Ако на тебе не ти е, на други им е нормално кој дел од муабетот не го разбираш?! Секој живее онака како што сака и онака како што го исполнува..онака како што можеби животот му налага, пак ќе кажам по 100 ти пат не можеш да генерализираш. Не знаеш што ќе те снајде во животот - не знаеш! Немој да судиш и да велиш дека е ненормално, бидејки не знаеш кој каква мака си има. Само тоа ќе ти кажам.
Добро на страна финансиските аспекти и помодарство,вие свесни сте дека не се наога така лесно партнер во денешно време? Свесни сте дека се е пореметено како мажи така и жени ? Знаете што значи да се сруши светот врз твојата глава кога заради х причина ке заврши долгогодишната врска за која си мислел дека ке прерасне и во нешто повеке? Небото и земјата се спојуваат во тој момент, пеколот пред очи на своја кожа го осекаш како ти ја гори кожата и те сече на најситни парчиња како лист хартија коа ке те перне. Знаете колку луге после таков раскин им требаат години да се соземат? Особено ако тоа се случило во доцните 20ти години. Не се сите од камен ај ке плачам недела дена после тоа ко ништо да не било тераме даље со наредниот што ке дојде. И јас лично бев во долга врска која водеше кон брак и која за жал или за среќа се распадна. И знаете што ? Првите 4 месеци од тага и шок седев во соба гледав во 4 ѕида и живеев на кутија цигари. Кога поминаа уште 4 месеци почнав полека полека да се вракам во нормала да излагам да запознавам луге ама повторно не беше тоа-тоа зошто и Бред Пит пред очи да ми беше јас сеуште го сакав бившиот и немаше сврха да почнувам нешто ново со друг кога во мислите и во срцето имам друга личност. И така поминаа уште 4 месеци кога решив да се пресечам и да кажам Доста веке плачеш по него , па одлучив да се посветам на себе да си пружам мали задоволства на себе патувања и шетања за себе зошто ЈАС како индивидуа сум најбитна и ми е потребно да си дадам на значење да се вратам во живот да бидам личност во најдобро можно светно на емотивен план за да можам таа личност да му ја понудам на некој друг. Да не бидам исфрустринано и искомлексирано створење кое не може да се помири со пропадната врска. И така помина 1 година. Запознав некој, имам дечко ама сеуште не ја гледам иднината со него. Едноставно не е тоа што го барам кај човекот со кој сакам да се будам секое утро до крајот на животот. И сега? Треба да останам со него зошто сум стара 28 годишна мома и ми лета возот за мажачка и деца ? За да не ме зборат комшии како сум стара мома немажена и НЕСРЕЌНА зошто нема никој покрај себе и нема деца на овие години, несреќна зошто пребирала многу и не знаела што со себе ? НЕ , напротив среќна сум ,знам дека се ќе си дојде на свое место. На некој вистинскиот партнер му дошол на 20 години мојот можеби на 30 а можеби и вечерва кога ке излезам во град ке го упознаам . Затоа пред да судите зошто е некој сам особено на постари години размислете дека можеби има некоја друга приказна скриена во него освен препичот и незнаењето што со себе да стори на 35 години. А пак ке кажам кој не видел мака на љубовно поле никогаш нема да знае каква болка е скршеното срце и колку време му треба да се залечи.
Se gledas crno belo. Jas nikade ne pisav da se omazis so prviot sto ke ti se nasmevne, normalno partnerot treba da ti odgovara. Ama i da se fakas za sitnici i da baras nekoj bez maana ne ide. I jas sakam da si go planiram zivotot no nikogas rabotite ne idat po plan. Kolku i da se trudime se da natokmime, povtorno izleguva nekoj nov problem. Ako cekame idealen moment za brak nikoj ne bi se zemal. Mnogu gledate crno belo na rabotive, postojat i drugi boi. @SuperGirl24 stara moma na 28 ne me zezaj Muabetov bese za zeni vo poodminati godini. Jas go razbiram toj tip na problem, no mislam deka so vreme se se nadminuva.! Sigurno ti nema da tazis po bivsiot 30 god, osven ako sama taka resis sto e ludost.
Луна, ама тоа важи за тебе и твоите избори Да се биде сопруга и мајка е избор, не е нешто морално Затоа ти викам - подобро да не влегуваат во брак од погрешни причини, малите работи со тек на време ќе станат големи
Убаво кажано. Блиска сум со девојка на 33 години која има врска од 10 години и сака брак, деца, ама свесна е дека тоа нема да го реализира за брзо време. Партнерот не и спомнува за брак, а цела младост ја помина со него. Не знаете кој какви маки, трауми, проблеми поминал во животот. Исто познавам девојка која не сака да се мажи од причина што цел живот гледала како татко и ја малтретира мајка и. Не сме во времето на нашите баби и мајки, па се деца од фамилија, се фини , чесни. Не , денес и машките се материјалисти. Ќе ве искористат, ќе ве фрлат како крпи и ќе имате стравови, недоверба и трауми со години. Блазе си им на тие што имаат среќни бракови. Не е само да се биде во брак, лошиот брак многу влијае и на децата.
Луна не 30 години, луѓе цел живот не преболуваат ,цел. До човекот е .Има емотивни и има не толку емотивни луѓе кои за недела, месец преболуваат. Жени остануваат вдовици и на 25 години и никогаш не се премажуваат,едноставно така им вели срцето-тој и никој друг. Лудост или не со психа нема играчка и правила. За мене е лудост и тие година дена што не сум знаела кај сум ,ама ете во тие година дена не сум можела поинаку. И да сакаш душата не ти дава поинаку . Не е така црно-бело како што сите си замислуваме ,свесен си дека не е во ред дека години ти поминуваат ама тоа е . Особено се тешки тие прекини како што кажав во доцните 20 и рани 30ти години коа од една страна те притиска општеството дека веке треба да се уозбилиш а од друга страна и сам си свесен дека врските и луѓето кои си ги среќавал на 20 не се исти со врските и луѓето кои ги срекаваш на 30 .Авремето тече напред,никој од нас нема да се врати назад. Колку повеке се гориме толку повеке стануваме сомничави и потешко е да се опуштиш.Што вика другарка моја и на јогурт веке дувам,не знаеш што може да те снајде и на каков човек да налеташ. А еве како некој што доста често е во движење низ град сведок сум на многу ниски и подли работи кои ги прават партнерите и тоа оние кои веке со една нога се во брак. Извини ама такви личности на никој од нас не ни требаат па макар и на 50 години да сме сами. Затоа викам многу пластично и ограничено се гледа на целта работа.Сама е- не знае што со себе,сама е -сигурно е спонзоруша бара некој да ја издржува,сама е - сигурно многу пребира па никој не и е се погага, сама е - себична е што сака да патува а нејке деца да рага,сама е - сака живот од бајките нејке да се задоволи со помалце и милион работи кои ги читаме тука. Не САМ е состојба на умот а не на опкружувањето,затоа што многу луге се брак а се посами него оние ко се сингл на 35+ години.Зошто самотијата во душата е таа е најтешка а не отсуството на некоја личност.
Различни луѓе и различни примери. Минатиот пат на промоција запознав жена која може мајка да ми биде. Ми остави убав впечаток, паметна жена, нашетана. Утредента прашувам другарка дали има деца и ми кажа дека не е мажена. Живеела без мајка со татко алкохоличар, а кога таткото и починал со брат расипокуќник. Имала долга врска и човекот ја зезнал, така што никогаш не се омажила. Секој си има мака и тој во брак и самецот.
Vo periodot od 23 do 25 god mi bese mnogu tezok period.imav prethodno vrska od tri ipol god, ama pukna i toa fala mu na boga sto e taka.ostanav bez rabota i mislam deka po tezok i uzasen period sum nemala vo zivotot.ni rabota ni pari ni decko, zatvorena doma,od moite nemozev kojznae sto i kolku da ocekuvam, zastedenite pari malku po malku gi trosev..fakultet ne uspeav da upisam od finansiski aspekt pa taka do nisto ne mi bese..mi vikaa ajde iskacaj najdi si decko druzi se malku.ja im vikav eeeee ekaj prvo rabota da si najdam pa ke iskacam i decko ke si fatam.ama ete se sluci da se zapoznam so mm i bas toj da e toj sto mi pomogna da se vrabotam( seuste tamo rabotam)..se zabavuvavme 3-4 god pa se zemame.vo meguvreme si upisav fakultet.od svoi pari dvoev, go zavrsiv vo rekordno vreme, trudna polagav diplomirav so maz mi i kerkami pokraj mene.. Taka da povekjeto raboti mi se slucija vo brak..nikogas ne se znae kakva ke vi bide srekjata i sudbinata ama deka po redosled ke gi zavrsite rabotote tesko
Судбина. Ете дека не може да се предвиди и планира животот. Некогаш на човек ќе му се насмее среќата кога најмалку очекува. Некогаш градиш, градиш нешто со години и на крај се ќе се сруши.
Јас само да се замешам и да го демантирам она што го пишуваат некои, демек нели стари се мажат па не можат да рагаат, па правеле милионски бизниси со лечење на стерилитет како па да не ! Се верив на 22, се омажив на 23 и еве ме веќе 25 уште не можам да забременам лечам стерилитет, годините ама уопште не ми помогнаа, и дефинитивно не се услов за рагање. Околу мене имам еден куп примери каде жени на 40-41 природно забременија од прва што се вели, а демек стари се нели. Кога ќе си дојде среќата тогаш , а не по секја цена да се стапи во брак.
Годините и бракот немаат никаква поврзаност со здравјето на луѓето и стварањето деца.Јас на 28 со второво бремена несмеам од кревет да станам,имам ризична бременост а јатрва ми на 35 го роди малиот со совршено здрава бременост.Има жени што раѓаат без проблем и на 40 а други на 25 неможат да родат од X причини.
Да се надоврзам со дискусијата и да кажам дека ЖИВОТНИТЕ ПРАШАЊА НИКОГАШ НЕ ОДАТ СПОРЕД НАШИТЕ ПЛАНОВИ кој мисли обратно ќе се увери и самиот во спротивното. Животот не фунционира плански и шаблонски, а оној кој мисли дека ќе живее според неговите зацртани планови и шаблони најверојатно ќе се разочара и огорчи од истото. Има тука многу посилни поими од планот. Среќата, успехот, љубовта, бракот, разочарувањето, тагата се секогаш индивидуални. Чуствата не се планираат а најмалку пак животот!
немаат ама многумина тука спомнаа дека се мажат стари па не можат да раѓаат, па не знам биолошкиот часовник им отчукува, кога ќе им текне за брак и деца касно било, еден член спомна и бизниси се правеле д тоа што сакаат на стари години да раѓаат, затоа и го дадов примеров.
Луѓето збореле и ќе зборат како им одговара ама секој си знае за себе,посебно па за таа работа.Ако е за така има и многу луѓе што се во брак ама не сакаат деца и тоа си е нивно право и нивен избор.Имам пријателка што се омажи на 32,сега има веќе 33 ама за дете уште несака да чуе,вика дека и е рано.
Спома некој себични биле немажените жени и сакале да шетаат. Па кој не сака да шета? Што има лошо во тоа ако шета? Што ако нема деца треба ли парите под перница да ги трупа?
Во нашето таканаречено општество ќе бидеш по дифолт ЕТИКЕТИРАН за било каква работа и животна суштина што ја водиш и живееш. Дал немаш или имаш маж, дал немаш или имаш деца. Луѓето се толку умешни да филуваат и да декорираат јагоди врз шлагот, да ти го берар гајлето, да ти го коментираат животот итн, што и да направиш или пак како и да живееш секогаш ќе бидеш покажан со прст. Такви сме ние.. закоравени во душата, менталитетот ни вирее со векови не верувам дека некогаш ќе се смени.
@vitamina Ama bas si vo pravo.koga pravev svadba mm mnogu se mislese okolu meniata dal ova ili ona da go zememe.vujko mu go sedna ( bidejki tatko mu e pocinat) i mu rece: vnucko praj si kako tebe ti odgovara..na tolku narod sekako nemozes da ugodis i pak ke se najde nekoj da te ozboruva.i bas e vo pravo.ovde najarno e da si teras po patot i mn mn falenje i zalenje jok.ako kazes deka ti e arno ke gi snema od zavidlk.
Во секоја тема ја дотерувате дискусијата до крајности. Значи од мажење со првиот што ќе го видиш... до немажење до 50та година поради татко алкохоличар. И да... се утна смислата на муабетот кој беше првично поставен. Значи не е муабетот дали вие сте загрев ако се мажите на 20... или загрев ако се мажите на 40, туку дали ако имаш долга, стабилна врска, да чекаш на брак додека: не завршиш факултет, не најдеш работа, не купиш стан, не купиш кола итн. или да се стапи во брак, и некои работи да се остават за заедно да се постигнат. Сите теми ги извртувате до степен кадешто се апсурдни, и примерите кои ги давате се, искрено мизерни. Или црно или бело. Епа не е тоа темата... И ДА.... кој кога сака ќе се мажи или жени, тоа си е нивна одлука, и тие си се сносуваат со последиците од својот избор и ИЧ не им е гајле дали вие мислите дека точно направиле или грешно. Ова важи и за едните и за другите. Друго, назад на темата (на вистинската тема која си е поставена во насловот).... убаво тие што чекаат, можеби такво сфаќање си имаат, секој со своето... ама мене па многу ми е драго кога ќе видам луѓе кои во брак си се борат и си стекнуваат се што им треба со заеднички сили. Со две плати си распоредуваат кој ќе плати за кредит, кој за сметки, како ќе се штеди. Колку знам што рекле, со мм/жм од 0 почнавме и сето ова заеднички го направивме. Како и да е.... некој пак ако чека на се... остана неженет/немажен. Јеби га, не може секој на време факс да заврши или стан да купи. Или само богативе да се мажат/женат, другиве нека црнчат цел живот и сами нека умрат оти немале за кола и стан за да се женат/мажат.
Тој израз дека почнале од нула е клише. Можеби порано во време на СФРЈ можело да се спечали и купи, а сега и не е сјајно освен ако двајцата се во администрација, банкари, инспектори. Многу парови едвај поминуваат месец во куќа или стан од родители, а не од нула ќе почнеле и ќе направеле нешто. Бајки. Моја колешка која зимаше 20.000 и маж и во мвр 30.000 во кредити со години викаше- Гледајте да има решено станбено прашање, а не да залетувате. Затресканоста во партнерот и таа магија брзо исчезнува ако штедиш на јадење и немаш за гаќи. Таков живот дојде, материјален свет. Убаво е да се почне во нула и да се постигне, ама тоа се приказни за мали деца.
За некој нешто е клише, за некој нешто е реалност. Ако за вас тоа е нереално, за некој можеби е реалност. Достате само со цитирање да докажете поента. Тој што смета дека не може да постигне во брак нека не се мажи/жени. Тој што мисли дека може, му посакувам се најубаво, и нека им се остварат сите планови. И доста судете и плукате по луѓето со различни мислења од вашите по сите теми. Од една страна сите сте сиромашни, од друга страна сите сте успешни, каде ви одговара така си пишете. И сте се запнале со тие гаќи... да никој нема за гаќи затоа сите по танги шетаат, може дека помалку материјал поиспатливи се. Гледам СИТЕ по улициве што се мажиле без решено стамбено прашање гаќи не носат, немаат, јеби га. Ај не ме цитирајте веќе, не цитирам ни јас никого.... си кажувам свое мислење, па еве не се мажете, ниту јас некого терам да се мажи, ниту па вие треба да им кажувате на другите кога да се мажат или не.