Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Често карање помеѓу мајка ми и татко ми

Дискусија во 'Брак' започната од Barbie-mwa, 17 март 2011.

  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Девојко, ова што ќе ти го кажам не знам колку ќе ти помогне, можеби ќе те разочара, ама сепак за твое добро ќе ти го кажам. Пред 10 години умре чичко ми, единствен брат на татко ми. Беа многу блиски, па по неговата смрт мајка ми и татко ми се оддалечија многу. Ретко разговараа и целиот разговор им беше кога се работеше за мене. Бев мала и не разбирав. Како што растев, ги гледав и како се караат. За среќа, тој никогаш не крена рака на неа. Мајка ми беше многу љубоморна, па постојано велеше дека е во врска со колешките, со оваа, со онаа...Тој немаше љубовница, за тоа можам со двете раце да потпишам. Тој не е човек кој лаже, не се колни на празно. На мои 11години, мајка ми си замина од дома. Отиде кај баба ми. Јас останав со татко ми. Дента кога си замина, прв пат го слушнав татко ми како се заколна во мене дека никогаш немал љубовница. Но, мама не попушти и си замина. За кратко време и јас си оидов кај неа. Бевме многу поврзани и не можев без неа. Тогаш... Четири години бев со неа, а за викендите идев кај татко ми. Сега во средно се запишав во градот кај што живее татко ми и живеам со него. Се зближивме и сфаќам колку мама грешела. Тогаш тој бил повреден, а таа го оставила. Го запоставила, па затоа се оддалечиле.
    Тој е еден премногу добар и искрен човек, спремен да стори се за семејството, но јас тоа сега го гледам. Ни јас, а верувам дека ни мајка ми не знаевме каков е тој. Сепак и двајцата се горделиви па не се смируваат, инаку не се судски разведени.

    Што ми беше муабетот? Муабетот ми беше дека треба да пробаш да се зближиш со двајцата и со мајка ти и со татко ти. Запознај ги подобро, види кој греши. Велиш дека мајка ти е тивка и мирна жена, можеби е крива за нешто поради кое татко ти сега така се однесува, па затоа ќути. а можеби и татко ти има некоја друга, па ја запоставува мајка ти. Зближи се со двајцата, дознај како стојат работите.
    И биди похрабра, немој на секоја караница или разговор на повисок тон да се расплакуваш. И сама гледаш каков исход дава тоа (а не е позитивен).
    Среќно и тебе и на твоите. Искрено ти посакувам нивниот брак да не заврши како на моите родители. :*
     
    На Lolipop23, maca99 и Barbie-mwa им се допаѓа ова.
  2. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    barbie јас мислам најпрво треба повеке да се зближиш со мајка ти...разговарај со неа...кажи и дека секоја нејзина одлука ја поддржуваш...можеби мисли дека ако се раздели од татко ти,ке ја мразите или слично...како и да е,мислам дека треба да и дадеш поголема поддршка... :)
    а за татко ти,не можам да ти речам да разговараш,бидејки агресивно се однесува кон сите вас...така да,мислам нема да имаш позитивен ефект...
    сепак најдобро е да разговараш со мајка ти,...и доколку ти рече да не се мешаш во нивните работи,постави и ултиматум дека доколку не се обиди некако да го реши проблемот(во смисла не само да кути и да трпи) дека ке ве изгуби вас двете...
    исто така(не знам колку е добар советот) можиш да се јавиш кај нејзините мајка и татко и да одите кај нив на некое време...сепак и се родители,мислам дека не е страшно да им раскажеш како стојат работите :) дома не им кажувај неколку дена каде сте,и можеби ке разбери татко ти дека греши и повторно ке биди како порано...
    се надевам дека помогнав...срекно :*
    и пиши дали се подобрува ситуацијата :)
     
    На Barbie-mwa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.400
    Допаѓања:
    22.560
    Пол:
    Женски
    Eве ја темата која ја барам од поодамна. :)
    Ова е мојот проблем:моите дома речиси секој ден се расправаат, и тоа на доста висок тон(доволно за да ги слушнат и сесдите-во зграда живееме). Знам дека сето ова се случува заради финансиски причини. Веќе годинаипол како трае оваа тортура од нивна страна и никако да престане. Цело време се обвинуваат еден со друг, си префрлуваат работи, а во последно време се бетер од мали деца, за ситници се караат. Се враќаат назад во минатото што и како било, и никако да најдат решение за сега. Имам 20 години, а брат ми е 16. Еднаш седнавме да разговараме со нив и да им кажеме да прекинат да се однесуваат вака, дека ни го нарушуваат секојдневниот мир, дека не можеме да ги трпиме повеќе. Рекоа "и ние не сакаме да се мачиме вака, парите ни се најголем проблем", и затоа немале нерви и се карале. Демек ќе се сменеа работите. Но до кога? До утредента. И пак старата песна. Сме правеле муабет и да се разведат, и така не бива. Му рековме на татко ми да отиде некаде во странство(има бугарски пасош), затоа што овде нема решение за нас. Ама тој вели додека не најде сигурна работа не оди. Моментално работи и зема плата од 12000ден., а мајка ми не работи од пред еден месец. За никаде ми е дома. Жал ми е и за мене и за брат ми. Ние најмногу сме погодени од ова и најмногу страдаме. Не знам како да ги убедам да променат нешто. Се чувствувам толку немоќно. Ми фали мирот, љубовта и хармонијата што ги имавме во домот. Сега цело време се трудам да сум надвор од дома, исто и брат ми. Да не ги гледаме и слушаме како се караат без престан. Вујко ми ја знае целата ситуација. И тој правеше муабет со нив, се обиде да ги вразуми, но бадијала. Не знам каде да се обратам за помош. :worried:
     
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    хеппигрл и останатите девојки вие сте во предност плус затоа што јасно пред се ги знаете и гледате проблемите. Свесни сте дека се околу вас. ќе се задржам на тебе хеппи, не само кај тебе финансиските проблеми не зафатија сите. Знам и те разбирам колку е тешко да се нема, да излагаш на крај со една плата која за што попрво би се трошела. Дали имаш размислувано да се вработиш? колку толку да им дадеш надеш на твојте дека ете ти можеш со минимален денар да им помагаш.
    во краен случај седни и разговарај со нив, возрасна си и треба да им дадеш до знаење дека важна ви е хармонијата во семејството а штом има хармонија има се. Тешко е кога човек на млади години се среќава со вакви ситуации, читав и за твојте љубовни проблеми се на се само разговор со фамилијата и заедничко разбирање ќе ве доведе до вистинскиот пат
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.400
    Допаѓања:
    22.560
    Пол:
    Женски
    Студирам во друг град и патувам скеој ден, бидејќи постојано имам предавања, од понеделник до петок. И додека да отидам и да се вратам со автобусите- ми поминал денот. Така што додека трае студиската година не можам да работам. Ланското лето работев во салон за мебел и цело време имав пари за мене, од дома ништо не барав, ниту за излегување, ниту за облека, за ништо. Уште од сега барам работа за следново лето, ама уште е рано. А како што напоменав, седнав и разговарав со нив, ама тоа беше само за тој момент и толку. После пак истото. А не сакам ни да помислам дека можам да го изгубам дечко ми заради проблемите од дома. Тој е најдоброто нешто што ми се случило во животот.
     
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    да финансиите го вртат светот, јасно ми е и стварно си во глупа ситуација. Да беше сама и да немаше брат би те советувала куферите под рака и кај дечко ти и на твојте кога ке се смирите ке ме видите. знам дека кога имаш дома проблеми ништо не ти се прави тоа е едно со друго поврзано.
    тогаш надевај се и барај работа нешто за макја ти, дали да чува деца или незнам било што што знае да работи. Затоа што човек кога седи дома е се по нервозен и тука се проблемите, а кога двајцата работат ќе немаат време да се видат а не па да се караат. И биди по упорна сепак кажи им дека те срамат, дека утре ќе треба да се мажиш, што би рекол дечко ти за нив? ќе сакаат ли да ги почитува ? како кога вие не ме почитувате мене а гледа дека сум нервозна. Незнам биди јака и најди нешто што знаеш дека ќе ги погоди и може би ќе се смират
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.410
    И кај мене беше така ,тензии во последно време,се караа за ситница,ок се- и одеднаш слушаш навреди....татко ми најмногу го нервираше кога мама му префрлаше за неговата фамилија-тој беше слеп и ништо не гледаше,нити сакаше да слуша кога се караа,болеше до коска,плачевме во соба со сестра ми... :тоа е речиси кај сите,ама гледај да не збориш со дечко ти,важно е што ја знае ситуацијата,а ти кога веќе си напната и нервозна дома,со него опушти се из аборави на се,уживај
    а јас ....сега би дала се да го слушнам неговиот глас макар и во кавга со мама ;(
     
  8. Latinna

    Latinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    108
    Морав да пишам..воедно да ве прашам за совет,а и да си ја олеснам душичката.
    Во последно време т.е не е во последно,се почна откако мајка ми фати ХПВ вирус кој се пренесува со сексуални односи.Не ми има објаснето баш,очигледно не сака да ме оптоварува со тие теми или и е срам,не знам.Не е битно.Од тогаш мајка ми се сомнева дека татко ми има љубовница и секогаш кога татко ми ќе излезе од дома а да не е за на работа или до пазар му префрлуваше.Паѓаа доста навреди,и од едната и од другата страна.Татко ми се колнеше дека нема друга жена,но мајка ми беше уверена дека има.Ова почна летото 2010,трае до ден денес.Само што,сега за љубовницата не се караат,туку заради безвезни работи.Секој 3 ден има караница во куќава,за глупава работа.Ги слушаат сите,се навредуваат,особено татко ми како му работи устата...Одвоени се,мајка ми седи во една соба,татко ми во друга.Разговараат на теми од типот ,,Што ќе јадеме утре?'' и сл.Спротивставени мислења недај боже,веднаш настанува ГОЛЕМ конфликт.Не,не претерувам,така е.
    Јас во последно време попуштив со нервите,во вистинска смисла на зборот.Немам ни апетит,воопшто.А за тоа колку сум нервозна,да не зборуваме.Се повлекувам во некое ќоше и гледам во една точка само колку да не му се развикам на некој што не заслужил.Тешко ми е,не знам како да ја поправам ситуацијата,ако воопшто се поправа...
     
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Уф,оваа ситуација ти душо не можеш да ја поправиш,мораат твоите само.Мала сум,можеби не е ок од моја страна да советувам на вакви прашања и теми,но бев во слична ситуација.
    Моите исто се караа(т) секој втор ден,исто за јадење,за глупости,и мене тоа многу ме иритира,и секако нервите попуштаат,посебно кога додатната нервоза од нив двајца ,на тебе се истура.
    Затоа,остави,тие нека ги решат своите проблеми.Можеш само да ги седнеш и да им кажеш дека ова влијае на тебе,и да пробаат да се стишат малку,и на мирен начин да ги решат проблемите.
    И пробај да најдеш некоја занимација,работи нешто,прави,нека не ти одат мислите накај нив толку,бидејќи само додатно ќе се запустиш,верувај.
    Се надевам се ќе се среди...
     
  10. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Пробај седни ги, замоли ги на разговор, и објасни им дека доколку не знаат, и на тебе влијае таквата ситуација, дека нивните караници тебе те повредуваат и дека видно ти се ослабени нервите поради нив. Ако пробаат да се „вадат“ на работи од типот дека нема што тебе да те засегаат нивните проблеми, речи дека и ти си дел од семејството, дека се грижиш и за двајцата и дека едноставно сакаш да сте како едно најнормално семејство. Исто така, доколку не се некои прегорделиви и се отворени за предлози, предложи им да одат на заедничка средба со психолог/невро-психијатар, едноставно замоли ги да пробаат да работат на поправање на односите, а не нивно уништување.
    СРЕЌНО! :)
     
  11. Jasmin19

    Jasmin19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Кај мене проблемот е следен :
    Значи...мајка ми и татко ми во последно време нон-стоп се караат.Татко ми работи како таксист и цело време не е дома.А мајка ми не е вработена.Финансиски не сме баш во добра состојба.На секаде треба да се даваат само пари,пари,пари и пари.Аоваа година плус тоа е и матурата на брат ми :worried: ,замислете колку трошоци не очекуваат...
    Но, :!: има уште нешто кое долго време ме мачи...Јас и брат ми го имавме слушнато татко ми како разговара со некој во WC,ама мислевме дека само така ни се причинува..Му кажавме и на мајка ми,ни таа не ни веруваше.Бидејки не бевме многу сигурни,не се ни обидувавме повеке да ја убедиме дека тоа е точно...
    По некое време повторно брат ми го слушна татко ми како во вецето зборува со некој,и пак ништо.Си кутевме како да не е ништо.Повторно мислевме дека тоа е можеби до нас...Се додека и мајка ми не го слушна тоа шуштење(тивко зборување) во вецето.Тогаш го праша татко ми,но тој почна да се кара.Се однесуваше агресивно и викаше дека неа и се причинува,демек си пеел некоја песна |( ....и дека била многу напорна,не го оставала да диши,и други навредливи зборови....
    А знам дека секогаш тие шо се виновни ,викаат за да испаднат како демек тешко му е шо ги местат ни криви ни должни.
    Не знаев дали да ја бодрам мајка ми и да додавам вода воо огнот,или пак да ја смирам целата работа,со цел да не и наштети на нејзиното здравје(бидејки е оперирана од рак).И решив да ја смирам целата работа,тешејки ја дека можеби не е во право и дека можеби таа претерува.
    Премногу ми е жал шо е наивна,додуша ни јас не сум сигурна 100 % дека татко ми има друга,а не сум ни сигурна дали би сакала да се разделат мајка ми и татко ми...Како прво заради тоа што и двата ги сакам и ке ми биде тешко без било кој од нив,без разлика дали имаат други или не,сепак тие ми се татко и мајка.Второ знам дека мајка ми нема да може да го поднесе сето тоа и може повторно да се разболи.

    Oсвен тоа шо тешко се поднесува кога знаеш(т.е. мислиш) дека едниот родител го изневерува другиот со друга...исто така многу е тешка целата атмосфера во домот...Има само негативна енергија,кога ке влезам дома воопшто нема смеење.Или ке се караат измегу себе или ке се скараме јас и мајка ми за некоја најобична работа(како шо се случува вообичаено).Осекам како некое проклетсво да има во нашето семејство...Ни за празници не осекам никаква атмосфера дома :worried:
     
  12. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185

    Jas mislam deka poveke treba da i davate podrska na majka vi @! I DA I POMAGATE ! A TATKOVI MOZIT I VIE MALKU DA GO POKONTROLIRATE BES NEGOVO ZNAENJE I AKO STE SIGURNI VO NEKAKVO NEVERSTVO DA MU OBJASNITE DEKA EDNAS ODAMNA SE ZAKOLNAL ,,I VO DOBRO I VO LOSO,, ... PA TOJ NEKA MU JA MISLIT !
     
  13. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Кај мене дома секогаш има кавги,расправии и секакви зборови се слушаат...посебно од страната на татко ми...секогаш ја вреѓа мама,а изгледа и дека ќе се оставаат...стварно неможам ништо да направам бидејќи веќе и мене и на сестра ми ни здодеа да ги слушаме секој ден како се расправаат, а неможеме ни другарки да си викнеме оти ни е страв да не не посрамотат...после 20 години брак они сега најдоа да се оставаат :fubar: :fubar: ...ако стварно се случи ова незнам како ќе се навикнам да не се гледам често со мама бидејќи имаме разговарано со мама и со сестра ми,дека ако се оставаат јас сакам да останам тука,во оваа куќа кај татко ми,иако во подобри односи сум со мама,но нема да можам да се навикнувам на нова средина,а плус тука ми е и школото и другарките
     
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Не сакам да се мешам, твое си е, но секогаш ќе има ново школо и нови другарки. А една е мајка. :) Плус и сама си кажуваш дека си во подобри односи со неа, така да... Не знам, твое си е, ова ми падна во очи само. :)
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Јас имам ваков проблем само што моево отиде предалеку.... Моите не се поднесуваат, никогаш и не се поднесувале. Проблемот е во тоа што двајцата не одат никаде заедно. Кога бранев дипломска бев принудена да одберам кој ќе дојде на одбраната затоа што двајцата не можело да дојдат, да не се фалел татко ми дека ќерка му завршила факултет, а он не дал ни денар за тоа (двајцата ми се родители и кога спремав испити мајка ми ми се дереше до степен да морам да пијам дијазепами, а татко ми не даваше пари ама секогаш разговараше со мене)Сега се омажив и одма отидов да живеам со вереникот, но не можам да живеам на раат. Не доаѓаат, она не доаѓа сама, ама пошто не може татко ми да се фали еве ова е ќерка ми и се омажи не го пушта да доаѓа и човекот не иде за да не ме нервира мене. Сега се спремаме за свадба. Јас не би парвела, но свекорот и свекрвата сакаат имаат само едно дете и сакаат да му направат свадба, јас не им го кратам тоа задоволство. Но мајка ми се лути зашто татко ми ни закажал свадба кај него на работа, зашто сум го сакала него, не ми дозволува да си поканам братучеди, не дозволува да дојдат сватови по невеста, се жали постојано дека не одам и не и се јавувам ( а не е точно) и плус кога и да се јавам или да отидам ми се дере до степен да повраќам од нервоза и да пијам седативи. Незнам како да постапам ?????
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Да и залепиш една шлаканица да се освести што прави?!?! Искрено.
    Шлапни и го во фаца дека поради неа пиеш седативи на твои 27год. Ако си има проблеми со маж и нека си ги решава со него а не преку тебе да одат проблеми.
    Балансирај колку што можеш и гледај си твој живот и твое семејство кое ќе си го оформиш сега. Навистина така заслужуваат иако се родители.
    Многу си кревка и мирна, додека не подигнеш глас и не си кажеш се што ти лега на душа така ќе се однесуваат.
     
  17. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    881
    :( И јас имам еден голем проблем, т.е проблемот е кај моите.
    Вака: татко ми и мајка ми почнаа често многу често да се караат и тоа се заради татко ми, толку неодговорен човек незнам.. веќе неможам да издржам неможам!! има денови кога се е ок меѓу нив, ама еден ден кога ќе почнат коса ми се дига :@ незнам веќе што да правам, неможам да издржам бидејќи јас и брат ми највише страдаме.
    Татко ми должи пари на многу луѓе, веќе неможеме глава да кренеме од нив.. денес му ја земале колата бе :x и тој целата вина ја префрла на мајка ми а таа ни крива ни должна страда :(
    значи да разјаснам не сме сиромашни имаме и за повеќе од добар живот, имаме продавница, 4 коли.. и сега проблемот е што татко ми се занимава со градежништво има фирма и сега тој зима премногу работи, секој што ќе го побара за работа тој прифаќа да прави а нема ни доволно работници ниту пак време. и тие му даваат пари се за материјал а тој ќе земе или ќе ги плати работниците или се дешава да купи и материјал но само ги лаже луѓево денес ќе дојдам утре утре утре.. и нормално сите сакаат да им се заврши на време а тој тоа не го прави, и затоа доаѓа до ова да му ги зимаат колите и се, само затоа што не е одговорен!! и сите ние му викаме да се тргне од оваа работа но не не слуша и затоа страдаме сите!! веќе незнам што да правам, како да го убедам дека ств треба да прекине со таа работа!!

    извинете малку е долго, но си имам јас проблем :( морам да кажам на некој.
     
  18. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    Секој брак запаѓа во кризи понекогаш ,најчеста причина е финансиите .Навистина не убави моменти се да се гледа како родителите се караат и си префрлуваат вината меѓусебно .Не би го обвинил татко ти многу ,сепак се труди поштено да заработи и да овозможи се.Но ете како и во секоја друга работа се појавуаат проблеми.Многу е важно да не ја меша работата со семејството (кола е кола ,се заработува ке се купи друга ) но траумите што се претрпуваат се со полош карактер .Мора да се разговара отоврено со него,можеби си ти помалецка но тука мора да се има (баба,дедо ,чичко ) што би влијаеле на татко ти да не прави непромислени работи.Јас лично би те посоветувал само да не зимаш се здраво за готово ,секое карање има и смирување .Обиди се да му угодиш и усреќиш на поинаков начин ,да се гордее со тебе и да заборави на деловните проблеми.А и нели попатно да иницираш блискост :hug: сите сме луге и не сме од камен ке му текне дека греши понекогаш :fubar: .
     
    На Iva.T му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Бракот на моите до пред две години беше БУРА !

    Карање , викање , лудница не секојдневно но поприлично чести и напорни , тешки за трпење . Јас како најмало секогаш ставено на средина помеѓу него и неа . Ги смирував пробував да ја подобрам ситуацијата изигрував кловн само да не испадне караница . Не сум излегувала , сум била послушна збор не сум пререкувала само да биде ок да има хармонична атмосфера .
    Годините поминувааа , а јас никако да се свестам т.е немаше кој да ме свести само осеќав притисок на психа чуствував дека тоа ме изморува и троши психички се до последната караница која беше една од најжестоките . Не знам кој беше поводот ( зошто редовно беше глупост ) само знам дека здравјето самата се разбудив и престанав да се вртам во тој магичен круг . Не би да разложувам до ситници не е ни битно тука ако некој го прочита ова знајте дека ...

    Бракот не е ваша работа , ни ваша обврска !!!
    Тоа е демек институција помеѓу маж и жена , а вие не сте ни едно ни друго !

    Верувајте колку и да звучи себично , и бездушно не треба да сме мешате . Проблемите тие ќе си ги решат самите помеѓу себе . Јас кога гледам колку жртви дадов и ги гледаш после 2-3 недели тие гушнати пак си се смеат заедно како и во врските што се случува . Немате ни право да се мешате најмалку да давате ултиматуми тоа е само НИВНА работа никако ваша .
    Да го имав овој памет порано ехеее .... Сега гледам дека мене бакшиш ми останаа значителен број на намалени нерви , по некоја траума , и поинакви сфаќања за бракот воопшто .
    Денес да се случи такво нешто единствената причина што би ме натерала да се вмешам е физичко насилство се разбира пред тоа не можам и не сакам да замижам .

    Се останато е на нив мојата работа заврши . Затоа луѓе најдобронамерно ви кажувам бидете малку себични сепак партнерот е нивни избор не ваш , нивни брак не ваш ! Нивна одлука ... Допрва вие ќе стапите во брак , ќе имате деца , ве очекуваат мнооогу проблеми нервите ќе ви требаат и за вас . Се си има своја граница , верувајте знам како е да си во дисхармонија , како е кога се е убаво разликата е огромна . Но не по цена да се жртвувате себе , другите па макар и бракот на вашите да го ставите пред себе . Никој нема да ви каже фала па ни тие . Некои работи не може да се залепат па и разводот не е крај на свет доколку дојде до ова не очајувајте тоа е нивна работа не се мешајте само подржите ги . Некогаш тоа е единствениот и најдобар излез од тунелот во кој светлото не е на видик .
     
    На anggell, Annath и tessie им се допаѓа ова.
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    После толку нивни кавги, мои непреспиени ноќи поради нив, солзи, стресови...највеќе се борев сестра ми да ја заштитам (зошто беше помала)-во најлошиот период кој траеше неколку години.

    Ни сега не е сјајно,како и во секое семејство...некои си нормални закачки.Но мислам и дека некои се непотребни-каде мајка ми ја наоѓам крива=голем ситничар. Но среќа тато е човек што знае многу да ќути.

    Заклучок, НЕ ДОБРАТА ЕКОНОМСКТА СОСТОЈБА НА СЕМЕЈСТВОТО(под просечна за нормал живот) ги носи најголемите кавги и проблеми.
    Доволен пример се моите до пред некоја година и сега (не дека сега цветаат).
    Уште подобар пример, во тешките ситуации...кога ќе дојде плата...кога мама е среќна зошто направила убав ручек и сите сме на маса, а имала пари за да подготви се убаво. Тато има некое ситно денарче да ни даде кога ќе побараме, а не срце да му се стега кога ќе ни рече НЕМАМ. Кога тато враќајки се купил бонбоњера за мама. Кога вечерта гушнати поради убавиот ден во семејството го завршуваат во заедничка прегратка и гледаат филмче насмеани, и ќе се бакнат за добра ноќ.
    А не како пред неколку години,сестра ми тогаш мала станала ноќе за вода и ме прашува зошто тато спие во дневна... :doh:

    Остана уште еден проблем,за јас да бидам мирна и спокојна во моето семејство...се надевам дека кога ќе треба тоа да се реши ќе помине се на мирен начин.
    Само едно му благодарам на бога, проблемите не произлегле заради прељуба помеѓу моите родители,или коцка...или било што друго. Едноставно невработеноста и здравствени трошоци си го направија своето. Што вели тато, парите за наше здравје среќа и дом отидоа...другото не е важно.