Супер, кога спомна крв помислив на песокче нешо такво ама ај си реков да не се прам експерт у покушај, добро е вака што испаднало сепак, со антибиотикот ќе ти помине за брзо, а чајот пиј го наместо вода и за некој ден ќе си како нова. Толку си издржала сега издржи уште малку, kill that bitch of bactery
Истовремено не се пијат за да не се поништи дејството. Значи може да се пие недела дена брусница, па недела дена увин, ама и двете истовремено не. Инаку приватно најубаво ви е за испитување урина, во адриалаб е околу 350 денари и резултатите за ден-два стигаат на мејл, па нема потреба од дополнителни трошоци одење-враќање. Инаку за чаеви јас од овој си пијам литро ипол - две дневно, исто со 60 отсто брусница. И многу е вкусен.
ништо страшно тоа е уринарна инфекција и јас го имав истиот проблем дури и крв мочав бев на болница и ме боцкаа три дена и ми помина...
Zdravo devojki! Go spodeluvam mojot problem so vas.mnogu cesto pocna da mi se odi vo wc.znaci pred da izlezam nekolku pati odam namerno na mocam za da sum mirna posle no ne proagja celo vreme imam nagoni a koga odam toa se nekolku kapki.proveriv krv i mokraca, dobri se, otidov na ginekolog nekoja mala infekcija, gi zemav poliginax ama i posle niv ne se podobri.eve pred da izlezam od rabota otidov vo wc, na pazarenje bas na kasa pocna da me tera.se plasam deka nesto e na nervna baza. Iskustva?
Здраво и јас често мокрам, а не пијам многу течности, некогаш на половина час ми се оди некогаш на еден час, а ако испијам две чаши вода или сок на 15 мин.Проверив јајници и бубрези се е во ред и мокраќа проверив, се е како што треба. Посебно ми се мокри често кога патувам, едвај издржувам. Немам никакви болки при мокрење.
jas go imav istiot problem navidno cistit celo vreme so terapija i nisto ne pomogna za da na kraj napravam cistoskopija i se konstatira deka se raboti za leukoplakija
Има веќе некое време како зачестено мокрам, на околу еден час ми се оди и тоа воопшто да не пијам течности. Количината на мокрача ми е горе-долу нормална, не се неколку капки, не чувствувам ни пецкање. Не е да не можам да издржам, ама стварно ми пречи. Да се обидам со увин или чај од брусница?
@joy1 Неодамна правев испитување на крв, добар ми беше шеќерот. Инаку, моментално пијам само по еден Б комплекс пред спиење, ништо друго.
Можеби звучи смешен мојот проблем, но ќе го напишам. На работа кога одам во вц и додека други колешки чекаат ред и си прават муабет јас не можам да мокрам не знам зошто ми се случува така, звучи чудно ама така е. Еве денес едвај 2 пати мокрев додека бев на работа и почна стомакот да ме боли под папакот. А дома така не ми се случува, многу често мокрам.
Мене тоа ми се случува во јавни тоалети, пример во тоалетите во Сити Мол. Знам дека надвор има гужва и се чека ред па не можам . Од што е, не знам ни јас. Веројатно под притисок дека знаеш дека надвор некој чека, или не си на раат, Јас мислам мене ми е од тоа .
Одамна ми се ова случувало, но тоа одамна а сега во последно време ептен често. Гужва се створе, галама и јас не можам дури и ушите ги затнувам со рацете, но ни тоа не успева. Јас вака веќе не можам ако има чаре нека кажува некој.
Денес мокрам многу често скоро на секои 5мин а немам внесено многу течности(скоро ич) додека мокрам многу ме пече и кога се бришам имам крв а гаќите ми се чисти незнам што е работата многу ми е страв помагајте
Испитај мокрача, веројатно имаш некоја бактерија, или си настината. Од кај да знаеме ние. До тогаш, пиј многу течности и чај од брусница.