1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чекање на сè....па потоа брак

Дискусија во 'Брак' започната од Snow-Queen, 9 мај 2012.

  1. toxincitylies

    toxincitylies Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    45
    Dobro barem najbitnoto dvajcata da imaat rabota i da znaat da shtedat.
     
    На CameliaMiller, t-sweet и toogood им се допаѓа ова.
  2. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Чекање на се?-Аууу ќе се изначекаш :D
     
    На Tajnaotrovna, Luna91 и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Јас не сум ваквата теорија
    Денес има некој таков тренд, долги врски кои чекаат:
    -да дипломираат
    -да магистрираат
    -да се запослат
    -да прошетаат
    -да купат свој стан

    за на крај сето тоа да трае со години и да немаат време за стварање фамилија.
    Колку случаи има , чекале,чекале и на крај - неможе деца да имаат...се ,,стегале,, со години за на крај да тортата да нема јаготка.
    Бракот треба да дојде спонтано.

    Во животот ништо нема по ред.
     
    На fairy88, Dorian Gray, eloves и 8 други им се допаѓа ова.
  4. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.697
    Пол:
    Женски
    А што ако ги имаш сите тие работи а немаш љубов со човекот со кој ќе треба да делиш се цел живот???Ја немаме сите таа среќа да имаме се што е овде наведено,има луѓе што никогаш не доаѓаат до свое живеалиште па се среќни и исполнети.Јас и мм имавме стабилна работа кога се земавме ама немавме никаква заштеда,немавме свој кров над глава нити па кола.Живеевме во заедница првата година за после тоа да одиме под кирија и на крај да земеме стамбен кредит.Со парите што ги имавме добиено како поклон од свадбата си купивме кола и ништо не ни фали.Ние се земавме баш од љубов и тоа ни беше доволно и на двајцата.Ете со тек на време сами успеавме да направиме некои работи и да,убаво живееме.Имаме прекрасна ќерка која ни го разубави животот и уште едно е на пат.Неможам да побарам повеќе,мислам дека сум најбогата на свет.А се омажив на твои години и знам дека е тоа најдобрата и најубавата работа што ми се има случено во животов.А девојки што чекаат живот како од бајка на крај остануваат сами и несреќни зошто го пропуштиле најубавото.
     
    На MilaP, oblace1, minne992 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Каков е тој живот од бајка? И зошто мислиш дека за тебе најубавото, е и за друг најубаво?
     
    На t-sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.697
    Пол:
    Женски
    Заштеда,кола,свој стан,патувања и незнам уште што,тоа во нашево поднебје за многу е бајка.А јас не реков дека тоа што мене ми е најубаво треба и на друг да му биде.За мене е подобро нормлен живот со човекот што го сакам отколку чекајки совршенство да останам сама.
     
    На VladeMila и Luna91 им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Да ама кажа и, те цитирам: .А девојки што чекаат живот како од бајка на крај остануваат сами и несреќни зошто го пропуштиле најубавото.
    Од каде заклучоков?
    Секој си знае што му е најубаво, пола мои братучетки најубавото си го остварија на 30-33 години и не ми делуваат несреќно :)
     
  8. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.697
    Пол:
    Женски
    Епа имам и пријателки и познанички кои чекаат совршенство а нормален живот за нив е страшна работа и замисли си останаа сами.Од таму ми е заклучоков!
     
  9. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Кој чекал дочекал,ама некој и умрел од чекање.
     
    На VladeMila и Luna91 им се допаѓа ова.
  10. WhiteOne

    WhiteOne Активен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Ја сум уште многу мала за да размислувам на оваа тема, ама можам да кажам еден интересен случај за многу близок братучед.

    Одеа кратко, пола година, ама си кликнале и ни две ни три - свадба. Братучед ми си имаше веќе од неговите цакум пакум стокмен стан и си живееа заедно неколку години и сите се прашуваа зашто немаат бебенце.

    Го прашав и јас, не од што сум некоја љубопитна личност, туку од притисок на муабетите од околината, реков ќе дознаам нешто поради тоа што секогаш сме биле многу блиски.
    И он ми кажа многу искрено - абе ние не бевме во врска 10 години ко други, па влези во брак и ајде дете одма. Буквално ми кажа дека уште си се радуваат еден на друг и пуздер се праат од секс и дека бебето ќе си дојде они кога ќе решат.
    Арно ама, ете кога решија да прават бебе, нешто им стави сопка и не им успева.
    Беше пред некое време и ми се пожали, ми вика - од фантастичен, сега сексот ни стана веќе механички, чекај плодни денови, прај вакви пози, па немој ти кога сакаш зашто требало сперматогенеза, па незнам што, ете сега се во мака. Ми вика љубовта не ни е разнишана, ама некако страста ни се згасна откако почнавме бебе да правиме (т.е. откако увиделе дека тоа не било плукни залепи).
     
  11. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Совершенство и нормален живот се многу релативни поими, секој различно ги сфаќа.
     
    На toxincitylies, softy1, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Види едно е да мислиш дека си Пепелашка, друго да имаш некои реални и остварливи очекувања од животот. Јас со моите блиски, имам друг впечаток на пример, скоро сите беа отприлика 30-33 години кога создадоа семејство, со работите кои ги наброја ти веќе стекнати, па не ми делуваат несреќно.
    Среќата е релативна работа, ако не знаеш сама со себе среќна да бидеш, нема да станеш магично среќна со мажачка.
    Затоа само реков - не избрзувај со генерализациите, ако некоја нема свое семејство створено, не значи дека е несреќна :)
     
    На softy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    А јас имам познаничка која од пусти страв да не остане немажена, влета во брак со погрешен човек. Такви ги има многу, за жал. Среќата не доаѓа кај сите во исто време, луѓе си ја наоѓаат сродната душа и на 30, и на 40, па и на 50 години. И нема ништо лошо во тоа. Лошо е кога поради притисок од околината, притисок од годините или биолошкиот часовник, девојките брзаат да се омажат, иако се свесни дека партнерот кој го имаат до себе не е вистинскиот.
     
    На bittersweet, stefanija70, softy1 и 10 други им се допаѓа ова.
  14. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.697
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller @AnaKarenina Погрешно ме разбравте.Има многу што се во врска по 10 години и од што чекаат сите коцки да им се наредат на крај или не остануваат заедно или имаат други проблеми.И зборам ако девојка покрај себе го има вистинскиот партнер,љубовта на животот ама пример немаат своја кола и стан или не патувале доволно чекаат и до тие работи да дојдат па после тоа да ствараат семејство.А не реков дека по секоја цена треба девојка да се омажи за да не остане сама,не ми ги извртувајте зборовите.
    И на крајот на краиштата јас си го кажав моето мислење,како јас гледам на животот и на работите и како јас сум направила,а секој си прави како што му одговара.
     
    На okcenzi, Luna91 и VladeMila им се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    @ivi1987 не ти ги извртев зборовите, ти самата напиша за твоите пријателки и познанички кои се сами. Јас само се надоврзав дека подобро да се сами, отколку да се во лош брак. На крајот на краиштата, ако си сам не значи дека си несреќен.
    Што се однесува до врските од 10 години кои ги спомна, зошто мора сите да следат некое упатство и да се земат ако се во долга врска? Можеби не се спремни за брак, можеби не е до тоа дека немаат кола или стан. Еве јас имам долга врска, ама во блиска иднина не ми е план да се мажам. И двајцата имаме разговарано, засега убаво ни е вака. Не чекам кола или стан, чекам да дојде моментот кога двајцата ќе почувствуваме дека сме спремни за таков чекор. Тоа е сè.

    Едит: Оние долги врски кои чекале на сè, па раскинале - не е гаранција дека ќе опстоеле ако биле во брак. Тука нешто друго не штимало.
     
    Последна измена: 28 октомври 2015
    На bittersweet, softy1, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  16. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    @WhiteOne Можеби и тоа им е проблемот. Планирањето, стресот, броење денови, воздржување. Требале да си продолжат со истото темпо и да си уживаат, нормално без заштита. Тоа е природна работа не може сега оти тие сакале ете одма во 5 минути ќе направиме бебе, на некои им успева на некои не. Зошто така лесно забременуваат кога е непланирано, баш затоа што е непланирано. Тoлку сме привикнати луѓето на стресот и планирањето што не му придаваме никакво значење на неговото влијание врз целиот организам и процесите во него. Посоветувај го да се вратат на стариот„режим“ и нека уживаат, бебето само ќе си дојде ^_^. И така како што кажуваш сите други работи им се наредени во животот. Најмалку им треба кога ќе дојди бебето да си се смачени еден на друг, зато што тогаш ќе си се најпотребни еден на друг.
     
    На WhiteOne му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Иви, не се изјасни можеби убаво, јас твои зборови цитирав :)
    Инаку јас сум со дечкото во доста долга врска, кај и да е деценија, па не се чувствувам несреќно.
    Напротив, како времето поминува мислам дека посреќна сум, а тоа не е толку врзано со финансиската состојба (која секако има голема улога) колку во остварувањето на лични цели и заеднички цели.
    И да, има проблеми, мислам дека и во брак има проблеми - еве ти си во брак, па веројатно и подобро од мене знаеш, ама исто така, тие се решливи. А нерешливи проблеми ако се појават во брак и во врска - па мислам помалце жртви ќе има ако се во врска :)

    На крајот, не се гледам како мајка сега, не се гледам како сопруга сега и тоа не ме прави несреќна.

    Сама кажа секој знае за себе - баш затоа таа генерализација околу несреќните девојки не ти беше на место.
     
  18. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.697
    Пол:
    Женски
    @AnaKarenina @CameliaMiller
    Јас тие што ги знам а се сами знам дека не им е убаво во самотијата а знам и што бараат и поради која причина се сами и за таквите личности зборев а не зборев во глобала за сите.Да точно е тоа дека е подобро човек да е сам отколку со погрешна личност ама не ги оправдувам оние другите работи,да се чека да се купи стан,кола,заштеда тек допрва па ајде после брак,јас само за тоа зборев.
    Јас пред да се омажам со мм бев 6 години во врска а со се брак 10,5 и двајцата сакавме брак,сакавме цело време да бидеме заедно,се да делиме и супер ни е ама не реков дека ако имаш долга врска мораш да се омажиш,факт е дека двајцата треба да се спремни затоа што е голем чекор и животот од корен се менува,брак и врска не се споредува.А јас пак ќе повторам зборам за одредени случаи,не ги земав сите девојки за пример,туку ете одредени што ги знам,пишав и погоре.
     
  19. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.461
    Пол:
    Женски
    Многу лош поглед има на тоа чекање на се па после брак.Јас мислам дека решавање некои основни животни прашања од типот на работа за да имаш леб на маса да стаиш или кров над глава да имаш не е препич него напоротив реална потреба. Ај некој се слага и со тоа да живее во двособен стан со свекор и свекрва ама па коа ке ги видам без вода во очи чекаат од старите да им ги подмират сметките секој месец или еднаш во две недели фрижидерот да им го напунат е глумење семејство.Ја не знам некој да чека работа платена 5000 евра,или кола јака, или стан со 5 вециња и 10 соби,него напротив се трудат да овозможат некој пристоен старт за почеток на заеднички живот.Еве мене New years resolution за 2016 ми е да посетам неколку европски земји во кои никогаш не сум била и за жал изминативе години не сум ни имала прилика пред се финансиска да ги прошетам.Зарем луксуз е да сака човек да види нешто повеке од смрденава Македонштина и да отиде подалеку од 7те дена во Грчка?

    Крај краева секој си знае што сака во животот и не значи дека ако на 30 години е неомажена/неоженета и без деца е несреќен.Среќата сами си ја кроиме.Некој е среќен со сопругот и детето па макар и стиснат во една соба,некој е среќен сам со со друштвото додека посетува музеј некој или се сонча на некоја плажа.Секој со своите приоритети во животот.
     
    На Monna.Monna, okcenzi, bittersweet и 15 други им се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    @SuperGirl24 па точно, сосема се согласувам. Значи темава е индивидуална и тука нема замерки, што е тука е, еве пример постои амбициозен народ кој сака нешто повеќе и се стремни кон тоа, не можеме сите да сме исти и со исти став најнормално, има и такви што се задоволуваат со малку, и сметаат дека таквиот живот им е посреќен и поисполнет и обратно. Значи индивидуална работа е ова. Не сакам да судам никому и да му буричкам низ среќата и исполнноста, низ желбите негови.. да така сувишно е да се дискутира некаде каде што се нема дискусија и се нема зацртано некој конкретен факт.
     
    На Bridget и SuperGirl24 им се допаѓа ова.