1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чекање на сè....па потоа брак

Дискусија во 'Брак' започната од Snow-Queen, 9 мај 2012.

  1. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    Баш ми е мило кога читам вака убави работи. Меѓутоа нив не ги носат годините, можеби некој и на 24, 25 да ги има истите услови, а некој на 35 да ги нема.
    Одлуката за брак е е ствар на договор меѓу партнерите. Ако се одлучиле да чекаат сосема ок, ако одлучиле да стапат во брак и со здружени сили да стекнат некои работи и тоа ми е ок. Знам да не претерам десетици примери кај што малдите влегуваат во брак со солидни примања и по некој месец остануваат со минимални. И обратниот случај , влегуваат во брак со минимални примања за пота заедно да се изборат за подобра живеачка. Во животот нема правила и ништо не е константно, се се менува така и примањата и условите. Најбитно е да има љубов, хармонија, почитување и договор , а другото само по себе ќе си дојде.
    Не сум за тоа и после 10 години во врска да се чека, затоа што ако работите не се смениле во тие 10 години, за една две па ич нема да се сменат.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. toxincitylies

    toxincitylies Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    45
    Spored mene(24god) dvajca prvo treba da se osamostojat:rabota, postojano zivealshte(NE vo zaednica),kola, zashteda pa brak pa posle deca.Dodeka mojot verenik(27god)saka shto pobrzo brak i deca. Ne ja gledam poentata od stapuvanje vo brak samo od ljubov. Vo deneshniov svet samo od ljubov ne se zivee za zal :/
     
    На Tanjamm, Maceto123, marristovska1 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620


    Јас само ова ;)

    Во мојата врска конкретно, од финансиски аспект, скоро се се смени последниве две години, а во врска сум скоро 10 :) :)
    Се менува се, вложуваш напор за некои работи, еден ден ќе се исплатат.
    Така и ние, се што се трудевме да си направиме минативе години, последниве две почна да дава плод.
    И ќе си чекам, се додека не го средам животот онака како што сакам, се разбира, тоа е појдовната точка, после има и други нешта :)
     
    На SuperGirl24, toxincitylies, vitamina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    Ова све си во право, ама во Македонија да се чека свој стан, заштеда, кола , на 40 +треба да склучуваме бракови.
     
    На mimidjon и VladeMila им се допаѓа ова.
  5. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Еве и кај мене беше случајот чекање на се, иако од 18 години живееме заедно, дури одев средно, па на факултет, па почнав на работа, живеевме заедно, чекавме уште одамна ветената зграда да се изгради па да почнеме во но и, вработени и самостојни. Но се издолжи работата со тоа, важно живееме во наше не сме под кирија, имав солидна равота со одлични примања, се опремивме од домот до кола и сами си плативме свадба, па си родивме две дечиња , ииии, тогаш јас без работа, тој без работа, тешка зима бидна. Ете така ти е, планирај, рачунај, чекај и некој друг ќе те зезне. А луѓево од околу често ме прашуваат зошто сум родила деца а предтоа не сум почекала да ми дадат решение на работа, јас само искрено им одговарам дека ако го чекав тоа денес ќе бев и без работата и без децата. Ете така во оваа наша Мкд!
     
    На fairy88, Tanjamm, artemidis и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    И јас ова сакав да го допишам, ти како да ми ги прочита мислите. Во животот не важи правилото 2+2=4.
    Можеш да влезеш скроз спремен во брак, доволно е еден да остане без работа за да ти испоремети се.
    Затоа сум за да се влезе колку толку среден во брак, ама да чекам свој стан, убава заштеда, јаки плати, не би. Ќе треба у климакс да влезам додека го обезбедам сето тоа.
     
    На fairy88, kjukli и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  7. pravnicka2

    pravnicka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Уффф...Камо секогаш да излезат работите онака како што ние сакаме би било се совршено,но не е така.
    И јас бев на ова "чекање на се,па после брак" Сакав се да биде совршено и тоа прво додипломски,постоа мастер,па добра работа(што е мн.тешко во нашата земја),стамбено покритие и уште многу други работи.НА крај испадна сосема спротивното.Се омажив,за скоро време родив дете,завршував факултет(додипломски па мастер студии),стамбеното покритие ми е на нула.Живееме 9 лица во 100 квадрати,а за добра работа и солидна плата да не правам муабет-не сум ни блиску до тоа.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Ако ние сите се решиме да чекаме на се, тоа СЕ и никогаш не би го имале ниту постигнале, проблемите секогаш доаѓаат.. решаваш еден, доаѓа друг..и се така се додека човек е жив и дише. Всушност самиот животот е таков. Ќе се избориме за нешто, а потоа доаѓа друго и друго.

    Финансиското и стамбеното прашање се неминовен дел за успех на еден брак, ако некој се решил да гради брак врз рацете на своите фамилии и да ужива а притоа да не биде свесен за ништо околу него, пиши пропало.

    Не за џабе секојднево се зборува и пишува околу овие проблеми настанати помеѓу двајца сопружници кои премногу очекувале а всушност за ништо самите не се потрудиле.

    Од љубов не се живее а ниту се создава брак, поимот брак го сочинуваат многу поважни фактори,а љубовта е само малиот дел и првиот чекор од тој поим.

    Сепак.. ние не би знаеле никогаш животот што ќе ни дари, и што ќе не снајде понатаму, но треба и баш затоа да бидеме свесни и да стоиме пред се на СВОЈА НОГА.

    Незнам како успевате да живеете во заедница со 9 лица со 3 4 различни генерации, секоја чест ако успевате да најдете компромис и разбирање.
     
    На SuperGirl24, bittersweet, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. pravnicka2

    pravnicka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Незнам како успевате да живеете во заедница со 9 лица со 3 4 различни генерации, секоја чест ако успевате да најдете компромис и разбирање.[/QUOTE]

    Немам друга опција,што да правам.Плус мм е малку мамино галениче и нз дали некогаш воопшто ќе бидиме самостални..Иако според мене има начин станбено да се делиме ама мм,свекор ми,свекрва ми и девер ми сега за сега не се за тоа(не сакам да ја кажувам причината,бидејќи само си се нервирам)Да не излегувам повеќе од темата.
     
  10. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.095
    Пол:
    Женски

    Различни генерации во еден дом ... многу тешко е ... па, и не мора да се воеден дом доволно е да се блиску ... а на темава, според мене да се чека нешто да се среди е добра идеја, меѓутоа некогашплановите за иднината и нивната реализација временски баш и не се поклопуваат така што со љубов, почит и слога се се постигнува, ама се материјално што ќе наумат партнерите.
     
    На Maceto123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Кола не е некое чудо големо да купиш, заштеда... хаха, не се ни надевам, за мене е премија во животот еден ден да се разбудам без кредитна, ама јбг, нема такво нешто ;)
    Што се однесува до живеалиште, еднаш живеам, и нема шанси таа една живеачка во заедница да ја поминам :)
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    Не мислев за заедница, туку мислев свој стан. Притоа под свој стан не подразбирам стан на кредит кој што уште се отплаќа, нуту кирија. И реплицирав на фминката со тоа.
    За кола да, не е некое чудо. Ама за воља на вистината и таа најчесто се купува со кредит. Друг муабет е тоа.
    Се сложувам дека секој треба самостојно да гради семејство, не во заедница. Меѓутоа не секој има можност за тоа. Главна пречка повторно финансиите. Еве јас ако имам разбирање, слога , љубов со дм, ама тој ниту јас немаме настрана станови. Покрај тоа ако имаме просечни плати со кои тешко можеш да земеш кредит? Решение? Да раскинеме? Би се нафатила привремено да живеам во заедница или различен спрат и покрај проблемите кои би произлегле. Ако со маж ми имам разбирачка и ние двајца сме си на прво место од ништо не би се плашела. Пак ќе речам привремено, а во меѓувреме напорно би работеле да се тргнам настрана.
    Јас лично не би сакала да чекам над 30 години, кога сега на мои речиси 24 години(без некој ден ) имам 5 годишна врска. Во наредните 7,8 години би се чуствувала дека тапкам во место, а секоја врска треба да оди во нагорна линија. Го имам најпрекрасниот човек до мене и од ништо не се плашам.
    Но секој си знае за себе. Критериумите и очекувањата кај сите се различни. За мене нешто е прифатливо, за друга не е и тоа е сосема во ред.
     
    На Daydream и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Лунке, ни јас не чекам стан на кредит, туку свој, ама ако немам друго чаре, и стан на кредит нека е.
    Сега, види, има кола и кола. Ако сум ептен сиромашна (а сме биле во еден момент, искрено едвај за јадење крпевме) имавме кола од 1992 година производство.
    Сега имаме супер кола, ама не беше секогаш така ;)

    Вие имајте разбирање, ама во заедница ќе трпите. Или ти, или некој друг. Факт. Цела тема имаме :)
    Замисли ситуација, ти бебе имаш, тоа пишти вришти од грчеви ноќе, золвата сабајле испит полага, или золвата роденден слави, тебе бебе не ти спие.... некој секогаш ќе се жртвува.

    Не ми е страв мене, мислам дека на никој реално страв не му е, ама некако разбирачка во услови кога си на прагот на нервен слом... хм, не знам баш.

    Во нагорна линија треба се да оди, тапкање во место јок. Имам дупло подолга врска, и ти тврдам дека не само што не тапкаме во место, од деца знаеме што сакаме и сме се испомачиле тоа да го оствариме.

    Имало денови ако ми веруваш кога чорапите од 30 денари сум ги крпела, и не сум купила маичка од 100 денари цела година, и денови кога од дома леб и црна сол мачкав за на факултет, немав за да си купам.
    Неколку пати дм одеше и пешки на работа, за гориво немавме.
    Интересно е што и двајцата потекнуваме од средна класа на семејства, ама одлучивме уште кога имавме 20 години, од тука натаму сами се бориме, како знаеме.
    И така бидна.

    Во најкризните моменти бевме некои 4 години во врска веќе, јас завршив со патувањата (неколку пати живеев надвор од РМ), и бев тука, па сепак не очајувавме.

    Толку години подоцна, веќе почнуваме да си гледаме свое место, какво - такво.
    Може и година, и две ќе поминат, ништо страшно.

    Ама знаеме и двајцата, многу добро, дека и пешки пак ќе одиме на работа, и чорапи ако треба пак ќе крпам, ама заедница не.
    Ни тој сака, ни па јас.

    Бубале, таквите ликови се такви сеедно на условите на живеење.
    Тие самите се деца, а деца чуваат.

    А иначе, бабите можат секогаш да дојдат.
    Не мора да се живее со нив за помош ;)

    Еве има некои, кои живеат со бабите (на пр. на др. кат), па еден аир што виделе....
     
    Последна измена: 8 октомври 2015
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Кога читам по други теми тазе земени, со мало бебе, живеат сами, мажот на работа, жената домаконка или на породилно, сепак дома, ем нова улога, ем сама, детето на прво место, односи меѓу нив се ладат, па превари од негова, се почесто и од нејзина страна, па собети бараат па разводи фрчат.... До некаде мислам дека за почеток е паметно даџсе поживее со старите, ем помош ќе се има, ем заштеда ќе се обезбеди, ем поинаку ќе се гледа на се, не може ко сами и пред родители кавги и фејзбук романсирање..... Мое мислење!
     
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.790
    Не дај боже да дојде до таму работата за една жена да посака да живее со свекор и свекрва за да можат нивната битанга да ја држат под контрола, или како превенција од фејсбук романси и превари.
     
    На Giovanna, Mishela, toxincitylies и 12 други им се допаѓа ова.
  16. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Мислењево ми се наметна како подобра варијанта за почеток на двајца неспремни за толку нови улоги, под импресии на читање коментари на неколку теми овде на форумов, каде завршуваат со развод за глупост.... Може грешам, само онака кажав мислење:wasntme:
     
    На CameliaMiller и danichap им се допаѓа ова.
  17. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Ауууу што кажа :o Да знаеш само колку не се согласувам со твоето мислење. Чист пример на првично напишаното сме ние. Ниту еден ден немаме живеено со неговите. Пред да се земеме почнавме да живееме заедно под кирија. Неколку месеци после свадбата си купивме стан (на кредит де). Маж ми понекогаш е буквално по цел ден на работа. Има такво работно место што не се знае смена. Јас сум речиси 2 години без работа. Сега сум дома со малиот. И моите и неговите се во други градови и немаме помош од никого. Сами си го гледаме детето и си водиме домаќинлак, И сме посилни и поцврсти од кога и да е :inlove: се согласувам со @danichap ако дошло ред неговите да го контролираат, тури му пепел на бракот... Брак е заедница помеѓу двајца зрели луѓе кои немаат потреба од родителски надзор.
     
    На Cuci81, Emy867, MilaP и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    Драга моја те разбирам добро што сакаш да кажеш. Не случајно последна реченица од мојот пост беше дека секој си има различни критериуми и праг на толеранција. Вие сте си зацртале таква цел и Ви посакувам се најубаво и побрзо да си остварите што имате замислено.
    Конкретно дечко ми живее со мајка му. Золва ми е мажена нема да прави во иста куќа родендени. Знам дека пример даде ама да си кажам. :D
    Свесна сум кој проблеми се јавуваат и ја сум ја читала темата, но ние имаме малку поразлични планови од вашите. Си имаме зацртано до 30 да се земеме и ако Господ даде да имаме дете, а во меѓувреме да продолжиме да работиме заеднички за крајната цел. Не ни се чека ни на двајцата уште 6 години затоа што знаеме дека заедно можеме многу побрзо да го оствариме тоа од икс причини.
    Секоја приказна е различна. Секако ни вака ни така не е лесно.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Абре Лунке, секако дека секоја приказна си е различна, а уште поважно е каков народ се учесниците во приказната :)
    Обично, еден човек плус не би требало да смета, туку да е од ќар ;) Ама замисли овие што се, мајка и татко, двајца синови женети со свои деца, сестра нивна немажена итн :) Сето тоа во помалку од 100 квадрати.
    Абе челични нерви да имаш... ќе побудалиш.
    Не дека се луѓето лоши, ама на купче се :)

    Ти посакувам се најубаво со дечкото, и ако има разбрана и културна мајка, може само фајде да имате ;)
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    За таква ситуација ич не сакам да коментирам. Ти со свекор и свекрва не можеш да излезеш на крај, не со уште едно плус семејство под ист покрив. Јака им душа на тие што живеат така.
    Фала ти драга, на сите Господ нека дава убавини, па и на нас. :)
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.