Не сакам никого да прозивам ниту да навредувам, али лично за мене некои од набројаните стандарди за стапување во брак се трошки. Тоа што некој се задоволува со трошки за мене му иде како да си потпишуваш вечна диета у матично.
Да не ја исчитав темава, немаше да да знам дека спаѓам во групата на стари моми Шејм он ми Он топик. Се зависи од приоритетите и очекувањата кои секој си ги има поставено во животот. Некому најголемо достигнување во животот му е бракот. Има луѓе кои трчаат да стапат во брак, ко да ќе им избега мажењето. Уствари денес се е изместено. Децата трчаат да станат девојчиња, девојчињата со сила се прават девојки, девојките пак со сила сакаат жени и домаќинки да станат. Ко да нема време за се, ко да ќе им избега мажачката. Јас ниту осудувам некого, нити оправдувам. Секој си знае најдобро кога му е време за стапување во брак. Јас за мене си знам. И не мислам дека ми поминало времето(пу пу), ниту пак мислам дека сум стара мома. А исто така знам и дека ќе почекам уште некое време Не можам да замислам да стапам во брак без претходно решено станбено прашање, без две солидни плати и колку- толку сигурни работни места. Да барам пари од свекравата и свекорот или да чекам моите да ме издржуваат?!? Јок. А да тргнеме настрана тоа што сеуште не се чувствувам спремна за таков чекор и такви обврски.
Јас те цитирав, ама ти ме цитираше прва. Не за да ти вратам Спојлер , ама зошто се сеќавам на претходните постови во другата тема. Реченицата: легни и спиј на парите - НЕ БЕШЕ наменета за тебе. Извини, ако така си сфатила. Неа ја напишав општо. Така го прашале некој човек дали да му изградат златен мост, а тој им рекол: што можам јас да правам со мостот освен да си легнам под него. За Анастасијаки - дај сите оставете го девојчето (со си сите придружници кои одма `лајкуваат`) . Девојчето најдобро си се познава себе си и дечкото, што сега вас мора да ви ја докажува нејзината љубов? Јасна си беше со ставот. Јас ти пожелувам среќа и среќна иднина. Да се вратам на темава: ако не станува збор за барање луксузи, туку за основна живеачка, колку толку, сите имаме. (Барем по другите теми се фалиме што сме купиле, кај сме биле на одмор и слично), па ако е така не е проблем мажачката. За мене, да јас бев верена, и двајцата работевме, парите не ни беа проблем. Имавме наш дел од куќата, малку по малку наместен со се ново и најубаво. Вереникот имаше и убава кола. Немавме кредити, значи на тоа поле се ни беше средено. Ама што дека јас го имав тоа мало богатство? Кога немав слога во куќата? Кога зидовите беа исполнети со плач и дерење, а не со смеа? Попрво сакав мир и упола од тоа материјално што го имав, отколку удобен кревет во кој сама солзи ронам. Што тогаш? Можеш да ги гушнеш парите, ама тие не можат да те гушнат тебе.
Се разбравме. Во ред е, ставот ти е оправдан, навистина. Јас не ги омаловажувам емотивно зрелите личности подготвени за брак, макар и на 23. Ако тоа е она што индивидуата го сака, ама највистински, ценам избор, се обидувам да го почитувам. Не омаловажувам домаќинки и мајки, напротив, тоа е најтешка и најодговорна работа. За некого бракот и мајчинството е врвот, за некого факултетот, за некого кариера, секој со својот максимум. Крај краева, мене мајка ми ме родила на 20, каде ќе ми беше крајот ако имав такво погрдно мислење? Немаше да постојам и да коментирам тука. Арно ама, реално и без лажење - не се сите зрели за брак на тие години. И го склучуваат од милион погрешни причини, а продаваат пуфки за вонсериска љубов и раѓање деца оти на 30 нема лесно да го зачнеш или ќе си престара. Ма дај молим вас! Кој си признава, кој не, кој лаже други, а кој пак самиот себе. И тоа е ок, негов живот, негови правила. И мило ми е што ја опиша твојата тогашна ситуација. За илустрација - јас сум невработена, дечко ми со нестабилна работа од 300 евра. Немаме вишок стан сопствен, се' уште, евентуално да земам да ги умрам дедо ми и баба ми пред време, па да се пофалам со венчавка. Немам приходи за отплаќање стан, макар и од 25 квадрати, немам ниту за кирија. Моите се' уште го отплаќаат нашиот стан, на 15 години, ни останаа уште 3,5. Со кое срце и лице јас да ги кренам луѓето да ме помагаат мене финансиски, оти ми се игра брак или семејство? Треба да сум потполен саможивник, па сега да се потегнам за брак, кога ништо не ми пречи да почекам и 2, па дури и 3 години. Велиш - сите имаме за нормална живеачка. Секако дека имаме, дома под покривот на мама и тато. Немаме за нормална живеачка самостојно, со партнерот. Што е најжално - ма немаме ни за просечна. Јас сакам НИМ да им помогнам ако можам, се премачија на стари години, а не да чекам повторно од нив. Па дали друг ја чувствува реалноста? Или љубов е во прашање? И моето е љубов. Вистинска. Ама не можам да ги жртвувам сите, за јас да бидам задоволена. И ги поздрави сите лајкнувачи на фамозниот пост за Анастасијаки, вклучувајќи ме и мене? Ве поздравувам и јас сите кои застанавте ко адвокати во нејзина одбрана (кои во моментот додека го пишував ова успеале да те лајкнат тебе). Истото е, како е можно да се брецнувате така еднонасочно? "Еј види ги, табор се на форум." А вие ? Абе ајде. И искрено ми се одмили темава. Правите човек да се чувствува толку ништожно, злобно и расипано, како јас да сонувам за Ибица или Копаоник. Кажано е се'. И дури и последната болдирана реченица ти е излишна. Јас живеам по тоа мото. Биди поздравена.
Па на кој бре не му требаат пари, куќа, стан и се останато? Ама тоа во животот никогаш нема да го имаме во комплет. Како што еднаш се изјаснив, јас се решив да го живеам животот а не да го моделирам со некои замислени услови и стандарди кои треба да ги исполнам. Сакам тоа да го остварам со оној што го сакам и ме сака. Што ако ги остварите целите на ваши 50 години и конечно се разбудите од вашиот амбициозен сон? Ќе видите само дека вашата младост поминала без да ја осетите а животот поминал покрај вас без да ве забележи. Блазе им на тие што се прилично сигурни дека ќе успеат се што потцртале да остварат, нај често со помош на потесното семејство и неговиот капитал, нечесно или чесно заработен, но кај повеќето тоа не е случај, па тие чекајќи ќе се изначекаат и никогаш нема да бидат задоволни или спремни за брак. Ако има љубов и разбирање, успехот во животот е загарантиран. Убаво кажа гирл23, задоволството не е во материјалното. Можеби е малку песимистички, но морам да споменам и тоа дека парите не се се во животот, здравјето и љубовта се нај важни. Има и такви што спијат на пари ама имаат деца што боледуваат од неизлечиви болести, за кои сите пари на светот не се доволни. Затоа сакајте се, чувајте си го здравјето, уживајте во животот и без нервози, секој успева во животот, на некое поле повеќе, на друго по малку. Но се е релативно, ништо не е постојано, од нашите постапки зависи колку нешто ќе добиеме и зачуваме. Затоа чувајте ја и негувајте ја љубовта и здравјето, без нив ништо не можете. Имам колешки(не мажени) што се накај 40-тите години и можам да забележам колку се несреќни и тажни што се сами а мене ми е непријатно да се фалам пред нив за тоа колку сум вљубена и сакана, среќна и покрај тоа што немам решение за работа како нив.
И од каде би требало да почнеме Абеја? Јас ги набројав моите услови и околности, имам љубов и разбирање, здрава, права, имам стабилен партнер во кого сум вљубена, подготвена сум за обврска, ајде не за брак да речеме, ама за живеачка со партнерот секако дека сум. Јас се' што барам за постепено исполнување на останатото (наведувам дека може ќе ми требаат и 20 години, се согласувам тука) е РАБОТА. А неа ја немам се' уште. Те молам, советувај не, мене и верувам сите останати ги интересира, сакаме да знаеме како да почнеме да го моделираме тој фамозен заеднички живот? Со една непостојана плата, без помош од родителите и без покрив над главата. Многу сакам да знам. Со пример. Не со зборовите како слога, љубов и разбирање, хармонија и почит. Зашто тоа го имам целосно. Тоа што го немам е капитал за плаќање кирија, макар и од 100 евра месечно, што реално е невозможно во Скопје, ама ајде, нека биде толку. Без сметки, без храна, без ништо.
Trendafilka! Во ниту еден момент не помислив баш токму на тебе и не ги посочив коментарите баш буквално на тебе. Зорував во глобала за форумот и општо за феминките кои коментираат, ама изгледа дека ти се пронајде во нив. Не ти дадов никакви коплименти туку жално е кога ќе се нафрлите врз некој/а без причина. Како што ти браниш став брани и некоја и јас и сите тука но тоа не значи дека очите треба да си ги вадеме и да се закачкаме. Не можеме сите исто мислење да делиме тоа е факт ама овде како да дејствувате во кланови и се крепите една со друга. Кога повеќе ќе се нафрлите врз една нормално е дека таа повеќе нема да сака да пиши на овој форум, безвредно е да ви се докажува со мислењата. Мислев дека има многу луѓе кои имаат разбирање за проблемите што се поставуваат баш на овој форум но сфатив дека не е така. Го користите форумот за препукување и луѓево веќе се каат што постираат мислења, отвораат теми и делат совети. Толку за тоа од мене. Немав зла намера и не сакав да ме сфатиш погрешно но ете се пронајде и јас ќе ти речам само поправи се. Има тука луѓе на кои им е потребно вистински разбирање на кои им е смачено од напаѓање.И не разбирам зошто мешате и други теми и се надоврзувате на нив. Додека околу темава ќе те реплицирам дека си во право да. Имаш жал и осет кон твоите родители но ти вечно нема да чекаш добри времиња да дојдат имај го и тоа на ум. Времината се менуваат никогаш човек неможе да знае на кое скалило во животот ќе се најде. Излегуваат и многу непредвидени ситуации во животот кои не те прашуваат дали ти си ги очекувал или не и дали си бил подготвен на нив и за тоа и се непредвидени. Но во животот никогаш не е касно за се се додека не се преминат границите оти и тоа не го бива. Не дека на 30 години нема да родиш дете но е многу потешко од колку на 25. Тоа е така познавам и пример во соседствово. Ова не е филм па да направиш режија за се како ќе биди. Лично јас еве за мене како го замислувам тоа пред да се омажам е вака. Да го завршам факултетот, да се обидам да пронајдам работа доколку ја најдам во ред а доколку не ја најдам нема да се откажам да ја барам. Дечко ми веќе почна да го прави спратот. Вработен е со плата од 300 евра и сега муе доволно колку толку нешто да поднаправи и со помош од неговите си велам дека ќе стаса да го доведе до некој ред. Што се однесува до тоа дека ако не најдам работа нема да се мажам не мие некако прифатливо. Прво ги знаеме овде условите какви се за вработување и не можам да предвидам колку тој процес на чекање ќе трае, освен ако не ми се насмевне среќата. И тоа е мојата визија за мојот живот сега за сега но не сакам да планирам ништо можеби од тоа ништо нема да испадне. Затоа немој да планирате и вие ништо оставете ги работите сами да се одвиваат. Можеби така е подобро!
Трендафилке, еве да речеме си нашла работа и си се омажила. Или живеете заедно сеедно. И после се случува нешто и остануваш без работа. Што ќе правиш тогаш? Чисто ме интересира, бидејќи би се нашла пак во сегашнава ситуација, ама веќе си го направила чекорот. Како ќе се крпите тогаш?
Поим немам како ќе се крпиме, ама тоа е соодветниот назив - ќе се крпиме. Затоа и си чекам, со трпение дека ќе си најдам сериозна, озбилна работа која ќе потрае. Не секој го отпуштаат туку-така. Има луѓе што си работат години и години на истото работно место, без проблеми. Зошто јас да не можам да бидам една од нив? Барем за толку можам да се надевам дека сум способна. И да се потрудам да ја најдам. А и Фемина90 даде одговор на ова прашање претходно и јас се согласив - дури и да се случи тоа, веројатно во меѓувреме секој би заштедил нешто. Не ќе да е секој толку непромислен во заедница да не размислува на таков куршлус и да не трга парички на страна. Како и да е, јас останувам на ставот - еден мора да има сериозна и стабилна работа. Освен ако се лажеме... ок, не мора. Од дома ќе ни праќаат ручек, и ќе не облекуваат. Па тогаш - која е поентата да си одиме од дома, ако е така и во брачната заедница? И во врска со прашањето, барем ќе знам дека сум влегла во бракот со работа и мои средства. А животот, многу јасно дека е круг, еднаш си долу, другпат горе. Само не знам по која логика е - да го започнам уште на почетокот од долу и мизерно?
Трендафилка не мислев ништо лошо, и јас немам ни работа (само залажување за истата), ни своја куќа ама љубов имам и сигурно нема да оставам да ми падне тоа што го сакам од небо, но јас можеби не требаше да чекам толку за да стапам во брак, ниту чекањето не се исплати секој пат. Тоа ми беше поентата, дека не е се како што очекуваме и дека не треба да си го губиме времето, животот е прекраток за да го прокоцкаме и чекајќи да изгубиме волја за него. Тоа го научив од мојата тешка ситуација и сфатив дека во животот не цветаат секогаш рози. Тоа е мојот пример, лично искуство, и повторно ќе ги употребам зборовите хармонија, љубов, здравје, тоа е нај битното. И добро кажа и Реинбоу, што ако имаш работа, се омажиш и ти дадат отказ, исто и на маж ти, а сте подигнале кредити? Ова е по благ пример како работите можат да тргнат од добро на лошо. Тоа е совет од тазе невести, особено од мене со некоја годинка повеќе Поздрав до сите, сакајте се, правете си дечиња, бидете среќни, весели.
Хмм, јас само можам да се согласам дека е потребно да се има работа. А за стабилна и сериозна не би се согласила дека треба да се чека. И во бракот може да се дојде до сериозна работа, не значи дека ако стапиш во брак и тоа е тоа, нема никогаш да најдеш сериозна работа. Не знам, некако се испомеша темата. Ама мислам дека може да се согласиме дека без никаква работа и без основни примања не е можно да се живее одделно и да се гради заедница. Освен ако не живееш на грбот на мама и тато. Ете, не знам веќе ни што кажав.
Читам и се прашувам како од љубов само ќе гледате семејство, без работа на еден од партнерите, без место за живеење? Еве еден пример за еден брачен пар кој мисли дека од љубов се живее. Се зедоа, имаат дете, а ниту едниот не работи. Девојката за влошки бара пари од мајка и, а нејзините се без работа, земјоделци, се крпат, гледат и на нив и на себе, ама едвај. А овие, јас би рекла безмозочни сакаат и уште едно дете, пари немаат, ама се сакале . И не е само овој пример, познавам многу вакви. Во овој случај си ги мачат децата. Барем еден да работи, колку за почеток. И јас и дечко ми се сакаме, љубов има, и место за живеење, ама до пред некој месец, ни јас ни тој не работевме, бевме студенти. Имаме браќа и сестри, и тие студираат. И доколку ние решивме да стапиме во брак бидејки многу се сакаме, зарем немаше да биде себично да живеевме на грб на родителите, сестра ми да се лишеше од факултет за јас да уживам во мојата љубов оти не сум можела да почекам уште некое време. Време кое ми е потребно да бидам самостојна. За спремна никогаш нема да бидам, ме плаши улогата на мајка и сопруга, а искрено и уште ме мрзи да готвам и перам, сеуште одмарам од студирањето. Зрелоста доаѓа со бракот, со станувањето родител. Љубовта ако ја има, тогаш нема зошто да не се почека да се создадат услови, и не којзнае какви туку барем да се има некаква работа која ќе овозможи самостојност. Себично е и кога си во брак да бараш и од родителите. Факултетот, па зарем е малку? Колку пари се потребни за студирање, а посебно ако си и од друг град. А брак, во најмала мера заедничко живеење секој сака, ама како ако се нема пари ни за сметки.
Aбе реално да збориме околу редењето коцки и малку тешка задача, зашто сепак се дешаваат непредвидени работи у живот. Првин, мора да разграничиме кои коцки да ги наредиме, кои се оние најважните. Според мене, ја како размислувам коцката на самото Образование, и те како е битна, да се нареди на соодветното место. Со се неа вработувањето си доаѓа само по себе, односно не со дипломата ами со знаењето ! Ja искрено и да имам партнер и да ја имам најчистата љубов на светов и да ми понуди брак а да немам диплома у раце сигурност за утре дека ке најдам работа, тешко дека би прифатила, од самото тоа дека мене ми е првин понижење да не го завршам факсот а по поголемо понижење па да барам од него недај Боже 100 ден. за влошки ... Значи најбитна работа е јас да се осигурам со образованието, понатаму како ке ми приреди животов така. Имам другарка моја возраст е , само што заврши факс се омажи, сега од кај пари ?? од мајка и , и маж и што ке донесе на маса тоа, зашто имаат и девојче година и нешто ... Епа не иде така, а доби одлична шанса , стипендија доби целосна на еден од приватните Факултети ама се залета за мажење. И како живее сега ? Од милост и немилост на свекор и , и од пензија на мајка и ... Епа вака ја не би да живеам. Реално гледано, коцките и не баш толку имаат главна улога колку што игра улогата на самата одговорност за оваа Институција. Мене можат да ми се наредат сите коцки, ама ја у памет ако не сум созреана за Брак џабе ми е се и коцките и овците на број. А за другите работи ко што е шетањето и слично, тоа може и со самиот партнер и со самиот партнер да се изживее животот нели ?
Понижење да побарам пари од него. Тој момент никако да го сфатам. Зошто понижење? Денес може јас немам работа, ама утре пак може и на него тоа да му се случи. Бракот е заедница, се е наше, нема мое-твое, не знам како така ги делите работите, ама тоа воопшто не е убаво, ниту пак ќе ви помогне во бракот.
Во ред е ситуацијата на немањето работа за ете некој период нели, ама во овој период самиот тој треба да ги извади парите на маса и да каже “Овие ни се заеднички, земи од нив колку ти требаат другото за др трошоци“ Вака прифаќам во ред , моментално во ваква ситуација сме . Ама на пример типов да си зима плата и да не дава дома, епа тогаш Да и те какво понижење ке ми биде да му побарам денар, а он абер да си нема да сподели дома ... Затоа и велам . Зашто сепак никад луѓето неможеш да ги знаеш до крај кој се и какви се, може онака сте се потскарале и од чиста мира да се изиграва со тебе за едни 100 ден за влошки ...
Спојлер Конкретно во темава секој си кажува за себе и затоа не ми е јасно цитирањето,не води кон никаква дискусија.Не можеш некој-ако го цитираш да го разубедиш дека е зрел или не зрел за брак,ствар на лични чувства,личен избор итн...... Ги ценам сите мислења и на сите им посакувам да им се наредат коцките како што сакаат
Може некого ќе поучи на нешто. Форумот е форум и не можеш да воспоставуваш различни правила за секоја тема,ако некој смета дека ок е да те цитира и да дискутирате,во ред е,ако не сакаш не мораш да му реплицираш и готово. Да не разводенуваме,убаво замолив да не се цитира тој пост. А на темата...една фина генерализација,жените си патат од главите...точка. А за земја ко Македонија, колку и да глумиме либерални,фини и стокмени,образувани и не знам какви,уназадени сме. Кога некој си дозволува единствено поле на интерес да му е љубов...брак и не знам веќе што,чак што више и факултет забаталува,така речи се откажува од своите некогашни амбиции... немам коментар. Љубовта...не е посилна од се. Да бидеме реални. Само вие си знаете какви ви се врските, секако нема да го пишете тоа тука,ама ете некој пишал дека некого напнувал,на темава секако немаше да го изнесе ко факт,ама ако ги истресеме фино и лепо, ќе се најдат многу фалинки. И нешто друго научив од искуството,свое и туѓо и веќе секојдневно...реално,многу луѓе влегуваат во брак без љубов,влегуваат во истиот под изговор на љубов и веќе немаат сили да се контролираат на дистанца,па ај свадбиче,само затоа што имаат некои си долги врски. Жал ми е,искрено жал ми е... Ама не можеме да го смениме тоа,така сме воспитувани,а проблемите се длабоко вкоренети. Ама за да не ги направиме истите тие грешки,нашите деца да ги прават,треба да се стрпиме и малку да почекаме и да размислиме што точно правиме и сакаме. Па како може некоја со врска од 3-4-5-10 години да ми рече,зрела сум за брак?! Како сфати мацо?! Со тоа што освен него ниеден друг не виде?! Со тоа што ти досади?! Врската колку и да ти е либерална ти го стеснува видокругот. При толку години минати заедно од толкцки ти си се изгубила,па ти немаш поим која си без него. Кога си зреела,ти си зреела со цела една личност до тебе која не ти дозволила да си ги забележиш слабостите. Не може мене да ме убедува некој во спротивното,зошто имам другарки со небројани вакви примери. Ама знаеш,долго сме заедно,не можам да се замислам без него... ама прв ми беше, па не знам што би правела без него,ама осеќам дека не е тоа тоа,не се осеќам исто во врска со него,ко да ми треба ново и еден КУП вакви примери,ЕДЕН КУП. Исклучоци...речиси и да нема или ако има тука или било каде,им симнувам капа... Така што,коцките се местат материјално,но и духовно во секој сегмент. Банално ми е дури и да дискутирам на темава...од многу причини.
Сите сме во право, си стоиме на својот избор од една страна, од друга страна не сме во право зашто очекуваме сите да мислат исто или слично како нас. Убаво е да се има амбиции, тие го движат човекот. Сите замисли што си ги имате за вашиот живот нека ви се исполнат. Јас реков дека ако се чека на се, ќе се чека многу. Но можеби ете тоа нема да биде случај со сите, па дај боже и со вас. Да си постигнете се, да си успеете, да си се осамостоите. Би навела некои примери за некој пристоен живот, колку да се има поглед од двете страни. Имам роднина која се омажи на 20,21година и наеднаш роди 3 деца. Прво мажот работеше за никаква плата, сега тој е дома, а таа работи за никаква плата. Дечињата се златни, прекрасни. Пари за 3 деца?? Примаат нешто од државата, нешто таа што работи, другото бараат од роднини. И не би било толку страшно, да и двајцата тие пари знаат не ретко да ги потрошат на возење со такси, купување цигари или во една прилика излегување со колегите од работа и прибирање во таму 2,3,4 (ова мајката) кога дома некој може гладен ти седи. Страшно е. Не е толку страшно што се нема пари, страшна незрелост, страшно трошење пари на непотребни работи. Е таа, да има и еден куп пар, џабе ќе и се. Од друга страна, имам друга роднина која се омажи на 18год. Дечкото и беше уште во војска кога се земаа (млади луди времиња?). Првото детенце им се роди на 20, а следното веднаш по него. Живееја кај неговите, он работеше едно, па друго, таа се заработи. Кога си во тесно, не бираш работа, ќе работиш било што (чистачка, продавачка, ќе чуваш деца), и се крпеа, си имаа колку толку. Имаа и помош од дома, ама не во вид на пари, ќе ги земеа децата на шетња и ќе ги наоблечеа (семејство се, зошто да не помогнат). Се собраа пари некако низ годините, децата пораснаа (сега мајката има 32,33год., а големата 13год.) си го преуредија станот, имаат посебни соби, сеуште живеат со свекорот и свекрвата, ама среќни си се. Можеби и таа поинаку си го замислила животот и може да каже дека не е шетана девојка, ама млада си е, дечињата и пораснаа, а она може еве и сега да шета, кога веќе се си средила (иначе мажот сеуште нема стабилна работа) И уште еден пример (исто роднини). Таа имаше 28, тој една год. помал ми се чини. Девојка од град, он од село. Нејќела да живее во село, со свекор и свекрва сакала во град во стан...не е битно, долга приказна. Таа не работеше ниту имаше работено до тогаш, упорно чекаше на работа по струка, тој имаше стабилна работа (колку што може да е стабилна). Од неговата заштеда, малце помош од двете фамилии, подигнаа и кредит и купија стан близу Центар. Се земаа, таа забремени, најде работа во тој период (по струка, сеуште истата ја работи, на договор), им се роди детенцето. Таа работи на едниот крај од градот, тој на другиот, детето го пуштија на кратко во градинка ама више не(оти таму децата јаделе сите од иста лажица, а тоа е нели страшно така растат децата бре). И тој своето дете го гледа 2пати во неделата, зашто мама и детуле седат кај нејзините мама и тато (поблиску работи, тие и го чуваат...). Најголемиот проблем е што детенцето си расте, а станот што тие успеаа да го купат е толку мал, што нема простор ни за ова детенце, а камо ли за друго. И секако немаат некоја можност да инвестираат во друго, зашто кредитот треба да се плаќа Ова се само едни примери, ова не значи за сите, има секакви бракови, не е исклучителна вистина да гласи за сите. Си имате вие амбиции, дај боже ете да не се најдете во ниеден од овие, да ви биде многу подобро нели. Само сакав преку овие примери да кажам дека ниту возраста, ниту финансиите, ниту образованието неможе да ви гарантираат како ќе ви излезе животот А толку прекрасни примери има баш овде на форумов, дека кога коцките не се наредени, истрајноста и упорноста ги доведува до ред. туку, ова морав да го цитирам Незнам каква врска има либералноста со сето ова, навистина. Амбициите низ животот се менуваат, ако во еден момент ти е битно едно, не значи дека тоа нема да се промени. И да, да бевме сите амбициозни и образовани, кој ќе ја работеше физичката работа? Еден куп директори, на ниеден работник Јас до пред неполна година размислував вака. Си имав зацртано во главата што сакам од животот (и сеуште го сакам истото), не размислував на бракови и чуда и деца (дури какво дете бре, да ме гњави, да ми плаче). Можеби сплет на околности, можеби малце и случувањата околу мене, сфатив колку е краток животот и сфатив дека се што си го имам зацртано во главата, ако сум силна, можам да го остварам и со маж и дете крај себе, зашто утре потешко ќе ми биде зашто немам семејство, а не зашто немам добра работа ...но, тоа сум само јас
Баш сакав да пишувам за следново за една моја прва братучетка. Сакаше да живее сама со мажот и беа многу добро ситуирани. Живееа среќно 2 години, и потоа тој изненадно остана без работата, заштедата како заштеда брзо ја потрошија (која не им била голема, бидејќи претходно купија нов, поголем стан). И така, карајќи се секој ден околу немањето пари дојдоа пред развод. На крај разбраа нивните семејства, па им помогнаа финансиски (овие намерно не им бараа пари). За набрзо најде работа мажот и сега се уште побогати и постабилни. Еве, значи има секакви случаи. Но, колку ми е мизерно тоа, останувањето без работа (и без пари) да го разниша бракот. Па, баш тогаш треба да си поздружен со мажот што повеќе. Нели попот в Црква вели: Останете и во добро и во лошо.... Во лошо можеш да видиш кој колку се сака и колку е стабилен тој брак. Потполно се согласувам. Во бракот сопружниците се едно. Нема делба. И не станува збор за понижување! Тоа е обврска, заклетва која си ја дале еден на друг, дека секогаш ќе бидат тука за другиот и во добро и во лошо, и во здравје и во болест. Тука се покажува жртвувањето за семејството. И се чудам кој нормален воопшто би и рекол на жена си: Нема пари за леб. Нема пари за влошки. Мислам глупости се тоа...