Си останувам и на мислењето и на зборовите.И да,јас пак би го направила истото.Никогаш не барав многу од животот а добив многу повеќе од што очекував и тоа да,со човекот што го сакам,па за мене нема поголема среќа.Уживав со него во врска,а сега во брак многу повеќе.И среќна сум што све сме стекнале сами во брак.
Ти не кажа жени во климактериум, туку девојки. Извини, ама биди концизна, не можам да знам што мислиш, туку што пишуваш. И не знам како воопшто се дрзнуваш некоку да му одредуваш што ќе му биде среќа, па уште и кога ќе ја најде.... Јас па ти кажав за девојки (сега веќе жени) кои основаа семејства на 30+ години, тоа не е репер - да се разбереме, сите се дружиме со луѓе слични на нас. Што значи, тебе ти е океј групата на млади родители и си се пронаоѓате во заедничките интереси, проблеми, па и сфаќања за среќа. Тоа не значи дека оние кои го перцепираат различно животот, се помалку среќни или несреќни. Среќата е толку интимна и индивидуална работа, што не верувам дека ќе најдеш две особи кои ќе имаат сосема иста перцепција, без отстапки. И кога сме кај познанствата, тетка ми има 42 години, универзитетски професор е и има 2 годишен син. Сакаш да ми кажеш дека е несреќна, дека повеќе ја познаваш од мене? Секој си знае што му е среќа и што му е доволно, ете на неколку нас овде ни е екстремно лошо да живееме во заедници, а колку ќе чекаме - наше е. И ако чекаме до 30, 35 години, не значи дека сме несреќни, само сме свесни дека не можеме да имаме се, во секое време. @Скопјетесакам кај се најде ти во муабетов не знам. Дури ни една не рече дека бара маж со се веќе стекнато. Туку не се мажиме додека не стекнеМЕ (значи маж+жена заедно) основни услови (а за секого се различни основните услови) за живот. И никој не НИ купува, фала Богу сме способни и сами да работиМЕ.
Јас на никого не му одредив ништо туку само го кажав моето мислење.А тоа што ти се пронаоѓаш во секој мој пост тоа е твој проблем.Јас себеси се гледав како млада мајка и сопруга а некои воопшто не се гледаат во таа улога.Јас си кажав според мене што е ок и исправно и како јас гледам на овие работи,патем и темава е за да се даде мислење дали треба да се чека да се среди се па брак или не и јас се изјаснив.И доста се правдате со тоа што ги напаѓате другите со тоа што се со спротивно мислење од вашето.
Па и каква генерализација се направи, едните во брак мизерни, другиве сингл, среќни и исполнети. Или во обратна насока. Ко божем нема и такви и такви од двете страни. Се додека си гледате сами за себе, правите и одлучувате како што вие сакате, а не од што ќе речат другите сте на права патека. Ако сакате да чекате зашто вие мислите дека е исправно чекајте, ако сакате да се земете зашто така сакате, а не зашто Петко, Станко рекол ауууу овие уште не се земале, венчајте се. Јас лично не чекав зашто така сакав, зашто сметав дека нема да дочекам и не сакав годините да ми поминуваат без него, да се испраќаме во ниедно време и да се договараме кога да се видиме, да немаме секс каде да имаме. Тоа беше наша одлука, иако ни викаа рано е, немате каде, бла, бла, ако јас сум сигурна во нешто, многу ми е гајле ти што мислиш. И ете, заедно се бориме, си штедиме, си трошиме, си создаваме, си водиме сметка, ама за ништо не би ги сменила овие години и таа одлука. Така што ви препорачувам што и да одлучувате да го правите тоа со отворени очи, за подоцна да не се каете. Во кој било случај.
Да си кажам за мене лично, јас и мм долги години живееме и се бориме заедно за нас двајца. Ете седнавме на астал и решивме дека сакаме нешто повеќе во животот, се договоривме и се бориме за нашата цел. Патот ни беше доста долг и макотрпен но ете сега сме на самиот крај од нашето патешествие, и да, не сакавме ниту јас ниту тој да се задоволиме со малку бидејки сметавме дека можеме многу повеќе додека стиснеме заби и се помачиме малку повеќе лично за нас. Ова е само наша дефиниција за животот, што не мора да значи дека истата ќе биде исправна за секој човек. Да потенцирам дека зборувам за мене и мојот маж, а не дечко со кој се испраќам среде ноќ.
Извини кога твоето мислење е генерализација за голем дел од жените, тоа е мислење, а ако јас кажам “овие па многу знаат, испородиле деца на млади години, ништо од живот не виделе“ тоа е веќе навреда и мешање во туѓ живот. Те молам. Јас не се пронајдов во ниту еден твој пост. Ама тоа што ти наведата ја пакуваш во “тоа е мое мислење“ сигурно нема да се наведнеме и да ќутиме. Се убедуваш тука дека се несреќници немажени гледаш, а кога ќе ти се укаже спротивното, ние се пронаоѓаме, или ти си имаш свое мислење... Сите имаат свое мислење, знаеш, нели? Ама твоето врска нема со вистината. Живеј си го животот што си го одбрала, имај си мислење за нас несреќниците, ама кога на јавен форум ќе истрескаш такво нешто, не знам што очекуваш. И ти многу сакаш. Си се мачела. Мака не си видела. Седи раат.
Не е за голем дел од жените туку за одредени жени и девојки.И јас никого не навредив туку да,си го кажав моето мислење.А ако ти се сметаш за несреќница тогаш поработи на тоа да го смениш а не мене да ме убедуваш дека моето мислење нема врска со вистината.И незнам што толку се мачиш со моето мислење.Јас кажав јас како сум среќна и знам поединци што се несреќни од што чекаат,значи две девојки што ги познавам добро што чекаат а не зборев за сите,така да нема потреба да се вртиме во круг.Плус незнам ти што се најде повикана во несреќните кога ете ти кажуваш дека си вака среќна и исполнета а кажуваш и дека не си сама затоа не си отварај дебати без потреба зошто мене неможеш мислењето да ми го смениш.Гледам дека упорно сакаш да ми го наметнеш твоето дека е добро а моето дека нечини.А јас далеку од тоа дека сакам да разубедам некој или да го наметнам моето мислење.Јас тоа што сум го сакала го имам и среќна сум а ти исто биди среќна со тоа што го имаш и исполни си ги целите кои ти се поставени во животот и нека не те допира тоа што некој има спротивни сфаќања и поинаку гледа на животот.
Има потреба да го цитирам повторно првиот пост? Ајде: А девојки што чекаат живот како од бајка на крај остануваат сами и несреќни зошто го пропуштиле најубавото. Значи? Не ни сакам тебе мислење да ти менувам - ич, и каде реков дека твоето не чини? Де цитирај ме - те молам. Реченицава ти е далеку од вистина на повеќе начини: 1. Животот од бајка се разликува кај секоја девојка посебно (а после се префрли на климактерични жени, ама ајде) 2. Сами и несреќни - ако имаш некоја неомажена и несреќна, не, тоа не значи дека се сите такви, или повеќето такви 3. Твоето најубаво не значи дека на било кој друг е и симпатично, а не па најубаво.
Lele ama gi izmesavte rabotite....Sekoj e razlicen, kako vi e ubavo taka. Sekoj e so razlicni potrebi i tolku razlicni prikazni ima. Sekoj ima razlicen pogled na zivotot i razlicni nesta go pravat sreken. Ama kolku i da ne sakame da priznaeme, ova trfnuvam od sebe, sepak sepak godinite ne se samo broj. Pogotovo go iskusiv toa koga gi dobiv decinjata, moeto najgolemo bogatstvo. Kaj mene taka se naredija rabotite, imav zdr problemi i ne mozev da biram, ama sega mi e edinstveno zal sto ne gi rodiv pomlada. Denes ne e problem, i na 40,i kusur bez problem we radjaat decinja, ama sepak e polesno ako si pomlad. Znaci ne zboram,za ekstremi, nemaat rabota, nemaat leb da jadat i sl, i zboram licno za sebe. A inaku, smetam deka, iako e pretesko vo nasava zemjicka, sepak treba mladite ra se vo moznost da se izdrzuvaat samite pred da stapat vo brak, da ne cekaat od nikogo za osnovni raboti. Drugoto samo neka e zdravje ke go steknat i zaedno. Vazno da ne cekas dr da ti gi plati smetkite, oti tek,togas sledat mesanja i nervozi
Па добро не ме ни чуди дека и оваа дискусија отиде од крајности во крајности, некој чул не дочул, па се избртеа 100 работи итн а некој од тука можеби сакаше само да каже дека има доволно време за се. Типот за муабетите од 40 плус може не ги ни ставал на крај памет како што почнавте да реплицирате вие. Сите имаме свои цели и замисли, дал некој ќе се дразни да суди, да гледа на кугла дали некој е среќен или не, да претпоставува итн нема ништо да смени за било кој! Да така сувишно е.
Еве повели...Ти мене ми го укажуваш спротивното.Јас сум кажала пример во контекс на темава а никаде не напишав дека сите што се сами се несреќни туку девојки што лично ги знам.Секој си избира како ќе живее,кога и дали ќе оформи семејство и што му е потребно за да биде среќен.Јас сум си ја нашла мојата среќа што во други очи е далеку од тоа и тоа е нормална работа.Ниту еден човек не сака исти работи и нема ист живот,секој според своите потреби,можности и очекувања.Секој одлучува како ќе живее и како ќе размислува за работите во животот.Јас за темава мислам едно ти сосем друго ама тоа не значи дека ако јас мислам спротивно од тебе и го кажам тоа ти треба да ме разубедуваш во спротивното или да се лутиш за одредени работи кои сум ги пишала.А јас воопшто не се грижам што некои луѓе мислат за мојот живот и дали им се допаѓа.Тоа е моја одлука,моја среќа а што другите ќе кажат за тоа ич не допира до мене.Ете така треба сите да живееме а не да се докажуваме и да на секој начин се обидеме да ги разубедиме во спротивното.
Егзекли. Не мора и ти да се разубедуваш, сум те забележала и на друга тема како развлекуваш до бескрај и нонстоп реплицираш. Она "јас не навредив никого, само си кажав мое мислење" изгледа ти е животно мото. Ако некој се навредил, значи си навредила. Инаку, чекањето не се’ за мене значи чекање да си спремен. Некој е спремен рано, некому му треба повеќе време. Нема некое универзално правило кога треба да се стапи во брак, секој си носи своја одлука и не можеш ти да му одредиш дали ќе биде среќен/несреќен и дали требало порано/подоцна да го направи тоа.
Извини ама ова твоево сега е навреда.Јас разввлекувам до бескрај и нон стоп реплицирам???Никој не те тера да ги читаш моите постови,само прескокни и продолжи понатаму.А ако на мој пример некој се навредил тогаш незнам што да кажам.Јас на никого не му се обратив и лично не го навредив така да не држи вода кажаново.
@ivi1987 вие имате сопствен дом? Да. Тогаш не туку се дразнувај да делиш памет кога и твојата цел била ништо повеќе или помалку иста, да не била ќе ви бил животот троа поразличен. Ама нели лесно е да куцаш од сопствениот дом и да кажуваш правила на другите.
Јас кога се омажив немав ништо,само стабилна работа и тоа ми беше доволно за да почнам.После тоа во брак и до кола дојдовме и до стамбен кредит без учество дојдовме а претходно живеев цела година во заедница па под кирии.Јас затоа реков дека се што сум стекнала е во брак а не претходно.На крајот на краиштата неможам да бидам сигурна дека ќе остане мој станов,го плаќам 25 години а работата сега е стабилна а од кај знам дека утре ден нема да ми виси на конец.Затоа се дрзнав да пишам дека не треба да се чека да се наредат сите коцки па да се оформи семејство и пак не убедував никој.Јас знаев дека ниогаш нема да можам да заштедам ни за учество ни за стан зошто долго време лутав по банки и немав никаква шанса да соберам 15000 евра.
Иви бе не ме разбираш што сакам да ти посочам очигледно. Еве и јас сум во брак сваќаш?! Не сум чекала да изодам и да се испраќам со мажот ми за да имам свое. Ама еве правиме 100 жртви за да успееме заедно, кратиме од се, поагајки од најголемите животни вредности. Значи правиМЕ како што кажа камелија. Зборот ми е дека и вие сте ги имале истите цели со маж ти, да не сте ги имале немало да одите под кирии и да подигате кредити за свое нели?! Ќе сте биле и сте среќни во вашето. Да така излишно е да се контрира бидејки и ти плус минус си со иста брановита должина.
@ivi1987, ете мене лично ме погоди во слаба точка сугестијата дека сум била несреќна кога сум била сингл девојка! Сега сум во долга врска и сум среќна но совршено бев среќна и пред да го запознаам. Имав (и уште имам) куп другарки и постојано нешто правевме, шетавме, се дружевме, во ниеден момент немав помислено дека нешто ми недостига. Иритантна ми е самата помислата дека некоја мажена врсничка од страна би се дрзнала да коментира како не сум среќна само затоа што сум „сама“, тоа го сваќам како умаловреднување на сите сеќавања кои ги имам од тоа време, како и дружењето со сите мили личности зошто ваќа испаѓа дека дружбата со нив е помалку вредна од дружбата со дечко ми. „Блескаше кога се запознавме„ понекогаш знае да ми каже дечко ми, што е (веројатно) точно зошто ние се запознавме во еден од најубавите периоди од мојот живот. Јас го сакам дечко ми, би умрела за него но тој не беше мојот принц во сјаен оклоп кој дошол да ме спаси од сивилото и монотонијата на мојот самачки живот, напротив, тој беше јаготката врз шлагот на веќе превкусната торта. Исто така, смешно е и излишно да зборуваме сега за тоа кој колку имал среќа (во љубовта а и воопшто), тие заклучоци можеме да ги сумираме кога ќе имаме над 60. Некој својата сродна душа ќе ја запознае уште во основно училиште, некој на 20 години, некој на 30, некој на 40. Ќе кажам за мене. Јас сум дете на разведени родители и сум голем скептик кога е во прашање љубовта, односно знам дека понекогаш само љубовта не е доволна за парот да успее. Оваа врска во која сум ми е најдолга до сега од проста причина што имам високи критериуми, кои не се ни физички ни материјални (дечко ми беше невработен кога се запознавме) но знам кои карактеристики ги барам кај еден партнер а кои не. Навистина долго чекав но го најдов тоа што го барав, дај боже секогаш да ни биде вака убаво. Имам другарки кои се со идните сопрузи уште од средно но имам и другарки кои сеуште се сингл зошто не сакаат да се задоволат со било кого. И зарем дека сега треба да мислам дека тие се принцезираат па извољаваат или полошо, дека се несреќни што се сами? Лесно е да се запознаваат нови луѓе, тешко е да го најдеш тој вистинскиот. Подобро е да почекаш колку што е потребно додека да се појави вистинскиот отколку да влезеш во брак од страв да не останеш сама.
Извини што те навредив. И искрено ми е мило што си среќна, супер за тебе. Остави и другите да бидат среќни на начин како што им одговара. Инаку, многу јасно е твоето прво мислење, немаше потреба од толку разглабање. Прво го напиша општо, после испадна дека е за девојки (жени) што ги познаваш - се омажиле доцна и се несреќни. А зошто се несреќни? Дали жалат што не се омажиле порано? Што точно пропуштиле? Ме интересира што мислиш - дали би биле среќни да се омажеа на 24 години? Зошто мислиш дека твоето било правилно а нивното не? Ако сега се сами, не значи дека секогаш ќе биде така. Едноставно човекот што го имале на таа возраст која за тебе е соодветна за брак не бил вистинскиот. Ако базираш мислења врз вакви индивидуални примери... До карактерот е. Жена со ваков карактер, што бара премногу од партнерот, во брак би била уште понесреќна. Уште полошо - цело семејство би го направила несреќно. Не чекаме зашто бараме премногу. Чекаме затоа што сакаме да го создадеМЕ минимумот за пристоен живот. Oва множинава специјално за типот што мисли дека жените чекаат партнерот да им створи услови за да појдат на готово.