1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чекање на сè....па потоа брак

Дискусија во 'Брак' започната од Snow-Queen, 9 мај 2012.

  1. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Nikoj ne ni rece deka e luiksuz,samo ispovrteni zborovi.
    Dodusa site nie imame razlicna percepcija za zivotot,razlicni potrebi i ako za eden odmorot e luksuz a nne prioritet,za drug imanje svoj dom e prioritet,a na odmorot ne gleda kako primarna potreba.
     
    На eloves, CameliaMiller, ivi1987 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.956
    Допаѓања:
    219.249
    Пол:
    Женски
    Нема тука никаков заклучок, снаџи се па живи.
    Секој си знае колкава му е чергата, колкави му се можностите, секој си планира и се договара за понатаму, секој си прави свои математики и според сето тоа се орентира што и како за понатаму.
    Сите си имаме сопствени желби, соништа, перцепции и критериуми ама зависи од нас самите дали ќе си ги исполниме или не.
     
    На eloves, Luna91, fairy88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Emy867 Епа или ќе е тоа или ќе се најде некоја правописна грешка, така обично завршуваат дискусиите на форумот кога нема спротивната страна аргумент :D
    @galapce "Одморот да е потреба не е, викенд да е потреба не е" не се испревртени зборови, тука ова е исаѓа дека одењето на одмор или викенд е каприц, а не реална потреба.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    That was my point, уште од почетокот.... секој со своето и со своите можности. :D На крајот горе долу сите се сложивме :)
     
    На eloves, vitamina, okcenzi и 4 други им се допаѓа ова.
  5. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    76.684
    Пол:
    Женски
    Има многу луѓе што се во брак и живеат под кирија и плаќаат 200 евра месечно,ете и јас бев една од тие а пари за учество немавме и седевме под кирија.АМА кога искочи стамбен кредит без никакво учество а рата првите две години да биде 150 евра а останатите 23 години 200 евра и кога во банка ни рекоа дека може станот што го зимаме да го ставиме под хипотека а мм да биде кредитобарател а јас кокредитобарател и дека само така со двете собрани плати може да ни одобрат кредит одма се решивме зошто и така ги дававме истите пари за кирија(плус нашиот кредит беше ослободен од секакви плаќања,освен оние за двајца нотари).Секој стамбен кредит е различен,некој зима со учество и со хипотека од старите ама кај нас ете ја приказната.И реално сите од тука сте свесни и знаете колку млади брачни парови седат со години под кирија за да не седат со старите од X причини.Јас сум 4 години во брак а само две лета бевме по 10 дена на одмор и што треба да правам,да паднам во несвес зошто тоа е потреба и мора да се оди.А ко што читав погоре со 40 000 и те како може да се плаќа стамбен кредит и да се живее нормален живот.И замислете без помош никаква од старите,да го имам тоа на своја кожа и не јадам само леб и сол,не се тресам дали ќе ми исклучат струја,редовно си подмирувам и сметки и се па затоа не судете на некој што створил се сам,тоа е реалност а не бајки и приказни за мали деца.
    @CameliaMiller Јас не зборам за девојки што си чекаат а притоа се среќни и ништо не им фали туку оние кои се сами,чекаат на се,сакаат вистинска љубов а наводно нема и нон стоп се жалат,има разлика затоа дај уживај не се тревожи толку околу тоа.Толку си го стави на срце мојот муабет што во секој пост го спомнуваш а тоа помина,на тапет е друга работа.
     
    На artemidis и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.482
    Имам јас доволно аргументи само што не би развлекувала повеќе, само не знам како можеш да споредуваш шминка со одмор? Зборувам за драгстроска шминка по средна цена, не Диор.

    @Daleron јас кога упишував факултет немаше во секое село факултет, а башка еве ќе бидам нескромна и ќе кажам дека поседував доста потенцијал кој сакав да го искористам на некој подобар факултет што е сепак побитно од некои споредни работи. И моето не е сум чула а недочула, туку е МОЕ искуство.
     
    Последна измена: 3 ноември 2015
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Кога веќе одиме во крајности.
    Зошто си дошла во Ск да студираш А!?
    Сега во секое село има факултет и да, не реков дека ми е тешко со 500 евра да живаем, солидно живеам за денешни услови барем последниве 7-8 години, што не значи дека така и ќе остане. Једна ласта не чини прољече, како што и сите не сме исти. Тешко на тоа 4 члено семејство со 10000 плата, кога само еден леб, млеко и јогурт се 150 денари дневно, за друго и да не зборуваме.
    За одморот уште да кажам, дека на одмор одам последниве 3-4 години и на времето во социјализмот со мама и тато. Премалку е да се разбере нечија состојба во само неколку реченици и добро би било секој да си каже со свои примери, а не чув, видов, недочув и не се доискажав.
     
    На vitamina, CameliaMiller, Maceto123 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Emy867 Никој не ни рече за одмор на Бора Бора, во 4 Сезони. И второ, да не ја развлекуваме повеќе, споредбата ми беше околу потребно/непотребно, суштински кажано, дека станува збор во основа за работа без која може да се живее, а не буквално за тоа и тоа.
     
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Со кој Боро одиш ти на одмор А!? :rofl:
     
    На vitamina, artemidis, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Daleron Ама на никој не кажувај :bandit::D
    [​IMG]
     
    На vitamina, artemidis, do-re-mi и 3 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Жаки ме насмеа малце :) Мислам дека никој не чека да го отплати станбениот па да склучи брак, туку кога веќе се зема станбениот кредит, веќе е решено и прашањето :)
    Инаку, има луѓе кои можат во брак да стекнат, ако не се лажам @ivi1987 ни е таков пример, има такви кои можат во брак ама не сакаат, и има такви што не сакаат да стекнат.
    Сите ние можеме да си одбереме пријатели во реалниот живот според тоа колку тие исправно или неисправно живеат или размислуваат, на крајот на денот, ќе не има секакви :)
     
    На vitamina и ivi1987 им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Па скоро секогаш така се зема станбен тука, даваш учество и плус ти го проценуваат станот/куќата кои го купуваш и го ставаат под хипотека :)
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Maceto123

    Maceto123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    960
    Пол:
    Женски
    А темата да ја преименуваме во станбен кредит:lol:Се надевам дека секој си е среќен во неговиот живот,дали бил мажена/оженет или не,а и да неможеме секогаш да ги планираме идните работи,животот е непредвидлив и затоа секој си има свое мислење и си прави планови за иднина.Бидејќи некогаш судбината и сами си ја кроиме.Затоа јас така си одлучив за мене и мојата иднина и моето семејство, и сега за сега фала му на бога добро живееме во оваа луда држава,а во неа од денес за утре незнаеш што те чека.
     
    На VladeMila, vitamina, anel и 2 други им се допаѓа ова.
  14. eatpraylove90

    eatpraylove90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Dali ke moze da te zamolam da mi podobjasnis okolu stambeniot kredit od kade, do koga, kako...? Me interesira imam drugarka koja neodamna stapi vo brak so decko od drug grad i momentalno se pod kirija pa znam deka se rasprasuvaat ali ete ako ne ti e tesko podobjasni mi da i prenesam. Tie ekonomski poimi nekako ne mi se dobra strana :)
     
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Викенд и одмор, претпоставувам на летен и зимски мислите, потреба било. Каква не ми е јасно, како потреба за јадење, пиење, секс и слично? Така ако збориме мене далечни дестинации потреба ми се, квалитетни производи за домаќинството кои коштаат многу потреба ми се, ништо од ова не било луксуз. Ај да збориме за други земји да разберам, иако и тука кај што сум познавам многу кои не отишле на типичен летен одмор со години затоа што отплаќаат кредити за куќи, коли и сл. па не им стига. Ама за Мк да кажеш дека летен одмор не е луксуз, може, за тие што немаат мака финансиска. Па да земам да бројам од постарите генерации од мојата голема фамилија само, колку од нив редовно одат на летен одмор, 20 посто нема да излезат. Како преживеале овие другите досега не знам.
    За цела фамилија одмор од десет дена од 500 до 1000 евра ти се. Најмалку. И имаш опција, ако ги имаш тие пари секако, да ги чуваш, или да си задоволиш потреба. Ако немаш кров над глава или живееш во куќа со уште две три фамилии, треба да си луд да ги дадеш за одмор. Оти потреба било. Оф леле.
     
    На tina-63, vitamina, ivi1987 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Не станува збор дека секој може да земе кредит и да купи стан, ама пак и не секој зема по 10-12 000 плата. Секој има свое гледиште и своја цел и не секој може да раководи со финансии исто. Зошто упорно тврдите дека не се живее со станбен кредит во Македонија. Еве зборам од лично искуство, не од тоа што сум го слушнала од комшиката. Кредитот ни е 12 000 денари, што е 1/3 од тогашната плата на маж ми. Јас не сум никаков потписник затоа што сум невработена. Помош од родителите не ни можевме да очекуваме затоа што нема од каде, а не дека не сакаа да ни помогнат. Уште кога почнавме да бараме стан за заедничко живеење под кирија, почнавме да разгледуваме и за купување. После помалку од 2 години го најдовме станот што сега го имаме аплициравме за станбен кредит. Под хипотека го ставивме станот кој што го купивме, немаше потреба да ги мешаме нашите во тоа. Имавме толку ограничен буџет што кога се вселивме купивме само кујна, гарнитура за седење со мала маса и лежај. Машина за перење добивме од старосватицата за свадба, а електричен шпорет од кумовите. Фрижидер маж ми имаше купено 2 години пред да се земеме кога го опремувал спратот кај неговите, така да си го земавме него. Телевизор сеуште немаме нов, плакар купивме пред 3 месеци, а претходно имавме само пластични фиоки за алиштата на малиот, нашите беа во куфери. Маса и столици исто купивме после 1 година откако се вселивме. Купатилото беше во страшна состојба и тоа е единствено што стигнавме да го изреновираме колку-толку. Плочки купивме од 120 денари м2 од оние 10х10, маж ми сам ги лепеше, сам глетуваше ѕидови, сам фарбаше. Мајстор немаме платено, ниту пак некој да викнеме за чистење. Јас бев 5 месец трудна и заедно со него качувавме плочки, поликолор, ствари и се што ни беше потребно. Сама чистев се, ставав маска и ракавици и секој милиметар од станот го исчистив. Немаше потреба да плаќам жена за чистење. Првата година ни беше најтешка. Во меѓувреме маж ми доби унапредување, а од овој месец ќе почне да зема и поголема плата. Јас сеуште не можам да почнам со работа, малиот ми е една недела во градинка две дома (facepalm), ама се надевам дека од пролет и тоа ќе биде, па ќе ни биде уште полесно.
    Како дечко и девојка (а и претходно како другари) често излегувавме, скоро секој ден бевме на кафе (пиво :wasntme:) или на вечера, на викенди или на одмор. После малку се стегнавме околу свадбата затоа што скоро цела сами си ја плативме, па го купивме станот, па дојде бебе кое нормално си има свои потреби....
    Се распишував доста (додуша на двапати го пишувам постот) ама муабетот ми е дека не сме Зимбабве, и кај нас има луѓе кои земаат плата поголема од 12 000, има луѓе кои можат и земаат кредити, има луѓе кои купуваат станови во готово, значи не е се толку црно и тука. И не сме само ние кои успеале во тоа, скоро сите од бившите колеги на маж ми со кои сме во контакт сами си го решиле станбеното прашање. Сите успеале да си купат свој дом во Скопје затоа што тука им е работното место и сите се со кредити. Има и такви кои патуваат секој ден до работа и живеат во заедница, има и такви кои купиле во нивниот град, значи секој со свои желби и можности. Само не сакам бре да ме негирате тука дека не е возможно она што сами со наши 4 раце го створивме и пак ќе кажам без НИКАКВА помош од нашите.
     
    На vitamina, ivi1987, Maceto123 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.750
    Допаѓања:
    266.617
    Колку луѓе, толку мислења :)
    Имам една колешка на работа, сакам да ви кажам нешто за мајка и.

    Работи како чистачка во една приватна фирма (тоа и е “главна“ окупација) и плата и е 13 000 денари.
    Работи во еден ресторан за свадби како готвачка, тоа и е плус.
    И чисти кај луѓе за пари, секако и тоа и е плус.

    Има денови кога не доаѓа дома од 7 ипол сабајле, до 12 ипол ноќе, посебно летно време кога има повеќе свадби.

    Жената има образование за подобро раб. место, ама ете, не може да најде.

    Никој со 10 000 денари не може основни работи да си приушти, не па свој дом, не па автомобил итн.
    Прашањето е зошто 10-20-30 години тапка во место?

    Искрено, за мене е храбро со нестабилна плата од 10 000 денари, воопшто и да помислам на деца, секоја чест на тие луѓе, барем за мене е тоа храброст (и малце лудост де, не се лутете одма :) )
     
    На vitamina и pravnicka2 им се допаѓа ова.
  18. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    96.482
    И колку и да се чудам, нема да се начудам како во темана кога ќе се спомне за дел од старите сите рипаат оти на готово се само чека, само се мисли на шетање, дотерување...а тука па, оппп шетањево и дотерувањево ПОТРЕБИ неопходни да ти биле. Сончоглед партија ти се вика тоа.
    Или во сите теми треба да сме најарни за лајкови иако мислењата за една иста работа во различни теми ни се разидуваат скроз.
    Или лажете, живеете надвор од државава... Друго не ми доаѓа на памет. Оти тука за жал, кај мнозинството сите тие работи не одат на купче никако.
     
    На VladeMila и Tanjamm им се допаѓа ова.
  19. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Emy867 И после ние сме испревртувале зборови :D Шетањето и дотерувањето не се неопходни потреби без кои не може да се живее, ама не се ни непотреби како што ги класифицираше ти во првичниот пост. Најнормално дека на различни теми различни мислења ќе имаме, кога тогаш дискусија е друга и аголот на мислење е друг. Дадената ситуација е различна. Ако требаше да биде исто, тогаш треба да има само една тема, една дискусија, оти вака многу ви е тешко да паметите кој што рекол во секоја тема за да овде му го набиете во нос :D Аа ама ти таму, во др. тема, едно зборуваш, тука друго :D
     
    На CameliaMiller и Daleron им се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Околу одморот, се согласувам дека е луксуз за наши услови. И многу други работи се луксуз, а реално треба секој да може да си ги дозволи. Квалитетна облека, убава храна, па и на саем за книга да отидеш е луксуз...

    Можеби затоа и толку парови се решаваат да почекаат. Ако сега не можат да отидат на одмор и барем еднаш да си го прошират видикот (а се загушени во својот град), кога ќе створат семејство таа можност ќе е уште подалечна.

    Друго нешто што сметам за луксуз е свадба. Парови што немаат каде да живеат прават тотално непотребен трошок, често и на кредит. Па после се чудат како ќе живеат. Ова според мене е прерано влегување во брак, и тоа не одговара секому. Некој ќе биде мотивиран да работи повеќе ако веќе основа семејство, ама некои сакаат да го обезбедат неопходниот минимум за создавање семејство, штедат и тие пари не ги користат за свадба, туку за решавање на животно прашање. Еве од личен пример - сакам да имаме една основа што ми дава надеж дека моите деца ќе имаат подобри услови од тие што сме ги имале ние. И за среќа го створивме тоа, и мило ми е што одевме по тој редослед.

    Секој пар си знае за себе.
     
    На eloves, Annath, vitamina и 6 други им се допаѓа ова.