и сам да го изразнеш!
Да размислувам на таа опција, странство само барам сериозна агенција. Повеќето гледам нудат работа за студенти. Јас Коузон ја сметам за посериозна, ама таму колку што прочитав нудат работа за студенти. Прва прилика ако ми се пружи за некое усоврување ќе заминам од овде. Нема што многу да изгубам затоа што и да се вратам пак оваа работа ќе ја работам. Не знам што е паметно да се направи веќе, ама сериозно во оваа држава нема иднина. Тие што си донеле странски капитал или имаат јаки партиски врски успеваат, за другите тешко.
Разликата меѓу МК и некоја развиена држава е правото на надоместок и помош од државата ако ја изгубиш работата. Сега работам, утре може не, ама имам дете, кредит, кирија може треба да плаќам. Во МК ако не се родителите да помогнат на улица ќе се луѓето, ете затоа и живеат со нив не од ќеиф. Еве кај нас после 1 година стаж имаш право на 100 проценти од платата една година а после и до 80 посто во текот на втората година. Па имаш време да се свестиш и да најдеш друга работа без да се почуствуваш како бедотија и да се мислиш што утре. Ниедна приказна не е ниту црна ниту бела, сите се сивкасти само нијансата се разликува.
Знаете што ме нервира во државичево,што е ''забрането'' да си верен повеќе од 6 месеци.Прстенот на рака и одма тапан чукнал,иначе срамота е.Зашто да не се верени на пример па да ''доредат тоа коцките'' па после година/година ипол,еве две не прават свадба?Зошто мора одма?Пошто гледам дека зборот брак и свадба ве вади од памет. Друга работа,зошто е толкав ''криминал'' живеењето во заедница?Дома не сте во заедница? Што не се иселите сами да живеете? Па не се сите свекрви и снаи како маче и куче.Еве да речеме голема куќа/стан има место за сите,никакви проблеми,си се сложуваат одлично,сметки си делат и? Што ќе им фали? Што па толку сте се фатиле за таа заедница ко слеп за стап? Па поарно ќе живеам во заедница извесно време,така полесно ќе заштедам пари место да ги давам по кирии и ќе можам да дадам учество да купам стан. Зошто доколку односот со свекорот и свекрвата е солиден,јас да одам под кирија? На кого ќе му докажувам нешто?Демек јас со егото до плафон ќе трпам ама во заедница не седам? Хммм глупости,си одам на сопствена штета само. И читам вработи се по струка,купи стан,среди се се тип топ па мажи се.Абе многу е лесно на зборови,вие што работите и живеете со родителите колку заштедивте до сега м? Имате барем по некое евро у банка?Пошто така лесно се штеди и се купува стан Значи да не ме сфатите погрешно па очи да ми извадите,јас не викам дека е добро никој да не работи па да чекаат леб од родителите,но доколку работат не гледам причина зашто би чекале само заради ставот за не живеење во заедница,кога така заедно ќе штедат па ќе купат/градат/доградат ват евер,кој вика дека одма деца мора да имаат.
Еве јас сум пример за тоа дека смее и повеќе од 6 месеци да се биде верен 2 години и нешто сме верени, сега за некој месец ни е свадбата, таман си средивме некои работи, не брзавме. Иако од страна не удавија со прашањата ајде кога свадбата, што чекате? срамота е толку време верени итн. Сепак ние направивме така како што ни одговараше нас и како што ни е убаво. Живееме за себе не за другите.
Јас би чекала. Не викам да чекам идеално да ми е, ама минималното да биде задоволено. Со образование да сум завршена и барем една плата да се има, макар и минималец да е. Може нема да е по струка, може е привремено, ама да не е без ич. За стан/куќа, ако има шанса да се среди тоа во рок од неколку години би почекала. Ако се знае веќе каде ќе се живее, дали било тоа со свекрва или сами сеедно, тогаш тоа не е битно. Значи велам да се чека на се, и под тоа "се" подразбирам завршен факултет, вработена и одредено место за живеење. Кога тоа е решено друго нема што да се чека, секако со договор со партнерот. Мене уште една редовна плата ми фали, и освен заради непланирана бременост не се брзам никаде. Дечко ми ме зафркаваше дека додека сум на стаж и не можам официјално да се вработам таман имам време да родам едно дете, ама и на двајцата ни на памет не ни паѓа тоа за озбилно. Се со ред. Факултет завршив на време, стажот ми е до пола. Нема да пребирам работно место и плата после тоа, битно ми е само да се вработам, па здравје ќе напредувам понатаму. Откако се тоа ќе помине би сакала со ред да си истерам и свадба и дете.
И читам вработи се по струка,купи стан,среди се се тип топ па мажи се.Абе многу е лесно на зборови,вие што работите и живеете со родителите колку заштедивте до сега м? Имате барем по некое евро у банка?Пошто така лесно се штеди и се купува стан Штедам во банка и за овие 5 години имам за една кола да купам, ништо повеќе. Нека не си прават филмови луѓето дека ќе купат сами стан (освен ако не се во администрација двајцата, па на кредит или некоја зрааботка од странство). И викате ќе напредувате?И јас така мсиелдв, до едно време напредував со плаат , секоја година по едно, некогаш и две покачувања, ама фирмата пропадна. Сега работам за двојно помалку пари и сум многу поангажирана. И да напредувате во приватен сектор за згоелмуваат платата за многу ситни пари што нема ни да отсетите. Да не зборам з<а во фабрики една шивачка ми кажа им покачиле по 2 денарик од час. И денеска ќе земе 16 денари повеќе. Е што е тоа?Што ќе купи со 16 денари ? Значи цел месец нема ни 500 ден од покачувањето. Вие што викате дека ќе се земете па со една плата ќе заштедите, не сте свесни колку трошоци имаат луѓето кога треба да одржуваат куќа, да плаќаат сметки, да полнат фрижидер, да се облекуваат, да реновираат и поправаат ако нешто се расипе.
Да се разбереме - заедница со мама, тато и дада, не е воопшто исто со онаа заедница со мажот, децата, свекорот, свекрвата (а некаде и девер/золва). Верувај, колку и да се сложуваш добро, ќе дојде ден кога некаде ќе зашкрипи. Дали за сметки, дали за нарушување приватност, дали за нешто сосема трето. И баш од тие несредени односи, се делат фамилии, па после не сакаат очи да си видат. Примери имам околу мене еден куп. Жена во рана бременост си се исели со мажот и сега живеат под кирија, затоа што свекрвата ѝ викала дека свекорот не можел од неа по гаќи да си шета дома. И оваа по цел ден седела во спалната, која патем била соба без прозорци. Како во кутија. Сé додека не се иселиле, а дали воопшто сега контактираат - не знам. Не викам дека нема фамилии кои како-така функционираат на овој начин. Ама секогаш ќе има некој кој ќе попушта и ќе прави најмногу отстапки. И секогаш ќе има некој што ќе се меша каде што не му е место. Сé додека не пукне тиквата. Затоа јас сум секогаш за прво да се среди станбеното прашање, отколку така да се влета во нечија фамилија.
Јас ова подразбирам под заедница а се друго е вишок . Додуша јас и сега не живеам со моите ама да речеме дека не сум релевантен пример .. Па и вие претеравте го направивте невозможна мисија во Македонија да живееш сама со сопругот . Баш околу мене скоро сите живеат сами , кој со стан од нивните , кој на кредит, кој под кирија .. Така да невозможно не е. И во Тунгузија да живеам ќе се стремам за свој дом и свое катче , нема да дигнам раце и да речам ова е Македонија и мора да живеам со свекрва и свекор . Крај краева се е индивидуално секој си има различни желби и замисли за својот живот , ако ви е убаво во заедница живејте .. Еднаш една феминка рече дека цената за сопствен дом секако ја плаќаш дали во форма на рата , кирија или на цена на сопствениот мир и приватност .
Незнам зошто толку трагично го сваќате тоа девојката/ жената да отиде да живее во куќа кај момчето со неговите родители ? Епа со комшиите ли негови треба да живее ? НЕЗНАМ СТВАРНО ЗОШТО ТОЛКУ СТРОГИ И ЛОШИ СВАЌАЊА... Некои мажи имаат толкави куќи и што треба кога ке се мажи да купи стан ? -За да живее сам со госпоѓата негова ??? Па сигорно не живеат сите во една соба бре луѓе, се знае секој си има свои соби , па дури и свој спрат... Ова изгледа нова мода ке да е...Како што читам ова како грев да е ако отидеш во иста куќа со неговите ? Има деца единци што цела куќа е за нив и што треба да ги измава родителите некаде под кирија за да бидат сами они ? Ако се чека на тоа младите да се вработат двајцата да добијат решение за работа ( што денеска сите се на договори ) да изградат заедничка куќа тоа никгаш нема да биде...
Нена еве јас ќе се обидам да ти одговорам. Ниту е грев да се отиде во истата куќа со неговите, ниту е лошо. Но не средени имотно правни односи се проблем кој покасно се враќа како бумеранг десет пати пострашно. Во ред е ситуацијата син еднинец, но што кога се повеќе насленици? Што кога треба да инвестираш, а утре незнаеш на кого ќе припадне. Еве јас искрено ќе ти ја напишам мојата ситуација. Мојот вереник живееше во куќа на два спрата, и нели по редот на нештата требаше на едниот спрат ние, на едниот неговите Но тој не е еднинец има три сестри. И сега кога се спремавме да живееме заедно постоеше опција и таму, но куќата е повеќе од 40 години стара и ниту еднаш реновирана, требаше спратот да се реновира од корен, и добро и тоа би. Ама неговите родители во ниту еден момент не кажаа синко овој спрат е предвиден ти да го наследиш (значи не зборувам сега одма да му го препишат, туку да му посочат, да му ветат). неговата мајка на неколку пати ја имам слушнато како кажува пред луѓе дека не си ги двои децата, сите и се исти, нејзе ја одвоиле на времето дека женско, и она нема намера да биде таква (и јас би била таква, сметам дека на сите деца треба еднакво, машки и женски законот не прави разлика). И сега ние имавме опција со парите кои ги заштедивме да вложиме во куќата или спратот, која повеќе од веројатно, и јасно кажано ќе има повеќе наследници, не само вереникот. Епа нека фала, не се правам госпожа ко што викаш ти. Но по 10-20 години да се нервирам и колам, и вереникот да се замери со сестрите не, не сакам. Одлуката не е само моја, верувај ми. Од друга страна делби сега неможат да се прават затоа што процес на легализација не е завршен, кој искрено многу и не го знам. Сега сме во ситуација да живееме скромен но смирен живот, со золвите си имаме коректен однос, за добро за лошо тука сме. А во иднина нека си делат што им оставиле родителите јас не се мешам, ниту сакам тој да се меша во одлуките за наследство од мојата фамилија.
Не ми е јасно зошто сите родители чекаат еден да почине па да прават делба на имотот. Нормално дека секое дете, без разлика од кој пол е , има право на наследство од родителите, впрочем и тие деца учевствувале на некој начин во изградба на тој имот. Мојот пример е следен - Неколку години порано седнавме на маса со родителите и брат ми. Татко ми праша кој од нас кој спрат го сака (куќата е на 2 спрата) јас реков тој долу каде што се тие и толку беше. Инаку брат ми не живее со нас. Е сега усен договор нели. татко ми тоа не го стави на хартија за јас а можам да реновирам,а куката наместена ама од тоа време ламперии и бла бла бла. Корист имав и јас и керка ми што живееме со нив Плаќање сметки. леб, со леб) иако понекогаш е неподносливо. Родителот ми почина пред 6 месеци па се направи физичка делба, го добив спратот на писмено и конечно можев да изреновирам и пак не од мои пари туку од тие што ги наследив од татко ми. Поентата ми е нема зијан од старите само што би ви препорачала да живеете сами (доколку сте во можност) јас ја немав таа можност и сеуште ја немам, со нашиве плати (една плата) и дете кое си има секојдневни потреби иако е скромно. Како што би рекла Ирена1 Скромно ама смирено во слога , а јас ги изгубив нервите одамна. П.С. Немојте да чекате на се за да влезете во брак , секогаш нешто ке фали.
Нана, јас би живеела во иста куќа, ама различен влез. Би живеела во иста зграда, различен кат. Ама да живеам во иста соба, да делам кујна, со свекрва и золва, со свекор, да не можам да шетам гола заради деверот, да не можам да стенкам за време на секс и да паднам од кревет, да не можам да иам секс у кујна или гола да донесам јадење оти сме се измориле, ми е глупо. Најрадо би 20 км подалеку и да возат да не можат да стасаат одма, ама и друг влез би преживеала. Да ми кажуе некој кога се мете двор и зошто соноќа сум тропала оти сум дошла касно пијана и да му ја полнат главата на маж ми, женати си иде у 1 по полноќ, ти спиеш, не фала. Старите викаат, САМ, ДА НЕ ТИ Е СРАМ. Колку подалеку, толку повеке ке се сакаме.
ма ни иста кука, ни исти двор се е исто еве кажувам . Живееме во кука старите на еден спрат , ние горе сами и што ако? Се осекам ко во иста соба со нив да сум, во двор цело време се мота свекрва ми неможе човек да се симне да си поседи одма она доага, да мете да средува, сабајле уште во 7 под прозор ми мете и мие со црево. Низ цел двор па дури и моите скали ми реди некои канчиња со цвекиња А, да не кажувам дека порано доагаше кога и текне горе па ни звонеше ниту тропаше. Сега ради една нејзина глупост кажана која не повреди мене и мм не и зборам јас, само од култура ја поздравувам и фала му на бога не ми се качува веке горе. Ама ја забележувам ми шета бе по тараса, јас внатре а она шета ми гледа алишта пружени, цвекиња итн. Муабетот ми беше ни иста кука ни бутур. САМО настрана што е можно подалеку , и едно собче да имате на раат да ви е и тоа. Не се залажувајте со тоа не живеам со нив, ако сте во иста кука и двор верувајте, живеете со нив
Еве пример мој. Мојот иден маж живее со неговите. Имаат 2 спални соби и една дневна, нормално кујна и купатило. Е сега проблемот е што кога влегуваш по скалите ( во долниот кат се стрикото и стрината ама одделни влезови) прво е собата на мојот, па дневната, па на крај другата соба. Старите негови спијат во дневната, а другата соба е празна и никој не ја користи ( а е малку помала од неговата и нема тераса). И колку често спијам кај него, ама бе неможам да се опуштам во сексот, зошто поради распоредот, нашиот лежај е прилепен до ѕидот, а тие бидејки спијат во дневната, се оддалечени со нивниот кревет на 1 ипол метар и знам дека се слуша. Колку пати онака таман ке сакам да се опуштам, нешто како да ме пресекува, зошто знам дека крцка се слуша и колку пати на сред секс му викам на мојов потивко, не ме бакнувај силно, не на тој крај од креветот, не на фотељата итн. Многу е незгодно. А јас неможам да им речам на старите да спијат во другата соба. А и кога ние би оделе во другата соба, пак само еден ѕид ке не дели. А ѕидот е празна цигла секако. Многу би било подобро кога тие би спиеле во другата спална, тогаш би имале дневна помеѓу и некако би била поопуштена. А колку пати навечер само го слушам татко му како хрчи, а јас сум многу осетлива на спиење. Друг проблем е што на секое едно одење до кујна или во тоалет во текот на ноќта, морам да се облечам, пошто на свекоров му е незгодно да се шетаме дома по пижами. Тој никогаш лично ми нема речено, но еднаш на почеток кога одев кај нив, спомена за снаата ( од другиот син), онака несвесно, дека еднаш таа вечерала во пижами, а тој сакал да оди во купатило и чекал пола саат да замине снаата. Абе ич не е добро чуството да знаеш дека свекорот е во другата соба и дека може да те слушне кога водиш љубов и сабајлето кафе заедно да пиете, знаејки дека и тие знаат. А и онака, ако си разговараш со нормален тон се слуша. Еднаш нешто се закаравме со мојот и мајка му ( која инаку е душа од човек) седнала во кујна и си плаче. Нешто нејзи и се зачуло како јас да сум рекла па ке си заминам ( можеби сум рекла ама не за разделба). А многу си е поврзана со мене и ете ние неможеме раат да се искараме дури и кога синов е во право таа одма го напаѓа ( пошто се слуша се) и секогаш сиротиот е крив и дури кога е во право. Лошо е во заедница, а уште па ако и старите се терсене. Ете нас тоа ни е и главниот проблем. Сакаме посебен кат, но само со неговата плата нема да можеме. Имавме планови за ова лето да се скастриме, ама јас немам свои примања и ке си почекаме.
а бе и да не се качува горе и да не се плетка во дворот само што ке знаеш дека е тука ,дека не си сосем сам е доволно фрустрирачки