1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чекање на сè....па потоа брак

Дискусија во 'Брак' започната од Snow-Queen, 9 мај 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Чекање на се....па потоа брак

    Никогаш ама баш никогаш во животот коцкиците нема да ни се подредени точно на место.
    Што ако се ни е погодено и речеш готово имам се што сакам? И што понатаму? Неможе тоа според мене, човекот нема карактер да рече доста ми е, желен е секогаш за повеќе.
    Постои човек без желби? Не.
    Затоа коцкици средени неможе да се има, може делумно.
    Ако сакаш работа, ќе ја добиеш кога тогаш, потоа сакаш стан, потоа сакаш убав одмор, после убавиот сакаш поубав, после станот сакаш поголем стан и се повеќе и повеќе сакаш.
    Затоа јас не чекам да ми бидат наредени коцките за да стапам во брак. Но делумно сакам одредени работи кои јас си ги имам поставено за цел пред да стапам во брак да си ги остварам.
    Јас се нервирам кога должината на врската ја сметаат за пресудно нешто за стапување во брак. Па што ако идам 8 години? Тоа мора да значи дека се сакате и дека ви е потребен брак? Од што ќе живеам? Од практикантска плата?
    Еден од предусловите за брак ми е работата, значи посакувам да се вработам и тоа да го шкртнам од списокот. Секако вработувањето не е гаранција, може задутре да те шутнат, ама колку толку имаш заработка имаш да платиш сметки и да си купиш храна.
    Сеуште не ми е јасно како живеат оние млади кои не работат. Навистина не знам. Мама, тато плаќаат а се во брак и притоа имаат дете. Тоа го сметаат за заедница? Јас не го сметам за заедница, тоа е како родителите на новите брачни партнери да добиле уште едно дете за одгледување и имаат дополнителни трошоци.
    Посакувам и јас стан ил куќа, ама здравје боже ќе биде тоа. И двајцата не сме така ситуирани да можеме од сега да размислуваме за стан, кога би решиле да се земеме мислам дека тогаш тој проблем би го разгледувале. Реално на прстите на едната рака ќе ги избројам оние кои имаат стан ил куќа за себе пред бракот.
    А и искрено не се чуствувам доволно созреана за брак, не е се во материјалното, стан, куќа сметки бла бла. А психата? Не сметам дека љубовта е пресудна за брак само. Треба да си спремен да пеглаш, переш, чистиш, да си правиш сам ручек, да го организираш домот. Искрено не се гледам себе на 25 години како домаќинка самостојна. Уживам сега, зашто да го скратам тоа прерано и притоа кога не сум спремна за таа улога. Ако некој е спремен на 20 години за тоа алал да му е.
    И друго не се согласувам дека ако детето го земе 40 годишен маж од школо дека е дедо. Јас како што гледам во околинава моја сите веќе касно се женат/мажат. Значи се менува, не е како порано како кај родителите наши, сега сите стапуваме во брак покасно, покасно се раѓаат деца, еден ден на родителските средби во средно училиште сите со обелени глави ќе одиме :)
    Нормално е за мене во денешно време кога сите учиме факултети, сите се стремиме за да најдеме подобро работа, за да се снајдеме во ова тешко општество кое реално е толку сиромашно, а од друга страна толку материјално се гледа на работите, каде е претешко да заштедиш за годишен одмор а камо ли за повеќе, па затоа пред се од сиромаштија и од желба за кариера бракот не е меѓу првите точки на разгледување во една врска.
    Мене и ми е сосема нормално на овој степен кај што сме, во општество на еманципирани девојки и момчиња стапувањето во брак да е во подоцнежните години.
    Јас само посакувам дај боже еден ден Македонија економски да порасне, па да можеме младите да се осамостоиме од родителите, да може да живееме сами, да имаме работа, да можеме слободно да студираме и работиме, да во еден брак влеземе економски постабилни и на некој начин посозреани. Бидејки денес живеејки со родителите до 30 години за жал созревањето иде многу поспоро, но не сме виновни ние за тоа, од што сам да живееш? Од вода? :)
    Да и порано нашите биле сиромашни, но денес желбите на еден млад човек и неговите стремежи и желби се далеку поголеми од порано. Затоа треба да се најде една средина за да може делумно коцките да се спојат и да стапат во брак двајца млади. Добро е да се чека според мене, но не и да се претера во чекањето. Лошо е што се повеќе гледам над 30 години лица кои се во многу долги врски а не стапуваат во брак, сеуште чекаат, до кога ќе чекаат? Нема совршенство, никогаш нема ни да има.
     
    На kravce, BoaVista, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  2. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.732
    Допаѓања:
    23.216
    Пол:
    Женски
    Чекање на се....па потоа брак

    Прочитав некои мислења и јас да ви кажам мое :)
    Вака, мајка ми е мажена на 18 години татко имал 24 ете истата година сум родена јас а брат ми после
    3 години. Во врска сум 10 години (а имам 22 уште малку 23) и сите веќе почнаа да велат што чекате. а дечко ми е 1 година постар од мене :D
    Мене мајка ми цел живот ми викаше, прво дека мала фатив дечко (13 год) ама кој слушал тогаш, јас голема се мислев а сега ми е мака за тоа време од една страна, ама од друга страна и не заедно со дечко ми цела Европа ја прошетавме (со играорна) нема кај не сне биле, многу сме си погодени како еден функционираме и после толку години уште не ни е здосадено, уште се сакаме :inlove: ама за мажење уште не сум :lol:
    Муабетов ми беше, за мајка ми што ме советуваше цел живот, -Немој да се мажиш мала, прошетајте, има време за се. Гледај ме мене цел живот мажена.
    Од прво живеевме во заедница со стрико, стрина, баба, дедо, но секогаш сне имале, тогаш татко ми земал убава плата, после почнавме куќа да градиме, самите со свои раце и ја направивме,, делени сме веќе 16-17 години. Мајка и никогаш немала стална работа ама имаме и за јадење и за шетање и за облекување, и кола имаме :lol: можи не сме некој богаташи ама јас сум задоволна од мојот живот. Цело време со мајка ми сум растена никогаш не не има оставено сами со брат ми дома, ни в градинка од 2-3 години не сне биле како многу други деца, дома со мамичка и тоа е голема жртва да знаете ама не се жали и јас сум и многу благодарна и горда на мамичка.
    Да се вратам на темава. Дечко ми заврши факултет, сега работи ама кој знае до кога, дома кај него и мајка му и татко му земаат плата, јас не мислам на свекор да му барам пари за влошки утре. Јас сум при крај со факултетов уште 1 испит, да го дозавршам да се вработам здравје Боже па после ќе мислиме на брак и на деца, тоа е голема одговорност :!: така да незнам што да речам, да се најди некоја средина, оти државава не ни е стабилна ич. Можи никогаш нема да имаме се како што си имаме замислено, па што ќе ни донеси времето не знаеме. Така да немам јас лично некој план точно зацртан :?:
     
    На Anna21 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. jas.mina79

    jas.mina79 Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    9
    Чекање на се....па потоа брак

    Е ова е смислата на живеење девојки...не ташни на Прада, не правен факултет и "stabilna" работа која никогаш во МК нема да ја имате пред 40ка.
    Токму ова е смислата на нашето постоење....ДЕЦА, ВНУЦИ....и дај боже правнуци.
    Точно е дека медицината напреднала....ама џабе што напреднала, кога животниот век на човекот е намален. Сакам детето што ќе го донесам на свет, да го истерам на прав пат...да му се изнарадувам на сите негови успеси, да сум тука за неговите падови...
    но...ако како и многу во реалноста, родам на скоро 40... |( кога моето дете ќе има само 20 години,јас 60...хммммм??!!!! не би си отишла на раат на оној свет!!!!

    Значи..пари за пари, сирење за пари....но, има некои работи во животот за кои не постојат зборови!
     
    На anastasijaki и Annath им се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Чекање на се....па потоа брак

    Не само тоа, ами ако им го грабне друга дечкото па да го ожени? Не размисли на тоа Трендафилке? :)
    Имам некои познанички што у гаќи им се пикнаа на дечковците само да се омажат, а не е битно што нит факултет нит работа имаат и двајцата, па уште и дете направија, а детено реално никакви услови нема, утре ќе плаче за смоки ќе немаат да му купат. Сепак е ова екстремно, ама јас сум за тоа прво да се средат работите, не само најосновните, имаме куќа и ај свадба да правиме, а каде е тука работата на двајцата, зар би сакале само мажот да работи и да ве издржува, со една плата не се опстанува, освен ако не е 2-3000 евра. Немате некакви амбиции за градење кариера? Зборувам за помладиве членки, секако дека е возможно и со семејство да си градиш кариера ама така е многу потешко, или ќе се забаталиш во домаќинските работи или бел ден нема да видиш од чување деца + градење кариера.
    Ги гледам паровите околу мене, кои според мене, а и според ова што го гледам сега имаат стапено во непромислени работи и тоа ради реда, од мометален занес или каприц, па макар биле и неподготвени за тоа, ама така им дошло во моментот.
    А што е тоа се што треба да се чека? Според мене живеалиште, стабилни работни места и плата од која што ќе може да се живее барем просечно и која би можела да ги задоволи потребите на едно дете минимум. Друго што треба да се чека е да се оформени како личности оние кои стапуваат во брак и под ова мислам на зрелост и изреализираност на ликовите во зависност од нивните желби, затоа што нивната неисполнетост пред бракот ќе се манифестира и ќе пукне понатаму во нивниот заеднички живот.
    Ако треба ќе си останам и „стара мома„ ако не се исполнам како што сакам пред да стапам во брак, зашто не ме боли што ќе кажат комшиите исто како што не ме боли и дали ќе можам да родам дете после 30тата. За мене е поважно дали јас се чувствувам спремна за таков живот и дали ќе можам да го издржам тоа како психички така и финансиски. Ова да не се разбереме погрешно и јас сакам да си имам маже и дечиња и прекрасно семејство, ама нема да го имам додека не сум сигурна дека имам се да им овозможам, ним, а и себеси нормално, нема да се жртвувам 8)
     
    На bittersweet и Trendafilka им се допаѓа ова.
  5. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    286
    Чекање на се....па потоа брак

    ние од тоа чекање да има кај да седиме, од што да плаќаме сметки, храна, и се остало стасавме до крај на врска. на крајот му текна на дотичниот дека не сака да седи со неговите, дека немале пари за свадба па и дури немало што да облечат кога ќе идат на веридба, па не биле варосани, па брат му кај ќе спиел :fubar: значи за седење привремено кај неговите, за јадење немаше да умриме а за сметки заработувавме колку да си платиме нормално дека не може се одеднаш. јас секако завршив со фак. па ќе работев и онака преку лето работам, сега ќе работам цела година. и за 2 да не стасаат правилно распоредени 20 000 не знам јас :swear:
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Настрана од целава тема, моето општо мислење е дека - сум ужасната од девојки на 20 годишна возраст што толку очајно сакаат да стапат во брак.
    Најискрено.
    Кој како сака нека си го сфати, такви пусти изговори како не можела да затрудни подоцна, или ќе и отидела младоста или не сакала да остане стара мома, или сите другачки ми се испоомажија, мамоооо сакам и јас! или од страв да не некоја ќе и' го лапне дечкото, или поради тоа што сака поскоро да го врзе покрај себе, па притоа се убедува како на 20 е изживеана, видела се' од светот и животот, доволно и е, сакала да се скраси... оф леле боже. Какви лаги.

    И мајка ми се омажила на 20 години, да, во 1985 година.
    Во други времиња, со поинакви сфаќања и услови за живот.
    Не се покајала никогаш, за среќа и се погодил бракот и живеачката, за која макотрпно се трудела и се' уште се труди.
    Не би да објаснувам долго и на широко како и што, како Кравче на пример, и јас сум горда на својата мајка, и мене ме воспитаа скромно и фино, дека семејството е срж и столб, дека парите не гушкаат навечер.
    Ако има некој што парите не ги става на пиедестал, тоа сум јас.

    Ама дека ќе им се обесам на моите родители, после 26 години за да ми помогнат околу сметките, или пелените на моето дете, после сите трошоци околу мене, од моментот на раѓање, до моментот наречен матурска, па факултет, сите одмори и се' пропратно... и сега, со апсолутно ништо сработено и створено од моја страна, да земам да ги доцедам за да ја поиграм играта брачен живот, тоа нема да се случи.

    Ама тоа сум јас.
    Затоа сме сите различни.
    Секој со својот ум.
     
    На Lolo5, eloves, BoaVista и 15 други им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.332
    Допаѓања:
    249.302
    Само ова
    :bow: :bow: :bow:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anna21

    Anna21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
     
  9. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81

    Е тука не се согласувам со тебе. Да, родителите се модел за идентификација,
    ама не значи ако тие трубат за мажачка дека ти веднаш треба да рипнеш.
    Прво тргам од себе затоа што моите се зеле релативно млади(18 г.), а јас на 28.
    Ама никогаш во животот не ми рекле или пак прашале „Кога ќе се мажам“.
    Секогаш постоело правилото-Кога ти ќе бидеш подготвена.
    А повеќе сметам дека околината вон семејството е таа што повеќе труби.
    Прво е муабетот кога ќе се мажиш/жениш, па откако ќе се омажиш ќе биде „а дете кога“, па после а второ кога и нема крај...
    А инаку општо за тоа дека се` во животот ке ти биде подредено малу морген. Пошто се` ни е во државава средено, не ме чуди и двајца ситуирани да стапат во брак, а после некое време да останат и без ништо. Така да си ја бирам златната средина кога ке бидеш подготвена стапи во брак.
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    И со кој дел од мојот коментар не се согласуваш извини?
    Тебе родителите не ти трубеле кога да се омажиш,
    И ти се омажила кога си била сосем подготвена, како што и самата си кажуваш, на 28 години.

    Појасно амин, не знам што го цитираше мојот коментар.
    И верувај - не се сите како твоите и не нудат таков тип на воспитување.
    Затоа и ги посочив другиот тип како пример. Зашто постојат.

    Не сфаќам искрено што ти е аргументов.
     
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Е, ни јас не верував во ова, се додека моја другарка не ми кажа како веднаш би се омажила ако ја запроси дечко и. А има 20 години. И уште многу испити до дипломирање, камо ли до магистратура. И дечкото не е поарен...
    Се сакале, да завршеле факултет и немало да му ја мислат. Се чувствувала спремно дека сака да го помине животот со него. Ја прашав каде ќе живеат и од што ќе се хранат и нејзиниот одговор беше: Ќе се снајдеме бе, имаме баби, стрини, тетки. :headbang:
    Мислам, во вакви случаи, чекањето не само што е најпаметно, туку е и најлогично. Ама оди објасни на ветрушка од 20 години дека нема кај да брза.
    Ни јас не знам што е работава со денешниве парови кои едвај стигнале до полнолетност, па во љубовен занес глумат зрелост и летаат кон бракови и чуда.
     
    На Lolo5, baguf4e, BoaVista и 5 други им се допаѓа ова.
  12. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно додека не се средат ДЕЛ од работите во животот, не би стапила во брак. Е сега под дел мислам на завршен факултет и работичка колку да имам примање за да можам да бидам самостојна, а не да ми даваат татко ми и мајка ми, ама јас битно мажена сум |(
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Психичка зрелост и подготвеност за брак. Прво и најважно.
    Ама стварно да си подготвен за тој чекор и се она што носи брачниот живот.
    Додуша во последно време гледам околу мене и на 20-ина години се мажат, а после се жалат и кукаат. Им фали мама за да им ги испере и испегла алиштата, за да зготви и го раскрене хаосот. Прво викаат па што, цело време ќе е до мене, заедничкиот живот е поубав, полека полека ќе се средиме. Тука се родителите да помогнат. Да, тие се секогаш тука и верувам се ке сторат за своите деца, ама сепак еден ден ќе имаш и ти сопствено дете и ти ќе сакаш да му пружиш се и сешто, ама ако немаш работа или па ако уште студираш како тоа ќе го направиш? Цел живот ќе чекаме баба и дедо да помогнат :x
    Е па и не било така лесно да си брачен другар и да формираш и одржуваш семејство и да водиш домаќинство.
    Сите коцкички да се наредени е невозможно, посебно во денешно време и во нашава државичка. Ако имаш работа, тогаш немаш стан. Ако имаш стан тогаш немаш работа. Ако ги имаш и двете тогаш немаш заштеда за сопствена кола или полуксузен одмор. Секогаш нешто ќе фали. Секогаш.
    И моите чекале да се средат горе-долу за да стапат во брак. И татко ми имал 34-35 години кога сум се родила, па ништо ама баш ништо не ми фали. А како што гледам и нив, фала Богу. Напротив, пред бракот се забавувале, шетале и уживале до максимум, за потоа во целост да се посветат на бракот и брачните обврски.
    Сепак треба убаво да се размисли пред да се рипне в тавче, а не - се сакаме, па никој ништо не ни може.
    Е па тогаш со среќа нека им е на тие што можат од љубов да живеат и што не се срамат да се на товар на родителите. Секоја чест.
     
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Ги измешавме работите. Бракови на 20год, не станува збор веќе за финансии, повеќе за созреаност и способност да се размислува правилно.
    И да, и јас не сакам да им висам на моите цел живот за секоја банална потреба што ќе ја имам, фала богу. И јас сакам да работам (а работам) пред да се омажам. И јас сакам и дечкото ми да работи, или да има желба да работи, зашто што ќе ми е џаболебар дома што глуми дека листа огласи, а седи на фејсбук цело време. Некој што зрело размислува и сфаќа дека во животот треба да се работи и дека мама и тато нема секогаш да го носат лебот на маса.
    Муабетот е за чекањето на се. Мене најповеќе ме замислија мислењата дека ќе се чека на станбено решение, на простор за живеење. Тоа е енормно тешко да се постигне во оваа држава, да имаш свој дом. Ќе земеш кредит ете можеби, ама ќе неможеш да си створиш семејство, деца, зашто ќе немаш средства за нив, отплаќајќи го кредитот. Не викам јас дека ете сега, треба да замижите и да живеете во мала куќа со 10 души, секако дека сте паметни и амбициозни и очекувате повеќе за себе од тоа. Но потполно осамостојување и стабилна работа? Тоа во Македонија го нема. Може 10 години да работиш на исто место, па сега како што е кризава, да се распадне фирмата и пак да си без работа.
    И дека биле други времињата кога се земале нашите родители, биле. Затоа што тие тогаш имале повеќе средства и можности за да направат нешто повеќе...а ние немаме. Ако тие тогаш можеле тоа да го постигнат до 25год. нас ќе ни требаат плус 10,15 за да го достигнеме истото. Дали треба да чекаме сиот тој период?
    Ги мешате работите малце со мислењата на околината и притисокот од домашните. Можеби ете во вашата околина тоа го гледате. Кај мене некоја на 20год. да се омажи, баш напротив, комшиите коментираат дека била мала. Јас немам ниту една другарка мажена, ниту има притисок да го направи истото. Сите се со факултет, но што е факултетот денес, кога секој може да го заврши. Работа нема. Не викам јас сеа, ајде што чека, нека се мажи, завршила факултет, ќе си најде работа после. Секако дека не, кога не би имале средства ни за леб. Но да го постигнеш се она што си замислил (стан, куќа, кола, стабилна работа, одмори на море, ручеци во ресторани...) за потоа да стапиш во брак...тоа ќе биде на навистина постара возраст...па сега кој како сака да чека...
     
    На Trendafilka, Moira и eli25 им се допаѓа ова.
  15. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Еве јас се омажив на 20години работам од мојата 18година тогашниот дечко сега сопруг работеше на доста добро место имаат убава голема куќа не се стискавме сите во 2 соби подигнавме кредит си го оппремивме спратот се роди моето синче супер брак сите услови остварени .... и наеднаш се преселивме под кирија , сопругот го испуштија од работа наеднаш се се промени. Фала богу по една една година најде друга работа кредитот го доплатив немам никакви обврски оди на подобро. Сакав да кажам ако се чувствувате психички подготвени да стапите во брак не мора да ги чекате сите коцки да се наредат тие се редат и повторно се растураат па треба да ги составуваш. Еве имам колешка има 30год. уште не е мажена од причина што чека коцките да се наредат ,а јас сега на 22 год имам опремен стан , синче во рацете и добар сопруг колешкава изгледа ќе почека до кај 40 да се наредат коцките ама тогаш ќе биде касно.
    Ова е моето мислење :)
     
    На blond и al-vik им се допаѓа ова.
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Мислиш дека оние што се мажат на 20 години се посозреани од останатите?
    Мислиш дека зрелоста е во пристапувањето на брак?
    ,,Ај ќе се земеме, па што, си се сакаме, убаво ни е!''
    Jaс лично го тврдам сосема спротивното. Напротив тие се несозреани.
    20 годишните не размислуваат долготрајно.
    Зашеметени од некоја љубов, па мислат од неа ќе живеат. Абе ај, бракот е само љубов? Ма немој.
    Бракот не е само втора фаза на една врска, бракот е почеток на сосема нешто ново, вие двајца сте семејство во добро во лошо. А 20 годишните брачни партнери се само една подзаедница на нивните родители. Ги одгледуваат нив по два пара мајки и татковци, им готват им перат ги читат па уште и им го одгледуваат и воспитуваат детето. Она иде на факултет, тој искача со другарите, а баба чува дете на други деца. Е така ми се денешниве бракови на младите. Има исклучоци каде некои 20годишни сами живеат и се снаоѓаат добро во новите нивни улоги, но повеќето се сеуште под заедницата на мама и тато.
    Јас не ги разбирам, навистина не ги разбирам кај брзаат.
    Повеќето од нив ни детето не го сваќаат како обврска, ни сериозно пристапуваат кон улогата мајка и татко, не е детето играчка, а не и е ни место на мајката да искача низ дискотеки секој викенд, како што прават многу млади мамички. А не е ни бракот зафрканција па на првата караница спакувај се и оди си дома.
    Созревањето иде со годините и созревањето е да размислуваш на иднината вклучувајки и материјалните и нематеријалните работи, а не да избрзаш со работите божем си понапреден од другите.
    Не си понапреден, туку брзата кучка слепи кучиња раѓа најчесто.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    донекаде имаш право да,размислуваш исто ко мајка ми :D
    после 30тата година, ризична е бременоста знам(а таа мене ме родила на 30, а брат ми на 33) :lol:
    да не ја заборавиме опцијата инвитро што до сега се има докажано како успешна :!:
    па на крајот на краиштата, ако сакам детенце, а не можам да имам, ке си посвојам, барем на едно сираче ке му ги скратам маките :)
     
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.323
    Toчно дека ние младите -денес,сакаме се да средима па после брак,повеќето.
    Јас отсекогаш во глава сум си го имала тој редослед-факултет,работа,пари,шетање,стан -брак.
    Факултет-завршив,а денес 90 посто од средношколците се запишуваат,пошто во секој град има факултет,каков таков,завршуваат.
    Работа-ајде ќе се најде некаква.Може не на струка,ама ако се сака да се заработи,може секој да работи било што,без да бира.Стабилна работа,немам.Зошто денес ништо не е стабилно.Договор-за приватно зборувам,ќе потпишеш на неопределно,но има една подточка каде стои дека ако не му одговараш на газдата ,може да ти даде отказ,кога сака,.А ако јас сакам да си отидам,ќе му платам казна.Дали и државното може да се рачуна за стабилно,денес веќе навистиан незнам.
    Пари-е пари можам да имам на страна ако моите ми пуштаат за сметки и станот,а мое да остане да тргнам на страна.Но јас ја немам таа можност,и сами финансираме се.Настрана немаме денар.
    Е сега останува станбеното прашање,а уште малку ќе се наметне и друго-дете.Навистина би сакала за некој краток период да станам мајка,а околу мене куп прашања.Дали кога ќе останам трудна ќе добијам отказ,зошто претходно во неколку фирми сето ова ми беше нагласено, па дури и сакаа да потпишам договор,каде утре ќе го чувам тоа дете-во станот под кирија,или да се вратиме дома,секако ќе треба да ги напуштиме работните места во Ск,а таму единствена опција ни е да почнеме нешто приватно,пошто од партија не чекам.

    Многу побитно е барем да имаш со нешто да почнеш.Факултетот не е мерило,ама е скалило за повеќе.Работата никаде не е сигурна,кога ќе видиш се е релативно.
    Битно се зедовме откако дипломиравме и имавме работа.
    Се надевам на подобро,и заедно ќе се потрудиме да се средиме како што треба.
    Не осудувам никој,секој нека си биде одговорен за своите постапки.
    Само ќе кажам,немојте да чекате предолго.Мене денес и 27 ми се чинат многу :lol:
    Со добар партнер покрај вас,заедно ќе успеете.
     
    На blond, lolyta777 и kravce им се допаѓа ова.
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    не, мислам дека се несозреани :) Напоменав и во претходен пост, во тој период сеуште реално не се оформени вистинските желби, еднаш сакаш едно, па потоа друго. Барем од мене гледам лично гледам, каква бев јас на 19,20 години, а каква сум сега. Затоа реков дека не е до финансиите, зашто може да ги има (што ти знам таму икс приходи), но ја нема доволната созреаност.
    Има луѓе кои немаат приходи за да се едуцираат, кои не се толку амбициозни за да бидат менаџери или директори, работат како продавачки, зашто ете, неможат повеќе. На нив треба ли да им се забрани да имаат семејство, зашто утре ќе неможат детето по најнова мода да го облечат? Така ако иде, ќе се раѓаат деца на 40, и тоа само побогатите :)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Искрено не би сакала да се омажам толку рано, уште на 20-21 година. Добро, не сум имала некоја озбилна врска ама мислам и да имам не би го променила своето мислење.

    Живееме во помодерно време, не ми е јасно зошто на толку рана возраст треба да се врзуваме. Мене би ми било најбитно да завршам факултет, да најдам добра работа а после другото. Точно е дека коцкичките никогаш нема да се спојат ама пак, не можам јас од средна право домаќинка да бидам. Сега секој си има различно мислење ама мислам дека никој на 20 години не е доволно созреан и одговорен за да се грижи за семејство и да одгледува дете. Што се 20 години? Само што си излегол од тинејџерските години и веднаш си спремен за брак? Не би рекла.

    Колку и да си заљубен и се мислам дека нема потреба од брзање. Може вие и во врска да си се сакате, да ви биде убаво. Не мора бракот да е некој показател за тоа колку се сакате или дали не може да живеете еден без друг. Мене искрено ваквите размислувања ми се застарени. Мислам дека и најлудо да се затрескам во некој пак ќе си останам на ова мислење. Имам други приоритети во животот а за брак никогаш не е касно. Сега сигурно нема на 30 и кусур години да се мажам. Ама сепак пред 25 не планирам па сега којзнае, може сешто да се случи ама се додека не се почувствувам доволно сериозна и спремна за такво нешто не би можела.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.