1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Често карање помеѓу мајка ми и татко ми

Дискусија во 'Брак' започната од Barbie-mwa, 17 март 2011.

  1. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Моите имаат сериозен проблем. Мислам дека татко ми има љубовница и ја изневерува мајка ми. Потоа доаѓа дома и и врека, а жената кротко си седи ништо нема направено. Тој излегува секој петок и сабота, како мало дете не знам што му е. Пред другите е фин фин абе човек ќе рече да ти е мило да имаш таков татичко. Се шали со сите, со сите добро се понаша, а доаѓа дома и дома е како сосем 13 човек. Крши работи, еднаш памтам низ тараса фрлаше се, му имам прочитано во телефонот и пораки од многу женски особи така обраќајќи им се со зборовите срце, душо и сл. Му слушнав и еден разговор со една дека ќе ја водел на ручек. А мајка ми е душичка. Го пере, му готви, разботи нон-стоп.
    Верувајте ова го пишувам во солзи. Многу ми е тешко. ;( Мислам дека нивните караници почнаа да влијаат и на мене. Нерасположена сум, им се дерам на сите по ред у школо а и на другарките, сите ме гледаат вакви :^) :lol: Ми се смеат зад грб, а мене ми е тешко. Не знам што му стана. Еве пример од пред еден час. Татко ми станува од спиење, оди во кујна, таму мајка ми готви и тој почнува да се дере како ненормален и не сум сигурна дали ја удри. А жената збор не му прозборе. Со него никогаш сум немала некој блисок однос, не близок туку често се случувало и во цела седмица само во сабота и недела да си речеме добар ден! Ама не можам повеќе да го трпам! Извинете што тупам, ама тешко ми беше на душичкава, не верувам дека некој друг би ме сослушал и би ми дал совет како вас!
     
    На Lolipop23 и Lady-Sweet им се допаѓа ова.
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Често карање помеѓу мајками и таткоми

    Барби, а да пробаш да разговараш со мајка ти и да ја прашаш неа зошто вака се однесува татко ти ? Сега повеќе од било кога треба да се здружите со мајка ти и заедно да се изборите против ваквото однесување на татко ти.
    Би било добро и ако можеш некако да седнеш со татко ти да разговараш, и него да го прашаш зошто така се однесува со мајка ти. И објасни му како ти се чувствваш. Сепак тој ти е татко, би требало да може да те сфати.
    Со среќа.
     
    На bitter-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Често карање помеѓу мајками и таткоми

    Неможам, едноставно никогаш несум имала таква комуникација со мајками да зборуваме за тие теми :worried: незнам како со неа да зборувам за тоа.
    А со таткоми ни толку, тој како прво нема ни да ме сослуша ќе ми се разврека и мене и затоа одбегнувам зборување со него. А и незнам како да му се обратам, никогаш немам разговарано со нив. Мајками плаче а јас незнам како да ја утешам. срам сум. ;(
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Барби, под итно да отиде кај мајка ти сега и разсговарај, не ја оставај сама.Јас на твое место и за пораките би и кажала.Мајка ти е, зашто да дозволиш да си ги троши годините и да е нескреќна.Ако треба и кажи и дека што е до тебе, ако сака може да се раздели од него.Можеби жената размислува за тоа, а се колеба заради тебе, сепак си тинејџерка.Не ги оставај туку така работите, покажи се малку зрела, зашто проблемот сам од себе нема да се реши.
     
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Мораш, значи МОРАШ да седнеш и да разговараш отворено со мајка ти.
    МОРАШ, така да си го врежиш во глава. Друг лек немаш за ситуацијава (освен да го напуштиш домот и да ја оставиш мајка ти сама да се избори со татко ти).
    МОРАТЕ заедно со мајка ви да го вратите стариот добар тато.
    Ако сакаш да бидеш голема девојка (а со самото тоа што го произнесе проблемов и си го воочила-покажуваш дека си голема и разумна девојка), однесувај се како таква!
    Ајде, што е ова не знаеш како да зборуваш со неа за тоа. А како им помагаш на другарките кога тие имаат проблем?
    Ајде, викај ја во соба, заклучете се и разговарајте на раат.
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Мајками плаче а јас незнам како да ја утешам. срам сум. ;(


    ГУШНИ ЈА.
     
    На Hova му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Не си никаков срам, немој така да мислиш... Ти си (ако точни ти се годините што си ги напишала) во тој период кога хормоните ти вријаат, и онака цело тело ти се преобликува, созреваш психички, сменуваш расположение на секој пола час и многу други работи кои ги носи адолесценцијата. Со ова, верувам дека си толку збунета што сакаш да кажеш било што, но едноставно зборовите не излегуваат од твојата уста.

    Пред да го формулирам мојот совет морам да те подпрашам нешто...

    Колку време е ова вака? Мислам сега почна татко ти така да се однесува, или трае веќе подолго време? Имаш нешто брат/сестра? Неговите татко и мајка, односно баба ти и дедо ти живи се? Ако се, комуницираш ли со нив?
     
  8. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Мораш да пробаш да разговараш, нема друг начин...таа ќе плаче, ти ќе плачеш...ама со плачење нисто не се средува...( леле јас најдов да кажувам за ова, а сум голема плачка) ... Во секој случај знам како ти е... се наоѓав во многу слична ситуација, знам се чуствуваш безпомошна ...ама не е така... И кај нас дома порано татко ми викаше за се и сешто, по мајка ми за безвеза, ние со брат ми само молчевме... Ама еден ден на брат ми му пукна филмот и го седна татко ми да разговараат, иако беше мал некои 22 мислам имаше тогаш.... не знам што се му изнакажа ...многу викаа... му кажа дека ако сака да живее со нас мора да престане инаку сите ќе си заинеме и ќе остане сам,му кажа се што му лежеше на срце... Брат ми викаше некои 2,3часа но,од тогаш се се смени...вејќе не беше така. Можеби ова не е иста ситуација како твојата, ама сакам да кажам дека мора со разговор друг начин нема,,,макар и да побараш помош од некој близок, баба, чичко... било кој....
     
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.757
    Допаѓања:
    37.838
    Пол:
    Женски
    Барби мораш да поразговараш со некој за ова,некој од роднините близок ако имаш мора да се превземе нешто, маани физичко насилство поболно е што психички ја малтретира мајка ти, а и тебе и ако имаш брат сестра нешто пробајте заедно со здружени сили да разговарате со некого.И моите се караат дома но никогаш толку страшно и никогаш татко ми не кренал рака на мајка ми или на мене и брат ми.Јас те разбирам за комуникацијата и јас немам со татко ми добра комуникација но тоа е далеку понормално од она што го кажуваш ти.Само од себе нема да се реши..само ќе си трпите вие трауми се додека ти не се отселиш а мајка ти да остане сама на негова милост и немилост.Неможе тоа така мораш да собереш храброст и да разговараш со некој близок роднина што може да ти помогне или ислуша па заедно да најдете решение.Ако си доволно храбра постои и линија за пријавување на семејно насилство,знам дека многу тешко е да го направиш тој чекор, но мораш нешто да превземаш и го должиш тоа на мајка ти и на себе!Со среќа и од мене.
     
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Барби на сред караница излези им ти со твојот говор. Укажи му на татко ти како постапува мајка ти а како уствари треба со таков да се понаша. Викни малце дека не се тие единствени на свет, дека ти постоиш и дека нивните караници влијаат врз тебе. И кај мене дома се случувало мајка ми и татко ми нешто да се срчкаат но јас понервозна и погласна од нив викам. Нека се свести татко ти што прави и дека треба барем за тебе да се потруди.
     
  11. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Sparks ова почна некаде од нова година, па се смири едно време целата ситуација ама сега пак почнаа. имам помала 4 години сестра од мене, а бабами и дедоми се во друг град и многу ретко комуницираме.

    Strumfeta93 го имам правено ова еднаш и никој не излезе од таа караница среќен. Јас се вмешав и заплачав, татко ми почна да ја удира мајками зошто јас сум плачела, сестрами плачеше затоа што удира по мајками, а мајками од се. Беше се измешано, немавме после тоа долго добар однос помеѓу себе затоа ќе ја избегнам оваа варијанта.

    Јас до сега мојата чувствителност ја немам покажано никому, и затоа ми е и тешко да азговарам со мајками, едноставно таа ќе ми рече гледај си ја твојата работа несе замарај со тоа.

    Незнам што ќе правам, ќе пробам да разговарам некако со мајками, со друг роднина не би можела. ;(
     
  12. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Фала богу дека никој нема да биде среќен, треба да бидеш упорна, штом веќе татко ти посегнал по мајкати што ти си плачела требало веднаш да го спречиш со тоа што ќе му кажеш дека тој е виновен за сите страдања дома и нема зошто мајка ти да ги трпи сите тие тортури. Биди силна најмногу што можеш и кажи му во лице се што знаеш за него, се што мислиш за него. Можеш со сестра ти да се договориш смирено сите фамилијарно да седнете и да разговарате. Како што ќе се отворите со сестра ти една кон друга така кон никој не можете. Можете и да го заплашите дека сте способни да го напуштите домот, па дури тогаш нека се подзамисли. Бидете силни и упорни да ги разрешите проблемите. Таквата ситуација не води никаде.
     
    На Barbie-mwa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Барби, знам е досадно ова нонстоп да ти се кажува, ама отворен разговор само :!: Исклучиво со мајка ти! Тајно жарче татко ти, надвор прекрасен татко и сопруг, дома „монструм’. Извини за тешкиве зборови :$
    Не си заслужила да живееш и ти во пекол, разговарај со неа, таа сепак е постара, поискусна, мајка е, мора да превземе нешто за да не стане пеколот уште пожежок :!:

    Оф топик, ама што се случува со луѓето бре, кај отиде светов?! Зарем љубовта и семејството се најспоредните работи на светов?! Зарем љубовницата и брдото пари ќе ти ја топлат душата и постелата?! Зар децата заслужиле да ги гледаат твоите гнасотии?! Зар? Ебате современото :x
     
    На Barbie-mwa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јас па би те советувала малку спротивно од другите.
    Да ја гушнеш мајка ти. Редовно да ја гушкаш.

    Овие работи ќе се подсмират пак. А според мене ти си сеуште мала за да превземеш толку озбилен чекор и соочување со човек како татко ти.

    Со сестра ти не би ти препорачала да разговараш затоа што сеуште е мала и само ќе ја збуниш.

    Ти си созреала порано. Гушни ја мајка ти и кажи и дека ја сакаш. Таа си знае како треба и што треба.

    Не можеш да и кажеш мамо направи ова или она зашто секако контра реакција и тоа лоша ќе има од нејзина страна.

    Сигурно имаш некој близок пријател на кој можеш да се потпреш ... да го гушнеш ...

    Пробај полека да збориш со мајка ти ... да се отвориш ... Знам колку е тешко .. верувај ми дека знам ... ама верувај ми дека мораш ...

    Мајка ти полесно ќе претрпи се ако знае дека ќерките и се тука за неа.

    А кога ќе дојде време мајка ти ќе превземе се што треба. Верувај ми. Таа знае се.

    Те гушкам силно. Смири се и размисли што и како. Само знај дека се има решение. Иако моментално не ти изгледа така ... ќе видиш дека се ќе се реши ...
    :hug:
     
    На sanjaeva и Barbie-mwa им се допаѓа ова.
  15. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Барби не знаев дека имаш помала сестра, не баш паметно те советував.
     
  16. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    кај мене веќе престанаа и да се караат секој на своја страна ни збор не си кажуваат . баш сношти ми дојдоа преку глава и му се изнаразвикав на двајцата му реков дека се понашаат ко мали деца дали мислат вака да продолжат на што личи ова али ништо тато низ врата мама легна :( не знам веќе што да правам. често од нервоза се истурам на дечко ми кутриот ме трпи ама не сакам појче така ми е страф да не го изгубам и него оти претерувам знам и сама
    хелп ми ве молам за совет ;(
     
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Епа ако навистина имаш 20 години тогаш гледај да се средиш ...

    Наместо да се истураш врз дечкот и кажувај му како ти е и што осеќаш ... олесни се .. кажи му дека ти треба ид а те гушне ... чим знае се сигурно те разбира ...

    Гледај да ги седнеш твоите и да им ги отвориш очите да се соочите ... и гледај да си го средиш животот ...

    Биди отворена и само знај дека треба паметен разговор и малку психологија да примениш. Со викање, урлање и дерење не се постигнува ништо.
    :*
     
  18. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    не срцке дечко ми не знае за мојата ситуација од проста причина што кога тој ќе дојде или било кој друг од арни поарни се ко да нема посреќно семејство од нас . ако му речам јас како е со е ќе мисли дека го лажам пошто едно гледа друго кажувам јас ќе си верува на очите нормално . а за тоа да ја средам јас ситуацијава - можи ако имам волшебно стапче ама ич рецка не удираат плачи крши што сакаш прави ич не му е гајле не знам веќе што да правам за д аму дојди умот на двајцата ;(
     
  19. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Сигурно ти е многу тешко Барби.....но, мораш да најдеш сила и некако да разговараш со татко ти. Дури малку и да повишиш тон.
    Кажи дека повеќе не ја поднесуваш таа ситуација, дека те уништуваат психички и дека немаш мир. Ако треба кажи му и на татко ти дека тоа однесување не му доликува и дека ти и мајка ти сте свесни за се’ што се случува. Дека не заслужувате таков третман. Баш дека мајка ти е мирна и добра жена, токму поради тоа тој си зел слобода ццц. Би требало да му проработи совеста, како на зрел човек.
    Или пак прашај го како би се чувствувал тој, како родител, доколку во иднина твојот маж ти го прави ова на тебе (скраја да е).

    Се надевам дека ќе се среди оваа ситуација, биди храбра девојче и кажи му го гласно своето мислење :hug:
     
    На Barbie-mwa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    Спротивно на другите ќе те советувам да разговараш со татко ти.

    Тој е виновникот во ситуацијава.
    Директно со сите факти на маса да го прашаш што му се случува и што мисли да постигне со неговото неодговорно однесување.Да му кажеш дека никој во семејството не заслужува такво нешто од него.
    Едноставно со аргументи направи го да почувствува срам од тебе.(ако воопшто го има тоа чувство на некој кој погрешил).

    Го имаш тоа право зошто тој треба да води сметка за сите во семејството на ист начин односно сите да имаат мир. :!:
    А мајкати наместо да плаче,и ти да ја тешиш и жалиш,исто и таа треба да завземе став за своите права.
     
    На Barbie-mwa му/ѝ се допаѓа ова.