Чекање нешто што можеби никогаш нема да се случи...

Дискусија во 'Психологија' започната од prominent, 8 јуни 2021.

  1. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    4.841
    Допаѓања:
    58.673
    Се надевам нема ваква тема.

    Инспирацијата ја добив од неодамнешен разговор со пријателка.
    Таа е фокусирана на чекање на нешто што поради сплет на околности, постојано се одложува.
    Ми рече дека се чувствува како животот да и' застанал, и дека иако надежта дека „нештото“ наскоро ќе се случи ја одржува, сепак не може вистински да ужива во ништо друго. И дека длабоко во себе знае дека шансите се поголеми надежта да и' е залудна. Но сепак не се откажува.

    Сте имале ли некогаш ваква ситуација?
    Сте го дочекале ли „тоа нешто“? Или сте се откажале?

    Како да се оттргнат мислите и фокусот од тоа чекање, кое на крај може да се покаже залудно?
    Како да се продолжи со животот на нормален начин?
     
    На bicycle, Ugly Duckling, sunshinebabe и 5 други им се допаѓа ова.
  2. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    2.672
    Јас сум во фаза на откажување. Чекам неколку години. Кога ќе решам да продолжам во нов правец ќе се појави зрак надеж и пак чекам, стојам во место. Моментално сум многу револтирана од сама себе што дозволив толку време да чекам а се плашам да се откажам од чекање, зошто треба да се мрднам од зоната на комфорот која ја имам додека чекам.
    Повеќе се плашам дека нема да се откажам од чекањето. И така во круг.
     
    На GymGirl❤, EmeraldBLUE и Осе им се допаѓа ова.
  3. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    2.761
    Допаѓања:
    42.214
    Пол:
    Женски
    Мислам дека пола живот ми е поминат во чекање на нешто. Знам колку е фрустрирачки и колку влијае на психа. Но потоа почнав да се "тренирам" себеси да немам големи очекувања и многу надеж. И уште се тренирам. Можда ова звучи малку песимистички, ама поарно така отколку да се надевам премногу и кога не испаѓа ко што сакам да се разочарам в крај.

    Нема "лек" за ова, освен да се фокусираш и посветиш на други работи кои те исполнуваат, да наоѓаш занимации, сѐ што можи да ти ги тргни мислите од она што го чекаш и сакаш да се случи.
    Битно е да се спомни колку контрола имаш ти над тоа што го чекаш. Ако немаш (многу) контрола, за жал нема што направиш.

    Само да не се изгуби човек во процесот, треба и во сегашноста да се живее. Па ако бидни арно, ако не живот иде даље, колку клише и да звучи..
     
    На Ugly Duckling, Biljarkata, Tajnaotrovna и 6 други им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.516
    Допаѓања:
    8.875
    Пол:
    Женски
    Ова е можеби наголемиот извор на неспокој кај луѓето.

    Не знам дали ми се има случено опсесивно да чекам нешто да се случи. Можеби евентуално планирано патување, па месец-два ништо друго да не ме интересира. А имам една познаничка што постојано среќата ја бара во нешто што МОЖЕБИ е таму некаде далеку во иднината. Константно е несреќна и очајна затоа што: "ко ќе се отселам од државава, конечно убаво ќе ми биде", "ко ќе дадам отказ од работава, конечно среќна ќе сум", и слични муабети. Буквално си го отфрла животот чекајќи "подобро време" за да биде среќна.

    Многу ми е нелогично отфрлањето на моменталното задоволство што сегашноста ја нуди за нешто што не постои, затоа што иднината не постои, таа е само делче замисла во главата. Што и да планираш и кон што и да се стремиш може никогаш да не се оствари затоа не треба претерано емоционално да се поврзуваш со желбите, целите, плановите. Сосема е океј да имаш цел која ќе ти служи како насока каде да се движиш, како компас, ама не треба да се фокусираш исклучиво на посакуваните резултати. Всушност, нема поента да имаш цврсти очекувања зошто скоро никогаш нештата не се загарантирани дека ќе се десат. Една од моите филозофии е баш она: "немај очекувања". Откако почнав така да гледам на нештата секојдневието ми е далеку полабаво, поретко доживувам разочарувања и стрес, понеутрална сум и отворена за било што. Нема ништо поослободително од целосно прифаќање на сегашниот момент. Ко што вели онаа изреката: "Yesterday is history tomorrow is a mystery but today is a gift that's why we call it the present." Колку клише и да звучи, тоа е вистината.

    Како да се оттргнат мислите и фокусот од тоа чекање? Мене лично 2 нешта ми помогнаа: медитација и стоицизам. Се препородив. Наместо со стравови, негативни замисли и очекувања, денот го пречекувам со најотворен ум. Ко што викал Брус Ли: "be like water". Како да се наоѓаш во река, плови на површината, движи се низ нештата лабаво, дозволи водата да те носи напред. Ионака врз многу нешта немаш контрола, едноставно доживувај ги as they come.
     
    Последна измена: 8 јуни 2021
    На LadyD, SexiLy, flower55555 и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Sceptical

    Sceptical Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2021
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Да се надеваш на нешто, да целиш кон нешто, тоа е тоа што го движи животот, не можеш да живееш само за моментални задоволства. Да чекаш, зависи што, лото, не. Среќата си ја правиме сами, или дозволуваме да сме среќни или не, среќата е перцепција. Најважно од сѐ е надежта да не стане единственото нешто за кое живееме, да не заборавиме да го живееме денешниот ден, таков каков што е. Животот треба да е авантура, неизвесност, нагоре и надолу, така се учи да се сака, да се сочувствува, да се гризе.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    6.535
    Пол:
    Женски
    Да чекаш нешто, но во одредени (разумни) граници. Ништо не е до толку вредно за цел живот да ти мине во чекање. А границите си ги поставуваме сами. Како се сакаш себе, така и границите.
     
    На MarijaMi90 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. 999

    999 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    ja mislam deka e toa najgolema greska vo zivotot , da cekas nesto koe najverojatno nikogas nema da se sluci
    ne e ni vredno da cekas so godini, primer po 10 god i da se sluci sto ke ti e koga vo tek na tie godini cekajki si propustil milion sansi i ubavi nesta
     
    На cresa-jagoda, Brinetka, Плавуша123 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    1.399
    Допаѓања:
    5.597
    Пол:
    Женски
    Надежта е нешто нормално кај секој човек, не за џабе рекле надежта последна умира, ама во нормална граница, а не мислите да ти се преокупирани само со тоа.

    Лично јас од повеќето работи сум се откажувала после одредено време, затоа што не сакам животот да ми помине во чекање на нешто. Имам само еден живот и стварно е жално да ми помине во исчекување и напразно надевање.

    Секој ден ни е подарок, треба да сме среќни поради тоа, да го користиме и живееме секој ден најдобро што можеме, а не во чекање на нешто што може нема ни да се случи. Секој ден имаме нови можности за нешто ново, за некаква промена, само од нас зависи на што ќе се фокусираме.
     
    На cresa-jagoda, Guns N` Roses и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    23.852
    Допаѓања:
    187.784
    Да не планираш.
    Да се надеваш на најдобро, ама да си спремен и за најлошо.
    И нормално... дневна рутина да одржуваш, оти ќе се 'изгубиш' во просторот и времето.
     
    На cresa-jagoda, GoodGirl45, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Brinetka

    Brinetka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    5.924
    Пол:
    Женски
    Ова е најдобриот одговор што го имам прочитано, потполно се согласувам.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cacii123

    Cacii123 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Сум чекала баш долг период да се случи нешто, поради тоа што имав надеж и на крај како што поминуваше времето се откажав од чекањето и животот од тогаш ми стана поубав, а и научив дека не вреди да се чека нешто за кое што длабоко во себе знаеш дека дури и ако го дочекаш нема да биде исто како што си очекувал да биде, па дури и би можел уште повеќе да се разочараш.
     
    На Mikha4, poenta, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Stephen Amell

    Stephen Amell Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    15.786
    Пол:
    Женски
    Темава ме потсеќа на делото "Чекајќи го Годо" од Бекет.:D

    Да чекаш "нешто", кое можеби никогаш нема да дојде или да се случи, е залудно трошење на време. Таа чека нешто, кое и дава надеж за подобра иднина, ама освен тапкање во место, ништо друго нема да се случи. Можеби утре ќе е подобро, можеби не. Но, доколку работи на истото денес, за подобра иднина, тогаш можеби нештото ќе се случи.
     
    На cresa-jagoda, Nigredo Odor, Poyraz Karayel и 2 други им се допаѓа ова.
  13. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.024
    Допаѓања:
    12.865
    Пол:
    Женски
    Јас само чекам лото да ми падне.
    Друго ништо не чекам. Животот поминува, чекале ние или не. Годините, времињата, моментите нема да се вратат зашто сме чекале некогаш нешто или некого. Животот е ова сега што се случува.
     
    На cresa-jagoda, Crna Dama и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  14. Bugs Bunny

    Bugs Bunny Активен член

    Се зачлени на:
    29 април 2021
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Најчесто чекам нешто на кое работам/вложувам и очекувам да се оствари. Голема надеж за скоро невозможни работи немам.....па колку и да ги посакувам. Ако има некаква можност за остварување, ќе се фокусирам на истото......И чекањето треба да е со рок на траење и да знаеме кога веќе не вреди да се чека повеќе.
     
    На Tanjamm и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  15. EuHenIa

    EuHenIa Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    45.139
    Пол:
    Женски
    Пасионирано чекав да ми се случи нешто, 10г од животот, да не речам најубавите, ми поминаа фокусирана на тоа.
    Ми се случи кога наполно се откажав од се и го завртев вниманието наполно кон нешто ново. Колку и да звучи како клише, испадна дека сама себе сум се саботирала со overthinkin и пренапрегање околу тоа.
    Да може мојава сегашна јас да се врати во времето и да ја посоветува мојата тогашна јас, би било тоа, да ужива во 20тите, зошто многу ќе и бидат напорни 30тите ;)
     
    На cresa-jagoda, Ugly Duckling, Nigredo Odor и 3 други им се допаѓа ова.
  16. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    4.319
    Пол:
    Женски
    Најчесто чекам плата или петок,друго ништо...
     
    На Brinetka и EuHenIa им се допаѓа ова.
  17. _Monroe

    _Monroe Активен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Одкако знам за себе, памтам дека сум била во исчекување за нешто дали нешто да дојде/почне дали да заврши(а во многу случаи не ни дошло).
    Последниве години надежта да речам за некои работи ми беше ставена на максимум до степен да бидам опседната и тоа ми ствараше еден таков неспокој да не се чувствувам како што треба буквално да се пореметам со расположение знаејќи дека тапкам во место и чекам, тоа ми беше главниот извор на немир кој како дел од мене го презирав.
    Јас сум човек што зема се на срце и се преоптеретува со небитни работи.Сфатив дека лекот лежи во моите секојдневни обврски the more the better, и некако со тек на време прекинав daydreaming и да се надевам и да посакувам и да чекам, едноставно расположението и фокусот на некои работи нагло ми се смени што и на мојата психа му годеше.

    Прочитав пред некој еден quote што има смисла,барем според мене.

    upload_2021-6-9_12-30-20.png
     
    На cresa-jagoda, MarijaMi90, VDT2906 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    4.787
    Пол:
    Женски
    Сеуште чекам, ама и работам на тоа. Најубавите години во животот ми поминаа во чекање кое ми донесе само анксиозности и фрустрации до тој степен да се изгубам себеси. Не чекајте ништо во животот, особено нешто што не зависи од вас, ако зависи од вас тогаш работете на него, а во меѓувреме дозволете си да уживате во тоа што ви го нуди животот, не пропуштајте прилики, живејте спонтано а тоа што го чекате можеби и еден ден ќе се оствари, само зависи колку силно го посакувате тоа.
     
    На cresa-jagoda, Dream-Girl, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Чекам да се случат многу работи. За дел од нив преземам по нешто и самата, но онаму каде што сум немоќна, само чекам. Пример чекам детето да ми порасне за да можам повеќе време за себе да имам, но за да не чекам со години за основни работи решив да го скратам малку времето на чекање и го запишав во градинка. Сега чекам да дојде септември за да тргне.
     
  20. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    888
    Пол:
    Женски
    Чекав за завршам факултет за да почнам да уживам во животот, после напорни студии. Сега не чекам ништо. Сфатив дека со чекање нема ништо да постигнам. Пробувам кога можам да уживам во животот зошто сфатив дека ако сум немала време за некои работи дур сум студирала, после тоа ич. Плус тоа не се одвиваат сите работи така како што сме замислиле, така да кормилото во раце и нека плови бродот дур може, па кога ќе најдам копно, ќе најдам. Но биг дил.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.