1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чекање на сè....па потоа брак

Дискусија во 'Брак' започната од Snow-Queen, 9 мај 2012.

  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    76.684
    Пол:
    Женски
    Не,туку воопшто не се омажени зошто сакаат удобен живот во смисол свој уреден стан,кола,стабилна работа,добра заштеда под перница и нормално многу патуваат зошто еднаш се живее.А после тоа го имаат муабетот...Блазесити што си се среди,јас неможам дечко да си фатам,сите се вакви,такви.Ете за ваков пример зборев од девојки што многу добро ги познавам и ми се блиски.Па затоа беше оној дел дека чекааш живот од бајка па остануваат сами и несреќни а не зборев за девојки како Камелиа што штедат за стамбен кредит имаат долга врска и сакаат да се осамосталат,јас напротив и ги поддржувам тие работи и тие девојки се за пофалба,многу треба да се огледаат на нив.Ама за жал погрешно бев сфатена и темата и моите мислења се извртеа и отидоа во погрешен правец.
     
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    A не ми го постави ти мене истово прашање, и тоа без да те цитирам?
    Абе Иви, двојни аршини си имаш, ама тоа е.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    76.684
    Пол:
    Женски
    Тоа беше во склоп на темава,башка се разви јака дебата па затоа беше поставено прашањето,а и не е забрането.Ама јас за тебе никаде не напишав дали ти развлекуваш по темите или цело време реплицираш,дал идеш контра или незнам што така да нема споредба :hai: Во многу теми те читам и некаде се согласуваме па дури и лајк ти ставам а некаде не и разговараме ама не се навредуваме,далеку од тоа.
     
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Па нивниот живот и не изгледа толку лош, не мора да значи дека се несреќни. Тоа што сакале го добиле. И правиот партнер ќе дојде во свое време.

    Еве јас имам другарка што роди релативно рано и и’ беше срам да отиде на 10 годишнина од матура затоа што детето веќе одеше во школо, а сите другарки се’ уште се забавуваа. И сега шо прајме? Таа си е сепак среќна со своето семејство и никогаш не би рекла дека е несреќна затоа што ја донела таа одлука - тоа било правилното за неа. Нема тука никакви генерализации.
     
    На Tanjamm, CameliaMiller и vitamina им се допаѓа ова.
  5. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    76.684
    Пол:
    Женски
    А кај прочита дека го добиле тоа што го сакале.не,сеуште сонуваат за тоа и сеуште се сами а тоа трае верувај долго време.А ако на секој дечко му се наоѓа маана тогаш проблемот е во самите нив,нели?
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Не, не ми рече дека се развлекувам, ме праша зошто дискутирам (тоа е објаснување со некој кој не го дели моето мислење, со тие со кои си ги делиме мислењата се лајкуваме).
    Не, не е проблемот во нив.
    Подобро партнер каков што сака, него каков било, само да се омажи.

    Јас сфаќам се, и на 16 да се омажи некоја ќе сфатам, ама мажење ради реда, да не помине возот, е тоа не сфаќам.
     
    На Tanjamm и vitamina им се допаѓа ова.
  7. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    76.684
    Пол:
    Женски
    Не,далеку од тоа да се омажи ради реда,тоа е веќе мачење.Ама неможе да нема мажи и сите да нечинат,тоа ми е зборот секогаш се наоѓа маана дека му фали ова или она а после патат за вистинска љубов,кога им се пружила барале нешто друго и така во круг.
     
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Иви, вистинската љубов не е во добрината нечија, таа хемија нема разум во себе.
    Што значи дека ако другарка ти нема никој, тоа е зошто никој не и го привлекол вниманието доволно.
    Она може да зборува што сака, ама кога некој ќе и ги разбранува чувствата, нема да гледа ни дали има куќа, ни дали има гаќи :) Сите овие работи (материјални) се гледаат подоцна.

    Така што, другарка ти ќе си ја најде среќата, кога тогаш.
     
    На vitamina, Tanjamm и ivi1987 им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Јас не гледам зошто тоа шетање го гледате како проблем. Луѓето што шетаат жени или мажи имаат поголеми шанси да најдат адекватен партнер. А таа што се омажила на 16 години се омажила за првата симпатија, за правата љубов , за првиот дечко. Точно е дека има жени на 35 години кои не знаат што сакаат, ама па има и мажи такви. Ниту една жена нема да одолее на внимание од човекот кој и се допаѓа.

    Инаку во неврзан муабет за една јавна личност, маж му рече една жена “тој нема семејство, а годините му врват“. Го коментиравме дека успеа и постојано е во странство. Ама кариерата не му пречи, зошто би пречела за да не се ожени?Постојано е со нови луѓе,шета и има поголем круг на луѓе, па може да најде сродна душа.

    Е сега јас верувам дека постои судбина и дека некои работи се предодредени, не можеме да ги смениме. Моја другарка велеше “Ќе завршам факултет, ќе најдам работа, па тогаш ќе се мажам“. На крај едвај 4 година средно заврши, затоа што бегаше од часови, се шеташе со дечкото. По матура се вери и сега седи дома, а мажот се шета кај сака. Не виде ни факултет ни работа. Човекот се менува или животот го менува човекот.
     
  10. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    Ne znam sto tolku ja napadnavte @ivi1987 i i gi isprevrtevte postovite. Jas i ja razbrav poentata zatoa sto licno poznavam zeni koi od mnogu biranje si ostanale sami i se kaat radi toa. I jas sum so toj stav deka godinite ne se samo broj. Ne znaci deka treba po sekoja cena da forsiras raboti vo mladost, ama i na 50 godini seuste single ne mi e normalno.
     
    На ivi1987 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Лунче скраја да е од ова што зборуваш. Еве може јас ти на рајко петко не ни е нормално ама може на некој друг му е сосема нормално сето ова нели?! Не може да се генерализира, фактот дека секој човек има различни желби и ставови е чиста вистина.

    Пример може на некој друг не му е нормално ти да имаш дооолга врска, или пак не му е нормално нешто сосема друго нели, што за тебе е?!
    Затоа реков ова е индивидуална работа, тука се работи за различни критериуми, ставови, карактери, изживеаност. Не е црно - бело.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Мене па не ми е нормално да не бираш кога станува збор за партнер.
    Она - дај шта даш.

    Оттаму и несреќни бракови, дисфункционални семејства, неверства...
    Ништо не треба по секоја цена да се прави.

    Ни образование, ни избор на партнер, ни прокреирање.

    Јас ништо не сакам половично и ништо не правам половично - или како што треба, или ич.
     
    На Daydream, Doozy, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Dorian Gray

    Dorian Gray Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Машки
    На никој не му е нормално тоа. Затоа не би постоел билионски бизнис од жени коишто се обидуваат да забременат во доцните години. Физичката атрактивност на секоја жена после 40 години опаѓа со голема брзина, сексуалната фрустрација се зголемува, социјалниот живот добива на неквалитет. Тоа не е право на избор, туку здрав разум.

    Прашај било која жена која добила деца во доцни години дали е исто чување деца во репродуктивната младост или во доцните години. Девојки коишто млади се омажиле и родиле дете не чувствуваат несреќа поради тоа што го направиле, туку поради секојдневниот притисок кој го доживуваат од општествените текови коишто и наметнуваат некаков срам и вина, затоа што условно не се „изживеала“ во младоста. Што го спречува некој да шета и на 50 години?
     
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Да ја викнам мајка ми на форумов да ти ги објасни предностите на раѓање деца во подоцнежни години? Од прва рака и тоа :)
    И тоа ептен знае што зборува, мене на почеток на дваесеттите години, сестра ми крајот на триесеттите.
     
  15. Dorian Gray

    Dorian Gray Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Машки
    Дали мајка ти е единствен веродостоен и легитимен пример за жена во светот?

    Да ми објасни во смисла дека таа погрешила што ве родила во таа доба од животот или?
     
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Не не е, бидејќи е само еден примерок, ама ти па не понуди никаква поткрепа на твоето тврдење.
    Ај што не можеш да раѓаш, бар да приложеше студија, што било, прва братучетка искуство...

    Да, за мене мисли дека избрзала и не била спремна целосно за тоа што значи да се биде мајка, била млада, неизживеана. Не дека од дома не излегоа со татко ми, ама не е исто да студираш и тоа да ти биде единствена окупација, и истовремено да студираш, да чуваш бебе и да се мислиш од каде пари да најдеш за пелени. И токму тоа е причината за толкавата разлика меѓу мене и сестра ми.

    За сестра ми и беше многу полесно, пред се од финансиски аспект.
     
  17. Dorian Gray

    Dorian Gray Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Машки
    Не ме сфаќај погрешно. Јас не се заложувам за влегување во брак само, затоа што го изгледала „50 нијанси на сиво“ и мисли дека така функционира животот, но вечно наоѓање изговори дека не е време ни место за врска, брак, деца или да ја чекаме идеалната прилика за било што во животот не е ни тоа никаков показател во кој треба да се движиме. Да беше така ништо на овој свет немаше да се создаде, а најголем дел од нас немаше ни да пишуваме моментално и да се радуваме/тагуваме на овој живот. Баш има милиони пример на луѓе кои во криза биле најпродуктивни, затоа што природниот порив за преживување ги пробудиле сите нивни сетила и таленти на креација и продуктивност.
     
    На VladeMila и Luna91 им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Се е тоа точно, ама добрите одлуки се носат со ладна глава.
    Јас преферирам да си измерам што можам сега (и во догледна иднина, нормално не 20 години од сега).
    Има нешто во народната - што си сеел, тоа ќе жнееш.

    Не е важно толку кој кога раѓа или кога склучува брак, колку што е важно да биде свесен за придобивките но и за последиците од одлуката. Секоја ваква одлука си носи последици, посебно ако не се задоволени некои основни потреби (пр. стабилни финансии, живеалиште). Треба да се внимава затоа што се што е незадоволство за една личност, создава фрустрации, кои се одразуваат понатаму и на потомството :)

    За да не биде само мое гледање на работите, ова е пирамидата на потреби според Маслов
    [​IMG]

    Секогаш и секогаш на прво место се основните потреби: храна, вода и сл.
    На второ место е безбедноста (во нашиот случај - дом)
    А љубовта и припадноста го добиваат тек третото место.

    Првите две се потребни за човек да преживее, третата е основна психолошка потреба, а за да зборуваме за исполнета и реализирана личност е неопходно да се запазат и последните две. Само со првите три доаѓаме до моментот каде што човекот егзистира, но не живее во вистинска смисла. Животот станува досаден, монотон. А при таков живот шансите љубовта и припадноста да исчезнат и да се претворат во толеранција се големи.

    Затоа да, треба прво човек да се познава себеси и да знае што сака. Не треба вртоглаво да се впушта во нешто, само затоа што тое е очекувано.
    Дури и никогаш да не создаде семејство или да роди, во ред е, се додека е тоа избор на самата личност.

    Неприфатливо ми е да се мажам или да родам само затоа што тоа од мене се очекува.
    Ќе направам се што сакам да направам, кога ќе мислам дека сум сигурна сосема во својот избор, и кога на чисто ќе бидам со реалните состојби, и од финансиски, и од психолошки аспект.
     
    На bittersweet, Nausicaa, vitamina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Dorian Gray

    Dorian Gray Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Машки
    Тргни ги на страна тие сликовници од модни списанија.

    Храната, водата, климата се основни работи со коишто човек преживува, а љубовта и сексот се само последица на нашиот природен порив за размножување и продолжување на нашето стебло. Нема тука право на избор, туку на здрав разум.



    На второ место е безбедноста на домот? Како ти ќе го штитиш твојот дом, а во случајот си жена? Ќе повикаш полиција и војска? Да, тоа ќе го сториш во првата намера, но кој ќе служи во војска и полиција ако децата се право на избор, а не потреба и закон? Тоа твое размислување е исклучок, а не правило. Претпоставувам под притисок на помодарство ( колку и да негираш)

    Во многу примери те приметува дека ја истакнуваш таа твоја “силна“ женска страна и независност, а живееш со дечко многу години. Која е потребата да живееш со него кога и онака тврдиш дека си независна и можеш самата да преживееш? Можеби требало мајката на твојот дечко да не го раѓа и тој само да биде нејзин избор во животот, а ти сега да не ги задоволуваш своите љубовни, сексуални и репродуктивни потреби?
     
    На VladeMila и Daleron им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Сликовници од модни списанија?
    Дечко, тука завршуваме. А мислев ќе си правиме озбилен муабет.
    Мислам дека е добро пред да коментираш некому, барем да го исчиташ и разбереш коментарот, ако нешто не разбираш да си прашаш или изгуглаш.
    Се ова што си напишал нема никаква врска со мојот коменар, туку е интерпретација (не баш успешна) на нешто за кое очигледно немаш поима, чим го нарекуваш “сликковница од модни списанија“.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.