Помош феминки дали ви се има случено ? Се чувствувам како да ми се моча цело време и ќе одам до вц и една капка мочам и така повеќе пати во денот и откако ке се измочам се осеќам како пак да ми се моча ? Отворив нова тема бидејќи не најдов ваква слична
Ова е знак на уринарна инфекција. Т.е симптом. Не мора да значи. Јас сум имала ваква уринарна инфекција, и постојано имав чувство дека ми се мокри, и дури од што постојано напнував да мокрам и крв ми течеше. Би ти препорачала да си одиш на доктор, ќе те пуштат на испитување мокрача и крв и ако треба ќе си попиеш антибиотици и готово.
Зависи каде ќе ги правиш. Во Битола ваквите испитувања се прават на трудова медицина и не се сеќавам точно ама мислам дека се чекаше неколку дена. Често се чека да добијат реагенси... Ама ако не си од Битола или ако евентуално одиш на приватно сигурно побрзо ќе ги добиеш. Оди кај матичен ќе ти кажи.
И за колку време ви помина ,бидејќи јас кога ќе се сетам може цел месец ми е вака ама дури сега ми текна дека може и нешто ми е ..
Уринарна инфекција, увин чај,чај од брусница и ако те мачи мн и имаш болки и сл можиш и урифар ќесички мене тие ми помогнаа многу.
Увин чај ИЛИ брусница, не двете заедно. Пробај неколку дена со чај, ако не се подобри, испитај мокрача.
@Mia.MGK Подобра ли си Миа, до каде е работава? Како и да е, земи од увиниот, многу помага, уште истиот ден ќе ти биде подобро. После пиј го неколку дена наместо вода, (покрај другата терапија која ти ја дале или ќе ти ја дадат) знам дека е грд и горчлив ама издржи, и во полоши ситуации се препорачува и многу помага, а го имам проверено и лично на мене
Потполно се согласувам со Сандра, дека се работи без сомнение за уринарна инфекција, ќе се осудам да кажам дека поконкретно се работи за благо задебелена бешика како последица на лесна уринарна инфекција. Велам лесна, затоа што во потешки случаи доведува до јаки болки грчеви, страшно печње при мокрење и чувство дека мокрачата ве гори кога поминува по уринарниот тракт. Дијагностиката за овој тип на болести се прави со земање на мокрача каде се утврдува дали се работи за бактерија или обично воспаление а потоа ЕХО на бешика, бубрези кои ќе покажат дали се работи за мало воспаление или за нешто посериозно. Антипбиотик кој е доста ефикасен во санирањето на овој тип на инфекции е ЦИТЕРАЛ таблети. Во твојов случај мисла дека ќе помогне чај од брусница 3 пати на ден или увин чај кој е позастарена метода. Мој совет е како особа која поминала неколку пати низ тој пекол е Брусницата, малку е поскапа но доста ефективна. Исто така не е на одмет да внимаваш со тоалетот и да не го користиш многу често туку да се одмиваш затоа што тој стои на отворено постојано и е подложен на разни влијанија и допирање со секави раце. Нема потреба за паника, внимавај на облекувањето затоа што може и од настинка да дојде до воспалителен процес. Никако немој да ги слушаш оние совети да ставаш топли цгли или шишиња, крпи кои најчесто ни ги даваат а се тотално погрешни и кои може да доведат до уште полоша ситуација.
Ќе одам утре да проверам крв и мокрача ,морав да закажам прво и многу ми е страв да не ми е нешто страшно инаку земав увин чај ама мислам дека исто ми е
Јас кога одам во вц не ме пече само што имам често мокрење по една капка а мислам ми се моча којзнае колку и денес кога се избришав имав мнг мала точка крв и затоа сум многу исплашена се надевам дека се ќе биде во ред
Каков чај користиш од брусница.Оној во филтер кесички или сушена бруснца.Зошто скап 70-80 денари се, или за други мислиш.
Најдобар е оној рефус без филтер што се става со лажичла. Знам дека е скап затоа и реков. Значи никако да не се прави грешка како поевтина варијанта да се купува само брусница, туку чај од брусница во кој има и некои други билки кои во комбинација со брусницата даваат одлична формила за воспалителни процеси. Не е штетно да се пие поцеќе пати на ден, но поради тоа што е скап добро би било и 2-3 пати. Посебно ќе нагласам дека е важно да се испие вечерната доза.
http://www.alkaloid.com.mk/content/Proizvodi/good-nature-caj-brusnica-60posto.jpg овој е 78 денари 100 гр. за овој ли мислиш.Колку е препорачано да се пие во текот на денот, посебно вечерната доза ?
Феминки да ве известам денес бев да ми зимаат крв и мокрача во систина и си почекав и за 1 час точно ми беа готови резултатите ,докторката ми рече дека сум имала бактерија во мокрачата и да пијам многу чај по 2 литра дневно и антибиотик ми препиша а крвната слика ми е супер ,се надевам ќе ми помине што поскоро бидејќи неможам веќе да издржам.