1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чекање на сè....па потоа брак

Дискусија во 'Брак' започната од Snow-Queen, 9 мај 2012.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Како што очигледно се бајковити нашите замисли за иднината пред да стапиме во брак, така и на другиот табор се уште побајковити и мечтателни.

    И уште нешто важно:

    Па кога они се дрзнуваат да етикетираат девојки, чија приказна не ја знаат ниту познаваат, и се' што гледаат е бројката на нејзината возраст, зошто па другата страна да не возврати со солидни аргументи за "зрелоста и домаќинлукот" на 20 и кусур годишнички?

    А најжалното од се'?
    Тие што очајно пекаат и кукаат да се омажат, просто ги напнуваат дечковците на тој чекор, се истите што пред неколку месеци барале совети во љубовни проблеми, за некои банални ситници, што не ги имаат ни 16 годишници во врска.
    И сега, одеднаш пуф - јас сум подготвена за брак?
    Па барем бидете искрени, не лажете.

    п.с. ја повикувам авторката на темава Сноу Квин да се изјасни со мислење, покрај се', таа ја отвори и треба да даде придонес, а не само од страна да читка како си се 'рчкаме.
    :)
     
    На bittersweet, AIT, Moira и 6 други им се допаѓа ова.
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Зависи и од амбициите на човекот. Затоа се прави поделба, а и мора да има поделба си дискутираме нели? Имало поделба, епа ај сите да се согласиме со исто и да ја затвориме темата :^)
    За некого „амбиција„ и животен сон е да се омажи, да има дете и семејство, а за приходите не име толку битно туку да имаат доволно за од први до први. За некого амбиција е да направи кариера, да заработи многу пари, да ужива во материјални работи итн... Индивидуално е тоа кој во што се пронаоѓа и гледа во иднина. Јас нема да се омажам ради реда или од страв да не останам „стара мома„, јас нема да се омажам додека со идниот сопруг не обезбедиме наш дом, наша кола и наши приходи доволно големи за да може да живееме удобно и на децата да им овозможиме квалитетен живот, па макар за тоа чекала и до 40 години. Доста со тие прикаски дека тешко деца се раѓале тогаш незнам што... моја блиска роднина неможеше да има деца 10 години, правеше ин витро два пати за на 36 години остане бремена по природен пат, и ете го детенцото здраво и право. Нема никој право да ми суди и да ме покажува со прст, прост народ го прави тоа, не бидете такви. Секој нека прави што сака, ама случките околу мене што ги гледам секојдневно ми покажуваат да не правам таква грешка да стапам во брак уште во 20тите. „До 25 бираш, после 25 тебе те бираат„ :D да се смеам или да плачам? Ако некој маж е толку малоумен за да прави вакви работи тогаш воопшто не ми треба во животот и порадо би си останала сама. Да, порадо би си останала сама до крај на животот одколку да се омажам со некој само за да не бидам сама.
    Чекање на се тука подразбирам чекање на она што ќе ве исполни пред да бидете спремни за брак, а тоа кај секого е различно. Дали за кај тинејџерите љубовта е она се, или кај повозрасните материјалните работи се тоа СЕ, индивидуално е.
     
    На Bibko, Moira, femina90 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Баш заради фактот што се заљубени, да не кажам занесени, втрчуваат во брак. Не е погрешно да сакаш некого, погрешно е да избрзуваш со битни одлуки, само затоа што мислиш дека љубовта е доволна за да изградиш брак и семејство.
    Мене ми е апсурдно ова, на 20 години, мање-више, да не се плашиш од домашни обврски?! Да се жртвуваш за партнерот и да раѓаш?!

    И за ова уште само сакав да прокоментирам.
    Дали имате гледано некогаш некоја анализа, емисија, било што, каде што се зборува за нормално семејство и здрава средина за растење деца?!
    Модерното, т.н. нуклеарно семејство се состои од мајка, татко и нивните деца. А не од нив заедно , плус бабата и дедото! Тоа што на нашиве простори секој втор брачен пар живее со баба и дедо, затоа што нели немаме услови, не го прави ова оправдано.
    Јас никогаш не би се согласила за ваков соживот. Прво, затоа што сакам да имам сопствен дом, одвоен од леглото кај мама и тато и да престанам да зависам од нивните средства, што е подеднакво важно за секој пар! Второ, нема да дозволам детето да ми го воспитуваат бабата и дедото. Не велам дека нема да им го носам на чување, гледање и слично, ама премногу е важно детето основните манири и вредности да ги учи од родителите, а не од бабата и дедото со кои ќе биде во непосреден контакт доколку живее со нив. Познавам доволно вакви примери, и знам за што зборувам, разликата е голема.
    Мене ми е јасно дека понекогаш се нема избор, што се мора, се мора, ама реално да зборуваме, да ни е даден на сите тој избор, дали една од нас ќе избере да живее со своите родители или неговите под ист покрив!
    Баш заради ова не гледам ништо лошо, напротив некоја логика, во чекањето, пред се на решавање на станбеното прашање.
    А, ако на некоја од вас, живеалиштето и прашањето со кој ќе го дели , не и е круцијално прашање, нека повели на соживот со баба и дедо.
     
    На mims-89 и Annath им се допаѓа ова.
  4. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    1.092
    Пол:
    Женски
    Не знам што сте измешале брзини тука :^) Не се мисли тука на муабетот прво да се средат некои коцки дека се чека плата од 1000 евра и куќиште и 3 коли во гаража, туку се мисли да се застане на нозе колку да не бидеш терет и да не ти го ранат твоите детето. Едно е да ти помагаат, ама друго е да те издржуваат :!: Па јас вака не сакам веќе на 23 год уште да ме издржуваат, а не па уште дете да родам и да чекам они да ми финансираат се.
    Од друга страна па, целосно стојам зад тој чекор да живееш со дечкото пред да се земете, но сепак пак станува тука збор за можности.
    И не, не станува збор за амeрички филм да мене се ми падне од небо, туку за реалноста да можам да придонесувам и сама, а не да чекам на моите!
     
    На LivingGlam и starfish им се допаѓа ова.
  5. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Кој се дрзнува да ги критикува да етикетира??? Ама повеќето, во сите теми ги нападнавте младите и `незрели` девојки, а не обратно!

    Зрелост и домаќинлук на 20 и кусур. = ајде ќе кажам за мене, зошто јас сум во нив. Многу повеќе знам и работам дома отколку некоја на 30 и кусур, па и на 40 и кусур. Отсекогаш сум била вредна, така сум воспитана. Знам да готвам, чистам, перам, перам завеси, месам кифли, правам торти, итн. и не само што знам, туку и го правам тоа. Не чекам на друг дома. `Искусните` домаќинки можат да ми позавидат.
    Не е се во годините! Или го бива човека или не!

    Пс. За Сноу-Квин, кој сака може да отвори тема, ама не значи дека мора да учествува и да коментира. Тоа си е право на избор на феминката. И од каде знаеш дека чита кај се рчкаме. Секоја тема се отвора добронамерно, а не за рчкање.

    Прво, не секој кој е вљубен се занесува. Не е убаво да се потсмеваме на туѓата љубов. Крај краева, кога не ја знаеме целата нивна сторија, глупаво е да коментираме. Секој си знае за себе.

    Второ, за бабите и дедовците.
    Сите сакаме да живееме сами, ама ако немаме услови, тогаш барем треба да сме благодарни што сепак имаме покрив над главата, и што заради туѓа пот ние не сме на улица.
    А, бабата и дедото не се тука само за критика, зошто колку млади секој ден им ги оставаат на чување и им помагаат околу децата?
    на колку млади им се шета по кафиња, навечер по дискотеки и им ги бапнуваат децата на бабите? Тогаш убаво им е?


    Како и да е, со оваа младина која секој викенд е пијана по дискотеките, секој ден дреми по кафичите, дома не знаат едно јајце да спржат, не знам како таа иста младина сака и ќе обезбеди нешто за подобар живот. :^)
     
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    :lol: Ние можеме до утре да си се „р`чкаме“, ама на крај на денот - проблемот околу ова прашање кај било која членка нема да биде решен со нашите постови, нели? Освен ако не земи да му чита што мислат другите жени во МК, чисто колку за инфо :lol: (no hard feelings, не е насочена констатацијава кон никого директно)

    Во контекст на муабетот погоре, морав да ископирам дел од постот на Мис Хел од друга тема...

    Приказна од паталец....нема теории, нема претпоставки, нема „што ако, кога би, сакам/не сакам“, чисто искуство од животот. Еве уште еден доказ дека САМО ЧОВЕКОТ ДО ВАС Е БИТЕН, а кога ќе одберете да стапите во брак - зависи од тоа кога ќе сакате да делите одговорности за кои во моментов друг ви бери гајле :)
     
    На kravce, ph.orhideja и girl.23 им се допаѓа ова.
  7. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.013
    Пол:
    Женски
    Како некој да алудира тука на мене :wasntme: или да? :lol: Девојки чекајте и до 50 ако сакате , воопшто не ме интересира, јас си го кажав моето мислење, ако вас сатисфакција ви е да шетате до 30 и кусур години по кафичи, да пливате во пари и да имате перфектно работно место, мене не ми е :) Доволно ќе ми е да имам за скромен живот исполнет со слога и многу љубов :) Ако сум сакала јас толку очајно да се омажам немаше да запишам факултет и да ги ставам моите во толкав трошок, едноставно ќе си работев во некоја продавничка и ќе си лулкав дечиња :wasntme: Но не, запишав факултет, од кој имам уште една година, па здравје боже се надевам дека ќе си се вработам одма, но ако не се вработам што да правам? Да седам дома и да им кукам на моите секој ден, а со дечко ми да продожиме да се гледаме еднаш неделно додека јас не наполнам 31 а он 40 па тогаш спремни сме за зимање,нели сега имам 31 година, не сум веќе клинка од 20 и кусур години сега можам да чувам деца :clap: Колку е краток животот, денес си тука, утре те нема, и ајде ќе чекаме ние се да ни е цакум пакум :x Кој како сака, ја не би!
    Туку да си ја прашам јас професоркава моја која има 35 години, немажена, живее со нејзините, и зима плата 1500 евра, дали парите и го заменуваат семејството :geek: Навистина не знам во кој свет живеете вие, сите сте рипнале , сакам вака , сакам така, прво ова , она па после мажење. Годините ќе минат додека да трепнеме, чекајќи да створите се вие сте останале сами, родителите со кои сте живееле и ви биле семејство заминуваат (за жал) и вие останувате сами..и што тогаш? Потполно сте сами, додека вашите другарки, оние што немале памет и се омажиле на 20 и нешто години, си шетаат со дечињата , вие доаѓате дома, отварате врата од станот кој ви бил на прво место да го купите, и внатре ве очекува штама, празен ладен стан без некој да ве пречека и да ви викне мамо :x Не можам да сфатам и не ! :hai:
     
    На lackygirl, eli25, ph.orhideja и 4 други им се допаѓа ова.
  8. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Пак мешаме баби и жаби - бидејќи за твојата 35-годишна професорка не е сигурно дека е немажна затоа што чекала да стаса до плата од 1500 евра (не знаев дека толку се заработува во таа струка :) или затоа што не го нашла вистинскиот, во време кога платата и била 500.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Трендафилка, ќе те цитирам од темата: Колку ви се битни финансиските средства, зошто знам колку таму се бореше (со мене :lol: ) дека не се најбитни, дека најбитно е семејството и слободното време.

    Со ваков став, јас не знам што би чекала ти.........? :^)

    И самата наведуваш пример каде имаш богати пријатели, ама џабе е кога имаат се, а немаат љубов и разбирање. ;)

    Без љубов и разбирање, џабе ти се парите, легни си и спиј на нив.
     
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    ^ A каде Трендафилка рече дека сака да се омажи со пари а без љубов и разбирање во оваа тема? :^)

    Ставовите што ги цитира воопшто не се косат со желбата да се влезе во брак спремен и со основа за градење на семејство.
     
    На LilBaby и Trendafilka им се допаѓа ова.
  11. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Сепак е ова далеку од реалност :wasntme:
    Од 20 до 35 години, да се убиете од работа, не знам ти каква, ниту ќе имате кариера Бог знае каква, ниту ќе спечалите за скромен стан, убава кола од средната класа, меѓувремено уживајќи по нормални одмори и колку толку добар живот, ниту ќе имате остварено заштеда според вашите критериуми за да не ви страдаат децата. Е после 35ката, мене ми е малце глупо искрено одеднаш да барам венчаница и да мислам дали веднаш да раѓам деца, само затоа што проживеав дотогаш и веќе не ми се лудува :^)
    Хм, да, феминката која спомна како би сакала таа да пие кафе, ама да си приушти некој друг да го почува детенцето за таа да биде раат, па нели и јас ќе си приуштам свекрва ми или мајка ми да го причува ако сакам да излезам :?: Значи и на 20 и на 40 ќе ти се шета, никој не може да ми докаже дека на 40 ќе бидеш ладна и ќе гледаш само фамилија, еве сами си спомнувате :)
    Веќе реков, и ќе повторам, повеќето(не зборам за вас поединечно, зборувам општо) бракот и семејството, посебно децата ги сметаат за обврска. Дури и ми е бед кога ќе чујам било обвсрка секој ден да го носиш детето во школо, или да му ставиш да јаде, или да зготвиш ручек :^) Ами ко така обврска е да се дотераш и да се журкаш?!
    И, оние што се чувствуваат спремни за брак, не плачат тука зашто им се скарал дечкото, или зашто аднал некоја на фб, се секираат кога мирот е нарушен ради подлабоки проблеми, зашто веќе тргнало кон сериозност. Штом се има волја да се решат, тогаш секој ќе се подзамисли за зрелоста на другиот. Спремноста е едно, а занесеноста сосем друго. Човекот секогаш знае да биде и дете, и возрасен. Оној кој се истрчува, се знае како завршува, но оној кој размислува и осознава, се челичи кон нов чекор.
    Тука станува збор за оние години кога ти доликува да створиш семејство, а не за оние луди години кога се се чини шеќерно и лесно :)
     
    На Serafima, imelda, Moira и 6 други им се допаѓа ова.
  12. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    47.994
    Пол:
    Женски
    Не мислев повторно да коментирам,но просто МОРАМ.

    За тие што не би се дрзнале да бараат пари од своите мажи за улошки и пелени(бидејки не се самостални),морам да им потенцирам дека се работи за брак,заедница во која се е заедничко.Никогаш,ама баш никогаш не сум му рекла на маж ми ,дај пари ,на фризер сакам да одам.Домаќинството заедно си го водиме.И кога сме биле само со 500 ден,сме ги трошеле на најнеопходното во моментот.

    И да ви кажам,јас сум жив пример,колку само лесно се спрема магистериум.Знаете зошто?Бидејки тоа не е НАЈВАЖНАТА работа.Има поголеми радости,како прв збор на своето дете,прв ден во градинка,прва родителска,родендени и сл...Човек полесно се справува со предизвиците и проблемите кога има некој да те топли навечер,да ти пружи рака и да ти рече :,,Не се секирај,се ќе биде".Кога знаеш дека децата безрезервно те сакаат и не ги интересира дали си магистер,доктор,имаш или немаш кола,дали си шетан или не.
    Во контекст на ова,за некого шетање е по кафани ,диска,други земји.Видов доволно,можеби не се,но животот е пред нас,Работиме ,создаваме услви,па се што сум пропуштиле,сакам да го видам,но со маж ми децата до мене.
     
    На Ariel, Serafima, AIT и 10 други им се допаѓа ова.
  13. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.013
    Пол:
    Женски
    Предава на приватен факултет и нормално платата ќе и е огромна :) Секој ден сум со неа, си кажува жената (ептен си е реална и отворена) дека нејзините и викале уште многу одамна да се омажи а таа сакала да најде солидна работа, и да магистрира ( магистрираше пред некој месец) а на фб става слики од дечињата на нејзините пријателки :| ако ова не е жално , не знам што е :tmi:
     
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Мислам дека Трендафилка треба да одговори, бидејќи цитирав нејзини реченици.

    И не ми ја сфати мислата. Потенцирав само дека и најбогатите кои чекале и дочекале и се имаат немаат гаранција за среќен живот. :!:
    Значи џабе чекањето и џабе парите. :lol:
     
  15. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Апсолутно, муабетот ми беше дека можеби главната причина не е нејзиното чекање, туку едноставно - не се нашол вистинскиот. Имам немажени пријателки (кои и не се во врска) на слична возраст, за кои знам дека не чекаат од бес, туку затоа што не нашле некој со кој би го превзеле тој чекор.
     
  16. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.013
    Пол:
    Женски
    Имала таа 10 годишна врска, и кога дечкото ја побарал рекла дека не е спремна на брак, нели немала магистрирано затоа :wasntme: па сега си седи со мама и тато ;) али ајде да не навлегуваме подлабоко, да не е тука на форумов па да ме чита :rofl:
     
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Анастасијаки, и така веќе многу навлезе длабоко во нејзиниот живот.
    Патем како е таа професор, ако магистрирала пред некој месец? :^)
    Ако веќе даваме примери, што правиме со оние парови што се земале млади, родиле деца и на крајот се развеле, кој поради незрелост, кој поради нервози од немање средства за издржување на семејството?! :wasntme:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Грл 23 бидејќи спомна домаќински работи еве одма да ти кажам, и јас знам да правам се по дома од готвење до перење и пеглање и се, и морам да се пофалам дека сум одличен готвач :lol: и помагам многу нормално. Ама неможам да кажам дека заради тоа што знам да направам грав сум спремна да влезам во брак.
    А и незнам што сте запнале толку за парите. На пример имаш партнер одите долго време, се сакате и се, но немате доволно средства за да се земете и да основате семејство, зар нема двајцата да ги усогласите желбите и да чекате да стигнете до посакуваната материјална состојба за да го направите тоа? И што ако на пример мажот се откаже од тоа и по секоја цена сака да се ожени? Зар јас да ги жртвувам сите мои желби зашто на него така му текнало или затоа што ми се заканува дека ако не се оженам јас со него ќе се ожени со друга затоа што му одминуваат годините? Ова љубов ли е? Не ова е уцена, мене не ми треба таков партнер.
    А, ако на пример сакам да изградам кариера и да заработам повеќе пари, сигурно ќе имам дечко покрај мене, нема и поради тоа да немам ниту дечко ниту ништо, да се отуѓам од се и да завршам сама (иако ова никогаш не се знае). Мислам зборите за ова дека ако сакам да градам кариера и да стигнам до солидно работно место треба сосема сама да сум за да го направам тоа :^)
    Сакам да кажам дека се може да се реши, Анастасијаки ако тој човек навистина ја сакал твојата професорка и не му било целта само да се ожени и да се репродуцира јас сум сигурна дека ќе ја поддржел и ќе се венчале малку подоцна. Тој сигурно е веќе женет и со деца, можеби е посреќен, а можеби и не нели? Исто и таа, можеби вака би била посреќна иако сама, одколку да се омажела под притисок.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.013
    Пол:
    Женски
    Беше само лектор, а сега пред името и стои лектор м-р :) Ајде и за тоа ќе се фатиме :) не се мажам затоа што ми е страв дека нема да имам пари да го издржувам семејстово па ќе се разведам со оној мојон |( Тетка ми кога се омажила на 19 години носела позајмена венчаница од тетка му на тетин ми, го бањала братучед ми во старо корито, и живеела во трошна куќа, додека сите од страна и викале ( вклучувајќи ја и мајка ми) да не се мажи, таа не ги послушала, знаела дека тетин ми е вистинскиот, добар човек кој ја сака, се омажила, и сега има од пиле млеко, има повеќе од сите кои тоа и го збореле, затоа што во нивната куќа владее хармонија и љубов. Што требаше да го остави тетин ми зашто бил клошар? :?: Имаа многу тешки денови но заедно ги пребродија :) за сега да уживаат во своето семејство, со моите братучеди :)
     
    На Agrona и Eleonorastrumica им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.469
    Допаѓања:
    201.247
    Пол:
    Женски
    Па сигурно дека никоја нема ради реда да се омажи и покрај тоа што можеби постигнала сè што сакала да постигне. Многу е важно да се има и вистинскиот човек покрај себе, но и двајцата да се спремни за предизвикот наречен брак.
    Дали сте помислиле дека можеби и може да успеете да ги исполните своите планови, ама да не го најдете човекот со кого би можеле да го поминете животот? Што тогаш?
    Повеќето тука имаат релативно долги врски, ама ете, чекаат да се осамостојат колку толку, па да рипнат во тавче. А што со оние кои не се во врска? Ете, имаат стан, кола, кариера, ама немаат соодветен партнер - што тогаш? Коцките се наредиле, ама човекот го нема - тоа не значи дека мора да се стапи во брак со било кого, само затоа што тоа е нареден чекор.

    Поентата ми беше, не чекајте премногу, немојте ниту слепо да се концентрирате на своите желби, за да не го пропуштите најубавото... сè што можете сами, можете и во заедница ;)
     
    На kate21, bittersweet, Doozy и 14 други им се допаѓа ова.