На мојот 20-ти роденден мм ме побара за жена. Никакви планови, никакви разговори. По само 6 месеци врска заклучил дека ме сака толку многу, што едноставо си купил прстен. Ниту јас ниту било кој не знаеше за тоа. Едноставно се случи. Јас, ни пет ни шест,(млада улава) реков да. Неговите си беа онака среќни а моите само рамена креваа. Имаш уште од факултетот, каде ќе живеете, како ќе биде, работа... После една година се регистриравме и потоа си добивме синче. Катастрофа... Без пари... Јас млада, не спремна мајка. Почетокот од бракот го поминавме во кавги. Па Боже мили, јас не го ни познавав. Што се 6 месеци, за да запознаеш една личност и да стапиш во брак. Сега после добри 6 години брак, јас, овај живот не би го заменила за ништо на светот. Колку и да планирав, никогаш немаше да го испланирам животот, толку добро, како судбината. Се ми се среди. И се уште се средува. Па, нели цел живот се менуваме. И факултетот го завршив. Моментално, си се гордеам на мајчинството и на начинот на кој функционирам како родител. Во ни еден момент не жалам што стапив во брак на 20 години и тоа со некој кој воопшто не го познавам. Ако сега размислам подобро си велам - каде ми беше паметот? Не бев бремена, ниту пак имав некоја посебна причина за брак. Ама изгледа во мојот случај, судбината, ептен замешала прсти Сега веќе фураме подобро од тие кои планирале како и што понатака. И пак да се родам, пак ќе постапам исто. До 30 двете деца ќе ми бидат доволно големи за да ги оставам без мислење и да терам живот со сопругот. Истиот онај живот кој го скративме, јас на 20 а тој на 25
Искрено им се воодушевувам на личности како Ирена.1, кои го сфатиле животот онака како што треба, дека без одрекување и жртви ништо не се постигнува, жртвување дел од младоста за да животот со партнерот од почетокот е независен од надворешни влијанија (негови, твои ). Не е исто ако го почнуваш животот со парнерот во стан/куќа со уште 2-3 семејства, кога мајка му, сестра му или некој од твоите ти кажува кога и што да работиш, готвиш и како да готвиш, до колку спиеш, кога да се бањаш или утре ако/ кога дојдат децата да ти кажува дека од 6 месеци таа давала манџа на синот па ете го жив и здрав а не ти сега ќе се правиш паметна и здраво ќе го храниш бебето. Такви работи секојдневно ги читаме тука на форумот од тие што се во заедница, немаш никаква приватност, се мора да се знае итн а кога почнуваш самостален, независен од никој живот со партнерот имаат многу помалку шанси да се мешаат твоите или неговите во секој аспект од заедничкиот живот ако ништо друго треба да се јават на телефон да прашаат дали сте или не сте дома, немаат кључ па да си влегуваат кога сакаат како кога си во нивни дом. Лично мене ми е многу глуп аргументот, ти бркај си независност ама јас важно имам дете иако живеам во стан со две соби со свекор, свекрва, золва, девер, битно сум мајка. А уште поглупа работа ми е кога некој ќе ми каже мене дека се брзам со деца заради тоа што сум чекала до 30-тите да почнам со семејство затоа што сум чекала на се па да дојде до брак, демек биолошкиот часовник чука како темпирана бомба. Да бев во 20-тите секако немаше да раѓам деца едно по друго ама не од аспект на биолошкиот часовник туку од финански аспект, тогаш немаше да можам да си седам дома со децата, ќе сум морала да се враќам на работа, со една плата не се постигнува и кредити и секојдневни трошоци. Сега со отплатен кредит за куќата се живее одлично со една плата и затоа си седам дома сега со децата и кое како се зафати така си ги раѓам, не се планирани и немаат врска со биолошкиот часовник. Без обзир на полот на малово сеуште не сме 100% сигурни со сопругот дека тука сме завршиле со проширување на семејството, љубов и финансии секако имаме уште да видиме како ќе се снајдеме во улогата на родители на 3 деца, ако и новово биде како братчињата нема ни да биде чудно догодина повторно да го прошириме семејството. Тоа што не сме зависни од било кој ни ја дава слободата да си одлучуваме за сопствениот живот, да си го живееме онака како на нас ни одговара, да си ги гледаме децата онака како ние сакаме без надворешни сугестии и суфлирања. За ваква слобода вреди да се жртвува дел од младоста.
Искрено, скоро сите сте во право. Навистина се потребни финансии и многу повеќе отколку што мислиме, ама во никој случај не се репер за успешен брак, но успешен во духовна смисла. Најважниот сегмент е разбирањето, љубовта на личностите, бидејќи без тоа и се најубаво да имаш и најлуксузен живот да живееш, се’ е џабе. Ќе имаш финансии, ама ќе не можеш да спиеш мирно или пак еден од партнерите ќе замине на друга страна бараќи нешто поубаво што го нема до себе. А да бидеме реални, не да нема, туку тој луксуз го прави своето. Бидејќи тука лежи една голема психологија на човекот. Има се’ и прекрасен човек до себе и има скоро се’ материјално од кое не е зависен за ништо, ама се нешто му недостига. Бара нешто, а не е свесен дека духовното е најважно, па затоа цел живот му се претвора во пекол и неговиот и истото им го прави на другите (не генерализирам, секоја чест на исклучоците кои искрено на денешницава се многу во мал број). Слично на животот на анина и јас се омажив на иста возраст, на 20 години. Бевме заедно неполни три години во врска и се одлучивме на тој чекор. Ни бремена ни ништо. И нашиот живот не беше идеален, во поглед на финансиската состојба и во поглед на станбеното прашање. До пред извесен период од една година живеевме со родителите на сопругот, се’ на купче. Толку ни беа условите и затоа така и беше скоро 8 години. Кога стапивме во брак, сопругот земаше скормна плата, за некои смешни, за некои не, ама буквално скромни 6000 денари. Свекор ми без работа, свекрва ми скоро исто, бидејќи одеше на едно работно место, само колку да си обезбеди лекови. Куќата ни беше буквално руинирана. Воопшто не допрена од пред 60-70 години со испукани ѕидови, со наталожен вар скоро една педа и тоа во различни бои, како порано што молерисувале, сино, жолто, зелено.... Накратко, тоа беше нашиот дом во кој јас влегов како нова невеста. Слава на Бог, Бог ми даде прекрасен човек до мене, буквално мојата најголема половина од душата. Од старт за се’ имавме разбирање и согласност по секое прашање. Така и сега ни одминуваат годините, иако поминаа скоро 9 години од бракот. Сме немале признавам, ама со штедење сме достигнале колку толку до некаде. И навистина можеби некој и би се смеел на нашиот живот што за се штедевме, ама ако не беше тоа немаше да дојдеме до ова што имаме денес. Од старт откако се запознавме со сопругот и откако сфативме дека сме еден за друг и кога започнавме да ја планираме нашата заедничка иднина, ние се одрековме од многу нешта. Навистина не се сеќавам кога последен пат сме биле излезени на вечера. Можеби кога ме запросуваше, што знам. И до ден денес за се водам евиденција во однос на потрошувачка во домот. Од работа на ефтина тарифа на струјата или пак на плин, со често станување и многу рано па во 4 часотнаутро за да 7 часот додека заврши ефтината струја да направам доручек или ручек во рерна, па исто и за машината... за се’. Облеката скромна, како што кажа и некоја феминка погоре од 200- 300 денари не знам дали сум купила поскапа облека, слично и за обувките. Но кога ќе размислам за сопругот, за него срце ми се распарува од болка. Тој кутриот од што сака на сите да им погоди за него не гледа воопшто. Ќе го даде и последниот денар ако треба за мене, ама не и за него. И денес јас сум таа која му купува гардероба и искрено за него не жалам ни колку давам, бидејќи заслужува. Малку интинмо, но кутриот откако сме во брак не купил ни пантолони, ни тренерки, ни блуза, па ги носи оние што му ги подарија за свадбата. Пантолони носи само сошиени и тоа што сум му ги направила пред не знам ни колку години и тоа од најефтини материјали од по 150 денари. Но и покрај се’ што сме поминале во скромност, јас се радувам и воопшто не жалам за она што го направив и што стапив во брак и млада и без воопшто да чекаме сите коцки да ни се наредат во животот. Не велам дека беше се’ идеално и навистина жртвувавме многу од нашиот живот, односно времето кога „би’’требало да шетаме и да не мислиме на ништо, но ние добивме многу повеќе. Таа наша состојба кога сме немале во животот не доближи уште повеќе и ни ја зацврсти љубовта. Денес, слава на Бог стекнавме можеби не се’, но делумно за живот. Ја преуредивме скоро целата куќа ( од дневна, нова кујна, спална... сега па и детска соба), но и многу нешта се склопија толку идеално што ние и цел живот да ги планиравме, навистина немаше да ги испланираме и да ги добиеме. Сопругот доби подобро и полатено работно место, свекор ми исто се вработи, можеби ние со свекрва си седиме дома, ама тоа е. Немаме луксузна кола (просечна од можеби севкурно 500евра), немаме куќа на 3 спратови, туку куќа од 3 соби, но имаме изградено луксузна и на 3 спратови љубов, разбирање и бесконечна близина. И кога скоро средивме се’, Бог ни го даде најубавиот дар што го очекувавме со години, нашиот ангел. Не жалам за својата младост, благодарам за се’ . Па и сега со овој ум да би се вратила на тоа време, истото би го сторила. Малку долг е овој пост на нашиот живот, малку макотрпен и трнлив, но му благодариме на Бог за се. Свесни сме дека зад нас има и некој кој го нема се ова што ние го имаме, па затоа и не бараме повеќе од тоа. Доволно е, само да сме здрави и живи, па ќе даде Бог. Сакав само едно да потенцирам, дека ако се има љубов, ќе се стекне се’ во животот. Не се пресуден фактор финансиите, бидејќи има нешто многу повредно од нив. Навистина не се живее и без нив, но не и секогаш ќе остане тоа така да биде. И затоа како не толку, но со мало искуство со овој брачен стаж би рекла, дека ако навистина ја имате вистинската половина до себе, се’ ќе стекнете во животот .
Многу е поубаво кога во бракот во финансиски сопружниците се поопуштени. Инаку живот... ќе бидеш и горе и долу. Една моја познаничка за еден пар еднаш рече „Јас реално гледам на работите, а реалната ситуација вели дека нив нема да ги биде.“ Сега ја избегнува таа тема на муабет, погодете зошто? Затоа што истата таа реална состојба ја демантираше. Реалната прогноза за успешност на еден брак не доаѓа од ситуацијата предизвикана од минати акции, туку од сегашната активност и нејзината насоченост од страна на сопружниците. И секако милоста на Севишниот, за оние коишто веруваат. Значи зборувам за брак во кој нема веднаш планирање на потомство. Со деца е друго. Тука веќе треба и да се планира и да се издвојува. Зборувам за двајца возрасни луѓе коишто решиле остатокот од животот да го поминат заедно и чијашто првична цел не била создавање на потомство. Што се однесува до зависноста од свекорот и свекрвата и силата којашто ја добиваат. Силата повеќе ја добиваат од ставот на младите кон ситуацијата, кон нивниот стремеж за нивна промена отколку ли од моменталната состојба со работен однос и/или финансии. Никогаш не дозволувајте некој да помисли дека вие сте му единственото чаре, покрив над глава и леб. Тогаш и како невработена и како вработена ќе ве почитуваат.
Плановите за планови, реалноста за реалност. Мене горе-долу ми излезе по планот и мислам дека од оваа гледна точка не би сменила многу. Се омажив на 25, што испадна точно според планот (знаете, оние „гледања“ на ливче со другарките како мали на колку години ќе се омажиш - ама сум била прецизна! ) Во врска бевме 5 години, ма да јас сепак сметам дека времето во врска не игра огромна улога колку живеењето заедно и колку тоа да се погодиш еден со друг во таа живеачка. Од тие 5 години, само после првите 3 месеци заедно почнавме да живееме заедно и теравме така до скоро една година пред да стапиме во брак (преселби од кај што живеевме заедно во градот од каде што и двајцата потекнуваме). И еве не сега, живееме на посебен спрат во куќа што неговите ја изградиле, само мм има работа, јас не. Во овие 5 години заедно, единствена пречка кон бракот ни беа (како и на 90% од луѓето во Македонија) финансиите. Ни јас ни тој не сакавме да зависиме од моите или од неговите, ма да еве и сега, сепак делумно зависиме. И едните и другите не снабдуваат со некои работи повремено, плаќаат сметки и слично. Е тоа е нешто што не го сакам. Живеењето во иста куќа не ми смета, пошто сме одделени, ама уствари се правиме одделени, пошто сепак не си ги плаќаме сметките а сакаме да живееме одделен живот од неговите. Според мене, не е во ред. Затоа што не ми е згодно некогаш да уклучувам еве на пример периодов греење, оти да е од свој џеб, друго е, ќе си речиш ајде ок. Ама кога друг плаќа, не ми е ич во ред и се стегам за некои работи. Тука да ја поврзам и темата за живеење во посебна куќа - секако дека да. Оти колку и да си одделно, сепак си во иста градба. Ма да имало и врата која го одделува како спрат и посебни скали и сето тоа, сепак си заедно на некој начин. Не можам да се пожалам, ептен имаме приватност, затоа што свекрва ми и свекор ми не се воопшто напорни во тој поглед, напротив, баш се ок и си тераат на нивниот спрат и доаѓаат горе буквално само со најава. Можда звучи како да пребарувам, ама верувајте не е така. Ако имаш нешто свое можиш на пример да го преправиш дворот, да исфрлиш некои работи и слично. Вака не е твое и делуваш во границите на возможното. Ми смета исто и што немам апсолутно свои финансии, т.е сопствени приходи. Иако условот пред брак беше да се вработи барем едниот од нас, сепак од сегашна гледна точка би сакала да бев во можност да ја променам таа точка. Оти иако јас имам целосна слобода над финансиите што мм ги заработува и иако ни се комплетно заеднички, сепак во одредени моменти некако знам да се почувствувам без врска.. на пример, кога порано работев, ќе ми текнеше ќе шетам по продавници и така ќе си купам нешто безврска. Сега ми е глупо. И уште поглупо, ко ќе му дојди него родеден, треба пари за поклон да побарам од дома или од него, нели е преглупо? Се на се, тоа е тоа. Тие се работите, па сега, кој како сака. Се знае како е најдобро - своја куќа, сопствена работа секој и брак со личноста што ја обожавате. Но нека е последново погодено и барем да се има основни средства за преживување (оти во земјава јас мислам дека живеење нема со една плата, само преживување), па ќе се тера некако. И никако, ама никако не се согласувајте да живеете во заедница, затоа што јас сметам дека изворот на сите кавги лежи баш тука. Подобро почекајте, ако не бива пак, одете под кирија, оти макар и 10 квадрати приватност некогаш повеќе значат од 200 квадрати поделени на многумина.
Значи не може никогаш да средиш се. Средуваш едно, веднаш потоа се појавува нешто друго, тоа го средувас па трето. Како поминува времето но и во зависност од финансиската способност желбите и барањата се е поголеми. Не велам дека треба да се земеш и да живееш од љубов, од љубов брате мили сметки не се плаќаат, со љубов стомак не се храни, со љубов еца се гледаат ама без пари НЕ. Мое мислење е дека е подобро малку да се одживее, не дека ги осудувам оние кои се омажиле/ожениле на 20, него подобро е бар до кај минимум 25 да не си во брак, ќе проживееш сама, па во врска, па со дечко заедно, па не одело па барај нова душа за тебе.... Не е се во факултетот, денес кој не завршил факултет секој има факултетска диплома, но после дипломата е нешто друго, работа, па не работиме се, па бираме, што до некаде е и нормално, но нема теорија сите баш сите коцки да се склопат, можеби ќе натокмиш и стан и куѓа и кола, и факултет иработа и пари и ќе се одлучиш на чекорот брак, веќе годинките подзаминале па деца не дај Боже може да се чекаат со години, затоа до кај некоја средина и доста е. Потребно е многу за еден брак да функционира нормално, потребни се сие оние материјални добра кои се неопходни за живот, станбено прашање, работа, кола и ред др работи,но што и да имаш ако се најде некој црв да гриза да немаш мир, спокој, разбирање, доверба, ништо нема од среќен брак. Мое мислење е дека од многу чекање фајде нема, ќе се најде нешто да те копка, но треба секој човек да знае кога и каде треба да застане и да помисли дека времето одлетало, еден куп луѓе познавам кои малку подоцна се одлучиле за брак од Х причини и сите го направиле истиот муабет, не чекај толку долго порано е подобро е сега тука се јавува прашањето зошто тие чекале, но тоа е друга работа, како рекле старите не прашувај гаталец туку паталец. Ајт со здравје.
Мило ми е што конечно читам нормални коментари од разбрани луѓе, а не како минатата година феминки без желба за живот. Поздрав до сите вас, ако се сложувате со саканиот се се посигнува. Сакајте се и се ќе си дојде на место.
Конечно најдов каде точно да барам мислење за тоа што ми треба..сега да ви раскажам малку од мојот живот и моето мислење и моето мало проблемче па да видам што вое мислите и кд ме поучите На 21 овој месец со дечкоми направивме 10 години во врска..јас моментално сум невработена само тој е..мегусдбно со нашите стоиме мислам дека поубаво и не можит..Да..Не е само летај направи дете или без размислување земи се а ништо не средебо така д навистина ..Бракот е озбилен потег..Ама од друга страна времето си поминват а ние како во место да седиме..секако сме цел дензаедно..еве не велам свадба ама би мођело едноставно само да се озваничит врската и мислам дека не барам многу..никогаш до сега нити моите нито неговите родители не се замешале за ништо..не рекоја ни тие ништо лошо само сакаат да означиме ако не нешто друго..е сега до пред два месеци правевме секакви миабети како ке живееме ладе итн..од кога стана озбилна работава дечкоми се лјути..не дека не сака ..сакал ..кога пред некој ке речам не се мажам сега ко ке појдам таму шо ке праам страмота е викат на мене е како ако не најш работа до налето уште ке се влечине..а коа прам муабет за само мала веридба кутит.. што мислите вие?
Ајде јас да пробам да ти дадам мислење. Дали одите 1 год. или 10 не е важно. Ако сте си решиле ВИЕ, ТИ И ДЕЧКО ТИ, дека е време супер, земајте се, ама ВИЕ мислите дека треба да се почека уште некоја година да си почекате. Немој да потпаѓаш под влијанија на твоите, на неговите, на средината, на времето што одминува. Па ќе се лути он нормално и јас би се лутела кога некој друг сака да ми го крои животот. Ти зборувам од лично искуство и ние бевме повеќе од 10 год. во врска, и сите околу нас веќе се земаа, и нас демек ајде време ви е бла бла. И родителите збореа не дека не. Наш и само наш избор беше кога ќе го направиме тоа. Секој пар си е посебна приказна за себе.Ние решивме да се земеме кога си исполнивме некој зацртани работи (за секој пар се различни), и сега па сите се изненадени. Така да се што се прави под стега на убедување од надвор, од родител, што ќе каже средината, под притисок на време не е спонтано и затоа се нервира дечко ти, а мислам и ти. Незнам колку години имаш, на крај краева годините ваши, и годините во врска не се пресудни. одлуката треба да биде само твоја и негова.
Имам 30 год.6 годишна врска.После првите 2 години кога нашите родители видоа дека врската е сериозна почнаа со истата приказна.Ајде што чекате,време си поминува,да ви помогниме за чување деца додека сме помлади блабла бла.Ни јас ни тој не обрнувавме внимание на тоа и мислам дека на овај чекор се одлучивме баш кога сите прекинаа да ни зборуваат за тоаЈас земам минимална плата,тој малку повеќе,значи ќе имаме колку скромно да живееме без помош од никого.Никогаш не сум мислела да се вработам па да се мажам ете така испадна.Сакав да кажам ако си сигурна на тој чекор омажисе па и работата ќе си дојде.Немој да го правите тоа поради тоа што одите 10 год.или затоа што вашите инсистираат.А за веридба,и јас несакам дечко ми сака,па кога ќе спомни коса ми се ежи,ете несакам незнам зошто,непотребен трошок и нерви ми е.Сеуште не сме одлучиле официјално дали ќе биде со веридба или не.Така да најдете заеднички јазик,да одговара за двајцата,не инсистрирај остави работите сами нека течат.
Некаде по темиве мислам дека пишував дека таквите долги врски или завршуваат среќно или трагично. Бракот не е заедница само за на хартија (со која можеш г*з да избришеш). Вие веќе сте долго време заедно (предолго). Бракови не опстануваат толку долго, па камоли врски. Околината ќе си бамбори, вака или онака. Колку што разбрав чекате (или твоите тоа ти го рекле) да се вработиш? Што ако не се вработиш набргу? Мислам дека тој сеуште не е спремен за брак, како исплашен да е од таа обврска, а не е ни свесен дека вие сте во вонбрачна заедница. Тоа е моето мислење ти сепак најдобро си знаеш за вас.
Јас најмногу мислам дека е до зборувањето..До пред два месеци сам почнуваше секакви муабети каде ке живееме кога нешто ке напрсвиме и мислам дека баш кога западнавме во потешка сотуација и дома и домаму а сите почнаа да притискаат и тој како и сите се мисли шо како ...Или да можно е и да не е спремен..Не знам..Фала во сепак
Не чекаме се', ама чекаме стабилност,макар што денес и најстабилното се ниша.Ама со глава в ѕид па ич.
Со љубов сè се може. Да се чека да, да не се избрзува, ама инаку што подразбира тоа "сè" во насловот? Ако чекате сè да се среди, останавте така цел живот. Тоа сè никогаш не се средува, и секогаш ќе постои АМА. Ако си се сакате и терате веќе години заедно, а годините ви се таман, зошто да чекате? Не знам можеби јас сум старомодна, и ќе наидам на осудувања на ова што ќе го кажам, ама за мене да имаш врска од над 10 години и да не се земаш оти не знам.... рано е, или не знаеме дали сме еден за друг, или незнам што... ми нема смисла. 10 години заедно, незнаеле дали се еден за друг Абе што немам слушано, човек така подзинат да остане на муабетите. Бракот е убаво нешто, и ако имаш свои желби и соништа, бракот нема да те успори, или спречи да ги исполниш. И факултет се завршува, и работа се наоѓа и се. Бракот во денешно време испадна една голема пречка за развој, и штом си во брак за тебе животот е завршен?! Ако имате љубов, нема никакви пречки да се исполнат своите амбиции.
Џабе ќе ви е тоа СЕ, ако немате меѓусебно почитување и љубов. Мој совет до сите девојки: Ако треба стари моми одете, но додека не го најдете оној кој за вас би отишол и на крај на свет, оној кој ќе ве гледа како зеница во окото, немој да се мажите. Но ако таквиот човек го најдете и на 15години, вреди и да сте „малечката невеста“. Она СЕ ќе го постигнете со многу љубов, разбирање и желба. А ако го имате тоа, можеби и нема да ви биде потребно другото.
edni prijateli isto taka cekaa pominaa 10 godini i ne docekaa,ona se zema so drug a on ene go od zenska na zenska
Не се пронашле и покрај толку год. Кај мене имаше девојка која беше во врска 12 год и само што направија веридба раскинаа. Таа за 3-4 месеци правеше свадба со друг и ене ја најсрекна и најсакана на свет е. Срцка.
Ne znam dali sum pisuvala na ovaa tema no ke kazam moe mislenje. So maz mi bevme vo vrska 3 meseci od koga me pobara za zena imav 18 godini koj za dve nedeli napolniv 19 . Mlada znam premnogu mlada no ama ic ne se pokaav za toj cekor , toj raboteshe jas rabotev imavme kuka na strana . Ostanav bremena me izbrkaa od rabota zavrsivme so 200 evra mesecno pa nabrzo i se porodiv pa svadba pravevme , pominaa 3 meseci i se vrabotiv pak . Jas ne sum za toa cekanje se pa brak 21 vek sme i se e normalno veke i nema nisto za cudenje . Vo brak sum 2 godini , jas 21 toj 27 godini brakot ni e odlicen ne mozam za toa da se pozalam , pred se ima ljubov i razbiranje imame trpenie za se i so dogovor resavame bilo sto nie taka funkcionirame sega za sega . Bev vo vrska dve godini predhodno vrskata bese katastrofa od pregolema ljubomora karanje ne mozev glava da krenam i toj mi vikashe uste togash ke cekame se pa svadba ke pravime , ama pukna vrskata i ete sum sega kade sto sum a toj ne moze devojka da zadrzi zatoa sto ima takov losh karakter.
Јас не сум за чекање се, ама па и за нечекање ич не сум....Јас и мм бевме во врска 8 год и 3 год. живеевме заедно и 1 сега во брак и фунционираме преубаво....Се оженивме на 30 год, со завршени факултети и солидни работни места и како така солидни плати... Сакавме прво да се средат некои работи и така и ни излезе. Живееме самостојно, финансиски независни, шетаме нон стоп, одмори, викенди, ручек во град, гардероба редовно си купуваме секој месец, и така си сакавме така си направивме. Во овие 9 год колку сме заедно никогаш не сме имале поголема кавга фала му на бога, љубомора никако, дома се заедно правиме,чистеме, готвеме, викенди излегуваме со друштво, кафани и диско редовно, е сега фала му на Бога си чекаме детенце и сега она ни е приоритет, и кога би бирала повторно би го направила истиот избори и за човекот кој го имам до мене и за годините за стапување во брак. Додека бевме во врска, јас често си излегував со другарки, дури бев и на одмор сама и никогаш не сум имала проблем, до ден денес со другарки си одам еднаш неделно на ручек во град, на кафе со женско друштво и добро ми доаѓа. Фала ти боже за човекот што го имам до мене
Се сложувам дека за чекање баш се - дефенитивно не, но за чекање за некои неопходни животни обврски и задачи - да. Не сваќам зошто луѓето би чекале на се, поимот "се" ние никогаш нема да го доживееме и да го имаме, бидејки во текот на нашиот живот никогаш нема да ни дојде "се" то и да ги дигнеме рацете и да уживаме во убавините, животот не фуционира така, животот не живот ако баш секогаш нешто не фали, нешто не не мачи, една обврска се решава, завршува и веднаш друга доаѓа и проѕирка на повидок.. и се така се дур сите ние не проживееме и доживееме. Животот не би бил исполнет доколку сите ние поседуваме "се" туку напротив животот е борба која секогаш ќе ја живееме по натуралните негови предизвици, ако нема решение тогаш не е проблем, ако нема проблем, тогаш не е живот. Но, кога сме кај некои животни обврски и задачи како предуслов за брак, тогаш сум за, бидејки стапувањето во брак не е шала, ниту е забава, милување па ич. Бракот е поим за животна обврска, нега и макотрпност, па затоа пред се созреаноста, финансиите и компромисот го сочинуваат така моќно тој поим. Секој би требало да има солидна плата и работа, да има имот и покрив над глава, да биде свесен и совесен од доживувањето на истиот. Некој кој би немал ништо од сево ова и сеуште е во рацете и од поткрепата на своите родители не може и не смее да стапи во брак, бидејки бракот не го сочинуваат мама и тато и нивните примања туку маж и жена со свои финансии и веќе створен покрив над глава.