Како што гледам не сум била единствената со ваков проблем,иако си мислев дека нема некој што се чувствува вака како мене.Откако знам за мене моите се караат и се смируваат.Најчеста причина е баба ми (на татко ми мајка).Таа е причина за целата наша неспогодба.Отсекогаш ја навредувала и потценувала мајка ми.Порано татко ми цело време ја штитеше мајка ми колку што можеше,но сега со неговите две сестри направија нешто што мајка ми многу ја повреди..Баба ми живееше во едно село сама,дедо ми почина пред 7-8 години и не можела да гледа као демек и ја донеле во град да седи под кирија..замислете на 80 години под кирија..Мама ужасно се изнервира и му забрани на татко ми да ја посетува бидејќи тој велеше дека кога ќе остари нема никогаш да и отиде во посета бидејќи имале премногу проблеми од неа..ги бркала од дома под кирија седеле со мака сами куќа направиле без скршен денар подарен од нејзиниот џеб.Мајка ми до пред ова се простуваше и преку се преминуваше,но ова е врв..Баш за мојот роденден 10 Ноември лом се направија ,ми го уништија денот.Татко ми пак секогаш се сили кога имаме гости,да се покаже кој е глава во куќата,почне да ја навредува мајка ми итн.Од тогаш нашата куќа до денес е вистински пекол,повеќе не е убаво место за живеење,постојано се караат и за најмала ситница.И реков на мајка ми дека ако сака да го остави ќе ја подржам,а верувам дека истото го мисли и мојата помала сестра.Мислам дека тоа подобро би го пребродела отколку секојдневно да бидам нерасположена и да гледам како мајка ми е несреќна иако пред нас се прави како ништо да не и фали..Многу сум блиска со мајка ми и за се правиме маубет отворено.Вели дека никогаш нема да биде исто меѓу нив и дека ќе остане во куќата заради нас,а така јас се чувствувам виновна..Не можам да издржам повеќе,дури и си помислував неколку пати да си заминам од дома..но каде ќе одам..:/..Тоа е..голем оптимист сум и се надеваам дека се ќе помине..:/
Јас мислам дека доколку мажот не си ја поддржува жената бракот неможе правилно да функционира. Кога некој отстрана се меша и наредува, не е добро. Пробала ли мајка ти да го вразуми? Ако има некоја поддршка мајка ти од роднини или од нејзините родители да се разведе ако веќе нема каде. Биди и поддршка, застани до неа. Ако стварно имаш 18 години, дај и до знаење дека не си мала, дека ги разбираш работите појасно и не сакаш таа да биде несреќна. Мајка ми во првиот брак била во слично нешто, золите многу се мешале и свекрвата и си тргнала со 1 годишно детенце. После се прежени и јас сум од вториот и брак.
Nemam vakov problem,no imam so majkami neshto mnogu povekje od problem.Dusata mi place. Tortura nevidena. Se veriv ama ushte ne si zaminav od doma. Majkami mi vrshi golema tortuura, me navreduva,go navreduva mojot iden soprug.. inaku pati od anksiozna bolest, nervite i se popusteni.. stradala vo zivotot. Zarem sega jas moram da stradam? Nesakam da sedam doma koga ke otidam kaj verenikot vladee harmonija mir mi se opusta mozokot mozham da ucham za na faks, doma mi e kalakurnica nemam komentar, majkami celo vreme mi vrsi pritisok, mi zvoni koga da si dojdam doma.. nemozam da podnesam, navistina mi e dosta! Sto me dal ovoj Bog na vakvi roditeli.Tatko mi molcliv e, no majkami da ne mi pise gospod grev zmija!!!! Uf uf na moment mislam deka ne sum ni nivno dete. Boze dragi eden si daj mi trpenie. Daj mi trpenie bidejki nemozam veke da izdrzam.. dajte sovet ako sakate kako da postapam? Koga i da sum dobra i sve ok pak nesto e loso pak ona vristii (na ulica se slusa), lupa vrati pcue navreduva me gagja so predmeti.. tezok moj zivote tezok
Pretpostavuvam , majka ti e vo menopauza. Ponekogas kaj nekoj zeni se manifestira mnogu drasticno i cela familija pati. Kaj nekoj zeni moze da trae duri i po 10god, a plus i poizrazeno kaj malku po nervoznite osobi. Ve razbiram site, sekoj ima svoja strana, am razberija i ti. Ne i gazi na zulj, uste maku imas vo taa kuka i ke zamines. Najdobro e ako i pomognete, ja ubedite da pojde na lekar i zima soodvetna tarapija. Zasto ne sednes na masa i porazgovaras kako vozdrasna. Objasni sto ne ti se sviga i kazi kava atmosfera vladee kaj tvojot iden soprug i kolku toa ti prija. Objasni deka ti smeta i aj sto tebe ti smeta nego im smeta i na dr. clenovi, a posebno na tatko ti. Ova ti sto go objasnuvas se leci so tarapija, drugo nema. Ne e nisto strasno da ja zemete pod miska i na doktor da ja odnesete. Eve jas sum otprilika na majkati godiste, a moze i postara i mojte poznanicki/priatelki se site vo nekoj vakov period. Site nie razlicno go dozivuvame, ama ne da se falam ama jas sum edina koja ja udrilo vo bas me briga, pa sum si tolku spokojna i sreknja. Mnogu od mojte poznanicki/priatelki gi napustiv samo zaradi neurozno odnesuvanje. Da ne bi ja izbegnuvale, a pred se semejstvoto, najdete i lek. Lekot e tuka samo treba da se pobara soodvetna pomos.
Не знам дали постои лек баш... бидејки керката бара решение не мајката. Од животот сите можеме да заклучиме бар нешто ... ако некој нејке да се промени и не гледа дека прави лошо на блиските нема да се промени. Исто така тие кои посакуваат таа личност да се промени најчесто завршуваат со прстот во уста. Цврц Шансите дека ке и текне се мали, така сметам дека можеби е попаметно да се фокустира на себе си и на тоа како да се извади од таа ситуација. Е сеа морам да напоменам дека девојка од такво семејство често прави грешки сакајки брзо да избега од една лоша ситуација и влегува наивно во друга. Вистината е дека со таква мајка, детето ќе ги нема вештините да се бори за себе, да има самодоверба, да знае да каже не. Ова особено важи за девојки. Се додека не го отфрлиш отровот од мајка ти и додека не ги научиш сама овие вештини (ова е должност на родителот но oh well некои скроз потфрлуваат) можеш лесно да се доведеш во други лоша ситуација, несреќен брак, непочитување на работа, непочитување од децата итн итн. Значи мој совет е да кренеш глава, да изградиш систем на подршка надвор од фамилијата, да почнеш да се двоиш и да се осамостотш во блиска иднина САМА. Не мажот, не подалечна фамилија, не брат сестра. Треба да бидеш самостојна и независна. Тогаш ти ќе ја имаш контролата не мајкти, ни било кој друг. Јас ете сум тука кога сакаш можеш да ми пишеш да се олесниш и да споделам дел од моето знаење бидејки и јас имам поминувано нешто слично. Биди силна не дозволувај скршеноста на мајка ти да стане твој идентитет. Поздрав и гушки
ми треба совет... накратко ке пишам да можите да ја сватите ситуацијата... татко ми после 35 год остана без работа... работи само мајка ми. Работи и татко ми ама онака некогаш ќе земи пари некогаш не... не е работа со која може да гледа фамилија ама сепак придонесува. Мајка ми не знам што и е ама .... не знам како да објаснам... не го става ни на малото прсте... Денес го викнав да ручаме беше прегладнет... душата ме болеше кога гледав како јади. Мајка ми купува за јадење само за неа... не дека буквално нема што да јади татко ми ама за поручек мајка ми си купува нешто бурек ѓеврек и јогурт.. а тато јади нешто што ќе најди, ќе намачка... ручек скоро и да не готви никогаш.. еднаш неделно ако направи, дури и татко ми готви почесто... муабетот ми беше дека мора тој да внимава на исхрана има дијабетес, срцев болесник е... мислам дека е 50 кг направен.. тешко ми е што не знам како да му помогнам... а душа е татко ми... Во минатото демек тој не и давал да јади па сега таа му враќа а уствари тоа било кога се венчале и тогаш таа чекала да се врати тој од работа за да јади зошто свекрвата не и давала... А јас откако памтам никогаш не не оставил гладни, ни нас, ни мајка ми.
А зошто сеуште седиш во старата дома? Мајка ти ако е таква, нема што тука ти повеќе да се бориш да промениш нешто. Гледај си го својот живот сега. И моите родители не се сјајни, и јас се нервирав, се бунтував, се прашував зошто и ред други работи, кога видов дека ништо нема да се смени и дека такви се скроени, си се ориентирав на мојот живот, си се осамостоив и си тргнав по свој пат. Па сега од денешна гледна точка, какви си се, такви си се, за себе се такви, не за мене. Јас имам мои секиранции сега. Така и ти гледај си го твојот живот и готово кога веќе нема што да се промени, можеби со текот на времето сама ќе се смири. Кај мене е таков случај. Мајка ми беше неподнослива и доминантна жена цел живот. Откако се разведоа со татко ми стана уште по неподнослива ама тогаш во смисла бараше сожалување од секој и кукаше нон стоп. Сега кога виде дека повеќе не ја есапиме сериозно, се смири и почна да се понаша во склад со годините нејзини.
"dodeka zhiveesh kaj mene kje bidi ja kako shto kje kazam." Ima nekoj kompleks valda,dojdi doma do 12. Aloo 20god imam utre dete treba da ragjam.Skurceno mi e majkemi. Ne sum kazhala na nikoj neam na koj da se olesnam. Na verenikov ako mu kazham sho deka .. nebitno. Znaci epten me napinja zimi se.Mozno e da ima nekoj kompleks,bas razmisluvav i ja primetiv sekad koa ke se rasprava za nesto mi go spomnuva verenikot Daj ma zheno ne si sjajna, nemozham stvarno nemozhamvaka, pochnuva u psiha da mi vlaga.Porano so tatkomi do kolenje doagjalo od karanje a sirot on pusti usta ne otvara da povisi ton. A ona? Zmija, tipicna zmija. I shto da i pravam? Mnogu losho naslediv od nea.Toa shto bev svedok, na sekoja karanica so tatkomi, i shto nauchiv da se deram da se karam na nejzin nacin.. Gospod da ne mi pise grev! Nikogas nema da dozvolam da bidat moite deca del ili svedoci na karanica pomegju soprugot. Mozhe i zatoa sum pod stres, placam navecer pijam diazepam. nemozam da ja podnesam u 12/1 zavisi mi doagja u soba mi dava filozofii kakva sum bila.. bla bla. Spas spas!
Ah bre. Ah. pishav na pretthodnata clenka. Znaes li kako e da legnuvas so solzi i da se budis so solzi? Znaci voopsto nemozam da ja podnesam. Nekad mi ide da stanam.da ja ubijam Maki bre lugje maki. Ushte od 4god sum svedok na sekakvi raboti. Beganja od doma,karanja davenja itn Se molam sekojdnevno pred spienje od ko ke stanam pred jadenje itn itn.No koj mi gi slusa molitvite,spas nema. Da dojde do toj stepen da ti cepka u privatnost u telefon. Da mi vika daj mi go telefonot so se kartica ne ti e potreben .. mislam deka ke pobaram psiholoska pomos,no ne za nea. Za mene. Da ocigledno vlaga u klimaks,posto de ima de nema, a skoro e do 50tata. Pak ke kazam,Gospod napomos.
ne bilo ubavo nevencani da ziveeme, i taka se odlucivme da se vencame pa da ziveeme. mnogu mi e poubavo tamu,mir imam lugjeto se prekrasni, se razbira ne mi se kako roditelite ama majkami ja premina sekoja mozna granica.. so strav chovek da sedi doma,poshto vishe u glava mi odzvonuva toa deka jas sum nikoj i nishto i seto toa derenje.. ne e lesno veruvaj
Од бабини деветини си патите. Не било убаво, бла бла. Ќе седиш дома да ја трпиш невротичната мајка која те прави анксиозна, која е на праг да ти го заебе бракот затоа што имаш изместени граници за нормалното со таква атмосфера дома. Ќе живеете така како што сакате ВИЕ двајца, верувај ми дека сами си ги правите проблемите. Откако се верив се додека не го средивме станот живеев со свекор и свекрва. Летеча бев до душа, и таму и кај мајка ми. Не ни прашавме никого кој каде да живее, бидејќи тоа беше наша одлука. Имав мноооооооооогу проблеми таму во главно со културната уста на свекрва ми, ама па маж ми не дозволи да ми падне влакно од главата. Некој ден пред да се породам со првото дете се преселивме во нашиот стан, е тоа е раат. Оди си, не дозволувај да те малтретира никој. Тоа што ти е родена мајка е само биологија, ништо, ама баш ништо друго. Немам право на своите деца да им го налагам животот само затоа што сум ги родила, може да им посочам ама не да им се качам на глава како мајка ти тебе.
Баш напротив...баш е убаво невенчани да живеете! Ако утре ти стане јасно дека не функционирате под ист покрив заедно, можеш без многу хартии да си заминеш! А така ќе бидеш врзана за него... Знаеш, некогаш без оглед колку мислиме дека сакаме некого, без оглед колку ни е убаво тие неколку саати на ден заедно, под ист покрив по цел ден не функционираме..
Абе многу да не речам, рурални сфаќања по темиве... Стварно човек да се зачуди денес на ова време да се придаваат значења на такви глупости, кога светот го имаш на дланка, со интернетов можеш да видиш како живеат и луѓе во Оман и луѓе во Њујорк ете ако немаш прилика да прошеташ па да видиш. Па да создадеш некоја своја слика за што е нормално, што е прифатливо, што не е, како живеат луѓето денес, кои табуа се срушени итд. Стварно човек да помисли дека живеете во некое селце таму во сред Малешевија и не сте излегле од таму и немате комуникација со свет подалеку од да речеме Владимирово.
Odluchivme za skoro mesec da see regirstrirame i da zavrshi ovaa tortura znae verenikot se I me prifaka I e Na Moja strana. majkami valjda se smirila malce se ponasa drugacie ama Toa e Toa. Primeti sve. me prasuva xasto ne jadam doma zasto ova zasto ona. mi dojde preku glava go cekam denot da si zaminam, dosta bese !!!