1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чекање на сè....па потоа брак

Дискусија во 'Брак' започната од Snow-Queen, 9 мај 2012.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Факт е дека сите поаѓаме од сопствените искуства и сопствените очекувања.
    Некој под луксуз подразбира сопствен кров, автомобил, летување.
    За мене ова не е ни просекот во кој сакам да живеам, и не можам да бидам “среќна и исполнета“ со шминкање само по потреба за некоја свадба, 7 дена одмор и цел живот автобус.
    Една ретроспектива - кога си ја купивме првата наша кола, производство 1992 година, бев пресреќна зошто имаме кола јас и тој - наша, не мораме да бараме по дома на заем кола. Кога си ја купивме новата не знаев каде сум од среќа. Сега купуваме уште една, од причина што таа една веќе не ни брка работа на двајцата.
    Зборуваме за потреби а не луксузирање, некому е луксуз кола, мене ми е прекупотребна.

    Така што е малце глупо некого да наречеш “несреќен“ само затоа што не се вклопува во твојата замисла за среќа.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Сте ги помешале многу поимите,среќа со матријално,повеќето сте матријалисти место среќни.Воопшто не ни знаете изгледа според она што го читам во темава што е среќа,и што значи среќен брак,све ви е во парите.
     
    На Daleron, Luna91, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Ај објасни ни ја среќата, без материјални услови.
    Оти јас не гледам среќа ако се тресам во една соба од студ, перам на раце во ладна вода, носам чизми со дупка и ми мрзнат мокрите нозе, немам храна (а камо ли па здрава храна) за децата, немам за лекар, немам за ништо.
    Каква е таа љубов што го игнорира сето ова, која што не те тера да се помрднеш и да создадеш, да - материјални работи?
     
    На Monna.Monna, okcenzi, Wahnsinn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.684
    Пол:
    Женски
    А зошто секогаш се објаснуваш со некој кој има спротивно мислење од твоето.И ти ова овде што го опиша се екстремни случаи кои за жал ги има ама не беа за темава дефинитивно.Ти кажуваш дека не си спремна за брак и кажуваш дека имаш поголеми очекувања и сакаш да постигнеш доста работи пред брак и ок си е,секој со своите желби и потреби има многу луѓе што се во брак и немаат којзнае што па живеат исполнет и среќен живот.Има многу брачни парови што живеат убав живот иако немаат свој стан а да речеме имаат стабилна работа па многу работи стекнале во брак.Не секој ја гледа среќата со исти очи.
     
    На Luna91, Sky-butterfly и Скопјетесакам им се допаѓа ова.
  5. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Се согласувам со тебе од све ова што го наведе,ама да чекаш да најдеш некој кој,ке ти купи кола(само за тебе),ке ти направи куќа,ке ти ја уреди куќата каква што сакаш ти,да имал незнам си каква плата,да бил незнам си од какво семејство,да не бил сиромав тоа не е матријалиста?Ако мене душата ми е среќна и полна со љубов од партнерот ми е гајле дали е од сиромашно или богато семејство,треба да се цени ЗДРАВЈЕТО што го дал ГОСПОД,и да засукаш ракавите и сам да створиш све што сакаш во животот,а не да чекаш од некој намазан ''мангуп'' што све му дале тато и мама,а незнае гзот да си го избрише.Доволно е да имаш поткрив над глава,и нормални услови за живот.

    Порано немале ништо,па биле 1000 пати по среќни од сите ние тука што сме,затоа што немало матријалисти и имало братство единство,а сеа све е матријално.

    А овие работи што ги наброја горе,за жал и некој ги има ради х причини од нивните родители,ама не застанале да ствараат за иднината,ама не на туѓ грб,него со свој 10 прсти.
     
    На duffi, Sky-butterfly и Annath им се допаѓа ова.
  6. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Абе точно дека без љубовта ништо не правиме, таа е само првичен потик за нашата животна борба, самосталност, успеси, труд итн.
    Но од љубов не се живее тоа е фактот.
    Може некој е среќен во една соба со куп дечиња, заедница и минимална плата, но може некој размислува дека тоа не му е доволното за среќа и исполнетост па најнормално не се задоволува со малку и кога може зошто да не постигне нешто повеќе во животот и воедно бракот.
    И значи не знам зошто се расправате упорно и докажувате кога секој си е со своите желби и својата среќа.
     
    На okcenzi, Luna91, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.458
    Пол:
    Женски
    Па кај виде ти дека некој тука чека партнерот кола да му купи или стан да му опреми или одмор да му плати ???
    Муабетот се врти околу тоа дека сите чекаат колку можат во границите на своите можности сами па и со помош на домашните да остварат нешто пред да влезат во брак . Ако имаш помош од дома пеки ако не сам ке се трудиш нема ваљда среќен да бидеш ако си со гол гз и не знеш дали утре ке имаш леб на маса да стаиш или сметките да си ги подмириш. Или среќен ќе бидеш зимно време на ладно и ти кипе вода од покрив ама битно не си материјалист со личноста која ја сакаш заедно ке се тресете во ладен дом.

    Не туку ги мешајте тие стеротипни муабети за материјализам и спонзоруши, не викам дека нема такви ама како гледам во последно време и девојките си отворија очи и сфатија дека тоа што сам ке ги сработиш и вложуваш во едно домакинство ти дава некоја индивидуалност и самосталност да не трпиш некое лигле сол да ти трие од глава. И крај краева џабе ми мене љубов ако секоја вечер си легнувам гладна, се мислам дали при следна настинка ке имам пари лекови да си купам, дали ке имам сметките дома да си ги платам или ке треба да ми гаснат струја од ЕВН во најладното. Нормално дека љубовта и вистинскиот партнер по крај нас не прават целосни ама да живееме во илузија дека само љубов е доволна да опстои врската помегу партнерите тоа е лага.Не за џабе рекле сите проблеми во бракот почнуваат да излегуваат на површина коа ке се појават финански проблеми.
     
    На okcenzi, bittersweet, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.620
    Не чекам некој да ми купи ништо.
    Погрешно читаш изгледа. Не гледам овде некоја девојка да кажа: чекам дечко ми/сопругот да ми купи кола, стан, да ми плати одмор.
    Сите до една се сложуваме во заедничкиот труд и напор за обезбедување на условите.
    Така што, погрешно си разбрал/а - не чекаме ништо до никој. Иначе не би биле воопшто во врска со некој кој нема. Од одма ќе си бараме некој кој има.
    Која овде жити се, рече дека бара некој од вакво или онакво семејство?
    Лупетање на кило!!

    Ако за тебе е доволно тоа, за мене не е, и нема мама ни тато да ми купат, ни спонзорот.
    Цццц, страшно.
    Има и многу среќни девојки кои се сингл, па ти ги етикетираше сите како несреќни.
    Намерно не те цитирав тебе, мислам дека барем ние кажавме што имавме да кажеме во однос на нашите ставови.
     
    На vitamina и Скопјетесакам им се допаѓа ова.
  9. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.684
    Пол:
    Женски
    а од
    Абе ок,девојки,јас не реков ништо за девојките,ама немој да ми кажеш дека жена која е сама на 45 години а чека да и се наредат сите коцки е среќна.Си наоѓале на 40 и на 50 сродна душа,леле мори мајко,приказни за мали деца.А ако ти се сметаш себе си за среќна уживај,незнам зошто се пронајде во муабетот на несреќните девојки.Јас само зборев за девојки што лично ги познавам и затоа дадов таков пример а сега ако некој си се пронаоѓа во мојот муабет не сум јас крива.И не сум ги етикетирала сите девојки како несреќни,прочитај пак па ќе видиш.

    @SuperGirl24 а што е денес гаранција во животот???Денес имаш,утре немаш. а може да е и обратно.Има многу луѓе кои работеле и имале добри примања ама преку ноќ остануваат без работа па животот преку ноќ им се менува.А кога веќе ги спомна спонзорушите,да не се сите такви ама за жал поголемиот дел се такви и ете тие таквите ќе трпат некое лигле да им трие сол над глава.И дај престанете со тие споредби да се седи во ладно,да се нема леб да се јаде,да ти тече вода од кровот и ред други работи што ги прочитав,нормално дека во такви бедни услови никој од љубов нема да се мажи,жени,туку се збори за сосем други работи и сфаќања ама секој си пишува како му одговара.
     
    На Luna91, stefanija70 и Скопјетесакам им се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Ај сега вака @Скопјетесакам знам оти си маж но не знам колку години си, дали студираш или работиш, дали твоите родители ти имаат обезбедено стан или куќа утре кога ќе се ожениш. Сега вака перципираш дека љубовта е доволна така?! Ама чекај ќе видиш ќе искусиш ќе доживееш кога ќе видиш дека од свој дом нема подобро, од приватност од малку поголем квадрат, настрана од мешање и солење памет, да си бидеш саж свој газда итн. Е сега не секој може да го оствари тоа нели и не секој може да си го приушти ова задоволство кое сум сигурна дека сите го посакуваат.

    Верувај дека ова со тек на време ќе ти исплива на површина и тоа како. Не е исто еве пример да си сам или имаш некоја си врска, а не е ни исто да си во брак или пак да си во припреми за истиот.

    @ivi1987 еве пример ти перципираш така, ама не суди дека некој ако чека и упорно работи и се труди за свој дом дека не е среќен. Напротив задоволството е троа поголемо, е сега пак ќе кажам може тебе обие работи не се ти важни за дефиниција среќа но има луѓе кои и те како им се важни овие животни прашања, еве ако имам можност да правам,да градам, да трпам, да се трудам за нешто повеќе зошто да седам стуткана во 1 или 2 соби, еднаш се живее, а баш животот е борба, ќе се борам за да утре не се стискам и не се јадосувам, да.
     
    На okcenzi, bittersweet и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Иви, очигледно не сме на иста фрекфенција, па затоа уште вчера не продолжив да ти реплицирам, си се искажавме и двете. Ама ова последново што го пиша стварно не ти требаше. Прво, дај Боже никогаш да не ја почувствуваш горчината на животот, никогаш да не ги изгубиш оние кои ги сакаш и секогаш да бидеш среќна. Еве од срце ти го посакувам тоа. За жал, има жени кои ги изгубиле нивните брачни партнери и стварно невкусно е од тебе да пишуваш дека наоѓањето животен сопатник на 40 или на 50 години било приказна за мали деца. Што треба да направат тие жени според тебе? Да се затворат во манастир, да не излезат од дома, да се предадат веќе зашто готово, им поминал возот за да најдат некој кој ќе ги прави среќни? Стварно срамота е да пишуваш вакви работи. Колешка на мајка ми се омажи на 50 и кусур години, па посреќна во животот не била никогаш. Ама добро, ако мислиш дека ова е нереална приказна и никогаш вакво нешто не се случува, јас не можам да те убедам.
     
    На Daleron, bittersweet, Аматиел14 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.684
    Пол:
    Женски
    Јас не осудив никој,супер за младите кои можат да штедат и да направат нешто во животот,нема ништо подобро од тоа ама јас поаѓам од себе,јас знам дека никогаш,колку и да штедев немаше да можам да купам сопствен стан и кола и да го прошетам светот и никогаш не патев по тоа,сакав и имам нормален живот,се борам секој ден за да направам нешто повеќе зошто мене нема кој да ми помогне и затоа се што сум направила сум направила со свој труд и горда сум на тоа.Откако се омажив и до кола дојдовме и до стамбен кредит дојдовме и на одмор идеме и иако за некого е гс место мене овие 40 квадрати ми се доволни и живеам убав живот а не зависам од никој.На крајот секој си ги пушта нозете колкава му е чергата а јас не сакам преку леб погача.
     
    На Luna91 и Скопјетесакам им се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^^
    Мислам дека таа повеќе збореше за прв брачен партнер на 40 или 50 години, значи си чекал да се нареди се, па ете тогаш дури се наредило па затоа брак. Не за вакви случаи какви спомна.
    Како возрасни сите знаеме како треба, ама убавината на младоста е и во лудоста. Се сакаме, ќе седиме во една соба, ќе јадеме леб и сол. На млади години и така се жвее, од љубов, и не е тешко. Таа наивност и невиност ретко кога пак ќе ја имаш за да влезеш во "ризик". Некогаш ќе се исплати, некогаш не, ама не секој има решителност и упорност, па и можности да прави долгорочни планови, па затоа често се надеваме на факторот среќа. И да не излезе како треба,тука сме, живи сме, ќе продолжиме како се може. Во две соби, со свекрва, во сопствен стан, со полно деца или сами со партнерот, со минимална плата или вртоглави суми, секој нека гледа да најде убавина во тоа што го има, само така ќе e среќен и задоволен.
     
    На Luna91, eloves, Giovanna и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Да машко сум и сум во години на ајде да кажеме маж,мојте родители не ми дале ама баш ништо од она горе споменатото(стан,куќа,кола,пари),ми дале здравје а за тоа најмногу сум му благодарен на Бога.Ја загубив мајками на млади години(да не објаснувам низ какви трауми поминав тој период),и останав сам.Ради тоа што татко ми си отиде на негова страна,а мене ме остави како знаам и умеам да си се борам сам против себе во животот.Денеска работам,не студирам бидејќи нема иднина во Македонија со студии,него имаш иднина ако го имаш правиот човек до тебе,така да затоа и сите имаат нели веќе дипломи од факултети ама седат дома,или работат келнери и шанкери по кафичи(за жал) .Имам потркив над глава,имам превозно средство,имам солидна плата,имам приватност,ама само јас си знам низ што све поминав,и колку години си скратив од мојот живот(ради нервози и тешкотии),сум работел све буквално во животот(но само да е чесно).И сеа јас да најдам некоја и да ја донесам на готово?Извини ама тој филм кај мене нема да го гледаат,кога ке си заработи самата,и кога ке успее самата да застане на нозе,тогаш може да делиме све по пола,а до тогаш секој ке си седи на она што го спечалил во животот.
     
  15. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.458
    Пол:
    Женски
    А зошто ти неможееш да прифатиш поинаков начин на живот од твојот.Ти си среќна со сопругот и детето ја сум среќна во Виена на Нова Година. Ете толку е едноставно,секој си знае што го прави среќен и никој никому не му ги мери животните одлуки. Сакам да имам нешто свое - не сакам да се стегам во заедница со свкор,свекрва и девер золва зошто НЕМА ДА БИДАМ СРЕЌНА ако така живеам. Мене перцепцијата за среќа ми е поинаква од твојата,што не значи дека ја сум подобра личност од тебе ниту дека ти си подобра личност од мене. Од кога знам за себе имам идеја и план во брак со гол гз да не ВЛЕЗАМ ,а понатака што ми носи животот не знам ако останам без работа пеки ке барам нова заедно со сопругот.Ама ја да си играм семејство со сопругот додека родителите без разлика мои или негови ми плакаат сметки и ми пунат фрижидер НЕ фала, од дома така не ме воспитале.Крај краева ни тие родители нема да бидат вечно на овој свет па да спијам на тоа уво дека има на кого да му се обратам кога е најтешко.Кога веке ми е полесно да остварам некои цели додека сум сама и без други обврски зошто да не се потрудам да го сторам тоа? Зошто да чекам во брак допрва коа ке имам други обавези околу домакинство и деца ? И убедливо најјак аргиумент ви е тој дека и во брак можам да останам без разбота. Па да може и во брак да ме удри кола или инфаркт на 35 години и што ? Ко циган од денес за утре да мислам само како ке живуркам?Глупи сме ние што сакаме нешто свое да имаме па макар и 100 евра под перница или ќош некој збутани .

    За туго гајле берење први значи ПРВИ .Партнер од небо така лесно пага.Искачам во град, стојам на шанк ми приога Лепи Цане што прв пат го гледам во живот ми вака Омажи се за мене и ја тука еднорози на виножита гледам пред очи од среќа како ми прелетуваат. Срамота што ги маргинализирате така лугето дека ако на 40 години најдат некој за себе нешто им фали и се уфилмани кои многу пребирале и не знаеле што сакаат да во животот. Да сте виделе малце поголеми љубовни проблеми во живтот пред да стапите во брак ќе сте сфателе дека не сите ја имаат таа срека да останат заедно до крајот на животот со средношколската симпатија.
     
    На okcenzi, bittersweet, eloves и 8 други им се допаѓа ова.
  16. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.684
    Пол:
    Женски
    Оф лелеее,ти сега ептен ги измеша конците.Значи јас не зборам за жени што ги изгубиле брачните партнери па се премажиле,значи ептен ги извртуваш работите.Ајде вака по незнам кој пат,јас зборев за пријателки кои сакаат удобен живот а се сами и зборат дека сакаат вистинска љубов а бараат нешто сосема друго и затоа се несреќни,Друга работа,кога бев девојка во моето маало имаше една жена која наполни 45 години и остана сама затоа што на секој маж му наоѓаше маана и да,бараше премногу,живот од бајка.Затоа те молам немој да мешаш работи и да пишуваш работи кои не сум ги ни помислила.
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Епа добро, ај ако не кажи кои жени смеат да склучат брак на 40 години, а кои не |( Значи тие што веќе биле во брак претходно - океј, може. Тие што им е прв брак, зашто „барале многу“ (а може едноставно па и не нашле партнер каков што им одговара) - ааа тие не може, тоа се приказни за мали деца.
     
    На bittersweet, Doozy, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  18. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.684
    Пол:
    Женски
    Значи,каде ти мене ме прочита дека јас зависам од некого па сега солам памет тука?Дај те молам прочитај што пишувам па после кажувај ми.И јас штедев пред брак а бев во долга врска пред брак ама неможев да заштедам доволно за стан или кола.И што,мојата одлука била неисправа,јас животарам а не сум уживала сама во животот.Дај ти се молам.Ти уживај си така,а јас вака и тоа е тоа.Јас си кажав мое мислење ти твое,јас немам намера на некого да му го наметнам моето мислење како што правиш ти на пример и многу други.Дај олабавете,никој не ве фати за врат а се запаливте ептен.Ако се пронајдовте во муабетот пак ќе кажам не е моја вина.
     
  19. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    76.684
    Пол:
    Женски
    Леле,немам зборови веќе.Значи ти си имаш твое мислење,јас мое.Тебе моево очигледно те погоди па атоа неможеш да се помириш.Јас уживам во мојот живот ти уживај во твојот и тоа е тоа.
     
    На AnaKarenina и Скопјетесакам им се допаѓа ова.
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Да бе, стварно ме погоди :D Затоа ова се вика форум, нели? Да дискутираме, да си реплицираме кога немаме исто мислење. А друг пат кога ќе пишуваш, треба да бидеш спремна да си го одбраниш твојот став и да си останеш достојна на зборовите ;)
     
    На Mishela, bittersweet, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.