Се надевам нема ваква тема. Инспирацијата ја добив од неодамнешен разговор со пријателка. Таа е фокусирана на чекање на нешто што поради сплет на околности, постојано се одложува. Ми рече дека се чувствува како животот да и' застанал, и дека иако надежта дека „нештото“ наскоро ќе се случи ја одржува, сепак не може вистински да ужива во ништо друго. И дека длабоко во себе знае дека шансите се поголеми надежта да и' е залудна. Но сепак не се откажува. Сте имале ли некогаш ваква ситуација? Сте го дочекале ли „тоа нешто“? Или сте се откажале? Како да се оттргнат мислите и фокусот од тоа чекање, кое на крај може да се покаже залудно? Како да се продолжи со животот на нормален начин?
Јас сум во фаза на откажување. Чекам неколку години. Кога ќе решам да продолжам во нов правец ќе се појави зрак надеж и пак чекам, стојам во место. Моментално сум многу револтирана од сама себе што дозволив толку време да чекам а се плашам да се откажам од чекање, зошто треба да се мрднам од зоната на комфорот која ја имам додека чекам. Повеќе се плашам дека нема да се откажам од чекањето. И така во круг.
Мислам дека пола живот ми е поминат во чекање на нешто. Знам колку е фрустрирачки и колку влијае на психа. Но потоа почнав да се "тренирам" себеси да немам големи очекувања и многу надеж. И уште се тренирам. Можда ова звучи малку песимистички, ама поарно така отколку да се надевам премногу и кога не испаѓа ко што сакам да се разочарам в крај. Нема "лек" за ова, освен да се фокусираш и посветиш на други работи кои те исполнуваат, да наоѓаш занимации, сѐ што можи да ти ги тргни мислите од она што го чекаш и сакаш да се случи. Битно е да се спомни колку контрола имаш ти над тоа што го чекаш. Ако немаш (многу) контрола, за жал нема што направиш. Само да не се изгуби човек во процесот, треба и во сегашноста да се живее. Па ако бидни арно, ако не живот иде даље, колку клише и да звучи..
Ова е можеби наголемиот извор на неспокој кај луѓето. Не знам дали ми се има случено опсесивно да чекам нешто да се случи. Можеби евентуално планирано патување, па месец-два ништо друго да не ме интересира. А имам една познаничка што постојано среќата ја бара во нешто што МОЖЕБИ е таму некаде далеку во иднината. Константно е несреќна и очајна затоа што: "ко ќе се отселам од државава, конечно убаво ќе ми биде", "ко ќе дадам отказ од работава, конечно среќна ќе сум", и слични муабети. Буквално си го отфрла животот чекајќи "подобро време" за да биде среќна. Многу ми е нелогично отфрлањето на моменталното задоволство што сегашноста ја нуди за нешто што не постои, затоа што иднината не постои, таа е само делче замисла во главата. Што и да планираш и кон што и да се стремиш може никогаш да не се оствари затоа не треба претерано емоционално да се поврзуваш со желбите, целите, плановите. Сосема е океј да имаш цел која ќе ти служи како насока каде да се движиш, како компас, ама не треба да се фокусираш исклучиво на посакуваните резултати. Всушност, нема поента да имаш цврсти очекувања зошто скоро никогаш нештата не се загарантирани дека ќе се десат. Една од моите филозофии е баш она: "немај очекувања". Откако почнав така да гледам на нештата секојдневието ми е далеку полабаво, поретко доживувам разочарувања и стрес, понеутрална сум и отворена за било што. Нема ништо поослободително од целосно прифаќање на сегашниот момент. Ко што вели онаа изреката: "Yesterday is history tomorrow is a mystery but today is a gift that's why we call it the present." Колку клише и да звучи, тоа е вистината. Како да се оттргнат мислите и фокусот од тоа чекање? Мене лично 2 нешта ми помогнаа: медитација и стоицизам. Се препородив. Наместо со стравови, негативни замисли и очекувања, денот го пречекувам со најотворен ум. Ко што викал Брус Ли: "be like water". Како да се наоѓаш во река, плови на површината, движи се низ нештата лабаво, дозволи водата да те носи напред. Ионака врз многу нешта немаш контрола, едноставно доживувај ги as they come.
Да се надеваш на нешто, да целиш кон нешто, тоа е тоа што го движи животот, не можеш да живееш само за моментални задоволства. Да чекаш, зависи што, лото, не. Среќата си ја правиме сами, или дозволуваме да сме среќни или не, среќата е перцепција. Најважно од сѐ е надежта да не стане единственото нешто за кое живееме, да не заборавиме да го живееме денешниот ден, таков каков што е. Животот треба да е авантура, неизвесност, нагоре и надолу, така се учи да се сака, да се сочувствува, да се гризе.
Да чекаш нешто, но во одредени (разумни) граници. Ништо не е до толку вредно за цел живот да ти мине во чекање. А границите си ги поставуваме сами. Како се сакаш себе, така и границите.
ja mislam deka e toa najgolema greska vo zivotot , da cekas nesto koe najverojatno nikogas nema da se sluci ne e ni vredno da cekas so godini, primer po 10 god i da se sluci sto ke ti e koga vo tek na tie godini cekajki si propustil milion sansi i ubavi nesta
Надежта е нешто нормално кај секој човек, не за џабе рекле надежта последна умира, ама во нормална граница, а не мислите да ти се преокупирани само со тоа. Лично јас од повеќето работи сум се откажувала после одредено време, затоа што не сакам животот да ми помине во чекање на нешто. Имам само еден живот и стварно е жално да ми помине во исчекување и напразно надевање. Секој ден ни е подарок, треба да сме среќни поради тоа, да го користиме и живееме секој ден најдобро што можеме, а не во чекање на нешто што може нема ни да се случи. Секој ден имаме нови можности за нешто ново, за некаква промена, само од нас зависи на што ќе се фокусираме.
Да не планираш. Да се надеваш на најдобро, ама да си спремен и за најлошо. И нормално... дневна рутина да одржуваш, оти ќе се 'изгубиш' во просторот и времето.
Сум чекала баш долг период да се случи нешто, поради тоа што имав надеж и на крај како што поминуваше времето се откажав од чекањето и животот од тогаш ми стана поубав, а и научив дека не вреди да се чека нешто за кое што длабоко во себе знаеш дека дури и ако го дочекаш нема да биде исто како што си очекувал да биде, па дури и би можел уште повеќе да се разочараш.
Темава ме потсеќа на делото "Чекајќи го Годо" од Бекет. Да чекаш "нешто", кое можеби никогаш нема да дојде или да се случи, е залудно трошење на време. Таа чека нешто, кое и дава надеж за подобра иднина, ама освен тапкање во место, ништо друго нема да се случи. Можеби утре ќе е подобро, можеби не. Но, доколку работи на истото денес, за подобра иднина, тогаш можеби нештото ќе се случи.
Јас само чекам лото да ми падне. Друго ништо не чекам. Животот поминува, чекале ние или не. Годините, времињата, моментите нема да се вратат зашто сме чекале некогаш нешто или некого. Животот е ова сега што се случува.
Најчесто чекам нешто на кое работам/вложувам и очекувам да се оствари. Голема надеж за скоро невозможни работи немам.....па колку и да ги посакувам. Ако има некаква можност за остварување, ќе се фокусирам на истото......И чекањето треба да е со рок на траење и да знаеме кога веќе не вреди да се чека повеќе.
Пасионирано чекав да ми се случи нешто, 10г од животот, да не речам најубавите, ми поминаа фокусирана на тоа. Ми се случи кога наполно се откажав од се и го завртев вниманието наполно кон нешто ново. Колку и да звучи како клише, испадна дека сама себе сум се саботирала со overthinkin и пренапрегање околу тоа. Да може мојава сегашна јас да се врати во времето и да ја посоветува мојата тогашна јас, би било тоа, да ужива во 20тите, зошто многу ќе и бидат напорни 30тите
Одкако знам за себе, памтам дека сум била во исчекување за нешто дали нешто да дојде/почне дали да заврши(а во многу случаи не ни дошло). Последниве години надежта да речам за некои работи ми беше ставена на максимум до степен да бидам опседната и тоа ми ствараше еден таков неспокој да не се чувствувам како што треба буквално да се пореметам со расположение знаејќи дека тапкам во место и чекам, тоа ми беше главниот извор на немир кој како дел од мене го презирав. Јас сум човек што зема се на срце и се преоптеретува со небитни работи.Сфатив дека лекот лежи во моите секојдневни обврски the more the better, и некако со тек на време прекинав daydreaming и да се надевам и да посакувам и да чекам, едноставно расположението и фокусот на некои работи нагло ми се смени што и на мојата психа му годеше. Прочитав пред некој еден quote што има смисла,барем според мене.
Сеуште чекам, ама и работам на тоа. Најубавите години во животот ми поминаа во чекање кое ми донесе само анксиозности и фрустрации до тој степен да се изгубам себеси. Не чекајте ништо во животот, особено нешто што не зависи од вас, ако зависи од вас тогаш работете на него, а во меѓувреме дозволете си да уживате во тоа што ви го нуди животот, не пропуштајте прилики, живејте спонтано а тоа што го чекате можеби и еден ден ќе се оствари, само зависи колку силно го посакувате тоа.
Чекам да се случат многу работи. За дел од нив преземам по нешто и самата, но онаму каде што сум немоќна, само чекам. Пример чекам детето да ми порасне за да можам повеќе време за себе да имам, но за да не чекам со години за основни работи решив да го скратам малку времето на чекање и го запишав во градинка. Сега чекам да дојде септември за да тргне.
Чекав за завршам факултет за да почнам да уживам во животот, после напорни студии. Сега не чекам ништо. Сфатив дека со чекање нема ништо да постигнам. Пробувам кога можам да уживам во животот зошто сфатив дека ако сум немала време за некои работи дур сум студирала, после тоа ич. Плус тоа не се одвиваат сите работи така како што сме замислиле, така да кормилото во раце и нека плови бродот дур може, па кога ќе најдам копно, ќе најдам. Но биг дил.