Или ке порасне или ке се зае.. со оглед на тоа дека надвор имаме ѕверови со 4 глави кои едвај чекаат да те искористат на било кој начин.
Па не буквално да го шутнеш на 18, ама да го научиш на ред, да стекне работни навики. Не може да има девојка 35 години, да не работи ништо и мама и тате да ја праќаат на одмор со нивни пари. Па од што се уморила ако не работи? Јас цела година турбо работам и си приуштувам скромен одмор, едноставно така сум навикната да не живеат од денеска за утре. Или машко не работи ништо, зема уште пари од пензиите на мама и тате и денеска во 5 кафичи ќе пие кафе. Тоа е веќе незрелост.
Не е незрелост, тоа е лежи лебу да те јадам. Кога би работел и би изздржувал фамилија, ќе го прашам дали секој ден ќе пие кафе-мафе. Кога сам си ја заработуваш парата некако тешко се дава онака без врска. За жал на денешницава ги има многу лигуши, ама такви ги направиле мама и тато (дебили). Нормален човек ќе тежнее кон нешто повеќе и секогаш ќе трча за да биде свој човек. Пак ќе речам ретки се оние кои од добростоечко семејство, цврсто стојат на свои нозе. Не важи ова само за мажите туку и за жените.
А што лошо реков јас? Кој е најсигурен начин да созрее, ги стекне работните навики и да не чека од мама и тате за кафе на 35? Од кога по закон си возрасен, секоја година измината е поблиску до 35... и кога родителите не сакаат да си признаат дека децата им пораснале, од страв дека ќе се изженат и измажат веројатно, нека поспие милото сине на мама = каприциозни принцови и принцези.
Не ми се допаѓа што се во животот е поврзано со пари.Парите се релативна категорија и колку повеќе ги имаш повеќе ти требаат.Човек не стапува во брак зашто има или нема пари,туку зашто ја нашол својата половина.И ако сите гледаат да се склопат сите коцкички никогаш нема да стапат во брак и да основат семејство.Децата се добиваат од љубов и растат со љубов а не со маркирани работи како што денес се практикува. Луѓето кои гледаат и пресметуваат колку ќе чини жената,бебето,пелените,лековите ќе си останат сами и ќе си водат љубов со дигитронот. Она што за мене е една основа за стапување во брак е да имаат завршено училиште,барем едниот да работи и да имаат одлучено каде ќе живеат (дали тоа ќе биде под кирија,во некој од домовите на сопружниците или соживот со старите како одскочна даска за некое свое катче) и многу љубов и почитување.Животот понатаму сам ќе си ги намести коцките. А да,секогаш треба да се има цел и да се стреми кон нешто.Летаргичен живот не носи никому добро.
Мое мислење е кој чека ќе дочека, НО по мене важно е да бидеш реален кон тоа што го очекуваш, и да работиш на тоа. Неможеш да чекаш ферари ако платата тие 20 000 денари. Или да чекаш да направиш свој куќа, а на 35 години немаш работа. И се разбира да го имаш вистинскиот партнер до тебе и НАЈВАЖНО ОД СЕ, да ги сакате истите работи и да се поклопувате со планови. Ќе кажам за себе. Јас си го имав човекот до себе уште од времето на студии, тој е, знаев тогаш, знам сега. Нашето чекање беше, да се се завршат факултетите, да се вработиме, да средиме живеалиште (неколку опции беа во игра). Чекавме, ама чекање не ми е соодветен збор, ќе речам постојано работевме на случајот. Вложувавме во нас, трчавме по разно разни вработувања, штедевме, планиравме. Добро да не ме сфатите скроз погрешно, имаме круг на пријатели, шеткавме, се забавувавме, градевме врска, одевме на по некое патување. Значи муабетов чекање на се мене не ми е соодветен, туку работење да се постигне се (тоа се за секој е различно). Јас моето се, го чекав и го дочекав. Сега сум верена за човекот што си го сакам, си имаме само наш дом, двајцата работиме, само здравје, па и другите планови ќе си ги оствариме.
И јас ке се вклучам во тимот- чекачи И ние чекавме, али не чекање у стил-еве ништо не правиме, си чекаме, туку цело време работа на случајот. Ја знаев дека дечкото е Тhe one многу брзо (да не речам сега одма), али после првата година,да. Ја имав 21 он 24 кога почнавме. Знаевме дека сакаме живот во кој:ке имаме работа, свој сопствен дом, автомобил.... Сега имам 28. Во мегувреме-завршивме факултет, работиме двајцата, купивме кола пред две години со наши заеднички заштедени пари, и во фаза на привршување сме на нашиот дом. И сме тазе верени Од оваа гледна точка, ја ништо не би менувала. Сметам дека ова нашево е зрело однесување. И само уште би ве охрабрила вас кои ја отварате оваа тема (значи ве интересираат искуства),само сложно , се ке биде. Да, треба време, али верувајте вреди. Само треба да знаете што точно сакате, и кон тоа да се стремите Ке има и оние кои ке ве сопнуваат и ке ве обесхрабруваат - ама ignore Ах само кога ке ми текне на рекација од околината-купивте кола заедно !?! А не сте венчани !?! А, ако раскинете?
Не е во контекст на темава ама ќе ти одговорам. Разгледај го малце пазарот на труд и види што е најплатено и што се бара. Сепак без разлика на тоа треба да те влече нешто за можеш да го учиш, треба да се гледаш себе си во тоа, затоа што се друго би било џабе. Што дека на хемиско процесно инженерство има двајца студенти кои сега работат за повеќе од 1000 евра плата, ако ти незнаеш што е тоа и што треба да работиш со тоа во иднина се би било џабе. Нема да имаш волја ни да го завршиш факултетот. Затоа пред такви битни одлуки разгледај и прочитај, што се бара, каде можеш да се стекнеш со тоа знаење што се бара, што треба да учиш, дали ти иде тоа што треба да го учиш и дали ти се гледаш како таков инженер во иднина, ако ти се глеаш ко правник, а сепак како по перспективен се ушишеш на другиов се ќе ти падне во вода, со сила ќе се мачиш да станеш нешто што не си. Ама пак ќе ти кажам има избор, само треба да разгледаш и да одлучиш, можеби сега си мислиш дека нема да те бива за тоа или дека не е тоа за тебе само затоа што така комплицирано звучи. Одкако ќе прочиташ можеби ќе се пронајдеш во нешто друго. ТМФ е целиот перспективен според мене, за нив секогаш ќе има работа, прехрамбени техлонози секогаш требаат, хемиски инженери, инженери на животна средина... рударски инженери немаше ич па го укинаа го има само во Пехчево ама погоди што, пак нема никој. А тоа е голема шанса за некого, да се упишеш на некој факултет или смер кај што нема живо пиле запишано ти е најголема шанса за работа, само треба да го сакаш тоа.
Кога брак? - Кога ќе завршам факултет, кога ќе се вработам, кога ќе си купам стан, кога ќе си купам кола... Или едноставно кога ќе имам пари, средено стамбено и финансиско прашање. Се друго ми е еднакво на преживување, а не живеење и самоубиство од самиот факт што води кон постресен живот. Сепак пред некој ден се омажи една моја познаничка и врсничка во странство. Кога и кажав на мајка ми прва реакција и беше „Ауу за греота,толку млада...?!“ и искрено одвај се водржав да вратам со „Ништо чудно неа да и е поубо и да е посреќна што се омажила таму на 21 година, отколку мене тука околу 30 што би се омажила. “
секој си има свое мислење и не осудувам никој ама не можам да сватам како тоа велите стан кола ова она.... ами за да купиш стан со нашава ПОДпросечна плата треба да работиш едно 40 години и да не трошиш ни денарче од нив. ако се печалеше така лесно за стан куќа или било шо убо ќе беше. не е се во парите барем за мене. јас си имам едно мало цувче кое ме смеј секој ден и кога ќе го видам насмеано ми ја храни душата
И да нема чоек куќа, стан, кола, сепак треба да имаш пари за да стапиш во брак. И в црква и во матично се плаќа. Најблиските сигурно ќе сакаш да ги почастиш и за тоа требаат пари. За да имаш дете требаат пари, мислам за да одгледаш дете требаат пари, а и пред да го родиш требаат пари за опрема и прегледи и за самиот пораѓај. Затоа стојам на истото ќе се мажам кога ќе имам пари.
Ја мислам дека имелда има право за оваа работа. И најзаштитен од зло и најчуван и најдобро воспитуван да си, пак можеш да забегаш во девијантно однесување или пак во најмала рака да не си способен да оформиш своја куќа. Фактот дека целосното осамостојување на 18 кај нас е потешко одошто некаде таму си стои ... Но, вака, или ќе пропадне ... или ако го биде, на таков начин, со свој, личен независен труд, без никакви привилегии, по заобиколен и трнлив пат, мошне тешко ќе пропадне, па дури и да банкротира подобро би се снашол и би се издигнал од оној кој за секој проблем планира да ги смара родителите до 100 години. Е таков сигурно утре нема да дозволи свекрва и снашка да се фаќаат за коси, ниту пак родителите ќе имаат сила да му се мешаат во есапот ма колку и да не им се свиѓа снашката. Со што ќе му се заканат, со нема џепарлак три месеци ? Парите толку не се битни, колку способноста да си го одржуваш новонастанатото семејство. Многу од нас почнале од многу малку и самата борба за подобро утре во рамките на бракот, истиот го зацврснала. Да влезеш во брак со сите прашања решени и на готовс, не ти е гаранција за неговата трајност и слогата во него. Напротив, има многу случаи кадешто од недостаток на важни обврски за извршување, партнерите се разгалуваат и бараат влакно во јајце и поголема е веројатноста таквите да се разведат за глупост, за разлика од оние кои реално поминале и сонце и бура заедно.
И да ми е решено буквално секое прашање моментално, јас пак не би се решила за брак. Не би се осмелила на таков чекор пред 27, 28 години. Тогаш може и тие години ќе ми бидат малку... Обично така е, си поставуваме една старосна граница па кога ќе дојдеме до неа си викаме "па ај уште малку..." Цел живот ќе бидам мајка, сопруга, жена. Тргам настрана работа, кариера, формални обврски... Кога си во брак и имаш деца, пред се' си мајка и жена па потоа се' останато. Не можеш да се правиш дека си без обврски кога дома те чекаат две мали дечиња, а сите знаеме што се' тоа носи со себе. Сметам дека не сум спремна за таков товар. Малку лошо звучи ова "товар" ама јас така го гледам тоа на мои години. Да се навратам конкретно на темава, сметам дека пред се', најпрво и најосновно за таков чекор е потребно да се има вистински човек до себе, кој те исполнува во секој поглед, кој те разбира, за кој нема да се двоумиш ни во дел од секундата, кој размислува со своја глава (најбитно нешто), а не како ќе кажат мама и тато, па потоа сметам дека главна улога играат живеалиштето и сопствените финансии. Зависно од живеалиштето и имање/немање на сопствени финансии произлегуваат сите среќни моменти или пак проблеми во бракот. Јас лично сега во моментов го имам целосно само првото (стабилна, исполнета врска, која сум сигурна дека би можела да функционира во секаков сегмент од животот), второто и третото ги имам половично. Во превод, според некои, ние можеме одма сега да се земеме со дечко ми. Некој на наше место не би чекал, како што многу мои врснички не чекаа, пола од мојот клас од средно се со деца и во брак, а можеби немале ни 10% од можностите што сега ние ги имаме. Ама нит јас сакам, нит па дечко ми сака. Ние сме сигурни во нашата врска, тоа воопшто не е спорно, имаме сериозни планови, знаеме што сакаме и се стремиме кон тоа. Знаеме дека ние сме тие и тоа е тоа вистинското, но не сакаме да се задоволиме со она што моментално го имаме. Не сакаме да биде "дај-шта даш, доволно е ова, битно јас и ти да се будиме заедно, доволно е да живуркаме, ќе платиме сметките некако и доволно е за леб и млеко да имаме во месецот, на буцки од страна ќе си замижуваме со по едно апче за смирување дневно и ќе си живееме некако, ќе туркаме." Тоа што нашите ни оставиле нешто ситно за живеење, за нас двајца не е доволно. Не сме лакоми, дури ние двајца можеби и многу помалку би створиле, всушност не можеби, туку сигурно не би створиле толку колку нашите, ама ќе знаеме дека тоа е наше и само наше живеалиште, според наш план, според наш распоред, според наши правила, кое ние двајца и само ние двајца ќе го стекнеме, макар била и една соба. Најискрено, доволна ми е и една соба со едно малечко купатило за почеток. Еден кревет да имам кај да преспијам, еден фрижидер колку храната да не ни се расипува, и еден туш колку да имам кај да се избањам. Со толку би се задоволила за почеток ако морам само да сме сами и самостојни, а не на секое излегување од дома да давам извештај каде одам, со кого, зошто... Една соба, ама знам дека е моја соба, имам црно на бело, да можам да влезам со крената глава, да си ја отклучам сопствената врата со мојот клуч, ако кажам масата да стои горе заштрафена на таван така и ќе стои, ако сакам сите сијалици ќе ги запалам и никој нема да оди по мене да ми превртува очи и индиректно да ми кажува дека се троши струја, ако оставам од вечерта хаос и ако сакам така да стои три дена, ќе стои, ако сум во пмс и ми се лежи цел ден, ќе лежам, а не од што би ми било незгодно да морам да правам нешто само зашто не сакам некој да ми збори и провоцира, ако сакам да јадам пржени јајца пет дена по ред, ќе јадам, а не некој одма да заклучи дека не знам да готвам итн итн итн... Раат да сум. Никој не може утре да ми рече "јас ти го дадов ова." Не е битно дали биле моите или неговите, за нас двајца се' е исто. И не гледам розево на работите, знам дека е тоа премногу тешко, ќе се намачиме можеби многу ама затоа велам дека ќе се мажам после 27 години, а не сега. Се надеваме дека до тогаш ќе ги оствариме колку - толку плановите. И дејствуваме, полека, со минимални чекорчиња, но сигурно. Искрено, не сакам да се ставам во ситуации индиректно да бидам вовлечена во некои прашања кои не треба да ме засегаат па да бидам приморана да мерам, премерувам, кој, кому, колку му дал, па ние имаме толку, на некој дале повеќе, па свекрвата да ми стане преокупација, па да си даваат за право да ни речат дека тие ни дале (пак ќе кажам, не е битно дали се моите или неговите во прашање). Јас да имам свое, па друго ништо не ме интересира, не барам ни еден квадрат од никого после. Ни од мои, ни од негови. "Утре" ако сака некој да ми остави една соба два на два, во ред, негова желба, негово право, ок, ќе бидам благодарна и ќе прифатам. Ама тоа е подарок за некогаш. Не сакам баш таа соба мене денеска да ми биде преокупација и да зависам од нечија добра волја, да чекам да ми ја препише или да ми ја отстапи па за да можам јас да живеам и да остварам семејство. Прво сопствено живеалиште па после може да се отвори прашањето за брак. Не дека не може сето тоа да се оствари и во брак, може, секако дека може, ама зошто да не одбегнам караници, проблеми, тешки финансиски кризи, скратување од многу работи кога реално може се' тоа да се прескокне? Зошто одма после матично да не си отидам во моја куќа? Зошто на прва брачна ноќ веднаш не си легнам на мој кревет, на моја постелнина, а не на креветот што мајка ми ми го купила, а чаршафите и перниците од свекрва ми? Можам се' тоа да си го остварам, па после да влезам во брак. Дури и да не успеам 100%, вреди да се проба нели? Работата сметам дека е многу релативна. Денеска може да имаш најдобра работа, да си на не знам каква функција, а утре да си ништо. Затоа велам дека до мене сакам да имам пред се' човек со разбирање, свое Јас, карактер, кој е вреден и кој не се срами да работи било што доколку тоа би го прехранило неговото семејство. А не да лежи дома и да му биде испод част да работи било што само зашто фраерот има факултет, а јас да се мачам со мала плата и одвај да плаќаме сметки. Сум го видела и ова, за жал, не зборам од памет.
Мерида ако ме прочита претходо јас се изјаснив, мораш да бидеш РЕАЛЕН во она што го планираш. Значи да имаш планови, а не пусти мечти. Што би се рекло ако платата ти е подпросечна , ко што велиш ти, нема да имаш план правење на куќа или купување на стан. Ако прво вработување ти е на 30 години пак не можеш да очекуваш да направиш куќа на 35. А за лесно ич не е лесно, тука си во право. Значи јас не сум човек кој има 18 години па си прави планови за во иднина. Ти кажувам како личност која скоро го помина патот. Е сега дека ми требаа 40 години не. Ние бевме двајца и ни требаа 10 години да заштедиме за 70 посто од станот, и уште наредните 8 години за станбениот кредит. Пак се враќаме на тоа вистинскиот човек да е до тебе. И имаше многу одрекувања за да се заштеди, ама јас пак би исто. По природа сум многу скромен човек, така да учена сум и со малку пари да живеам. И сега живеам скромно (готвам и перам само на ефтина струја, се возам со градски превоз, кола немаме, носам маички од 200 денари, чевли од 300 ), ама сум многу среќна и смирена. И се разбира дека не е се во парите, тоа цувче што го имаш те прави многу богата жена, се надевам и нас господ ќе не израдува бар со едно.
јас не те осудувам за мислењето немој да ме сватиш погрешно само сакав да кажам дека не можиш се да имаш па да се решиш за брак а и има многу примери а знам барем 2 такви каде имаа се значи до лајче во стан па да видиш каков живот водат нема да им завидиш ама за ништо. ние седиме под кирија моментално со една плата а тие што ги имавме заштедено и испланирано се потрошија за други работи тешко е со една плата ама се поминува како што кажа со штедење и ако си водиш математика. готвам на плин перам на ефтина не трошам пари за глупости, си дозволуваме и излегување 2-3 пати месечно и сето тоа со слога и разбирање најбитното во брак или врска сеедно. а Бог на сите нека даде по едно цувче и повеќе