1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чекање на сè....па потоа брак

Дискусија во 'Брак' започната од Snow-Queen, 9 мај 2012.

  1. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Насловот на темата ми е толку апсурден, како да се чека се, на автобуска, времето да ти помине, апокалипса да помине за да на крај стапиш во фамозниот брак, бидејќи инаку луѓето зборуваат, а тие можат и минус да ти стават :D
    Шала на страна, кој што сака и како сака нека прави. Јас лично, бракот не го гледам како на некоја дестинација или цел, а вработувањето и имањето пари услови за да стасаш до таа цел. Животот е многу повеќе од тоа. Каде е уживањето во него? Да прошеташ, да видиш цел свет, да стекнеш искуство. Да си работиш и да си имаш пари, да имаш комфорен живот и да не се замараш за глупости.
    Оние што чекаат, т.е цело време работат и штедат за да се оженат, да им кажам живот има и после бракот. Нема ако се ожените сметки да не плаќате, па деца, па се или оние што стапат во брак, па после кукаат како немаат, наместо да работат.
    Ги ценам оние што живеат и уживаат, а бракот ако некогаш дојде, ако не никому ништо. За тие што ќе речат човек без брак е неостварен во смисла на деца, деца се прават и без брак и не на секој децата му се смислата на животот.
     
    На eloves, CameliaMiller, nice-girl и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Гледај Тање, гледај, оти ти со твојата плата богами само за јадење и за гаќи ќе имаш, ама гледај он да ти го среди станбеното прашање оти и без гаќи ќе останеш. Кога те читам тебе како моите тетки од 50 и 60 години да ги слушам, една велеше -Туѓа вошка ако не те полази џабе е. Демек гледај он да има, па ти твојата плата колку толку за себе да си ја имаш. И после ќе збориме -оваа курва, онаа спонзоруша, а ти принцезо што не сакаш да се помачиш што си? Џабе вергламе, уште се очекува од мажот да е единствен одговорен за станбено прашање. Постарите генерации барем се помируваа со живеење во заедница и беа задоволни на даден спрат или неколку соби од свекрвата. А овие денес ниту сакаат во заедница, ниту им се штеди додека се млади оти смешно било на кашкавал, цигари и гаќи да штедиш, па тоа што кажува? Очигледно, мажот нека му ја мисли, т.е неговите родители. И после вакви биле, онакви биле свекорот и свекрвата. Па снаата врати ќе клучи и ќе се препичава оти ненајавени влегувале. Испоти го газот за свој дом па нека ти се прави друг газда да видиш
    како е.
     
    Последна измена: 1 ноември 2015
    На eloves, fairy88, CameliaMiller и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Не кажувам јас фали некој ќе се мажи или не, туку тешко се постигнува нешто. Успешни може да бидеме на работа ама не доволно за да купиме стан. Убаво ако се сложни партнерите и ако функционираат идеално, ама таквите за жал се ретки. Мои роднини штедеа, ставаа пари заедно во банка, таа од просечна плата, а тој двојно или тројно повеќе и на крај
    жената најде човек кој има лично негов покрив над глава, а на роднинава сите пари од банка ми ги извади и сега се тужат.Убаво е да се гради животот, да се средува постепено, ама важен е и партнерот, дали имате исти интереси и дали исто вложувате напори.
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Јас ако сум мрзлива нема да работам. Мрзливите си наоѓаат полесни начини за успех.
     
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Работи си ти, никој не ти рекол дека си мрзелива, ама дај објасни ми го болдираниот дел. Значи ти ќе си работиш за 10 или 12 илјади и тоа е во ред, работлива си, не си мрзелива така? А ако партнерот работи за толку и нема решено станбено прашање, тој каков е?
     
    На eloves, CameliaMiller, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Тоа не е мој коментар, туку на колешка која вели гледај да има решено станбено прашање. Сите постари колешки кои се измачиле со кредити така ги советуваат помладите. Да јас работам за 13.000 и не е многу, ама има и многу мажи со 30 години кои ништо во живот не работеле. Поентата ми е дека сите зборуваат да се постигне од нула ама со мали плати во приватен сектор не е можно.
     
    На Summerlover му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^
    Ама и да работеле и сеуште работат, џабе е ако немаат стан, така?

    Ако не е можно за тебе, како треба да е можно за партнерот? Или да се одбегнуваат тие од приватен сектор?
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    И жените во текстилна индустрија работат повеќе од многу други и немаат за основни работи. Некој има, некој нема, некој му се посреќило во странство и спечалил. Никогаш немаме се и зависи кој што се смета за се. Треба многу љубов, разбирање, трпение, работа и штедење за од македонски плати да се направи нешто покрупно. Лесно е да се каже ама тешко да се направи.
     
    На Nausicaa и toogood им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^
    Па и мажите живеат во Македонија, и за нив е тешко.
     
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Офф леле сега како некоја тетка што кара тинејџерка се однесуваш. Јас кажувам што велат постари колешки кои се омажиле од љубов ама после им се смачило од работа, штедење и стресови за враќање кредити.
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Тешко е за сите. А кој може во ваква држава во ваква безработица од нула да печали. И како што кажаа погоре треба и да се ужива во животот.
     
  12. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    76.684
    Пол:
    Женски
    Значи,испадна дека ние што сме во брак не уживаме во животот,не шетаме,не живееме.Тешко само на тие девојки што тетките,стринките и мајките ги учат дека треба да си најдат некој што има стан-куќа,кола и добра работа,не за друго туку за да не се мачат во животот.Ете затоа не се мажат и женат,зошто премногу бараат од партнерот и премногу очекувања имаат од животот.И да,доволно е тие што се во долга врска да имаат работа и да имаат многу љубов па заедно се можат да направат.
     
    На eloves, Luna91, VladeMila и 3 други им се допаѓа ова.
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Многу сакам да се јават феминките кои во другите теми си кажуваат како си почнале од ништо со мажите, како си зеле заеднички кредит, и месец по месец, полека полека си опремувале дома, без нешто посебна помош од домашните... и баш да видиме дали не се почнува од нула. И дали се тоа приказни за деца или реалност кај голем дел од луѓето. Ваљда вие од луѓето очекувате од нула до палати да стигнат, ама може и од нула до станче и количе на старо... и по 20-30 години да е исплатено сето тоа... не гледам зошто тоа не е успех. А и демек овие во конфекција што работат да не се мажат, оти и онака никогаш нема за стан да заработат (поарно нека седат и од мајките и татковците нека чекаат дома), освен ако не најдат богат маж кој ќе им го среди станбеното прашање.
    Другиве што пак воопшто да се мажат, кога треба да се ужива, не станови да се купуваат...
     
    На Luna91, VladeMila, fairy88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    76.684
    Пол:
    Женски
    Јас кога пишував испадна дека имам свој дом па се правам паметна и им солам памет и ги навредувам останатите.А јас никогаш неможев да знам животот што ќе ми донесе.Кога се веривме имавме само работа и толку.Сакавме да земеме стамбен кредит ама многу бараа за учество па пошто немавме се одлучивме на заедница со старите на почеток и да збираме пари за учество,ама не идело така лесно ко што сакавме и замислувавме.Останав бремена планирано зошто и двајцата самавме дете и ајде после една година си отидовме под кирија зашто ни требаше таа интима.И после некое време од нигде,никаде искочи стамбен кредит без никакво учество,радости.Се вселивме во станот со еден кревет и плакар за спалната ама имавме нешто заштедено за да го опремиме колку толку.И еве уште ни фалат некои работи а веќе сме две години вселени во него.Во меѓувреме си купивме кола на старо и си тераме живот,а никогаш немавме помош од старите за ништо.И да,и сега истото би го направила зашто сум со човекот што го сакам и сум створила се што имаме денес.Шетаме,уживаме во нашето мало катче кое ете ќе го плаќаме 25 години ама и тоа не ни е проблем,битно е да ја имаме работата па се се прави и издржува во животот.Можеби така гледам на работите зашто никогаш не сум имала многу во животот и моите не ме учеле да ги гледам луѓето колку и што имаат туку да се луѓе,да знаат да ценат,да сакаат и почитуваат.
     
    На Luna91, MilaP, VladeMila и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    @ivi1987 , џабе си пишувала... не им одговарал твојот муабет во ситуацијата па морале да ти најдат нешто :D Ако кажеш сама се бориш, ќе ти речат, ќути таму лесно ти е, немаш право на глас... ако кажеш дека имаш од родителите оставено, ќе те направат неспособна, сама не можеш да си обезбедиш... тоа е, таков стана форумов. Порано имаше поздрави дебати... сега само инает.
     
    На eloves, Dennings, Luna91 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    960
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе се јавам во твојот случај.Се омаживме на 30 год,со мм бевме во врска 8 год.Во брак си купивме и кола и стан,се разбира на кредит,пошто јас мислам дека незнам каква и плата да имаш во кеш нема да купиш од плата.По една год во брак сега имаме ќерка и супер лагодно си живееме.На одмор обавезно одиме,на зимовање исто така,викенди одиме шетаме и тоа без помош од нашите дома.Солидни плати имаме и во се се договараме.Јас пред да стапам во брак ми беше важно да имаме и двајцата работа за да не зависиме од никој.Затоа не брзавме многу.Кога имаме работа можеме да си дозволиме повеќе работи.А што е тоа да се чека се,никогаш во животот нема се,ама и со глава ѕид да се бута ич не ја бива,некогаш и не е само битно да стапиш во брак,туку и со кој ќе стапиш и како ќе живееш.Јас несакав да бидам зависна од никој и кога сфатив дека можам сама тогаш се омажив.
    А доколку некој и на 35 и на 45 не е мажен/а незначи дека не е среќен,секој има некоја причина поради која порано или подоцна се мажи/жени.
     
    На eloves, CameliaMiller, t-sweet и 5 други им се допаѓа ова.
  17. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Еве ме, се јавувам на повик :mp: Некаде низ темава се изјаснив што чекав јас (да не го барам сега мислењето да се самоцитирам) ама ајде ќе повторам пак. Чекав СЕ и си дочекав. За мене тоа СЕ значеше дека чекам да го „пронајдам“ човекот покрај кој ќе сакам да се будам секое утро. Со мои 28 години знаев што сакам и кон што се стремам во животот. Маж ми ми дојде како совршено парче во мозаикот. Пред да бидеме заедно двајцата живеевме под кирија, така да уште како дечко и девојка почнавме да живееме заедно. Тоа не беше пробен брак, туку едноставно дака сакавме двајцата. Знаевме дека еден ден ќе имаме наш дом и дека нема да живееме во заедница и работевме за случајот да пронајдеме идеален стан за нас (под идеален читај помал и поефтин за да можеме да го купиме :tmi: :D) Јас останав без работа неколку месеци по веридбата, па останавме само на неговата плата. После 1754987032 прегледани огласи, 48808291 јавувања, и незнам колку погледнати станови, од кои половина не може ни да се нарече стан, го пронајдовме нашиот сегашен стан. Стара зграда во (за нас) убава населба,празен стан на кој му требаше (и сеуште му треба) реновирање. Почнавме буквално од минус. После 18 месеци речиси целиот стан ни е опремен. Кредитот редовно го плаќаме и сите сметки ни се редовно подмирени а сме сеуште само со една плата, некаде напоменав добра за наши услови (не одлична). Не јадеме само леб и маргарин, ама не ни излегуваме секој викенд. Живееме скромно, ама убаво. Имаме дете, имаме љубов и мотив за да се бориме низ животов. Дека е лесно - не е, ама не е ниту невозможно.
     
    На Luna91, Doozy, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  18. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Добро, дека се спомна само во социјализмот луѓето почувале од нула... сега било mission impossible. Затоа јас знам многу околу мене почнуваат од нула, ама еве ме искараа, ми викаат тоа било приказни за мали деца. Па викам, каде се женичките кои знам дека се потрудиле во брак и стекнале (знам дека ги има доста). Мислам, секој нека си чека на што сака за брак, тоа е лична работа и свое лично видување... ама да се етикетираат луѓе од различни професии или различни социјални статуси како некои кои не се способни да создадат ништо, и не треба да се мажат/женат ми е многу лошо... особено муабетот - ако немате веќе обезбедено стан ич не се земајте, со кредити не се живее итн. Епа нема многу милионери што можат во кеш куќи и станови да купуваат. И не сакам да звучам лигаво дека со љубов се се постигнува (иако верувам дека ако се има љубов и желба се може да се постигне), ама и муабетов дека љубовта не постои, и избледува и не треба човек да се мажи/жени од љубов, ако се нема средства, малку отповеќе е.
    И не е тема дали некој сака да се мажи или жени, туку оние кои сакаат колку треба да чекаат за тоа. Ги почитувам оние кои си решиле живот без брак, и сметам дека ако се самотници по природа, посреќни би биле сами или во врска отколку во брак. Ама има луѓе кои бракот и семејството си го сметаат за нивно достигнување и успех, и НИКОЈ на светов нема право да им се исмева на тоа. АКо за некој е шетањето, за друг е семејството, и тука нема кој е попаментен и покул, туку кој каков приоритет има... пак забегување од темата, нели.
     
    На Luna91, VladeMila, ivi1987 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    76.684
    Пол:
    Женски
    И оној муабет дека од љубов не се живее,дека со гол газ не се влага во брак зашто е еднакво на трагедија ми е жално.Според мене а и гледам многу други што влегле во брак доволно е само двајцата да работат за да можат да постигнат многу работи во брак.И не,љубовта неможе да избледи,ако е вистинска тогаш таа трае за цел живот и тоа е само мотивација за да се постигнат многу работи за да се живее поубав живот.Јас пред да почнам врска со мм одев кратко со дечко кој имаше и добра куќа и свој бизнис и сакаше да се вериме ама ја немаше таа хемија,тие пеперутки во стомак и таа возбуда кога ќе го видам па се тргнав од него а додека бев во врска со мм таа среќа и возбуда,пеперутки и хемија на секое наше гледање беше волшебна и да,сеуште трае.
    Затоа,кога ќе го најдете вистинскиот човек,сродната душа,чувајте го затоа што со тој човек ќе имате се.
     
    На Luna91, VladeMila, mila89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Сами ги мешате љубовта и богатството, а не знам зошто. Спред мислењата испаѓа дека ако ете партнерот по некоја случајност е богат, тука нема љубов, бракот е од корист и љубов е исклучиво кога започнувате сиромашни и заедно си отплаќате кредит.
     
    На eloves, okcenzi, SuperGirl24 и 2 други им се допаѓа ова.