Чекање на се....па потоа брак Ми вика мајка ми пред некое време „Ти ќерко, 3 деца да си имаш“. What ? Ја проширивме темата на муабет од ова, до мажачки, куќи, работа. Таа на мои години веќе ме имала мене неколку месеци. Различни времиња или што? Го знам животот кој го имале моите родители тогаш, живеење во заедница, крпење крај со крај. Ама парите живеејќи во заедница стигнувале некако, па и куќи полека се направиле. Јас си имам некои планови, под знак прашалник е колку ќе успеам да ги отстварам. Не можам да размислувам за брак, кога во тој брак не можам со ништо да придонесам. Толку пари се фрлени за факултетов, а не сум ни сигурна за иднината. Друго било порано, не секој можел да заврши факултет. Денес, факултетот трае буквало 3 минути, 30ина испити и си дипломирал. Сум се нафатила да го учам овој факултет, затоа што сеуште верувам дека утре ќе ми донесе подобро. Ќе го изиграм орцето до крај. Друго... Ниту јас, ниту тој што мислам дека ќе ми биде маж, немаме имотни и влијателни родители. Треба сами да се избориме да стекнеме наше парче земја. Сум за живеење во заедница, ама како привремено решение. Не ми смета сега да живеам со свекрва, ама не засекогаш. Како сега јас да размислувам за мажачка, кога факултетот ми е буквално на пола, работа немам, ништо немам. Зарем да живеам цел живот на грбот на моите и на неговите? Многу е лесно да се направи дете, оди пружи му адекватни услови за живот на тоа дете подоцна. Пола од моите другарки си испоомажија. Бремени, со стомаци до заби, без денар сопствен приход. Свекорот и свекрвица наместо едно, сега уште 2 деца чуваат. Нив не им е ни важно. Тие се родители ( какви Господе?), а не се ни свесни дека луѓето што ги издржуваат еден ден ќе си отидат. Што потоа, баш ме интересира. Лесно е да стапиш во брак, да направиш свадба, ама тоа што следува после е многу потешко. Не, не би чекала се да ми се подреди под конец, ама ќе чекам додека да најдам пристојна работа, да можам да подмирам трошоци, да имам за леб до 1ви. Другото е мање-више битно.
Чекање на се....па потоа брак Гледам во темава има две страни. Јас сум на двете страни, златна средина. Сите би сакале по завршување на факултет да имаме сигурна и добро платена работа и живеење настрана без родители. А реално, ова тешко во Македонија. Како прво во странство, нормално е и скоро сите живеат во станови под кирија, си работаат и си плаќаат месечно кирија. Арно ама, кај нас, едвај ќе ти стигне платата за да ја платиш киријата, а каде се тука излегувањата, па нормално понекогаш сакаш да се подновиш со нешто, каде се парите за храната? Да не зборувам за ставање пари на страна секој месец. Не може. Затоа остануваш дома, макар наполнала и 30 години, парите од платата што би ги давала за кирии и на крајот на месецот би останувала шворц, ги тргаш настрана и ги чуваш за понатака кога ќе имаш фамилија и дете да му обезбедиш нешто. Не треба многу да ни влијаат холивудските филмови, овде се нема толку голема плата за да можеш и да уживаш сам во свој стан, и да ставаш поголема сума на страна , и да го живееш животот баш како што сакаш. За нешто мора жртвување! И да, сум за тоа дека не треба прерано да се стапи во брак, без никаква работа или минимални услови за еден нормален просечен живот. Ако овде чекаш да собериш едно 10 илјади евра настрана, па тек после тоа да се мажиш, или да чекаш да си купиш свој стан затоа што не сакаш да живееш со свекор и свекрва, епа тогаш останува ова. Или нема никогаш да се омажиш, или ќе биде сигурно на 40-50 години. Не фала. Животот овде не е сексот и градот, па можеш партнер да најдеш во кое било време, и фамилија да створиш. (а штета што не е сексот и градот ) Баба ми и дедо ми пред 50 години заминале во странство со две мали деца, со ич пари. Во станот најпрвин седеле на гајби (значи ова буквално) , имале 4 вилушки, 4 чинии и тенџерче. Со првата и втората плата не можеле да изнакупат сѐ што им било потребно, треба сметки и кирии да платиш, и лека-полека да почнеш да купуваш столчиња, масичка и со секоја плата со нешто да се подновуваш. А што јаделе, пф, леб и некои најосновни работи. Тежок бил почетокот, но постигнале со тешка работа, и по 2-3 работи наеднаш за да им обезбедат добар живот на децата, а сега и на нас внуците. Според мене, доволно е да имаат двајцата барем работа за да стапат во брак, и место за живеење. Та било со свекор и свекрва, тоа е, ќе се надеваш на подобро време. Секој , ама секој би сакал да живее сам со партнерот! Мислите самите родители (свекорот и свекрвата) не сакаат сами да си живеат , да си уживаат како пензионери без секирации од типот како им се погодила невестата, и зошто ги игнорирала и како им се понашала грубо? Не бе лични, и тоа повеќе од вас/нас сакаат. Ама кој има услов ќе отиде да живее настрана, кој не, нема. Убаво е човек да има амбиции, ама ако нешто реално не може да се постигне, и знаеш дека сигурно нема да соберете 70 000 евра за нов стан , тогаш што, не треба да се мажиш? Тоа би било само изговор. Кога се работи за мене, да, сеуште имам желба да излегувам со друштво по дискотеки до сабајле, да пијам, да шетам надвор од Македонија, да се глупирам. Така се чувствувам, тоа и го правам. Млада сум еднаш, девојка сум еднаш, а жена ќе бидам цел живот откако ќе се мажам. Мојата цел е да имам завршено факултет, (веќе при крај сум),да имам добра работа и место каде да живеам. Летово ќе одам повторно во Германија, и ќе ставам поголема сума овојпат настрана, ќе ги урочам, па нека си тече камата. Следната пак, и ќе се собере една убава сума на страна, нешто како спремање зошто никогаш не знаеш кога може да дојде времето за мажачка. Така да, не сум за мажење прерано без работа, но не сум ни за мажење после 30 години. Златна средина, 24, 25, 26, 27.... Сите коцки никогаш нема да бидат склопени за да се решите за тој чекор, и не треба, секогаш треба да се има нешто во бракот за кое двајцата би се бореле да го достигнете и да се гордеете. Но битно е да имаш човек што има разбирање, и да има слога, тогаш сѐ може да се постигне, секоја цел. Доволно е да имаш завршено факултет, работа и место за живеење, дома му со неговите родители. Па што? Ако го имаш ова, нема за што да се грижиш. едит: Ми текна нешто. Скоро повеќето мајки им викаат на ќерките, како тие се мажиле толку рано и имале деца бла бла. Ех бе, златна била Југославија, знаеш завршуваш средно и имаш работа, фабрики, со средно медицински сестри, плати поголеми а не било толку скапо како сега. Оди сега да те видам стави бензин, оди купи основни работи во супермаркет, оди купи парче облека... Сега е тешкото време, тогаш не било.
Чекање на се....па потоа брак Чекање на се? Вака од постовите што ги прочитав да се средите се, да имате работа, простор за живеење, убав живот па потоа семејство? Па каде живеете бре, да не живееме во погрешна држава. Кога тоа кај нас вие ќе можете сето ова да си го приуштите? На 50 години? Па потоа семејство? Можеби ги гледам работите од погрешен агол, но факт е дека реално многу ретко кој може да си приушти да живее под кирија само да не ги гледа свекорот и свекрвата. Не зборам за бракови од 18години, за само 3 години ќе се смениш, ќе сакаш нешто сосема трето во животот, а веќе си одбрал нешто. Но зошто да се чека до 30, 40? Би разбрала да, ако не сум го сретнала сеуште вистинскиот партнер, сепак не сакам животот да го поминам со било кого само ради да не бидам сама. Вака би одело значи, завршувате факултет. Наоѓате добра работа. Не чувате пари зашто ете тие пари се за вас, да си се подновите да си купите нешто. Ви накачуваат плата па оп може да си приуштите и добар одмор. Па чекај, рано е, сакам да се прошетам. Да поживеам. Да го видам светот. Одат парите на моменталните желби и потреби, така да реално никогаш нема да зачувате онолку колку си замислувате дека е потребно за семејство. Не дека имам цел да влијаам на туѓо мислење, ама реално погледнете ги работите, кога тоа вие ќе можете да ги исполните сите очекувања и замисли за да стапите во брак? Завршив факултет, имам солидна работа, да би имала некој кој вистински го сакам (иако страв ми е од толкава промена) би се омажила. Работите понатака ќе се средат, заеднички ќе се бориме. Има семејства што немаат ни воопшто кола, па убаво им е, среќни се. Имам комшија кој се ожени на 32години. Сега имаат бебенце. Жали што толку време чекал за да створи семејство, пресреќен е, а во исто време знае дека кога ќе си ја носи ќеркичката на школо, ќе му се обраќаат со дедо, а не тато. Променети се времињата тоа не го негирам. Ама зарем навистина човек не би можел да биде среќен во брак и семејство, ако го нема сето тоа што си го замислувал додека растел? И јас размислував вака порано, сакам кариера, сакам да бидам деловна жена, успешна. Ама животот е краток, а семејството е најбитно нешто што човек може да го има, така да не, не би чекала на се, за да стапам во брак.
Чекање на се....па потоа брак И демек јас на мајка ми на татко ми треба да и се обраќам со бабо и дедо пошто ме добиле на 32 години??? И само едно ќе кажам размислувањата на мојата мајка се многууу, мнооогу понапредни од мајки на мои врснички кои што се и по 15 години помлади од мајка ми. Зошто? Зошто мајка ми има видено многу повеќе од нив, прошетано многу повеќе од нив и запознаено многу повеќе луѓе од нив! Никогаш апсолутно никогаш не ми било проблем тоа дека имам возрасни родители напротив балгодарна сум и за тоа што кога сестра ми, а потоа и јас сме доше на свет се успеале да ни овозможат апсолутно се нормално во границите на нормалата. Овде мешате некои работи, темата ја забегавте не се работи дали ќе се омажам на 18 или на 28 години туку станува збор дали да се средат некои работи па да се преземе тој чекор брак или во ’’несредени’’ и на сметка на родителите да живее! На некој животот му е среден и 18 години, ако си е спремен нека си се жени, ако си има имотни и влијателни родители, нивна фирма што би значела и загарантирана работа, но кај останатите нас не е тоа така ние мора да се бориме во животот не ни се на готово!
Чекање на се....па потоа брак 32 годишен маж кој ја носи својата ќеркичка на училиште ве потсетува на дедо??? Секоја чест. Воедно, уште еден битен момент - голем дел низ темава се рефлексија на сопствените родители. Неретко начинот на размислување е дел од воспитувањето. Ако родителите постојано ви трубат да се мажите/жените, се' ќе се среди полека, они се тука постојано покрај вас, вие не берете гајле, нормално дека сте задоени со помислата дека тоа е нормално. Ако од друга страна ви покажале дека животот не е мед и млеко и брачната заедница е сериозна институција, која подразбира одговорност, зрелост, подмирување сметки, со еден збор БОРБА, тогаш размислувањата се подруги.
Чекање на се....па потоа брак Моите родители се земале на 20години. Живееле во скапана стара куќа со двајцата браќа на татко ми, нивните жени и баба ми и дедо ми. Направиле со тек на време поголема куќа за сите, но ако ти кажам во каков дом имаме живеено, тунел, ќе ти стане јасна и сликата на тоа како таа куќа изгледала. Не сме имале секогаш се, т.е. ретко и сме имале, зашто мајка ми секогаш се трудела да штеди за да обезбеди нешто повеќе, но сме биле среќни здрави и живи. Никогаш не сум ги имала најубавите сукњи, палта, блузи, не сум била модерна како девојчињата што ги постираат во темата за клинци и клинцези ама никогаш баш никогаш не сум се осеќала како нешто да ми фали. Било пристојно и доволно. Моите штедеа 20 години за да можат сега да изградат толкава куќа во која сега живееме (стварно е голема) на страна од сите роднини и сплетки. Што требало моите? Да не се зимаат тие 20 години додека ги собирале парите? Мајка ми пред 5 години да ме родела? Јас не реков дека треба мајка ти да ја викаш бабо, фала богу. Напоменав една случка што се има случено во блиска околина, кога таткото си го носел детето на училиште, па некој друг родител му рекол дека си ја носи внуката во школо. Ако мајка ти така одлучила, нејзин избор, се надевам е задоволна. Мојата е. И јас сум многу горда на неа. Мајка ми има само средно образование, но е голем економист, знае да работи со парите. Нема многу шетано, ниту има голема желба за тоа, сака да си оди почесто на планина, само тоа. Додека не имала и мене и брат ми кратко работела во продавница, па седела дома подолг период. Се вработила во некоја фирма како секретарка па после подолг период имала можност да се надогради и да стане сметководител. Чувала деца, се едуцирала, работела, била домаќинка. Ете затоа сум горда на неа. И среќна е со тоа што го има, не е разочарана жена, не смета дека нешто пропуштила во животот. Јас од неа земам пример. Ти земи од својата мајка, секако неможеш од мојата да земеш нели, моја си е
Чекање на се....па потоа брак Веќе сум “стара“ за да земам пример од мајка ти Јас не велам дека треба “стари“ и ако тоа е премногу релативен збор да се мажеме и по секоја цел најпрвин да се средат раборите, туку се обидеме да средеме некои работи пред да создадеме семејство!
Чекање на се....па потоа брак Јас имам веќе 5 годишна врска, па не често можам да чујам од комшилукот мој: Леле колку долго сте заедно, ајде веќе време ти е да се мажиш! Ти ли мене бре ќе ми кажеш кога јас да се мажам?! Во животов ништо не се знае - ни кога ќе биде, ни дали воопшто ќе биде со него! Не ми е работата за станбените прашања. Дајте ми ја дипломата, најдете ми работа и стан - јас пак на овие години нема да се омажам. Едноставно, не се чувствувам спремна и мислам дека немам потреба никаде да брзам. Не знам што ме чека во иднина, ама барем во следните 4-5 години, јас воопшто за брак нема ни да помислам.
Чекање на се....па потоа брак Kravce не мислеше на тоа дека 32 годишен маж е дедо, пу пу, па зарем мојон за две години дедо ќе е туку дека детето го добил на 32 и кога ќе го зима од школо значи за десетина години, нема да е толку млад како останатите родители на соучениците на неговото дете Еве пример јас земам од дечко ми, татко му има сега 68 години и ете ни го оженил синот ни па има внуци нема, затоа што створил семејство на 36 години, а и синовите негови како да идат по неговите стапки И мислите дека тоа е во ред? Дедо ми е само 4-5 години постар од него а има скоро 22 годишна внука..па сега вие сами увидете дали вреди да се чека или не
Чекање на се....па потоа брак никогаш сум немала притисок од моите за мажачка, ниту се спомнало во ниедна прилика дека мене ми бил редот. Од моите имам научено само колку е битно семејството, најбитно. Јас не сум падната од Марс, точно знам што се е потребно за да опстои еден брак, никогаш сум немала мед и млеко и не очекувам да имам. Јас само сакам да го изберам вистинскиот човек крај себе, а ако сум силна, како што сум, можам да живеам во брак и да се борам со се што ќе наиде на пат, ете тоа го имам научено од мајка ми. Можеш сите пари на свет да ги имаш, ама ако го немаш вистинскиот човек се е џабе. Јас незнам вие во каква средина имате растено, штом очекувате се да биде средено и на место, јас од мојата средина знам дека никогаш неможе да биде, затоа ја имам таа одлука да не чекам
Чекање на се....па потоа брак I JAS TAKA MISLAM SEGA RABOTAM VEKE EDNA GOD I SI ZIMAM PLATA I SI KUPUVAM SE SO SI POASAKAM A NE KE SE OMAZAM PA SMETKI PA RAZNI GLUPOSTI USTE NEKOJ GOD KE SI UZIVAM PA IMA VREME ZA TOA MNOGU STAR VIKAT , ,ZENA MOZES DA BIDES AMA MOMA NE,,
Чекање на се....па потоа брак Анастасија ти така размислуваш зошто дечко ти е постар од тебе и самата кажа дека ја наближува триесетката што и нему му е време за женење, а дали така би размислувала доколку сте генерација?
Чекање на се....па потоа брак Порано нашите родители стапувале во брак помлади, ама имало подобри услови тогаш. Мајка ми ме родила на 21 година, а татко ми имал 24, но платата на татко ми тогаш била огромна, па не за едно, имале и за 5 деца. Затоа не може да се прави споредба со родителите. Сега е тешко да се најде работа која е и те како е фактор за стапување во брак. Сигурно нема да се храниш од љубов, за жал ти треба леб. Јас единствено сакам да ми се обезбедени приходите, другото подоцна. Ете јас завршив факултет, стажирам, дечко ми е тазе вработен, и сега, да, постојат муабети и планови за брак после неколку месеци, но бидејќи едниот од нас е во работен однос и има сопствени приходи. Стамбеното прашање одсекогаш ни е било решено, но порано, со незавршени факултети, без работа, не ни помислуваме на ваков чекор. Дечко ми секогаш велеше ајде ќе направиме дете, ама со што ќе го хранеме? И така е, сакаш дете, сакаш семејство, а немаш работа. Јас имам и останати деца кај мене во фамилија кои сега треба да се школуваат, па уште бебе им фалеше на моите. Свадбата е најмал проблем, прашањето е што потоа. Иделани услови никој не бара, ама барем минамални, онака, доволни за почеток. Колку да има за пелени и леб. Браковите помеѓу малолетници не оправдувам. Неиживеани, несозреани, необразувани. Што можат да понудат тие на своето дете? Помали им се шансите за работа, сакаат да излегуваат, едниот чува дете, другиот шета, па љубовници, пијанки. И тоа е нормално кога еден човек се лишува од еден сосема природен процес, секој има потреба од тоа. Затоа памет во глава, семејство не се прави оти на некој ќе му текне така, сепак тоа е сериозна работа, барем за мене. Но од друга страна не ги оправдувам и оние кои чекаат премногу. Прво е работата, па магистратура, па автомобил, па шетање и си поминале годините. Е поминале, нека почекат уште малце.
Чекање на се....па потоа брак Леле СноуКуин што направиииии....не сум многу време на форумов ама не памтам таков интерес за некоја тема. Еднаш веќе коментирав, ќе коментирам уште еднаш, и едните и другите сте во право. На 24/25 веќе не верувам дека има нешто од младешкиот живот што ми недостига, можеби малку повеќе дружба со пријателите, но и оние кои останаа ми се драги. Но едно нешто е многу важно, можеш да започнеш живот со огромна инвестиција, со еден куп пари заштедени и со многу добра позадина, но животот е тркало, денес е наклонет кон мене, утре кон некој друг. Што сакам да кажам, кога моите се зеле и кога започнувале живот имале и куќа и покуќнина, додуша немале некоја озбилна работа но се преживувало. Тргнале по озбилна работа и ја зезнале работата, останале без дом, 20 години по кирии, куќа на кредити која беше причина јас да си останам без постдипломски и да морам да започнам со работа без да можам да одморам од факултет, а богами имав тежок факултет. Веќе година дена сум самостојна во секој смисол, сама плата, сама сметки и кирија, и морам да признаам, воопшто не е лесно, напротив со тешко срце ги давам тие пари знаејќи дека сега се што ми останува е да се омажам и да започнам да создавам семејство. Имам врска 5 годишна, не сме и двајцата мали, но на дечко ми не му е се брза, вели има постдипломски за исплаќање и заем за кола за враќање, некои го критикуваат јас наоѓам начин да го оправдам, во една прилика ми има кажано, тие долгови сум ги направил на сопствен ризик и не е фер да ти ги префрлам и ти за нив да плаќаш, а заедничкиот живот е тоа, плаќање на долгови, сметки и домашен буџет. Пак се се врти околу парите, сите забораваме на љубовта, сите чекаме некаква сигурност за да започнеме заеднички живот, не размислуваме дека како старееме ние а со нас и нашата врска љубовта станува секојдневие и рутина, секоја чест на исклучоците, но јас после цели 5 години не можам да кажам дека не го сакам дечко ми, па јас не можам да помислам да го делам секојдневието со некој друг, но голем дел од работите се голема рутина, да бидеме реални, не би сакала ни да помислам што ќе се случи ако треба да чекам уште 5 години, не верувам дека ќе успеам да ги дочекам, впрочем, сетете се на сите тие бракови кои се случуваат по само месец дена познанство на кое му претходеле долгогодишни врски.
Чекање на се....па потоа брак Да, јас исто би размислувала, и со господ напред до 25 години веќе сакам детенце да ми трчка низ куќа но доколку он беше на моја возраст можеби ќе сакаше уште малку да почека, машко како машко ама јас исто ќе си мислев Замислете ете сега татко му на 68 ( додека направиме свадба ќе фати накај 70) треба да прави свадба на син му допрва и чисто сумњам дека он на 70 и кусур години ќе е способен да си го чува внучето, може звучам грубо ама едноставно тоа е староста Само поради тоа што чекал и чекал и чекал...
Чекање на се....па потоа брак Се зависи лично до човекот, секој си е приказна за себе. Мене не ми е најбитно да сме средени со работа, најважна ми е психичката стабилност. Џабе е и двајцата да се средени со работа, станбено прашање и сл., ако не се спремни да стапат во брак. И ние не сме средени се ко што треба, ама пак зошто да чекаме кога и двајцата знаеме што сакаме? Ако чекавме да работиме и двајцата што сакаме не знам дали воопшто ќе се решевме да се земеме и да живееме заедно. Никаков фактор не ми е работата, само тоа што е во главата е најважно. Ама, за деца па сосема поинаку размислувам. Не сакам да имам дете и да го чувам во никакви услови. Сега за сега. Понатаму можеби ќе се сменат работите, па ќе побараме помош, ќе видиме како ќе биде. Значи си останувам на тоа дека се е до зрелоста.
Чекање на се....па потоа брак Различни искуства, различни мислења. Да тргнам од самата себе. Јас на со моите 23 години, веќе непријатно ми е да им барам пари на моите за кафе, фармерки, пудра... Ме школуваат и што повеќе да очекувам од нив. Тие ќе ми помогнат колку што можат и без јас да барам, ама до кога? Нели е поубаво да си имаш свои пари, сам да си заработуваш и да се бориш за себе. Знаете ли како е на детето да немаш сладолед да му купиш, а сите деца имаат, или да носи искинати патики? Недај боже тоа да го дочекаме, но во брак, без работа, сметки и штедење за стан, за жал така би било. Општо зборам, не викам дека кај сите е така, пошто осеќам дека ќе бидам лошо сфатена. Едно време дечко ми ме замараше, дете сакал. Какво дете му викам, какви бакрачи. Ние двајцата не можеме да преживееме со една плата, која притоа не е ни цела, а камо ли и дете да чуваме. Поголемо дете, поголеми трошоци. Да немам за ужинка во школо да му дадам? Не! Подобро да почекам, отколку да го мачам и него и јас самата.
Чекање на се....па потоа брак Па тоа е многу нормална работа. Љубовта не е никогаш доволна бидејки да бидеме искрени не се јаде. Треба, според мене мора да се спојат некои коцки па да се планира брак. Еве на пример јас сум на крај со факултет, ама додека јас и дечко ми не најдеме стабилна работа брак не доага во предвид. За тоа сме и двајцата согласни иако некогаш го зафркавам дека не сака да ме земе
Чекање на се....па потоа брак Potpolno si vo pravo....ama jas ete taka od inaet nema da umram poradi svekrva mi