1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чекање на сè....па потоа брак

Дискусија во 'Брак' започната од Snow-Queen, 9 мај 2012.

  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    И ти си на мака бре ама кога немаш излез што ќе правиш. Мој совет не чекајте многу јбга тоа тоа.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    јас ова прво го забележувам. Значи пред некој си 20-30 години заедно правеле куќа браќата (или стара куќа на родителите, сеедно) и еден на прв еден на втор кат.И тогаш изгледало како добро решение. Но еве за 20 години кога им нараснале децата, сега што. Сигурно и стрикото и стрината имаат деца па и ти тука бројно ќе се прошируваат (без разлика дали се женски или машки) А утре и ти ќе имаш деца, ќе имаат и тие и од мир ни м. Во една куќа сто души.
    Мене тоа не ми се допаѓа, а е често присутна појава кај нас, деленици, што изгледа како добро решение, но на кратки стази.
     
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Да да ирена.1 така е
    Е сега стиково и стинава имаат 1 дете студент па не е тука ама за сега.
    Инаку имаа голем дрвор и дворот е само нивни, па ни кажале и дека кога ке си приберете некој денар, направетеси нова куќа, по ваш мерак
    Е сега тоа дека ке бидат низ двор во мојов случај нема врска, свеки си е срцка од жена и многу мила и мирна, а и свекоров не е нешто лош, ама си е со стендови и е така малку понервозен, но со мене е секогаш коректен, што и незначи дека секогаш ке биде така.
    Таа па вика, ајде бе едно дете сега, па јас да ви помогнам додека можам, а вие бркајте си ги работите. Додека да си направите свое, јас ке ви го изгледам детето, ем вика вие ке имате помала мака, ем јас ке си бидам порадосна.
    Ама јас немислам баш така. Неможам како паразит само да си им ставам дете во скут и ајде гледајтего.
    Вика и утре кога ке се вработиш, барем знаеш дека има кој ручек да ти направии и машина да ти пушти и дете да ти чува. Ти дојди одмори се и излезиси да прошеташ. Ама како бе да шеташ, како да знаеш некој дете ти чува а ти немаш на никаков начин да му возвратиш. 300 работи низ глава а се помалку решениа.
    ПОнекогаш си викам, абе луѓе немаат каде да живеат, ама па понекогаш си викам, додека немам свое нема да се чувствувам ко прав родител. Тешко е.
     
    На Bozica1980 и tessie им се допаѓа ова.
  4. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Абе тебе чавките изгледа мозокот ти го испиле?
    Убаво ти вели жената сеуште е способна деца да чува да им се радува. Сигурно за возврат (бара) не бара ништо, твое е да ја почитуваш и ке биде пресрекна штом е разбрана жена, како што велиш во постовите. Мислам дека премногу се замараш со непотребни работи.
    Уживајте со мажето додека можете да не биде после онаа „Дај ми боже додека се може, а ако се не може земи ме боже“.
     
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Не велам дека и вие не сте во право, ама кој вработува бремена жена? После тоа со бебе 9 месеци, ете и да не се 9 сигурно ке се 7. Па нема свекрвами да ми го дои за јас да одам на работа по 8-9 часа.
    Не е лесно. Подобро би почекала уште 2 год за дете, за да најдам добра работа, одколку одпосле да барам. Да бидеме реални и потешко ги вработуваат мајките, зошто нели ретко која останува покасно на раб итн
     
  6. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    ^^okcenzi, јас кога сакав да менувам работа и кога бев на неколку интервјуа, меѓу другото нормално за наши услови, ме прашаа дали сум мажена, дали планирам деца итн итн. Дури ми беше поставено прашање од типот „а ако треба да бирате меѓу дете и работа, што би избрале? Па вие сега ќе планирате семејство и заедница, не знам дали ќе може да се посветите на работата....“ :x Моја другарка која беше мажена и неколку години немаа деца, не работеше, на едно интервју и' се случило дури и да го прекинат разговорот кога искрено кажала дека сакаат дете со сопругот и дека работат на тоа, со изговор „о, па само што ќе те вработам, ќе одиш на породилно, не ми се исплати да те примам, ај те молам оди си“.

    Не знаеш со нашиве работодавци на што си и што да им кажеш. Инаку, и ние демек чекавме на се', да се средиме ко демек, :?: ама испадна дека се средуваме сега од кога останав бремена :D Некогаш коцките сами од себе се редат, не знам што да кажам.
     
    На okcenzi и artemidis им се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Точно и тоа, но секако на интервју планирам да кажам дека нема да имам деца :))) Како што се злобни тие и јас планирам да бидам.
    Реков подобро да почекам уште 2 год , за да утре ако тие ме извадат од работа поради бременост, барем за нареден пат ке имам работно искуство. А и осигурање и уште некои др работи. Така направи комшивка моја. На интервју кажа дека не планира бременост во наредните 5 год. 1 година работеше, беше осигурана, пријавена итн. После веке кога остана бремена се договори со газдите, за да не ја вадат од работа, да им дава по 20 %, Тие пак последните 4 месеци ја пријавија со поголема плата и кога отиде на породилно земаше 80 % од редовната плата од последните месеци. Барем се изнакупи за малата. Сега пак и е послесно зошто веке имала работно искуство.

    Гледам скоро во сите огласи, дека се бараат со искуство. Тоа е нашата мила земја. За жени е претешко. Посебно за самохраните, ама тоа друга тема.
     
    На green.eyes, WORRIED.BT и tessie им се допаѓа ова.
  8. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Ок се ова, ама описиве твои повеќе ме асоцираат на извадок од американска серија како Сексот и градот на пример, отколку на еден просечен брак, било каде, не мора ете само во Македонија. Јас барем не знам некои што живеат вака, но добро, може е до мене. Ама во брак кога си преморен и од домашните обврски и кога знаеш дека треба да станеш за на работа и да го продолжиш истото темпо како и вчера, тешко дека ќе сакаш да имаш секс од 5 до 7 наутро па да одиш на работа. За враќањето пијана во 5, ни сега не гледам убавина во тоа и не се чувствувам убаво праејќи го. Не сме туѓи ако не ни се редат коцките во животот како што сме замислиле или како што е најдобро. Свои сме ако умееме да се прилагодиме, а не да раководи самата ситуација со нас. За оваа слобода опишана во твојот пост, треба ни деца да немаш. Затоа што тешко дека ќе ги оставиш сами децата дома за со маж ти да се вратиш во 5 сабајле пијана, или пак гласно ќе имате два саати секс пред работа додека тие мирно си спијат, а патем кој ќе ги однесе во градинка/школо пред работа тогаш? Може баба и дедо, но ти не ги сакаш ни блиску до тебе. Тешко дека гола ќе му однесеш појадок во кревет додека децата можат секој момент да се разбудат и да дојдат кај вас во кревет, па и тие самите да чекаат појадок, ама не сине, тато и мама веќе појадуваа во кревет. Не може овој филм никако во глава да ми се вклопи, а искрено не ни посакувам. Ние ја водиме куќата, да. Не ја водиме со тоа што ќе се вратиме во 5 сабајле дома пијани. И не ми треба свекрва до мене за да знам дека тоа не е во ред.

    И на крајот од краиштата, ваквиот начин на живот повеќе зависи од каков партнер до себе имаш, отколку кој ти го купил станот.
     
    На mal.ecka и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.553
    Не мора да одиш во Америка за да го имаш ова што го опишувам. Можеш секаде да го имаш. И зависи од карактерот твој и на сопругот. На пример, ако е мамино синче, никогаш нема да се оддели од мамичка. Или ако си плашлива за сама да одгледаш дете, па ти треба свекрва.

    И да, до тебе е што не си запознала ваков пар и брак. Јас знам многу. Знам вакви жени кои се среќни и чиј муабет не е - свекрва ми е ваква, онаква, туку на многу повисоко ниво. Можеби живееш во средина каде патријархалното семејство се уште постои, и затоа ти е непозната ситацијата на самостојно живеење - сама жена, сам маж, сам брак потоа. Не брак помеѓу жена која уште мајка и и ги пере гаќите и не живеела еден ден сама, освен одморот во Охрид 10 дена, и маж кој сака да живее со мамичка оти жена му не готви како неа. Или која и да му е психичката состојба, оти сигурно не е нормално 30 годишен маж да не сака да се оддели од мама.

    За болдот со работата - душо, јас можам да работам по 16 саати и пак дома да пијам пиво и да имам секс со саати. И пак утредента да отидам на работа и да работам. Ама ако по 16 саати дојдам дома и треба да готвам за деверот, место да јадам пица со маж ми, и не можам да дрманам еден коњак и да имам секс за опуштање оти свекрва ми седи у дневната до мене, е тогаш ни на работа нема да ми се оди, не па да работам.
    И за децата... како да ти објаснам. Децата сам ги правиш кога си способен да ги гледаш и си подготвен за нив. Луѓето ги прават со своја волја и дејствие. Тие се нивна крв и месо. Ги сакаат во нивниот живот. Би го дале животот за нив. Би се лишиле од задоволствата во животот.
    Кога ти ке го дадеш животот за свекрва ти, дојди кажи ми дека се исто дете и свекрва.
    Кога ке сакам да имам дете ЈАС СВЕОВОЛНО ке се откажам од глупости правење. А не заради тоа што ми е срам од свекрвата. Туку оти ЈАС САКАМ.

    И те молам, како можеш да кажеш дека сме свои ако се прилагодиме?! Свои сме ако не живееме по туѓи правила, а не ако се прилагодиме на правилата дадени од жена која не ни е роднина. А најчесто, според форумов, ја мразите. Како тоа СВОЈА жена игра по дајрето на свекрвата? Чека леб од неа? Чека да и го избања бебето, да и зготви, да и каже кое каде стои и како се спростираат алишта? СВОЈА жена сама ги одредува правилата во низиниот живот, а не некој друг. Музиката на која игра е нејзина композиција FEAT сопругот. Не некој друг.

    Жал ми е што нашето општество не го сфаќа семејството како заедница на маж и жена и деца. Кај нас е тоа фамилија, свекор, свекрва, маж, снаа, девер, јатрва, куп деца и пола маало.
    Свекорот е главата, а свекрвата мозокот на операцијата наречена - одземи му ги јајцата на синот, свекрвата прати ја во лудница, а ние сме газдите тука.

    И срамота е една модерна жена да каже сака да живее во ист стан со свекрвата за да и го носи детето во градинка.
    Во ред е да правиш што сакаш. АКо сакаш да си дојдеш во 12, твој проблем, дојди си. Јас сакам во 5, и тогаш ке си дојдам. Ке врискам за време на секс и ке имам секс во секое делче од куќава, оти јас сакам. Ти ќути за време на секс и не се движи. И мувите не ги буди. Ама тоа треба да е твоја желба, не под притисок на свекрвата која станала во 5 да мие садови и ти не можеш да имаш секс.

    И понекогаш, ако ти даде свекрвата, пробај од 5 до 7 да имаш секс и да отидеш на работа. Ке видиш колку е поубав денот така. Уште поубав кога ке имаш репете после работа, на каучот од 8 до 10 пред заспивање. Ама ако свекрвата ти е дома, епа тогаш тешко сексот. И тешко дека ке бидеш задоволна и задоволена за да имаш убав ден.

    Америка ти е во главата, не е далеку. ;)
     
    На crazylady, Glasna, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    ^ Признавам дека држи вода и твоето, но ете не сме сите исти.... Јас и дечко ми сме различен тип на луѓе. А далеку од тоа дека имам за пример само патријархални семејства, и самата не сум израсната во такво, веројатно се работи за начин на размислување. А што не сум видела пример сличен на твојот опис, исто така не сум крива. И не реков дека ќе живеам со свекрва, не е ни планот така, но не знаеш каде ќе те одведе животот и знам дека би се прилагодила. Може се изразив погрешно дека прилагодувањето е знак на самостојност, но знак на зрелост е дефинитивно. Брат ми има 30 години и не живее самостојно, дел условите, дел е самиот крив, еве во моментов правиме чекори да се реши тоа. Женет не е, но сепак е маж од 30 години и време е да се осамостои. Имаме можност и ќе го направиме тоа, да немаме што е тоа е. И баш ми е мило што имаш ти можност да живееш како што си замислила. Не е сарказам (да не ме разбереш погрешно, не сум таков тип на човек), искрено е. :)
     
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Ловли се кажува болдираното , зошто уште немажена би се стремела на просечен брак ? Грев ли е да се посака нешто повеќе?

    Не е работата , само да се "живурка" во брак .. Нормално животот ќе носи многу работи и многу жртви како обврските ќе се зголемуваат ќе има и откажувања.

    Ама уживање во празен стан со сопругот со добро вино и водење љубов каде сакаш и кога сакаш , па и да излезете до доцна и да се поднапиете ако ви е кеф дефинитивно не е амерички филм. За мене тоа е нешто нормално , може не е просечно а зошто би сакала просечно ?

    Ама моментот е ако сакаш да правиш што сакаш и да живееш без да ти се меша некој треба да се потрудиш . Таа интимност и слобода се заработува ..
    Мене искрено ми е чудно кога некој ќе рече дека преферира да живее со свекрва , па за деца ќе и помагала па ово па оно .. И после ете ја во темана , бара помош оти свекрвата не била неплатена дадилка. :D
     
    На Gea, Glasna, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    ^ Не се стремам јас кон ништо конкретно, само јас знам што ме прави среќна а што ми се успатни прашања за решавање. Што ако сум се изразила со „просечен брак“, па не мора секој збор да се болдира и цитира, само зашто на некој му паднал во очи без разлика на поентата со која е кажан. Ниту знаеш кон што се стремам, ниту што е за мене просечен брак, ниту пак сум рекла дека е грев да се посака нешто повеќе. Едноставно не сите се оптеретуваме со истите работи. Тоа е тоа. Мразам кога некој ме цитира за да збори во мое име кон што се стремам а кон што треба, патем и незнаејќи го тоа а и немајќи потреба да го знае. Не цитирам веќе никого, како во реален живот што мразам да се расправам за глупости кога не можам да најдам НЗС со некој на некоја тема, не знам зашто би се трудела па за на форум. Поздрав. :)
     
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Порано, како се женел синот, ако нема пари куќа да се направи, старите се повлекувале веднаш. Дали во некое мало собиче, нешто импровизирано ако се мора, ќе се созида ќе се направи, ама се делеле.
    Се имало почит кон бракот, кон синот и снаата, оние кои треба гордо да го носат презимето и да ја продолжат лозата. Се гледа каква е финансиската ситуација, и луѓето правеле тоа што можат.
    Оди денес ти натерај свекрва да отстапи куќа од xx квадрати и да замине во една соба или две да живее. Па нив им смета воздухот што им го дишеш не па друго. И што е најбитно истата таа куќа веројатно им е подарена ама ќе зборат како цел живот за неа работеле. И во ред, нивно право. На младите треба да им е јасно тоа, и да не се надеваат многу на сонца и виножита од заедничкиот живот. Принцеза си само во очите на сопругот, во нивните очи си натрапник, од моментот кога со куферите ќе го преминеш прагот.
    Затоа има многу млади кои тешко се решаваат за брак, сите си знаат какви родители имаат дома, а финансии за осамостојување малку потешко. Шах мат позиција. Па затоа ќе се подлажнуваме малку како не смета животот во заедница, како многу се сакаме и почитуваме, како корист имаме од чување деца и други бенефиции. Се знае како е најдобро, ама кога се нема, ќе се бои животот со бои што останале на располагање и ќе се надеваш на подобро.
    А оние кои можат да си дозволат ќирија или кредит да земат па да отплаќаат стан, ама пресметале дека така многу луксузи ќе им се скратат, не знаат од каква слобода се откажуваат. Не мора да е сексање каде и кога сакаш, не мора да е шетање гол. Многу ситници се кои во моментот можеби не ги сметаш за многу битни а ти го убиваат духот секојдневно малку по малку. И стануваш 50 годишна тетка а немаш ни 30. Се се плаќа, дали со пари или со нерви, кој што има или со што сака да плати.
     
    На crazylady, SV1911, stetoskop и 5 други им се допаѓа ова.
  14. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Тебе поентата ти беше дека ако некој сака повеќе од дефинираната рамка на просечен брак тогаш тоа се амерички глупости. :^) Не мора сеа да ни ја пакуваш во обланди. :D

    Постот ми беше општо за целиот муабет и да ми падна во очи зборот . Како да сакаше да се исмееш дека некој се занесува оти сака поразличен живот. Оти просечниот брак не бил таков |( . Бракот е каков што партнерите ќе си го направат и не треба да земаат пример од никој друг.

    Инаку ако не ти се дискутира нема да те молам. :D Уште не ми е јасна одбивноста од цитирање , побогу форум е и за тоа , ако изнесеш некој став сигурно е дека ќе има луѓе со различен и ќе се дискутира .
    Не само да си праќаме :*

    Поздрав

    Јас не морам да мислам исто со соговорникот за да има дискусија.
     
    На Gea, Glasna, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    А зошто па некој да се стутукува и да бега во една соба како што кажа Бриџет за јас да му се ширам во цела куќа. Па иако се тие мајка и татко на сопругот не значи дека цел живот работеле и граделе за јас да им дојдам да им живеам и да им ја заземам цела куќа, а нив да ги пикнам во едно собиче.
    Абе родителите цел живот вложуваат во домот и во децата и образование им плаќаат и се за што, за после пак да ги приберат дома под ист кров наместо децата да се потрудат да се осамостојат. Кога мама и тато праќаат пари за кирија ок е, ама кога ќе дојде ред за жена и деца тогаш од свој џеб тешко е да се одвои и за кирија па ајде кај мама и кај тато ќе се тупнеме они нека си се соберат во една соба доста им е. За изнајмување или купување стан зборите како за нешто недостижно и невозможно, а како бе пола Скопје е со кираџии, како како студенти не ви е тешко да плаќате кирии, а во брак ви е тешко? Па неможе цел живот од родителите да се зависи, тие си го направиле своето ве одгледале, ве образовале сега сами најдете си работа и стекнете си свој дом, со заеднички сили не е толку тешко. ;)
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^
    Кажав порано било така ама многумина мислат дека сеуште е така. Дека ќе се омажам, ќе поседеме малку во заедница ама сигурно неговите имаат некаков план, ќе се делиме некако, ние младите сме сега на ред. Не бе мило, ни во собата што ќе ти ја дадат нема да се чувствуваш како газдарица не пак во цела куќа. И од дома така многу ги учат, така знаат постарите така мислат дека уште е. Затоа велам заедница да е краен избор и тоа да се всади во глава дека е привремен, за да се мотивираш што побрзо на свое да си дојдеш, макар и под ќирија.
     
    На Mama25, Cka, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    ^ Секако дека сакам да дискутирам, затоа и ја реплицирав Cka. Но кога двете страни ќе си го кажеме мислењето и јасно е дека е различно, кога ќе осетам потреба дека ако продолжам да дискутирам само може да избие кавга без причина, чувствувам потреба да се повлечам. Затоа што не сакам кавги со некого само заради што не размислуваме исто, сметам дека тоа не е достојна причина за кавга. Сите сме различни. И со другарките сме си навикнати така, ако земеме да се убедуваме со аргументи која зашто мисли и зашто е така подобро, само ќе се напнеме без потреба и пак секоја од нас ќе си го мисли тоа што си го мислела и претходно, што е природно. :D Додека нејзиното размислување не менува ништо во нашето дружење, не се обидувам да ѝ го наметнам моето. Но и да се искажам знам дека нема да се испокараме, додека на форумов може и тоа да се случи. :tmi: Ете затоа се повлекувам, не дека се правам нешто дигната, ако изгледаше така. :D Само избегнувам непотребни расправии.
     
  18. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Многу реален пост.
    Кога живееш во заедница, не секогаш можеш да си дремнеш преку ден. Не секогаш можеш да си поканиш гости и да ти останат до 2 по полнок и да се изнамуабетите. Не секогаш можеш да се опуштиш час ипол во бања и некоја миризлива свека по дома да си запалиш или да пуштиш погласна музика додека чистиш За интимата е веке кажано.
    Точно е дека многу ситници кои ти го разубавуваат секојдневието, во заедница нема да можеш да ги имаш.

    Пред некое време свеки моја најде миризливи свеки, кога преместував некои ствари и ми вика “оо што убаво мирисаат може да ги запилиме некогаш кога ке дојдат гости“ е како да и кажам дека тие ми се за интимни моменти? Сум кажувала колку е фина и добра и срценце, ама во нејзино време ги немало тие работи и не сфати зошто се тие тука, па и ги дадов за гости.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Mама и тате плаќаат тогаш, да видиш ама лесна математика се прави со туѓи пари... А од твои кога треба да дадеш, одма рачето назад ти се враќа. :D ;)

    Паразитно живеење бе, паразитно. Во глобала проблемот е што ги мрзи да го дигнат газот од креветот оти завршиле некој факултет и чекаат некој да им најде работа, па после се разочарани дека нема... Епа ако сакаш паричиња ќе работиш било што, ќе рмбаш како коњ додека не дојдат твоите пет минути. Демек сакам да чистам гомна, нејќам, ама тие гомна некој ден ќе ми стојат во ЦВ и сигура сум дека ќе ми се најдат во животот. Тоа е тој момент, па ја се запрепастив пред некое време, мажи од 28 и кусур години немаат ден работно искуство, не знаат како да си ја вклучат машината за перење, што правиш бре во животот, стварно не ми се јасни, што прават?! Ќе лежам ден, два, три, месец, година, ама 8 години ли лежиш?

    Јасно ми е мене колку е саатот кај нас, ама мислам дека повеќето се спремни да почнат да работат на некои 20 години, чисто колку да го имаат осетот и дисцплината за на работа. Одат на работа, нозите назад им се враќаат, проѕеваат, ги мрзи да работат, гледаат да ескивираат... Да се шмугнат во средно, на факултет, на работа, некоја женичка, некое количе, некое собиче, епа шмугајте се и цел живот. |(

    И после очекуваме да имаме супер брак и супер врска и супер живот со некој таков, па многу нормално дека нема. Ако чека парите да му паднат од небо, сигурно ќе чека и се друго да паѓа така од небо. Е, па поарно сама ќе живеам со 20 мачки отколку со некој таков паразит.
     
    На crazylady, Miss.M5, Dvolicen и 18 други им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Има многу такви кои мајка ми ги вика “возрасни деца“. Над 30 год и немаат абер од осамостојување. Цело време изговор им е дека нема работа. Ај да немаш работа година, две , три, ама па до 35 години да нема некој никакво работно искуство, значи до него е.