Цел живот ни минува во чекање. Чекаме нешто што ќе се случи, чекаме нешто што нема да се случи. Чекаме да завршиме школување. Чекаме да се вработиме. Чекаме да станеме родители. Чекаме децата да пораснат и да се осамостојат. Чекаме да ни покачат плата. Чекаме подобро работно место. Чекаме вселување во нов дом. Чекаме корона да помине. Чекаме, чекаме...
Сакав да го напишам истото како мислењето пред мене. Животот се состои од чекање на иднината и жалење за минатото. Да заврши школото мислејќи дека тоа е најтешкиот дел од животот. Да дојди распуст, па први септември. Да најдиш работа, а сакаш да се врати школото. Утро-вечер, лето-зима. Јас никогаш не мислам на иднината и не правам долгорочни планови бидејќи се плашам. Да. Не сакам соочување со реалноста. Збор што ме опишува е конформист. Сум немала нешто значително да чекам, најчесто наоѓам една сламка и се држам за неа до крај не мислејќи на друго. Примерите што ги набројав претходно исто така не ги чекам, гледам да уживам (на мој досаден начин) во секое годишно време и секој дел од денот. Јас не сакав да пораснам, се плашев и чудев зошто сите сакаат. Така и сега. Имав лош период на факултет, но сепак не сакав да помини тоа време. И сега не ми е најсјајно, ама наоѓам светла точка. Секако имам желби и се надевам на нивно остварување. Не мора да се пропуштат шанси да се вложи сиот напор во една цел, но добро е да се има барем трошка надеж. Можеби оваа година ќе се оствари роденденската желба? Често се нервирам кога варам кафе, не можам ни 5 минути да го чекам, а мајка ми ми вели: трпение, за се' во животот треба трпение. Тоа би бил и мој совет, плус, немојте да дозволите да жалите по минатото, туку да се сеќавате како на убав спомен. Не знам за вас, но мене желбите ми се остваруваат кога не мислам на нив. Така да, мојот одговор е - не, никогаш не сум чекала 100%, ако се случи супер, ако не, животот е прекраток за да помини во чекање.
И јас да споделам лично искуство и мислење. Знам да бидам трпелива и не само да чекам, туку и да работам за остварување на конкретната цел. Не дозволувам да ме уништи чекањето, баш напротив, ми служи за мотивација да одам кон тоа што го сакам, да се борам. И скоро секогаш се исплатело. Да, сум чекала, сум се разочарувала на моменти но не сум се откажувала. Верувајте, плодовите од тоа чекање се многу вкусни. Само треба да се наоружаме со трпение. Тоа е тоа што за жал на многумина им недостасува, сакаме се' и веднаш да ни е достапно. Па и да не се оствари, барем ќе знам дека сум направила се' што било во моја моќ. Викаат дека колку повеќе се чека нешто, толку повеќе се сака.
Заборавив.... Ама навистина заборавив сѐ. Ама потсвесно се лажам и чекам и чекам и чекам година и шест месеци ..... Судбината вели ќе биде ... Ама јас во моменти сум сигурна дека ќе биде,на моменти не сум сигурна... Којзнае што ќе биде...
Секој од нас си чека по некоја работа во животот. Разликата е само кој ќе дозволи животот да му се врти единствено околу таа работа. Јас не сум од тие луѓе. Чекам работи кои се претежно поврзани со материјални добра, но никогаш не сум дозволила тоа чекање да ми управува со животот. Животот е она што се случува додека ние чекаме нешто. Колку пати и нешто на кое што сум се надевала не ми се исполнило, да, разочарувањето е нормална реакција, но што доколку се’ останато сум ставила на стенд бај само за таа една работа? Уште поголемо разочарување. Каков и да е, животот е еден и многу, многу брзо поминува. Чекањето е тортура. Не се малтретирајте свесно.
И јас чекам, ама одмазда... знам дека кога-тогаш ќе дојдат моите 5 минути..а тогаш ќе ги боли..и боли... Друго ништо посебно не чекам ниту сум чекала..мислам дека нема ни да чекам.
Доколку тоа чекање ме спречува во животот би чекала но кратко. А доколку е нешто онака би чекала колку и да треба. Исто и животно важни работи , но секогаш настојувам да приметам кога треба да се откажам. Лупање во ѕид со глава избегнувам за се во животот па и за ова.
Моментално сум во таква ситуација. Знам дека можеби подобро ќе е ако не се замарам, ама не можам, важно ми е и го сакам тоа. Чекањето не е баш пријатно, ама да чекаш и да знаеш дека тоа ќе заврши како што треба е едно, а да чекаш и да се надеваш кога појма немаш дали можеш да успееш, е друго. Најмногу влијае на расположение, некако си во грч... не можеш целосно да уживаш во животот оти си загрижен што, како, дали ќе биде и само очекуваш и очекуваш. Ќе пишам еден ден update дали ми се исплатило.
На мојава пријателка и' се исплатеше Вчера ми се јави со убава вест Не сум суеверна, ама некако се поклопи со отворањето на темавa, пресреќна сум за неа.
Ме влече темава да исфилозофирам Ако некој чека нешто, значи длабоко во себе има надеж дека тоа ќе се случи. Што само по себе не е лошо, туку позитивно и може да даде мотивација. Мотивација да се тежнее и работи на тоа, она што се чека да се оствари како резултат на работа и труд околу таа цел. А самото чекање од страна, надевајќи се дека нешто ќе се случи од ведро небо, за мене е бесцелно трошење на животот. Сеа ќе забегам малце... На светов ништо нема вечно. Бидејќи живееме во материјален свет ограничен од физички закони. Затоа зборовите "никогаш" и "секогаш" немаат никакво материјално значење. Нематеријални зборови се. Тогаш зошто пасивно би чекал нешто да се случи нешто што можеби никогаш нема да се случи?
И јас сум моментално на чекање Баш ми е мило што и се исполнила желбата на твојата пријателка Кога го прочитав сега постов малку ми олесна и ми даде надеж бидејќи не сум била единствена која се наоѓа во таква ситуација... а ова башка и со среќен завршеток браво Многу сум упорна и никако не ми поминува, се надевам и мојата желба ќе ми се исполни се надевам...незнам
Никогаш луѓето не биле поголеми робови како што се денес. Посебно хипнотизирани од социјалните мрежи и телевизијата. Чекање соништа, кои друг ви ги наметнува дека мора да ги постигнете, инаку сте нереализирани личности, а вие ги впивате како апсолутно морање.
Темава го покренува едно од најзначајните прашања во животот. А, всушност е мн едноставно, само тешко да се примени. Поентата е, што и да сака човек, треба да презема чекори за да си го оствари. И треба да се надева. Но, најдоброто што може да го направи е во меѓувреме да живее најдобро што може. И да се ослободи од очекувањата, да ја отпушти желбата, што биде нека биде...значи да се работи на целта, но да не се живее во грч, да не се сведи времето само на чисто исчекување. Немаме време животов да да го ставаме на стенд бај, за да чекаме нешто, а дотогаш само како роботи да функционираме. То ест имаме време, но ограничено ни е, а таквото време е само лошо потрошено, искрено, без разлика на исходот. Но, како помлади и тоа треба да го искусиме за да знаеме за во иднина подобро. Има ситуации во кои едноставно е невозможно да го исклучиме мозокот, невозможно е да се дистанцираме од мислите додека сме во исчекување. Но, тоа се исклучоци и најчесто пократко траат. А за сите останати ситуации го мислам тоа што го пишав порано.
Абе сите во позадина имаме нешто што чекаме да го оствариме. Поентата во чекањето е со цело твое битие да го прифатиш фактот дека тоа нешто можеби никогаш нема да се оствари и тоа да ти биде сосема океј. Иако паралелно ќе работиш на случајот да го оствариш тоа што го посакуваш, сепак да се помириш со можноста дека ќе живееш живот без тоа нешто.
Што е пишано тоа ќе биде. Чекањето да се случи нешто е залудно изгубено време. Животот продолжува понатаму.
Od site cekanja, najvazno e da ne dozvolis da te maftaat. Bidi svoja i pravi si raboti koi tebe te pravat srekjna i zadovolna. Najdi si hobi, rabota, ljubov, nauci nesto novo, pa makar i da iscistis po doma. Na site ni se slucuva da cekame nesto.. i tuka najmnogu mozes da ja vidis drugata strana na sebesi.
Баш така. Сите чекаме нешто во животот без разлика што и да е. Не можеме да знаеме дали ќе се случи или не, се е неизвесно во животот. Вреди да се чека според мене, никогаш не се знае дали некогаш нешто ќе се оствари.