Aма сте се фатиле за тие земјотреси, како само кај нас да се чести и како само кај нас да има високи згради. Има инженери кои мислат на тоа, ги прават зградите потешки и многу други методи.Божем петкатниците што никнуваат секој ден се ултра сигурни кога станува збор за земјотреси.Сигурна сум дека оваа 40катница во тој поглед ќе биде поквалитетна од многу новоградби кај нас.
Не верувам дека на некој му се исплаќа да потроши материјал за џабе, без претходно да оцени какво е подрачјето каде што ќе гради. И од каде знаеш дека ништо не е испитано досега? Па добро бе луѓе, не гради Столе од Стајковци облакодери.
Зошто да не.Не гледам зошто некој би имал нешто против ваков проект.Па зошто Скопје да не биде како некои други градови.И како тоа сите сакате да одите во Њујорк,Лондон,Париз а имате против изгледот на Скопје да биде барем прилижно блиску до изгледот на тие метрополи. Ова е добар почеток,па јас сум за овој проект.
Убав е проектот, не велам не. Точно и дека Скопје е трусно подрачје, ама ајде да се надеваме дека оваа го имаат Турцие во предвид, па и Јапонија е трусно подрачје, а има високи но квалитени згради. Сепак Ќе се сложам со Енца, дека Скопје и онака е пренатрупано, па ако паднат и цените на становите, е дури тогаш не знам што ќе се прави со гужвата. И се во Скопје се гради, периферијата умира. Јас сум од мал град, сега живеам во Скопје, и ми смета што тами ниту една зграда не се изградило, градот е невидена беда, а луѓето бегаат од него. Па ќе бегаат кога што и да се гради и прави, се прави во Скопје, со парите од сите нас. Точно дека оваа е странска инвистиција и нема врска со државата и дека она каде сака ќе инвестира, и сигурно нема да оди да гради четириесеткатници во град кој изумира, во кој ни патиштата не се средени, а за оваа вината треба да се бара во државата која очигледно заборави дека во Македонија има и други градови, освен Скопје. Така Скопјани сега ќе си добиете и четерисеткатници и после да не сум ве слушнала како се жалите дека сте поплавени од провинцијалци .
Скопје се гради, особено Новолисиче, и кој се населува: од сите други градови и села! Аха и Скопје ќе стане милионски град, ако веќе и не станал! Ајде ако не сите нека се населат у Скопје бе, зашто ни се другите градови, глупости! До кога ќе се прави се за Скопје, а ништо за другите градови! Тие не се луѓе не, немаат право на добри улици, семафори и останати сообраќајни знаци! Немаат право на фабрики, кина, театри, никако Се во Скопје градете, па нормално дека ќе бегаат, не се глупи кога можат да имаат се, да немаат ни канализација ни пат! А тоа дека дека ќе бидат добро изградени, незнам,а исрено чисто се сомневам. Сите ама скоро сите нови сгради се многу полошо изградени од постарите! Што ако во населба пролет зградите се од пред 45 или така нешто, кога го имаат издржано најјакиот земјотрес во 63. Порано имало поголем квалитет во изградените згради, сега се гради многу, ама со ефтини материјали, а се има гооолем приход и ќар!
Не велете што сте се фатиле за земјотресите, тоа е еден од најважните моменти. Најгорните катови ке реагираат и на силен ветер не па на земјотрес. Сигурна сум дека Турците или веке кој е инвеститор го земале овој факт во предвид, и сигурна сум дека статичарите пресметале конструкција, но дали ке биде изведено така кај нас? Кај нас се краде на матријал, се става послаб квалитет за да излезе профитот поголем на крај итн. На 40 ката наместо Ф12 ке стави Ф10 арамтура, ке ќари тони железо а тие што ке живеат во објектите горнион нека ги чува. Ке кажам да за 40катници во Скопје или било кој друг град во Македонија но и матријалите и инжинерите, посебно за надзорот да ги донесат од Турција, бидејки ние немаме ментален и физички капацитет за вакви проекти. Јапонците ги тресат земјотреси 24/7 но секоја зграда во Јапан има сеизмичка изолација (темелите се поставаат на лагери кои при земјотрес ги превземаат вибрациите). Ке се сложите дека сме далеку од ваква технологија на градење, која за 40 ката во трусно подрачје мислам дека е повеке од потребна... http://www.youtube.com/watch?v=vtT9dN1g770&feature=player_embedded http://www.youtube.com/watch?NR=1&v=Fw7aQwMmBNM
најмногу се изнасмеав на коментарите за земјотресите за нашето тектонско подрајче. па луѓе никој не е будала да фрли толку пари за со еден земјотрес се тоа да падне у вода, прогуглајте малце и научете за амортизацијата и за тоа до кој степен на земјотрес можат да издржат ваквите згради и просто ке се зачудите кога ке сфатите дека вашиот дом е понебезбеден од облакодерите. а вие шо гугукате за тоа еиииии само у ск се инвестирало може сте у право али у погрешна тема кукате, затоа што не инвестира владата а нит може да нареди да се прават на друго место. уствари нит има логика да се прават у друг град. замислете на пр. прават 4 облакодери у кичево и што ке се деси? сите жители ке ги собере у облакодерите чак и ке има фазла а една пишала па дека ок е проектот ама локацијата не ја бивало не била развиена. епа мила моја коа би знаела дека рио де жанеиро е напревен у сред прашума каде имало само домородци и зашто од анкара направија турците главен град ке ја знаеше и поентата на овој проект зашто на таа локација се гради
Да од естецки изглед,убаво уредено,редно емалце со новитети во архитектурава во Скопје(Македонија) Не од причина што Скопје е трусно подрачје, но пак мислам дека не се ваљда толку будали да не го средат и направат квалитетно по прописи.Така да сепак би рекла ДА и браво за идеата.
уффф мора да се поправам не рио де жанеиро туку бразилија е направен у сред прашуми и е прогласен за главен град на бразил со цел да се развие и тоа подрајче истото го напраил и Ататурк коа ја напраил анкара главен град бидеејќи делот на турција што е во азија бил мн неразвиен итн и јбг се здркав и ми текна дур коа излегов што всушност пишав што се однесува на темата би кажал ДА ДА ДА се согласувам со проектот па подобро овакви 4 големи отколку катаљрда мали згради со што повеќе би се стеснувало скопје
Ауууу,НЕ,јас сум за големо НЕ,може некој има страф од возење со лифт (како мене) и како ќе си оди бре до последен спрат? или како ќе го преживее долгото,макотрпното,страдалното,вековното возење со лифт до 40 спрат..НЕ,НЕ и НЕ !
Зошто да не... Посебно доколку се продаваат со пристапна цена за квадрат, што би овозможило на многумина да си купат стан, да си отворат нови хоризонти во животот, да.. А и цело Скопје можеби ке е на дланка од највисокиот кат
Cia сигурно ти во лифт нема да бидеш сама .. некои луѓе неможат до 4ти спрат да се качат пешки така да ...секогаш ќе имаш друштво во лифт...Мене ми е како ќе се договорат луѓено за плаќање на лифтот? Ќе го плаќаат сите што го користат или како ? На некој можеби не му треба лифт и сам си се качува да речиме на 9ти спрат??м?
Интересни ми се на сликите. Гледам и дрвца ќе садат на места дека штрчат зградите, ова ептен по Сингапурски модел, па да не се пожали после некој дека нема зеленило Мислам дека не се баш вистинскиот модел за станови, туку повеќе ќе одговараат како канцелариски простор(не знам само за пушач на работа на 20+ спрат како би му одговарало), ама ако кажи-речи само тоа е на понуда за нов станбен простор тогаш ќе се најдат и муштерии, народ треба да живее негде. Нека градат.
Лани цел месец бев во Сингапур, и да знаеш дека кога и да погледнам во темава сликите, на Сингапур ме потсеќа