1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чекање на сè....па потоа брак

Дискусија во 'Брак' започната од Snow-Queen, 9 мај 2012.

  1. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Едно не ми е јасно-зошто по ѓаволите после секое мислење мора да се цитирате и да го докажувате спротивното-само затоа што некој што се изјаснил имал спротивно мислење од вашето :^)
    Пишете си секоја за себе и готово,ама не,неможе да остане така.
    Ајде сега сите модерни ќе изиграваме.
    Мислам,џабе филозофираме стан,куќа,кола,кариери кога ништо не е вечно.
    Единствено вечно е љубовта,подршката,стабилноста и хармонијата во домот.
    Претпоставувам некој ќе ме цитира за оваа реченица со -ОД ЉУБОВ НЕ СЕ ЖИВЕЕ,и веднаш ќе додадам дека точно-од љубов не се живее ама па и без неа .Средина,златна средина.
    Јас се омажив на 25.Не бев трудна,ама се деси пред свадба.Го изгубив бебето,а искрено тогаш не го поскаував :worried: Кога чув дека сум трудна се разочарав,прво на ум ми беше-леле не работам,од што ќе го чувам? А сега само сакам да добијам едно бебе,ама нема.Маж ми работи,а од дома нонстоп ни викаат-ајде едвај чекаме внуче,не му ја мислете ние ќе даваме се што треба.И сега јас ќе се правам себична ќе бркам кариера,која како стоматолог тука -тешко успева -кој е тоа,знае ,за да утре не сакам да добијам денар од моите дома за нивното внуче? Кој не сака да даде на внуче,баба ми и дедо ми ми давале,и моите никогаш не рекле-не,не давајте,ние ќе си овозможиме.
    Инаку,може некоја е зрела на 18 год за брак.Може тоа и е желба,а ако се покае-секој нека си е одговорен за своите дела.Јас нема тука што да судам ,кој е зрел,кој не.Милион луѓе,милион животни приказни.Ништо не е доказ дека ќе успее.Денес си тука утре таму.Те има,те нема.Сакам секој миг од животот да го искористам,без утре да речам-требаше........
     
    На Shelea, imelda, Abeja и 9 други им се допаѓа ова.
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Примери има милион од двете страни.
    Ако веќе толку сакате примери, еве еден мој иако сметам дека е непотребно.
    35годишна девојка, нели многу се сакаа со мажот, се земаа исто така од љубов, ама и двајцата работеа хонорарно. Родија дете, живееја под кирија, па немаа пари да платат кирија, па живееја со свекорот кој си имаше желба да пие, па не се издржуваше и сега живеат кај мајка и сите на купче, зашто друг излез нема. Не ја препознавам кога ќе ја сретнам(а ја знам од мала) од што е исушена, бледа и нервозна секогаш кога ќе ја сретнам.
    Не сите сакаат да се мажат во туѓа венчаница зашто немаат да си дозволат своја.
    Знаев дека одма некој ќе ми реплицира дека со љубов и хармонија се е можно, но додека не видиш не можеш да знаеш колку е силна љубовта и што се може да издржи. Ако немате утре да му купите на детето едно чоколадо, не ме убедувајте дека ќе му речете, не ти треба чоколадо, мама и тато се сакаат, ќе ти купиме другпат.
    Освен тоа, денес секој различно ја сфаќа љубовта, како што можеме да видиме и на форумов
    Ме изневери, ме навреди, ама знам дека ме сака...
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Анастасија, мешаш многу ствари.
    Викаш битно ти е да живееш во слога и со љубов, па и со скромни примања. Со скромни примања, можат да опстојат две усти, но работата се усложнува кога доаѓаат децата. Тогаш ти требаат пари, а не скромни примања, затоа што тебе малите нема да те прашаат дали ти денес имаш да им купиш кашички или пелени, него ти викаат дај ми и крај! Е тогаш ќе видиме во која слога и хармонија ќе живееш, кога почнуваат првите проблеми, кога мораш да дадеш а немаш.
    Зарем примерот на тетка ти е некое многу добро искуство? Тебе ти би било сеедно низ нешто слично да поминува, наместо малце да почекаш? Значи не да не се мажиш, туку да почекаш да се осамостоиш.

    И тука морам да посочам еден пример, за член од фамилија што од толку брзање на 24 години се ожени, имаат дете и на негови 8-9 месеци се разведоа. Незрелоста си го направи своето. Тие мислеа дека ако се во брак и се ќе биде полесно, но не е така.
     
  4. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    И девојка во 20тите може да биде добра домаќинка, и жена после 30 раѓа на природен начин. Не се карајте за годините, на кој за што му дошло така нека си тера, но нели темата е на што да се чека пред да стапите во брак а не на колку години би биле психички и физички спремни(узреани или презреани) за такво нешто.

    Е сега, некои сакаат повеќе да „средат„ пред тој чекор, некои помалку ама важно да ви се исполни на сите што сакате и како сакате да ви е среден самостојниот живот пред да делите со друг и да стварате и нов.

    Кога гледам свое место повеќето го ставија на мета за исполнување, но за осамостојувањето и споредувањето на имање своја куќа/стан со странство и МК, да ви расветлам некои работи. И во странство скоро никој нема „своја„ куќа или стан на 30 години, ако го има и тука е наследен или купен од страна на мама и тато. Мноооогу многу најретко ќе се најде некое младо што успеало некако да стигне врв од кариера на тие години(пример actuary во некоја голема осигурителна компанија и сл), за две три години само од бонусот ќе купи и куќа и скапа кола, но овие луѓе се ретки. Повеќето млади со своја куќа, всушност работат и отплатуваат кредит за таа куќа. И како и во МК така и тука не се знае кој докаде ќе е на тоа работно место. Ама, ако веќе си бил способен да се вработиш и заработуваш, да штедиш, и утре излезе клоца од едно работно место, имаш заштеда за месец, два, три и почнуваш на друго место, и пак отплаќаш, пак штедиш, и се во круг. Значи не мораш да чекаш да собереш колку илјадарки под душек и оп-троп да купуваш стан со кеш на рака.

    Другата работа е, доколку живеете заедно, без разлика дали досега сте стапиле во брак или не, ама сумарот му е исти, и сте двајца вработени многу полесно е да се земе кредит на база дека ако еден изгуби работа за некое време, веќе другиот отплаќа кредит, се помагате еден друг отколку еден само да го има тој притисок на глава.
    Никој не сака да има кредит, и разбирам зашто некој не би земал, порадо би штедел до не знам колку, оти се плаши од одговорноста да го има на ум. Ама ако сакаме да имаме свое ќоше, не мораме да чекаме до 50 ебаго, ќе плаќаме за тоа секој месец, па дали е отплата од кредит или ќирија, за кој како. Ако сте одговорни да ги одржувате тие исплати за свој кров над глава, и се мислите дали да се мажите, а сакате нели, тогаш спремни сте и ајде доста чекате, викајте ме на свадба. :music: :^: :d:
     
    На kravce, marama, kate21 и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Најмногу мразев кога мајка ми ќе ми речеше: Ееее, таму кај што ти газиш - ние веќе одевме :envy: ама за жал - така е :lol:

    Не сакам да попувам, тоа веќе нагласив дека го мразам, и не сакам да се правам паметна (и тоа го мразам :D ), ама некои работи се дознаваат и учат преку искуството и поминатите работи/препреки во животот. Еве, оваа тема е уште еден доказ за тоа - девојките кои се веќе сопруги/мајки нема никогаш, ама НИКОГАШ да речат дека било кој купен предмет/кола/дестинација им е побитна од детето. Со самото тоа, материјалното го ставаат некаде на последната полица, чисто колку да се знае дека и пари требаат за живот.

    Од друга страна, и ние бевме млади (леле колку старински звучи оваааааааа :D ), т.е. сингл и без обврски, и тогаш мислевме дека кариерата/шетањето/пијанките се она кое треба да го доживуваме. И тоа било нормално :) Ама ние тој пат го изодевме....сега стигнавме на друг левел (кој не е ниту погоре, ниту подолу од претходниот), туку е едноставно во некоја друга димензија, па нашите размислувања добија поинаков тек.

    Сега сме 80:20 за семејниот живот, насмевките на малите, среќата во очите на таткото, мирисот на бебето дома наспроти кариера/кафани/чевли/ташни. Не дека не сакам да одам или купувам, се имам изјаснато дека си имаме формула и за тоа :lol: , туку дека имам работи на кои им давам предност и за кои никогаш нема да речам дека ми се обврска или дека „морам“ да ги направам...тоа секако не значи дека мојот (нашиот) живот е досаден, завршен, со подочњаци до земја и без интересни содржини. Баш напротив, не сте свесни колку ни е интересно по дома со бандитиве :rofl:

    И, што сакав да кажам? Нормални се овие јазови помеѓу „таборите“, освен што сме различни индивидуи имаме и различен бекграунд во искуство. И пак да нагласам, не го велам ова за лошо (демек Седете вие „мали“, ништо не знаете :D ) туку дека едноставно некои работи ќе мора да ги доживеете за да можете да ги коментирате.....низ постовите читам премногу теорија, а во животот не` чека СЕ`, само теореми не :lol:
     
    На kravce, Ariel, marama и 9 други им се допаѓа ова.
  6. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.013
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека тетка ми не чекаше да се осамостои , да створи не знам што, и сега многу подобро живее отолку некои што имаа се кога се омажија, зашто заедно створија се со тетин ми, лека полека створија :) Јас веќе напоменав дека фала богу имам кај да живеам самостојно со дечко ми, тој работи а јас студирам, и кога ќе го завршам факултетот догодина ќе се земеме, не чекам додека се вработам, тоа ми е муабетот цело време, од каде да знам, може и одма ќе се вработам, а може и за 5 години , и да ми поминат тие 5 години така? Одма знам сега ќе каже некој, твоите ќе ти помагаат, јас не барам ништо од нив, но кажете ми кој родител не сака да му помогне на детето, кој родител нема да се радува да дочека да го вдоми детето и да дочека свое внуче. Баба ми додека беше жива самата ми ги даваше последните пари за да одам да си купам тоа што ми треба, мерак и беше јас да сум среќна . Затоа не рипајте одма , кога сите сме свесни дека 90% од фамилииве во земјава на почетокот имаат финансиска поддршка од своите родители :) било мала или голема :)
     
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Се мислев дали да се дрзнам да пишам мислење во темава затоа што немам ни 20 години ама ајде. Да, сите сме различни и секој со својата приказна, тоа е факт.
    Мајка ми на мои години веќе ме носела мене во стомакот, т.е може веќе ме думкала во раце, не знам точно. Не чекала коцките да се наредат, биле млади, ваубени, немала средства за на факултет, имала каква таква работа, и се земале со татко ми. Од животот виделе многу маки, но секогаш стоеле еден до друг, и со поддршка и љубов поминале се. Да е некој друг ќе се откажел, и така се доаѓа до развод. Не се откажале, и со баба и дедо кога се скарале живееле под кирија, и двајцата работеле и трчкале да вршат разно разни обврски со дете и работа, па се вратиле кај баба и дедо, па брат ми непланирано дошол, т.е брат ми бил близнаци, од кое едното починало, ама како и да е, никогаш не помислиле да се откажат од нас затоа што сме биле слаби финансиски. Животот е тркало, некогаш им било добро, некогаш лошо, некогаш средно.
    Имало некои години кои биле ептен тешки, многу пати ми рекле не може сега сладолед, или сладолед од десет денари, додека ти си мало и кенкаш како другарките јадат од 30 денари а ти секогаш од десет, па ќе станеш тинејџер па ќе им преречеш зошто те направиле ако не можат се што ќе посакаш да ти овозможат, па ќе пораснеш, ќе созрееш и ќе сфатиш дека за тебе животот би си го дале, и дека се жртвуваат за тебе, и дека се прават за тебе и нема да ти е битно дали сладоледот бил 10 денари, туку е битно што воопшто си јадела сладолед.
    Две години сум свесна и сама дека бевме во ептен ужасна криза. Дома пример многу се караа, едвај се снаоѓавме за леб да јадеме, тато остана без работа, па поминаа и тие, и дури сега слободно можам да кажам дека коцките се наредени. Ако моите чекале до сега за да стапат во брак и да оформат семејство, кога татко ми има 47 години а мајка ми 40, навистина би било ептен касно и залудно. Јас сега го зафркавам татко ми му викам цел си бел во тоа косата, дај опрај се малку, на свадба ќе треба да ми играш и внуци да чуваш а не па сега да ме направел кога едвај стои на нозе.
    Јас сум воспитана да бидам мирна по природа, и не би ми сметало доколку живеам со родителите на маж ми. Се додека се луѓе на место и има взаемна вистинска почит, и секако услови за истото.
    Можеби би сакала да живееме и одвоено, но јас сум растена во заедница која убаво функционирала, и таква сум што знам дека можам со луѓе да функционирам, па доволен би ми бил наш спрат во куќата ан неговите. Доколку брат ми си отиде од нашава куќа, што ете моите тип топ ја средиле со надеж дека детето некогаш тука ќе им живее, и за внуците ќе помагаат, не би ми било проблем и тука да живееме, на тој наш спрат. Мислам дека не би чекала да решам стамбено прашање ако имам вакви услови. И ако се добри односите, мислам дека и да имам услови за одвоено живеење не би се одвоила.
    Да, си признавам од моите родители би прифатила помош ако ми е потребна, а зошто да не, па тие ми се родители, за мене животот би го дале, ако тие со љубов не помагаат за внуците и за децата, тогаш не знам кој, а и впрочем ако не ни помогнат нас, на кого да ги трошат парите, родители се, нив им е мерак тоа да го прават. Исто како што јас би им помагала, би бдеела над нив ако не се добри, или кога ќе бидат стари што ветив ќе ги чувам ако треба кај мене дома и ќе бидат убаво негувани, или ако имам финансии ќе им плаќам дом, како што си изразија желба. Здравје, кога ќе дојде времето за тоа.
    Би сакала да, факултетот да ми е завршен, би сакала и да имам некаква работа, било каква работа, не се стремам кон директорска, би почнала и од многу пониско место, без срам, затоа што не сум таква да завршам факултет и да сакам ајде одма плата од 20 илјади, како некои мои другарки што не сакаат да работат за 12-13 илјади, јас сметам дека од негде мора да се почне не може одма да ти дадат директорско столче. И да ако треба и ќе работам и домашни работи ќе извршувам и ќе учам ако имам можност за повисока плата. Мајка ми е цел живот продавачка, ако чекала тип топ работа, верувам немало да ме има сега мене, а ниту брат ми. Едно време само од нејзината плата живеевме, а сега покрај нејзината и од тато платата е тука, а и имаме приход плус.
    А причината за излегувањата што сте ја спомнале за мене е најголема глупост.

    Се распишав се распишав, а сакав да кажам дека ако јас сметам дека дошол вистински момент, дека сум доволно зрела и свесна што значи поимот брак и што тој носи со себе, би кажала да. не реков дека сега би скокнала во тавче фала Богу рано е, ама сметам дека кај 26 27 веќе е време, и мислам дека и да не се наредени сите коцки пак би кажала да и би се трудела и би вложувала, И да, ако немам да му купам чоколадо на детето од 30 денари ќе му купам од 10, ајде сега ако никогаш не најдам предобра работа, да не ни правам свадба и да не земам дете. Сакам семејство и сакам деца, и истото не го сакам ниту касно ниту рано, туку таман на време, кога е вистинскиот момент.
    познавам многу прекрасни семејства кои немале скоро ништо а создале фамилија, па ете ги заедно се, имаат нормален живот, и уште има љубов и рабирање.
    Познавам и многу кои имаат пари еден куп, но немаат ништо друго освен парите, прекрасниот стан и уште поубавата кола.
    Никој од нас не знае каде му е среќата, со кого му е среќата, и што ни носи утрешниот ден...
    Ако имам 27 години, и сум без работа, а ме запроси, сигурно нема да му речам еј ај причекај малку нормален ли си ти, без работа сум. Би нашла нешто од нешто, и сигурна сум дека со тек на време ќе се редат коцките како што треба.
    Совршенство не постои.
     
    На kravce, lackygirl, Doozy и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Јас не сум го променила мислењето на ниту една од двете теми.
    Цврсто стојам на моите ставови.
    Скромно и домаќински сум воспитана, и не барам никакви луксузи. Тие што ме познаваат можат да посведочат.
    Што реков јас?
    Никогаш нема да останувам на работа прекувремено, за да налупам повеќе пари на контото, за да си дозволам луксузен одмор или ектра чифт чевли или чанта. Оти ништо реално не ми значат скапите материјални нешта. Ниту ќе ме направат попаметна, посреќна или поисполнета. Ми се гади од општеството кое тера на натпревар помеѓу луѓето, во смисла на материјалното. Јас од старт кажувам - благодарам, не сакам да учествувам во таа трка.
    Сама правам торти за роденден на секој близок и истиот капут си го носам веќе 3 години. И не се срамам поради тоа, напротив горда сум.
    Доволно, навистина доволно ќе ми биде да поминам со многу поскромни работи.

    Јас од животот не очекувам тип топ среден стан, со секакви потребштини, ниту бесен автомобил, ниту после венчавката да заминам на меден месец во Париз.
    Сакам да си имам своја работа, МОИ приходи. Сакам да учествувам еднакво во брачната заедница.
    Ако таа желба или план ми е ненормален, ок е, признавам, ненормална сум и јас.
    Мене несфатливи ми се девојките од типот - леле нема работа ни за лек, леле па и да ја имаш - утре ја немаш.
    Алоо, исто е како размислувањето - леле, можам да умрам секој момент!
    Може да ме акне кола на улица или да ми падне секирата врз глава во подрумот што виси на клинче.
    |(

    Па ајде, ќе скрстам раце и со Господ напред, додека не ми пресушиле јајниците ќе склепам дете што поскоро, младоста ми бега, ќе ми се смеат ако се омажам на 33 рецимо.
    И да речеме со една плата од дечко ми, од 18 000 ден - што ќе ми јаде детето?
    А што станува со сметки, храна, кирија ?
    Не сум била, ниту ќе бидам тип што ќе се пикне некому во заедница.
    Не сакам да живеам со свекор и свекрва, и знаеш што е пострашно? - Не сакаат и они снаа дома.

    Мојата намера да си најдам работа и заедно со дечко ми во иднина да си скроиме план - дали ќе одиме под кирија или ќе си платиме 25 квадрати кои ќе ги отплаќаме 15 години ако треба, ми се многу почесни и пореални, неколи некоја која го напнува типот да ја ожени од секакви бизарни причини.

    Ти беше верена Girl.23, така се сеќавам?
    Имаше проблеми со свекрвата, колку што ме држи умот.
    Ќе си ги немала толку ако сте имате поинаква стартна основа со тогашниот вереник, т.е. место каде што ќе сте започнале живот сами.
    Или ако вереникот не беше толкав мамин син, па да застанеше на твоја страна, наместо на нејзина, со поддршка.
    И разликата знаеш што е?

    Што ти барем имаше доблест да видиш дека тоа е просто лоша стартна основа за брак (живот во заедница кој очигледно - не функционира сјајно, како што некои се обидуваат да ни го претстават и нестабилен брачен парнер) и реши - да не се земаш.
    Многу нормално, кога немаше УСЛОВИ ЗА ТОА.
    Е сега... ти гарантирам дека минимум 5 од 7 девојки ќе се омажеа во твојот случај. Од пуста желба за дете, од страв да не останат сами, да не им летнат годините, или од што не сакаат веќе да седат дома со нивните, или од каприц да се видат млади невести, или сите другарки се мажени, она гревната се чувствува исклучена од муабетот...

    И тоа е здраво и нормално?
    Ќе зборуваме уште за нормално?

    * Што се однесува до мојот коментар за авторов на темата, значи луѓе беше кажано со најфина намера, без никаква негативна конотација.
    Не знам како успеавте и тоа да го извртите. :D
    Нормално, тој што поставува тема, обично и има свој коментар и став, значи размислувал во врска со тоа.
    Јас само реков добро би било и авторот да прокоментира, не дека ќе и се стави нож под грло ако не го сака тоа, бог да чува. :)
    И делот со 'рчкањето беше нормално на смешка.
    Ако некој друг го смета форумот за бојно поле, јас никогаш не сум го доживувала така трагично.
    :)
     
    На faye, marama, BoaVista и 7 други им се допаѓа ова.
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Со ова се согласувам.
    Една членка имаше пишано дека многу можеме и заедно да постигнеме со вистинскиот човек покрај себе, со вистинската љубов и поддршка. И со ова се согласувам.

    Ќе ви ја раскажам и накратко мојата брачна приказна.
    Кога решивме со мм да се земеме имав неполни 25, а мм неполни 26 год.. Значи ниту јас бев стара мома, од другарките прва се омажив (дури често и се зеземе дека млада ме прележал да се мажам) ниту пак тој беше стар беќар, па ајде мора да се жени, демек време му е. Толку бевме вљубени (се` уште сме :P ) што не можевме да издржиме веќе да чекаме, а имаше што да се чека, нели секогаш има... ;)
    Е сега само тој работеше, до душа солидна работичка, станбеното прашање требаше набрзо да се реши, а јас имав уште два испити до дипломирање. Останав бремена, веќе во една друга тема имам кажано дека беше планирана бременост, така што бебето на пат беше за нас само повод за брак, ние секако ќе се земевме, а таа не` охрабри. Всушност ние и отсекогаш некако знаевме дека заедно ќе завршиме, само беше прашање на време, а таа ни дојде како кец во десетка.
    Е сега пишав и дека само мм работеше (земаше солидна плата) и требаше да ни се купи стан како свадбен поклон, така што и тоа прашање требаше да биде решено, а испитите требаше да ги положам додека сум бремена.... пиххх само 2 испити за 9 месеци, си помислив, гола вода.
    Ама работите не излегоа како што треба...прво од станот не видовме ни клуч,а камо ли стан и до ден денес веќе се имаме откажано од истиот, така што си завршивме под кирија и таму останавме две год. И бременоста излезе патолошка, морав да лежам во кревет и не се знаеше исходот :( (фала Богу се` излезе во ред и еве ја сега од септ. прваче), а со тоа и дипломирањето се одложи... покасно од планираното, ама битно дипломирав.
    За сето ова време имавме и подеми и падови...коцките се редеа, па се растураа, па пак се редеа...и да нагласам јас и мм сами се снаоѓавме, сами си плаќавме сметки, сами се храневме, сами се издржувавме како знаеме и умееме, што од заработено, што од заштедено...не побаравме, а никој не ни ни понуди финансиска помош.
    После две год. и јас се вработив, си имав преубава работа и тоа беше врвот на нашиот успех, а за мојата среќа да не ни зборувам, летав.... пак почнаа коцките да се редат...се збогувавме со киријата, се вративме дома во семејната куќа на мм, детето си порасна, двајцата работевме, па падна и првиот одмор, па кола купивме :)
    Следно беше шок за двајцата, прво мм даде отказ, а за брзо време и јас се соочив со отказно решение :o ..и сега како, што, каде, што ќе правиме :( ;( ....среќа наша мм некако побрзо се снајде и пак почна да работи, не тоа што го сакаше, ама битно носеше леб на маса, плаќавме сметки и не бевме ни гладни, ни голи, ни боси, ниту пак страдни. Застанавме на нозе. Климавме, ама стоевме.
    Потоа и фирма мм отвори и сега за сега не смеам да се пожалам добро ни е. Двајцата вработени, малава си порасна, имаме покрив над глава, имаме и заштеда, пу, пу, пу, да не подречам.
    Арно ама мојата работа не е од соништата, ја чекав, ја барав, ја чекав 4 год. и никако не дојде, а нема ни изгледи дека ќе дојде за жал...и искрено чекав добра работа за да се осмелам за второ дете...ама некако на влезот на 30-тите се почувствував спремна, и еве се решивме и за некој месец и тој ќе ни дојде. А идеалната работа :^) па искрено веќе не се ни замарам со тоа прашање...сега друго ми се вртка низ глава, иам други професионални планови и знам дека еден ден и тоа ќе го решам...полека, ама сигурно ќе го решам.

    Можеби животов ќе ми беше сосема поинаков ако не ја прифатев понудата за брак, ако не` останев бремена, ако прво дипломирав, ако се вработев, ако имав добра плата каква што посакувам, своја кола итн. итн., ....може и немаше да бидам сега тука со истиот овој човек кој од ден на ден се` повеќе и повеќе ме прави и среќна и горделива. ...Којзнае....
    Едноставно само ќе речам судбина, мој к`мет, моја среќа... така требало да биде. Тоа бил мој избор и во ниту еден момент не сум се покајала за одлуките кои сум ги донела и никогаш не сум ни помислила дека сум згрешила.
    Јас не чекав да ми се наредат коците, па потоа брак...еве и до денес не се комплетно наредени, може и нема никогаш да бидат наредени како што сме посакувале и мечтаеле и двајцата, ама животот и времето си минуваат и за жал не не` чекаат. :)
     
    На NoellePage, Moira, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
  10. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Добро мене едно ме интересира од сите вас што упорно тврдите дека нетреба да се чека дека љубовта е најважна баш ме интересира од вас што сте во врска, нели се сакате е што ве спречува да се омажите???? Ја имате љубовта покрај вас тоа е доволно
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Колку симптоматично. Јас не посочив ниту една девојка по име, а ти се јави.
    :)
    Не е малку чудно?

    Друга работа ми беше зборот, ти го читам мислењето и ДА - држи вода твојот муабет.
    Имате обезбеден покрив над главата, дечко ти има сопствена работа и работи вредно на домот, ти сакаш дом и семејство, поскоро да имаш дечиња, оти тоа е смислата на твојот живот.
    Топ. Почитувам.
    Сериозна сум, најголемо почитување за ваков тип на размислувања.

    Се' ќе беше в ред, да не се жалеше пред некој месец на долго и на широко како дечко ти повеќе сака да гледа фудбал со другарите по неколку часа, отколку да ти се јави на тебе ли, така нешто беше.
    И постојано ко за белја те начекував во љубовни проблеми, од таму и сум те запаметила, тоа ми е слаба точка, како во реалниот живот, така и на обичен форум, веднаш ги детектирам осудениците на пропаст во нивните врски. Баба Ванѓа ме вдахнала со моќ, очигледно. :D (повторно шега, отсега ќе морам во заграда да пишувам кога шегата е - вистински само шега).
    ;)

    А еве и зошто ми запна за око:

    Знали твои сопствени зборови - напнуваш.
    Напнуваш тип што можеби и не е целосно спремен за брак, оти тебе ти се сака да думкаш дете на млади години.
    Или од страв дека врската на далечина ќе ти крахира ако не се земете што поскоро... или од безброј други мали и големи твои причини, а притоа убедуваш половина форум дека сме луди и ненормални среброљупци, кои патиме за кариера или сакаме ладни станови, или не сакаме брачна заедница...
    Немој те молам значи.
    Биди искрена прво сама со себе кои ти се вистинските причини за брак, па после објаснувај на други.

    И уште еден битен момент - во твоите среќни околности, имаш покрив над главата од старт и дечко, во иднина нели вереник и маж се надевам, кој работи и е подготвен да те/ве издржува.
    А други го немаат тој луксуз, за жал.
    Не е тоа малку лицемерно, таков тип на солење памет?
    Инаку не те посочив со зла намера, само сакам да биде нешто објаснето до крај, кога веќе дискутираме.
    Дај боже да ти се исполнат сите планови, ти посакувам се' најубаво.
     
    На mims-89, bittersweet, femina90 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.013
    Пол:
    Женски
    Прво за тоа со фудбалот беше пред една година , а не пред неколку месеци. Второ знаев дека за мене мислиш затоа што лани колку што се сеќавам ти ми даваше некои советчиња :wasntme: Потоа дечко ми за два месеца ќе полни 31 година, така да ако сега не е спремен не знам кога ќе биде |( , напнувањето не е за да се земеме што поскоро туку за да почне нашиот спрат да го средува, а за тоа ќе треба време, можеби и година-две. И јас не реков дека сакам утре да се земам , туку за година ипол, значи прво ми е да го завршам факултетот да не го оставам така на пола..
    Искрена сум и кажувам дека не сакам и во наредните 5 години додека се вработам да се гледам еднаш неделно со него, еве неделава нема ни да се видиме, вие можеби со дечковците сте секој ден, или секој втор ден заедно, но не и јас, а и да сакам да думкам бебиња на 23 години тоа лошо е? |( некои сакаат да думкаат бебиња,на некои ќе им минува животот по дискотеки и кафулиња, кој како милува!
    Воопшто не станува збор за лицемерие, па боже господе, на кого тоа? На особи што не ги познавам? :?: Тргнувајќи од мојата тетка, мојата кума, и многу други кои нивните почетоци ги почнале со ептен малку , па и под кирии и во заедници,а сега имаат прекрасен живот, поради тоа си земав за право да
    "солам памет" :)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Арно де, секој има примери во животот, да ја поддржи и едната и другата страна на приказната.
    И моите почнале со малку и мизерно, и ден-денешен си отплаќаме стан во Скопје на стари години што се вели, па сме среќни, живи и здрави.
    Толку е погрешно што некој сака да проба и друг почеток на приказниве?
    Па не мора и крај краева да успее, Лилит убаво посочи - барем ќе се потрудам бе. Да си бидам начисто самата со себе. Ќе му речам утре на детето мое - извини ако се срамиш од мене и моите 30 години кога те родив, ама сакав да сторам нешто за подобар живот.
    Воопшто не ми е пријатно чувството дури ниту во врска, кога јас учествувам многу малку или пак воопшто ич, а другиот плаќа се'.
    Лично јас се чувствувам безвредно и без никаква слобода. Не е дека некој ме тера јас да бидам вработена по секоја цена, туку ЈАС самата не сум задоволна со себеси.

    И пак ќе кажам, јас ти посакувам среќа и успех во замисленото.
    Ако испадне некогаш дека моето мислење било погрешно, прва ќе признаам дека - сум погрешила во мислењето и изборот.
    На секоја една тема каде што сум сменила мислење - сум се вратила да се извинам и да кажам - да, не бев во право.
    Мене тоа не ми претставува проблем.
    Верувај, на никој не му се чека толку долго да стапи во брак или да заживее со партнерот. Јас премногу сакам да живеам со дечко ми, да се будам секое утро покрај него, но реалноста ми удира во главата, кога сфаќам дека - не можам просто. Ме боли, ама не можам да се косам со мојата рационалност и да му предложам - знаеш што, ајде направи ми детенце, нашите нема да не остават на цедило.
    Секако дека нема да не остават. Прашањето е колку јас (и тука си зборувам лично само за себе преку примеров) сум таков тип на човек да дозволам да реметам нечиј дом и мир, САМО И САМО да живеам во заедница или да стапам во брак, од мои, еве ќе ги наречам тотално себични побуди.
    Поздрав :)
     
    На bittersweet, LilBaby, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  14. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Нема што повеќе да коментирам ти самата си контрадикторна, прво велиш не треба да се чека, а сега самата велиш дека ти треба време да дипломираш... значи сепак треба да се почека!
     
  15. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.013
    Пол:
    Женски
    Јасна бев од самиот почеток дека нема да чекам додека се вработам ! Значи зборев за работата, а не за факултетот. Зборев за тоа цело време дека нема да чекам додека не се вработам, немам пари на претек за да се омажам .. а не за факултетот :?: Зборев, зборев и веќе не зборам на темава, се нафрливте на мене бреј :geek:
     
    На Eleonorastrumica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.432
    Допаѓања:
    4.990
    Ќе бидам многу кратка. Конкретно на темава.
    Сакате сложете се, сакајте не,(јас си зборам за мене) јас би почекала да се наместат коцките пред да рипнам во тавче.

    Тоа не е рубикова коцка-долго време ти треба да ја наместиш и после така останува,наредена по бои, мене јасно ми е тоа, но ако веќе ја имам, никогаш нема да ја оставам без да пробам да ја местам.

    Дали ќе успеам, дали нема да успеам поим немам, но не останувам со скрстени раце сигурно да се откажам уште пред да почнам.

    Секој сам си ги донесува одлуките и сам си ги сносува последиците.
    Јас нема да дозволам да не се обидам да придонесувам во (идното)семејство.

    Да имаш љубов многу полесно се поминуваат сите проблем, но ако е љубов, таа нигде не бега. ;)
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.048
    http://en.wikipedia.org/wiki/Internet_forum
    http://mk.wikipedia.org/wiki/Интернет-форум
    Оттука... ако некој не се согласува, има право да цитира и дискутра. Не знам зошто уопште би ме занимало размишљање на некоја си рандом жена,зошто би го напишала инаку?! Ко исполнување на желба зошто не учествувала на мис свет,па сега користи прилика?! За да споделиме искуства,да...различни, кои може да се констрадикторни и да поразговараме на таа тема,притоа да не ги сфатиме лично и да не се навредиме. Значи,не! Форум е место каде што се дискутира,а не да цитирам- зошто мора да цитирате и да не се согласувате,да се карате цело време?! Од кога дискусијата е караница?! Или се што е спротивно на нечие размислување е карање и тој ти е непријател?! Ако веќе споделувате мислење на ФОРУМ бидете спремни да бидете можеби цитирани,конфронтирани.

    Сублиматот ми е - за жените форум и брак ти е иста ствар,само никако да сфатат дека плачењето тука нема да им го донесе истиот бенефит ко во врската или бракот,мужот да попушти. И да,повеќето така функционираат,зошто у принцип се работи за суштества кои не се способни да дискутираат.
    Даклем,како тоа зрели за брак,а незрели за дискусија?!

    Ова беше чисто информативен пост,иако е офтопик,има за цел да делува барем малце од малце едукативно. Без да го цитирате и топло замолувам да не биде избришан од модераторот на овој подфорум.

    Продолжете со смирен тон.
     
    На mims-89, Eleonorastrumica и Nastjaaa4 им се допаѓа ова.
  18. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски
    ако некој се чувствува спремен за брак, незнам зошто би чекал и во брак може да се заврши факултет и да се бара работа.
    јас лично СЕ не би чекала, би почекала да завршам факултет и да се заврши станбениот простор кај дечкоми (неговите и брат му градат посебен дел за нив, за да се одделат сите посебно да живеат). и би стапила во брак, таков ни е договорот, работа може и после да барам, ако не најдам во меѓувреме, бидејки никој не ми гарантира дека ако сега работам, после брак нема да останам без работа.
    така да не сум за чекање на се, ако чуствувам потреба за брак се мажам и ич не ми е гајле за после :lol:
     
    На Eleonorastrumica и Nastjaaa4 им се допаѓа ова.
  19. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Не можам да сфатам јас која е поентата на овај форум? Ќе барам некоја доволна зрела да ми објасни. Поставуваш проблем, мислење, став и се е ок се додека некоја фрустрирана, контрадикторна и негативно насроена ќе почне да те закачка на темата со нејзните коментари дека таа знае подобро од тебе што е најдобро за тебе??? Не дај боже човек нешто да постави тука очите ќе му ги ископате.
    Секој со своето мислење и став. Ве читам тука и се чудам како со вашите коментари се нафрлате на девојката анастасија (како и да е нека не ми замерува ако го згрешам името) и како ја доведовте во ситуација да ви докажува дека цврсто стои на нејзиниот став, што мислам дека и немаше потреба. Ви се чудам и неможам да ви се доначудам.
    Конкретно мојот став кон ова тема е следниот.
    Животот никогаш неможеш да го испланираш баш онака како што ти сакаш. Секогаш ќе излезе нешто непредвидено и и како божем неостварливо. Во ред е што повеќето од вас мислат прво на завршување на студиите, вработување и покрив на главата но не мие во ред што ако ништо од тоа нема да се оствари? Што ќе правиме цел живот немажени? Не можеш се да стокмиш и да биде ок и сега да речиш дека готово јас си го наредив животот. Секој се обидува значи да си го среди животот но се знае дека ништо не може се нареди наеднаш. Сепак треба време и ако чекаш се да се среди ќе ти помини пола век и што ќе направиш? Затоа омажете се кога е дојдено времето (25-30 години е тоа е најдоброто време за брак). Колку повеќе чекате толку повеќе и се осложнува работата. Коцките се редат но и се растураат и одново и одново те тераат да ги редиш :)
     
    На anastasijaki, girl.23 и Eleonorastrumica им се допаѓа ова.
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    И јас не можам да ја сфатам поентата на овој форум.
    Мене во претходните страници ме прозва girl.23 фино и културно, цитирајќи ме со мислења од сосема друга тема.
    Јас ниту се расплакав, ниту се пожалив, ниту пак се навредив.
    Фино и поштено си одговорив.

    Ама неее, откако јас ја прозвав еве на некој начин Анастасијаки, одма тука се најдоа навредени и понижени персони.
    А се случи сосем истата ситуација како и со мене.
    Girl.23 ме испрати малтене со реченицата - легни и спиј со парите.
    И што треба сега, да рикнам, нема да коментирам повеќе, навредена сум, бу-ху, чао, не пишувам.
    Јас одбрав да си одговорам и да се одбранам, зашто сметам дека го имам тоа право.
    Го имаат и сите други, бујрум, ако си зрела за дискусија и аргументирање, повели, никој не забранил.

    Него, друго ми се вртка низ главата.
    Жално е како посакувањето нормален живот, со нормални услови за преживување (во случајов јас и мојата желба за работа и сопствена плата) од страна на другите е гледано како расипништво, среброљубие, себичност, разгаленост, зависност од екстравагантни материјални нешта, не знам ти што. Па беше потребно да се цитираат моите ставови во врска со парите, оти наводно сум контрадикторна.
    Денес треба да си тотален медиокритет, потпросечник, за да луѓето речат - види ја колку е фина, пожртвувана. Душичка.

    Најжалното - оние во темата за парите кои врескаат како без нив не се преживува и се најбитни - се голем дел омажени со дечиња.
    НЗС?
    Нема.


    Бесмислено да се зборува за форумски правила кога ти не ги почитуваш самата и мене ми изнареди секакви "комплименти."
    Уживај, не ти го земам за зло, не сум ни едното, ни другото, ни третото. ;)
    И мојот коментар не беше со цел - види Анастасијаки, јас знам поубаво што е добро за тебе.
    Ако не си забележала, цело време се обидувам да си го одбранам мојот став.
    Како што се обидува и таа.
     
    На LilBaby, LivingGlam, mims-89 и 9 други им се допаѓа ова.