Имам стамбен и точно знам. Ако немаш високо примање, не рачунај да ти дадат кредит. Хипотека на стан на родителите за банките иде во обзир ако немаш доволно за учество, така некако беше Еве има и банкарки на форумов, нека кажат... Сума сумарум - ако не потпомогне некој од старите, со 12 000 иљадарки стан нема да купиш...старите рекле, со гол газ риба не се фаќа
Јас сум за чекање,ама на краткорочни стази,до 3-4 години.И јас имам чекано,читај имам планирано. Пример имам чекано да си најдаме сопствен стан,да го опремиме и јас да добијам договор за работа на неопределено,па после ја планиравме бременоста. Тоа беше околу 3 години период. Иако можам да кажам дека и кога планираш нешто,ретко излегува по планот и секогаш се кинело нешто и како што викаат есапот дома и на пазар не е ист. Е, сега ако се решиш да чекаш,треба малку и да си реален со целите кои си ги поставуваш за тој период. Јас чекав и да ја преведам дипломата пред да останам бремена за да земам повеќе плата,излезе од икс причини(надворешни фактори) дека не можам така брзо,како што сум планирала.Тогаш си ја ставив кочницата и реков доста чекање,сега треба да планираме за дете. Откако останав бремена после некој месец ги поднесов комплет документите, за неполн месец ми стаса известување дека дипломата е 100% призната(нема потреба од дообразување,што бев речиси сигурна дека ќе ми бараат).Сега си стои спакувана,оти имам забрана за работа и ќе се употреби тек после 2-3 години.Парите кои ми стасуваат се помалку и породилното ќе ми биде мало,ама јбг не може да чекам и да ми се подмачка се во животот па да чекам да имам деца. Затоа сум за чекање.Само треба да се има мера и во чекањето,да не се претерува.
Да Далерон, кредитот е само ЗАДОЛЖИТЕЛЕН трошок оти без покрив на глава не се живее. Без се друго се може! Часови математика, англиски?! Не мора! Ќе седне, ќе запоти газ, се си пишува во учебникот...ако не пишува има додатна литература, ако не бива и тоа, има школски другарчиња кои повеќе знаат па ќе се договорат заедно да вежбаат и да видиш како и така може. Ете јас сум пример дека може, не сакам да се чукам во гради ама што е од лично искуство е најподобно за тврдење. Јас сум помагала македонски, англиски а за возврат ми помагале математика. Немало проблеми никакви па сум добивала 5ки математика, а за ТОЕФЛ учев онлајн па положив. Дипломирав со просек на технички факултет, ама нема мрдање од дома. Татко ми ќути, ама кога тргнав на студии ми кажа дека ако не направам ништо во 1ва година има да ме врати ко попче дома. Да не си правам филмови оти сум една па ќе студирам 10год и пак ќе се вратам незавршена дома. Ама најлесно е, ехеее ајде професор...оти нели он ќе ја отвори главата на детето и со сила ќе му стави внатре ако е професор. За гардероба сум манијак , никогаш не сум одела парталава и знам како се движат цените многу добро. Козметика исто така. Секој месец по едно нешто да се купува, за една година знаеш што гардероба ќе биде тоа? Тип топ со се. Ама одморот да е потреба, не е. Викендот да е потреба, не е. Три кутии цигари да се потреба, не се. Моиве не биле на одмор од кога јас бев 5-6 год. Исплаќаа стан, без кредит. Ме студираа. Јас сум од внатрешноста, тоа е многу поголем трошок отколку кога си од Ск. А двајцата работат за помала плата од твојата. Па сега ти види. И не попувам, само кажувам лично искуство.
@Emy867 Како бе одморот не е потреба? Вие не сте луѓе? На човек не му треба одмор? И да не оди, барем нека не живее во заблуда дека на одморот треба да се гледа како на луксуз. Одморот е и те како потребен. За да купуваш секој месец гардероба за да на крај на година си тип топ треба да инвестираш во квалитетни парчиња. А квалитетот не е 100 денари.
Кој зборува квалитетот да е 100денари? Јас такво нешто не реков, нити имам гардероба од 100 денари. Епа ете така, не е НАСУШНА потреба @Summerlover , моите така одлучиле дека не е само за да бидат самостални и да не ги бркаат баба ми и дедо ми секој ден со закани оти регалот ќе го фрлат на улица ѓупците да си играат во него.. Мене ми пружиле се, фала им. Не сум изостанала од ниедна екскурзија, на апсолвентска екскурзија која чинеше доста исто така бев. На одмор одам исто така. 3 год. јас сама си ги плаќав одморите, а додека бев студентка земав и стипендија па така и јас сама си финансирав нешто, најчесто гардероба. Се друго беше од нив. Затоа јас плукам по земјава, оти сега ЈАС треба да работам за тие да одмараат и да уживаат во тоа што створиле. Се надевам еден ден дека барем 1/4 од се што сториле за мене, ќе им вратам во иста мера.
@referentka ми го зеде зборот, со 10 000 12 000 плата кредит ќе подигнеш само за "ситница", дали и тоа, и тоа е фактот џабе се удирате во гради. Врти сучи и тој што почнал од нула или има фирма, или работи во администрација или оди во странство или има помош, стварно не знам како успева да подигне кредит и да купи стан сам без ичија помош. Вие овде не можете да погледнете подалеку од сопствениот нос и да видите дека ова со 10 илјадарки е научна фантастика. Точно дека и јас сум за да се постигне свое, и да се причека малку од малку, да се крати од се и да се има труд, но ве молам кога станува збор за 10 000 фактот е сосема друг, и тука нема дебата.
@Emy867 секој со своите искуства и перцепции. Само во едно нема да се сложам дека ако си од Скопје е помал трошокот отколку од внатрешноста. Не знам зошто така мислите кога животот во Скопје е дупло поскап отколку во внатрешноста.
@Emy867 Одморот не е потреба, зошто тогаш одиш на одмор? Зошто си била на екскурзии? Значи за непотребна работа си ги трошела парите Патем стипендијата си си ја потрошила на гардероба, како и секоја девојка и тоа е најнормално, која тоа не би го направила. Ама да се разбереме сега, не си се финансирала во смисла да си плаќаш сама покрупни работи.
Ние сами купивме стан и никој не ни помогна ни со влакно, ама имаме примања од околу Х000 евра. Да не се залажуваме луѓе. Па земањето кредит е пропратено со нотарски актови кои чинат многу, со заверки, со разни потврди и за сето тоа ти требаат пари. Да немам кредит па да зборам на памет, ама имам и знам како оди тоа.
Потреба е да, туку на жалост при штедење зборуваме за кратење од многу нешта. Јас лично ако бирам помеѓу 365 дена мир и сама да сум си во стан без мешание, и 15 дена одмор кој би бил дел од акцијата кратење, а дома на купче, би ја избрала првата опција.
Точно така,јас сум таа што живее во стан со свекор,свекрва,девер итн да не се набојувам по стоти пат... Свекор ми и свекрва ми не работат,немаат ни старост за пензија.Пензија ке земат минимална со 15 години стаж и тоа по некои 10 години.Свекрва ми има 52 год,значо до 62 год уште 10 години.Девер ми и мм работата приватно,сезонска работа,моментално мм е на друго место,во фирма која исто така работи сезонски,оди по 12 часа на работа и платата му достигнува максимум до 30 000 ден(секој месец не зема 30 000 ден-ако има врнежи и да не работат ке земи 10 000 ден)-значи за кредит за стан ке си заборави.Не зема тој државна плата па сигурно си е сигурно,на оваа работа денсе си утре не си,да напоменам секој месец потпишуваат договор за работа,т.с.го продолжуваат,така да ништо не е сигурно.
Извини доколку делуваше дека треба да ми се правдаш или сл. Само ме збуни зошто ти сама со твоите 10 000 да бараш кредит, кога какао брачен пар земате 40 000, односно зошто заедно не би побарале, така поголеми би биле шансите. Сега сваќам. Ти посакувам се најдобро.
Немој со тие куршуми. За голтарот ке ти речат дека не е амбициозен, ама после ке оправаат дека со љубов се се постигнува. Вистина е дека уште не сум прочитала да некоја рече имам дечко кој нема работа, нема школо, живее во две соби со дедо, баба, мајка, татко и двајца брака, ама дека е многу добар и дека ме сака и дека сум заљубена во него, планирам да се омажам за него и јас да засукам ракави и да створам. Абе љубовни романчиња на темава, Него убаво вика мајка ми “ кога сиромаштијата ке тропне на врата, љубовта си оди низ прозор“. Ако немам денес да јадам или ако неможам раат да мочам зошто едно купатило го користат 10 души, е бога ми не знам колку ке останам заљубена. Не велам дека со љубов не се постигнува, ама дека можеш се тешко, а и тешко дека од љубов се живее. Него да прашам кога некоја од вас се запознала со дечкото, дали не очекувала тој да ја почасти пијачка, да и купи поклон за 8ми Март, за Валентин, за Нова год, за годишнина итн? Или таквите одма ги отсакувате или пак не ни им давате шанса? Јас за овие 29 год не сум сретнала таква девојка. Признавам и јас не би била никогаш со некој таков голтар. Зошто по ѓаволите би се туркала во мал простор, или би спиела во влага и на промаја или пак да јадам само маргарин. Не фала. Кога ке ме нервира гужвата, свиркањето на празните црева, еднобразната храна, промајата итн јас одма би се одсакала и себе а не пак партнерот. Убав пример даде срцка погоре со просечниве плати и заработкава. Тешко дека со две такви мизерни плати ке собереш пари за учество, за кредити, сметки, храна, и опремување на домот. Љубовта е основа за се, ама одма после тоа е материјалното и здравјето секако. Тоа е како уметник, може да има талент за сликање, ама ако нема бои и платно, што ке наслика и како?
Епа за студии трошокот е помал @Daleron дефинитивно, тоа не може никој да ме разубеди. Автоматски едната фамилија се раздвојува на две фамилии кои треба да егзистираат од истите примања како едната што егзистирала дотогаш. И нормално, секој со своите искуства и перцепции, ама сепак кога има многу подолни од нас и кога некои 4 члена живеат од 10000ден а ние да викаме како со 500е плата е тешко за двајца нема смисла. @Summerlover на што сум ја трошела мојата стипендија е МОЈА работа. Знам дека секој денар го распоредував согласно на потребите, кои вклучуваат и опремување на мојата соба така да сега ти види . И не знам што не е јасно, одморот НЕ Е НАСУШНА потреба реков, а кој не сака еве нека пукне! Сум одела на екскурзии и на одмори затоа што моите НЕМАЛЕ ПОТРЕБА ДА ПОДИГААТ КРЕДИТ ЗА ИСТИТЕ и ТИЕ сметале дека можат и сакаат да ми овозможат. Патувањето е најголемата привилегија која може човек да си ја приушти за сопственото уживање, ама НЕ МОРА ако не се може и ако се постават други приоритети во животот.
Значи, после сите пресметки колку се зема, што се зема, колку треба да се земе кредит итн, испадна - што? Треба да се чека на се па потоа брак, не треба да се чека? Тоа не сфатив, оти вака јас кога велев НЕ МОРА да се чека на се, ми кажаа дека сум бајки целата... вака сега испаѓа дека во Македонија не може да се земе ни кредит, ни стан, ни кола, плата нема ни колку за леб, значи џабе е и да чекаш. Заклучокот е да не се зема никој со никого оти се нема услови... или да се земаат? Не сфаќам, сериозно... муабетов испадна дежа ву од сите други теми, ама никој не си кажа мислење дали треба да се чека на се за брак, или не! Оф топик се отиде. Мислам, почитувам сечиј став, и кој сака да се зема и кој не сака да се зема, и секој со своите приоритети во животот... ама нели, еве со 20 000 не се зема кредит, во заедница не се живее тешко е, од дома се нема да се помогне многу и тие кој работи кој не.... и да се чека џабе е, не можеш ништо.... заклучок?
@Emy867 Твоја е бе чедо Божјо, никаде не реков дека е моја или на форумот, ти самата си ја спомна и притоа напомна дека во главно гардероба си си купувала. Знам, лесно е да кажеш дека не е потреба oдморот, а од друга страна да си одиш. Така е најубаво Еве на пр. како и секоја девојка купуваш шминки? Зошто? И тоа тогаш не е потреба без која не можеш да живееш
Заклучок дека не може се да се постигне па да оформуваш фамилија. Не велам дека од ден за ден треба да се живее, ама пак ако многу целиме на крај ќе си живееме сами во луксузот кој што сме си го створиле, евентуално ако не рокнеме до тогаш. Еееееее ја какви планови си имав додека бев средношколка и на факултет, никој ништо не ми можеше, ама кога животот ќе те тресне неколку пати од земја и оп, ќе си застанеш цврсто на сопствените нозе, иако не значи дека ќе останеш да стоиш. На кого како му е убаво така нека си прави, па макар и во соништата.
Vaka taka,se ist muabet se vrti po site temi,bez da se zboruva konkretno sto bara temata. Bitno site si kazuvame koj po doma kolku sto,samo razlikata e vo koja tema ke odlucis da se "ostavis". Vaka ako prodolzime so diskusijava,ke ispadne deka ne treebalo ni posebna salama da jademe a kamoli pecenica.Rasturi kuki se tie stoi jadele. Smetam deka treba da se ceka na odredeni raboti pred brak.Barem dapocekame do odredena zrelost.Zrelosta sama ke ni pokaze,sto za pocetok sakame i sto mozeme da ocekuvame od zivotot. A cekale ne cekale na materijalnite dobra,za zal ima slucaevi i kade e djabe i toa,pa duri ima od onie koi na kraj docekale i imaat se,no ljubov nikakva nemaat. Gi propustile svoite priliki i naletale na takva so koja sto i toa sto go steknale ke go izgubat. Tocno deka koga kecukne siromastija na vrata ljuboivta niz prozor skoknuva,no koga ke cukne i brak bez ljubov niz vrata,moze i parite da skoknat kaj so ne treba. Sudbina.
@galapce Само сакав да потенцирам дека ако гледаме така испаѓа многу работи се "луксуз и не потребни", а првичната поената ми беше дека човек не треба да гледа на одмор како на луксуз, бидејќи тоа е потребно, како впрочем и се друго.
Кога не би била толку нападна би ти одговорила, сега не. И не зборував за мене, зборував за моите родители. Не купувам шминки пресвета Самр јас, лепотица сум и без неа.