1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чекање на сè....па потоа брак

Дискусија во 'Брак' започната од Snow-Queen, 9 мај 2012.

  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    76.684
    Пол:
    Женски
    Стамбениот го земавме од комерцијална.Без учество и административни трошоци а е во соработка со градежна фирма Илинден. а зградите се во Ѓорче кај очната болница и Санте плус.750 евра е квадрат,веднаш вселив и со чист имотен лист.Треба да отидат во главната банка,еден кредитобарател а еден од сопружниците може да е кокредитобарател за да одобрат поголем износ.Прават проценка према платите колкав кредит точно може да се одобри и откако ќе им ги кажат тие работи треба да отидат и да изберат стан од понудените па да почнат процедура.Ама овој кредит без учество се однесува само за овие згради.
     
    На eatpraylove90 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.136
    Пол:
    Женски
    Јас би чекала за да го завршам образованието целосно и да се вработам. Пред тоа нема шанса за брак. А не сакам ниту млада да се омажам, сметам дека 28 години би биле идеални за тоа.
     
    На elimkd, Kitten, marijaz и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Ana Marija 1

    Ana Marija 1 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2015
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    11.321
    Пол:
    Женски
    Мене единствениот услов да прифатам брак ми беше да се вработам. Може е и до воспитувањето, ама бев цврсто решена финансиски да не зависам од никого. Кога конечно се вработив по струка се земавме со мм.
     
    На Kitten и slobodka им се допаѓа ова.
  4. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    7.651
    Пол:
    Женски
    И јас бев за тоа да чекам да го завршам факултетот, па да се вработам по струка, да средиме во куќата каде што ќе живеевме со маж ми. Арно ама маж ми на тоа вели: aко чекам јас на тоа деца на стари години ли ќе растеме :D.
     
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.883
    Допаѓања:
    132.489
    Јас за брак почнав да мислам откако се вработив, добив знаење за да можам сама, откако заштедив пари, откако станав свој човек. Дипломирав, работев, магистрирав, положив правосуден, сменив работно место, најдов втора работа. И тогаш решив дека сум свој човек, дека можам во брак.

    Да не барам 50 денари за улошки, да не зависам од никој, да не се случи маж ми да ме изневери и да се разведам, а да немам пари за да го задржам детето, па социјалното во бракоразводна да рече маж ти ќе го земе ти не. Многу ми беше битно да можам прво сама, за да можам после да сум во заедница со маж, па и да имам дете. Ми беше битно да не зависам од никој, да не бидам издржувано лице од сопруг, мајка, татко... Туку да имам свое јас, образование, занает... да можам да земам кредит за стан, да можам да живеам без свекор и свекрва над глава. Ова се ми е резултат од една комшика на која двете деца и ги одзеде социјалното и ги даде на маж и оти он имаше работа, беше образован а она цел живот се шлепаше на него. На крај, си пресуди сама откако сфати дека не може да биде со децата, оти нема дом, оди по кирии, оти нема работа, има само основно образование и трпи за леб.

    Кога видов дека можам сама се омажив за маж кој е уште понезависен од мене. Такви двајцата самостојни одлично зависиме од љубовта помеѓу нас и ништо друго.

    Ако зависам од него или ако она зависи од мене... не е партнерство повеќе.

    Не чекав од никој да ми даде дозвола да се мажам или да купам куќа... само сакав да сум самостојна. Затоа, не се чека се. Само она што вас ви треба.
     
    На Belgin1, eloves, Momichka и 11 други им се допаѓа ова.