Сите викаме во Македонија не може вака или онака и секогаш удираме во државата од која баравме да не осамостои и бараме нешто кое не може да ни го пружи. Но тоа е друга тема и друго прашање кое секако се поврзува со стекнување на какво-такво богатсво ко предуслов за добар живот,но...ајде да го оставиме тоа.Мислам дека секој кој што доволно ќе проба од сите аспекти,а не мирно ќе се помири,умее да се снајде. Ама такви сме како народ,пасивни,одбран е еден пат и еее мене не ми оди,не можам да работам по струка,нема работа за мене. Ок, тоа е реалноста,обиди се,пак и пак и пак... Секако не до бесконечност, треба самиот да знаеш кога е доста и природно е да е доста,ама барем не чувствуваш празнина и совест дека си можел,а не си се обидел. Сепак,секој со своето. Јас сум тип кој сака да ги реди коцките и ќе чека да ја среди сложувалката до крај. Материјално и духовно... И не е возможно ако се збори за брак да се исклучи семејството. Има бракови без деца,но сепак кога се спомнува брак,најчесто води кон семејство со деца,така е со мнозинството. И исто така не можеме да го исклучиме факторот,брак на млади години и зошто?! Темите некако се поврзани,сакаш- не сакаш мора да вклучиш се,не можеш да дискутираш само парцијално за ова или за она,кога самите се надополнуваат и зборуваат во име на фактите.
Нормално дека сакам прво да се средам од повеќе аспекти,а после да се решам на толку сериозен чекор како што е бракот.Не сакам никого да навредам,ама мене ми е крајна глупост да решам да се мажам на 23-23 години па колку и да се сакам со дечкото.По некоја логика на работите сосема нормално е прво да завршам факултет,магистратура,да се вработам па после следува мажењето.Прво сакам да се осигурам од материјален аспект,зошто факт е дека кога нема доволно пари настануваат 300 проблеми.Како ќе опстојам со една плата кога бебето во денешно време искрено да си зборуваме е луксуз.Како и секој родител,ќе сакам секогаш да му го пружам најдоброто,да го носам на одмор и сл.Не сакам да се доведам во ситуација детето да ми страда зошто не можам да му приуштам нешто што другите дечиња го имаат,а зошто??Зошто мама и тато се сакаа и решија да се земат толку млади и да живеат со една плата или на грбот на баба и дедо.Дефинитивно тоа не е мојата визија за мојот понатамошен живот
Mа остајте вие и материјално, и чекање работа, чекање факс, според мене треба да се чека највеќе да созрее човек во паметот Hе можеш ти да планираш деца/брак ако уште паметот ти лета, и не можеш себе си да се гледаш, па камо ли маж/деца. Jас не планирам брак уште некоја година се уште не сум созреана да мењавам пелени, и да станувам во 3 да дојам дете A не ми е јасно само што има врска ако таткото е постар? па и татко ми ме направил на 33, па голема работа . сигурно немаше повеќе да се гордеам ако не направил во средношколските денови, и притоа не завршил ни средно поради таа причина
Денес многу често се зборува дека една од причините поради кои младите потешко се одлучуваат да склучат брак поради финансиски причини најчесто поради тоа што голем дел од младите се невработени другите се вработени но имаат просечни плати а секој од нив се стреми кон нешто повеќе. Па некогаш чекањето да се среди се може да ни биде залудно,затоа што не секогаш сите коцки можат целосно да ни бидат сложени,на пр ситесакаме прво да го завршиме факултетот ,сакаме да се вработиме ,ќе завршиме со студии и сите ќе се вработиме ама прашање е дали сите ќе го работиме она за што вистински сме студирале или ќе ни биде понудена работа која ќе биде просечно платена за која не ни треба факултет. Убаво е човек да има цели и амбициии да се стреми да ги оствари своите соништа можеби и ќе успее,сите сакаат животот да им биде среден но понекогаш не се така како што посакуваее. Во однос на склучување на брак се зависи од тоа кој какви цели си поставил во животот и кога смета дека е подготвен за брак.Според мене пред да се одлучат на склучување на брак најбитно е тие да бидат вработени на тој начин ќе можат да се издржуваат ,да ги подмируваат своите трошоци ,второ исто битно е и да им биде решено станбено прашање. Инаку не сум за ова чекање на се ама баш на се па после брак ќе потрае тоа стекнување на се и тоа подолг временски период ретко кој стекнува огромно богатство на 30години со сопствен труд или изградил сопствена куќа или има сопствен стан.
Се чудам пишувате, еххх ако чекаш се да ти се намести, никогаш нема да се омажиш. Блазеси им на тие што сакаат само да си се омажат, но моите амбиции на 23 години се пошироки. Додека јас уживам во животов, ти ја молиш свекрва ти да ти го причува малото за да можеш до ве-це да отидеш, а ти се шета ти се плаче, сакаш цел ден да си го поминеш на шопинг, на кафе со другарките, ама како кога бебето плаче за да го доиш, маж ти бара ручек, плус тебе ти се спие и имаш подочњаци до уста затоа што цела вечер не си можела да го заспиеш бебето и плаче на секои 3 саати за да јаде. Само не ми викајте дека тоа се слатки маки, дека се се издржува и дека е ок. Се во свое време, не за џабе рекле. Што ќе ти фалеше, ако почекаше некои работи да се средат и да пораснеш, па после да се мажиш? Ти си била зрела на 20 години? Каква зрелост дете, кога тогаш си требала да шеташ.
Леле како опиша Среќо моја, па не е до толку страшно, јас искрено сеуште немам бебенце, но ја имав таа среќа да живеам со едно такво буквално од раѓање до пред два месеци, сестра ми многу ретко знаеше да каже дека малецката не спиела цела вечер плачела, дека не можела да иде да се истушира, знаев и јас да ја причувам за да излезат и слично. Не се бебчињата причина да не се мажиме да бидеме искрени, а и тие да се до толку „лоши„ да речеме, такви можат да бидат и кога имаш 30, не само кога имаш 23. Погоре прочитав ако па не можеш да останеш трудна на 30 ќе си идеш ин витро, ќе си посвоиш, ко тоа да е вадење заб, онака, си идам кај гинекологот и му викам ај едно ин витро може ќе се фати....Девојки....Не велам дека треба на 20 години да се облечеме во бело, во претходните постови го кажав тоа веќе, некои и со факултети, куќи и плати не се доволно зрели да создадат семејство, да бидеме реални, тие не чекаат ништо напротив животот чека на нив да им дојде паметот. Познавам и луѓе кои на свои 30 се однесуваат понезрело од мене на мои 24, има и такви кои како стареат како да се уназадуваат, а влегле во брак свесни и пораснати. Нема правила, како што во некои постови имаше, коцките се редат и се растуруваат, да бидеме рални, се што треба е да знаете да ги пречекате сите парчиња и да ги вратите назад, а не да им ги оставите на останатите да ви ги наредат или пак да ги замените со некои понови и поубави. Животот е компот драги мои, на некој семките на некој сливите, некому му останува само вода, гледајте не крај да не останете со празни тегли за миење. Животот е една голема метафора!
Сите сме карактери и сите имаме различни гледишта на се. Постојат девојки кои и на 20 години се подготвени за брак и тоа го сакаат, но постојат и сосем спротивните. На некоја можеби и од Х причини не сака да излегува, па затоа и би се одлучила за брак. Но кај други, тоа е сосем спротивно. Јас се омажив на 20 години. И искрено воопшто не се каам за тоа. Вистина немав работа, а и искрено не ни го очекував тоа. Барем во мојот град е така. Подобрите работни места се за поситуираните, но за другите преостанува само обичната работа од 5 - 6000 денари (а денес е премија и да најдеш таа работа кај нас). Сопругот беше вработен и не бевме со високи примања, туку со скромни 6000 денари, па потоа на 8000, па на 11 000... Без разлика, сакам да кажам, дека барем кај нас, беше и е најважна слогата. Денес имаме за тоа, тоа и тоа, можеби не премногу, но доволно за живот. И благодариме за тоа. Па затоа со текот на времето и Господ повеќе ни даде. Можеби немаме сеуште деца, но се обидуваме и му помагаме на другите кои имаат повеќе и покрај малите приходи. Па затоа и колку даваме, Господ повеќе ни возвраќа. Од друга страна тука се и родителите на сопругот и сите сме заедно, па фала му на Господ функционираме беспрекорно. Тие придонесуваат, сопругот, јас и се живее. За се имаме разбирање и договор. Договорот, слогата, најмногу взаемната љубов се столбот на се, најмногу на семејството. Поената ми беше, навистина се зедовме и не бевме можеби премногу зрели, а јас посебно на 20 години, но сепак нашиот брак од тогаш е ист, а можам да кажам дури и поцврст. Навистина од љубовта не се живее и се потребни приходи, но ако се има таа, полесно ќе се помине се и ќе се стекне многу повеќе. Сите започнуваат од малку, за да дојдат до многу. Моето мислење е тоа. Се материјално ќе се стекне, но само да се има взаемното разбирање. Пред се, да се биде подготвен за тој чекор.
Спојлер Трендафилке јас се извинувам ако погрешно сме се разбрале ... Не се согласувам со делот дека родителите секогаш трубат за мажачки. Муабетот ми беше дека не се сите родители исти, постојат родители кои што не им трубат на своите керки или синови за мажачки/женачки....Барем мојата околина таква се покажала.
Јас се омажив на 25, без многу чекање . Ниту планирав, ниту посакував...али ете бидна. Склоп на околности, мораше да бидеме флексибилни. Почнавме од нула, но имавме услови и можности да бидеме независни и самостални од првиот ден и да почнеме да ствараме за новиот дом. Прво и најглавно е дали партнерот е стабилен и дали гледаш иднина со него.(дека постои љубов и разбирање се подразбира со тоа што збориме за партнер) За созреан нема да речам дека е најглавно оти после 3 год. брак ниту јас ниту сопругот се чуствуваме за созреани Затоа и си знаеме дека деца не ни се во план во блиска иднина. Си имаме други приоритети, материјално да се средиме, да си шетаме, уживаме.... Не е ништо страшно заедно да досозревате, доизградувате како личности и исполнувате сопствените амбиции, соништа. Се зависи од индивидуата. Што го прави среќна, од колку се задоволува. За некои е доволно љубов и разбирање, за други барем нормални примања плус, за трети удобство. Некои се мажат оти не студираат или не работат па љубовта е единствено поле во кое се успешни. Т.с не чекаат многу, вјубени си се, па како ќе даде господ така, ќе минат некако. Други чекаат да завршат и да се вработат оти не сакаат да бидат на туѓ грб. А за трети бракот не е пречка да продолжат да учат, работат или што и да правеле...ќе се венчаат али живот иде даље каде што застанал. Имаат мала помош од своите родители, но и реални очекувања дека за краток временски период ќе се сменат нештата и малку по малку ќе застанат на свои нозе. Ако некој смета дека со 20 год.(од кутура ја треснав бројката) видел доволно од животот, од светот и дека си е изживеан...ок, негова ствар. Ако некој смета дека таа возраст е соодветна да се донесе одлука со кого ќе го поминеш остатокот од животот, т.с дека неговиот вкус, и тоа што нему му одговара нема да се промени во наредните години..пак ќе речам ок. За мене јас би рекла од 25 па нагоре. Со барем една солидна плата и можности за самостоен скромен живот подалеку од покривот на родителите. Сите коцки не мора да се поклопени, али не би се задоволила со 100/200 еу плата за цел месец, утринско кафе со свекрвата, или мајчинството да ми е единствена преукупација во животот.
Буквално чекам на се.Од тоа да има хемија,типката да има факултет,обезбеден стан за заедничко живеење,автомобил,работа како и нормално нејзин потпис на Прашалникот за сексуална компатибилност.Please sign here...Thank you very much .Не е потребна документација за брак,не мора да става потпис,мене ми одговара,утре може ќе бидам милионер,не сакам да завршам како некои славни фаци на кои половина од богатството им отишло у неповрат за 2-3 кратки години,поради развод . Неколку клучни ствари по мене околу браков: 1.Возраста и зрелоста на партнерите Не може 18-19 годишна девојка да ми тврди дека е зрела за брак,кога подфорумине се полни со леле ме остави фраерот,плачат,горат коси,животот нема поента итн.,и ја гледаш истата на 20 год.стапува у брак и онака гордо зборува за зрелоста и емотивната стабилност како битни предуслови за успешен брак.Годините си го прават своето колку и да е клише,искуството да бидеш во различни ситуации.Колку повеќе работи си почувствувал на своја кожа толку си поотпорен.Се работи за ствари кои не можат да се симулираат,не е ова лекција па набубај и шибај.Според тоа повозрасни партнери значи поголема веројатност за нивна поголема зрелост и отпорност на предизвиците. 2.Одговорност За мене како иден татко,бракот,па и во наредна фаза семејството се одговорност.Како татко сакам моето дете да има покрив над глава,да е безбедно,здраво,квалитетно нахрането,пристојно облечено, и еден куп други работи кои ќе бидат битни за неговиот раст и развој.Кај повеќето кои влегуваат у брак и идат на дете без претходно исполнети предуслови,по мене се работи за класична неодговорност,а одлучувањето без трунка одговорност за иднината на дете кое не е свесно дека постои на овој Свет е рамно на криминал. 3.Материјалната ситуираност си има и тоа како практично значење за нормало функционирање на бракот.Тука не мислам само на она покривање на трошоци и преживување од први до први. За релаксирачки односи потребно е повеќе од тоа.Да се прошета,да идат на одмор,па нека се забавуваат што ако имаат 32 или 35 години,бракот треба да е забавен. Кога сме веќе кај бракот неизбежно е прашањето кое се однесува на драстично променетиот однос на партнерката кон партнерот по породувањето.Општо е познат фактот да мајчинскиот инстинкт е посилен од оној сексуалниот,ама проблемот е што јас не сакам да бидам граѓанин од втор ред. Помислата на близнаци ми создава главоболка .Ќе и вметнам да потпише и Декларација за недискриминаторски однос,покрај Прашалникот .Чекам потпис...
Ние не чекавме сите коцки да се наредат, но делумно беа наредени. Мене така ме учеле од дома, дека ако чекаш, може никогаш да не ти се наредат. Иако не знам баш во која категорија спаѓам, и колку коцкиве ни биле наредени. Ние два месеци по дипломирањето решивме да почнеме да живееме заедно. Јас само што наполнив 23, тој 24, двајцата веќе работевме по 2 години, мојата работа и сега е нестабилна, неговата беше со потенцијал да се стабилизира. Бевме со план да градиме куќа (тогаш бркавме документи), но имавме и каде да живееме, што за некој можеби и не би било опција - викендица на периферија, поточно село. Купивме и кола, и платите ни беа задоволителни. Е сега, кој како гледа на работите. Не беа условите какви што планиравме да бидат, и какви што се сега - доволно простор, блиску до центар, нова кола и слично, ама далеку од тоа дека немавме услови. Работите малку се сменија после неколку месеци - јас забременив, имав проблематична бременост, работата ми стана несигурна, имавме многу трошоци со куќата, притисоци да биде побрзо затоа што на еден спрат требаше да живее бабата на муж ми, таа ни отстапи стара куќа која ја срушивме, под услов да има спрат за неа. Многу не напнуваа да биде побрзо готово, зошто додека се градеше таа живееше во викендицата, па и било далеку. Ние се преселивме неколку месеци кај на муж ми неговите, па пред да се породам кај моите, и таму останавме уште една година. Тежок период беше ова, а и неколку години после тоа - ем кредити, ем тековни трошоци зошто градбата не беше довршеао. Првите месеци спиевме на душек, немавме ни кревет. Ни плакар, алиштата на земја ни беа наредени. Позајмивме дневна и трпезарија, а кујната ни беше најевтина што можеше во градот, ама немаше избор на бои, и бојата уште ме иритира . Убавото беше што бевме сами. Лошото беше што имавме многу тежок период. Јас сменив работа, со доста помала плата. Кај муж ми почнаа проблеми. Имавме дете од една година, кое не сакаше да слушне да спие, цел ден паткаше, а прооде на речиси 15 месеци, па нон стоп за рака ја држевме да шета низ дома. Сакам да кажам, многу обврски низ дома, и околу детето, и домаќинството. Кога се породив вториот пат, останав без работа. Тогаш ни помагаа, по 4000 денари месечно од двете страни. Толку ни фалеа за нормален живот, и самите предложија да ни ги дадат. Ги прифативме без никаква грижа, и ние сме помагале, и тие помагале кога требало. Затоа сме семејство, нели. Тоа траеше 6 месеци, потоа пак продолжив со работа, имавме уште 2 потешки години, со повеќе трошоци и поскромен живот, а после тоа се средија работите. Кога викаат луѓето дека пред брак треба малку да прошетаме, не знам на што точно мислат, дали низ светов, или по кафани . Пред да се земеме и немавме некоја можност да прошетаме некаде по светот, само на стандардните летни одмори, ама сега сме во подобра состојба, па и шеткаме. Главно низ Европа, за прекуокеанско шетање уште не сме финансиски подготвени Двајцата бевме емотивно зрели. Тој одсекогаш бил позрел, веројатно затоа што цел живот се дружел со постари, па некако се изживеал порано. Јас нагло созреав кога почнав да работам, и станав одговорна над очекувањата . Заедно бевме повеќе од 5 години, и по дипломирањето бракот беше некако логичен чекор. Значи кога викам брак мислам на заедничкиот живот, без разлика дали сме имале венчаница. Е момаков мој не беше емотивно зрел за татко. Ама за тоа не бевме свесни ни јас ни тој, се додека не стана татко. Се измачи малку, ама после созреа Можеби очекуваниот редослед би бил прво куќа, постдипломски, свадба, па дете, ама се наредија работите вака или така. Не мора да значи дека и да беше по очекуваниот редослед, ќе беше без проблеми. Животот е како синусоида. Еден ден имаш се, другиот може да немаш ништо. Не мислам само на материјални работи.
Јас сум 21 год. и едноставно неможам да се видам омажена. Порано кога бев 18 нон стоп викав дека на 22 ке се омажам ама се предомислив сега викам на 25 а сигурно и тогаш ќе се предомислам. Не дека партнерот не е стабилен или сл. Си има и нова куќа и кола и сопствен бизнис ама едноставно не сакам. Не сум тој топ да мислам што да зготвам, да испеглам, исперам, па недајбоже и дете да гледам, толку и ќе е изгледано. Си сакам слобода! Кога сакам да си излезам без да мислам дека дома ме чекаат 44541 обврски.. Сепак не ги критикувам тие што мислат дека се спремни. И стварно ми се смешни оние испади дека и без пари бракот ќе биде одличен Да бе од љубов ќе живееш. Со празен стомак не се живее. Барем јас така мислам, па......си јадам. Едно бебе да имаш ти требат 100-150евра само за него, а каде се сметките од 100-130 евра на месец, јадењето, па и човек си и нешто ново да си купиш. За така подобар живот ни требат 800 евра на месец. Барем јас така мислам. Цените ни се исти како во другите држави каде што земаат 2000-4000 евра плата. И ќе си чекам колку што треба, кога ке помислам дека треба да се мажам искрено шуга ме фаќа.... Така да според мене од бакнување и секс не се живее...
Читајќи ве низ темава, јас всушност се запрашав, во која тоа држава вие живеете? (смајли што крева раменици) Во Скопје така е тоа, да, сииииите чекаат да решат станбено прашање, а бе сите си имаат посебен стан, сите се среќни и задоволни, односи со родители, за слави и кога треба да се вардат децата за вие да идите на свадба...хм...мене многу сте ми чудни Ама ептен. Ова што повеќето го посакувате и тврдите дека е за доброто на вашиот исполнет младешки живот, и секкао за вашите идни деца, се должи на тоа што сега, во државичкава ни наша насушена докторска се брани на едвај, пази едвај 27-8 години, а работа ни за магија нема. Па после сите очекуваат да бидат на платен список во некоја јака институција, фирма, кај и да е. Сите сакале кариера, небаре во шпански филм Јас искрено, познавам дури ниеден што обезбедил се, што ги има сите можни предуслови што ги прочитав кај вас за да стапи во брак. А напротив, познавам многумина кои без се тоа имаат стабилен и прекрасен брак. Можда таму, главен град, други критериуми, друг живот, ама искрено, тие што се од внатрешноста, нека бидат реални дека живеењето одделно заради слобода и уживање не го прават од што така сакаат туку од што имаат отповеќе и ради тоа што слушнале дека така е поубаво. И нека не ве чуди муабетов Бракот не е само крај на лудоста, бракот е многу повеќе. Ќе имаш се, ќе лудуваш, и оп, на хх години ете, ќе ставиш крај со крунисување на љубовта, и што, демек после се ќе баталиш, или толку многу ќе ти е изживеано, па не ќе имаш потреба од ништо?! Или сепак ќе сакате и да шетате, па да ги воспитате децата како што треба, па да остварите добра заштеда, ехеее, желби, потреби, разноразни Од посакувања никогаш доста, од трудење исто. Јас не сум од тој ешалон. За мене е пресудна зрелоста и волјата за да одржам цврста и стабилна заедница. Ниту очекувам дека утре со магично стапче некој ќе ми уреди тип-топ куќа, ниту очекувам дека ќе станам градоначалник па ќе имам квалитетна заработка, ниту пак некогаш ќе посакам да се оделам од неговите родители. Фала богу, не дека ги сакам по цел ден врзани за мене, туку во смисла заедничко живеење, куќа, работата, да е взаемно и разбрано. Имаат куќа, имаат услови, имаат по две раце,и најбитно желба за напредок, се печали, се вадат пари за да ги задоволиш сите потреби, да изградиш ако треба уште шест куќи, да обезбедиш покрив и топол дом и за сто деца. Но, ниту јас ќе се откажам од целта да завршам факултет и да се вработам, ниту пак ќе чекам работа од соништата, ќе се трудам и сепак ќе успеам да го живеам мојот живот онака како што посакувам. Еве ви еден сосем поинаков свет, в село. Сите функционираат најнормално, сите се заедници, и се крстат што е така, затоа што во една куќа, за се треба човек. Семејството се ствара затоа што сакаш и посакуваш, а не затоа што веќе немаш што повеќе да изживееш Не навлагам дали е во ред браковите да се помеѓу пилиштари кои чекаат мајка им да им каже дали е убаво јадењето што го згрешиле, тоа е веќе друга тема, туку зборувам за оние години кога веќе те „личи“ да засноваш семејство и да функционираш како пар. Веќе реков, на некој тука можда моево мислење ќе му биде селско и смешно, ама реалноста е сосема поинаква, сите не сме в град, ниту пак градовите се Скопје, ниту Скопје е париз па на 16 ти ги удираат клоците и ти цел живот зависиш сам од себе. Живееме во сосем друг свет, а очајно сакаме да го живееме животот на Американците, кој деведесет посто е разочарувачки и дволичен Не знам која од вас беше, напишала, коцките се редат, па паѓаат, па повторно се редат и така до бескрај, но ако немаш штит(љубовта) и разбирање, или не дај Боже волја за напред, и десет стана да ти дадат, ќе бидат ладни и камени Низ животот има доста пресврти, ако си доволно зрел, ќе ги пребродиш, ако си влегол во брак зашто си мислел дека до уши си заљубен на 16 години, тогаш за тебе најголем пресврт и тежина ќе биде тоа што комшивката има поубав ручек од тебе. Секогаш нешто се чека, само да не биде семејството на најдолната листа, зашто ми се чини секогаш ќе се најде причина да се зажали за тоа. И крај краева, секоја за својот живот одлучува Уште ова, кај нас трагичното е што децата ги гледаме како трошок, а не како делче од душата
Се сложувам. Убаво кажа Грл.23 и чистачки,и луѓе кои работат за 50 евра месечно,па имаат фамилија,стан итн.Живеат.И некогаш може се посложни,него ли некои со стан,куќа и се средено.Така да ,да не летаме многу во облаци.Јас барем за мене си кажувам,ако чекав се да средам,незнам дали би дошло за мажачка.Кола имаме,ама не нова,стан имаме дома,ама тука сме кираџии,којзнае може утре ќе чекам ќе чекам да купам стан,а во меѓувреме и двајцата да останеме без работа Смешно малку,нели? Поубаво да дискутираме за зрелоста за брак. Зрелоста ,спремноста да се одлучиш на тој чекор. Нашите тогаш живееле во 2 соби 10 души,ама ете татко ми успеал да направи и куќа и да ни овозможи се. Ние живееме со две просечни плати,од кои едната се знае кај оди-сметки,кирии,другата пола за храна,и останува малку.Не купуваме скапа гардероба,не с е расфрламе,и најбитно од се,од дома денар не бараме. Битен е партнерот,и спремноста.Од нешто-некаде да се почне.Ако имаш добар партнер,со кои делите исти амбиции,а не некој кој ќе чека од вас-зошто има и такви,зошто да не постигнете се?За што треба време,секако.Ова е Македонија и секоја чест на некои ако со СОПСТВЕН труд на 25 години имаат и кола,стан,и секаде прошетано,без мама и тато,ама ова едвај да е реално. Реков,ако некој на 20 години се осеќа спремен-сам нека си ги сноси последиците.А може и е.Познавам многу кои не одат на факултет ,после средно,па имаат речено-сега мажачка,пошто не одам на факултет И дајте ве молам,да не се етикетираме како стари моми,зошто и јас ете на 27 ќе започнам да се чувствувам така А за едно се сложувам,како примерот со Анастасијаки,да не се чека толку многу.На 30 год сме доволно зрели за брак.Има и исклучоци,мамини дечиња нели меѓутоа до 30 год имаш време и за шетање и за работа,буквално се.Ете човекот има 70 год ,сигурно му е криво што синот уште не го оженил,а не пак да има внуче,кое е најголема радост.
Трчај по пари, и гледаш животот ти поминал. И од трчање човек самиот себе се изгубил. Јас не знам што чекате??? Стан? Тешко некој да може стан да купи овде! И онака сите си живееме со родителите. Повеќето имаме покрив над глава, што е најбитно. Кола? Па да не се мажам зошто немам кола? Да се лишам од заедничкото живеење со човекот кој го сакам поради еден предмет? Па ако не купиме кола денес, ќе купиме за 3-4 години. Не мора да е нов од фабрика. Се наоѓаат половни, убави автомобили. Работа? И на кое работно место да сте, и да земате 1000 евра плата, кој ви ја гарантира таа работа???? Денес си, утре не си таму. Повеќето работи се стекнуваат и средуваат откако ќе влезете во бракот. Заедно со партнерот малку по малку ќе си купувате што ви треба, ќе ја наместите куќата и слично. Ако ви се сака наеднаш, одете во странство неколку години, спечалете пари и вратете се назад. Потоа седнете удобно во новата кожна фотелја и видете дали вреди изгубеното време во најубавите години. Друга работа, зошто ако некој спомне `стара мома` одма кревате прашина (веројатно зошто многумина се пронајдоа тука или веруваат дека ќе станат такви), а ако некоја се омажила на млади години одма ја критикувате? Може некоја на 24г. да се омажи и да биде многу позрела и поспремна, отколку некоја девојка на 34г. И напротив, помладите девојки не секогаш втрчуваат во брак. Го сакаат партнерот, што има грешно тука? Сакаат да живеат со него и се жртвуваат за него. Не се плашат од домашните обврски, не се плашат од раѓањето деца. А, баш постарите знаат да му ја уживаат, шетаат, не им се работи, не сакаат да му перат и готват на некој маж, т.е. рано им е, си велат ај ќе му ја уживам јас уште.
Се ома=ив на 26, првпат родив на 29, па на 34. И не жалам за тоа, само од сегашна гледна точка би родила порано, не би чекала 3 години, затоа што тоа беше наша одлука. А зошто? Па убаво е и кога имаш 37 - 40 години, се чувствуваш млад, и тогаш ти се шета, ти се ужива, а треба да седиш дома со бебе. Дури мислам на тие години и повеќе знаеш да уживаш во животот отколку во дваесеттите. Убаво е кога имаш 40 и веќе поголемки деца кои се веќе независни од тебе. А и од друга гледна точка. Се случува често кога ми треба помош од мајка ми или свекрва ми околу децата. Тие се на 50 - 60 год. И знам дека понекогаш им е тешко да се справат со две мали деца. А како ќе им помогнам јас на моите кога ако и тие имаат деца во триесеттите, јас здравје боже да доживеам, би имала 70 - ама баш баба. Баш кога ќе им требам нема да можам да им се најдам во животот. Јас и вака малку подалеку размислувам. Во брак треба да се влезе кога ќе се почувствуваш зрел за тоа, а не да ја гледаш материјалната страна. Таа е променлива, денес имаш утре не. Многу е убаво и заедно да се печалат работите, и не е се во спиењето до 12 и пиењето кафе секој ден в град. Има многу убавини и бракот, ако е посакуван и уште поубаво е кога се гледаат деца. Можеби првата година се нема време за друштвен живот, но тоа не значи дека ако се омажиш и родиш, нема да мошеч да шеташ, да купуваш работи итн... Се си има своја убавина, само не претерувајте девојшиња со шекање и не си поставувајте високи цели во животот!
Не знам кој како ги сфаќа овде постовите, но муабетот е дека треба да се почека, во смисла барем да се обидеш нешто да направиш, а не да кукам таква е државата, епа ај да се омажам, што има врска. Да, ќе почекам, но тоа не значи дека ќе седам со скрстени раце и ќе чекам, туку за тоа време ќе дадам најмногу што можам да успеам во оваа несредена држава, за утре да бидам на чисто со самата себе и да речам, пробав, направив колку можев, толку постигнав. Ако оставам само на тоа дека е таква државата, тогаш па и не гледам причина ниту да учам факултет, ниту да одам на пракси и обуки. Некој спомна, може да имаш денес плата од 1000 евра, а утре да ја немаш. Па ако имам денес толкава плата, со претпоставка дека имам и памет нели, ќе штедиш и тргаш на страна, баш зашто постои шансата утре да ја немаш, па ако дојде таков ден, ќе знам дека ќе имам да преживеам од свои пари додека се снајдам со друго. Никој не вика дека треба да чекаш и чекаш и чекаш, ама обидот да постигнеш нешто за фамилијата подоцна вреди жртвување на неколку години. И колку да кажам, за мене да лулам бебе во 30тите е многу подобар избор отколку во 20тите. На 20 и некоја година желбата и можностите за шетање се многу поголеми отколку во 30тите. На крајот на краиштата, под претпоставка дека ние старите моми би почекале да се средиме, би можела и да си дозволам некоја жена да ми го причува детето на 2 саати, додека јас пијам кафе со пријателките, нели.
Имам чувство дека повторно се поделивме (како во темата за доење) само таму на мајки и девојки ,а тука на мажени и немажени. Јас сум од страната на мажените и се омажив на 25 години. Низ темава односно мислењава гледам дека сите сакаме да сме материјално добро обезбедени и сите го сакаме најдоброто за нашите деца ,со таа разлика што некои од нас решиле тоа да го стекнуваат во брак ,а некои пред брак. Јас и мојот мм материјалното решивме да го стекнуваме во брак и слободно можам да кажам дека откако сме во брак се ни тргна во нагорна линија. Почнавме заеднички да се насочуваме кон остварување на нашите идеи и планови ,а нели заедно сме посилни ,па почна и се да ни се исполнува. Сега после скоро 8 години брак ние одлично функционираме и добро живееме, имаме две прекрасни дечиња кои си ги сакаме најмногу и за кои како до сега ,така и понатаму ќе се трудиме да им овозможиме пристоен живот.Стекнувањето на материјални работи и пари трае цел живот ,затоа што никој од нас нема бунар без дно па да биде обезбеден доживотно .Парите се нешто кое доаѓа и си оди и не треба да бидат единствена причина за живот!Човечкото око е ненаситно и секогаш сака уште и мора да се внимава човек да не се изгуби во лавиринтот наречен Трка по пари.
Имам многу блиска пријателка која повеќе и како роднина ја чувствувам малтене бидејќи ми го чува детето кога имам потреба. Нашето пријателство започна случајно и спонтано. Таа има 46год. Девојка, немажена е. Работи и има убав живот, скромен ама доволно за неа. Сме зазборувале често пати онака за врски и ја зезам ,,ајде бре и тебе да те зезнеме да рипнеш во тавче,, нејзиниот одговор - ,, не дека сум немала врски, шанси за мажачка, не дека не сум спремна била а и сега туку едноставно не го најдов правиот. Тој за кого мислев дека е правиот не ја бидна работата. Сум имала озбилни врски, па дури и еден сакаше да ме запроси. Сите во мене гледаа нешто друго а не како нивна идна жена. Не е работа само да се омажам и да го чувам по дома, битна е хемија, поврзаноста и спремноста на било каков компромис,,..... Муабетот ми беше дека најбитно е да тоа е правиот човек. Многу пати без разлика колку години се има дали 18-20 или 28-30год знае да се донесе погрешна одлука која подоцна во животот те кошта. Иако и тоа се надминува и секој жив човек знае да погреши, животот оди понатаму. Кој не сака сите коцкицки да му се средени и со прав човек свесно да влезе во институција брак, нормално секој. Ама до 30 год да завршиш факс, работа, обезбедиш покрив над глава, кола, и др. тешко во наше државиче ако не те помагаат од страна, земеш кредити до гуша, евентуално да одиш на печалка или заработиш на нечесен начин. Битен елемент е дека после 25-30 год животот ни бега од чекорот. Некако сме во расчекор и во потрага по работа, пари. Реално, ако до 40-та на пр. не направиш некоја си кариера (мислам најдеш работа што сакаш да ја работиш) или бар стокмиш сигурна работа другото воопшто не те ни засега. И да, парите се тие кои прават и растураат бракови.
Абе луѓе кога се мисли на се барем сметам дека е така се мисли на основни работи, а според мене се пристојно живеалиште и пристојна плата, а не луксизен стан, вила во Охрид и наново ауди Зборуваме и правиме споредба на парови кои се по едвај дваесетина години, живеат на тршок на родителите и се решиле на тој чекор брак и со оние кои одлучиле да почекаат пред се да созрејат и самостојно да заработуваат за да може да го издржуваат тоа семејство што го создаваат. Ако моите родители мене моментално ме издржуваат не се должни и маж ми и децата да ми ги издржуваат, невелам дека нема да помагаат, ќе помагаат за тоа се родителите, но ни и од нив или од родителите на сопругот да барам пари за памперс на децата, а за мене за улошки Тоа неможам да си го дозволам!