1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чекање на сè....па потоа брак

Дискусија во 'Брак' започната од Snow-Queen, 9 мај 2012.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.467
    Допаѓања:
    201.207
    Пол:
    Женски
    Оваа тема сама по себе наметнува едно друго прашање. Како што е очигледно, најголем дел од браковите кај младите околу 18-20 години подоцна завршуваат со развод - секоја чест на исклучоците, кои за жал ги има малку - се прашувам, кога веќе толку се сакаат за оформат брачна заедница, зошто не пробале прво да живеат заедно? Не мора да бидат венчани, ама ако сакаат да се земат, нека живеат одреден период заедно, нека видат како функционираат, дали можат да ги преземат обврските што ги носи брачниот живот и после да решат дали ќе се венчаат или не. Кај нас овој чекор се прескокнува, штета што е така - многумина така можат да се поштедат од прераното стапување во брак, и врзување за погрешна личност. Затоа што е многу јасно дека не е сигурно дека некого ќе го сакаш до крајот на животот, а потписот во матично уште помалку го гарантира тоа. Заедничкото живеење може очите да им ги отвори и на најнесозреаните и најнаивните. Барем јас така мислам. Ама тоа најверојатно се прескокнува поради тоа што е поважно што ќе речеле комшиите оти децава живееле заедно невенчани, а најчесто и родителите се против, притискаат да се даде барем збор, па и да се раскине, никому ништо.

    А дека ќе биде сè совршено - нема да биде. Ама не треба ни да се избрзува - златна средина е најдобра. Кога човек е зрел и способен да се носи со обврските кои ги носи брачниот живот и грижата за семејството - спремен е за брак. Без разлика дали е тоа на 20 или 40 години.
     
    На JuLleE, AIT, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    11.582
    Пол:
    Женски
    ^ Tоа дека тие се сакаат и не можат ни ден еден без друг е само изговор за „бељата“ што ја направиле. Еве пример на форумов, не ли се нормални девојките со долгогодишни врски што не стапуваат во брак сега? Не. Само свесни се дека само од љубов не се живее. Секако дека и без љубов не се живее, ама како би успеала таа љубов кога нема да имаш каде да живееш?
    Не може никој да ме убеди дека две личности од по 19-20 години, без работа, без никакво искуство се спремни за брак.
    Во мојата околина имаше баш ваков случај. После матура се земаа. Живеат со родителите на мажот, абер немаат од наоѓање на работа (додуша мажот амалува во градежништвото за некоја мизерна дневница од 500 денари едвај).
    Битно на нив им е се таман. Имаат дете кое го гледаат бабите, во брак се, а живеат на туѓ грб.
    Не ми е воопшто сфатливо ова. На 30 години ќе ги мавне криза, ќе почне да им мрда газот, а како и не би.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Било кој одговор т.е избор ќе биде нож со две острици од едноставна причина што НИКОГАШ НЕ СЕ ЗНАЕ што носи утре. Некому добра работа, стан, стабилност, нема човек со кој ќе го сподели сето тоа. Други имаат љубов немаат услови, а пак трети имаат се а го немаат најубавото нешто-семејство. Никогаш не се знае што носи денот, ниту пак кој на кои години на кое интелектуално скалило е. Има многу 30+ што три чисти немаат во главата, па најди им го крајот. Кај четврти пак, се влечкаат сто години, се е Ок и на место, било со работа или стамбено прашање па уште чекаат што ми е тој дел несфатлив(потенцирам со расчистени сметки околку понатамошниот заеднички живот). Гаранција нема никаква. Господ да е со тебе и со малку милост да те служи среќа. И јас како повеќето си имав одредени замисли кои ги бев оставила за понатамошни времиња, дека далеку од тоа дека ми беше дојдено да размислувам за мажење. Едноставно кога ќе се најде она вистинското, некогаш е прашање сега или никогаш. И знаев дека тоа моето е сега. Едноставно знаев. И како и сите новопечени младенци, ќе си видиш потешкотии од секаков размер. Но јас имав остварена личност до мене, неговата поддршка и заедно одевме само напред. Понатамошното досредување на сите мали но витални ситници ми беше на прво место пред да направам било што. И тоа би. Кога најважното се среди спонтано си дојде се.
    Некогаш вреди да се чека-ако и имаш време за да чекаш(помалку веројатно е дека некој со 47 на пр има време да чека да се досредат некои работи ако тогаш оформува заедница), а некогаш се залудни сите напори ако ситоацијата не е сфатена сериозно.
    Не е само земи се направи деца и чуди се како ќе преживееш до утре, но и не е да чекаш цел живот да се средиш па да имаш семејство а годините веќе си минале. Никогаш нема прав и вистински момент. Има само погодување-или ќе биде или не. Никој во ниту еден случај не дава никаква гаранција дали несреќниот ќе се усреќи, или дали среќниот ќе остане таков. Со ум во глава и со многу среќа секој да си го најде своето парче рај каде припаѓа
     
    На ph.orhideja, danika, Bibko и 14 други им се допаѓа ова.
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Ха, ми текна на една линост, девојката е 2ра средно, а тој 10тина год постар од неа, останала бремена, а сега си зборуваат дека НАМЕРНО останала бремена, бидејќи сакале да стапат во брак |( бидејќи се мноооооогу сакале. А во врска не можат да се сакаат ?!? Не може никој да ме убеди дека девојка од 16тина години намерно останува бремена, ниту пак дека знае што сака од животот, ниту пак дека е дојдена на скалилото на созреаност 2. Намерно бе :fubar: :fubar: на 16г. Ај туку во друг правец ми отиде муабетот. Она што сакав да го кажам е дека првата реченица од постот на тинкербел и те како држи вода.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.060
    Допаѓања:
    66.788
    Пол:
    Женски
    A зошто нон стоп ги мешате тинејџерите или тие околу 20тина години? Темава на крај краева не е за рано стапување во брак, си има тема за тоа. Муабетот е дали ако немате работа, немате постојани приходи, решено станбено прашање итн, би стапиле во брак. Трендафилка најубаво си одговори
    И јас не би дозволила да не помагаат, откако сами живееме ни немаат дадено ни денар. Брачната заедница е и осамостојување, формирање на свое семејство. Сами сме се снаоѓале секогаш, сме работеле, доколку се сака се може да се оствари. Ние сакавме да се осамостоиме, иако ни станбено прашање не ни беше решено, немавме ни некоја стабилна работа, ама ја имавме волјата, знаеме дека сме млади, здрави и прави и секогаш можеме да работиме било што, ама нема да дозволам да паднам на терет на моите, за кои слободно можам да кажам дека и онака немаат со што да ни помогнат.
    Ама ако чекавме се да се реши, он да ја добие работата на која еве и уште чекаме, се уште немаше да живееме заедно.
     
    На AIT, Doozy, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Не разбирам зашто мислиш дека си во предност на твојата 30годишна колешка? :^)
    Додека ти си отплаќала кредит и чувала бебе, твојата колешка си ја живеела младоста како што сака. Не мислам дека излегувањата и дружењата се суштината на животот, но се многу битни за тоа како ќе се изградиш како личност и дали подоцна ќе ти светне дека можеби не си прошетала и видела доволно, а назад ќе нема.
    Тебе можеби тоа не ти е потребно, но на твојата колешка да и не значи дека она се кае или тебе ти завидува што така млада си ги наредила коцките.
    На крајот на краиштата, изгледа се е до средината каде си растен и како си воспитуван.
     
    На eloves, faye, miss.ella и 8 други им се допаѓа ова.
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Многумина тоа го прават и кога се на почеток на врската, кога врската цвета во занес на страст семтаат дека неможат еден без друг и како решение за да ја “зацврстат“ таа љубов на нивни само по 20 години, го гледаат бебето. Да се решаваат на тој чекор од проста причина што ако речат се сакаме ќе се земее во тој случај ако не родителите од двете страни, барем од едната ќе се против на тој деттински брак.
    И јас знам таков сличај девојката остана бремена а воопшто не беа средени, па дури родителите на дечкото само што почнаа куќа да градат и буквално како цигани по роднини живееа. И баш ја прашав девојката добро штом толку многу се сакте што не се веривте и да почекате да се средите па после дете и одговорот беше дека тоа било единствениот начин да да се земат |( живи глупости и ете детето се роди и буквално крај со крај сврзуваат!
    Јас не велам дека на 30 години треба да сеуште са се чека за да се средат работите туку дека до тие години треба колку толку да ти се средени работите во животот.
    И јас сум со човекот што го сакам веќе долго време и тој за мене е вистинскиот и ние имаме планови за иднина заедно сме од 17 години уште од тогаш знаевде дека долго ќе сме заедно и што требаше уште од тогаш да се земевме зошто тој за мене е вистинскиот? За немој некоја друга д ами го лапне, па како ако е “вистинскиот“ да се плашам дека ќе се разделимеДо сега да родев 2,3 дечиња? Да можда ќе сум била среќна зошто ќе сум немала ништо во животот проживеани и ќе сум немала со што да споредам, зошто никогаш немаше да имам толку прекрасен студентски живот, никогаш немаше да се запошам на посдипломски, никогаш немаше секое лето сами да си одиме по одмори, никогаш немаше да си се посветуваме еден на друг и уште многу, многу работи. Жена ќе бидам, но дали девојка повторно некогаш ќе бидам?
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Жално и поразувачки е како 30 годишни девојки се етикетираат потајно како престарени моми.
    И тоа, ни помалку ни повеќе, туку од страна на сопствениот женски род.
    Инаку, во тоа се' што упорно го потенцираме, спаѓа и најважното - а тоа е вистинскиот партнер.
    Епа за тој клучен и најважен фактор вреди да се чека и подолго.
    И не ја сфаќам трагиката во тоа, освен што за некои ако имам 50тина години кога детето ќе ми стане матурант е очигледно рамно на самоубиство.
     
    На faye, BoaVista, AIT и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    А бе мора да се прифати и фактот дека сите жени, иако ист род - сме различни. Не секоја е скроена за мајка/домаќинка, и не секоја сака да жртвува фамилија за кариера. Ако девојка на 20 сака и се осеќа спремна да се мажи и роди дете - тогаш и треба да го направи, оти се` спротивно на тоа ќе значи измачување за неа. Истото важи и во обратна насока нели :)

    Со самото тоа, девојката чиј приоритет е семејство ќе сака да се омажи што порано, и нормално дека 30 години за неа се ПРЕМНОГУ. Јас ова не го сфаќам воопшто лично (ете јас се омажив на 30, па изразот „стара мома“ не ме допира), и на нив е да размислат од што и како ќе живеат - јас моето го смислив :lol:
     
    На lackygirl, mims-89, sesilija и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Јас се омажив на 25,мажот ми на 28 години ,кога се веривме работевме и двајцата,потоа јас останав без работа тој само работеше,никогаш не сум се замарала до тај степен да имам се ,значи си купувавме скромни работички за домот,не најскапото и најубавото,туку колку ми е долго чергичето толку си ги пуштам и ножињата,имам прекрасно синче што не би го заменила со ништо на светот,ни за никакви шетања по кафулиња и младешки живот,едноставно тоа го иживеав и сега си го сакам тоа што е ,и со него си излегувам си се шеткам не сум врзана дома,па си одиме на кафиња низ кафулиња,на излети на гости,дури животот ми е многу поинтересен, поисполнет од кога го имам него,си имам другарче нон стоп што ми се лути,што ме смее,што кога ќе ме гушне ме прави најсреќна на цел свет и зошто да чекам се ,па тоа се за мене е моето дете,се друго ми е излишно,сите тие стварички што ќе ги купам или нема да ги купам не ме прават среќна,среќна ме прави неговата насмевкна,неговиот плач ,тоа е моето се и сметам дека за него нема чекање
     
    На kravce, blond, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Баш ми е драго за тебе, но кога имаш дете пред се треба да мислиш на детето и на неговата иднина. Дали ќе си била толку среќна ако на детето не би можела да му ја купиш играчката што ја сака, или во продавница ако посегнува по лижавчиња, смоки, чоколади, сладоледи, а ти неможеш да му го купиш тоа? Нормално е дека си го сакаш најмногу на свет детето и дека тоа е твоето СЕ, но верувај дека ако детето плаче по нешто, а ти неможеш да му го купиш или барем некоја замена за тоа нешто, а тоа плаче и не е среќно, каде ќе биде тогаш твојата среќа?
     
  12. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    За да се одговори на прашањето потребно е уште малку податоци да се додадат - прво, што е сè? Второ, дали зборуваме за повеќегодишна врска од млади години или нешто тазе, и брак само заради годините.
    Апсолутно се согласувам со Трендафилка, терминот стара мома ми е смешен, па и на 40 години - секој има право на избор, и апсолутно не треба да се етикетира. Јас ќе правам свадба многу скоро, и немам 40, но имам над 30, и не сметам дека имам многу нешто пропуштено во животот што немам дете што сега прави полуматура (или матура :) ) Едноставно, во 20тите го немав најдено вистинскиот, а не бев спремна да замижам и да го одберам првиот што колку-толку одговара (како што некои и ми викаа). Затоа пак прошетав многу (и тоа не од шетањето по кафиќи - животно искуство не се стекнува баш таму), стекнав пријатели низ целиот свет, самодоверба, завршив факултет, магистрирав, имам одлична работа.
    Сега сметам дека на моето дете (дај Боже да го имам) ќе можам да му понудам многу повеќе, и пред се здрав семеен живот со љубов и почитување меѓу стабилни родители, а ако некој пред градинката ќе мисли дека сум стара, негов проблем :)
    Не ги осудувам тие што се решиле млади да стапат во брак (освен што им се чудам на тие што баш поминуваат преку немање никаква финансиска и психолошка самосталност само заради бракот како брак), но немојте ни да ги осудувате ниту тие што заради животните околности, претпазливоста, или изборот, не се сложуваат со вас.
     
    На Sundream, Bozica1980, teddygirl и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    Не сакам да звучи философски,ама така ме учеле и така се научив,без слобода во животот било каква,ништо не си. Слобода не е само комотно јадење ѓеврек на клупа или мир во светот.

    Би сакала да размислувам романтично и да речам љубовта е посилна од се,ќе надминеме,но некако ми е незрело и неизградено. Што е тоа што не може толку да се чека?! Полесен бил животот заедно, еден до друг сте...па ако јас вака размислувам,тогаш сум незрела и неизградена,а очигледно и нашиот однос,тоа е веќе оков и робство,не брак. Многумина нема да признаат за своите реални проблеми зошто прво,не се ни свесни дека ги имаат,а второ свесни се,ги прифатиле и живеат со тоа. Ужас.
    Муабетот ми беше,слободата од материјален аспект и те како е важна. Пааа се уште не сум пронашла љубов која може да победи сериозен недостиг на 50 000 евра за стан... Имавме една тема на која мнозинството рече,дете со љубов не се рани,туку со храна,а за храна требаат пари.
    Убаво би било да се имаат двете. Тежнеам кон тоа,го сакам тоа. Слобода од материјален аспект да речам имам дом,каде можам да градам функционално семејство,имам работа од која можам да си го наранам семејството,да го прошетам и да му созадам живот. Банално ми е да мислам дека семејството е просто постоење на светов. Се сакавме,се земавме и имаме дете,а сега...сега крпиме крај со крај и имаме ... љубов. Да не се лажеме,кај што ќе влезе болвата на немаштијата секогаш ќе пецка,таа љубов бледнее,по некое време кога ќе настане фазата на разбирање и хармонија,нит ќе има разбирање,нит пак хармонија. А со дете и печен брак малку потешко одат тие работи. Завршен факултет...па може не е гаранција за работа, ама што те кошта да го имаш и зошто да се донесеш утре во ситуација,способен си,ама не можам да ти дадам поголема плата или позиција зошто немаш факултет?! Слагалицата не се мести сама по себе,мораш сам да ја наместиш. Не можам да си дозволам да речам,еј па не морам се да имам, морам ли ова или она... А зошто пак да не пробам да го имам тоа и тоа?! Не барам млазен авион побогу. Ама тука веќе лежи комплексот воопшто на нашиот народ,ок е и малку,еее па ако чекам,стара мајка.И?! Извини,на тој брак и тоа дете,поарно стара мајка која знае што сака, е слободна и независна,а потоа убаво се поврзува со својот маж на здраво ниво и има искуство во животот и има што да го научи,него ли 16-17 годишна мајка која поим си нема од истото. Ова е Македонија точно,но има и многу фини и чесни приказни во истата. Можеби од дистанца имам замисла,можеби нема да успеам во истото,но познавајќи се себе си,не би можела да живеам мирно ако не се обидам барем. И да не се случи,утре полесно ќе спијам кога на малиот ќе му речам,мајка ти се потруди,синко толку можев,со лице. За било што така се водам,па така и ова. Да бидеме реални,важиме за пасивен народ, пак ретко и кој тука инсистира да ја гради својата вистинска приказа,колку и да било се тука нечесно. Не може да е се нечесно...мислам дека ми ја сфаќате поентата.

    Малку ми е незрело да одам со премисата,ќе се снајдеме. Како тоа ќе се снајдеме?! Кажи ми како тоа нашата љубов ќе надмине 50 000 евра?! Ќе се земеме и едноставно ќе си постоиме без други работи во животот додека до срж не се исцрпиме јас и ти?! Не,се осеќам ко лоша личност кога ваквите пример ги зимам со јака доза на резерва и скепса дека... малку интелектуалното ниво потфрлува ако једино поле на интерес им е нивата бајковита љубов и мислата дека така е полесно и дека така ќе бидат еден до друг постојано. Уствари...тоа е...кој како сака.

    Ајде,ако одев по оваа логика,можев да бидам барем свршена уште лани,горе-доле ми фалеше уште финишот и работа,можевме да се скрпиме на другите полиња,може и свадбиче сега ќе истеравме...Но... друга една работа, повторно слободата,овој пат на духот. Со своите тогашни 22 години, со штотуку осетена слобода,не дека не сум можела да живеам претходно,ама ова е слобода од факултетски обврски кои кој како сака нека рече,факултетот е голема и важна работа (ако сакаш да го имаш де) која одзима солиден дел од времето и е одговорност,па ќе си ускратиш многу работи. И сега јас,конечно слободна и како животинче од кафез така кажи, лицето на денот го гледам во полна слобода и да се мажам?! Нема шанси. Животното искуство ко такво,те гради ко личност,за ти утре да можеш да изградиш друга личност,да поучиш и да насочиш,а не едноставно да си постоите и да вршите проста репродукција. Плус,учи на самостојност и пронаоѓање на себе си. Не сакам да имам заврзани раце пред маж кој ќе ме издржува пред се, финасиски зошто не сум завршила факултет, потоа емотивно, зошто сум приврзана за него до гроба и не знам,ама не знам што без него, психички, да не можам самостојно да градам ставови и да расудувам. Утре тој брак можеби во даден момент да престане да функционира. Никогаш не се знае, од големи љубови до страшни дебакли. Мислам ја читаме фемина секој ден... знаеме какви се не убави приказни има со тажни краеви,прост пример. Е во тој момент, ти престануваш да ја имаш својата слобода и среќа...немајќи подлога да се осамостоиш и да продолжиш.

    Според мене,независно што имам негативен став кон бракот (не ко негативен пример,да не воденам,пишувавме на друга тема,не е лош сам по себе лошо да не ме сфатите) и сум за една заедница без потписи,макар тоа било правно комплицирано и тешко, една сум да му се невиди,морам за атер на моите чочек-мочек опса са.... па ќе се деси своевремено ако се најде муж,соодветен,по мерка :D ...значи,независно... е сериозна одлука која бара промисленост како за изборот,така и за редење на својот живот претходно,со цел баланс на внатрешниот и надворешниот твој микросвет, да немаш празнини лични за да после ги пренесеш во бракот. Не би сакала да некого да му го унесреќувам животот,со тоа и мојот,а најмалку пак на своите деца. Сите го зимаме животов како преголем залак,но зависи кој,што и колку бара...и што бара. На крајот...не се осудувам да влегувам во брак за кој не сум сигурна,ако почне да ме гази време и биолошки часовник кој е јединиот кој не ти дава избор да имаш избор и слобода, па...рака на срце,подготвена сум и да си гледам сама дете,иако порадо да бидеме фамилиица,мама,тато и трички ( е да де,јас така реков сега и три ќе бидат! :D ).
    Увек се потпирам на науката овај нали...пак глуглав де... и статистички гледано, браковите на позрели години остваруваат поквалитетна содржина од истиот и децата им се поизградени и насочени ко личности. А рака на срце, и на факултет некаде го учев ова по некоја си статиска,дел демографија,давно је било.Што значи,планирањето семејство и донесување на одлука за бракот,следствено на нашиот секаков развој,е поконтролирано и посвесно,зошто луѓето се повеќе се свесни за светов и не сакаат да ризикуваат.Е сега тука секако се изискува делба,на овие и оние,ама не навлегувам. Ако збориме во име на фактите...ништо лично уште еднаш...

    Не ги разбирам браковите кои почнуваат рано, а не мораат, а и оние кои што викаат,ја направиле *бељата* (дете не е беља),па мораат. Мене и тоа ми е чудно...дете не е торта,па да го направиш од прва,а и тој љубовен занес и несакајќи ми е...све тоа чудно и симтоматично. Не знам...
    И многу се нервирам со муабетот,до 25 бираш,над 25 те бираат,девојка ако не најде дечко или врска за сериозно до 25,тешко е после. Стварно?! А шо викаш да одиш малце да прошеташ?

    (машала пост... :wasntme: )
     
    На MaxyMax, Phyramide, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    тоа е тоа :) Ако сум спремна да речеме за брак, не би со било кого. Ако на мене ми се мажи нема сигурно да рипнам во тавчето со било кого само за да ете ми се исполни желбата да бидам нечија сопруга. Да чекам на се (од финансиска гледна точка, пари, куќа, имовина...)а го имам правиот човек крај себе...нема да чекам. Ама ако го нема вистинскиот човек и те како би чекала многу.
    И сигурно ме фативте за комшијата што се ожени на 32. Ама тоа беа негови зборови, а не мои :) Тој долго време одеше со девојката, а кога се ожени и си доби ќеркичка сметаше дека толку му е убаво што немал потреба толку време да чекал за да си створи семејство (можел и порано).
    Башка што на темава ги замешавме поимите, брак и семејство. Ако стапат во брак не значи дека веднаш би дошле децата. Како што шетаме како пар, така би шетале и како брачни другари, само ќе делиме многу повеќе од љубов, би делеле се :)
    на крај краева, сепак изборот е личен :) неможе едно да гласи за сите, ниту сите да гласаат за едно :)
     
    На lackygirl, Annath и Moira им се допаѓа ова.
  15. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.796
    Допаѓања:
    39.364
    Пол:
    Женски
    Јас се омажив на 23 , мм на 27 .Го добивме првото дете на мои 24 години. ПрилиЧно млади и двајцата :D .
    Но доволно созреани за да знаеме какви последици по себе си носи бракот , и детето .
    моментално живееме во трособен стан под кирија, не сакавме да бидеме со свекрва и свекор.
    Мм инаЧе живее сам од свои 18 години. Јасно е дека неможе млад Човек од 27 да има заштеда за сопствен стан , но со тек на времето и тоа ке си дојде. ..имаме доволно средства за пристоен живот ... сметките се платени на време , не бараме никаква помош од родителите :)
    за детото исто и државата ни испака месеЧно средства , доволно за пелени и други работи потребно :)

    Како и да е познавам многу примери на млади луди залубени и земени на 17 - 18 каде бракот не успеал..не дека годините се пресудни ама сепак .. од љубов не се живее , и најЧесто се создаваат нервозите од живеењето во заедница , немањето своја интима и др ..
     
  16. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.455
    Пол:
    Женски
    Ако не си во сериозна врска после 25 манастир не ти бега. (мала шала) :D :D :D :D
    Иначе во целост се сложувам со тебе мислам дека сосема е излитено тоа мислење дека после 25 те бираат.... Па не сум ни ќора ни саката па после 25 год да останам на милост и немилост на некој дали ке се реши да ме земе или не . :) :) :)
     
  17. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    А, што со некои семејства кои цел живот се трудат и не можат крај со крај да сврзат, а не барем една кола да купат?

    Кој ми гарантира мене дека ако чекам на се, тоа СЕ и ќе се оствари? :^)

    Второ, сите сакаме да сме газди, директори, државни службеници. :!: Ама мора некој да чисти!!! Мора некој да ни го собира ѓубрето и да ги мети улиците.
    Па, дали таа чистачка не треба никогаш да се мажи?
    Дали чистачката која има дете, т.е детето кое оди со скинати патики, немаат ни за леб, ќе запиши факултет и ќе најде солидна работа за да го обезбеди животот? Има исклучоци, ама преретки.

    Не може сите да сме богати и да имаме се.

    Кој знае и умее да живее и со малку - е најсреќен. ;)

    За старите моми - додека си млада ќе бираш, откако ќе подостариш машките те бираат. И додека си млада, полесно е да трчаш по деца, ама многу потешко е на постари години. Што си е младо, младо си е. :)
     
    На anastasijaki и eli25 им се допаѓа ова.
  18. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Тоа дека од 25 нагоре те бираат, го кажуваат од друг аспект. На пример, реално во Македонија еве. Излегувам, скоро сите над 25 години имаат врски. Кога јас ќе имам 25, и ако на пример немам врска, а сакам да имам, сигурно нема да барам некој помлад од мене, барем јас така функционирам. А реално има многу малку сингл мажи во Македонија на тие години, па оттука произлегува оваа реченица.
    Да си во странство во секое време можеш да најдеш убав и добар човек со кој би можела да започниш врска и да стапиш во брак, овде е потешко да најдеш, ајде во Скопје вака и така, ама во помалите градови, знаете ли колку е помал и потежок изборот?
     
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Јас сум од тие престарените моми што се омажила на ухухуу 31 година :rofl:
    Што чекав до 31 година.......чекав партнер кој ќе ми одговара во секој поглед, човек кој ме сака и кој го сакам и со кого планирам да го поминам остатокот од животот.

    Додека чекав партнер каков што ми одговара бидејќи штркот не ме остави во Мк си ги средив другите коцки од животот, стабилна работа со плата секој четврток, отплатен кредит за сопствена куќа (не од мама и од тате туку мој труд) автомобил тука не е луксуз туку потреба па секој го има веќе од 18 години, прошетав каде сакав, лумпував кога сакав, се иживеав со еден збор.
    Со мм сум од 27 години и пак не ми се брзаше, не е само се да е подредено треба и човекот со кој си да се погоди, почнавме заедно да живееме и функциониравме одлично ама ете сакавме и заедно да прошетаме да уживаме еден во друг а тек после да формираме семејство. Сега со бебе можеме да шетаме само на кратки дестинации, пред син ми ни требаше само желба и пари а сега за до кај татко ми ни треба пола саат да излеземе низ врата од ствари кои се потребни за малиот.
    И види за чудо на 30 години останав трудна |( и тоа без еден јајник и со отстранет тумор на другиот, се омажив на 31 и ниту еднаш не сум се покајала дека сум станала мајка на постари години |( , а и никој не ти гарантира дека ако станеш млада мајка дека ќе бидеш и млада баба итн, животот знае и да биде суров.
    А за утре да не се сТрами син ми дека баба му |( го зема од училиште ќе го праќам мм тој е помлад ;)

    Сега со повеќето работи средени можам многу повеќе да му пружам на син ми него ли да сум се омажила на 21, немало да трпи за леб ама ќе сум морала да се вратам на работа после 3 месеци за да се издржи теретот на бебе и сметки и кредити, сега ако сакам ќе се вратам на работа ако не сакам на мм платата е доволна за се и плус државата ми покрива дел од платата, додека да наполни малиот 6 години.

    И сфаќам дека условите во Мк се скроз поинакви него ли тука меѓутоа за да се влези во брак и да се размислува за деца треба да се има барем финансиска независност, тоа носи помалку мешање од страна и помалку кавги, расправии а кога чекаш со подадена рака за се и сешто нормално е и да ти се мешаат во се и сешто.
     
    На sesilija, Moira, Phyramide и 11 други им се допаѓа ова.
  20. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Во врска со темава би сакала да прашам Зарем има некој пар кој на 30 години успеал да заработи пари за да купи стан ,кола ,да има 10000 евра во банка и сигурна работа ? Јас мислам дека нема или барем не во Македонија. Кај нас евентуално може да се заработи за кола,а стан или куќа сепак мора да се добие или наследи од родителите,работата па дури и да е сопствена фирма или бизнис колку и да се добри не значи дека такви ќе останат и во наредните 2,3,15 години.Единствено нешто што го гази времето се јајцеклетките на девојката кои со секој изминат месец после 30тата се намалуваат.Да се разбереме не сум за брак на 20 години и притоа и двајцата да не работат и да имаат дете па да чекаат пари за леб од мама и тато ,но не сум и за тоа на прво место да се стан,кола ,сметка во банка ,па потоа брак и семејство.
     
    На fallenangel, lolyta777, blond и 3 други им се допаѓа ова.