1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чекање на сè....па потоа брак

Дискусија во 'Брак' започната од Snow-Queen, 9 мај 2012.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Иви лошо си го разбра муабетот Жаки, не си кажува како беше, среќа па се си е црно на бело, си стои тука ;)
    Иви ни кажа дека девојките останувале сами и несреќни, ехее, што муабет се сврте.

    Глупо е некому да кажеш што нему му е доволно за среќа.
    Некому е доволно сопче и заедничко ВЦ, некому 200 квадрати.
    Секој знае за себе што му треба.

    Ама да се дрзнуваш и да кажуваш што треба да биде цел или среќа некому, не знам баш.
    Не мора човек никогаш ни брак да склучува ни деца да раѓа.
    И да, не е трагедија и надвор од брак да направиш, па на направено во брак да влезеш.

    И немам ич ништо против заедничко (во брак) стекнување што и да е, ама не може некој да одредува кога е на кој време за мажење, како и каде треба да живее, или па да му оправа дека замислувал „живот од бајка“.

    Пресубјективна тема, без ниту еден погрешен одговор :)
     
    На eloves, Maceto123, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Точно е, и јас така реков. Никој не смее да мисли дека тој тоа што го прави е најубаво и најпаметно и дека треба да кажува што и како да прават другите. Ама тоа важи и за двете страни ;)
     
    На eloves, CameliaMiller и Maceto123 им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам само со самер, дали забележувате дека народот од страна секако ќе ве збори и покажува со прст?! Свесни сте кои филозофии и фантазии ги прават низ маало?!
    Значи по нивно ако една девојка фати дечко (со доста солиден живот и работа) веднаш е етикетирана дека е спонзоруша, дека таму се нема љубов, дека се е материјално, се е за пара нели?! А пак ако ситуацијата е обратна пак етикетираат како биле сиромашни, како ќе живееле така, како ќе немале ништо итн до бескрај. Значи пак ќе кажам дека озборувањето од страна е неминовно.

    Секој нека си гледа за себе како му е убаво, и пред брак и после брак кој како сака нека стекнува и нека прави што е битно што ќе кажат мааларките?!
    И да живее некој во една соба ако е среќен тогаш тоа е во ред, се е во ред уствари, не живееме за народот и општеството.
    Не знам зошто се створаат раздори на тема каде што нема факти туку желби, ама нели ние секогаш ќе дебатираме и ќе разглабуваме за народот, така ни останало од старите.
     
    На eloves, Luna91 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  4. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Добро е, уште не сте се фатиле за коси.
    Малку ќе кажам, а не цитирам никого. Некој погоре спомена дека за двајцата да почнат од нула доволни се 2 плати и да постигнат се.
    2 плади просек од по 12000 илјади се 24000. 12000 и кусур одат за рата за кредит, ете за сметки нека се 6-7000, тоа се веќе 20000, а плус и дом средуваат оти нели станот е празен.
    Почеток од нула еј и за колку години ќе се средиш и од што живееш, од воздух! Ахам за 200 години се ќе се среди нели така и среќни ќе си бидат цел живот.
    Ај симнете се малку на земја, никој не почнал сам од нула, единствено ако примањата им се нереални за нашите услови.
    Зборувам за стан и се околу него, а не за автомобил кој денес скоро секој може да го купи.
    Убаво кога некој си зацртал дека се ќе постигне сам се што намислил, браво за тој, тогаш има многу „РЕАЛЕН“ идеал.
    Не знам само зошто никој не оди со некој голтар, туку сите изгледуваат кој колку има постигнато (читај родителите). Ова погоре што е пишувано ми се чини не е за во Македонија, туку дека е во некоја друга држава, каде што и таму не постигнуваш сам туку со помош на државата и подобрите социјални услови.
    Ова моево малку кажано на крај испадна многу.
    Не ме фаќајте за коса веднаш живејте си во идилава наречена Македонија, каде секој сам се постигнува.
     
    Последна измена: 3 ноември 2015
    На Mrs.Bass, okcenzi, fairy88 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    И јас не сум слушнала некој со 24000 плата се на се финансиски да купи стан, да го опреми, да купи кола, да има за сметки, за храна, за облека и за солиден живот.
    Не знам во кој свет живеете, но овде кај мене тоа е неизводливо. Ако беше така никој немаше да замине во странција и да не погледнува назад, ако беше така сите ќе си имаа стан или куќа и среќно ќе си живееја до крајот на животот, да беше така никој немаше да се стиска ниту за деца, да живее во заедница и да се мачи за борба за опстанок!
    Фактот е сосема различен од плановите и бајките.

    Ќе разберев се ако кажеше некој дека работи во странство или пак има доста високи примања, ило за помош од постариот, ама за жал тука зборуваме за 400 евра месечен приход а не 4000 евра.

    Точно дека може некој се изборил после долг временски период, но тој истиот ни под разно нема да се среди и да живее солидно за неколку години истресени онака од ракав.
     
    На okcenzi, fairy88 и Nausicaa им се допаѓа ова.
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Во контекст за примањата еве за себе ќе кажам не за друг.
    Земам 26-27000 плата и мајка ми 10000 пензија, значи 3 члена сме. Пензијата ќе ја тргнам на страна затоа што оди за неа лично, лекови, посебна исхрана и ред други работи.
    Живееме нормален живот за во денешни услови. Кредит сеуште немам додека ќерката не дојде до факултет не ни планирам.
    Кредитна картичка имам која ја користам за поголеми работи во смисол откажал телевизор, фрижидер, бољер, регитрација и поправка на возило (се расипува) ама откажуваат од старост веќе, а не да се луксузирам да ги менувам во модерни. Автомобил имам, затоа што е неопходен. Повеќето знаете колку години имам и што сум постигнала без помош од моите, ништо. По еден одмор во годината или виќенд не го сметам за некој си луксуз туку потреба. Месечните трошоци се огромни и на крај од платата не останува ништо. Малава средно е сега ќе почнат екскурзии надвор од државава и се мислам како ќе ги распределувам средствата кога многу ќе ми симнуват од кредитната.
    Тоа што заштедив на времето беше затоа што моите се грижеа за домот. Не велам дека секој ќе е со таа среќа како мојата, ама бре луѓе со нашиве плати и скапотијава не се постигнува ако немаш примања барем 50-60000 денари.
    И порано нашите што постигнале пак било со помош на старите, кој ќерамиди купил, кој цигли, кој платил некој мајстор и плус до гуша во кредити.
    Тешко е деца, многу тешко низ животот, некој повеќе некој помалку со својата среќа и на крај не можеш се што си зацртал да постигнеш пред да се омажиш, за во бракот да ти цветаат ружи. Тоа само во бајките го има. Никому животот не му е совршен и лесен, ама баш никому, ама жив човек си ќе тераш понатаму.
     
    Последна измена: 3 ноември 2015
    На eloves, okcenzi, VladeMila и 8 други им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Како бе не сте слушнале? Овие што плаќаат станбени кредити што се? Лажови? На поклон им ги даваат становите? Кредити врие, секој втор човек плаќа кредит, вие викате никој не купил стан, кола. Јас не знам како во една тема им кажувате на сите дека треба сами да се снаоѓаат да си креваат кредити, да не чекаат од дома, а ваму викате тоа не е возможно. Јас сум слушнала со 24000 плата да отплаќаат кредит, да... тргаат по 5000 на страна секој месец и плаќаат, не е дали сакаат или не, едноставно мораат. Кола имаат сите... исто ќе купи за 1500-2000 евра на старо, е сега ќе ја отплаќа 5 години, јеби га... ама јас многу знам околу мене такви. А и плус и да имаат нешто од дома, ете доволно е некој ручек да им прати од време на време. Не беше темата ДАЛИ некој потпомогнува со 1000 ден месечно на младите или не... туку дали во брак може да се стекне, па макар да се отплаќало и цел живот.
    Уф ама мразам кога се се кажува само за контра да се оди!!! На другата тема пак, им се исмеваат на луѓево што викаат немам за кредит, им прават пресметки како да штедат, па као, работи си две плати, плети дома, меси кифли, незнам што, продавај ги. Тука викаат нема за кредит, нема за коли, ко демек сите пешки одат и сите на улица живеат. И има некои и по 15 000 земаат, некои по 18 000 земаат, нив не ги рачунаме за луѓе и примери, само овие по 10000 што земаат? Пишете си колку сакате, ама да ме убедите дека никој во државава нема кренато кредит во брак да си отплаќа стан оти е невозможно (facepalm) тоа е само од инает да се каже. Не е лесно да се преживее во државава, точно, се согласувам, ЗАТОА сите отплаќаат кредити.
    И значи по ваше.... никој нема за кредит, никој нема за ништо пари, не треба никој да се мажи или жени, да си останеме сите (освен оние што земаат по 1000 евра) сами, да печалиме ДО 60 годишна возраст, и после да бараме животен сопатник... оти нели во брак ништо не може да се постигне.

    @artemidis , @Maceto123 , срам да ви е лажовки, лажете тука дека кредити си плаќате во брак, сте зеле станчиња на кредит... еве ми викаат невозможно било, оти вие тогаш лажете? Не сте почнале од нула... од еден и пол сте почнале :rofl: (оти ова почнување од нула овде го сфатија, како двајца од улица да направиле палати, некако филмски го сфатија, а не дека во брак почнале да стекнуваат по нешто полека полека, макар и со голема мака)
     
    На eloves, Luna91, Maceto123 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Дај те молам кажи ми ја формулата како да тргам 5000 од секоја плата, а немам кредит од 200 евра месечно да плаќам. Ќе ти бидам благодарна, ако ми кажеш како!
    И не биди буквалист сите во ист кош да ги ставаш, има и вакви и онакави, ама реалноста е таа дека повеќето не можат без ничија помош.
    Тенџерето со манџа е најмал проблем во случајов.
    Едит: Она што го пишуваш си го слушнала, епа сигурно нема да слушнеш дека одат со крпени гаќи или без гаќи и јадат дома помии. Секој има гордост.
     
    На eloves, okcenzi, referentka и 4 други им се допаѓа ова.
  9. pravnicka2

    pravnicka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Каков кредит за стан бе,какви глупости.Па на плати просечно што ги земаме од 10 000 денари ќе се отплаќало кредит.ЈАс земам плата од 10 000 денари,мм зема 30 000 денари плус имам помош од моите,па месец за месец некакод а се преживее.Ни на одмор не сме биле,никаков луксуз не бркаме и пак крај со крај не можеме да собериме.
    ЈАс со мојата бедна плата да отидам во банка и да побарам кредит за стан од некои 30 000 евра,знаеш што ќе ми нарават?!Ќе си добијам една клоца во гз и ушѕе еднаш да не помислам на такво нешто.Моѓжам да земам кредит до некои 1000 евра мак. а со нив се знае дека стан не се отплатува.Заборавете го социјализмот,кога становите ги имаа земено бадијала.на плати од 6000 денари им даваа кредити кои никогаш не ги ни доплати ја.
     
    На eloves, okcenzi, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.482
    А на мене да ми извините вака, ама скоро 30 000ден. примања за двајца без никакви додатни трошкови да се кажува како се нема...
    Не сакам да се мешам во ничиј живот ама тогаш морам да кажам - алал и вера на мајка ми!
    За 50-60 000 примања во државава 95% од нас можат само во најлудите фантазии.
     
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Види @Daleron , прво, ако ги прочиташе СИТЕ мои постови, а не само излоирано, ќе сфатеше дека мојата дискусија почна од тоа - ИМА луѓе кои почнале од 0. Не реков дека сите почнале ниту дека сите имаат да почнат. Оти ако погледнеш убаво, темата не е КРЕДИТИ и ШТЕДЕЊЕ, туку - чекање на се па потоа брак. И мојот муабет беше дека има многу луѓе кои им е доволно да имаат работа за да стапат во брак, па заедно после се борат и стекнуваат... секој со своите можности. И пак ќе речам, не можеш секогаш на се да чекаш па после брак, оти еден кредит да се исплати е 20 години, па таман сите ако чекаа.
    Муабетот замина во толку погрешна насока, што кога јас реков дека може некои луѓе сакаат да се се земат (не кажав ни колку примања ни ништо, поназад) и во брак да си стекнуваат (значи да не чекаат на СЕ), одма се втурнаа дека јас зборувам приказни, и тоа не е возможно и ако не се најде богат сопатник ич да не се земаат. Па тука дојдоа девојки со примери дека кога се зеле немале ни стан ни кола, поживеале во заедница, па со тек на годините кренале кредит, и полека полека, по малку се средувале. Никој не спомна ни колку примања, ни кој колку штеди. Значи, темата за решавање на станбеното прашање беше друга, оваа е друга.
    Во темава јас НИКОГАШ не ги ставив во ист кош оние кои имаат малку примања и оние кои имаат многу, туку општо дека некои луѓе одлучуваат и успеваат некако да си обезбедат основни услови за живот ОТКАКО ќе влезат во брак. Не ми ги читајте излоирано мислењата ве молам и не ми ги извртувајте муабетите.
     
    На Luna91, ivi1987 и galapce им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.789
    Муабетов ми делува малку извртен, демек ако ти со твојата бедна плата побараш, а погоре спомнуваш дека сопругот зема 30 000.
    Извини ако те помешав, тебе ли те читав дека живеете во еден стан со свекор/свекрва и плус уште некој од фамилијата на мажот?
     
    На CameliaMiller и artemidis им се допаѓа ова.
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Објасни ми го делот без додатни трошкови?
     
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.482
    Стамбен кредит , делот кој што е најмногу споменуван во темава впрочем.
     
  15. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Ахам кредитит е само трошок така?
    Се фаќате само за едно нешто како трошок. Дневните потреби не се трошок. часови англиски, математика, спорт, не се трошок. Нели тежнееме за подобра иднина за децата, да ги образуваме. Гардеробата не е трошок оти не можеш да го оддвоиш од другите деца да оди парталаво. Дневнта 100-ка најминимално не е трошок, така! И да не набројувам, само кредитот е трошок.
    Бољерот ќе го вклучуваме само во недела, машина ќе пуштаме 1-наш месечно, ќе купуваме само леб и ништо друга (храната е најскапа), дрва за греење нема да купуваме ќе крадеме од комшиите, ај да не редам веќе.

    Не беше ни лично прозвана јас општо зборував за целата дискусија, ама ете ти се осети прозвана.
     
    На vitamina, okcenzi и VladeMila им се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Дека ме цитираше, затоа... нема гајле ;)
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.722
    Допаѓања:
    322.739
    Банката не ни дава кредити станбени ако имаш примање од 12 000.
    За рата од 4000 денари (1/3 од плата) можеш да земеш кредит за фритеза и ништо друго
     
    На Maceto123, Nausicaa, AngelOfArh и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Ќе земеш кредит бе, ама куќата или станот од родителите, ако ги ставиш под хипотека.:D
    Врти, сучи пак не е без ничија помош.
     
    На Nausicaa, okcenzi и VladeMila им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.789
    Мама го продава/де куќарчето каде што живее.
    Млад брачен пар, со примања 15 000 и 10 000 и две мали дечиња. Досега живеат со старите во две соби .
    Потпишаа преддоговор со кој банката ќе ја процени куќата и врз основа на кој ќе им даде кредит а истата ќе биде како хипотека заложена.
    Треба да добијат некои 18 0000 евра ми се чини.
    Они си знаат како ќе минат, ама ете се решиле.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Овде сите коментираат дека ако се сака може да се земе станбен кредит, па ако се сака се може...Што се може бе со мали плати во приватен сектор, со работа која многу лесно можеш да ја изгубиш? Се може ама со работа во администрација каде платата ти е 30.000 и пак со години ќе враќаш кредит. Не е само да се каже, тешко е да се направи. не скеој може да земе кредит. не секој може да отплати кредит, а при тоа како што некои давате примери, ќе одам на одмор, на виекнди, се ќе покријам.
     
    На Nausicaa, okcenzi, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.